IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Спорт > Фудбал > Фан клубови
  Активни теми Активни теми RSS - Фан клуб Манчестер Сити
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Фан клуб Манчестер Сити

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <123
Автор
Порака Обратен редослед
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Февруари.2010 во 12:34
Лицето на напаѓачот на Манчестер Сити, Крејг Белами беше окрвавено, откако тој беше нападнат во грб на излезот од ноќен клуб од фан на градскиот ривал Манчестер Јунајтед.


Напаѓачот со вид на ръгби играч удрил Белами првично по главата, по што го соборил на земјата и продолжил да го удираат.


Фанот на Манчестер Јунајтед избегал преди полицијата да пристигне пред барот Панацеја, кое се наоѓа во Алдерли, Чешир.


Сведок на инцидентот рече: "напаѓачот удари Белами пет или шест пати во лице".

Белами одби да го коментира она што се случило пред медиумите, а е дал своите искази пред локалната полиција.

Велскиот напаѓач бил излезен со својот пријател Вејн Бриџ, кој сепак си е пошал порано.
Кон врв
fiks Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПРАВДОЉУБЕЦ

Регистриран: 18.Април.2005
Локација: Македонија
Статус: Офлајн
Поени: 24000
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај fiks Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Септември.2009 во 16:11
Иште еден малер за Граѓанитетага
 
Три меча суспензија за Адебајор

Напаѓачот на Манчестер Сити, Емануел Адебајор доби суспензија од три натпревари поради насилничкото однесување на мечот против Арсенал во саботата. Тогоанскиот репрезентативец е обвинет за намерно газење на противничкиот фудбалер Робин ван Перси, а дополнително ќе одговара за начинот на кој го прослави голот пред гостинските навивачи кои претходно ги нарече најлоши во Англија.

Ван Перси по еден дуел со Адебајор заработи расекотина на лицето, а подоцна робусниот напаѓач го претрча целиот терен за да го прослави голот пред навивачите на Арсенал од кои минатата сезона додека го носеше дресот на "топчиите" често беше исвиркуван. Мораа да интервенираат редарите и полицијата за да се смират страстите и бесните симпатизери на лондонскиот клуб. ФА соопшти дека за секој од овие инциденти ќе има посебно сослушување и ја замоли полицијата да поведе истрага против навивачите на Арсенал кои фрлаа шишиња и разни предмети на теренот. Еден од редарите притоа беше погоден во главата и ја загуби свеста.

"Адебајор врз основа на забрзана дисциплинска постапка е обвинет за насилничко однесување во инцидентот со Робин ван Перси кој тогаш заработи повреда на лицето. Судијата Марк Клатенбург пред ФА изјави дека не го забележал инцидентот, но истакна дека ако го видел сигурно ќе му покажел директен црвен картон на Адебајор", се вели во официјалното соопштение на ФА.

Адебајор мора најдоцна до 30 септември да се изјасни за обвиненијата за неспортско однесување. Пред англиските медиуми вчера тој рече дека не се чувствува виновен. Адебајор ќе го пропушти дербито против Манчестер Јунајтед претстојниот викенд плус мечот со Вест Хем на 28 септември во рамките на Премиер-лигата како и дуелот со Фулам во Карлинг-купот. Веднаш по истекувањето на оваа суспензија ќе се знае дали дополнително ќе одмора, но со оглед на паузата во Премиер-лигата поради квалификациите за СП, враќањето на теренот сигурно ќе биде за околу еден месец.
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена,
само шлаг пена ќе бидеме и можеби
неколку жолти ракии.

Кон врв
fiks Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПРАВДОЉУБЕЦ

Регистриран: 18.Април.2005
Локација: Македонија
Статус: Офлајн
Поени: 24000
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај fiks Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Септември.2009 во 11:43

Тевез надвор три седмици


Ѕвездата на аргентинската репрезентација и тимот на Манчестер Сити ќе мора да паузира три седмици заради повреда.

Тимот на Манчестер Сити ќе мора да се спротистави на Арсенал без нивниот напаѓач Карлос Тевез, на кого му беше дијагнозирана повреда на коленото, заради која ќе отсуствува од две до три седмици.

Sky Sports News пренесува дека Тевез нема да игра на мечот со Арсенал како и на дербито во Манчестер против градскиот ривал заради повредата која ја заработил играјќи за репрезентацијата.

Но тоа не е се. Тимот на Манчестер Сити за дуелот против Арсенал најверојатно нема да може да смета ни на Робињо кој се уште не е целосно опоравен од повредата на зглобот.

Тој оваа повреда ја влечи уште од минатата сезона, а кога се чинеше дека ќе се опорави работите се закомплицираа на дуелот, баш против Аргентина во квалификациите за СП.
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена,
само шлаг пена ќе бидеме и можеби
неколку жолти ракии.

Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <123
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,266 секунди.