![]() |
|
Шпанска Примера |
Внеси реплика ![]() |
страница <12345 7> |
Автор | ||||
емил ![]() Сениор ![]() ![]() зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|||
Иниеста со 1,2 мил. евра го спасува Албасете
Еден од ретките шпански репрезентативци, кој е добредојден на сите стадиони во Ла Лига - Андрес Иниеста, уште еднаш го покажа своето големото срце. Фудбалски волшебник решил да го спаси својот матичен клуб Албасете со тоа што лично извадил од џеб сума од 1,2 милиони евра ви ја уплатил во касата на тимот. Иниеста како дете во периодото од 1994 до 1996 година настапуваше во оваа екипа, каде беше забележан од Барса која го зема во нивните редови. Веќе 15 години по овој момент Андрес се уште се сеќава на добрите моменти во екипата каде почна да игра фудбал и реши да стане главен акционер во тимот, кој испадна од втората во третата шпанска лига. |
||||
![]() |
||||
Santijago ![]() Сениор ![]() ![]() PubLiCenEmY LatInoLoVerBoY YNWA-LF Регистриран: 17.Јануари.2008 Локација: Tuka be ... Статус: Офлајн Поени: 21002 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|||
Леванте конечно загуби, Реал Мадрид лидер во Примера
Веќе нема непоразена екипа во шпанската
прва лига. Фудбалскиот клуб Леванте од Валенсија конечно “падна“ во 10.
коло, откако беше поразен од Осасуна во Памплона со 2:0. |
||||
I'm out bcz of pathetic around here
|
||||
![]() |
||||
Santijago ![]() Сениор ![]() ![]() PubLiCenEmY LatInoLoVerBoY YNWA-LF Регистриран: 17.Јануари.2008 Локација: Tuka be ... Статус: Офлајн Поени: 21002 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|||
Нови победи за Реал и Барселона
Реал Мадрид со 4-1 славеше во дуелот со Бетис; Барселона
рутински стигна до нови три бода по победата над Расинг
Бетис успеа да ја зачува својата мрежа во првото полувреме но веќе на стартот на вториот дел Реал Мадрид дојде во водство.
Марсело упати длабочинска топка за Кристијано Роналдо кој несебично го проигра Игуиан а напаѓачот не можеше да погреши и само рутински ја смести топката во небранетата мрежа.
По еден час игра Реал веќе имаше предност од 2-0. Роналдо одново асистираше но овој пат сите заслуги одат на адреса на Кака кој прекрасно ја пласираше топката на подалечната статива.
Во 69та минута гостите ја намалија предноста на Реал преку Молина но по само една минута Гонзало Игуан со својот втор гол на средбата ја врати предноста од два погодоци за домакините.
Аргентинецот потоа во 73та минута со мајсторски лоб удар одново се запиша во листата на стрелците и ги постави конечни 4-1.
Ова беше втор хет-трик во низа на Гонзало Игуаин откако напаѓачот три погодоци му даде и на Еспањол во минатото коло.
По оваа победа Реал Мадрид само неколку часа се најде на врвот во Ла Лига бидејќи Барселона лесно стигна до триумф од 3-0 над Расинг.
Вообичано Каталонците имаат проблеми по паузата за репрезентативни средби но Меси уште во 10та минута најави дека трите бода остануваат на Камп Ноу.
Напаѓачот на Барса најпрво двојно проигра со Иниеста, се протна помеѓу дефанзивците на Расинг а потоа го помина и голманот на гостите за на крајот рутински да ја смести топката во мрежата.
Чави го зголеми водството во 27та минута откако постигна за него невообичаен погодок со глава по нафрлената топка на Педро.
Конечните 3-0 беа поставени во 69та минута кога ударот на Андрес Иниеста заврши во стативата а прв до одбиената топка стигна Лео Меси и без проблем одново ја затресе мрежата на гостите.
Валенсија пропушти добра можност да прокнижи нови три бода и одигра 1-1 на гостувањето кај Мајорка и покрај тоа што имаше предност се до самиот финиш.
Во 38та минуга Лос Че дојде во водство преку Адил Рами. Беше изведен корнер од левата страна а во мешаницата најдобро се снајде францускиот интернационалец кој немаше тешка задача од само еден метар да ја турне топката во мрежата на домакините.
’Островјаните’ се изборија за бод во екстра периодот од вториот дел кога судијата покажа на белата точка а реализатор на најстрогата казна беше Хемад. Средбите Хетафе-Виљареал и Гранада-Атлетико Мадрид завршија со почетниот резултат 0-0 |
||||
I'm out bcz of pathetic around here
|
||||
![]() |
||||
Santijago ![]() Сениор ![]() ![]() PubLiCenEmY LatInoLoVerBoY YNWA-LF Регистриран: 17.Јануари.2008 Локација: Tuka be ... Статус: Офлајн Поени: 21002 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|||
Барселона и Реал Мадрид покажуваат сила на домашен теренПо непријатните резултати, односно ремијата минатото коло, двата најдобри шпански клубови им се вратија на победничките патеки и тоа со убедливи триумфи пред своите гледачи. Иако сега засега изненадувачки Бетис е лидер на табелата во Примера, тоа набрзо би требало да се смени. Иако Реал Мадрид и Барселона она стартот од оваа сезона на два пати непријатно не изненадија, вчерашните нивни престави покажаа дека имаат намера повторно да се бидат најдоминантните сили во шпанскиот фудбал.Барселона можеби на гостувањата постојано игра 2-2, но затоа на домашен терен на трите одиграни натпревари има гол разлика од 18-0. По Вилјареал и Осасуна, нова жртва на „Камп Ноу“ синоќа беше Атлетико Мадрид. „Јорганџиите“ водени од добрата форма на последните два натпревари се надеваа на добра игра и позитивен резултат и во Барселона, но домаќинот не мислеше така. Беше испукана нова „петарда“, која ја почна Вилја, потоа помогна Миранда со автоголот, а Меси ја заврши со хет-трик. Реал
Мадрид го пречека својот далеку помал градски ривал, кој добро го
испоти фаворитот особено во првото полувреме. Гостите интересно поведоа
уште во петнаесетата секудна од мечот, но во последните 7 минути од
првото полувреме „кралевите“ направија пресврт преку Роналдо и Игуаин.
Португалецот погоди од белата точка за 3-1, но гостите не се предадоа и
постигнаа гол за намалување на негативата. Откако Ди Марија заработи
втор жолт картон некои помислија дека ќе се повтори натпреварот против
Леванте, кога Реал го доживеа првиот пораз сезонава. Сепак Французите
Фаран и Бензема не дозволија никакво изненадување на „Сантијаго
Бернабеу“. Точка на натпреварот и конечните 6-2 ги постави Кристијано Роналдо со неговиот втор гол од 11 метри. |
||||
I'm out bcz of pathetic around here
|
||||
![]() |
||||
Santijago ![]() Сениор ![]() ![]() PubLiCenEmY LatInoLoVerBoY YNWA-LF Регистриран: 17.Јануари.2008 Локација: Tuka be ... Статус: Офлајн Поени: 21002 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|||
Победа на Реал (М) против Гетафе, Барселона одигра само 2:2 со Реал Сосиедад“Машинеријата“ на Барселона, “зариба“ во вториот дел од натпреварот со Реал Сосиедад. Избраниците на Пеп Гвардиола, после десет минути игра со погодоците на Чави и Фабрегас имаа водство од 2-0. Како го направи водството Барса, така и го прокоцка во само две минути Агире и Гризман ја анулираа предноста и успеаја да и “скинат“ планирани бодови на актуелниот првак. ![]() Киксот на конк*рентот беше добре дојден за фудбалерите на Реал Мадрид, кој со нови три бода остварени на домашен терен совладувајќи го Гетафе со 4-2 изби на чело на табелата. Французинот во дресот на “кралевите“ Карим Бензема два пати ја затресе противничката мрежа, Роналдо и Угаин по еднаш додека погодоците за Гетафе беа дело на Федор. Резултати: Сосиедад - Барселона 2-2, Виљареал - Севиља 2-2, Реал Мадрид - Гетафе 4-2, Валенсија - Атлетико Мадрид 1-0. Табела: Реал Мадрид 6 бодови, Валенсија 6, Барселона 4, Реал Сосиедад 4. . . |
||||
I'm out bcz of pathetic around here
|
||||
![]() |
||||
Santijago ![]() Сениор ![]() ![]() PubLiCenEmY LatInoLoVerBoY YNWA-LF Регистриран: 17.Јануари.2008 Локација: Tuka be ... Статус: Офлајн Поени: 21002 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|||
Реал славеше со убедливи 6-0 кај Сарагоса
|
||||
I'm out bcz of pathetic around here
|
||||
![]() |
||||
Santijago ![]() Сениор ![]() ![]() PubLiCenEmY LatInoLoVerBoY YNWA-LF Регистриран: 17.Јануари.2008 Локација: Tuka be ... Статус: Офлајн Поени: 21002 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|||
Фантастичен пресврт на ВаленсијаВо првиот натпревар од шпанската Примера, Реал Сосиедад на гости го победи Спортинг Хихон, а стрелец на двата голови беше напаѓачот Иманол Агириче. Валенсија беше пред пораз но на крај успеа да го совлада Сантандер кои имаа водство од 1:3. Солдадо ги донесе домаќините во водство уште во втората минута, но по неколку минути си постигна и автогол, а веќе по 14 минут Сантандер водеше со 1:2. Адриај во 56-та минута го постигна и третиот гол за гостите, но бргу возврати Рами. Во самиот финиш од натпреварот, Солдадо постигна уште два гола за голем пресврт и прва победа за Валенсија во новата сезона. Бетис на гостувањето кај Гранада победи со единствениот гол на Кастро во финишот од натпреварот. Спортинг Хихон - Реал Сосиедад 1:2 Недела: Понеделник: |
||||
I'm out bcz of pathetic around here
|
||||
![]() |
||||
Орка ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 30.Август.2008 Статус: Офлајн Поени: 44580 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|||
Како велеше шпенди шпонди во филмон со Лепа Брена
-Колико кошта ова куча? -Није на продаји. -Све је на продаји... Па и насмевката на Чак имала добра цена изгледа ![]() |
||||
![]() |
||||
Marko Polo 1 ![]() Сениор ![]() ![]() venecijaner Регистриран: 20.Ноември.2008 Статус: Офлајн Поени: 9693 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|||
![]() |
||||
Incredible Blue
|
||||
![]() |
||||
Орка ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 30.Август.2008 Статус: Офлајн Поени: 44580 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|||
Нека му ја мисли Барса сега
![]() ![]() |
||||
![]() |
||||
Santijago ![]() Сениор ![]() ![]() PubLiCenEmY LatInoLoVerBoY YNWA-LF Регистриран: 17.Јануари.2008 Локација: Tuka be ... Статус: Офлајн Поени: 21002 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|||
Вечерва “Ел Класико“ Суперкуп на Шпанија
Време е за ново „Ел Класико“. Вечерва од 22 часот на „Сантијаго Бернабеу“ ќе биде одигран првиот натпревар од Супер купот на Шпанија, а тоа значи нов судар на гигантите, нов дуел на супер ѕвездите. Реал против Барселона, Кристијано Роналдо против Лионел Меси. Овие две екипи влегуваат во двомечот со желба новата сезона да ја започнат со трофеј, а тоа е да победат во Супер купот што само ќе ја зголеми самодовербата кај ѕвездите на двете екипи пред стартот на новата сезона. Барселона го брани овој трофеј од минатата година кога ја победи Севиља, а Реал последен пат се радувал на еден супер куп во 2007 година. Традицијата е на страна на Реал Мадрид кој има 4 победи во дуелите со Барселона во Супер купот, кој е вовед во Примера. Реал во пред сезоната оствари подобри резултати, но во редовите на Барселона на пријателските средби не настапуваше нивниот главен играч, Меси кој сега се враќа во клубот, пренесува Спортското радио 90,3 ФМ. Голем мотив во екипата на Реал Мадрид има Кристијано Роналдо кој токму на оваа средба би можел да го постигне својот 100-ти гол во дресот на Реал, тој досега има постигнато 99 гола. Исто така, креаторот на играта на Барселона, Чави доколку го подигне пехарот од Супер купот ќе се израмни според бројот на освоени трофеи со поранешниот играч на Барса, Џелермо Аморо кој има освоено дури 17 пехари. Во двете екипи нема повредени играчи, па така треберите Мирињо и Гвардиола ќе може да сметаат на најсилните состави. Еве ги и веројатните состави за двете екипи на вечерашниот натпревар: Реал Мадрид (4-2-3-1): Касиљас, Рамос, Пепе, Карваљо, Марсело, Кедира, Чаби Алонсо, Ди Марија, Озил, Роналдо, Бензема. Барселона (4-3-3): Валдес, Алвеш, Пике, Абидал, Адриано, Бускетс, Чави, Иниеста, Меси, Виља, Педро. И покрај тоа што неколку фудбалери се жалеле на повреди сигурно дека ќе напраат напори да заиграат на вечерашниот натпревар |
||||
I'm out bcz of pathetic around here
|
||||
![]() |
||||
pecok ![]() Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор ![]() ![]() Регистриран: 01.Јуни.2011 Статус: Офлајн Поени: 300 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|||
The rise and fall of an empire...
|
||||
![]() |
||||
емил ![]() Сениор ![]() ![]() зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|||
Шпанскиот фудбал на работ на банкрот!
|
||||
![]() |
||||
Santijago ![]() Сениор ![]() ![]() PubLiCenEmY LatInoLoVerBoY YNWA-LF Регистриран: 17.Јануари.2008 Локација: Tuka be ... Статус: Офлајн Поени: 21002 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|||
Барса го крена шампионскиот пехар
|
||||
I'm out bcz of pathetic around here
|
||||
![]() |
Внеси реплика ![]() |
страница <12345 7> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања ![]() Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |