Автор |
Тема Пребарувај Опции за темата
|
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 17.Октомври.2016 во 09:01 |
„Paella“ познатото шпанско јадење е измислено токму во Валенсија. Овде, традиционалните состојки се ориз, пилешко, зајачко, грав, полжави и артичоки. Секако, постојат и 100 други разни комбинации кои вклучуваат и морски плодови.
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 02.Октомври.2016 во 18:11 |
10 највкусни италијански десертиВеднаш штом се спомене Италија, луѓето помислуваат на две работи: мода и храна. Италија е земјата од која потекнуваат многу вкусни специјалитети, кои со годините станале познати низ целиот свет. Еден од особено важните сегменти за Италијанците кога е во прашање храната, е десертот. Според нив ниту еден ручек не е целосен доколку не заврши со десерт. Токму затоа ова се највкусните италијански десерти кои морате да ги пробате. 1. ZabaglioneВистинско слатко задоволство направено од јајца, шеќер и „Марсала“ вино. На прв поглед изгледа како пијалак, но всушност е многу мек десерт кој се служи во чаша. 2. Torta CapreseТрадиционална торта од Капри, направена од чоколадо и лешници која одозгора се прекрива со шеќер во прав. 3. Cantucci di Prato e VinsantoСо потекло од Тоскана, овој десерт е во форма на бисквит со лешници кој секогаш се јаде заедно со алкохолен пијалак, најчесто некое слатко вино. 4. Semi-FreddoВо буквален превод значи полуладно и е заедничко име за многу десерти кои се смрзнати и прекриени со сладолед или слатка павлака. 5. CannoliМожеби еден од најпознатите италијански рецепти низ целиот свет, кој не само што е вкусен, туку и има интересен изглед. Крцкавото тесто извиткано во ролни е исполнето со слатка рикота што го прави неодоливо вкусно. 6. Sicilian CassataОвој сицилијански рецепт покрај труд, бара и доста време за декорација. Во внатрешноста има пандишпан, меѓу кој се наоѓа фил од рикота, а надворешноста внимателно се прекрива со марципан. 7. Rum BabaМало цилиндрично парче торта потопено во рум, декорирано со слатка павлака е она што во суштина претставува овој десерт. 8. Panna CottaЕден од најпрепознатливите италијански рецепти кој во превод значи зготвен крем, односно зготвена слатка павлака декорирана на одличен начин со овошен сируп и парчиња овошје. 9. TiramisuНеверојатно вкусна торта со слоеви фил од кафе, маскарпоне и жолчка од јајце. Еден од вкусовите кој штом го пробате никогаш нема да го заборавите. 10. GelatoМожеби една од најдобрите причини зошто треба да ја посетите Италија. Џелато не е обичен сладолед и Италијанците никогаш нема да ви простат ако кажете нешто такво. Тајната е во тоа што тој не се замрзнува, а тоа го прави покремаст и му дава многу поинтензивен вкус.
Изменето од Valerija - 02.Октомври.2016 во 18:12
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 16.Август.2016 во 08:34 |
Бригадеиро: Десертот со кој Бразил се гордее
Бразил го претставивме со повеќе нешта. Со храната, културата, коктелите, а и со можеби најважниот дел за сладокусците, десертите. Најпрепознатливиот десерт од оваа јужно американска земја е секако Бригадеиро. Кај нас познати како бомбици, овие Бригадеиро топки се десертот со кој Бразил се гордее. Креирани во 1940-та година, Бригадеиро топките се полни со декаденција и чоколадно уживање со секој залак.
Се служат за било каква прослава, во било кој период од годината и само во Бразил постојат над 50 различни видови.
Состојки:
- 400 мл. кондензирано млеко
- 30 грама какао
- 20 грама несолен путер
- 1 лажица ванила екстракт
- 200 грама чоколадни (или било какви) мрвици
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 14.Мај.2016 во 07:55 |
Dave’s Kitchen: Грчка тиропита
Лапни голти! Овој пат рецептот на неделата е лесна и вкусна тиропита. Потребни состојки:
За тестото - 700 гр. Екстра бело брашно Тип 400 Жито Лукс
- 1/4 квасец
- Околу 350 гр. млака вода
- 3/4 коцка маргарин
За филот - 300-400гр обарен исцеден и исечкан спанаќ
- 4-5 лажици дробено сирење или урда
Начин на подготовка:
Од овие состојки замесете убаво меко и глатко тесто. Тестото се дели на 2 дела и од секој дел се прават по 15 топчиња.
Секое топче се расукува во кора голема колку 1 чинија. Се ставаат корите во чинија и помеѓу секоја се премачкува со растопен маргарин.
Првата чинија се реди со првите 15 кори премачкани со маргарин и се става во ладилник да одмори околу 15 минути. За тоа време направете ја истата постапка со останатите 15 кори од вториот дел од тестото. Оставете ги овие две кори да се одморат во ладилник околу 15-тина минути.
Се расукува кора од сите 15 кори во големина колку тавчето (тавче број 34-36) и се остава дел од кората да виси надвор од тавчето. Се реди филот.
Потоа се расукува втората кора од 15-те кори и се става врз филот. Краевите се завратуваат внатре во тавчето и питата се пече околу 20-30 минути на 180-200 степени.
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 10.Мај.2016 во 08:41 |
Шпанскиот омлет е познат низ светот како една од највкусните идеи за појадок широко прифатена од многу нации. Неговите варијации можете да ги сретнете во многу земји, но сепак оригиналниот рецепт е рецептот со кој ќе го добиете автентичниот вкус на Шпанија. Потребни состојки:- 3 јајца
- 2 лажици млеко
- малку путер
- домати
- шунка
- кашкавал
- сол и црн бибер
Подготовка:1. Изматете ги јајцата заедно со млекото и додадете малку сол и црн бибер. 2. Исчекајте ги ситно шунката и доматите и изрендајте го кашкавалот. 3. Истурете околу 2/3 од смесата во подмачкана тава на оган и додатете ги одозгора сечканата шунка, доматите и ренданиот кашкавал. Превртете кон средината мал дел од едната страна на омлетот а во празното место истурете ја преостанатата смеса. 4. Штом ќе добие златно кафеава боја, свиткајте го во ролна и спремен е за послужување.
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 17.Април.2016 во 14:09 |
Ако бурекот или симит-погачата се обележје на балканските простори, тогаш овие шведски ролнички со цимет се дефинитивно препознатлив кулинарски симбол на скандинавската кујна. Нивното оригинално име гласи Кanelbullar и одат одлично во комбинација со кафе. Толку се популарни што имаат и свој посветен ден во шведскиот календар - 4-ти октомври. Доколку точно го следите рецептот, тој ќе ве трансфомира од надежен во професионален пекар. Изненадете ги домашните и пријателите со овие вкусни ролнички со цимет и уживајте во неодоливата арома на специјалниот додаток, зачинот кардамом. Потребни состојки: За тесто: - 150g путер
- 500ml млеко
- 50g свеж квасец
- 1 кафена лажичка сол
- 85g бел шеќер
- 2 кафени лажички здробено семе од кардамом, по желба (може да го најдете во подобро снабдени продавници за зачини и здрава храна)
- 900g бело брашно
За фил: - 100g путер на собна температура
- 85g бел шеќер
- 3-4 супени лажици мелен цимет
Декорација: - 1 матено јајце
- 3-4 лажици украсен крупен шеќер или сечкани бадеми
Начин на подготовка: Стопете го путерот во длабок сад и додадете го млекото. Загрејте на температура до 37 степени. Здробете го квасецот во сад за матење, додадете го млекото и мешајте додека не се растопи квасецот. Додадете ја солта, шеќерот, здробеното семе од кардамом и скоро целата количина на брашно. Зачувајте малку брашно за подоцна. Измесете го тестото додека не се изедначи и веќе не се лепи по рабовите на садот за месење. Оставете го тестото да отстои околу 30 минути, покриено со чиста крпа. Префрлете го тестото на површина посипана со брашно и пресечете го на половина. Направете две долги правоаголни плочки со дебелина од околу 1,5 сантиметри. Намачкајте го путерот и испрскајте одозгора со шеќер и цимет. Почнувајќи од подолгата страна, истегнете го тестото и свиткајте го во облик на две ролни. Исечете ја секоја од ролните на парчиња (треба да добиете околу 45-50 ролнички) и ставете ги, свртени со „лицето“ нагоре на хартија за печење. Покријте ги со крпа и оставете ги уште 30 минути за да се крене тестото. Загрејте ја рерната на 225 степени. Намачкајте ги ролничките со белка од јајце и украсете ги со крупен шеќер и бадемови снегулки. Печете ги ролничките од 8-10 минути. Пријатен сладок апетит!
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 10.Март.2016 во 08:18 |
Вкусни и едноставни италијански десерти кои едноставно мора да ги пробате
1. Десерт со овошен јогурт (за 4 до 6 лица)Потребни состојки:- 300 грама мешано овошје
- 200 грама свежо сирење
- 250 грама пандишпан за торта
- 250 милилитри грчки јогурт
- 100 грама малини и јагоди
- 2 кафени лажици шеќер во прав
- 1 кафена лажица гранулирани лисја од нане
- Сок и кора од половина лимон
Начин на подготовка:
Исечете го мешаното овошје, ставете го во чинија и додајте го шеќерот, сокот од лимон и нането. Ставете ги во фрижидер сè додека овошјето не испушти сок. Со миксер изматете ги сирењето, кората од лимон, јагодите и малините и ставете ги во чинија. Додајте јогурт и шеќер, промешајте и ставете ја чинијата во фрижидер. Исечете го пандишпанот на коцки и ставете го во стаклена чинија. Нанесете еден слој од овошјето и јогуртот врз пандишпанот. Повторете го ова во неколку слоеви. Ставете го во фрижидер најмалку 30 минути пред да го служите. 2. Сендвичи со сладолед (за 4 лица)Потребни состојки:- Готово тесто за колачи
- 60 грама брашно
- 60 грама путер
- 60 грама шеќер
- Сладолед
- 2 белки од јајце
- Прстофат сол
Начин на подготовка:
Пуштете ја рерната на 200 степени. Матете го путерот со шеќерот сè додека не се добие хомогена смеса. Изматете ги и белките со малку сол и потоа полека додавајте ги во смесата со путерот. На крај додајте го и брашното (за чоколадни колачи додајте и една лажица какао). Поставете хартија за печење и врз неа со лажица ставајте од тестото. Погрижете се парчињата тесто да не бидат многу блиску едни до други. Печете ги 8 минути. На рабовите ќе бидат кафеави, а во средината бели. Половина од колачите намачкајте ги со сладолед и покријте ги со друго колаче за да формирате сендвич. 3. Овошна торта со манго и ф’стаци (за 4 лица)Потребни состојки:- 2 зрели манга
- 50 грама кафеав шеќер
- 1 лажица путер од ф’стаци
- Нане
За тестото:- 250 грама брашно
- 125 милилитри вода
- 100 грама путер
- Рендана кора од лимон
- 1 лажица шеќер
- Сол
Начин на подготовка:
За да го подготвите тестото, пресечете го путерот на мали парчиња и измешајте го со брашното, кората од лимон, шеќерот и солта. Додајте 125 милилитри вода и со миксер мешајте додека смесата не стане хомогена. Потоа ставете ја во фрижидер на 1 час. Излупете го мангото, исечете го на дебели парчиња, а сокот соберете го во шолја. Во мала тава загрејте го шеќерот со 1 лажица од путерот и сокот од мангото. Гответе додека не се карамелизира. Префрлете го во тава за печење и од горе ставете ги парчињата манго. Потоа додајте го тестото и печете 25 минути во претходно загреана рерна на 150 степени. Извадете го од рерната и попрскајте го со ф’стаци и нане.
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 28.Февруари.2016 во 08:05 |
Овој пат ве водиме во Шпанија, односно ќе ви покажеме како да подготвите еден интересен шпански рецепт благодарение на кој омлетот ќе добие сосема поинаква димензија. Шпанската кујна е позната по тоа што често комбинира месо со разни зеленчуци добивајќи на тој начин не само здрав оброк туку и храна која е примамлива за окото. Рецептот кој овој пат го споделуваме со вас е одлична идеја за појадок со која идејата за омлет засекогаш ќе ви се промени. Потребни состојки: - 3 лажици масло
- 1 поголем жолт кромид, исечкан
- 50-60g колбас, пресечен во форма на полумесечини
- 340g компир, исечкан на коцки
- сол и црн пипер
- 3/4 чаша магдонос, грубо исечкан
- 10 јајца
- 1 чаша рендан чедар
- мала марула
- 1/2 помал црвен кромид, тенко исечкан
Подготовка:
Загрејте ја рерната на 200°C. Загрејте 1 лажица масло во голема огноотпорна тава на средна топлина. Додадете го жолтиот кромид и пропржете го 5 минути. Додадете го исечканиот колбас, компирите и по 1/2 лажичка сол и црн пипер и оставете да се готви во покриен сад, мешајќи повремено, додека компирите не омекнат, односно околу 10 минути. Додадете го магдоносот. Истурете ги јајцата во тавата и измешајте да се состават состојките. Одозгора наросете чедар и пренесете го садот во рерна. Печете го омлетот додека чедарот не се стопи и добие кафеава боја околу рабовите, околу 15 минути. Ставете листови марула и црвен кромид на чинијата за сервирање и полејте ги со маслиново масло. Исечете го омлетот на парчиња и послужете го на чинијата.
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 29.Јануари.2016 во 08:22 |
МЕКСИКАНСКИ ТОРТИЉИ СО ПИЛЕШКО И ЗЕЛЕНЧУКЗа сите оние кои го сакаат богатството на вкусовите и зачините, мексиканската кујна е идеална. Мексиканската храна и нејзиниот единствен вкус и мирис ќе Ви го доближат дел од Мексиканската култура. Состојки: 1 пакување тортиљи, 100 грама пченка, 1 морков, 1 пиперка, 100 грама грашок, 500 грама пилешки гради, сирење (едемер, гауда …), сирење сечено во ливчиња, сол, црна пипер, чили, половина кромид, лук, 2 кисели павлаки, едно помало парче фета сирење. Подготовка: Го сечкаме кромидот и го пржиме во тавата. Откако ќе пожолти ги додаваме пилешките гради, додаваме сол и црна пипер. Кога пилешкото месо малку ќе се испржи но не до крај додаваме мешаниот зеленчук и постојано мешаме. Кога смесата е готова додаваме сирење сечено во ливчиња и чили по желба. Смесата е готова. Тортиљите малку испрскајте ги со вода од двете страни и ставаме да се загреат во тавата. Полнење: прво ставаме на тортиљата павлака па на неа смесата со зеленчук и пилешки гради. Наросуваме со изрендано сирење и ја виткаме тортиљата. Свитканата тортиља повторно ја мачкаме со павлака и наросуваме со изрендано сирење. Тортиљите ги ставаме во тепсија која пред тоа е намачкана со малку путер. Прво тавата ја ставаме во рерната да се загрее на 200 степени додека ги правиме тортиљите. Кога ќе завршиме со полнење на тортиљите, ги ставаме да се печат и ја намалуваме температурата на 180 степени. Ги вадиме од рерната кога сирењето ќе добие жолта боја. По Ваша желба можете да додадете чили. Добар апетит!
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 06.Декември.2015 во 10:05 |
Светот е спој од различни култури со различни традиции и јадења. Некои кујни се особено познати по нивните специјалитети, а некои ги кријат нивните убавини во локалните улични штандови. Некои обични, но сепак изобилуваат со градација на вкусови, а некои пак се толку необични што ни на крај памет не би ги пробале. Овие 8 национални јадења се токму такви – повеќе изгледаат како експерименти кои си играат со нашите усни папили отколку како вистинска храна: 1. Ширако – Јапонија Земајќи ја предвид популарноста на кавијарот, не само во Јапонија, туку и во светот, не би требало да ви биде чудно да го пробате нејзиниот машки еквивалент. Станува збор за рибина млеч – репродуктивни жлезди полни со сперма од мажјаци како бакаларот. Во Јапонија, ова интригантно јадење се нарекува „ширако“ – што означува „бели деца“. Приготвено добро, има кремаста текстура која наликува на пудинг. 2. Лутефиск, Норвешка
Ова традиционално норвешко јадење е направено од сува, солена бела риба и алкален раствор кој се користи во средствата за чистење рерни. Трикот во ова чудно јадење е рибата да се маринира во растворот точно определено време, така што маснотиите од рибата не се претворат во сапун. Храната е готова кога личи на желе и мириса ужасно. Во 2008, биле продадени повеќе 3.000 тони Лутефиск од рафтовите на норвешките продавници. 3. Трунг Вит Лон, Виетнам
Силен афродизијак составен од оплодено јајце од гуска со едвај развиен ембрион внатре. Возраста на јајцето зависи од регионот – Северњаците сакаат кога се позрели – т.е. кога малечкото е доволно големо за да има клунче и канџи. Трунг Вит Лон се вари заедно со лушпата и така се јаде. Бујонот, кој го опкружува ембрионот се истура надвор од јајцето пред да се излупи лушпата. А, внатре, коските на нероденото гувче се цврсти и меки. 4. Црн пудинг, Англија
Црниот пудинг, всушност не е пудинг, туку вид колбас направен од комбинација на крв и месо. Традиционалните Британци уживаат во нивните вампирски тенденции со неколку парчиња од овој специјалитет покрај додатоци од грав, домат, печурки и јајца. Целата комбинација се нарекува „fry up“ – и додека сигурно ќе ви го крене холестеролот, сепак задоволува голем дел од нутрициските потреби на организмот. 5. Тако де Сесос, Мексико
Мексиканците се гордеат со нивното тако од кравји мозок. Иако сивата маса е богата со холестерол, таа не е конвенционално нездрава. Според медицината, кравјото лудило има инкубационен период од 50 години, па затоа ваквото јадење не е баш најбезбедно. Јадете на сопствен ризик. 6. Санакџи, Кореја
Би пробале жив октопод? Санакџи е традиционално корејско јадење кое се состои од ситно исечен октопод додека пипалата сѐ уште мрдаат. Практично, додека го јадете, чувствувате како пипалата се движат во вашата уста, помеѓу забите и јазикот. Уште една варијација на Санакџи е да земете бебе-откопод и директно да го ставите во уста. Без сечење и без убивање. 7. Тонг ци дан, Кина
Можеби едно од најчудните јадења кои светот ги нуди е кинескиот деликатес Тонг ци дан или „јајца од момче-девица“. Секоја пролет во градот Донгианг јајцата се варат во урина на млади момчиња на училишна возраст. 8. Сангуиначо, Италија
Овој десерт сигурно нема да се појави на менито веднаш до тирамисуто и другите вообичаени десерти. Сангиуиначо е всушност пудинг направен од крвта на свежо заколено прасе. Колењето на животни за време на празниците претставува традиционален начин на славење на католичките зимски празници. Ваквиот вкусен десерт е едно од оние нешта што мора да ги пробате пред да дознаете што има во нив.
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 11.Ноември.2015 во 21:07 |
Шакшука
Рецепт со потекло од Тунис. Прекрасен ориентален појадок, а може и ручек од јајца на око во пикантен сос од домати ПодготовкаЗагрејте една лажица маслиново масло во тава. Додадете го кромиот, лукот, пиперките и лутото пиперче. Мешајте додека не се испржи. Додадете ги ренданите домати, пола од першунот и варете на среден оган додека смесата не се згусне. Додадете сол и бибер според вкус. Додадете ги јајцата. Ставете го капакот и гответе додека јајцата не се сварат, околу 10 минути. Украсете со гранчиња першун. Време на подготовка од: 35 Време на подготовка до: 40 Kомплицираност: 2
Составmaslinovo ulje 5-7 јајца 1 чешне ситно сецкан лук 1 главица ситно сецкан кромид 2 глеми црвени пиперки, ситно сечкани 1 кгр. рендани домати неколку гранчиња першун 1 мала лута пиперка сол бибер
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 13.Октомври.2015 во 08:58 |
Кинески палачинки со млад кромид
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: * 250g глатко брашно * 180ml млака вода * прстофат сол * 4-5 парчиња млад кромид * 1 парче млад лук * малку мслиново масло * малку сол НАЧИН НА ПОДГОТОВКА: Најпрво замесете тесто со брашното, водата и солта. Месете го тестото се додека не стане свиленкасто, а да не се лепи за рацете. Додавајте брашно по потреба додека мешате, ако тестото ви е лепливо. Кога ќе добиете убава свиленкаста топка тесто, ставете го на чинија и покријте го со чиста куинска крпа и оставете го да одмара најмалку 30 минути. Додека тестото одмара, измијте ги лукот и кромидот, убаво избришете ги ситно исечкајте ги така што ќе преовладуваат зелени делови. Кога тестото ќе се одмори поделете го на 5 топчиња со приближно иста големина. Прво расмесете што потенко едно од топките, малку со прстите развлечете го тестото за да добиете тенка палачинка и на неа распрскајте малку маслиново масло, размачкајте го на целата површина, потоа додадете го ситно сечканиот кромид и лук и на крај убаво посолете. Свиткајте го тестото во ролна или палачинка, а потоа од така свитканото тесто направете облик на полжав. На крај „полжавот“ убаво расмесете го тестото додека не добиете круг со дијаметар од 20-25 центриметри. Истото повторете го со сите топчиња тесто. Кога ќе ги подготвите сите палачинки, убаво загрејте ја тавата и премачкајте ја маслиново масло. На загреана тава испечете ги палачинките, прво печејќи ги 3-4 минута па потоа на другата страна уште 2 минути, без додавање масло. Палачинките мора да добијат убава златна боја и да бидат кршкави. Кога ќе ги испечете сите палачинки исечкајте ги на четвртини и осмини и послужете ги топли со некој слатко кисел сос. Можете да ги послужите и со ајвар, крем сирење или некоја фина зеленчукова паштета.
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 30.Август.2015 во 15:22 |
ИТАЛИЈАНСКИ КЕКС СО ВИНОПотребни состојки: 200 гр. брашно 150 гр. шеќер 50 гр. маслиново масло 100 гр. бело вино 70 гр. мелени лешници Кора од 1 лимон 3 гр. сода бикарбона Припрема: Измијте го лимунот и изрендајте ја кората. Во посебен сад измешајте ја кората од лимон, брашното, сода бикарбоната и мелените лешници, па додадете го шеќерот, маслиновото масло и виното. Замесете тесто кое ќе биде малку лепливо. Добро набрашнете ја работната површина. Земете малку од тестото, направете долгнавеста лента, па спојте ја за да добиете прстен. Правете прстени се додека не ја потрошите смесата. Секој прстен извалкајте го во шеќер во прав и ставете го во тава обложена со хартија за печење. Печете 20тина минути на температура од 180 степени. Добар апетит!
Изменето од Valerija - 26.Февруари.2018 во 08:17
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 30.Август.2015 во 15:17 |
БЕЛГИСКИ ВАФЛИ СО МАЛИНИ, БАНАНА И БОРОВИНКИПотребни состојки: 500 гр. брашно 3 лажици шеќер 2 лажици мед 100 гр. ореви 100 гр. малини 1 прашок за печиво Малку сол 2 јајца 50 мл. масло за јадење 200 гр. малини 200 гр. боровинки 3 банани Јаворов сируп Припрема: Во посебен сад ставете го брашното, прашокот за печиво и солта. Во друг сад изматете ги јајцата со млекото, маслото за јадење и медот, па додајте ја смесата со брашно и промешајте. Во садот додадете ги сецканите ореви, малините и промешајте, па оставете ја смесата да отстои околу 10 минути. Во меѓувреме измијте ги малините и боровинките и исецкајте ги бананите на кругчиња. Во тостер за правење вафли додајте една чаша од смесата за вафли и оставете да се испржи околу 4 минути, па извадете ја вафлата и повторно ставете од смесата. Постапката повторувајте ја се додека не ја потрошите смесата. Вафлите се готови кога ќе потемнат. Ставете неколку вафли на чинија за сервирање. Врз нив истурете го овошјето и полијте ги со јаворов сируп. Добар апетит!
Изменето од Valerija - 26.Февруари.2018 во 08:17
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|