|
Поэнати Македонци |
Внеси реплика | страница <123 |
Автор | |
Boogie
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Модератор Слобода или Смрт Регистриран: 26.Октомври.2005 Статус: Офлајн Поени: 10652 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Петар Карпош (16??-1689), попознат само како Карпош бил предводник на големото народно востание од 1689 година на македонскиот народ против Османлиската империја, познато во историјата како Карпошово востание. Пред востанието Карпош бил долгодишен ајдук, а подоцна и ајдутски арамбаша.
Додека корените на востанието лежеле во повеќе вековната потчинетост на македонскиот народ, како и неговата незавидна економска и општествена положба, под османлиска власт, непосреден повод била втората опсада на Виена од страна на Османлиската империја во 1683 година. Уште пред востанието, кон средината на 1689 година Карпош предводел една ајдутска дружина во Доспат планина, а кога турските власти распишала потера по него, тој упеал да избега и да ја пренесе својата активност на Нишката, Лесковачката, Врањанската, Призренската и Пиротската каза. Меѓутоа, кон крајот на септември или во почетокот на октомври, Карпош добил амнестија од турските власти и бил назначен за мартолозбашија на мартолозите во казите Ќустендил, Сиришник и Радовиш и за старешина на мартолозбашиите во десет кази на македонска територија[10]. Историчарите се едногласни дека олку големата наклонетост на централната власт кон својот довчерашен непријател имала за цел да го придобие на своја страна и со тоа да се парализира ајдутското движење што во овие краишта зело застрашувачки размери. Но и овој потег останал без успех, зашто веќе кон средината на октомври Карпош се наоѓал на чело на народното востание против турската власт. Сè на сè, има малку пишан материјал за Карпош, но според народните фолклорни преданија, бил син на сиромашен мелничар. Додека името му било Петар, прекарот Карпош, по кого и ќе остане запаметен во историјата, го добил од зборот “карпа”, поради наводната голема физичка сила. Исто така според преданијата, Карпош работел како рудар во рудниците во Кратово. По некое време се вратил во родното село, се оженил и имал две деца. Подоцна заминал за Влашко, во потрага по работа. Спечалил пари, но на пат за дома, бил пресретнат од Турци и целата заштеда му била ограбена. Наводно никогаш не се вратил во родното село, туку повторно заминал за рудниците близу Кратово. Кога се слушнало за напредувањето на австриските сили, ги мобилизирал селаните кои работеле во рудниците, постепено ги зголемувал своите сили и набрзо го имал под контрола северноцентралниот и северноисточниот дел на Македонија. Карпошовото востание било најмасовното востание на територијата на Македонија од самото доаѓање на Турците во Македонија во последната четвртина на XIV век сè до крајот на XIX век. Во чест на предводникот на востанието, Карпош, општина во градот Скопје го носи неговото име, додека плоштадот на левиот брег од Вардар пред Камениот мост го носи името “Карпошово востание”. Исто така на средина на Камениот мост е поставена плочa во негов спомен . Плочата го носи следниов текст: КАРПОШ- ВОДАЧОТ НА ГОЛЕМОТО НАРОДНО ВОСТАНИЕ ОД 17 ВЕК, ЗНАЧАЈНА ЛИЧНОСТ НА МАКЕДОНСКАТА ИСТОРИЈА, ПОГУБЕН 1689 ГОДИНА НА КАМЕНИОТ МОСТ ВО СКОПЈЕ. Во тек е изработка на скулптура на Карпош, која е предвидено да се постави на источната страна од Камениот мост, на левиот брег на Вардар. |
|
Boogie
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Модератор Слобода или Смрт Регистриран: 26.Октомври.2005 Статус: Офлајн Поени: 10652 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Првиот и најголемиот би бил Принц Македон, син на богот Деос и големата Мајка Земја.
По него денес Македонците го имаат Македонското име |
|
Внеси реплика | страница <123 |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |