|
Забрана за гаќи, пиперки и витрини на балкон |
Внеси реплика | страница <123 |
Автор | |
Gorazd777
Сениор Регистриран: 22.Октомври.2008 Локација: Евразија Статус: Офлајн Поени: 1584 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Тоа е ЕТНО-КУЛТУРА,нема потреба да се менува ,Македонија ВЕЧНА!
|
|
ВОЈНАТА Е МИР
СЛОБОДАТА Е РОПСТВО НЕЗНАЕЊЕТО Е СИЛА ОД ЗЕЛКА ТОРТА И ОД СЕЉАК ГРАЃАНИН НЕ БИДУВА |
|
mamamd
Сениор Почесна конзулка Регистриран: 02.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 25679 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Не е за голема секирација, како тргна овој народ остана и без гаки, така да и ке нема што да закачи на жиците. А тревата, таа сама се суши нема потреба да се коси до 10 цм.
аааа заборавив пиперките - Пиперките се специјалитет кој може да си го дозволат само поединци. Народецот сега нема пари за пипер и патлиџан, нема што да суши. Изменето од mamamd - 17.Февруари.2014 во 21:35 |
|
sikter
Сениор Регистриран: 01.Јули.2007 Статус: Офлајн Поени: 650 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
a tendite i chadorite kafanite gi dobivaat besplatno , za da si napravat reklama onie shto im gi ''poklonuvaat''.
ama ete , ovie videle so svoite ochi sokolovi,...ja bi rekol leshinarski, ''kaj se parite'' i udri mu danok i na toa. isto e i so balkonite shto se modificirani.
|
|
Ninja 35
Модератор Регистриран: 24.Февруари.2009 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 17840 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
како и секоја глупост на Коце така и оваа ќе помине....без оглед колку е бесмислена....
|
|
Ако ти изгледа премногу лесно , имаш некаде згрешено !!!
|
|
evangeline
Модератор Регистриран: 22.Август.2011 Локација: Naxos Статус: Офлајн Поени: 6758 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Абе ајде! Кој ќе ми забрани тревата да ја оставам да расте 20цм?!? Луди ли се овие? Да не е мојот двор во нивна сопственост па ќе ми налагаат колку да ми биде висока тревата?!
А живите огради? Се надевам дека законов ќе наиде на отпор. |
|
Внимавај кому му веруваш.
И ѓаволот еднаш беше ангел. Being RICH is not about how much you have, BUT about how much you GIVE |
|
Анастеа
Администратор ПИПИ долгиот чорап Регистриран: 07.Април.2008 Статус: Офлајн Поени: 35441 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Почнувајте да си ги средувате балконите и дворовите, да не ве изненадат со некоја казна Не знам само дали мислат оваа одлука сериозно да ја спроведат, колку комунални инспектори ќе им требаат и дали ќе имаат обзир кон многучлени семејства кои од немајкаде се буткаат во по една-две собички, па балконите им служат како магацини и помошни соби? Комунален ред- без гаќи, пиперки и витрини на балкон!Станарите чии тераси гледаат на улица или кон некој плоштад, на жиците и оградата не смеат да простираат алишта, завеси, постелнине и теписи, предвидува новата Одлука за комунален ред на Град Скопје. На терасите, исто така, не смеат да се оставаат предмети со кои се нагрдува изгледот на објектот, како на пример стари плакари и стари апарати за домаќинство, да се гледаат тегли со слатко, ајвар, обесени сушени пиперки, а граѓаните не може ниту да интервенираат на фасадата по сопствено убедување и без одобрение од надлежен орган ,пишува Дневник На прозорците, балконите, терасите или на оградите може да чуваат само саксии со цвеќе и други растенија, но само ако не го оштетуваат објектот и не влијаат на безбедноста на граѓаните и на сообраќајот. Ако терасата е натрупана со стар мебел и апарати, комунален инспектор со налог може да го натера сопственикот да ја исчисти. Kонечно, градската власт го регулира и проблемот со клима-уредите и од ова лето течноста од нив не смее да капе на надворешните делови на самиот објект или на соседен објект, ниту директно да се излева на тротоар, пишува денешен Дневник
Истите прописи ќе важат и за дворните површини во куќи и во згради, кои се со поглед на главна улица, булевар или плоштад. - Не е дозволено сушење алишта, тревата не смее да биде повисока од 10 сантиметри, не смее да се засадуваат овошни дрвја чии плодови ја валкаат јавната површина, а гранчињата на украсните и џбунести растенија не смее да ја преминуваат регулациската линија на јавната површина и да пречат на безбедноста на сообраќајот и движењето на луѓето – се вели во Предлог-одлуката за комунален ред во метрополата, која во среда ќе се најде на дневен ред пред Советот на Град Скопје. Посебен дел е посветен на оние граѓани што се греат на дрва и јаглен. Тие не смеат својот огрев да го складираат, цепаат или да го кршат на улица и на тротоари. Ако тоа го прават, а притоа се во видно поле на комунален инспектор, ќе бидат опоменати или казнети. За останатите ограничувања и комуналниот ред на Град Скопје видете тука. |
|
Внеси реплика | страница <123 |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |