|
Може ли верникот да биде филозоф? |
Внеси реплика | страница <123 |
Автор | |
Sultan Osman
Нов член Регистриран: 23.Март.2011 Статус: Офлајн Поени: 2 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Филозофијата и верата истражуваат голем број исти прашања: Дали постои Бог? Дали постои душа? Која е ултимативната цел во нашиот живот? Што е среќа? Како да бидеме среќни? Од каде доаѓаме? Што ќе биде со нас после смртта? Зошто страдаме? Зошто умираме? Како да живееме?
Сепак, во филозофијата постои посебна карактеристика што ја прави различна од сите други науки. Не во смисла на подобра или понапредна, туку филозофската перспектива е таа на критицизмот и скептицизмот. Она што му се објавува на Пророкот директно или индиректно од Бога, филозофот мора да го најде преку аргумент, анализа ,сомнеж и непристрасност. За разлика од ова, секоја вера бара да веруваш во Бога, а не да истражуваш тоа. к*ранот јасно вели “ Верници се оние кои веруваат во Бога,и после нема да се посомневаат “ ( Сура Хуџурат ). Мухаммед а.с. барал од своите следбеници да размислуваат за Створеното, но не и за Створителот. Филозофијата,напротив бара да си скептичен. А во некои случаи толку скептичен што ќе почнеш да мислеш дека нема никогаш да ја пронајдеш вистината за најбитните работи во животот. Филозофијата не решава практични проблеми. Таа ги тестира нашите најфундаментални верувања, вредности и убедувања, не за да се чустуваме подобро или полошо, не за да бидеме разубедени или добиеме повеќе или помалку од нешто , туку за да стигнеме до исправното, истовремено сфаќајќи дека, да се стигне до исправното може да значи и стигнување до лоша вест. Токму таа карактеристика е причина еден од најголемите теолози во историјата на Исламот,Ел Газали да упати силен атак врз растечкото влијание на Арапската Неоплатонска филозофија на Ал-Фараби и Ибн Сина. Тој во неговата книга „ Некохерентноста на Филзофите “ во 20 точки ги отфрла филозофските тврдења. Со исклучок на 3 точки, според него во сите останати се доаѓа до заклучок дека филозофите може да се обвинат за неверство. За разлика од Газали, неговиот следбеник од Христијанска вера и најголемиот Европски филозоф во средниот век ,Томас Аквински ,пак се обидува да изнајде хармонија меѓу верата и филозофијата. Во неговото дело„Сумма Теологиае“ тој употребува сопствени заклучоци преку Аристотелските премиси, главно во метафизиката на идентитетот, креацијата и предоредбата. Сепак иако Римо-Католичката црква го има прогласено за свој најголем мислител во историјата, голем дел од модерните Римо-Католички теолози не ги наоѓаат неговите учења најпријатни. Дали бил во право Газали или Аквински не е многу значајно во овој случај.Она што навистина вреди да се истражува е тоа колку заедничко имаат верата и филозофијата, и дали воопшто верникот може да се нарече филозоф, или филозофот верник. Филозофот не влегува во портата на филозофијата како некој кој се откажал од Бога, напротив може да поседува се што поседува еден обичен верник, но тој е секогаш свесен дека без разлика колку му значи она што го верува, без разлика колку е посветен на тоа, без разлика колку е емоционално врзан со оние кои се убедени во тоа, филозофот го задржува правото да испрашува и да се сомнева, а тоа е она што верата строго го забранува. Суспендирањето на критичноста и скептицизмот, како и безрезервното прифаќање на Божјата објава е она што го прави човека роб. Она што верата ни наредува да бидеме-а тоа е божји робови, е токму она што филозофијата ни забранува. Затоа на крај доаѓаме до јасен заклучок: Неможеш да си верник а истовремено да ја оценуваш и вреднуваш својата вера. Кога го правиш тоа едноставно си надвор од неа, а кога веруваш чисто и без сомнежи тогаш си внатре. Значи ако сакаш да си филозоф никогаш неможеш да бидеш верник, барем не онаков како што бараат светите божји книги. А доколку сакаш да си верник, а истовремено и филозофски мислител,тогаш тоа значи дека твојто филозофирање ќе се сведи чисто на докажување на верските тврдења како точни преку филозофски методи. Колку може тоа да се нарече филозофија, оставаме на филозофите да проценат… Превземено од: www.plasnica.org |
|
Внеси реплика | страница <123 |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |