IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Македонија и Свет > Историја
  Активни теми Активни теми RSS - ИЛИНДЕН
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

ИЛИНДЕН

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <123
Автор
Порака Обратен редослед
lav4eto Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 18.Април.2008
Статус: Офлајн
Поени: 1540
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај lav4eto Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Јули.2010 во 22:11
Originally posted by mungos80 mungos80 напиша:




Главен штаб на II македонски
револуционен округ
Врф „Победоносец"
15 јули, 1903г.

До центровите и селските началници и народот

Браќа,

Најсетне дојде веќе денот шчо толку многу го чекафне, за да се распрајме со вековниот наш душман! Крфта на загинатите от турската тиранија на првина наши браќа високо викат да си платиме! Згазената чес на нашите мајки и сестри сакат да си дојт на место!

Доста толку маки, доста толку страм! Хилјади пати поарно смрт отколку страмен и скотски живот!

Определениот ден, кога народот от цела Македонија ќе требит да излезит јавно со оражие в раце спроти душманот, јет Илигден - 20 јули, 1903 г. Во тој ден тргнете, браќа, по вашите началници и зберете се пот бајракот на слободата! Дрште се здраво, браќа, во борбата! Само воопорита и долготрајна борба јет нашето спасение!

Долу Турција! Долу тиранијата! Смрт на душманите!
Да јет жиф народот! Да јет жива слободата! Ура!
Ве целиваме братски
Штабот

Н.К. Майски, Илинден. Драма в пет действия 1923, стр. 49.


Кажав ти jaс дека не знаеш бугарски, та си преведувал смешки...

Каде виде високо викат да си платиме?
Пишува "Крфта на нашите невино загинати брака од турската тираниjа вика високо за одмазда"!

И кога jасно пишува "народот на Македониjа и Одринско" зошто си го пропуштил?

И истиот ти пишуваш за "лагите на бугарите"?
Кон врв
mungos80 Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
АНАРХИСТ

Регистриран: 21.Октомври.2009
Статус: Офлајн
Поени: 4330
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mungos80 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Јули.2010 во 22:03
Смилевскиот конгрес

Од 2-7 мај 1903.- во селото Смилево, Демирхисарско, се одржа Смилевскиот конгрес на Битолскиот револуционерен округ на ТМРО. За претседател на Конгресот беше избран Даме Груев. Мнозинството на Конгресот се изјасни за кревање востание

Окружниот комитет на Битолскиот револуционерен округ донел решение за одржување на окружен конгрес на ВМОРО во почетокот на мај 1903 година во с.Смилево, согласно решението на Општиот – Солунски конгрес (јануари 1903). Околиските комитети биле известени за времето и местото на одржување и за бројот на делегатите што требало да учествуваат. Во обезбедувањето на учесниците на конгресот биле ангажирани околу 2000 вооружени лица. Околу Смилево биле воспоставени засилени стражи, а за обезбедување на селото е активирана селската полиција. За одржување на постојана врска со Окружниот и со околиските центри била организирана посебна к*рирска служба.

Соселаните на Груев ја сфаќаа, покрај честа, којашто им се направи, и целата тешка одговорност од престојот на такво мноштво на револуционерни првенци во нивното село. Затоа месното раководно тело, на чело со својот претседател Георги Чуранов, го мобилизирал целото село и на сите мажи и жени им доверил соодветни задачи. Дел од месната вооружена сила, деноноќно ја вардела целата околина на час, час и половина растојание, а стотина души вооружени смилевци биле на нозе внатре во селото. Одделенија од по 3—4 четници биле пооставени по сите соседни села на Смилево. Невидливи стражари од сите села меѓу Смилево и Битола деноноќно внимавале, формирајќи жив телеграф за предавање на било какво сомнително движење откај вилаетскиот центар и по патчето. Сите раководни тела по тие села знаеле, дека во Смилево се собрани најголемите војводи. Стотици и стотици работници иле на нога. И конгресот заработил во спокојство и полна сигурност.

Смилевскиот конгрес започнал со работа на 2 мај (17 април с.ст) 1903 и траел до 7 мај (22 април с.ст.), во Чурановиот дом и на него присуствувале 32 делегати, но продолжиле да пристигнуваат нови и кон крајот на конгресот, бројот им надминал 45. На конгесот присуствувале Д. Груев, претставник на Централниот комитет, а А. Лозанчев, Г. Пешков и Г. Поп Христов — членови на Окружниот револуционерен комитет. Борис Сарафов учествувал како ревизор на четите; од неговите луѓе заседавале како делегати за воени прашања: Димитар Дечев, јункер и поручик Стојков.

Реоните биле претставувани од:

* Битолскиот — од Ѓорѓи Сугарев од Битола, Парашкев Цветков од Плевен, Никола Петров - Русински од Малешевско.
* Демир-Хисарскиот — од Јордан Пиперката и Димитар Матлиев, охриѓанец.
* Крушевскиот — од Никола Карев од Крушево и Иванчо од Латово.
* Кичевскиот — од свешт. Тома Николов, Димитар Спространов, Васил Попов и од војводите Арсо, Јанаки и Ванчо Мицкови.
* Прилепскиот — од Петар Ацев, Јордан Тренков и Тале Христов.
* Ресенскиот — од Славејко Арсов од Штип, Никола Кокарев, потпоручникот Александар Панајотов од В. Трново и Велјан Илиев (познат под псевдонимот Пенчо) од с. Смилево.
* Леринскиот — од Георги Папанчев од Сливен и Михаил Чеков од с. Екшису, Леринско.
* Костурскиот — од Васил Чекаларов и Пандо Кљашев.
* Охридскиот — од Лука Групчев и Христо Узунов (и двајцата охриѓани), Тасе Хростов, Дејан Димитров (Мицковски) и Аргир Маринов.

По предлог на Сарафов, за претседател бил избран Д. Груев. За секретари биле посочени и прифатени Г. Поп Христов и Пар. Цветков.

Првата точка на дневниот ред била: извештаи за состојбата на реоните.

Се покажало, дека целиот округ располага со 8—9000 пушки: Охридско 1500, Костурско над 1000, Ресенско 960, Кичевско 540 и др. Најнеподготвен се покажал Прилепскиот реон (со мошне малку пушки и тоа не сосем погодни). После доаѓаа: Крушевскиот, (со исклучок на градот и на неколку села: Пуста-рака, Горно и Долно-Дивјаци и др.). Битолскиот (со исклучок на реонот: Смилево, Ѓавато, Цапари и др.).

Делегатите на неподготвените реони се изјасниле против востанието и го критикуваа остро поведението на Лозанчев, затоа што на Солунскиот конгрес го претставувал цело Битолско, без претходно да го земе мислењето на одделните реони во округот. Делегатите на најподготвените околии — Костурско, Демир-Хисарско и Охридско настојуваа за востание. Највоинствен бил Костурскиот делегат Чакаларов, а најголем противник за востанието — П. Ацев.

Спорот продолжил доста долго. Воинствените настојувале, неподготвените се противеле.

Понатамошните спорови се сметале за бескорисни и се започна конкретна, деловна работа: како да им се помогне на неподготвените реони; какво востание да се направи; кога да се востане; како да се искористи времето за востанието.

На прилепчани им се ветиле извесно количество пушки, гилзи и барут. На крушевчани гилзи од патрони „Гра“ и др. Надежта била во Охридско, кадешто веќе редовно се доставуваа пушки и други материјали од Арнаутите, пренесувани по езерото.

Како врховна револуционерна власт се избра Главен востанички штаб, задолжен да раководи со приготвувањето до востанието и дејствијата во текот на самото востание. Во Штабот влегле Д. Груев, Борис Сарафов и А. Лозанчев, со евентуални помошници: Г. П. Христов (за Д.Груев), П. Ацев (за Сарафов) и Л. Поп Трајков (за Лозанчев). Членовите на Штабот се избрале со јавно гласање, а нивните заменици — со тајно. Се прифатило и непротоколарно решение да бидат вклучени кон Главниот штаб, во случај да дојдат за време на востанието, уште и: Хр. Матов, П. Тошев и Ѓорче Петров

Конгресот го ополномоштил Главниот востанички штаб да ја определи, во спогодба со Централниот комитет и со другите окрузи, датата на востанието, но во никој случај не порано од месец јули. Се имало предвид да се пополни, колку што е возможно, недостигот на бојни резерви, да се достават санитарни материјали, да се складира нужното количество храна и да се мине набрзина кон еден к*рс на воена обука. На Штабот му се доверуваше и да влезе во спогодба со другите окрузи и да дејствува на било каков начин за да востанат и тие.

Одново започнале спорови околу карактерот на востанието: масово или партизанско. Преодолеало и се усвои од сите делегати, мислењето за партизанско востание. Од вооружените луѓе во секој реон се составуваат чети од по 30—50 луѓе. Четите да дејствуваат по изработен план, без да го ангажираат целото население. При покрупни напади, што изискувало поголеми сили, одредот, веднаш по извршената акција, да се раздели на чети и да се распрска за полесно криење и хранење.

Се мислело, дека така селата ќе можат да се запазат и востанието ќе биде подолготрајно. Исто така се решило, да не се допуштат жестокости над мирното турско население и да се штедат турските села, освен ако турците не започнат да ги палат нашите.

Власта во реоните им се повери на горските раководства. Градските раководства се поставуваа во услуга на горските раководства и им се препушташе да извршуваат информациона, посредничка и интендантска служба — исполнување на разни порачки и испораки. На реонските раководства им се довери да ги разделат своите реони на центри и да изберат централни војводи, кои би поминале по еден к*рс на воена обука под раководството на: Никола Дечев, јункер — во Демир-Хисарско, Кичевско и Битолско; Стојков, поручик — во Охридско; Тод. Христов, потпоручник — во Крушевско; Панајотов, потпоручник — во Ресенско и Преспанско; Папанчев, потпоручник, — во Леринско; Ив. Попов, фелдфебел — во Костурско.

Сарафов и Ник. Дечев изработиле „Востанички дисциплински устав“ за правата, должностите и казните на востаниците, десетарите, централните и реонските војводи. Тој устав, приготвен според воените устави, се прифатил со мали измени. Сарафов изработил и една инструкција за инструкторите, задолжени да раководат со к*рсот на обуката.

По сите прашања, што се однесува до техничката страна на востанието — материална подготовка, обука, тактика и др. Борис Сарафов, како најкомпетентен, зборувал најмногу и дал вредни совети.

Додека заседавал конгресот, во Солун и Битола се случија потресни настани. Солунската филијала на Отоманската банка беше разрушен на 16 април вечерта во навечерието на конгресот. Гоце Делчев загина во Баница. Заседанијата беа на привршувањето, кога во Битола, како последица на солунските атентати, на 23 април се изврши колеж над христијаните.

За донесените решенија конгресот ги известил Централниот комитет во Солун и Задграничното претставништво во Софија во кое биле д-р Х.Татарчев и Х.Матов. Конгресните документи им ги предал делегатот на конгресот – свештеникот Т. Николов.

Изменето од mungos80 - 28.Јули.2010 во 22:03
“Додека ние се боревме,мизерувавме и гиневме,некои од народните пари си купуваат куќи и трупаат богатство“ - Ѓорѓи Сугарев
Кон врв
mungos80 Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
АНАРХИСТ

Регистриран: 21.Октомври.2009
Статус: Офлајн
Поени: 4330
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mungos80 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Јули.2010 во 22:01



Главен штаб на II македонски
револуционен округ
Врф „Победоносец"
15 јули, 1903г.

До центровите и селските началници и народот

Браќа,

Најсетне дојде веќе денот шчо толку многу го чекафне, за да се распрајме со вековниот наш душман! Крфта на загинатите от турската тиранија на првина наши браќа високо викат да си платиме! Згазената чес на нашите мајки и сестри сакат да си дојт на место!

Доста толку маки, доста толку страм! Хилјади пати поарно смрт отколку страмен и скотски живот!

Определениот ден, кога народот от цела Македонија ќе требит да излезит јавно со оражие в раце спроти душманот, јет Илигден - 20 јули, 1903 г. Во тој ден тргнете, браќа, по вашите началници и зберете се пот бајракот на слободата! Дрште се здраво, браќа, во борбата! Само воопорита и долготрајна борба јет нашето спасение!

Долу Турција! Долу тиранијата! Смрт на душманите!
Да јет жиф народот! Да јет жива слободата! Ура!
Ве целиваме братски
Штабот

Н.К. Майски, Илинден. Драма в пет действия 1923, стр. 49.
“Додека ние се боревме,мизерувавме и гиневме,некои од народните пари си купуваат куќи и трупаат богатство“ - Ѓорѓи Сугарев
Кон врв
mungos80 Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
АНАРХИСТ

Регистриран: 21.Октомври.2009
Статус: Офлајн
Поени: 4330
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mungos80 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Јули.2010 во 21:56
Крушевски манифест (2-3 август 1903 г.)

Слобода или смрт
Штаб на крушоските востаници
Илинден 1903г.
Прокламација до турскиот народ во Крушоската Револуциона Околија
Браќа земљаци и мили комшии!

Ние, вашите вечни комшии, пријатели и познајници от хубавото Крушево и от неговите китни села без разлика на вера, народност, пол и убежденија, неможејќи веќе да трпиме иранијата на жедните за крф и гладните за човечко мо муртати шчо гледаат и нас и вас, да дотераат до нош, и нас и вас да дотераат до питачки стап и нашата мисла и богата земја Македонија да заприлаегат на пуста пустина, денеска дигнафне глава решифне со пушка да се браниме от тие наши и ваши душмани и да добиеме слобода. Вие мошне арно знајте оти ние не сне лоши и разбирате оти от мака си кладофне главата в торба, за да заживјеме чоечки или пак да умриме јуначки! Бидејќи от дело - предело си живејме како браќа на оваја земја, ние ве имаме како сфои и сакаме до крај да останиме сфои. Ние не дигнафне пушка протиф вас - това би било страм за нас; ние не дигнафне пушка протиф мирниот, трудољубивиот и чесниот турски нарот шчо се прерануат, како нас со крваф пот - тој јет наш брати и со него сне живејале и пак сакаме да живејме; ние не излегофне да колиме и да грабиме, да палиме и крадиме - доста ни сет зулумите на безбројните деребеи по нашата сирота и окрвавена Македонија; ние не излегофне да порисјанчуаме и да бесчестиме вашите мајки и сестри, жени и ќерки: требит да знајте оти вашиот имот, вашиот живот, вашат вера и вашата чес ни сет толку скапи, колку шчо ни сет, скапи нашите. Анџак, за да си завардиме имотот, животот, верата и честа, ние сне зеле пушка. Ние не сне муртати на сфојата земја шчо не родила, ние не сне арамии и јанкесеџии, а ревољуционери пот клетва да умриме за правото и за слободата; ние се бунтуваме протиф тиранијата и протиф ропството; ние се бориме и ќе се бориме протиф муртатите, протиф арамиите, протиф зулумќарите и јанкесеџиите, протиф насилниците на нашата чес и на лумќарите и јанкесеџиите, протиф насилниците на нашата чес и на нашата вера и протиф тие шчо смучат нашата пот, и експлоатираат нашиот труд. От нас, и от нашите села да не се плашите - никому зијан не ќа сториме. Ние не само ве имеме како сфои браќа туку и ве жалиме како сфои браќа, бидејќи разбираме, оти и вие сте робје како нас, робје на царот, и на царските бегој, ефендии и паши, ројбе на богатите и на силните, робје на насилниците и на зулумќарите, шчо ја запалија царшчината от четирите страни и шчо не натераа нас да дигниме глава за право, за слобода и за чоечки живот. За право, за слобода и за чоечки живот ве каниме и вас, да дојдите заедно да водиме борба! Елате, браќа мусљумани, при нас да тргниме против вашите и наши душмани! Елате пот бајракот на „Афтономна Македонија"! Македонија е заедничка наша мајка и викат за помош. Елате да скршиме синџирите на ропството, да се к*ртулиме от маки и страданија, и да пресушиме реките от крвој и солзи! Елате при нас браќа, да си слејме душите и срцата и да се спасиме, та ние и нашата чељат и пречељат да живејат мирно, да си работат спокојно и да напредуват!... Мили наши комшии! Како Турци, Арнаути и мусљумани, разбираме, вие се си мислите оти царстфото јет ваше и оти вие не сте робје, шчом на царскиот бајрак немат крст, а имат ѕвезда и месечина. Оти не јет така и оти грешите, вие брго ќе се сетите и ќа го разберите. Ама ако ви јет намуз да дојдите при нас и да се објавите протиф царската тиранија, ние, вашите по таткојна и по страданија браќа, немат да се докачиме и не ќа ве мразиме. Ние сами ќе се бориме и за нас и за вас, ако јет потребно, до еден ќа умриме пот бајракот за нашата и ваша слобода и за нашето и ваше право. „Слобода или смрт" јет писано на нашите чела и на нашиот крваф бајрак. Ние веќе го дигнафне тој бајрак и немаат враќање. Ако и вие не имате како ваши браќа и ни сакате доброто, ако есапите пак да живејте сонас, како што сте живејале до сега и ако сте верни и достојни синој на мајка Македонија, можите да ни поможите само со еднонешчо - а тоа јет голема помош: да не се заортачите со душманите, да не дојдите со пушка протиф нас и да не прајте зулуми по рисјанските села!

Нека Госпот Бог да блослојт светата борба за правото и слободата!
Нека сет живи борците за слободата и сите чесни и добри македонски синој!
Ура! За „Афтономна Македонија"!

Н.К. Мајски, Илинден, стр. 36-38.
“Додека ние се боревме,мизерувавме и гиневме,некои од народните пари си купуваат куќи и трупаат богатство“ - Ѓорѓи Сугарев
Кон врв
mungos80 Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
АНАРХИСТ

Регистриран: 21.Октомври.2009
Статус: Офлајн
Поени: 4330
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mungos80 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Јули.2010 во 21:55
Илинден односно денот на Св. Илија е голем македонски национален и православен празник, кој се одбележува на 2 август. Илинден има посебно значење за македонскиот народ. Тој е празник на 3 настани од духовна и национална природа кај македонците. Првиоот празник е денот на Св. Илија. Вториот настан е дента на почетокот на Илинденското востание во 1903 и како трет настан е Првото заседание а АСНОМ во 1944 година. Духовниот момент и двата други историски моменти за Република Македонија кои се имаат случено на Илинден, даваат дополнително значење на овој празник. Денес, илинденската традиција е испреплетена со патриотски, фолкорни и религиски симболи, што го прави Илинден еден од најбитните празници во Македонија
“Додека ние се боревме,мизерувавме и гиневме,некои од народните пари си купуваат куќи и трупаат богатство“ - Ѓорѓи Сугарев
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <123
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,141 секунди.