|
Извадоци,исечоци,цитати |
Внеси реплика | страница <12345 46> |
Автор | |
mrzla
Сениор натурална девојка Регистриран: 14.Мај.2008 Статус: Офлајн Поени: 13330 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Кога Јуда ќе се заљуби…
Јуда. Предавник. Лицемерен. Лажен. Грешник. Студен. Без чувства. Како да го препознаете Јуда? Не е толку лесно. Јуда е искусен играч кој успешно се крие позади убавото лице и перфектните ткаенини. Јуда е самец, чудак, социопат. Тој е постојано опколен со луѓе, жени, пријатели, непријатели. Но, нека не ве залажува тоа. На крајот од денот, Јуда е секогаш сам. Тој никогаш не дозволува било кој да му ја види душата, да ја премине границата, да го стопи мразот. Јуда е роден да биде неверен, роден е да ги предаде луѓето што го сакаат, да разочара, да остава. Но, да не бидеме плитки. Можеме ли да кажеме дека проблемот на Јуда е подлабок од она што навидум изгледа? Можеме ли да претпоставиме дека позади целиот леден оклоп, се крие душа и искрено срце? Можеме ли да заклучиме дека Јуда тежнее да ги предаде и изневери луѓето кои го сакаат, за да случајно тие не го направат тоа први? Дали Јуда е обичен патач од емоции кој се штити повредувајќи ѓи луѓето околу себеси? Има ли белези на душата на Јуда кои тој сеуште не умее да ги преболи? Што му се случило на Јуда пред тој да постане Јуда? Јуда се опи една ноќ и почна да зборува повеќе од обично. До него стоеше некоја си сосема неважна. Но, за волја на вистината, зајакот не лежи во шапката на магионичарот, туку во вистинското време и место. Која и да беше, Јуда не можеше да престане да зборува. Од еден збор, се фрлаше на друг, од еден муабет, на друг, на трет. Ја стисна на ѕидот, почна да ја бакнува, да и ја растура косата, соблекува кошулата. Таа се топеше. Мислеше дека е вистинската. Мислеше дека е чудо. Дека после неа, трева нема да расте. Сите жени се исти. Патачи да променат некого. Патачи да бидат првите. Патачи да влезат во историја. А, никако да научат дека историјата ја пишува оној што победува. Таа почна да ја пика својата рака под кошулата на Јуда, да го гали со ноктите, да трепери, да верува во бајки. И, така додека се топеше случајно здогледа неколку испишани букви на левата страна од телото на Јуда. Се обиде да ги игнорира, но љубопитноста ја победи. Во еден момент престана да го бакнува, и го праша: Што имаш напишано на телото, тука лево? Твоето име – из смеа и одговори тој. Не, сериозно, што ти значат буквиве? Ќе ти смени многу ако ти кажам?, ја праша тој. Па, да. Сакам да знам. Сепак си ми нешто. Како, како? Сепак сум ти нешто? Ме знаеш една ноќ и веќе сум ти нешто? Што сум ти? Кажи ми? Како ќе ме класифицираш? Момче, секс играчка, друштво за по уште една? Што сум ти? Можам да ти бидам што сакаш. Имам неверојатна моќ за трансформација. Можам да бидам се што другите ќе посакаат. Само немој да ми кажеш дека сум ти љубов затоа што овде ќе си го повратам црниот дроб. Пред тебе. Да го видиш цел. Да видиш колку е оштетен. Колку е за никаде. Таков црн дроб може да има само човек кој знае што е љубов. А, покрај таквите како тебе љубовта поминала. Не те ни поздравила. Те прошишала. Затоа што знаела дека нема материјал во тебе. Нема леб. Ти си идиот! Сега гледам дека е вистина сето она што се зборува за тебе! Ти немаш душа! Неважната женска личност се изгуби во далечината. Јуда остана сам, потпрен на ѕидот, со главата надолу. Стоеше така некои си десетина минути, размислувајќи за тоа дали ќе се измисли лек кој ќе го излечи идиотот во него. Размислувајќи за тоа колкава му е желбата да го отвори срцето, и задоволи со минимум. Секоја ноќ си го велеше истото. Не е грев да бидеш предавник. Да оставаш. Да имаш неколку лица. Грев е да најдеш една љубов, и да ја изгубиш. И, потоа сите други љубови да ти бидат мали. Да ти бидат смешни. Да станеш лош човек. Ненамерно. Да сфатиш дека ништо не допира до тебе. Да одиш, а да не живееш. Тоа е грев. Проклета е таа љубов. Не е здрава. Не е добра. Не е како што треба да биде. Кој би рекол дека Јуда знае што е љубов? Кој би рекол дека работите носат корени подлабоки од што можеме да замислиме? Никогаш не смееме да мислиме дека сѐ ни е јасно. Затоа што ништо не ни е. Ако сакаме да живееме просечен живот, тогаш мора да престанеме да се трудиме да ги разбереме останатите работи. Има толку многу повеќе во едно срце од она што навидум изгледа. Има толку многу приказни нераскажани. Во секој од нас живее Јуда. И, кога ќе се вљубиме ние, тоа е нормално. Но, само кога ќе се вљуби Јуда, тоа е вистинско. |
|
И бричот падна на колена пред зборот:
Те преколкувам кажи како да се наострам како тебе,сакам да колам без да пуштам крв |
|
SVOJA
Сениор Регистриран: 28.Мај.2013 Статус: Офлајн Поени: 2159 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Го сакам затоа што е манијак во кола, затоа што обожава да изиграва Шумахер, но моето присуство го смирува до тој степен што со мене брзинометарот не надминува шеесет. Го сакам затоа што ми дозволува да му го чепкам радиото и рандом да си меморирам мои музички станици. Го сакам поради грижливоста, и поради неговата груба нежност. Го сакам кога ми ја мрази шминката, го сакам кога ме сака разбушавена и поспана, токму онаква каква сум кога ќе станам од спиење. Го сакам затоа што ми купува чоколадо и црвено вино и ме остава да се напијам, а потоа ме трпи и кога се глупирам.
Го сакам затоа што му ги обожавам бакнежите од зад грб додека спијам, затоа што само тој знае да ме однесе на врвот и да ме остави несебично да уживам таму. Го сакам поради неговите години и поради неговата самодоверба за која тој не е свесен. Го сакам затоа што секогаш ми мириса на класична колонска вода, мастики за џвакање и прегорена цигара. Го сакам затоа што само тој може да ме трпи, и кога ќутам и се лутам и кога со часови зборувам како навиена. Го сакам затоа што само тој е тука кога со часови не можам да престанам да плачам, и кога сум неподнослива шмизла. Го сакам затоа што без него се` ме боли и затоа што без него мојот свет не е цел. Го сакам затоа што знае да ме налути, знае да ме расплаче, но и за исто толку време знае и да ме насмее. Го сакам затоа што ме сака и се бори против тоа. Го сакам затоа што наводно не сме еден за друг. Го сакам од инат. Го сакам затоа што не сакам да го сакам. Го сакам и тогаш кога мислам дека не го сакам. Го сакам дури и тогаш кога велам крај. Дури и тогаш кога велам збогум. - Јаневска Марија, |
|
RODENA SREDE PURPURNI VODOPADI,DETE NA ZVEZDITE,GOSPODARKA NA ZELBITE,RATNIK,TRAGAC TAINSTVEN OSAMENIK.
|
|
Calipso
Модератор Primarius Регистриран: 26.Мај.2009 Локација: Македонија Статус: Офлајн Поени: 44671 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
И воопшто, жената нема да го разочара мажот, нема да го изневери, освен ако тој самиот не и го расипе срцето и не ја нагази, или пак исплаши и оттурне со својата малодушност, со својот егоизам, со својата тесноградост, со својата погана и бедна нарав. Затоа љуби! Нека се почувствува, не само како твоја женка, туку како твоја најмила душа, како твое дете, како пријател; носи ја во пазуви, да и биде топло, и тогаш можеш да бидеш спокоен, и тогаш со секоја година се посилно ќе се припива кон тебе, се додека не сраснете како сијамски близнаци. Не си и го дал ли тоа, ја расипеш ли, ја исплашиш ли со својата мизерност - ќе си отиде! Ќе си отиде штом некои поблагородни раце ќе се испружат кон неа, оти мора да си отиде, оти нејзе и треба таа топлина, тоа признание, како воздухот за да дише. Хенрих Сјенкјевич "Без догма"
|
|
На овој свет има само тројца мажи кои се спремни да те поддржат во тежок момент:
Jack Daniels, John Jameson и Johnnie Walker! |
|
Calipso
Модератор Primarius Регистриран: 26.Мај.2009 Локација: Македонија Статус: Офлајн Поени: 44671 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Дали се сеќаваш зошто се вљубивме? Се сеќаваш ли зошто нашите чувства беа толку силни? Затоа што јас можев да го видам во тебе она што другите не го ни насетуваа. Како и ти во мене. "Врати ми се" Гијом Мисо
|
|
На овој свет има само тројца мажи кои се спремни да те поддржат во тежок момент:
Jack Daniels, John Jameson и Johnnie Walker! |
|
SVOJA
Сениор Регистриран: 28.Мај.2013 Статус: Офлајн Поени: 2159 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Јас знам дека скоро од мене ништо нема да остане
Ќе ми се врати сето она што го истрчав дури спокојно си го одеа другите Знам jас тоа ... знам јас тоа девојче... Знам дека ќе остарам oдеднаш и сакам да те замолам само едно. Сакам да ти оставам само еден аманет. Да не ми се лутиш! Да не ми се лутиш - ете тоа. Да не ми се лутиш ако од мене остане покрај тебе само еден сенилен слаб старец. |
|
RODENA SREDE PURPURNI VODOPADI,DETE NA ZVEZDITE,GOSPODARKA NA ZELBITE,RATNIK,TRAGAC TAINSTVEN OSAMENIK.
|
|
lady moon
Група Регистриран: 29.Јануари.2014 Статус: Офлајн Поени: 50 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Kada vidjamo uvek ista lica, na kraju ona postaju deo naseg zivota. A kada postanu deo naseg zivota, onda zele i da nam ga izmene. I ako ne bude po njihovom, nije im pravo. Jer, svaki covek ima tacnu predstavu kako bi trebalo da zivimo svoj zivot. A nikad nemaju pojma kako treba da prozive sopstveni zivot...
|
|
♥ Ƹ̵̡Ӝ̵̨̄Ʒ♥♥People that don't know me think I'm quiet. People who do know me, well, they wish I was:)))
Ƹ̵̡Ӝ̵̨̄ |
|
SVOJA
Сениор Регистриран: 28.Мај.2013 Статус: Офлајн Поени: 2159 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
..и како дух би талкал во живиот свет за да сум твој после овој краток живот... знаат и боговите каде да ме преродат, за повторно нашите ситни судбини се вплеткаат во чиста страствена љубов... тоа што те заведува си ти самата, мојата душа - огледало на твојата вонвселенска убавина, ја рефлектира љубовта што безмилосно ме опива и остава во амбисот на твојата прегратка...
|
|
RODENA SREDE PURPURNI VODOPADI,DETE NA ZVEZDITE,GOSPODARKA NA ZELBITE,RATNIK,TRAGAC TAINSTVEN OSAMENIK.
|
|
SVOJA
Сениор Регистриран: 28.Мај.2013 Статус: Офлајн Поени: 2159 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Mozno li e?A?Sam sebe,odsebe da se skries!....
|
|
RODENA SREDE PURPURNI VODOPADI,DETE NA ZVEZDITE,GOSPODARKA NA ZELBITE,RATNIK,TRAGAC TAINSTVEN OSAMENIK.
|
|
mrzla
Сениор натурална девојка Регистриран: 14.Мај.2008 Статус: Офлајн Поени: 13330 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Мислиш ли на неa?
-Не. -Мислиш. Да не мислеше, ќе прашaше "На кого"? |
|
И бричот падна на колена пред зборот:
Те преколкувам кажи како да се наострам како тебе,сакам да колам без да пуштам крв |
|
mrzla
Сениор натурална девојка Регистриран: 14.Мај.2008 Статус: Офлајн Поени: 13330 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Кој вели дека мора да бидеш заљубен во личност слична на самиот себе.
Јас и тој сме тотална спротивност. Јас постојам, он не. |
|
И бричот падна на колена пред зборот:
Те преколкувам кажи како да се наострам како тебе,сакам да колам без да пуштам крв |
|
mrzla
Сениор натурална девојка Регистриран: 14.Мај.2008 Статус: Офлајн Поени: 13330 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Toj princot od bajkite, go najdov. I, toa nekolku pati.
Ne mi se bendisa. Mu ja lupnav vratata od kocijata, i izbegav vo sumata da pijam rakija so dvorskiot sut pod edno drvo. Dvorskiot sut e izguben slucaj. No, toj e edinstveniot maz koj ne me posakuva vo ova kralstvo. Ednas go prasav zosto. Za da te boli, mi rece. Pak go prasav zosto, zosto da me boli. Zatoa sto samo koga ke te boli, nema da ti e seedno, mi rece. |
|
И бричот падна на колена пред зборот:
Те преколкувам кажи како да се наострам како тебе,сакам да колам без да пуштам крв |
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Секојдневно слушате мудри мисли и цитати кои имаат некаква поента, но искрено, поинтересни се оние кои самите треба да ги одгатнете. Овие 9 се токму такви и дефинитивно ќе ви ги преокупираат мислите, барем на неколку минути. 1. Најпрво скокни од штицата, а потоа создавај ги своите крила на патот надолу. - Реј Бредбури 2. Труди се да бидеш толку добар за што повеќе луѓе да може да те игнорираат. - Стив Мартин 3. Ако позитивните и среќни можности не ти тропаат на врата, направи врата. - Милтон Берл 4. Да бидеш бесен е како да испиеш отров, а да чекаш некој друг да умре. - Буда 5. Една од најтешките работи во животот е да се одлучиш дали ќе се откажеш или упорно ќе продолжиш понатаму. - Анонимен 6. Ако поминуваш низ пеколот, продолжи да одиш. - Винстон Черчил 7. Интелигенцијата без амбиции е како птица без крила. - Салвадор Дали 8. Секоја нова личност која ќе ја запознаеш знае нешто што ти не го знаеш. - Бил Нај 9. Сè што вистински сакате се наоѓа на другата страна на светот - Џек Кенфилд |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Верувам дека светот треба да го гледате низ розови очила. Верувам дека насмевката најдобро ги топи калориите. Верувам во љубов, во многу љубење. Верувам дека треба да се биде силен кога се’ ќе тргне наопаку. Верувам дека среќните девојки се најубави девојки. Верувам дека утре е нов ден. Верувам во чуда. - Одри Хепберн |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Schatzii7
Сениор Unglaublich Регистриран: 19.Октомври.2011 Локација: Lost somewhere Статус: Офлајн Поени: 7061 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Најубавите цитати од Венко Андоновски
|
|
Внеси реплика | страница <12345 46> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |