Испечатено од: IDIVIDI forum
Категорија: Македонија и Свет
Име на форумот: Политика и вести
Опис на форумот: Вести од МК, партии, скандали, протести...
URL: http://forum.idividi.com.mk/forum_posts.asp?TID=26943 Датум на принтање: 04.Декември.2024 во 12:05 Верзија на софтверот: Web Wiz Forums 10.03 - http://www.webwizforums.com
Тема: Забрана за гаќи, пиперки и витрини на балконПостирано од: Анастеа
Наслов: Забрана за гаќи, пиперки и витрини на балкон
Датум на внесување: 17.Февруари.2014 во 09:36
Почнувајте да си ги средувате балконите и дворовите, да не ве изненадат со некоја казна
Не знам само дали мислат оваа одлука сериозно да ја спроведат, колку комунални инспектори ќе им требаат и дали ќе имаат обзир кон многучлени семејства кои од немајкаде се буткаат во по една-две собички, па балконите им служат како магацини и помошни соби?
http://lokalno.mk/komunalen-red-bez-gakji-piperki-vitrini-na-balkon/" rel="nofollow - Комунален ред- без гаќи, пиперки и витрини на балкон!
Станарите чии тераси гледаат на улица или кон некој плоштад, на
жиците и оградата не смеат да простираат алишта, завеси, постелнине и
теписи, предвидува новата Одлука за комунален ред на Град Скопје. На
терасите, исто така, не смеат да се оставаат предмети со кои се нагрдува
изгледот на објектот, како на пример стари плакари и стари апарати за
домаќинство, да се гледаат тегли со слатко, ајвар, обесени сушени
пиперки, а граѓаните не може ниту да интервенираат на фасадата по
сопствено убедување и без одобрение од надлежен орган ,пишува Дневник
На прозорците, балконите, терасите или на оградите може да чуваат
само саксии со цвеќе и други растенија, но само ако не го оштетуваат
објектот и не влијаат на безбедноста на граѓаните и на сообраќајот. Ако
терасата е натрупана со стар мебел и апарати, комунален инспектор со
налог може да го натера сопственикот да ја исчисти.
Kонечно, градската власт го регулира и проблемот со клима-уредите и
од ова лето течноста од нив не смее да капе на надворешните делови на
самиот објект или на соседен објект, ниту директно да се излева на
тротоар, пишува денешен http://dnevnik.mk/?ItemID=259CDB72425DF7438EF98128E796BD21" rel="nofollow - Дневник
Истите прописи ќе важат и за дворните површини во куќи и во згради, кои се со поглед на главна улица, булевар или плоштад.
- Не е дозволено сушење алишта, тревата не смее да биде повисока од
10 сантиметри, не смее да се засадуваат овошни дрвја чии плодови ја
валкаат јавната површина, а гранчињата на украсните и џбунести растенија
не смее да ја преминуваат регулациската линија на јавната површина и да
пречат на безбедноста на сообраќајот и движењето на луѓето – се вели во
Предлог-одлуката за комунален ред во метрополата, која во среда ќе се
најде на дневен ред пред Советот на Град Скопје.
Посебен дел е посветен на оние граѓани што се греат на дрва и јаглен.
Тие не смеат својот огрев да го складираат, цепаат или да го кршат на
улица и на тротоари. Ако тоа го прават, а притоа се во видно поле на
комунален инспектор, ќе бидат опоменати или казнети.
За останатите ограничувања и комуналниот ред на Град Скопје видете http://dnevnik.mk/?ItemID=259CDB72425DF7438EF98128E796BD21" rel="nofollow - тука.
------------- http://www.youtube.com/watch?v=QCQTr8ZYdhg&feature=related" rel="nofollow - Прав сме и ќе бидеме. Ни воздух, ни оган, ни вода, туку земја, само земја ќе бидеме и можеби неколку жолти цветови.
Коментари: Постирано од: evangeline
Датум на внесување: 17.Февруари.2014 во 12:59
Абе ајде! Кој ќе ми забрани тревата да ја оставам да расте 20цм?!? Луди ли се овие? Да не е мојот двор во нивна сопственост па ќе ми налагаат колку да ми биде висока тревата?! А живите огради?
Се надевам дека законов ќе наиде на отпор.
------------- Внимавај кому му веруваш. И ѓаволот еднаш беше ангел.
https://www.youtube.com/watch?v=1DUYlHZsZfc" rel="nofollow - Being RICH is not about how much you have, BUT about how much you GIVE
Постирано од: Ninja 35
Датум на внесување: 17.Февруари.2014 во 14:57
како и секоја глупост на Коце така и оваа ќе помине....без оглед колку е бесмислена....
------------- Ако ти изгледа премногу лесно , имаш некаде згрешено !!!
Постирано од: sikter
Датум на внесување: 17.Февруари.2014 во 15:53
a tendite i chadorite kafanite gi dobivaat besplatno , za da si napravat reklama onie shto im gi ''poklonuvaat''.
ama ete ,
ovie videle so svoite ochi sokolovi,...ja bi rekol leshinarski,
''kaj se parite'' i
udri mu danok i na toa.
isto e i so balkonite shto se modificirani.
Постирано од: mamamd
Датум на внесување: 17.Февруари.2014 во 21:33
Не е за голема секирација, како тргна овој народ остана и без гаки, така да и ке нема што да закачи на жиците. А тревата, таа сама се суши нема потреба да се коси до 10 цм. аааа заборавив пиперките - Пиперките се специјалитет кој може да си го дозволат само поединци. Народецот сега нема пари за пипер и патлиџан, нема што да суши.
Постирано од: Gorazd777
Датум на внесување: 19.Февруари.2014 во 11:51
Тоа е ЕТНО-КУЛТУРА,нема потреба да се менува ,Македонија ВЕЧНА!
------------- ВОЈНАТА Е МИР СЛОБОДАТА Е РОПСТВО НЕЗНАЕЊЕТО Е СИЛА ОД ЗЕЛКА ТОРТА И ОД СЕЉАК ГРАЃАНИН НЕ БИДУВА
Постирано од: емил
Датум на внесување: 19.Февруари.2014 во 12:16
Убаво е да се гледат изпраните танги на некој чупиња што предната вечер си ги симнувал со забчиња , а она се е грчела во сладка страст
-------------
Постирано од: Kastro
Датум на внесување: 19.Февруари.2014 во 12:27
Gorazd777 напиша:
Тоа е ЕТНО-КУЛТУРА,нема потреба да се менува ,Македонија ВЕЧНА!
Vo pravo si ....no da se razbereme zboruvame za grad a ne za MK selata,vo koi si gi susat gakite pred kukite i na koi odlika im e tokmu toa ...
Vo MK postoi edno selce koe i e krsteno po tokmu toa ....svoite gaki si gi sushele bas pred kuka
Sepak Mk ima i sela ama i gradovi ,mnogu selani dosle da ziveat po gradovite no kulturata si ja ponele so sebe ...nekoj/nekoi se obiduvaat da napravat i od nasite gradovi ,gradovi ....od nas zavisi kako ke go prifatime toa i kako ke gledame na toa ,mene mi e sosema ok ova ....
Vsunost sto mora dolniot ves da ni go gleda sekoj ,kaj nas doma majka mi odsekogas koga susela dolen ves pred nego gi pruzala peskirite ili pizamite ....mene mi e sosema normalno ova...
Vitrinite go narusuvaat nadvoresniot izgleda na stambenite objekti...
E sega za piperkite me faka malku maka
------------- Vistinskiot maz ima edna Lavica …a ne, stado od ovci…(ovcite na ovcharite)
Постирано од: Platenik
Датум на внесување: 19.Февруари.2014 во 14:04
evangeline напиша:
Абе ајде! Кој ќе ми забрани тревата да ја оставам да расте 20цм?!? Луди ли се овие? Да не е мојот двор во нивна сопственост па ќе ми налагаат колку да ми биде висока тревата?! А живите огради?
Се надевам дека законов ќе наиде на отпор.
Е овде кај нас, во развиениов запад е така. Ако не ја искосиш тревата, општината ќе ти испрати опомена. Вториот пат следи казна!
И не само тревата во тов јот двор, туку и онаа до тротоарот, пред твојата куќа.
Ѓубрето се собира еднаш неделно, во среда. Кантите се вадат во вторник навечер, после седум.
Нема спростирање алишта, ако живееш во зграда. Ако живееш во куќа можеш да правиш што сакаш, ама во задниот дел на дворот.
Никој не се буни и сите ги почитуваат правилата на игра.
------------- Гроф Игнатиев: "Ви се обрнувам Вам (г-дин Бахмачев), дека ЈАС ЈА СОЗДАДОВ ВЕЛИКА БУГАРИЈА, ЗАРАДИ РУСКИТЕ ИНТЕРЕСИ на исток "- (М.Цемовиќ - " Маќедонски проблеми и Маќедонци", Београд, 1913 ,33.)“
Постирано од: Polar Bear
Датум на внесување: 20.Февруари.2014 во 05:03
E, bas mi e milo sto i NPM stanuva PM. Redno bese. Sledat kazni za neizmieni koli, butkanje na kola koga nema da zapali, pienje pivo pred koperacija, pusenje na ulica (osven marihuana - to moze), mocanje po kjosinja (osven za kucinja - to opet moze) i igranje tabla na klupi... Uste malku da zaladese, ke pomislev MK stanala kanadska provincija d.g.e..m. Francizi veke ima 25%. Dobredojdovte vo noviot svetski poredok.
------------- Jа сам за демократију и слободу на говор, сакам песну, пиво, вино, ракију и жене!
Постирано од: Messenger
Датум на внесување: 20.Февруари.2014 во 07:26
… уште ако се влезе во ЕУ… е дури тогаш ќе фрчат закони, прописи и казни!
------------- Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
Постирано од: novace
Датум на внесување: 20.Февруари.2014 во 12:48
Messenger напиша:
… уште ако се влезе во ЕУ… е дури тогаш ќе фрчат закони, прописи и казни!
Ич гајле да си немаш пријателе.
Тоа ...и нема така брзо да бид(н)е....можеби после деценија или две..на пазарење со грчкиве цигојнери.
Додека „другите„ сеир (ни) фрлаат..
А можеби ...дури ниту ни тогаш.
пс
Угоре високо , надолу длабоко
А и ....баеги „тврдо„ бе?.
------------- Не сум доктор , ама стално сум опкружен со пациенти
Постирано од: Alekxandar
Датум на внесување: 20.Февруари.2014 во 13:42
Ако го фрламе снегот од дворовите на улица ке ни пишат казна ? Обично ние си го фрламе снегот на илица и си правиме снежни тунели за кога ке поминат возилата да си помислат дека ги посетиле Алпите.
Постирано од: Platenik
Датум на внесување: 21.Февруари.2014 во 00:05
Во Квинсленд, туристичка дестинација, забрането е пушење на плажа и во ресторани и кафиња иако се масите поставени на отворено. Домашните миленичиња не смеаат да се шетаат на плажа во ударните часови. Ајвачиња како ајвачиња, може да се испоганат. Тогаш газдата ќе треба да си го собере изметот во кесенце и стави во канта за ѓубре.
Ако некој фрли пикавец возејќи кола или во колата има малолетни деца и некој го пријави возачот, тогаш следи казна. Мене ми се има случено!
Иако живееме во демократија, ако незилезеш да гласаш на избори, макар тие биле и локални.... се разбира следи казна. Двапати имам платено глоба.
Драги мои Македонци, тоа ние овде го нарекуваме ред и поредок, правна држава, демократија.....или патриотскиот акт во САД, неслушнав некој дека вели дека е тоа фашизам.
Да си припомнеме само, какви беа ракциите кога се воведе законот за пушење во Македонија?!
Преку демократски избори на избраните им се дава мандат, а тие го користат да ја материјализраат сопствената визија за правна држава. Незнам, можеби визија кој ја измисли некој друг?!
Во секој случај, ниту еден политичар кој има добиено мандат, вклучувајќи ги тука и Никола и Коце...... не измислуваат топла вода, нели? Покрај силните мандати, не ме убедија дека поседуваат некои посебни визионерски способности.
И да небиде ова само дека ги бербатам нашите, еве ќе кажам, истото важи за сите транзициски, пост социјалистички лидери од Владивосток до Висла и Одра, па се до Црното, Белото и Синото Море! Не дека и оние од медитеранскиот појас се нешто поразлични.
------------- Гроф Игнатиев: "Ви се обрнувам Вам (г-дин Бахмачев), дека ЈАС ЈА СОЗДАДОВ ВЕЛИКА БУГАРИЈА, ЗАРАДИ РУСКИТЕ ИНТЕРЕСИ на исток "- (М.Цемовиќ - " Маќедонски проблеми и Маќедонци", Београд, 1913 ,33.)“
Постирано од: Gabriela_S
Датум на внесување: 21.Февруари.2014 во 00:10
кога ќе ја видам темава ми текнува на комшиката која на првиот ударен ред ги простира тангите на ќерка и
------------- Никогаш немој да се каеш за нештото што си го направил, ако во тој момент си бил среќен
Постирано од: fiks
Датум на внесување: 21.Февруари.2014 во 00:17
Па ја промовира ќерка си
------------- Само шлаг пена ќе бидеме. Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена, само шлаг пена ќе бидеме и можеби неколку жолти ракии.
Постирано од: sikter
Датум на внесување: 21.Февруари.2014 во 00:23
Platenik напиша:
Ако некој фрли пикавец возејќи кола или во колата има малолетни деца и некој го пријави возачот, тогаш следи казна. Мене ми се има случено!
Иако живееме во демократија, ако незилезеш да гласаш на избори, макар тие биле и локални.... се разбира следи казна. Двапати имам платено глоба.
sve e toa na mesto i taka i treba da bide, osven ona za glasanjeto.
mi izgleda glupo nekoj so sila da go terash da odi da glasa.
sepak, tuka od kaznite najmnogu i edinstveno ke ispashtaat onie shto nemaat nikoj na pravo mesto , a takvite se najbrojni.
ednash vidov i eden na motor kako vleguva u krivina so telefonot na uvo i....se nadevam deka e seushte ziv mangupot motorgjija !
Постирано од: Polar Bear
Датум на внесување: 21.Февруари.2014 во 05:15
Gabriela_S напиша:
кога ќе ја видам темава ми текнува на комшиката која на првиот ударен ред ги простира тангите на ќерка и
A mene mi teknuva na pesnata "To nisu jidra moje brodice, vec to su gacice moje Marice, ciribirbella mare moja..."
------------- Jа сам за демократију и слободу на говор, сакам песну, пиво, вино, ракију и жене!
Постирано од: evangeline
Датум на внесување: 21.Февруари.2014 во 07:10
Platenik напиша:
evangeline напиша:
Абе ајде! Кој ќе ми забрани тревата да ја оставам да расте 20цм?!? Луди ли се овие? Да не е мојот двор во нивна сопственост па ќе ми налагаат колку да ми биде висока тревата?! А живите огради?
Се надевам дека законов ќе наиде на отпор.
Е овде кај нас, во развиениов запад е така. Ако не ја искосиш тревата, општината ќе ти испрати опомена. Вториот пат следи казна!
И не само тревата во тов јот двор, туку и онаа до тротоарот, пред твојата куќа.
Ѓубрето се собира еднаш неделно, во среда. Кантите се вадат во вторник навечер, после седум.
Нема спростирање алишта, ако живееш во зграда. Ако живееш во куќа можеш да правиш што сакаш, ама во задниот дел на дворот.
Никој не се буни и сите ги почитуваат правилата на игра.
Не си ме прочитал ни меѓу редови. Ама ако.
Види сега, мојата трева е секогаш кратка и густа, не е пожолтена, живата ограда поткастрена, снегот исчистен. Ама што дека, кога мојот комшија ВМРОвец има трева до колена?! Јас ќе заминам некаде на пат недела дена и тревата ќе стигне и до 20цм, па јас ќе го јадам стапот а тој ќе си свирка. Да бевме некоја помоќна држава, па да платев градинар да дојде да искоси додека ме нема, ама вака нема смисла. Комшијата (албанец) подолу не плаќа за вода 20+ години што е обврска на секого, а не па да почитува закон за пиперки, гаќи и останати работи.
Ова не е запад, ова е Македонија и во неа вакви работи тешко можат да се сварат.
За она другото што си го пишал, знаеш ли дека по Скопје има канти за миленичиња? Кога бев на запад ми беше смешно што една тетка му стави весник на кучето за да си ги изврши таму потребите па да го фрли во специјализираните канти, ама сега кога гледам кај нас, не ме зачудува веќе. Само што ретко кој практикува, а никој не казнува.
Ако фрлиш пикавец од кола можат да те казнат и во Македонија, поради можноста да предизвикаш пожар со постапката, ама ете тука само МОЖАТ да те казнат, затоа што е предвидена казна ама изгледа дефицитарни им се кадрите, па нема кој да казнува.
------------- Внимавај кому му веруваш. И ѓаволот еднаш беше ангел.
https://www.youtube.com/watch?v=1DUYlHZsZfc" rel="nofollow - Being RICH is not about how much you have, BUT about how much you GIVE
Постирано од: svetosparki
Датум на внесување: 04.Март.2014 во 20:21
PROCITAJTE GO MOJOT TEKST''SKOPJE''I KE VI BIDE JASNO ZOSTO I ZA KOGO E DONESEN ZAKONOT
Постирано од: novace
Датум на внесување: 05.Септември.2015 во 17:10
Играњето на децата е отсликување на културата на родителите! Веќе видов се и сешто, крајно ме разочарува државава во последно време и несанкционирањето на одредени постапки..
А фонтанава за мене е и ќе остане најголемата глупост што можеа да ја направат во градов..
------------- Внимавај кому му веруваш. И ѓаволот еднаш беше ангел.
https://www.youtube.com/watch?v=1DUYlHZsZfc" rel="nofollow - Being RICH is not about how much you have, BUT about how much you GIVE
Постирано од: novace
Датум на внесување: 07.Септември.2015 во 23:26
evangeline напиша:
- Играњето на децата е отсликување на културата на родителите! - Веќе видов се и сешто, крајно ме разочарува државава во последно време и несанкционирањето на одредени постапки.. - А фонтанава за мене е и ќе остане најголемата глупост што можеа да ја направат во градов..
- Јас поинаку би ја оквалификувал...како НЕ култура..се мисли на родителите.
- Споделуваме исто (или слично) мислење.... околу несанкционирање на „одредените постапки„.
- Истото мислење за АЈФЕЛОВАТА Кула го имале и тогашните парижан(к)и , кога таа била (из)градена!.
------------- Не сум доктор , ама стално сум опкружен со пациенти
Постирано од: evangeline
Датум на внесување: 07.Септември.2015 во 23:36
E skoro isto izleguva, ne sakam da gi navredam so zborot NE kultura, vo posledno vreme site se navreduvaat mnogu lesno..
..
Ova so parizanite e kako da sporeduvash nivnata ubava kula i nashiot krst. Od druga strana pak, tolkava fontana na tolku mal ploshtad e samoubistven poteg. Sega vekje nemame ploshtad, imame samo fontani i spomenici. Ne moze chovek da se razmine. A shto ubavo pred edno 10 godini se dochekuvashe Nova godina bash na toa mesto... Celata istorija i simbolika vekje ja nema.. Imame mlad barok bez dusha, a najtragichno e shto nikogash nema ni da ima istorija kakva shto zasluzuva barokot...
A malku pomalku tragichno e shto posle kje baram soodvetno mesto za komentarive, zatoa shto nemaat vraka so gakjite na komshiite
------------- Внимавај кому му веруваш. И ѓаволот еднаш беше ангел.
https://www.youtube.com/watch?v=1DUYlHZsZfc" rel="nofollow - Being RICH is not about how much you have, BUT about how much you GIVE
Постирано од: novace
Датум на внесување: 07.Септември.2015 во 23:46
evangeline напиша:
E skoro isto izleguva, ne sakam da gi navredam so zborot NE kultura, vo posledno vreme site se navreduvaat mnogu lesno.. Ova so parizanite e kako da sporeduvash nivnata ubava kula i nashiot krst. Od druga strana pak, tolkava fontana na tolku mal ploshtad e samoubistven poteg. Sega vekje nemame ploshtad, imame samo fontani i spomenici. Ne moze chovek da se razmine. A shto ubavo pred edno 10 godini se dochekuvashe Nova godina bash na toa mesto... Celata istorija i simbolika vekje ja nema.. Imame mlad barok bez dusha, a najtragichno e shto nikogash nema ni da ima istorija kakva shto zasluzuva barokot...
A malku pomalku tragichno e shto posle kje baram soodvetno mesto za komentarive, zatoa shto nemaat vraka so gakjite na komshiite
Споредувам само она што сум го прочитал..сега дали ќе ги најдам истите не знам..но верувај ми дека имаше такви написи.
Написи на и за Парижан(к)и-те и нивните реакции кога била градена Ајфеловата Кула ..мислам било во 1799 година за тогашната Светска Изложба, кога секоја Нација си ги покажувала „достигнувањата„ на сите полиња особено на и во областа на техниката.
пс
Еве најдов објаснение:
напиша:
Кулата во почетокот била лошо прифатена од јавноста, многу ја нарекувале непријатна за окото (писателот https://mk.wikipedia.org/wiki/%D0%93%D0%B8_%D0%B4%D0%B5_%D0%9C%D0%BE%D0%BF%D0%B0%D1%81%D0%B0%D0%BD" rel="nofollow - Ги де Мопасан ручал во ресторан на кулата редовно бидејќи било единственото место во Париз од каде сигурно не се гледала). Денес таа се смета за една од најпрепознатливите градби во светот.
Едно од големите https://mk.wikipedia.org/wiki/%D0%A5%D0%BE%D0%BB%D0%B8%D0%B2%D1%83%D0%B4" rel="nofollow - холивудски клишеа е дека погледот од било кој париски прозор ја има кулата. Во реалноста, заради ограничувањата на висината на повеќето згради во Париз на само неколку спрата, само највисоките згради имаат чист поглед на кулата.
Оригинално, Ајфел дозволил кулата да стои 20 години (кога сопственоста би истекла за градот Париз, кој оригинално планирал да ја сруши; дел од оригиналните правила на натпреварот биле дека кулата морала лесно да се сруши), но бидејќи се прикажала како корисна за комуникациски цели, било дозволено да остане и по истекот на дозволата.
------------- Не сум доктор , ама стално сум опкружен со пациенти
Постирано од: Орка
Датум на внесување: 07.Септември.2015 во 23:54
Ако и една градба од Скопје 2014 издржи до 2214... Од гроб ќе станам тука да пишам оти во право си бил.
Постирано од: evangeline
Датум на внесување: 07.Септември.2015 во 23:57
novace напиша:
evangeline напиша:
E skoro isto izleguva, ne sakam da gi navredam so zborot NE kultura, vo posledno vreme site se navreduvaat mnogu lesno.. Ova so parizanite e kako da sporeduvash nivnata ubava kula i nashiot krst. Od druga strana pak, tolkava fontana na tolku mal ploshtad e samoubistven poteg. Sega vekje nemame ploshtad, imame samo fontani i spomenici. Ne moze chovek da se razmine. A shto ubavo pred edno 10 godini se dochekuvashe Nova godina bash na toa mesto... Celata istorija i simbolika vekje ja nema.. Imame mlad barok bez dusha, a najtragichno e shto nikogash nema ni da ima istorija kakva shto zasluzuva barokot...
A malku pomalku tragichno e shto posle kje baram soodvetno mesto za komentarive, zatoa shto nemaat vraka so gakjite na komshiite
Споредувам само она што сум го прочитал..сега дали ќе ги најдам истите не знам..но верувај ми дека имаше такви написи.
Написи на и за Парижан(к)и-те и нивните реакции кога била градена Ајфеловата Кула ..мислам било во 1799 година за тогашната Светска Изложба, кога секоја Нација си ги покажувала „достигнувањата„ на сите полиња особено на и во областа на техниката.
пс
Еве најдов објаснение:
напиша:
<span style="color: rgb37, 37, 37; font-family: sans-serif; font-size: 14px; line-height: 14.9333px;">Кулата во почетокот била лошо прифатена од јавноста, многу ја нарекувале непријатна за окото (писателот</span><span style="color: rgb37, 37, 37; font-family: sans-serif; font-size: 14px; line-height: 14.9333px;"> </span> https://mk.wikipedia.org/wiki/%D0%93%D0%B8_%D0%B4%D0%B5_%D0%9C%D0%BE%D0%BF%D0%B0%D1%81%D0%B0%D0%BD" rel="nofollow - Ги де Мопасан <span style="color: rgb37, 37, 37; font-family: sans-serif; font-size: 14px; line-height: 14.9333px;"> </span><span style="color: rgb37, 37, 37; font-family: sans-serif; font-size: 14px; line-height: 14.9333px;">ручал во ресторан на кулата редовно бидејќи било единственото место во Париз од каде сигурно не се гледала). Денес таа се смета за една од најпрепознатливите градби во светот.</span><p style="margin: 0.5em 0px; line-height: 14.9333px; color: rgb37, 37, 37; font-family: sans-serif; font-size: 14px;">Едно од големите https://mk.wikipedia.org/wiki/%D0%A5%D0%BE%D0%BB%D0%B8%D0%B2%D1%83%D0%B4" rel="nofollow - холивудски клишеа е дека погледот од било кој париски прозор ја има кулата. Во реалноста, заради ограничувањата на висината на повеќето згради во Париз на само неколку спрата, само највисоките згради имаат чист поглед на кулата.
<span style="color: rgb37, 37, 37; font-family: sans-serif; font-size: 14px; line-height: 14.9333px;">Оригинално, Ајфел дозволил кулата да стои 20 години (кога сопственоста би истекла за градот Париз, кој оригинално планирал да ја сруши; дел од оригиналните правила на натпреварот биле дека кулата морала лесно да се сруши), но бидејќи се прикажала како корисна за комуникациски цели, било дозволено да остане и по истекот на дозволата.</span>
Знам друже имам читано и јас нешто такво. Кочку е точно не знам.. Друго сакав да кажам со тоа.. Споредуваш симбол на градот како што е милениумскиот крст кај нас со една фонтана... Знсчи крстот е симбол како кулата за парижаните, амс фонтанава дефинитивно не е симбол ниту ќе биде..
------------- Внимавај кому му веруваш. И ѓаволот еднаш беше ангел.
https://www.youtube.com/watch?v=1DUYlHZsZfc" rel="nofollow - Being RICH is not about how much you have, BUT about how much you GIVE
Постирано од: Messenger
Датум на внесување: 08.Септември.2015 во 00:13
Ретко било која фонтана, било каде во светот, е симбол на било што. Знам неколку во збирката од стотината други, но тоа е тоа… особено не се прават со некакво посебно значење кога се буквално дел од некој посебен паметник. Инаку би му конК*рирале, нeшто што не е посакувано (пример со нашиот воин на коњот).
Фонтаната е украсно/разладувачки елемент во градот. Не барајте ништо повеќе од тоа.
Правење политика од тоа е буквално правење дупка во водата која тече од неа.
------------- Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
Постирано од: novace
Датум на внесување: 08.Септември.2015 во 00:21
evangeline напиша:
Знам друже имам читано и јас нешто такво. Кочку е точно не знам.. Друго сакав да кажам со тоа.. Споредуваш симбол на градот како што е милениумскиот крст кај нас со една фонтана... Знсчи крстот е симбол како кулата за парижаните, амс фонтанава дефинитивно не е симбол ниту ќе биде..
Не споредувам никакви симболи, да се разбереме.
Ниту крстот бил симбол на Скопје , ниту Ај. Кула била за Париз..ВО МОМЕНТОТ на градабата.
Споредувам само искажани и запишани изјави и мислења на познати поединци ШТО рекле и мислеле како современици за Кулата во градба во Париз , и ШТО ТАА ПРЕСТАВУВА ДЕНЕС за истите тие граѓани на ПАРИЗ , секако од временска дистанца од скоро два века.
пс
Без никакви „вметнувања„ и интерпретации , за да не морам и јас да се користам со истата недолична „стратегија„ , како тој погоре од тебе ШТО ќе се повампирел.
------------- Не сум доктор , ама стално сум опкружен со пациенти
Постирано од: Messenger
Датум на внесување: 08.Септември.2015 во 00:25
Тоа е точно… некои градби СО ВРЕМЕТО станале симболи на градовите. Но на почетоткот секако не било тоа.
------------- Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
Постирано од: evangeline
Датум на внесување: 08.Септември.2015 во 00:31
Симбол на град (или било што) не станува нештото додека е проект на хартија, ниту во своите почетоци како објект.. Никој и не го рече спротивното. Ама ти некако ми споредуваш една кула која цел свет ја знае, која што има своја историја итн и една фонтана (која нема ни значење а единствената историја ќе и биде историја на поправки) за која што не слушнале дури и некои македонци а не пошироко. Јас само си го искажав ставот за фонтаната, дека таму не и е местото.. А за дизајнот што мене не ми се допаѓа е ствар на вкус, за вкусови не се расправа..
------------- Внимавај кому му веруваш. И ѓаволот еднаш беше ангел.
https://www.youtube.com/watch?v=1DUYlHZsZfc" rel="nofollow - Being RICH is not about how much you have, BUT about how much you GIVE
Постирано од: novace
Датум на внесување: 08.Септември.2015 во 00:36
Messenger напиша:
Тоа е точно… некои градби СО ВРЕМЕТО станале симболи на градовите. Но на почетоткот секако не било тоа.
Тоа и ми беше целта...за да бидам и останам докрај јасен, НО...ете некој си овде се „вметна„ со и во дискусијата , на теми од Метафизика поточно за Онтологијата.
------------- Не сум доктор , ама стално сум опкружен со пациенти
Постирано од: novace
Датум на внесување: 08.Септември.2015 во 00:48
evangeline напиша:
Симбол на град (или било што) не станува нештото додека е проект на хартија, ниту во своите почетоци како објект.. Никој и не го рече спротивното. Ама ти некако ми споредуваш една кула која цел свет ја знае, која што има своја историја итн и една фонтана (која нема ни значење а единствената историја ќе и биде историја на поправки) за која што не слушнале дури и некои македонци а не пошироко. Јас само си го искажав ставот за фонтаната, дека таму не и е местото.. А за дизајнот што мене не ми се допаѓа е ствар на вкус, за вкусови не се расправа..
Сакав само да ви покажам дека поединечното мислење за некој јавен објект , е подложно на промени одкога ќе настапи друга или трета генерација на потомци.
Примерот со тогашниот писател Ги де Мопасан е сликовит.
Покажете ни денес слична искажана изјава за Ајфеловата Кулата како што била на именованиот Мопасан , на барем еден денешен француски писател а кој живее во Париз.
пс
Пријатна вечер ви поскаувам
------------- Не сум доктор , ама стално сум опкружен со пациенти
Постирано од: Messenger
Датум на внесување: 08.Септември.2015 во 01:44
Претпоставувам дека поради фактот оти фонтаната е некакво надоврзување (намерно или ненамерно) со споменикот на Александар Mакедонски, таа ќе стане препознатлив дел од градот.
Секако дека само времето ќе го дoкажи тоа и секое сегашно дискутирање е прeјудицирање.
Во секој случај, очебијно е дека изгледот на плоштадот сега и некогаш е како споредба помеѓу ден и ноќ. Секако, за некој ден ќе биде едното, а за друг другото… но тоа е тоа, секому според милувањето.
Кога веќе го спомнавте Париз се сетив на стаклената пирамида што ја изградија на сред Лувр и хипер-модерната зграда La Défense, две нешта што апсолутно не припаѓат на никаква француска историја или традиција… што критики паднаа тогаш, колку плукања беа направени во тогашните јавни медии не само во Франција, туку и низ светот… а денес тиe претставуваa едни од најпрепознатливите и највреднуваните објекти во тој град.
Затоа, да не се истрчуваме, туку да оставиме на времето и идните генерации да го кажат својот збор.
------------- Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.