|
Како правилно се љуби БОГ? |
Внеси реплика | страница <12345> |
Автор | ||
Messenger
Администратор Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet Регистриран: 21.Април.2006 Статус: Офлајн Поени: 18208 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Ти си на правиот пат.
И не се потресувај ако не дојдеш до оноа што некој го посочува како "права" или "вистинска" љубов. Важно е да почнеш од почетокот, а тоа е од себе, како круна на Боженствената Креација. Само внимавај да паднеш во замките на Егото. |
||
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
||
ekszi88
Сениор In Love Регистриран: 10.Јануари.2008 Статус: Офлајн Поени: 7008 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Jas sepak sum malku skepticna vo odnos na seto ona koga stanuva zbor za pravilno ljubenje. Seuste nemam oseteno ljubov ili pak ne umeam da ja prepoznaam ljubovta vo sebe.
Ako nisto drugo barem sum iskrena. |
||
Never apologize for being sensitive or emotional. Let this be a sign that you've got a big heart aren't afraid to let others see it. Showing your emotions is a sign of strength!!
|
||
Pica pica
Сениор Регистриран: 04.Октомври.2010 Статус: Офлајн Поени: 1488 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
goran-twin, На човек не му е потребна никаква книга,тие само сведочат за една поинаква состојба. Убавината во тоа е следново. Откако преку книги и сведоштва на луѓе кои доживеле соединување со исконското настанаа поделби кај луѓето.Помислата за Неговото постоење направи раздор. Зато самиот бог ке се закопа,за да го спаси човештвото.Помислата за неговото постоење ќе го закопа. Тое е и убавината,но за жал оние кој се тврдокорни ќе се држат за него,со што ќе бидат повлечени во дупката. Бедните по дух ќе продолжат понатаму. Затоа се вели да се отфрли све од овој свет за да се родиш повторно,ново небо да дојде. Сосема е јасно дека токму патот што е опишан за Исус е патот до Тоа, и вистинит е.Но тие книги имаа една задача. На еден да му успее да го постигне истото и тогаш крајот ќе дојде. Тоа е како часовник за човештвото. goran-twin,Бог ќе се закопа да го спаси човештвото,а ти кого спасуваш? Барем една душа,за да ги изодиш патот доле. Книгата не треба да се држи како штит пред себе,доволно е човек да има чиста и искрена љубов кон својот ближен. Затоа отфрли све од овој свет,вкључувајќи и книги,религии,групи и оди радувај му се на оној кој го љубиш,ужибај во плодовите на љубовта. |
||
Messenger
Администратор Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet Регистриран: 21.Април.2006 Статус: Офлајн Поени: 18208 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Штом не знаеш за што говорам, тогаш јасно ми е дека не ти е јасно што говорам. А тоа значи дека моите зборови и Исусовите цитати не се за твоите уши.
Ти пожелувам среќно патување и лесно минување низ тесната порта. |
||
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
||
goran-twin
Сениор Регистриран: 02.Јануари.2012 Статус: Офлајн Поени: 385 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
За која институционализираност зборуваш!? Мислиш на онаа старозаветната по институционализирана!? За онаа во време на Христа,каде религијата беше државата!? За онаа во време на Христа,каде свештениците беа воедно и граѓански судии!? Онаа институционализирана религија каде свештеничките одлуки беа државни одлуки во тогашната теократската држава Израел!?... Каде религиозните обреди се извршуваа на државно ниво!? Мислиш на онаа институционализирана религија каде токму Христа учествуваше секоја сабота на богослужби;како пример дека не треба да се бега од институционализираната религија туку да се учествува!? ----------------------------------------------------------------------- Или зборуваш за сегашната институционализирана религија каде свештениците не судат,туку простуваат!? Каде религијата егзистира во една секуларна држава!? Изменето од goran-twin - 07.Јули.2012 во 21:21 |
||
Messenger
Администратор Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet Регистриран: 21.Април.2006 Статус: Офлајн Поени: 18208 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Ти не го следиш Исуса, ти ја следиш институцијализираната религија.
ОК, не сме биле на ист пат. Ти пожелувам среќно патување и лесно минување низ тесната порта. |
||
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
||
goran-twin
Сениор Регистриран: 02.Јануари.2012 Статус: Офлајн Поени: 385 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Ако би го конвертирал целото човештво,тогаш би се негирала библијата. Бидејќи токму во библијата и во пророштвата пишува дека ќе има отпадници и исмејувачи. Токму поради тоа и се потврдува веродостојноста на библијата.
Ако би имало докази за неверниците тогаш веќе ќе биде знаење,а не вера. Но на неверниците останува вера,надеж и љубов. А пак верниците,оние кои ги почитуваат заповедите,многумина и се уверија со докази. Токму и со тоа се потврдува веродостојноста на библијата. Изменето од goran-twin - 06.Јули.2012 во 20:28 |
||
Messenger
Администратор Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet Регистриран: 21.Април.2006 Статус: Офлајн Поени: 18208 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Ако навистина ги разбираш кажаниве зборови ќе разбереш дека таква љубов постои единствено ако станеме Еднобитие со сите, вклучувајќи го и Бога.
А тоа ултимативно значи да станеме свесни дека сме Едно со Бога: ... 21 за да бидат сите Eдно; како што си Ти, Татко, во Мене, и Јас во Тебе, така и тие да бидат Eдно во Нас. ЕВАНГЕЛИЕ СПОРЕД ЈОВАН, Глава 17 34 Исус им одговори: „Не е ли напишано во вашиот Закон: ‘Јас реков: богови сте?’ ЕВАНГЕЛИЕ СПОРЕД ЈОВАН, Глава 10 I toa e odgovorot na prashanjeto "Како правилно се љуби БОГ?" |
||
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
||
goran-twin
Сениор Регистриран: 02.Јануари.2012 Статус: Офлајн Поени: 385 |
Опции за коментарот
Благодарам(1)
|
|
Зошто се правиме дека не знаеме кој е патот и дека библијата се зборува а патот не го кажува,кога патот е запишан во библијата:
1.Возњуби го Господа со сето свое срце.... 2.Љуби го својот ближен како самиот себе. Зборувате дека не бил објаснат патот ,а патот убаво со јасни десет заповеди е кажан.
Кога го љубиш Бога,љуби го и својот ближен,така правилно го љубиш Бога. Доколку пак го љубиш само Бога,а својот ближен го мразиш,тогаш правилно не го љубиш Бога. ...3 И по тоа знаеме дека Го познаваме, ако ги вршиме Неговите заповеди... ... 5 А кој го врши Неговото слово, во него Божјата љубов навистина стигнала до совршенство. Според ова знаеме дека сме во Него: 6 оној кој вели дека останува во Него, треба да живее, како што живееше Тој. 7 Мили мои, не ви пишувам нова заповед, туку стара заповед што ја примивте од почетокот. Старата заповед е словото што го чувте. 8 Но сепак, ви пишувам нова заповед која е вистинита и во Него и во вас, зашто темнината поминува, а вистинската светлина веќе свети. 9 Оној што вели дека е во светлината, а го мрази својот брат, тој се уште е во темнината. 10 Оној кој го љуби својот брат останува во светлината и кај него нема соблазна. 11 А оној кој го мрази својот брат е во темнината и во темнината живее и не знае каде оди, зашто темнината му ги заслепила очите. 12 Ви пишувам вам, чеда, бидејќи гревовите ви се простени заради Неговото име. 13 Ви пишувам вам, татковци, бидејќи Го познавте Оној Кој беше од почетокот. Ви пишувам вам, момчиња, бидејќи го победивте злиот. Ви напишав вам, деца, бидејќи Го познавте Таткото. 14 Ви напишав вам, татковци, бидејќи Го познавте Оној Кој беше од почетокот. Ви напишав вам, момчиња, бидејќи сте силни и Божјото слово е во вас и бидејќи го победивте злиот... ... 7 Чеда, никој да не ве мами. Кој чини праведност, праведен е така како што е и Тој праведен. 8 Кој чини грев, од ѓаволот е, зашто ѓаволот греши од почетокот. Затоа се јави Божјиот Син, за да ги разурне делата на ѓаволот. 9 Ниту еден кој е роден од Бог не чини грев, зашто Неговото семе е во него, и не може да греши, бидејќи е роден од Бог. 10 По ова се препознаваат Божјите чеда и ѓаволските чеда: секој што не чини праведност не е од Бог, ниту пак оној што не го љуби својот брат. 11 Зашто ова е веста што ја чувте од почетокот: да се љубиме еден со друг! 12 Не како Каин којшто беше од злиот и го уби брата си. И зошто го уби? Затоа што неговите дела беа зли, а на брат му праведни. 13 Не чудете се, браќа, ако светот ве мрази. 14 Ние знаеме дека преминавме од смрт во живот, бидејќи ги љубиме браќата. Оној кој не љуби, тој останува во смртта. 15 Секој што го мрази својот брат, е убиец, а знаете дека во ниеден убиец нема вечен живот. 16 Љубовта ја познаваме по тоа што Тој го положи својот живот за нас; и ние сме должни да ги положиме своите животи за браќата. 17 А кој има световни блага и го види братот свој во нужда, па го затвори своето срце пред него, како може Божјата љубов да остане во него? 18 Чеда, да не љубиме со збор или со јазик, туку со дело и вистина. 19 По тоа ќе познаеме дека сме од вистината, и ќе ги увериме своите срца пред Него, 20 зашто кога нашето срце не осудува, Бог е поголем од нашето срце и знае се. 21 Мили мои, ако срцето не не осудува, имаме доверба пред Бог, 22 и што и да побараме од Него, добиваме затоа што ги пазиме Неговите заповеди и го правиме тоа што Му е Нему по волја. 23 А Неговата заповед е оваа: да веруваме во името на Неговиот Син, Исус Христос, и да се љубиме еден со друг, како што Тој ни заповеда. 24 Оној кој ги пази Неговите заповеди, останува во Него, а и Тој во него. А по ова знаеме дека Тој е во нас: по Духот што ни Го дал... ...20 Ако некој рече: "Го љубам Бога", а го мрази својот брат, лажливец е, зашто кој не го љуби својот брат кого го видел, не може да Го љуби Бог, Кого не Го видел. 21 Од Него ја имаме оваа заповед: кој Го љуби Бог, да го љуби и својот брат... ...2 По ова познаваме дека ги љубиме Божјите деца: кога Го љубиме Бог и ги извршуваме Неговите заповеди. 3 Ова е Божјата љубов: да ги извршуваме Неговите заповеди, а Неговите заповеди не се тешки... |
||
Messenger
Администратор Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet Регистриран: 21.Април.2006 Статус: Офлајн Поени: 18208 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Така...
... откачи се од СИТЕ атачменти, од сите "вредности", откачи се од Егото и суетата... остани без ништо и остани Едно со Бога. остани едно со Љубовта. Tака ќе станеш Љубов... така се љуби. Никакви догми, закони, прописи, норми, филозофии, религии, институции, верувања... и било какви други човечки контрукции. ... 21 за да бидат сите едно; како што си Ти, Татко, во Мене, и Јас во Тебе, така и тие да бидат едно во Нас. ЕВАНГЕЛИЕ СПОРЕД ЈОВАН, Глава 17 Така се љуби Бога - кога се станува Едно со Него, а не кога се двои и се дистанцира. Само тогаш може да се оствари Исусовото молење: "Оче наш, кој си на небесата, да се свети името Твое, да дојде царството твое, да биде волјата Твоја, како на небото, тако и на земјата. " Враќањето на луѓето, на Адам и Ева, во Рајската Градина во суштина е матафорично кажување за враќањето во Бога, за враќањетоп во Еднобитието, во оноа каде што веќе припаѓаме. Само така се разбира Исусовата порака до фаризеите и оние кои не ја разбираат суштината на Божјата Креација и Боженственото вградено во Неа: 34 Исус им одговори: „Не е ли напишано во вашиот Закон: ‘Јас реков: богови сте?’ ЕВАНГЕЛИЕ СПОРЕД ЈОВАН, Глава 10 Изменето од Messenger - 06.Јули.2012 во 19:49 |
||
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
||
Pica pica
Сениор Регистриран: 04.Октомври.2010 Статус: Офлајн Поени: 1488 |
Опции за коментарот
Благодарам(1)
|
|
ekszi88, Све се случи спонтано,ништо не барав или се надевав дека ќе добијам. Едноставно го следиш срцето или поточно не дозволуваш без ралика што се случува околу тебе да те промени во нешто што не си ти. Секој што дојде и побара,му реков НА,насити се,но немој оној да го чепкаш. Ја побараа гордоста,НА. Го побараа она што сум стекнал,НА. Ја побараа иднината,мојте соништа, НА. Побараа,намразен од сите да бидам,НА.нека ме мразат. Пријатели ќе ти стане непријател.Ако нека. Умот го побараа,НА безумен ќе одам. Побараа крв,НА моја крв. Но само немој него да го чепкате. Немој,премногу ми значи. Соголен до кожа од она што овој свет го нуди. Отфрлен од сите,со презир гледан. Остан уште душата да ја земат. Оној што го љубев,му реков бегај. Еве ја мојата душа,НА нека се наситат. Крајот означи нов почеток. Ekszi88, За да порасне човек од бебе до старец,нема некое правило или мапа треба само да јадеш. Така е и со ова,следи го срцето и ако љубиш некој,јади ги плодовите од љубовта,ма колку и да се благи или горчливи. И не прилепувај многу работи од овој свет,нивното отфрлање многу боли. Посматрај ја водата,во неа е тајната! |
||
LiDivio
Модератор Регистриран: 19.Мај.2010 Статус: Офлајн Поени: 7265 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Јас на местото на дождот би ја ставил смртта.
|
||
ekszi88
Сениор In Love Регистриран: 10.Јануари.2008 Статус: Офлајн Поени: 7008 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Mene licno mi e premnogu apstraktno i ne veruvam bas vo postoenjeto na takvata ljubov.
Jas ke prasam pak, se e toa ubavo kazano - ljubenje, soedinuvanje, voda, priroda.. ama kako? Kako ti se soedinuvas so toa? |
||
Never apologize for being sensitive or emotional. Let this be a sign that you've got a big heart aren't afraid to let others see it. Showing your emotions is a sign of strength!!
|
||
Pica pica
Сениор Регистриран: 04.Октомври.2010 Статус: Офлајн Поени: 1488 |
Опции за коментарот
Благодарам(1)
|
|
Е како ekszi88, не се зборува за темата? Многу едноставно е. Нели се вели дека бог е љубов. Значи прашањето е како љубовта(бог) во тебе да ја соединиш со целокупната љубов(бог) околу тебе. Ако не примети на почетокот напишав. Засакај ја водата! А со самото тоа не посочувам ниту една религија,ниту група за се каже ете тие знаат,другите појма немаат. Така не прави водата, нели? Но,за да се соединиш со водата треба ти самата да постанеш вода. Погоре објаснив она со дождот. И сликичката што ја постирав кажува многу. Секој човек бил во таа состојба кога бил едно со водата,тоа е изворот,почетокот. Таму треба да се упатиш. Изменето од Pica pica - 06.Јули.2012 во 09:20 |
||
Внеси реплика | страница <12345> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |