![]() |
|
Уредување на помали станбени површини |
Внеси реплика ![]() |
страница <12345 8> |
Автор | ||||
Valerija ![]() Модератор ![]() ![]() Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|||
Хармоничен стан од 42 метри квадратниПрекрасниот стан од 42 метри квадратни, кој се наоѓа во Сан Франциско, е доказ дека убавината лежи во совршено одбраните детали. Декориран е со интересни послужавници, сувенири, свеќници и свежо цвеќе во пастелни бои кои му даваат доза на шарм и хармонија. Мебелот не е претерано модерен, но со добро одбраните перници и прекривки делува топло и совршено удобно за зимските денови. Дневната и спална се споени во една соба, која креативно е одлично комбинирана и одвоена од останатиот простор. Добро разгледајте го овој минијатурен стан, можеби ќе пронајдете некоја идеја и инспирација која ќе го освежи вашиот мал простор. Изменето од Valerija - 11.Февруари.2018 во 09:19 |
||||
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
||||
![]() |
||||
Valerija ![]() Модератор ![]() ![]() Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|||
Црно-бела приказна раскажана во 48 метри квадратниЛоциран во срцето на Шведска, овој мал, но шармантен стан неодамна доживеал целосна трансформација, а крајниот резултат е нов ентериер, многу поелегантен и покласичен од оној претходниот. Станува збор за мал стан кој што се карактеризира со црно-бел ентериер, класична и стилска комбинација која што се одржува во секоја од собите. Простирајќи се на површина од само 48 метри квадратни, апартманот поседува прекрасна бела кујна, дневна соба со малтерисани ѕидови, бања со стилски плочки, голем гардеробер и две тераси. Сите ѕидови во овој дом се бели и речиси се претопуваат во исто така светлиот под, а модерниот и едноставен изглед е надополнет во целост со дискретните осветлувачки елементи. Влезот е опремен со рустикална врата која води во овој светол дом. Ходникот исто така има бели ѕидови, но во оваа просторија тие се ставени во силен контраст со темните мат плочки на подот. Оттаму се пристигнува до гардероберот каде што има доволно простор за складирањето на облеката и сите други работи од домаќинството, а правилното и лесно организирање е овозможено преку големиот број на фиоки и полици. Дневната соба, трпезаријата и кујната создаваат еден поголем отворен простор кој исто така изобилува со многу белина и црни детали. Еден од ѕидовите во оваа просторија е варосан и сето тоа на целиот простор му дава по малку рустикално и инвентивно чувство. Кујната е пространа и изобилува со површини за работа, а елементите во истата се изработени во бела боја, но се надополнети во одличен контраст со сиви детали и црна работна површина. Спротивно од кујната се сместени двете тераси кои што се само “јаготка на шлагот” во овој симпатичен стан.
Изменето од Valerija - 15.Август.2015 во 22:52 |
||||
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
||||
![]() |
||||
Valerija ![]() Модератор ![]() ![]() Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|||
Изменето од Valerija - 11.Февруари.2018 во 09:17 |
||||
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
||||
![]() |
||||
zamislena ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 03.Јануари.2010 Статус: Офлајн Поени: 14566 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|||
![]() |
||||
Valerija ![]() Модератор ![]() ![]() Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|||
Генијално решение за уредување на стан од 39 метри квадратниПогледнете едно генијално решение за практично уредување на стан од 39 метри квадратни во Хонг Конг, Кина. Топлото осветлување и кремастите тонови ја нагласуваат целокупната едноставна и мирна атмосфера на овој мал стан. |
||||
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
||||
![]() |
||||
Valerija ![]() Модератор ![]() ![]() Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|||
Современо ентериерно решение за мал станДизајнерското студио Maayan Zusman Interior Design проектира модерен стан од 50 метри квадратни со локација во Тел Авив во Израел. Во програмата се вклучени две спални соби, бања, гостински тоалет и отворен голем балкон. Станот се наоѓа во стар објект во кој во претходно постоечкиот план не постоеле преградни ѕидови, туку само надворешните ѕидови со дебелина од еден метар, па поради тоа било потребно добра внатрешна организација на просториите. Користени се специјално дизајнирани ормани, во кои воедно се скриени сите електрични апарати и додадени се стаклени ѕидови. Главниот концепт на енетериерот на овој апартман е стаклената коцка којашто го сегментира просторот. Коцката е транспарентна и изработена од црно стакло и во неа се сместени бањата и тоалетот. |
||||
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
||||
![]() |
||||
Valerija ![]() Модератор ![]() ![]() Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|||
Стан од 40 метри квадратни со многу стилИако понекогаш големите простори може да бидат подобри, со оглед на тоа што се повеќе живееме во градови кои се пренаселени, и од малите станови можеме да добиеме простор со стил, доколку е дизајниран од добар дизајнер. Добриот дизајнер би требало да може од еден мал простор да створи еден дом кој не е само функционален, туку на тој простор да му вдахне и стил. Ентериерот што ви го претставуваме е со површина од 40 метри квадратни, но сепак ги задоволува сите функционални и естетски барања кои ги поставува едно младо креативно семејство. Овој ентериер е поделен на два дела со половина ѕид кој се наоѓа во средината на овој простор. Од едната страна е поставена кујната и трпезаријата, додека пак од другата страна се наоѓа дневниот престој со работната површина, а просторот на спалната соба е поставен зад дневниот престој и е малку подигнат. Изменето од Valerija - 27.Април.2015 во 22:30 |
||||
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
||||
![]() |
||||
Omar ![]() Сениор ![]() ![]() Too young to die... Регистриран: 22.Февруари.2009 Статус: Офлајн Поени: 12633 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|||
![]() |
||||
![]() |
||||
Omar ![]() Сениор ![]() ![]() Too young to die... Регистриран: 22.Февруари.2009 Статус: Офлајн Поени: 12633 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|||
![]() |
||||
![]() |
||||
Omar ![]() Сениор ![]() ![]() Too young to die... Регистриран: 22.Февруари.2009 Статус: Офлајн Поени: 12633 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|||
![]() |
||||
![]() |
||||
Valerija ![]() Модератор ![]() ![]() Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|||
Совршено уредени 30 квадрати на морскиот брег30 квадратни метри се сè што ни е потребно за среќа. На пример, тоа може да биде мала куќа со површина од само 30 квадратни метри, која се наоѓа на брегот. Замислете како пиете кафе, гледајќи во синото пространство, окружени единствено од нотите на природата. Изменето од Valerija - 26.Март.2015 во 09:44 |
||||
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
||||
![]() |
||||
Valerija ![]() Модератор ![]() ![]() Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|||
Изменето од Valerija - 17.Март.2015 во 21:14 |
||||
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
||||
![]() |
||||
Valerija ![]() Модератор ![]() ![]() Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|||
Идеално уредени 29 м2Архитектот Anton Grishin успева во само 29 м2 да создаде комфорен простор во Лондон, користејќи светли и ведри бои со цел визуелно да го зголеми просторот. Дневниот престој зафаќа површина од 11,2 м2, кујната 8,4 м2 и тоалетот 5,6 м2. Останатиот простор го користи како влезен хол и за сместување на плакар. Искористен е секој агол од апартманот за да смести одреден дел од функциите, со што би се спречил нередот во рамките на скромниот план. Во дневниот престој доминираат жолтата и светлосината боја, а просторот дополнително е опремен со уметничка слика во исти нијанси. На спротивната страна е поставена метална библиотека. Трпезаријата дирекно е поврзана со кујнските елементи, со што се заштедува простор. Таа е во бела боја, а како нејзин контраст кујната е изработена од дрво во светли тонови. По целата основа се поставени плакари. Тие се во бела боја, исто како и ѕидовите, и поставени се високо над линијата на окото, со што визуелно се ослободува просторот. Плакарот поставен кај влезот во апартманот е исто така во бела боја и опремен е со лизгачки врати за поголема функционалност. Третманот на таванот овозможува меко и дифузно осветлување на просторот. |
||||
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
||||
![]() |
||||
Valerija ![]() Модератор ![]() ![]() Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|||
Мала квадратура, а многу просторОвој двособен стан изгледа многу простран од две причини: бела боја во ентериерот и голема висина на плафонот. Ако имате мал стан откажете се од вашата омилена боја, барем што се однесува на ѕидовите, мебелот и големите површини. Користете исклучиво бела боја, а само на деталите како перничиња, вазни, чаршафи, користете ја бојата што најмногу ви се допаѓа. Така станот ќе изгледа многу поголем и простран. Еден од главните адути на овој стан е и неговата висина на плафонот која изнесува три метри. Во случајов висината на ваквиот салонски стан е намалена со решавање на галерија каде е сместена спалната соба. Иако скаличките не се за многумина прифатливо решение, во некои случаи мора да се пристапи кон компромисно решение. |
||||
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
||||
![]() |
Внеси реплика ![]() |
страница <12345 8> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања ![]() Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |