IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Образование > Наука
  Активни теми Активни теми RSS - Научни вести
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Научни вести

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <12345 14>
Автор
Порака Обратен редослед
Messenger Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор

Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet

Регистриран: 21.Април.2006
Статус: Офлајн
Поени: 18208
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Messenger Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Октомври.2011 во 14:35
збунетост


Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
Кон врв
brza Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 06.Февруари.2006
Локација: vidiFOTOupotpis
Статус: Офлајн
Поени: 34534
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај brza Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Октомври.2011 во 12:45
od........gospod? збунетост
Patriotizmot e poslednoto skrivalishte na kriminalcite.-Albert Einstein
Mokjta od sekogash privlekuvala lugje so nizok moral.-Albert Einstein
Кон врв
Messenger Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор

Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet

Регистриран: 21.Април.2006
Статус: Офлајн
Поени: 18208
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Messenger Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Октомври.2011 во 20:46
Nobelovata nagrada za fizika ovaa godina ja dobivaat nauchnici koi otkrija deka vselenata ekspandira so kontinuirano zgolemuvanje na brzinata.

Postojano zgolemuvanje na brzinata ?

Ako e tochna teorijata na Big Bengot, so koja se pretpostavuva deka Univerzumot se sozdal so edna praeksplozija, togash bi trebalo, spored zakonite na fizikata, pochetnoto zabrzuvanje da se namaluva so vremeto, a ne da se zgolemuva.

Zgolemuvanjeto na brzinata na ekspandiranje implicira deka Univerzumov dobiva energija "od nekade".

збунетост





Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
Кон врв
Marko Polo 1 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
venecijaner

Регистриран: 20.Ноември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 9693
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Marko Polo 1 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 01.Октомври.2011 во 20:17
A fino im govorese Nikola Tesla...
Incredible Blue
Кон врв
Klara-D Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 03.Март.2011
Статус: Офлајн
Поени: 2671
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Klara-D Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Септември.2011 во 08:19
Научниците откриле честички побрзи од светлината!
Извор: ББЦ

Физичарите се збунети – брзината на светлината не е најбрза брзина! Уште од откритието на Алберт Ајнштајн брзината на светлината е константа во модерната физика. Сега тоа се менува.

Откако истрелале неутрони на оддалеченост од 732 километри, од ЦЕРН кон лабораторијата Гран Сасо, тие стигале за дел од секундата побрзо. Научниците не се збуниле, па го повторувале процесот додека не ја пронајдат грешката, но неутроните упорно стигале побрзо, пишува Би-Би-Си.

Доколку со понатамошните тестирања резултатите од ЦЕРН се покажат како точни, тогаш станува збор за револуционерно откритие.

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Јуни.2011 во 00:55
Целосно затемнување на Месечината

Во среда, 15-ти јуни 2011, ќе имаме можност да проследиме целосно затемнување на Месечината. Затемнувањата на Месечината се случуваат во периодот кога нашиот природен сателит поминува во сенката која ја фрла Земјата.

Опис на појавата

Затемнувањето на Месечината настанува кога Месечината ќе се најде зад Земјата, гледано од Сонцето, односно кога ќе помине во Земјината сенка. Во тие моменти Сонцето, Земјата и Месечината се подредени во (приближно) права линија.

Бидејќи целосното затемнување на Месечината настанува кога Сонцето и Месечината се на спротивни страни од Земјата, следува дека затемнување на Месечината може да настане само при полна месечина. Но тука се поставува прашањето, зошто тогаш нема затемнување на Месечината при секоја полна месечина? Причината за тоа е што, гледано од Земјата, Сонцето и Месечината не се движат на небото на иста кружница, туку нивните привидни патеки им се наклонети за 5 аглови степени. Затоа, затемнување на Месечината (и на Сонцето) може да настане кога телата се наоѓаат приближно во пресечните точки на двете кружници (во влезниот и излезниот јазол).

Да бидат работите уште малку покомплицирани, заради многу поголемите димензии на Сонцето во однос на Земјата, Земјата зад себе фрла сложена сенка која се состои од два дела, сенка (умбра) и полусенка (пенумбра). Целосно затемнување на Месечината, настанува кога Месечината целосно ќе навлезе во умбрата. Делумно затемнување настанува кога само еден дел од Месечината ќе навлезе во Земјината сенка, а пенумбрално затемнување се нарекува кога Месечината ќе навлезе само во полусенката од Земјата. Се разбира, најинтересно за набљудување е целосното затемнување.

Но, на прв поглед изненадувачки, Месечината кога целосно се наоѓа во Земјината сенка сепак е видлива, но не во својата вообичаена светла бела варијанта, туку затемнета со различни нијанси на црвено. Причината и за тоа дека сепак стигнува некаква, црвенкаста, светлина до Месечината е Земјината атмосфера. Земјината атмосфера повеќе го расејува делот од спектарот на сончевата светлина кон сината боја, поради што останува црвената боја. Од истите причини небото на зајдисонце и изгрејсонце е со црвена боја. Дополнително на нијансите на црвената боја зависи и количеството прав во атмосферата – колку по правливо, толку по изразита црвена боја ќе има Месечината. Доколку Земјата би немала атмосфера, Месечината при целосното затемнување сосема би ја снемало.

Затемнувањето на 15.06.2011

На 15.06.2011 ќе се случи целосно затемнување на Месечината кое ќе трае 1ч40 минути. Процесот на затемнување на Месечината ќе трае од среда, 19:24 до четврток, 01:01 часот. Но тоа се времињата на прв и последен контакт на Месечината со полусенката на Земјата. Тие моменти практично и нема да бидат видливи со голо око. Дополнително, во Скопје Месечината на 15.06.2011 ќе изгрее во 20:02, во период кога веќе ќе биде навлезена во полусенката. Детален распоред на настаните е следниов:

P1 - 19:24 – прв контакт на Месечината со полусенката од Земјата

U1 - 20:23 – прв контакт со сенката

U2 - 21:22 – почеток на целосното затемнување на Месечината (Месечината е целосно навлезена во сенката на Земјата)

Max - 22:14 – максимум на затемнувањето (Месечината е најблиску до центарот на сенката)

U3 - 23:03 – крај на целосното затемнување на Месечината (Месечината е започнува да излегува од сенката на Земјата)

U4 - 00:02 – крај на целосното пенумбрално затемнување на Месечината (Месечината започнува да излегува од полусенката на Земјата)

P2 - 01:01 – крај на затемнувањето на Месечината (Месечината е целосно излезена од полусенката на Земјата)

Набљудување

За разлика од набљудувањето на затемнувањето на Сонцето, набљудувањето на затемнетата Месечина е целосно безопасно. Слободно може да се набљудува со голо око, а доколку сте во можност и со оптички инструменти како двоглед или телескоп. Особено интересен за набљудување е периодот од 20:23 до 00:02, кога Месечината ќе навлегува или целосно ќе биде во сенката од Земјата.

Скопско астрономско друштво ќе ги постави своите телескопи на Плоштад Македонија во целиот период на затемнувањето. Набљудувањето низ телескопите од Скопско астрономско друштво е бесплатно. Во случај на неповолни атмосферски услови, набљудувањето од градскиот плоштад ќе се откаже.

За крај

Ова затемнување е едно од најдолгите целосни затемнувања на Месечината. Ќе трае 1ч40минути, што само 7 минути помалку од теоретскиот максимум. Следното целосно затемнување на Месечината, кое ќе биде целосно видливо од Македонија, ќе се случи на 28 септември 2015.


Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Мај.2011 во 05:14
Откриена планета погодна за живот

Планетата Gliese 581d, оддалечена околу 20 светлосни години од Земјата, доволно е топла да на неа може да постои вода во течна состојба, што ја прави погодна за постоење на живот, соопштија научниците.

Планетата кружи околу ѕвезда која припаѓа на класата „црвени џуџиња“. Во овој систем во 2010-та година беше откриена уште една планета која била потенцијален кандидат за место на кое има живот. Таа го добила името Gliese 581g, но нејзиното постоење во меѓувреме беше доведено во прашање.

Gliese 518d е помалку контроверзна. Таа е откриена во 2007-та година, има маса шест пати поголема од Земјата и двојно е поголема од наша планета.

Во почетокот се мислеше дека е премногу ладна за да на неа постои вода во течна состојба, но француските научници објавија компјутерска симулација на нејзината атмосфера и заклучија дека таа веројатно содржи висока концентрација на карбон диоксид.

Истражувачите сметаат дека условите кои владеат на оваа планета веројатно овозможуваат постоење на океани во течна вода, облаци и дожд.

Сепак, воздухот на Gliese 518d е многу погуст отколку на Земјата, што во комбинација со црвенкастата светлост која доаѓа од матичните ѕвезди веројатно ја прави околината негостољубива која би била опасна за луѓето.

Робин Вордсворд, член на тимот од Институтот „Pierre Simon Laplace“ во Париз, смета дека ова откритие претставува нов доказ за тоа дека разновидноста на планетите и средините во Вселената го надминува она што можеме да го видиме во нашиот Сончев Систем.

Доктор Вордсворд наведува дека објавените компјутерски симулации претставуваат прва дефинитивна потврда за постоењето на егзопланети на кои е можен живот.

Тој додаде дека телескопите во иднина ќе овозможат директно барање на живот на Gliese 518d.

Кон врв
Messenger Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор

Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet

Регистриран: 21.Април.2006
Статус: Офлајн
Поени: 18208
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Messenger Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Јануари.2011 во 16:00
Verojatno najstarite gradbi se naogjaat pod voda.

Otkrieni se magelitni gradbi kaj Bimini (Atlantski Okean), vo Indija, vo blizina na Kuba, vo krajbrezhjeto na Japonskite ostrovi... za starosta na ovie potopeni gradovi mozhe samo da se pretpostavuva bidejkji ne samo shto za niv obichno ne postoi nikakva pishana referenca, tuku ne postoi nitu bilo kakvo chovechko pomnenje i predanie! Za niv se znae kolku shto se znae za nekoi eventualni gradbi na Mars.

Istorijata na civilizaciite na nashava planeta cheka na fundamentalno revidiranje.
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Јануари.2011 во 07:54

Која е најстарата зграда во светот?

 

Најраната позната структура изградена од човечко суштества е круг од камени блокови, која се најдоѓа во Африка. Оваа "структура" се претпоставува дека е подигната уште од 1.750.000 п.н.е.

Најстарите познати згради, серија на колиби со кои се наоѓаат камини, неодамна беа откриени во Франција. Меѓутоа, сето она што останало од овие згради се само нивните контури на земјата. Тоа не е изненадувачки, бидејќи тие можеби се изградени уште 120.000 п.н.е.

Во 1980 година, некои од најстарите објекти беа откриени на островот Малта во Средоземното Море. Тие се храмови направена од плочи од варовник, а, веројатно, биле изградени пред 3000 п.н.е.

Најстарите згради неодамна се откриени се во Еруду и Ур, античките градови во модерен Ирак, каде се уште има зграда која датираат уште од 5000 година п.н.е

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Јануари.2011 во 16:04
Создадена екосвиња која не смрди
 

Изгледа како свиња, звучи како свиња, а нејзините творци, канадските научници, тврдат и дека има таков вкус. Сепак, не станува збор за обично прасе, туку за специјална, генетски модификувана сорта Јоркшир, именувана како Екосвиња, чие одгледување е поевтино и помалку ја загадува животната средина.

Тајната е во тоа што нејзиниот измет, односно ѓубривото од овој вид свињи содржи помалку фосфор, поради што ја нема вообичаената силна смрдеа и помалку ги загадува реките и езерата во кои се излеваат отпадните води од фармите.

Канадските научници кои на нејзиниот развој работеле речиси десет години веруваат дека оваа свиња би можела да стане првото генетски модифицирано животно во синџирот на исхрана на човекот. Тие сметаат дека во нејзините колбаси, месо и сланина еден ден ќе можат да ужива целиот свет.

Владата на Канада го одобри експерименталното одгледување и размножување на овие животни, но до официјално одобрување за вклучување во синџирот на исхрана сигурно ќе поминат уште неколку години.
---------------------
 
многу ги сакам свињетељубовљубовкога се печени се толку вкусни мечтаење
Кон врв
brza Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 06.Февруари.2006
Локација: vidiFOTOupotpis
Статус: Офлајн
Поени: 34534
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај brza Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Јануари.2011 во 15:47

Пронајден можеби најстариот модерен човек




ako ovoj nema nekoj gen od segashnive makedonci...ustvari obratno.намигнување...si go secham!

...arno vika ...prvion komentator!
Patriotizmot e poslednoto skrivalishte na kriminalcite.-Albert Einstein
Mokjta od sekogash privlekuvala lugje so nizok moral.-Albert Einstein
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Декември.2010 во 13:42
Диносаурусите биле вегетаријанци

Повеќето диносауруси биле вегетаријанци отколку страшни месојадци како што ги прикажуваат во филмовите, покажа последното истражување.

Повеќето теропод диносауруси, оние кои потсетуваат на птици, кои се движеле на две нозе, а често имале и пердуви, преферирале да јадат лисја и трева. Научниците кои работеле на исхраната на 90 теропод видови откриле дека повеќето од нив биле вегетаријанци.

Научниците сега веруваат дека супер-месојадците, како на пример тираносаурусот рекс и велоцирапторот, двете ѕвезди на Jurassic Park филмовите, биле исклучок од правилото.

Ваквото откритие фрла нова светлост врз досегашните конвенционални погледи, според кои тероподите го ловеле својот плен, особено за оние чии предци се блиски до птиците.

- Повеќето тероподи без сомнение биле адаптирани на предаторскиот животен стил, но некаде во линијата кон птиците, вели авторот на студијата др. Линдзи Зано од Field музејот во Чикаго.

Исхраната на диносаурусите веројатно не била едноставна. Некои како на пример тираносаурусот рекс со клиновидни заби очигледно биле предатори. Други пак, како рогатите трицератопи, со сигурност биле адаптирани за растителна храна.

Но повеќето тероподи јаделе и месо и растенија. Овие животни најчесто имале клинести заби во предниот дел на устата, или пак воопшто немале заби.

Други докази за исхраната на диносаурусите, покрај забите и вилиците се фосилните остатоци од изметот или стомакот на животните. Научниците идентификувале уште дваесетина анатомски показатели дека станува збор за тревопасни животни, како на пример клунот без заби. Тие заклучиле дек видот со вакви карактеристики може да се смета за вегетаријанци.

Според една теорија тероподите станале сештојади при потрагата по нови места за живеење на континентот кој се распаѓал. Оние кои развиле повеќе вкус за растенијата ги загубиле своите заби и еволуирале со клунови и подолги вратови.

- Новото истражување цврсто го потврдува тоа што веќе долго време го шпекулиравме. Време е да започнеме да ги гледаме овие животни во нов еволуциски контекст, соопшти др. Зано.

Сепак останува мистерија зошто пердувеститете диносауруси се насочиле кон небото и станале вистински птици.

- Не знаеме што ги натерало предците на птиците да полетаат. Потрагата по храна по дрвата е едно од можните причини, вели Зано.
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Октомври.2010 во 17:02

Откриена најстарата галаксија

 Астрономите ја забележаа најстарата галаксија видена досега, создадена 600 милиони години по Биг бенг. Во нивниот извештај објавен во списанието "Нејчр" потврдуваат дека далечната заматена дамка која прв пат била забележана со вселенскиот телескоп "Хабл" е најоддалечената и според тоа најстарата галаксија фотографирана до сега. Галаксијата носи прилично негламурозно име УДФу-38135539, изјави тимот европски научници.
"Пишуваме извештај за забележувањето на фотони кои биле испуштени нешто помалку од 600 милиони години по Биг бен", пишуваат астрономите.
Светлината патува со брзина од 300.000 километри во секунда или околу 10 илјади километри годишно. Астрономите ја користат брзината на светлината како еден вид временска машина и забележувањето на светлина која била испуштена од објекти што се многу оддалечени им дава слика за тоа какви биле во минатото.
Во овој случај, галаксијата прв пат почнала да се движи пред 13 милијарди години, непосредно по Биг бенг. Оддалеченоста се мери со таканаречената "црвена промена", нешто слично како Доплеровиот ефект, само со светлина. Како што звукот на сирената на возот се менува во висина кога возот се приближува и се оддалечува, така се менува и бојата на светлината. Галаксијата има црвена промена со вредност 8,5 што значи дека е најоддалечената и најстарата видена до сега.

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Октомври.2010 во 06:33

Вселената би можела да доживее крај за 3,7 милијарда години

Вселената и се што е во неа може да згасне за 3,7 милијарда години, сметаат американските и јапонските астрофизичари, кои ја преиспитуваат теоријата на повеќето истражувачи на вселената за вечното ширење на просторот и времето.

„Не постои веројатност дека вселената ќе доживее крај во текот на нашиот живот, но шансите се 50 проценти дека времето ќе застане за 3,7 милијарда години“ - оценуваат истражувачите.

Научниците истакнуваат дека некои методи и хипотези кои астрофизичарите одамна ги заговараат, а се однесуваат на временската граница со чија помош се пресметуваат можностите за ширењето на вселената во недоглед, всушност ги доведе до заклучок дека времето еднаш ќе застане.

„Со други зборови таа временска граница, која се истражува исклучиво во функција на статистичките пресметки, се однесува всушност како вистински физичко случување“ - вели Рафаел Боусо астрофизичар од калифорнискиот Универзитет Беркли.

По општо прифатената теорија, вселената настанала благодарение на „Биг Бен“ пред околу 13,7 милијарда години и продолжува да се шири со брзина која постојано расте, а ја забрзува енергија на празниот воздушен простор и тоа до бескрај

Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <12345 14>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,281 секунди.