IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Здравје > Исхрана и кулинарство
  Активни теми Активни теми RSS - Специјалитети од мелено месо
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Специјалитети од мелено месо

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1234>
Автор
Порака Обратен редослед
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Декември.2013 во 21:26

Ролати од мелено месо

Ролади од мелено месо

Состојки


  • 2-3чешниња лук
  • 150-200гр мелен двопек
  • 2главици кромид
  • 3 јајца
  • 1кг млено месо(мешано свинско-телешко)

Подготовка

Сезамесува меленото месо, ренданиот кромид, јајцата, вегета, бибер, ситно сецкано лукче и се додава зејтинот и двопек за да се замеси убава еднолична смеса. Одкако ќе се замеси се остава 2-3 часа во фрижидер да се впијат зачините.
Месото се дели на 6-7 топки од кои се расплескуваат помали корички. На секоја коричка на почетокот се става парчиња од кашкавалот, морков или краставички и се ролува. Секое роладче убаво се премачкува со белка од јајце, па се валка низ презла и се пржи на потивко.
Вака подготвени ролади може да се печат и во рерна ама пржени се поцврсти и поубаво мирисаат.

Дополнителни фотографии





Изменето од Valerija - 05.Мај.2018 во 18:39
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Декември.2013 во 21:25

Мелено медитерано

Мелено медитерано

Состојки

  • 400гр. мелено месо
  • 200гр. компир на коцки
  • 1-2 моркови на коцки
  • 1 главица кромид на коцки
  • 1 црвена пиперка на коцки
  • 1/8 лажиче коријандер во зрно
  • 1/8 лажиче сув босилек,сув зачин
  • 220мл. вода
  • 2 лажици базилико сос или доматна салца
  • за најгоре уште и..
  • 2 јајца цели
  • 300мл. јогурт
  • 1 лажица пченкарно брашно
  • 2 лажици пармезан трошки
  • уште..
  • 30мл. маслиново масло(можи и обично)
  • 20гр. путер
  • 3-4 лажици презла

Подготовка

Мирисната нота на босилек дава прекрасен медитерано-шмек на ова тавче.

На оган во сад се става маслото да загрее, се става кромидот, компирот и морковот да се пржат некои 10.мин, се додава пиперка и меленото после, убаво да се подзапржат, се налева 120мл.вода и базилико сос, зачините. Се нека се крчка на тивко 15 мин.

За тоа време огноотпорен сад подготвуваме така што го премачкуваме путер, рониме презла, се излева смесата од тавчето внатре, одозгора ја израмнуваме, се налева 100мл. вода и се става на 200 во рерна да се печи 15 мин.

За горниот слој се матам јајцата, се става јогуртот, па пармезан, пченкарното брашно се нека се изедначи. Се вади од рерна садот со мелено, се полева со оваа смеса и се враќа да се допечи уште 20мин. во рерна.Служете ја по избор.

Дополнителни фотографии


Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Декември.2013 во 21:24

Торта од мелено месо

Торта од мелено месо

Состојки

  • За подлога
  • 700 гр мешано мелено месо
  • 1 јајце
  • 1 парче леб
  • 1 мала главица кромид
  • 1 чешне лук
  • 3 лажици сецкан магдонос
  • 1/2 лажиче сол
  • 1/2 лажиче бибер
  • 1 лажиче црвен пипер
  • 1/2 лажиче мајоран
  • 1 лажиче мешан сув зачин
  • За одозгора - пире
  • 4 средни (650гр) компири
  • 1 лажица путер
  • по вкус сол, бибер и рендано морско оревче
  • И уште
  • 200 гр цветчина од брокула
  • 200 гр цветчина од карфиол
  • За прелив
  • 2 јајца
  • 50 гр ситно рендан кашкавал

Подготовка

Лебот ставете го во малку вода да омекне, кромидот ситно изрендајте го и лукчето ситно исецкајте го.
Во сад ставете го месото, додајте го јајцето, лебот истиснат од водата, кромидот, лукот и сите останати зачини. Смесата измесете ја да се изедначи.
Помала тава (мојата беше 26) намачкајте ја со малку путер и посипете ја со презла. Ставете го месото и рамномерно исплескајте го и со помош на лажица израмнете го.
Ставете го да се пече во загреана рерна на 200 степени 30 мин.
Во меѓувреме излупете ги компирите, исечете ги на плочки и сварете ги да омекнат. Исцедете ги од водата, додајте го путерот, зачините по вкус и испасирајте ги да се добие пире.
Брокулата и карфиолот сварете ги во зовриена вода 3-4 мин малку да омекнат и исцедете ги.
Пирето ставете го во готварски шприц.
Јајцата и кашкавалот изматете ги со вилушка.
Откако месото ќе се запече извадете го од рерната и околу по ивицата на месото нанесете го пирето. На средината наизменично наредете ги брокулата и карфиолот и прелијте ги со преливот.
Вратете ги во рерна да се запечат околу 15-20 мин, додека се зацврсти јајцето.
Јадењето послужете го топло со лепче и салата по желба.

Совет
Оргиналниот рецепт беше без претходно печење на месото. Откако ќе се стави месото во тавата се додава зеленчукот како што објаснив и заедно се печат околу 30 мин,  но мене ми беше страв месото да остане не печено и затоа прво го печев.

Дополнителни фотографии




Изменето од Valerija - 05.Мај.2018 во 18:34
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Септември.2013 во 17:04

Ќофте во доматен сос 


ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

  • малку   Сол
  • 30 грама Презла
  • малку   Мајоран
  • 200 грама Домат
  • 50 грама Брашно
  • малку   Босилок
  • 250 грама Јунешко
  • 1   Јајца/це
  • малку мала лажица Црн пипер


  • Време за подготовка: 15 мин.
  • Време за готвење: 30 мин.

КРАТОК ТЕКСТ:

Ќофте во доматен сос

ПОДГОТОВКА:

Доматот го сечеме на парчиња. Во соодветен подлабок сад ставаме масло да се загрее. Доматот го ставаме во садот да се пржи. Зачинуваме со вегета, црн пипер, босилок, мајоран и со сол.

Промешуваме да се изедначат зачините со доматот.

Оставаме да прокрчка.

Во садот со меленото месо додаваме лебни трошки, малку брашно, мајоран, босилок, едно јајце, малку сол, црн пипер и вегета. Промешуваме да се изедначат состојките.

Во тава на оган ставаме масло да се загрее. Во месото ставаме малку масло за јадење и ги правиме ќофтињата. Направените ќофтиња ги валкаме во брашно и ги ставаме во тавата да се пржат и од другата страна.

Одвреме-навреме го промешуваме доматниот сос.

Ги вртиме ќуфтињата убаво да се испржат. Кога доматниот сос кога ќе згусне, ги додаваме ќофтињата во сосот и оставаме да прокрчкаат 10 минути. Кога ќе прокрчкаат ќофтињата во сосот, ги тргаме од оган и ги сервираме во соодветна чинија.


Изменето од Valerija - 30.Април.2015 во 17:39
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Септември.2013 во 20:28

Ќофтиња од кашкавал и кулен


ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

  • 100 грама Презла
  • 100 милилитри Масло
  • 50 грама Кулен
  • 150 грама Компир
  • 150 грама Кашкавал
  • малку   Дафинка
  • 2   Јајца/це
  • малку   Сол


  • Време за подготовка: 15 мин.
  • Време за готвење: 30 мин.

КРАТОК ТЕКСТ:

Ќофтиња од кашкавал и кулен

ПОДГОТОВКА:

Кашкавалот го рендаме и го ставаме во соодветен сад. Куленот го сечеме на парчиња и го додаваме во садот со кашкавал. Зачинуваме со вегета и ја замесуваме смесата со рака.

Кршиме две јајца и ги додаваме лебните трошки. Промешуваме со лажица да се изедначат состојќите. Од смесата обликуваме ќофтиња во облик на плескавици. Ги ставаме да се пржат во тава со загреано масло. Од кога ќе се испржат ги сервираме.


Изменето од Valerija - 05.Мај.2018 во 18:33
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Септември.2013 во 20:25

Српска плескавица


ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

  • малку мала лажица Црн пипер
  • малку   Сол
  • 700 грама Свинско мелено
  • 2   Пикантно пиперче/ња
  • 100 милилитри Масло
  • 100 грама Кромид
  • 50 милилитри Кајмак
  • 1 лажица/ци Дафинка
  • 1   Главица лук
  • 300 грама Јунешко мелено


  • Време за подготовка: 10 мин.
  • Време за готвење: 20 мин.

КРАТОК ТЕКСТ:

Свинското сочинува околу 38% од вкупната светска потрошувачка на месо, иако коснумирањето варира од држава до држава.

ПОДГОТОВКА:

Кромидот и феферонките измешајте ги со месото, додадете лук, црн пипер, зачинска сол, и сол па сè измесете во хомогена смеса.

Од подготвената смеса обликувајте плескавици дебели 1 см.

Печете ги на скара или пржете во тефлонско тавче на малку масло.

На испечените плескавици, додека се уште топли, ставете по една лажица кајмак и веднаш послужете.

Месото е убаво измесено кога ќе се одвојува од рацете.


Изменето од Valerija - 05.Мај.2018 во 18:33
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Септември.2013 во 20:24

Полнета плескавица


ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

  • малку мала лажица Црн пипер
  • малку   Сол
  • 500 грама Свинско мелено
  • 100 грама Презла
  • 150 милилитри Масло
  • 2 чешниња Лук
  • 1 главица/и Кромид/а
  • 100 грама Кашкавал
  • 500 грама Јунешко мелено
  • 1   Јајца/це
  • 100 грама Шунка


  • Време за подготовка: 20 мин.
  • Време за готвење: 30 мин.

КРАТОК ТЕКСТ:

Полнета плескавица

ПОДГОТОВКА:

Од наведените состојки замесете го меленото месо. Откако убаво ќе го измесите оставете го во фрижидер. Потоа поделете го на осум делови. Секој дел со дланки, намачкани со масло и истенчете го.

На едно парче месо, ставете по две тенки кришки шунка и кашкавал.

Покријте со друг дел од месото и обликувајте плескавици, да се поврзат краевите. Загрејте малку масло во тефлонско тавче па плескавиците пржете ги додека не добијат убава црвена боја.


Изменето од Valerija - 05.Мај.2018 во 18:32
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Септември.2013 во 20:23

Гурмански ќебап


ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

  • малку   Сол
  • 1 главица/и Кромид/а
  • 200 грама Кашкавал
  • малку   Дафинка
  • 10 грама Буковец
  • 250 грама Јунешко мелено
  • 1   Јајца/це
  • малку мала лажица Црн пипер


  • Време за подготовка: 20 мин.
  • Време за готвење: 20 мин.

КРАТОК ТЕКСТ:

Малку необичен, но доста вкусен рецепт. Кромидот и сланината му даваат одлича арома на овој гурмански ќебап.

ПОДГОТОВКА:

Во подлабок сад го ставаме меленото месо.

Ги кршиме јајцата.

Додаваме зачинска сол, црн пипер, сол и мешаме со лажица.

Смесата ја замесуваме со рака за да се изедначат состојките.

На даска за сечење ставаме малку масло и ставаме од смесата.

Обликуваме кора.

Кромидот го сецкаме и го редиме врз месото на средината, па додаваме малку сланина.

Потоа сецкаме коцки кашкавал, па ги додаваме врз кромидот и сланината.

Месото го виткаме во ролат и убаво со раце го убликуваме.

Во тава со загреано масло го ставаме вака подготвениот гурмански кебап да се пржи, превртувајќи го од сите страни убаво да се испржи.


Изменето од Valerija - 05.Мај.2018 во 18:32
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Септември.2013 во 20:16

Плескавици од ајвар


ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

  • малку мала лажица Црн пипер
  • малку   Сол
  • малку   Пиперка/ки
  • 2 чешниња Лук
  • 1 главица/и Кромид/а
  • 50 грама Ајвар
  • 500 грама Јунешко мелено


  • Време за подготовка: 30 мин.
  • Време за готвење: 60 мин.

КРАТОК ТЕКСТ:

Ајварот е еден од највкусните специјалитети и најголемите тајни на балканската кујна, кој води потекло од Македонија.

Најдобриот ајвар се произведува во домаќинствата, затоа што само преку внимателна рачна работа може да се постигне целосно отстранување на лушпата и семето од пиперката што го гарантира чистиот вкус на ајварот.

Тој е редовен и постојан дел од зимницата затоа што најлесно се конзервира и најдолго може да опстои во зимскиот период од годината.

ПОДГОТОВКА:

Меленото месо помешајте го со зачини по желба.

Додадете го ситно исецканиот кромид, лукот, ситно сецканата пиперка, ајварот, солта и црниот пипер.

Добро промешајте, па оставете да отстои барем половина час.

Направете плескавици и оставете ги половина час во ладилник.

На тава за скара ставете ги плескавиците и испечете ги.

Послужете.


Изменето од Valerija - 05.Мај.2018 во 18:32
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Септември.2013 во 20:15

Солена бајадера од мелено месо


ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

  • малку   Црн бибер
  • малку   Сол
  • 30 грама Презла
  • 1 кесичка/ки Прашак за печиво
  • 300 милилитри Млеко
  • 2   Кришка/ки леб
  • 400 грама Кисела павлака
  • 30 грама Брашно
  • 500 грама Јунешко мелено
  • 4   Јајца/це


  • Време за подготовка: 30 мин.
  • Време за готвење: 60 мин.

КРАТОК ТЕКСТ:

Јунешкото месо е многу вкусно, и е доста употребувано поради својата хранлива вредност, бидејќи содржи многу белковини и масти.

Исто така, многу добро месо имаат и телињата кои се хранат само со кравјо млеко, и со свежа храна, така што овие телиња се препознаваат според темниот црн дроб, а и нивното месо е меко и сочно.

ПОДГОТОВКА:

Замесете го меленото месо со едно јајце. Додадете го брашното, презлата, сол, бибер и останати зачински билки по желба. Добро измешајте и истурете на дното на еден огноотпорен сад. Одозгора премачкајте со малку масло.

Жолт фил: Изматете цврст снег од белките и додадете ги жолчките. Средината од лебот извадете ја и потопете во малку млеко. Кога лебот ќе го впие млекото, додадете го во белките и добро измиксајте. Додадете го прашокот за печиво и останатите зачини, па прелијте преку месото. Печете во рерна загреана на 200 степени околу 30 минути. Кога горе убаво ќе се испече, премачкајте со павлака, која малку со лажица сте ја разматиле. Потоа повторно ставете во рерна и запечете уште 10 минути. Сечете правоаголници и послужете. 

Изменето од Valerija - 05.Мај.2018 во 18:33
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Септември.2013 во 20:14

Запечен спанаќ со мелено месо


ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

  • 100 грама Моркови
  • 1 главица/и Кромид/а
  • 100 грама Кисела павлака
  • малку   Дафинка
  • 300 грама Јунешко мелено
  • 2   Јајца/це
  • 300 грама Спанаќ


  • Време за подготовка: 20 мин.
  • Време за готвење: 40 мин.

КРАТОК ТЕКСТ:

Спанаќот кај нас се употребува по 13 век. Зелената боја на спанаќот потекнува од високото присуство на хлорофил - трансформирана сончева во хемиска енергија во процесот на т.н. фотоситенза. Освен со хлорофил, спанаќот го снабдува организмот и со многу корисни минерали во органска форма, меѓу кои најприсутен е калиумот. Содржи и калциум, магнезиум, фосфор, сулфур и железо и некои неопходни олигоелементи - манган, бакар, кобалт, јод, флуор и др.

Поради високото присуство на калиумот и магнезиумот, спанаќот има добро диуретично својство (го зголемува количеството урина) и затоа е препорачлив кај луѓе што имаат проблеми со срцето, заболени бубрези и зголемен крвен притисок.

ПОДГОТОВКА:

Исецкајте го кромидот и морковот, па продинстајте ги на масло.

Додадете го месото и динстајте додека месото не биде готово.

Зачинете со зачинска сол, тргнете од шпоретот, па додадете го варениот и ситно исецкан спанаќ, јајца, кисела павлака и добро промешајте.

Садот за печење премачкајте го со маргарин, па сипете од подготвената смеса, прелијте со павлака и печете во рерна загреана на 200 степени, околу 20 минути.


Изменето од Valerija - 05.Мај.2018 во 18:32
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Септември.2013 во 20:13

Кинески ќофтиња


ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

  • малку   Сол
  • малку   Магдонос
  • 2 чешниња Лук
  • 1 главица/и Кромид/а
  • 200 милилитри Вода
  • 50 грама Брашно
  • 400 грама Јунешко мелено
  • 3   Јајца/це
  • малку мала лажица Црн пипер


  • Време за подготовка: 15 мин.
  • Време за готвење: 30 мин.

КРАТОК ТЕКСТ:

Кинеските ќофтиња најчесто се базирани на свинско месо. Постојат и ќофтиња наречени "лавовски глави", а името го добило според својата големина.

Кинеските ќофтиња можат да варираат во големината, а најчесто се со големина од 5 см.

Помалите варијанти, на кинеските топчиња, наречени "свински топчиња", се користат во супи.

ПОДГОТОВКА:

Јајцата убаво изматете ги, па додадете ги сите други состојки.

Убаво измесете.

Ако сакате можете да додадете и малку оригано.

Оставете ја смесата малку да отстои.

Загрејте масло па со лажица црпете од смесата и пржете додека ќофтињата не добијат златно жолта боја.
 


Изменето од Valerija - 05.Мај.2018 во 18:32
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Септември.2013 во 20:11

Кох од мелено месо

.

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

  • малку   Црн бибер
  • малку   Сол
  • 200 грама Ориз
  • малку   Оригано
  • 1000 милилитри Млеко
  • малку   Мешан зачин
  • 50 милилитри Масло
  • 500 грама Јунешко мелено
  • 3 главица/и Кромид/а
  • 4   Јајца/це


  • Време за подготовка: 15 мин.
  • Време за готвење: 30 мин.

КРАТОК ТЕКСТ:

Јунешкото месо е многу вкусно, и е доста употребувано поради својата хранлива вредност - содржи многу белковини и масти.

Исто така, многу добро месо имаат и телињата кои се хранат само со кравјо млеко, и со свежа храна, така што овие телиња се препознаваат според темниот црн дроб, а и нивното месо е меко и сочно.

ПОДГОТОВКА:

На малку масло издинстајте ситно сецкан кромид, па додадете го мелено месо и 1 јајце.

Продинстајте, додадете шоља измиен и исчистен ориз, сол, бибер, оригано и сув зачин.

Така спремното месо сипете го во огноотпорен сад и израмнете.

Посебно изматете 3 јајца, па во тоа додадете 1 л. млеко. Со тоа прелијте ја масата.

Печете во загреана рерна на 200 степени околу 45 минути.

Изменето од Valerija - 05.Мај.2018 во 18:31
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Септември.2013 во 20:10

Печенка од мелено месо


ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

  • малку мала лажица Црн пипер
  • малку   Сол
  • 150 грама Сирење
  • 4 чешниња Лук
  • 1   Кришка/ки леб
  • 1   Коцка за супа
  • 50 грама Кисела павлака
  • 500 милилитри Вода
  • 1000 грама Јунешко мелено
  • 7   Јајца/це


  • Време за подготовка: 30 мин.
  • Време за готвење: 60 мин.

КРАТОК ТЕКСТ:

Печенка од мелено месо

ПОДГОТОВКА:

Лебот накиснете го во млеко. Оставете го да отстои па исцедете го. Од месото, лебот, пасираниот лук, јајцето, сирењето, сол и црн пипер замесете смеса која ќе ја оставете половина час во фрижидер.

Отстоеното месо расукајте го на алуминиумска фолија во правоаголник. Не средина ставете ги лупените тврдо варени јајца па формирајте печенка - ролат.

Долга тава намачкајте со масло па ставете ја печенката но и коцката за супа растворена во малку вода. Печете околу 30 минути на 180 степени. Месото ќе се зацрвени и малку отвори а потоа продолжете го печењето поливајќи ја печенката со вода, уште околу еден час.

Испечената печенка извадете ја до рерната покријте ја со алуминиумска фолија и оставете ја да мирува скоро 15 минути.


Изменето од Valerija - 05.Мај.2018 во 18:33
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1234>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,281 секунди.