|
Животни кои оставиле трага во историјата |
Внеси реплика | страница <123 |
Автор | |
bijonse1
Сениор bella Madonna Регистриран: 14.Јануари.2009 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 16521 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
КУЧЕТО НА АЛЕКСАНДАР ВЕЛИКИ БИЛ ШАРПЛАНИНЕЦ
Верувам
дека сите знаете кој бил Букефал. Но, дали некогаш сте слушнале било
што за Перитас? За разлика од коњот на Александар, неговиот верен пес
практично е неопеан и заборавен херој на епохата во која Македонците ја
проширија својата империја до работ на тогаш познатиот свет.
Кој е Перитас? Античкиот историчар Plutarch во неговата биографија за Александар Велики во еден пасус нѐ информира дека по големата битка во Индија со непријателските сили кои користеле и слонови во борбата, коњот на Александар, познатиот Букефал бил смртно ранет и набрзо починал, по што во знак на благодарност за неговите заслуги, Александар подигнал град во близина на местото на одржување на битката кој што град го нарекол Букефалиа. Веќе во наредната реченица, Plutarch дополнува со податокот дека и на кучето на Александар, кое се викало Peritas и кое исто така било загинато во една друга битка, му била укажана благодарност со подигање на град со неговото име.
Во други антички историски извори дознаваме и дека Перитас загинал бранејќи го својот господар во текот на една страшна борба на македонските војски против некое племе чие име на англиски се пишува Mallians (бидејќи за ова племе знаеме само од грчки антички историчари, а тие имале обичај да ги деформираат имињата на народите и географските поими, не знаеме како навистина се викале овие луѓе. За илустрација, индиските имиња Паурава и Аварана станале по грчки Порос и Аорнос).
Како и да е, во текот на битката со ова племе, Александар бил ранет и соборен на земја и кон него тргнале многумина непријатели за да го убијат. Александар бил спасен со ненадејната интервенција на неговото верно куче кое откако убило неколку од напаѓачите, паднало смртно рането во скутот на господарот и испраќајќи му последен тажен поглед – починало. Сепак, со својата жртва кучето им обезбедило доволно време на телохранителите на Александар да се пробијат до него и да го извлечат на посигурно место. И во чест на тој херојски подвиг, Перитас подоцна добил град по неговото име наречен.
Дали Перитас бил Шарпланинец?
Кучето на Џенингс: но, во Британскиот Музеј постои една статуа на куче (главата на таа статуа е прикажана на горната слика) за која се тврди дека е направена во времето на стариот Рим и која што била копија на оригиналната бронзена статуа која што се наоѓала во Епир и кон која локалните (епирски) жители имале посебен пиетет. Оваа статуа денеска се нарекува „Jennings dog“ оти кон крајот на XVIIIиот век еден англиски турист во Рим по име Хенри Џенингс ја купил од некој италијански скулптор и собирач на антички скулптури (му служеле за инспирација). Со тек на време, скулптурата на кучето која во Англија ја донел самиот Џенингс поминала низ повеќе сопственици за да конечно во 2001та година биде сместена трајно во Британскиот Музеј. Таму е позната под името „кучето на Џенингс“ но и под името кое самиот Џенингс ѝ ја дал „Кучето на Алкибијадес“.
Џенингс ја нарекол така скулптурата не затоа што имал било какви докази дека навистина скулптурата го преставувала кучето на Alcibiades туку затоа што опашката на мермерното куче била скршена, а во една приказна за Алкибиадес се вели дека тој му ја исекол опашката на своето куче, и така, поврзувајќи ги овие две коинциденции, Џенингс си ја нарекол скулптурата по името на славниот државник и војсководач од античка Атина.
Фотографии од целата скулптура можете да видите и ќе забележите дека телото на кучето е извајано без густо крзно (кое го имаат Шарпланинците) туку дека е мазно, како кучето небаре е без влакна. скулптури се преставени разголени, за да се видат мускулите, иако како и во денешно време и тогаш мажите носеле облека).
Сепак, по муцката го препознаваме Шарко во кучето на Џенингс. Бидејќи скулптурата оригинална е од Епир каде што била дел од некој споменик, можеме да претпоставиме слободно дека таа е споменик на најславното и најважното куче во историјата на Епир. Мајката на Александар Велики била принцеза од Епир, а Перитас бил подарок за малиот принц Александар од неговиот вујко, братот на мајка му и воедно кралот на Епир, па подоцна, кога дознале Епирците дека нивното куче му го спасило животот на големиот освојувач, решиле да му подигнат споменик на Перитас.
Погледнете ги само кучињата на
Хунзите, нашите далечни братучеди кои за себе тврдат дека се потомци на
војниците на Александар кои останале во централна Азија (денешен
Пакистан и Авганистан). Нивните овчарски кучиња се практично идентични
со нашите Шарпланинци.
Како што Хунзите се потомци на војниците на македонската војска пред 23 векови, така и нивните кучиња се потомци на кучињата на македонските офицери од истата таа војска...
факт е дека обичаите
(т.н. „пагански“ обичаи), симбологијата, многу имиња, народната
архитектура, и еве сега – и кучињата – не се промениле воопшто од
антиката до денеска на овие простори.......
П.С: За сликата на
која се споредени Шарпланинците и овчарските кучиња на Хунзите од регионот во Пакистан
во кој што живеат нашите „братучеди“, а и некои други интересни работи
во врска со Македонија. .................. Изменето од bijonse1 - 25.Јануари.2010 во 17:35 |
|
bijonse1
Сениор bella Madonna Регистриран: 14.Јануари.2009 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 16521 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Животни кои имале специфична улога во историјата на човекот.....
во различен период различни животни имале историска улога... ај да видиме кои се тие животни и коментар за нив ...... |
|
Внеси реплика | страница <123 |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |