Автор |
Тема Пребарувај Опции за темата
|
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 11.Ноември.2015 во 21:09 |
Пилешки копани во сос од павлака
 ПодготовкаВо сад измешајте ја киселата павлака, сенф, малку масло, сол, бибер и рендан лук и добро измешајте. Копаните и подкопаните ставете ги во смесата и потоа ставете ги во намрсена тава. По желба додадете и компири исечени на парчиња. Тавата покријте ја со фолија и печете околу 50 минути на 200 степени. Потоа извадете ја фолијата и вратете ја тавата во рерна уште 10 минути. Пријатно! Време на подготовка од: 80 Време на подготовка до: 100 Kомплицираност: 3
Состав4 пилешки копани со подкопани 450 гр. кисела павлака 4-5 лици сенф малку лук масло сол 3-4 компири по желба
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
 |
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 07.Ноември.2015 во 12:02 |
Речиси и да нема човек кој не ужива во вкусно зготвено пилешко, посебно ако е приготвено во сос кој ги надополнува вкусот и аромата на пилешкото. 
Овој рецепт претставува одлична идеја за брз и едноставен ручек кој на сите ќе им се допадне. Потребни состојки: - 1kg пилешко месо по желба
- 100g лук
- 700g компири
- 3 јајца
- 200ml млеко
- 250g брашно
- 200g павлака
- 10ml масло
- Вегета, бибер и црвен пипер по желба
Подготовка:
Пилешкото зачинете го со вегета и црвен пипер по желба и кратко испржете го на масло од двете страни. Компирот изрендајте го и на него додадете ги јајцата, млекото, павлаката, брашното, ситно исечканиот лук, маслото и добро измешајте ги сите состојки. Зачинете ги со вегета, бибер и додадете уште малку од црвениот пипер. Во голем сад ставете ја смесата и на неа наредете ги парчињата пилешко. Состојките ставете ги да се печат во загреана рерна на 180 степени, 35 – 40 минути. 
Послужете додека е топло. 
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
 |
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 23.Август.2015 во 10:01 |
Идеален викенд избор: Пилешко во бел сос
 Споделете го овој рецепт и подгответе вистински неделен ручек! Вкусното пилешко во бел сос ќе ве воодушеви вас и вашите блиски.  Потребни состојки: - 1 гранче магдонос
- 1 гранче млад кромид (или главица стар кромид)
- 250 гр. јогурт
- 1 лажица млеко
- 1 лажица оцет
- шеќер
- 2 јајца
- 300 гр. пилешки гради
- 4 лажици брашно
- 150 гр. презли
- 4 лажици путер

Подготовка:
1. За сосот прво искинете ги ливчињата магдонос и исечкајте го кромидот. Потоа измешајте ги со 50 гр. јогурт и млеко, а на крај додадете го преостанатиот јогурт, зачинете со сол, бибер, оцет и шеќер.
2. Разматете ги јајцата. Исечете го пилешкото на танки парчиња, измешајте го во брашно, јајца и презла. Испржете ги на путер.
3.Сервирајте го местото и прелијте го со сос.
Пријатен апетит!
Изменето од Valerija - 23.Август.2015 во 10:02
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
 |
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 13.Јули.2015 во 13:36 |
Топ за со пиво: Маринирани пилешки крилца со ѓумбир
Нема потреба да нарачувате кинески специјалитети кога можете лесно да ги направите дома на многу вкусен начин.
Потребни состојки: - 16 пилешки крилца
- 2 лажици мед
- 1 згмечена лута пиперка со сок од лимон
- 1 лажица ситно изрендан исчистен ѓумбир
- 6 лажици соја сос
- Масло
- 2 кесички смрзнат зеленчук

Подготовка:
1. Медот спојте го со лутата пиперка, додадете сол, сок од лимон, изрендан ѓумбир, лажичка соја сос и малку масло и добро измешајте. Во маринадата ставете ги пилешките крилца, поклопете и оставете ги да отстојат три часа во фрижидер. 3. На преостанатото масло во тавата испржете го зеленчукот, па додадете го преостанатиот соја-сос. Зеленчукот распоредете го на чинија, додадете ги маринираните печени пилешки крилца и по желба послужете ги со тестенини. Секако отворете си едно пиво.
Пријатен апетит!
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
 |
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 11.Јули.2015 во 18:31 |
Пилешки прсти во сос од лимон
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: * 2 пилешки стекови (поголеми) * 1 јајце * 2 кафени лажички соја сос * 2 кафени лажички коњак * 1 супена лажица маслиново масло * 2 лимони (изрендана кора+сок) * 100 г густин * 150 мл супа од кокошка (коцка) * 30 г шеќер * сол (по вкус) * масло за пржење НАЧИН НА ПОДГОТОВКА: 1.Во подлабок сад, измешајте го јајцето, соја сосот, коњакот, маслиновото масло и изренданата кора од 1 лимон за да добиете маринада за месото. 2.Исечкајте ги стековите на подолги парчиња, додадете ги во садот со маринадата, добро измешајте и оставете ги во фрижидер да отстојат најмалку 1 час. 3.Ставете го густинот во плитка чинија и добро посолете го. Секое парче месо убаво измачкајте го во смесата за да го подготвите за пржење. 4.Пржете ги прстите во добро загреано масло на умерена температура, а потоа оставете ги врз кујнска хартија за да се упие вишокот од маснотии. 5.За да го направите сосот, изрендајте ја кората од вториот лимон и измешајте ја со сокот од двата лимони, супата од кокошка и шеќерот. 6.Ставете го сосот во тенџерче на умерен оган и мешајте додека не почне да врие, а потоа додадете уште 1/2 лажичка густин растворен во 1 лажичка вода и мешајте постојано. 7.Пред да ги послужите прстите, во тавче без масло, на умерен оган ставете ги прстите и истурете одозгора од сосот (правете го ова во неколку тури). 8.Испрскајте ги приготвените прсти со малку сусам испечен во микро печка или запржен во тавче без масло и со ситно исечкано младо кромидче. Ммммм!
Изменето од Valerija - 11.Јули.2015 во 18:31
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
 |
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 04.Мај.2015 во 08:32 |
Ви досадија комплицираните ручеци кои ви земаат по најмалку 2 часа во кујната? Ова потпечено пилешко веројатно ќе биде супер замена за која сите ќе мислат дека сте потрошиле часови подготвувајќи го. 
Вкусниот ручек никогаш не бил поедноставен! Потребни состојки: - 500g пилешки стек
- 1l павлака за готвење
- 2 кесички инстант супа од печурки
Подготовка: Во сад за печење ставете го исечканиот стек, а потоа истурете ги супите од печурки. Добро измешајте со раце и распоредете рамномерно. Потоа прелијте ја павлаката за готвење. Ставете ја тавата во рерна на 200 степени околу половина час, додека горниот слој не порумени. 
Можете да комбинирате со печени компири или салата. На здравје!
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
 |
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 20.Март.2015 во 21:47 |
Бело месо со печурки

Време на подготовка: 45 минути / ќе послужите: 4 - 800 грама бело пилешко месо
- 400 грама шампињони
- 1 лажичка мелени пиперки
- 2 дл павлака
- 150 грама брашно
- 150 грама кашкавал
- 0,5 дл масло
- Мешавина од зачини, сол и бибер по желба
За бешамел сос - 80 грама маргарин
- 3 лажички брашно
- 5 дл млеко
- Оригано
- Мешавина од зачини и бибер
Чекор 1 Пилешкото место исечете го на мали шницли и истенчете ги со толчник за месо. Зачинете ги по вкус и втријте ги од двете страни со брашно. Пропржете ги во врело масло, додека да поруменат. Чекор 2 Шампињоните исечете ги на листови и пропжете ги во малку масло. Извадете ги од маслото и оставете да се оладат и по тоа измешајте ги со павлаката. Чекор 3 Во огнотпорен сад ставете масло на дното и наредете го прженото пилешко во него, прелијте со печурките и павлаката. Печете во загреана рерна на 200 ºC 15 минути. Чекор 4 Месото извадете го од рерната и прелијте го со башамел сос и посипете со кашкавал и запечете го додека не поцрвени. Бешамел сос - Во мало длабоко тенџере истопете го маргаринот и по тоа додадете брашно и кратко пропржете.
- Истурете млеко, додаете го ориганото и зачинете по вкус и по тоа гответе го сосо на умерена температура со мешање се додека не се добие потребната густина.
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
 |
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 03.Март.2015 во 21:30 |
Роловано пилешко со спанаќ
Состојки:500 г. пилешки гради 200 г. спанаќ 100 г. сирење 50 г. кашкавал 2 јајца 100 г. брашно малку презла и сусам по вкус, сол и бибер Подготовка: 1. Пилешкото месо исечете го на шницли и посолете го.
2. Спанаќот кратко бланширајте го во солена вода, потоа исцедете го и ситно исецкајте. Измешајте го со сирење. Зачинете го со сол и бибер. 3. Секоја шницла премачкајте ја со фил, а врз него наредете рендан кашкавал, а потоа замотајте како ролна. 4. Ролованите шницли истапкајте ги во брашно, потоа во изматените јајца и во мешавината со презла и сусам. 5. Пржете на врело масло.
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
 |
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 07.Декември.2014 во 09:59 |
Пилешки ражничи со сенф и медСостојки: 4 парчиња пилешки гради 120 мл. мед 1 лажица масло за готвење 60 гр. сенф 1 лажичка кари сол и бибер Подготовка: Ако користите дрвени стапчиња, потопете ги во вода. Во сад додадете го маслото, карито, медот и сенфот и убаво помешајте. Тргнете малку од смесата за премачкување. Месото исечете го на крупни коцки и додадете го во садот. Убаво промешајте и ставете го садот во фрижидер 2 до 4 часа, за да се маринира месото. Половина час пред пржење извадете го месото од маринадата и набодете го на стапчињата. Зачинете ги ражничите со сол и бибер. Печете ги на скара (или пржете ги во тава на средна температура) околу 15 минути, со вртење на секој 2-3 минути. Во последните неколку минути од печењето, премачкувајте ги ражничите со делот од маринадата кој го зачувавте.
Изменето од Valerija - 07.Декември.2014 во 09:59
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
 |
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 31.Октомври.2014 во 22:08 |
Печено пилешко со лимон и фетаПриготвување:Загрејте ја рерната на 220 степени. На дното на голема тава за печење наредете ги парчињата компир во еден слој. Попрскајте ги со маслиновото масло. Зачинете ги со сол и црн пипер. Измешајте ги лимоновата кора, сокот од лимон, сирењето и ориганото. Со прсти нежно поткревајте ја кожата од парчињата пилешко месо и под неа ставајте по 2 лажички од смесата со кора од лимон. Протријте ги парчињата пилешко за смесата да се распореди рамномерно. Наредете ги врз компирите и печете ги 30 минути. Извадете ја тавата од рерна и додајте ги доматите и маслинките врз пилешкото. Зачинете со црн пипер. Печете уште 10 минути, или додека пилешкото да биде готово. Одозгора украсете со листови свежо оригано и послужете. | Состојки:4 компири, сечени на тенки кругови 2 лажички маслиново масло 2 лажички ситно рендана кора од лимон 2 лажици сок од лимон 100 г фета-сирење 1 лажица оригано 4 пилешки карабатаци 4 пилешки копани 250 г чери-домати 100 г црни маслинки |
Изменето од Valerija - 31.Октомври.2014 во 22:08
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
 |
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 31.Октомври.2014 во 09:54 |
Пилешкото подготвено во рерна е можеби највкусниот домашен ручек кој сигурно го практикувате еднаш во месецот. 
Но, што ако можете да го направите уште посочно од вообичаено? Потребни ви се само овие 3 чекори: 1. Посолете го пилешкото од внатре 
2. Премачкајте го со сос од лук
Во блендер направете смеса од лук, путер, мајчина душичка и маслиново масло. Со оваа смеса премачкајте ја целата површина на месото. 
3. Додатоци
Во пилето ставете насечкан лимон, рузмарин и лук, па заврзете со коноп за мирисот да не испари. 
И пилешкото по 2 часа печење на 175 степени би требало да изгледа вака:

|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
 |
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 11.Октомври.2014 во 16:47 |
Состојки: -4 парчиња пилешко месо -3 парчиња леб -2 јајца -2 големи моркови -100 грама грашак -сол, бибер по вкус Подготовка: 1. Парчињата пилешко месо изтенчете ги со помош на толчник за месо, а потоа посолете ги и ставете бибер по желба. 2. Изматете ги јајцата, додајте ја средина од лебот и соединете. 3. Морковот исечете го на кругови и сварете го заедно со грашакот во солена вода. 4. На парчињата месо првo нанесете од смесата со јајце и леб, а потоа ставете од сварениот морков и грашак. 5. Парчињата месо замотајте ги и прицврстете ги со чепкалка. 6. Така приготвените ролнички изпржете ги во заграно масло. 7. Откако ќе се изладат, извадете ги чепкалките и послужете ги.
Изменето од Valerija - 11.Октомври.2014 во 16:47
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
 |
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 19.Август.2014 во 10:43 |
Совршен летен ручек: Пилешко во сос од павлака
Вкусното пилешко месо е совршен ручек во овој летен и топол период. 
Најчесто во лето ни се случува да не мрзи да зготвиме јадење, па на трпезариската маса завршуваме со некое лесно јадење од типот на пинџур, пржени пиперки и многу салата. Сепак, ние овојпат решивме да ви понудиме нешто брзо, лесно и вкусно. Ова пилешко месо во вкусен сос можете да го послужите со тестенини и свежа салата, како и да ја употребите вашата фантазија па да направите некоја интересна комбинација за ручек.
Потребни состојки: - 300 гр. пилешко бело месо
- 120 гр. кашкавал
- 2 кисели павлаки
- 2 лажици презла
- Сол
- Малку масло

Подготовка:
Пилешкото исецкајте го на коцки и испржете го на маслото.
Додадете ја павлаката, кашкавалот исецкан на коцки, презлата и посолете по вкус.
Останатото го оставаме на вашата фантазија, а доколку не сте многу гладни тогаш можете ова јадење да го искомбинирате со салата, помфрит и една чашка ладно бело вино.
Пријатен апетит!
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
 |
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 17.Август.2014 во 19:01 |
Пилешко тако во листови од марула
- 300 грама пилешко месо без коски, исецкано на ситни пачиња
- 2 лажички медитерански зачин
- ¼ шолја Балсамико
- 4 големи листови од марула
- 50 грама ситно сецкан кромид
- ¼ шолја вински оцет
- ¼ шолја Цацики
- 4 мали патлиџани, ситно сецкани
- 50 грама фета сирење, ситно сецкано
- 12 каламата маслинки, без семка, исецкани
- 1 лажица ситно сецкан магдонос
- ½ лажичка сушен босилек
- ½ лажичка сушен оригано
Чекор 1 Загрејте на појака температура плотна за скара. Зачинете го пилешкото месо со 1 лашичка медитерасни зачин и поставете на скарата. Прелијте ги со балсамико и печете од секоја страна по 2 минути. Зачинете со уште 1 лажичка медитерански зачин и тргнете ги од плотната. Чекор 2 Кромидот измешајте го со оцет, распоредете го на сите ливчиња од марула подеднакво и прелејте со цицки. Чекор 3 Над тоа поставете парчиња од пилешкото, патлиџанот, маслинките и фета сирењето. Зачинете ги со магдонос, босилекот и оригано. Послужете.
Изменето од Valerija - 17.Август.2014 во 19:01
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
 |