Автор |
Тема Пребарувај Опции за темата
|
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 02.Март.2017 во 15:55 |
Dave’s Kitchen: Пита со тиквичкаЗа денешниот ручек, Давор препорачува да приготвите вкусна пита со тиквичка.
Потребни состојки:
- 500 гр брашно
- 2 рендани тиквички и исцедени од водата
- 2 јајца
- 1 печиво
- прстофат сол
- 4-5 лажици масло за јадење
- 150 мл млеко
- ситно исецкан магдонос
- 100 гр. дробено сирење
- 50 гр. сецкани маслинки
- 1 лажичка оригано
- сусам
Начин на подготовка: Во длабок сад ставете
ги исцедените тиквички, јајцата, солта, млекото, маслото за јадење,
ситно исецканиот магдонос и ориганото. Добро промешајте ги сите состојки
за да се соединат. Потоа додадете го брашното со печивото и внимателно
мешајте со жица за матење. Додадете го дробеното сирење и сецканите
маслинки и целата смеса префрлете ја во тавче обложено со хартија.
Одозгора нарусете од сусамот и печете на 180 степени околу 35-40 минути
или додека не добие златно кафена боја. Добар апетит!
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 08.Февруари.2017 во 18:45 |
Едноставни погачи со сирење
Состојки: 500 гр брашно 500 гр маргарин 500 гр кравјо сирење (малку постаро) 2-3 јајца Подготвување: Измесете
мекот тесто од еднаквите количини на маргарин, брашно и сирење заедно
со 2-3 јајца. Тестото оставете го да преноќи во фрижидер. Следниот
ден со сукало исукајте тесто со дебелина малку помала од 1cm (за да не
ви се лепи тестото ставете брашно на сукалото и работната површина). Правете
погачи со пречник од 3-4cm со чаша или калап, намачкајте ги со
направената смеса и печете ги на умерена температура додека не добијат
убава, златна боја.
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 11.Јануари.2017 во 17:37 |
Брза пита со тиквички и сирење
Состојки: 2 поголеми тиквички 200 мл кисела павлака 200 грама сирење 3 лажици презла 4 лажици брашно 4 јајца 100 мл масло сол по вкус половина лажиче сода бикарбона (или прашок за пециво) Тиквичките
излупете ги, нарендајте ги на крупно, посолете ги и ставете ги во
цедилка да се исцедат. По десетина минути исцедете ги уште малку со рака
и ставете ги во подлабок сад. Настрана изматете ги јајцата, сирењето,
павлаката, брашното, презлата, солта и содата, и потоа додајте ги во
садот со тиквички. Намастете ја тавата и истурете ја во неа
смесата. Печете во рерна загреана на 200 степени околу 30-тина минути,
додека не се направи златна коричка одгоре. Добар апетит.
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 22.Ноември.2016 во 13:25 |
Вкусна пита од тиква готова за 3 минутиЕсента е период на тиквите. Оние кои ги обожаваат, ќе го обожаваат и рецептот за пита од тиква, кој е готов за 3 минути.
Потребни состојки:
- 1 јајце
- Пире од тикви
- 2 лажици кондензирано млеко
- 1 лажица шеќер
- 2 лажички зачин за тиква
- ½ лажичка сол
- 1 лажица мелени бисквити
Начин на подготовка:
Во шолја, која може да
ја греете во микробранова печка, измешајте ги јајцата, пирето од тиква,
млекото, шеќерот, зачинот за тиква и солта. Исчистете ги ѕидовите на
шолјата и ставете ја во микробранова 2-3 минути или додека смесата не е
повеќе течна.
Внимателно извадете ја шолјата од печката, ставете ги бисквитите и одозгора украсете со шлаг пена и зачин за тиква.
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 28.Октомври.2016 во 15:56 |
Dave’s Kitchen: Погача од тесто за кифли
Ова тесто може да го употребите за подготвување на вкусни и меки кифли, а воедно и за подготовка на погача. Потребни состојки: - 270 мл млеко
- 2 ½ лажички инстант квасец
- 60 гр шеќер
- 2 јајца
- 600 гр брашнo
- 1 лажичка сол
- 60 мл масло за јадење
- 1 жолчка и млеко за премачкување
- 100 гр путер за премачкување
Начин на подготовка: Замесете тесто од сите состојки и оставете да стаса околу 90 минути. Поделете го тестото на два дела, еден помал и еден поголем дел.
Во средина на тавчето за печење ставете го помалото парче оформено во топка. Од другото парче расукајте правоаголна кора и премачкајте ја со 100 гр путер и свиткајте ја во ролат.
Наредете ја кората околу топката во тавчето, па потоа со ножици пресечете парчиња и свиткајте ги наназад. Оставете да стаса 10 минути и премачкајте со жолчка и млеко. Печете на 180 околу 35 минути.
Изменето од Valerija - 23.Декември.2017 во 13:38
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 16.Септември.2016 во 09:38 |
Вкусни погачи со ајвар и сирење
Нема некој кој не ужива во топлиот ајвар во комбинација со сирење, а доколку ви досади да го консумирате само намачкан на леб, тогаш направете ги овие вкусни погачки. Потребни состојки:- 4-5 лажици ајвар
- 250гр путер
- 350гр брашно
- 250гр свежо сирење
- 1 печиво
- 1-2 лажички сол
- 2 јајца
Начин на подготовка:
Во голем сад ставете ги сите состојки, а по потреба може да додадете уште брашно. Тестото треба да биде мазно, но по малку лепливо, бидејќи путерот на топлина се растопува.
Ставете го тестото да отстои во фрижидер околу половина час, а во меѓувреме загрејте ја рерната на 200°С. Откако тестото ќе се олади развлечете го на дебелина од 1см на површина на која пред тоа сте ставиле малку брашно.
Со чаша „сечете“ облици во вид на топчиња, а потоа ставете ги топчињата на масна хартија за печење. Доколку сакате, може да ги намачкате одозгора со ајвар или пак да ставете уште малку рендано сирење.
Печете ги во рерна околу 15-20 минути, додека не поруменат.
Изменето од Valerija - 23.Декември.2017 во 13:37
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 18.Август.2016 во 21:50 |
Dave’s Kitchen: Необична пита со портокал
Давор оваа недела за нас подготви невообичаена пита од портокал. Ова е вкусен, летен и најважно лесен рецепт за правење со кој ќе го соберете целото семејството на едно место. Еве што сè ќе Ви биде потребно за да го направите:
Потребни состојки: - 500 гр. кори за баклава
- 5 портокали
- 250 гр. масло за јадење
- 250 гр. шеќер
- 250 гр. млеко
- 2 пакетчиња ванила
- 3 јајца
- 1 лажичка прашок за пециво
- 1 лажичка сода бикарбона
За шербетот: - 700 гр. шеќер
- 500 гр. вода
Начин на подготовка: Од 5-те портокали земете 2 и ставете ги во тенџере со вода, на оган на ниска температура и оставете да стојат околу 1 час. Од останатите 3 портокали изрендајте ја кората и исцедете го сокот.
Потоа подгответе го шербетот. Кога водата и шеќерот ќе зовријат промешајте за да не останат зрнца од шеќерот. Оставете да врие околу 5 минути и тргнете го на страна. Во шербетот додадете го сокот од 3-те портокали и оставете комплетно да се излади.
На работната површина извадете ги корите од баклава и одделете ги така што секоја кора нема да се допира една со друга. Оставете ги да се исушат на собна температура околу 1 час или час и половина. Кога ќе почнат да се ронат комплетно тогаш се спремни за следната постапка. Во блендер ставете ја кората од портокал, двата портокали (со се целата кора, но исцедени од сокот), додадете го маслото и шеќерот. Изблендирајте додека не се соединат сите состојки заедно. Потоа додадете го млекото, ванилата и јајцата. Повторно блендирајте околу 2 минути додека не се соединат сите состојки. На крајот додадете го пецивото и содата.
Корите искршете ги така што ќе се создадат мали парчиња. Додадете ги во смесата со влажните состојки и убаво промешајте. Претурете ја смесата во тавче за печење кое претходно ќе го премачкате со путер и ќе го посипете со брашно. Печете околу 35-40 минути на 160 степени или додека не добие убава темна боја. За тоа време сирупот ќе биде веќе изладен. Штом се испече питата посипете ја додека е врела со ладниот шербет. Оставете да го впие шербетот околу 1-2 часа и уживајте во прекрасниот вкус на портокал заедно со Вашите најмили.
Можете да декорирате со топка сладолед или пак со слатко од портокал и гранче свежо нане.
Изменето од Valerija - 23.Декември.2017 во 13:38
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 04.Август.2016 во 22:07 |
Dave’s Kitchen: Домашна вртена пита
За оваа превкусна вртена пита ќе ви бидат потребни само неколку нешта кои веќе ги имате во својата кујна. Потребни состојки: - 500 гр. брашно
- 250 гр. млака вода
- Прстофат сол
Начин на подготовка:
Се меси меко тесто и се остава да одмори околу 10-тина минути. Се дели на 4 дела и се формираат деловите во топчиња. Потоа секое топче се расплескува и во тавче се премачкува со масло за јадење убаво од двете страни. Се зема едно по едно од деловите тесто и на платнена површина се тегнат полека корите. Се прскаат со масло за јадење и фил по желба. Се виткаат и се редат во круг во округла тава за печење. Се пече околу 30-тина минути на 190 степени.
Повеќе рецепти од кујната на Давор пронајдете на неговата FB страна,Dave’s Kitchen.
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 31.Јули.2016 во 09:13 |
НАЈДОБАР РЕЦЕПТ ЗА ВРТЕНА ПИТАПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 500 гр брашно 2,5 дл вода 1 квасец малку сол фил: урда/зелка/праз/спанаќ НАЧИН НА ПОДГОТОВКА: Се замесува тесто од кое се прават 7 топчиња. Од секое се сука кора и се премачкува со маргарин или маст. Оставете ги да отстојат 25 минути и потоа тегнете ги една по една. Секоја кора се попрскува со масло и се става урда/праз/зелка/спанаќ по желба и се витка во ролна. Се редат вртејќи ги една до една во плех и се попрскуват со масло. Вртената пита се пече околу половина час на температура од 200 степени.
Изменето од Valerija - 23.Декември.2017 во 13:37
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 31.Мај.2016 во 08:18 |
Необична лимон пита
Изменето од Valerija - 31.Мај.2016 во 08:18
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 23.Мај.2016 во 08:08 |
Овошна пита со јаболка за оние кои не се вешти во печење колачи
Crumble или пита која се рони, е рецепт од познатиот готвач Гордон Ремзи, која се подготвува со овошје и тесто. Има вкус на овошна пита, а наменета е да ја подготвуваат домаќинките кои сакаат благи работи, но не се многу вешти во подготвување на истите. Потребни состојки:- 6 лажици бел шеќер
- 1 кесичка ванилин шеќер
- малку цимет во прав
- 6 јаболка со лушпи
- 3 лажици сушена брусница
- кора од 1 лимон
- сок од ½ лимон
Потребни состојки за тестото: - 100гр брашно
- 2 лажици кафеав шеќер
- малку цимет
- 4 лажици граноли или мусли со јаткасти плодови
Начин на подготовка:
- Загрејте ја рерната на 200°С. За тоа време направете ја карамелата во мал сад
- Во садот ставете бел шеќер, малку цимет и ванилин шеќерот и ставете ја смесата на оган да се претвори во карамела. Не ја мешајте смесата, туку повремено потресувајте го садот.
- Во карамелата додајте три изрендани јаболка со лушпи, измешајте и оставете ги да се готват минута или две.
- Потоа додајте ги и останатите три јаболка исечени на коцки, лимоновата кора и сокот и на крај сушените брусници. Сето тоа добро измешајте го и тргнете ја смесата од оган.
- Направете тесто од брашно, кафеав шеќер, цимет и коцка ладен путер. Сите состојки мешајте ги со прстите додека не добиете смеса како лебни трошки, а потоа додајте ги гранолите или муслите.
- Истурете го тестото врз печените јаболка и сушените брусници и сето тоа заедно ставете го во рерна на 200 степени околу 12-14 минути додека тестото не добие златна боја.
Изменето од Valerija - 23.Декември.2017 во 11:03
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 02.Мај.2016 во 18:04 |
Лисната погача Потребни состојки за овој рецепт се: - 100 мл топла вода
- 150 мл топло млеко
- 20 гр квасец
- Околу 500 грама брашно
- 6 лажици масло
- 1 лажица шеќер
- 1 лажичка сол
- 1 јајце
За премачкување: - Жолчка и малку млеко
- Сусам
Начин на подготовка:
Замесувате тесто од сите наведени состојки и го оставате да нарасне двојно. Потоа го поделувате на 4 дела и секој дел го развлекувате во мини кори кои ги редите една врз друга така што ставате маргарин помеѓу нив. Во следната фаза расукувате една кора која што ја сечете како што е прикажано на сликата. Четирите ленти ги мотате во ролна, додека од триаголниците правите кифлички и ги редите во подмачкан плех повторно како што прикажано на сликата. Погачата ја оставете да отстои 15 минути, а потоа ја премачкувате со млеко и жолчка, наросувате сусам и печете во рерна загреана 180 степени околу половина час.
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 25.Април.2016 во 08:29 |
Dave's Kitchen: Вкусна домашно подготвена пастрмајлија
Изненадете го Вашето семејство и пригответе им превкусна пастрмајлија. Ќе ви бидат и повеќе од благодарни! За овој рецепт од кујната на Давор ќе ви бидат потребни следните состојки: - 1кгр. Екстра бело брашно Тип 400- Жито Лукс
- 600 мл. млака вода
- 2 лажичиња сол
- 2 лажичиња шеќер
- 100 гр. масло за јадење
- 1 квасец
- 150 гр. ситно исечкано пилешко месо посолено и отстоено во сол минимум 30 минути
- 1 јајце
Начин на подготовка:
Од сите состојки се замесува тесто и се остава тестото да стаса околу 90 минути.
Се размесува и се дели на 4 дела. Секој дел се расукува во форма на чамец со притискање на средишниот дел за краевите да бидат повисоки.
Се редат парчињата месо низ целата пастрмајлија и се пече во загреана рерна на 250 степени околу 15 минути, па се намалува на 200 уште 10-тина минути. Кога ќе фати кора пастрмајлијата се премачкува со свинска маст.
Две до три минути пред да биде готова искршете го јајцето, изматете го и прелијте го врз месото. Печете уште 2-3 минути.
Добар апетит! За повеќе рецепти од кујна на Давор посетете ја неговата FB странаDave’s Kitchen.
Изменето од Valerija - 25.Април.2016 во 08:30
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 07.Април.2016 во 08:03 |
Пита со тоблероне и бадеми
Порции2 лица Состојки- 50гр. чоколадо за готвење
- 50гр. тоблероне, искршено на парчиња
- 20гр. путер
- 2 јајца, издвоени белки и жолчки
- 125мл. хопла
- 1 лист замрзнато лиснато тесто
- 1 јајце лесно изматено
- 1 лажица сецкани бадеми
- 2 лажици кафеав шеќер
- шеќер во прав за декорација
ПодготовкаРастопете го чоколадото за готвење и тоблероне чоколадото заедно со путерот во огноотпорен сад на пареа над зовриена вода. Мешајте додека двете чоколади да се растопат и соединат. Оставете ги малку да се изладат па додадете ги жолчките од двете јајца една по една и измешајте. Со миксер изматете ги белките во чист сад додека да добиете пена. Хоплата изматете ја во друг сад. Со лажица додадете ја изматената хопла во чоколадниот крем а потоа додадете ги и белките. Измешајте го кремот, префрлете го во пластичен сад со капак и оставете го фрижидер 3-4 часа. Можете да го оставите и прелу ноќ. Загрејте ја рерната на 220 степени. Обложете плех со хартија за печење. Исечете го тестото на 6 коцки. Поставете ги парчињата лиснато тесто врз плехот. Премачкајте ги со лесно изматено јајце. Измешајте ги бадемите и шеќерот и додадете ги врз тестото. Печете го лиснатото тесто 10 минути. Потоа оставете го да се излади. Во две чинии за сервирање ставете по едно парче лиснато тесто. Премачкајте го со чоколадниот крем. Врз кремот ставете уште едно парче лиснато тесто. Додадете уште еден слој од кремот и на крај завршете со последните парчиња лиснато тесто. Наросете врз чоколадната пита малку шеќер во прав. На здравје!
Изменето од Valerija - 23.Декември.2017 во 13:37
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|