IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Македонија и Свет > Политика и вести
  Активни теми Активни теми RSS - Референдум за формирање најниска плата!!
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Референдум за формирање најниска плата!!

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <12345 7>
Прашање: Дали сте за вакво референдумско прашање?
Одговор Гласови Статистика
18 [75,00%]
6 [25,00%]
Не може да гласате на оваа анкета

Автор
Порака Обратен редослед
Buggyman Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 26.Јуни.2009
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 1308
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Buggyman Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Јуни.2010 во 20:02
Мислам дека реално би било секој од нас да каже, дали за еден достоинствен живот треба да се има помалку од 40.000,00 ден.?
Homo homini lupus est...
Кон врв
brza Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 06.Февруари.2006
Локација: vidiFOTOupotpis
Статус: Офлајн
Поени: 34534
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај brza Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Јуни.2010 во 19:50

"Дали е 40.000,00 ден доволно?

НЕ, и тоа е малку ако 9 часа не можеш да кренеш глава од пред работната маса со камера над главата со кој работодавецот те арбитрира колку си “продуктивен“ додека еден ден не почнеш да пееш.."


изненадување
изненадување.....sepak e mnogu podobro od,...istiot monitoring da ti go pravat za ,...duri za 4-5 pati pomalku ,..kako shto e vo realnosta!
Patriotizmot e poslednoto skrivalishte na kriminalcite.-Albert Einstein
Mokjta od sekogash privlekuvala lugje so nizok moral.-Albert Einstein
Кон врв
Buggyman Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 26.Јуни.2009
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 1308
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Buggyman Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Јуни.2010 во 19:49
Originally posted by Анастеа Анастеа напиша:

Колективен договор за минимална плата постои но само за во текстилната индустрија чинам некаде или 4.500 или 5.000 денари. Реков - сумата е под секое достоинство.Мислам дека имаше предлог од опозицијата за минимална плата од околу 8.000 денари, но ништо не бидна од тоа.И привлекувањето инвестиции не зависи само до платите, никој тоа не го тврди туку таа е еден од основните чинители при економската проценка каде да се вложи. Некаде на претходните страни пишувавме за тие фактори, да не ги повторуваме сега, веќе одиме во друга тема.
Колективен договор за минимална плата постои но само за во текстилната индустрија чинам некаде или 4.500 или 5.000 денари. Реков - сумата е под секое достоинство.

Некој на форумот мисли поинаку прикажано “праку бројки“.
Homo homini lupus est...
Кон врв
Buggyman Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 26.Јуни.2009
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 1308
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Buggyman Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Јуни.2010 во 19:44
Originally posted by Анастеа Анастеа напиша:

Во право е Античкиот намигнување, нели си е економист си знае: со ваква ниска продуктивност на трудот, минимална плата ќе одредува кој (работодавец) како ќе стигне. Кога ниту еден Државен Завод за статистика не води никаква евиденција по податоци за продуктивност на трудот, можете да замислите која продуктивност ја има македонската економија во споредба со други држави. А разликата во ниво на продуктивност е еден од основните показатели за споредба на плати помеѓу држави или компании. Поголема продуктивност - поголемо или исто количество произведени производи, со помали трошоци за капитал, работна рака, материјал. Едно нешто што ги крати платите кај нас е и преголемата желба на новопечените бизнисмени за екстрапрофит и брза заработувачка преку ноќ, па кратат и на плати и на фондови кои компаниите треба да ги одвојуваат (за амортизација и слично...), за да “газдата“ си купи џип, стан, вила-мила... Слушанле за економија, слушнале за капитализам па ај и ние капиталисти, преку ноќ.За платите на административците - од кое производство да се зголемат? Основа на секое општество е производството, се друго е надградба и се храни од него. Ако основата е слаба, каква да биде надградбата? Плата од 8.000 евра??? Убаво би било, ама за жал е далеку од реалноста, не само за нас туку и за поразвиените европски земји. Учителите во Италија пред неколку месеци штрајкуваа да им се покачат платите, кои патем изнесуваат 800 евра (учителите во основно) а за наставниците беше некаде 1.500 до 1.800. И другите земји се тука некаде, со нешто повеќе.Европските земји различно ја регулираат минималната плата. Некои со закони, некои со колективни договори, некои никако.Притоа има разлика со терминот “најниска плата“, која е елемент за одредување на основна плата, според коефициенти по работни места. Не знам дали авторот на темава мислел на неа, но таа е различна по гранки и дејности и не може да биде насекаде 40.000 ден. топ-тан голема%20насмевка


"Авторот" мислел на еден достоинствен живот на граѓаните а не трудот на граѓаните да се наплатува за преживување.

Нашиве економисти на форумот се објаснија преку бројки, прикажувајќи го македончето како непродуктивно, мрзливо, "со стап" работливо.... и.т.н заборавајќи притоа еден многу важен детал

За што служи личниот доход, вложениот труд?

Дали вложениот труд, во која било фирма, треба да биде СЛУГУВАЊЕ кон работодавецот или обезбедување за себе и семејството еден достоен живот?

Кога наведов дека анкетава не е само од економски аспект туку и од психолошки, укажува колку сме пасивни кон себе но како најголеми жртви во нашата пасивност е нашето најблиско семејство.

Личниот доход не е само средство за да може да се исплатат сметките, трошоците,- истиот служи и за многу други потреби за иднината, децата растат а ним им треба едукација а ова е само еден мал пример...

Многуте тендери, продадени државни фирми и компании на странските инвеститори, да имавме ЛУЃЕ (читај политичари и луѓе блиски до власта, за сите говорам) кој се коректни и “не наплатуваа“ за доделување на тие тендери (тие знаат за процентот) или истите тие “легални“ пари да ги вложат во подобрување на економијата немаше ниту “авторот“ да поставува вакви теми!!! За жал, (не знам ни самиот колку да се жалиме себеси со вакво размислување) дозволивме да ни се прегази достоинството и честа. Дозволивме децата да не прашуваат зошто само преживуваме а ние им објаснуваме бранејќи некого кој експресно се збогатува на мој, ваш, грб и измислува 1001(ноќ) приказна за да го сврти вниманието кон нешто друго. Од друга страна, своите деца ги заболуваме со нашиот бескичмен синдром наречен ПАСИВНОСТ!.

Дали е 40.000,00 ден доволно?

НЕ, и тоа е малку ако 9 часа не можеш да кренеш глава од пред работната маса со камера над главата со кој работодавецот те арбитрира колку си “продуктивен“ додека еден ден не почнеш да пееш..

http://www.youtube.com/watch?v=MgNkJfTfHa4

Homo homini lupus est...
Кон врв
Анастеа Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПИПИ долгиот чорап

Регистриран: 07.Април.2008
Статус: Офлајн
Поени: 35441
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Анастеа Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Јуни.2010 во 15:12
Колективен договор за минимална плата постои но само за во текстилната индустрија чинам некаде или 4.500 или 5.000 денари. Реков - сумата е под секое достоинство.
Мислам дека имаше предлог од опозицијата за минимална плата од околу 8.000 денари, но ништо не бидна од тоа.

И привлекувањето инвестиции не зависи само до платите, никој тоа не го тврди туку таа е еден од основните чинители при економската проценка каде да се вложи. Некаде на претходните страни пишувавме за тие фактори, да не ги повторуваме сега, веќе одиме во друга тема.
Кон врв
marsovec Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 18.Април.2010
Статус: Офлајн
Поени: 3378
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај marsovec Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Јуни.2010 во 13:45
Originally posted by Анастеа Анастеа напиша:


Марсовец, гледам Платеник веќе дал убаво објаснување, тоа е тоа.Јас убаво напишав:
Originally posted by Анастеа Анастеа напиша:


Минималната плата како законска категорија штити од сиромаштија и како
социјална категорија е пожелно да се има
. Но од друга страна, нејзината висина обично е контрапродуктивна
за странски инвеститори, посебно за привлекување капитал во
неразвиени или земји во развој
. Капиталот (покрај другите услови)
бара што повисок профит со што помали трошоци, еден од нив е и работната
сила. Кај ги има условите, таму има и инвеститори. Кај нас и така ги
нема, па уште и со минималец (како предложениов од 40.000 денариголема%20насмевка) сите џом ќе
станат.
Зборувам за висината на минималната плата и за нејзиното влијание во одлучувањето на инвеститорите дали ќе вложат во одредена земја или не. Ваков “минималец“ од 40.000 ден делува на одвраќање на капиталот на поевтин пазар на работна сила, кој го има во изобилие.И зборувам за неразвиени и земји во развој, бидејќи тие имаат најголема потреба од инвестиции.За споредба низ европските земји, најголем дел од нив имаат минималец од 100 до 300-400 евра. Во другите групи спаѓаат побогатите земји. Германија нема закон за минималец, како и во други неколку земји во кои тој се одредува со колективен договор.И во повеќето земји каде е законски воведена, нејзината висина се движи некаде од 30 до 40%, 45%... од просечните плати.Значи ако веќе размислуваме за минимална плата, нејзината висина треба да биде поприземна.


Па во преговорите пред повеќе години помеѓу владата и синдикатите предлогот беше негде околу 5000 денари, а и тоа не беше прифатено.Та кој во нашето пошироко и потесно опкрушување има помала плата?Мали плати ама пак нема инвеститори.Значи не ќе да е само платата.А плата со која нема обезбедено минимална егзистенција и не е плата ,бидејки не е доволна за физичка обнова на трудот, а и срамно е за држава која се изјаснува како социјална.

Изменето од marsovec - 11.Јуни.2010 во 13:46
СЕ Е КОНЕЧНО САМО ГЛУПОСТА Е БЕСКОНЕЧНА - САМО КАЈ НАС
Кон врв
Biolica Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 09.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 808
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Biolica Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Јуни.2010 во 09:58
Najniskata plata sepak treba da gi pokrie sekojdnevnite troskovi , lekovi , hrana i patarina , barem tuka mislam posle kirija i plakanje stan e negde 6000 kruni , koj se nekoj si 600 eu za vozrasno lice
Кон врв
Platenik Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Октомври.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3600
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Platenik Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Јуни.2010 во 03:21
@Антички

Суфицит во платниот биланс?! Финансиски пљачки и малверзации, деривати давање кредите без учество и 150% од вредноста на купеното добро?! Ефикасните администрации?! Непотизмот како онај на Ѓорги Грмушката?!

Мислиш како што е и во најразвиенти земји?

Проблемот е глобален, да бевме само ние ќе речев ајде.
Ние сме само жабата, која го гледа коњот од далеку.

Изменето од Platenik - 12.Јуни.2010 во 06:15
Гроф Игнатиев: "Ви се обрнувам Вам (г-дин Бахмачев), дека ЈАС ЈА СОЗДАДОВ ВЕЛИКА БУГАРИЈА, ЗАРАДИ РУСКИТЕ ИНТЕРЕСИ на исток "- (М.Цемовиќ - " Маќедонски проблеми и Маќедонци", Београд, 1913 ,33.)“

Кон врв
Анастеа Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПИПИ долгиот чорап

Регистриран: 07.Април.2008
Статус: Офлајн
Поени: 35441
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Анастеа Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Јуни.2010 во 02:55
Марсовец, гледам Платеник веќе дал убаво објаснување, тоа е тоа.
Јас убаво напишав:

Originally posted by Анастеа Анастеа напиша:


Минималната плата како законска категорија штити од сиромаштија и како социјална категорија е пожелно да се има. Но од друга страна, нејзината висина обично е контрапродуктивна за странски инвеститори, посебно за привлекување капитал во неразвиени или земји во развој. Капиталот (покрај другите услови) бара што повисок профит со што помали трошоци, еден од нив е и работната сила. Кај ги има условите, таму има и инвеститори. Кај нас и така ги нема, па уште и со минималец (како предложениов од 40.000 денариголема%20насмевка) сите џом ќе станат.


Зборувам за висината на минималната плата и за нејзиното влијание во одлучувањето на инвеститорите дали ќе вложат во одредена земја или не. Ваков “минималец“ од 40.000 ден делува на одвраќање на капиталот на поевтин пазар на работна сила, кој го има во изобилие.И зборувам за неразвиени и земји во развој, бидејќи тие имаат најголема потреба од инвестиции.

За споредба низ европските земји, најголем дел од нив имаат минималец од 100 до 300-400 евра. Во другите групи спаѓаат побогатите земји. Германија нема закон за минималец, како и во други неколку земји во кои тој се одредува со колективен договор.
И во повеќето земји каде е законски воведена, нејзината висина се движи некаде од 30 до 40%, 45%... од просечните плати.

Значи ако веќе размислуваме за минимална плата, нејзината висина треба да биде поприземна.



Изменето од Анастеа - 11.Јуни.2010 во 02:56
Кон врв
Античкиот Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор

Поглавица Тешки Очи

Регистриран: 14.Ноември.2009
Статус: Офлајн
Поени: 186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Античкиот Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Јуни.2010 во 17:20
Вака сега, значит најбезболно...
Приметив дека сите досега кажуваат субјективни мислења, неостварени желби и лични перцепции... Мораме да се вратиме во реалноста... јас не велам дека ние во дадени услови не сме продуктивни, можеби сме - но во истите ceteris paribus услови, мислам дека има многу народи кои би биле и се попродуктивни од нас. Но правиме муабет за Македонија така? кое е моето мислење тука, ..., значи овој народ е навикнат на камшик...  Ние , бре , драги форумски пријатели - прво и основно - немаме исправен вредносен, етички и морален систем. Зарем не гледате што се дешава во државава??? Дали на нашите деца им е поважно да е број 1 ученик или да има најдобар мобилен телефон во класот? Дали цела оваа администрација која по линија на владејачката дебилна власт е седната во тие столчињата од комунизмот- дали сметате дека со такви луѓе реално може да тргне работата напред?
Занчи се промовира етнички квоти во држава каде од друга страна се застапува (декларативно за жал) за граѓански принцип....
Судсвото е во кома...
Администрацијата е од поодамна во кома...
Спектакуларни пљачки на банки и други финансиски институции...
Хаг си игра мајтап со нас , па ги суди кој како сака - а ги враќа кој како сака предмети, за после овие нашиве лижи***** од судии се прогласет за ненадлежни за тие предмети,
Немаме никаков меѓународен респект... Ние мислиме дека светот нокти гризи кога ние ке го решиме наметнатиот проблем со името, и едвај чекаат уште 2 милиони пред вратите на унијата??? Абе не им е гајле ама ич... Ние сме едно диво предградије, си имаат тие и свои проблеми, и се во холд позиција со нас... кога керешиш тогаш ке влезиш... е извинете,,,
ама странски инвеститор не доаѓа тек така... сето ова го збунува....тоа е главниот проблем... дотогаш - додека ние не прикажеме суфицит на платниот биланс, не очекувајте поголеми плати...  што се филмаме???
Секој џамбаз си го фали атот... ама дај да сме реални..  дај да се приземјиме...
Без странски ивестиции ке тапкаме на ова место уште години- и нема да им е гајле ама ич... мораме сами да ги средиме проблемите...
Не сакам повторно да навлегвам во дебати, пошо гледам дека правиме муабет за желби и субјективности а не за реално поткрепена економска теорија и логика...
До предлагачот на темата, јас би гласал за таков закон,,, нормално.... НО....ке ти кажам неколку поразителни факти усвоени од ДЗС... абе ние уствари и немаме веродостојни нформации за економските параметри околу нас... ние сме една од последните земји во европа (заедно со албанија, молдавија и еште некоја) кои користиме фиксен девизен (врзан) к*рс за еврото...тоа драг пријателе е одлика на земја од третиот свет... зато да не бараме минимуми од 800 евра - кога еден таков минимум е во германија мислам препишан... германија- моторот и сржта на европа..далеку сме од темата...
а со ваков народ (тоа е лично мое мислење) со мамини и татини синови, со партиски полизурковци, со факултети ко ФОН или ојој европскиот или не знам уште еден куп други приватни, со државни факултети каде орлите - професори по 100 години предаваат на катедри постари и од нив самите, со едно такво гласачко тело како ова на ве ме ро, со корупција на секој ќош, со луѓе на кои им е скршена кичмата овие 20 години од оваа е**** транзиција, со олкав државен апарат, со еден куп џандари со 25.000 ден плата и пензија од 30.000 ден. која ја добиваат на 50 години, а допринеле само удбашење и тепање ... не знам дали заслужуваме и 200 еур примања,,, али то е то... уште паќаме низ бездната, уште не сме го допреле дното... ова е мое мислење... затоа пријатели, спотвење на газовите а не сонување со отворени очи,,, читање книги , а не фурање филмови балканске пророчице клеопатре...
само тешко нас некој да не дотерат во колосек, ни се бендисвит шемата 500 денари трошам, 300 денари заработвам... то е то...

Изменето од Анастеа - 11.Јуни.2010 во 03:00
Кон врв
Platenik Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Октомври.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3600
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Platenik Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Јуни.2010 во 04:17
Originally posted by marsovec marsovec напиша:

Originally posted by Анастеа Анастеа напиша:


Само накратко: не е точно дека како работници сме едни од најслабите, апсолутно не е точно. Човечки ресурси имаме, но во огромен процент се неефикасно искористени. На домашно ниво, точно дека македонскиот работник има многу ниска продуктивност, можеби затоа и ДЗС не ја мери како статистички податок. Тоа се должи на неоптимална искористеност на работните потенцијали, неинвестирање во обуки на работниците, неефективно работно време, слаба организација на работно место... Иако постојат и компании кои се исклучок од ова, па поради поголемата продуктивност се поконк*рентни на пазарот , остваруваат поголеми профити, аналогно и плати.Кој видел и надвор знае како македонскиот работник е ценет и ефективен на работното место, и тоа во најразлични дејности, но под поинакви услови и економска клима од домашната. Со добра организација, во оптимални работни услови, без додатни преоптоварувања (и на крај наградата за трудот како мотивација), нашиот работник знае да биде ценет како работна сила. Затоа немојте со такви стереотипи дека нас за ништо не не бива.Да се вратиме на темата.Минималната плата како законска категорија штити од сиромаштија и како социјална категорија е пожелно да се има. Но од друга страна, нејзината висина обично е контрапродуктивна за странски инвеститори, посебно за привлекување капитал во неразвиени или земји во развој. Капиталот (покрај другите услови) бара што повисок профит со што помали трошоци, еден од нив е и работната сила. Кај ги има условите, таму има и инвеститори. Кај нас и така ги нема, па уште и со минималец (како предложениов од 40.000 денариголема%20насмевка) сите џом ќе станат.Претпоставувам таа е економската логика на сите досегашни влади што го избегнуваат прашањето.Единствен минималец мислам е постигнат со колективен договор за текстилната индустрија, од 4.500 или 5.000 ден. Сумата е под секое достоинство и е најблиску до бугарскиот минималец од околу стотина евра, кој пак е најнизок во Европа.

Најниската плата е контрапродуктивна за инвеститторите?
Леле ќе се исплашат кога ќе чујат дека била околу сто евра, а ваму им ветува владата дојдете во нашиов рај имаме најниско платена работна сила ( да не помислиле бесплатна?).
Да не е за плачење за смеење би било.Па ние сме единствената држава со толку ниски плати и со никаква заштита на работниците.
Знаете ли дека доприносите кон државата се често од поголема основица одошто е вистинската плата?



Не најниската плата, тука висината на најниската плата може да биде неатрактивна за идните инвсетитотри.

Доколку минимланата плата е заокружена на 4000 денари, сигурен сум дека тоа нема да преставува проблем. Всушност ќе биде многу конк*рентна на светскиот пазар и ќе можеме да им кокнурираме на Индија и Кина, се разбира по основ на платите. Сега зборуваме само за платите, другото не го земаме во предвид.

Замисли ако минималната плата е заокружена на 40000 денари? Што мислиш дека инвестоторите ќе навалат? Замисли уште ако ги спроведуваме сите регулативи кои се спроведуваат на западот, како ХТЗ, работничка компензација, строго регулирано работно време и паузи, бонуси, осигурувања.....стапката на невработеност нема да биде 30% со гранција.

Сега да се вратиме на минималецот од 4000 денари. Според цените кои се на домашниот пазар тие 4000 денари не се ништо друго сем обична експлоатација. Работење за грст ориз, ко вол за слама.

Прашање е дали некој може да понуди повеќе? Не, економски е неиздржливо во дадената економска состојба.
Работникот ќе биде продуктивен, ќе ги исполни сите норми, стандарди ќе го направи она за што бил ангажиран, но ако производството остане во магацин тогаш и тие 4000 денари ќе бидат многу. Само со реализацијата на произведеното ќе може да се заокружи целиот процес.

Не е така едноставно како што навидум изгледа.

Производство, продажба, производство, продажба и пак производство продажба.....и така во недоглед. Во тој перпетум мобиле со текот на времето ќе може да се очекува и нагорен тренд. Процесот е долготраен и макотрпен и треба да биде пропратен со соодеветна регулатива, прогресивна даночна политика, фискална, финасиска......

Оваа регултаива би требело да биде умно водена со цел да се намалат социјалните разлики меѓу граѓаните (порамномерна дистрибуција на стекантото богатство), а истовремено таа регулатива да небиде рестриктивна со што би допринела да се изгуби интересот на инвеститорите, домашни и странски.

Рајот е реален, треба да се стремиме кон него.



Изменето од Platenik - 11.Јуни.2010 во 08:23
Гроф Игнатиев: "Ви се обрнувам Вам (г-дин Бахмачев), дека ЈАС ЈА СОЗДАДОВ ВЕЛИКА БУГАРИЈА, ЗАРАДИ РУСКИТЕ ИНТЕРЕСИ на исток "- (М.Цемовиќ - " Маќедонски проблеми и Маќедонци", Београд, 1913 ,33.)“

Кон врв
marsovec Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 18.Април.2010
Статус: Офлајн
Поени: 3378
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај marsovec Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Јуни.2010 во 20:13
Originally posted by Анастеа Анастеа напиша:


Само накратко: не е точно дека како работници сме едни од најслабите, апсолутно не е точно. Човечки ресурси имаме, но во огромен процент се неефикасно искористени. На домашно ниво, точно дека македонскиот работник има многу ниска продуктивност, можеби затоа и ДЗС не ја мери како статистички податок. Тоа се должи на неоптимална искористеност на работните потенцијали, неинвестирање во обуки на работниците, неефективно работно време, слаба организација на работно место... Иако постојат и компании кои се исклучок од ова, па поради поголемата продуктивност се поконк*рентни на пазарот , остваруваат поголеми профити, аналогно и плати.Кој видел и надвор знае како македонскиот работник е ценет и ефективен на работното место, и тоа во најразлични дејности, но под поинакви услови и економска клима од домашната. Со добра организација, во оптимални работни услови, без додатни преоптоварувања (и на крај наградата за трудот како мотивација), нашиот работник знае да биде ценет како работна сила. Затоа немојте со такви стереотипи дека нас за ништо не не бива.Да се вратиме на темата.Минималната плата како законска категорија штити од сиромаштија и како социјална категорија е пожелно да се има. Но од друга страна, нејзината висина обично е контрапродуктивна за странски инвеститори, посебно за привлекување капитал во неразвиени или земји во развој. Капиталот (покрај другите услови) бара што повисок профит со што помали трошоци, еден од нив е и работната сила. Кај ги има условите, таму има и инвеститори. Кај нас и така ги нема, па уште и со минималец (како предложениов од 40.000 денариголема%20насмевка) сите џом ќе станат.Претпоставувам таа е економската логика на сите досегашни влади што го избегнуваат прашањето.Единствен минималец мислам е постигнат со колективен договор за текстилната индустрија, од 4.500 или 5.000 ден. Сумата е под секое достоинство и е најблиску до бугарскиот минималец од околу стотина евра, кој пак е најнизок во Европа.

Најниската плата е контрапродуктивна за инвеститторите?
Леле ќе се исплашат кога ќе чујат дека била околу сто евра, а ваму им ветува владата дојдете во нашиов рај имаме најниско платена работна сила ( да не помислиле бесплатна?).
Да не е за плачење за смеење би било.Па ние сме единствената држава со толку ниски плати и со никаква заштита на работниците.
Знаете ли дека доприносите кон државата се често од поголема основица одошто е вистинската плата?


Изменето од marsovec - 09.Јуни.2010 во 20:14
СЕ Е КОНЕЧНО САМО ГЛУПОСТА Е БЕСКОНЕЧНА - САМО КАЈ НАС
Кон врв
mamamd Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Почесна конзулка

Регистриран: 02.Ноември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 25679
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mamamd Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Јуни.2010 во 13:25
Аии изгледа прекардашивме со висината на минимумот (мака ми е ама морам на Ориганецот да му признаам дека беше во правотага) . Мојот омилен колумнист ( ај не е само тој ги има уште неколкумнаголема%20насмевка) низ својата ама ептен реална секојдневница на интеллектуалата на македонија ни прати порака дека сме се занелегазење%20од%20смеење.

Банките сметаат дека 40 000 се најмногу што се може, а ние мегаломани ни помалку ни повеќе- 40 000 минимум. Впрочем прочитајте
Картичката на ѓаволот
 и дајте да ја намалиме тарифата ( и немој некој да си дозволи да ми рече дека за се сме такви, прво ураааа, а после *урааа)

Кон врв
Анастеа Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПИПИ долгиот чорап

Регистриран: 07.Април.2008
Статус: Офлајн
Поени: 35441
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Анастеа Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Јуни.2010 во 03:32
Само накратко: не е точно дека како работници сме едни од најслабите, апсолутно не е точно. Човечки ресурси имаме, но во огромен процент се неефикасно искористени. На домашно ниво, точно дека македонскиот работник има многу ниска продуктивност, можеби затоа и ДЗС не ја мери како статистички податок. Тоа се должи на неоптимална искористеност на работните потенцијали, неинвестирање во обуки на работниците, неефективно работно време, слаба организација на работно место... Иако постојат и компании кои се исклучок од ова, па поради поголемата продуктивност се поконк*рентни на пазарот , остваруваат поголеми профити, аналогно и плати.
Кој видел и надвор знае како македонскиот работник е ценет и ефективен на работното место, и тоа во најразлични дејности, но под поинакви услови и економска клима од домашната. Со добра организација, во оптимални работни услови, без додатни преоптоварувања (и на крај наградата за трудот како мотивација), нашиот работник знае да биде ценет како работна сила. Затоа немојте со такви стереотипи дека нас за ништо не не бива.

Да се вратиме на темата.

Минималната плата како законска категорија штити од сиромаштија и како социјална категорија е пожелно да се има. Но од друга страна, нејзината висина обично е контрапродуктивна за странски инвеститори, посебно за привлекување капитал во неразвиени или земји во развој. Капиталот (покрај другите услови) бара што повисок профит со што помали трошоци, еден од нив е и работната сила. Кај ги има условите, таму има и инвеститори. Кај нас и така ги нема, па уште и со минималец (како предложениов од 40.000 денариголема%20насмевка) сите џом ќе станат.
Претпоставувам таа е економската логика на сите досегашни влади што го избегнуваат прашањето.

Единствен минималец мислам е постигнат со колективен договор за текстилната индустрија, од 4.500 или 5.000 ден. Сумата е под секое достоинство и е најблиску до бугарскиот минималец од околу стотина евра, кој пак е најнизок во Европа.




Изменето од Анастеа - 09.Јуни.2010 во 03:34
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <12345 7>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,203 секунди.