|
Најубави хотели |
Внеси реплика | страница <12345 13> |
Автор | |
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Затоа што сезоната на луксузните хотели и одморалишта е во полн ек, ги издвоивме петте најлуксузни хотели кои располагаат со најубавите погледи. Мирни водени хоризонти, планини кои се губат во далечините и препознатливи градби... Кој би посакал нешто повеќе?
2. Ritz-Carlton - Сместен е во југоисточниот дел на Азија, а гостите имаат чест да уживаат во погледот кон Сингапур и МаринаБеј. И покрај тоа што неговиот поглед не е свртен кон песочна плажа, туку кон прекрасни градби, сепак е еден од најубавите кои може да го искусите. 3. Plaza Athenee - Хотелот кој се смета за најромантичен во светот. Располага со прекрасен поглед кон Ајфеловата кула и околните градби во Париз. 4. Corinthia - Лондонскиот хотел кој има извонреден поглед кон сите знаменитости во едно. Магијата која настанува во вечерните часови со самото вклучување на светлата е нешто непроценливо. 5. Hotel Salto Chico - За разлика од хотелите во светските метрополи, овој хотел во Јужна Америка има поглед кон прекрасна природа и планински предели. 6. Oberoi Amarvilas - Гостите кои ќе го посетат овој прекрасен ресорт во индиски стил ќе имаат можност секоја ноќ да уживаат во пурпурното небо над Таџ Махал.
|
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Santijago
Сениор PubLiCenEmY LatInoLoVerBoY YNWA-LF Регистриран: 17.Јануари.2008 Локација: Tuka be ... Статус: Офлајн Поени: 21002 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Сплендидо - Портофино Италија Сместен сред шума, со поглед на морето, хотелот „Сплендидо“ претставува уникатна мешавина од убавина и комфор. Хотелот се наоѓа на рид во живописното италијанско рибарско село Портофино, опкружен со тропски градини со палми и нуди неверојатен поглед на убавиот залив. Хотелот е убаво уреден, додека во рестораните се нуди свежа риба и домашни тестенини приготвени со локални ароматични зачини. Градините се протегаат надолу под хотелот па се до морето. Грмушки со лаванда и диви тревки растат под старите маслинови дрвја додека бугенвилеите надвиснуваат над патеките. Во 1985 година „Ориент-Експрес Хотели“ го купи овој хотел и започна со реновирање. Сите соби биле комплетно преуредени, додека внатрешниот ресторан и пијано барот биле преместени и декорарани во лигурско-медитерански дизајн кој бил во согласност со стилот на хотелот. Од терасите на хотелот може да се ужива во преубавиот поглед на целиот залив на Портофино. |
|
I'm out bcz of pathetic around here
|
|
Santijago
Сениор PubLiCenEmY LatInoLoVerBoY YNWA-LF Регистриран: 17.Јануари.2008 Локација: Tuka be ... Статус: Офлајн Поени: 21002 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Musha Cay Bahamas
Musha Cay е еден од најлуксузните приватни резорти во светот и според мислењето на многу искусни патувачи и најубавиот. На 130 километри од Насау, овој рај лежи скриен во јужниот дел на Бахамите. Уживајте во долгите плажи со песок како шеќер, а за време на вечерта во милиони ѕвезди над вас. Ќе видите преубави глетки и ќе доживеете различни искуства на секој чекор. Вашето приватно прибежиште може да угости најмногу 24 гости послужувано од 30 членови на персоналот. Седумте плажи кои ги вклучува овој резорт гарантираат максимална приватност. Без огледа на тоа дали барате релаксација, романтика или активен одмор, беспрекорната услуга ќе ги задоволи сите ваши потреби. Од водени спортови, џогирање, тениски игралишта, нуркање до релаксирачки масажи и спа. За време на вечерата, романтичната атмосфера ќе го направи вашиот одмор незаборавлив. |
|
I'm out bcz of pathetic around here
|
|
evangeline
Модератор Регистриран: 22.Август.2011 Локација: Naxos Статус: Офлајн Поени: 6758 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
“Метропол” во Венеција
“Luxirare” објави интересна фоторепортажа за еден од најлуксузните хотели во градот на вода. Како што пишува авторката, во хотелот “Метропол” го имала најоригиналното хотелско искуство досега. Хотелот, кој се наоѓа во центарот на Венеција, нуди уникатно уживање и прекрасен поглед од собите уредени во ориентален стил. Овој хотел е како музеј, а има и сопствена збирка на ретки уметнички предмети. |
|
емил
Сениор зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
ВТОРНИК, 01 ЈУНИ 2010 10:20
Изменето од емил - 16.Февруари.2012 во 14:07 |
|
Renatax
Сениор Регистриран: 27.Декември.2008 Статус: Офлајн Поени: 11613 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Врвна услуга,врвна хигиена,персонал боли глава...све у свему,сакам пак таму.
|
|
Мирно движи се низ галамата и хаосот, секогаш имајќи на ум каков мир постои во тишината.
|
|
Santijago
Сениор PubLiCenEmY LatInoLoVerBoY YNWA-LF Регистриран: 17.Јануари.2008 Локација: Tuka be ... Статус: Офлајн Поени: 21002 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Оу јее
Романтичниот пакет е закон. Хотелот е преубав, персоналот љубезен.
|
|
I'm out bcz of pathetic around here
|
|
Renatax
Сениор Регистриран: 27.Декември.2008 Статус: Офлајн Поени: 11613 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Хотел Мона -Златибор
Сеуште сум под импресии од овој хотел,еве дел од неговиот ентериер и екстериер. |
|
Мирно движи се низ галамата и хаосот, секогаш имајќи на ум каков мир постои во тишината.
|
|
Santijago
Сениор PubLiCenEmY LatInoLoVerBoY YNWA-LF Регистриран: 17.Јануари.2008 Локација: Tuka be ... Статус: Офлајн Поени: 21002 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Нешто наше
“Калин Хотел”, ЛазарополеЕксклузивниот ресторан, во релаксирачки амбиент, нуди квалитетна храна, локални и интернационални јадења и специјалитети од дивеч. Внимателно селектираната винска листа е идеално дополнување на одличната храна. Ресторанот се карактеризира со понуда на квалитет и индивидуалност на секоја порција, бидејќи се употребуваат свежи состојки одгледани во селските градини. Уживајте во оброкот во самиот ресторан покрај каминот, на отворената тераса или во блиската околина во изолирана приватност и изобилство на зеленило. И патувањето до него е уникатно и живописно. Ако патувате од Скопје, преку Тетово и Гостивар, потем преку Маврово, влегувате во живописната клисура на реката Радика кон Дебар, поминувајќи крај импресивниот манастир Свети Јован Бигорски, доаѓате до крстопатот наречен Бошков Мост на неколку километри пред Дебар. Тука се упатувате лево, по добар асфалтен пат, по околу 5 километри почнувате да се искачувате по кривулест асфалтен пат што ве води во планинските висини на Бистра. По веќе создаденото чувство дека сте на небо, пред вас, на надморска височина од 1.350 метри, се отваора голема висорамнина на чии карпести делови се појавуваат куќи, најчесто двокатни и трокатни изградени од камен кои потсетуваат на средновековни тврдини. Во центарот на ваквата прецизна архитектонска организација ве пречекува “Калин Хотел” во Лазарополе. Градбата на “Калин Хотел” е спој на традиционално мијачко градителство со современи архитектонски решенија, што создава топла и уникатна атмосфера. Погодната локација, мирното опкружување и оптималните капацитети на “Калин Хотел” претставуваат и идеално место за деловни состаноци, работилници или конференции за околу 40 учесници. “Калин Хотел” за своите гости, по желба организира излети до соседните прекрасни мијачки села: Гари, Тресонче, Селце и Росоки како и посета на манастирскиот комплекс Св. Јован Бигорски. За авантуристите “Калин Хотел” претставува почетна позиција за планинарење, планински велосипедизам, јавање на коњи и трчање со скии во текот на зимскиот период. Хотелот е незаменлива дестинација за спортските ловџии, поради лоцираноста на с. Лазарополе во националниот парк Маврово. Лазарополе е сместено е во падините на Бистра и е планински рај во Македонија. Благата планинска клима, заради термичкото влијание од Медитеранот преку реката Радика, придонесува Лазарополе да има преку 2.000 сончеви часови во текот на годината. Изобилството на шуми се природен филтер што го прават воздухот кристално чист, поради што Лазарополе е официјално регисрирано како место со најчист воздух на Балканскиот Полуостров. Црквата Св. Ѓорѓија како заштитен знак ја надополнува живописната глетка на Лазарополе. Изградена во 1841 година, претставува монументална градба, опкружена со ѕидини од делкан камен високи 4 метри. Ентериерот на црквата е дело на легендарниот Димитрие Перкоски (Дичо Зограф) од мијачкото село Тресонче. Цената на едно ноќевање за двајца со појадок изнесува 50 евра. Ако сакате тука да ја дочекате Новата Година, следнава понуда сигурно ќе ви се допадне – 170 евра за две ноќевања за двајца, полн пасион и вклучен дочек во прекрасниот ресторан. |
|
I'm out bcz of pathetic around here
|
|
BellaGrandma
Сениор Game over Регистриран: 10.Јуни.2010 Статус: Офлајн Поени: 20029 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Хотел “Titilaka”, Перу
Перуанско прибежиште со модерен дух на брегот на спокојното езеро Чичикака, “Titilaka” - хотел без маана. Овој хотел е реткост, модерен и луксузен наизглед зафрлен на запуштен полуостров, но со неверојатен спој на двата елемента, модерните дизајни и природата која го опкружува, околината на прекрасните Анди. Секој од 18-те апартмани со поглед на езерото се луксузно надополнети со топлотни подови и купатила како спа центри со огромни кади за капење. За планот на патување на гостите целосно се грижи посветениот хотелски консиерж, кој нема да ги изостави археолошките наоѓалишта во околината како “Chullpas de Sillustani” или колонистичките цркви Жупи, Помата и Лампа, а за крајот останува пловењето по мирното езеро Чичикака. На ова место секој оброк е незаборавно искуство, со свежа пастрмка од езерото, алпака стек од висините и тревки и зеленчук од локалните фарми. Десертот кој е достапен 24/7 преку собната послуга е препорачливо да се конзумира во собите за поголемо "задоволство". Изменето од ФорумскаБаба - 01.Април.2011 во 16:37 |
|
Можат се да ти земат - богатството, најубавите години, радоста и сите заслуги, но секогаш ќе ти останат соништата за одново да го создадеш светот кој ти го украле.
|
|
емил
Сениор зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Во Хонгконг отворен највисокиот хотел на светот
Највисокиот хотел на светот е отворен во Хонгконг, а се наоѓа на највисокиот небодер на планетава, на височина од околу 490 метри. Хотелот „Ритз-Карлтон“ се наоѓа на 118-ти кат во Меѓународниот трговски центар во Хонгконг. Овој хотел е отворен вчера и ќе биде еден од најскапите во Хонгконг, каде веќе има огромен број на луксузни хотели, а ноќевање во него ќе чини 770 долари. - За изградба на хотелот беа потребни 10 години, изјави управникот на објектот Ерве Хумлер. Кинезите сега сочинуваат околу 35 отсто од гостите на синџирот хотели „Ритз-Карлтон“, додека овој процент пред 14 години изнесуваше само три до четири отсто. Хумлер истакна дека очекува овој процент да се зголеми, бидејќи Азија е еден од клучните пазари. |
|
BellaGrandma
Сениор Game over Регистриран: 10.Јуни.2010 Статус: Офлајн Поени: 20029 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
La Posta Vecchia
Хотелот има само 19 соби, секоја со оригинален декор. А погледот на Тиренското море и фактот што хотелот е на неверојатна близина до Рим го прават навистина уникатен. Уживајте во традиционална италијанска кујна во ресторанот “Cesar”, каде оброците ќе ви бидат спремени од зеленчуци, овошје или тревки од приватната градина на хотелот. Искусете неверојатен третман во спа центарот на хотелот, по прошетка по медитераснкиот брег или многуте блиски историски места. |
|
Можат се да ти земат - богатството, најубавите години, радоста и сите заслуги, но секогаш ќе ти останат соништата за одново да го создадеш светот кој ти го украле.
|
|
BellaGrandma
Сениор Game over Регистриран: 10.Јуни.2010 Статус: Офлајн Поени: 20029 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Hotel Plaza Athenee - Париз
цените за едно ноќевање се од 550 евра па нагоре |
|
Можат се да ти земат - богатството, најубавите години, радоста и сите заслуги, но секогаш ќе ти останат соништата за одново да го создадеш светот кој ти го украле.
|
|
BellaGrandma
Сениор Game over Регистриран: 10.Јуни.2010 Статус: Офлајн Поени: 20029 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
W South Beach Мајами
|
|
Можат се да ти земат - богатството, најубавите години, радоста и сите заслуги, но секогаш ќе ти останат соништата за одново да го создадеш светот кој ти го украле.
|
|
Внеси реплика | страница <12345 13> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |