IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Вероисповед
  Активни теми Активни теми RSS - Законот и Евангелието
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Законот и Евангелието

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <123
Автор
Порака Обратен редослед
Messenger Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор

Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet

Регистриран: 21.Април.2006
Статус: Офлајн
Поени: 18208
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Messenger Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Јули.2009 во 19:33
Ochekuvame nekoj koj religiozno go sledi Zakonot do negovoto posledno slovo, da gi sledi i posledicite (kaznite) od nepridrzhuvanjeto do nego. Onoj koj ne go pravi toa, nema zoshto da se povikuva na kaznite.

Interesno e neshto vo vrska so tie kazni... imeno, ako vnimatelno gi chitate kje zabelezhite deka, osven koga Bog preti so svoe direktno zemanje na rabotata vo svoi race (sushi, poplavi, bolesti, vojni...), site kazni vo sushtina se zakoni za kaznuvanje.

Toa mu odi kako "zakon za decata e da gi slushaat roditelite i zakon za roditelite e da gi kaznat neposlushnite deca so kamenuvanje". Koga treba samiot sebe da se kaznish zatoa sto ne si rabotel strogo spored kazhanoto, togash... se razbira deka dva pati kje razmislish okolu toa.

Na choveka sekogash vo glava mu se vrti mislata "pa ako navistina toa mu bilo tolku bitno na Boga, togash neka kazni samiot Toj... i onaka e semozhen... koga mozhe da razdeli more, togash shto ostanuva za edna zaushka? A ako ne kazni, togash mozhebi ne moralo da se kaznuva? Zoshto togash jas na svoja dusha da si zemam grev, koga mozhe Toj tochno da reshi i da napravi taman kako sto treba."

Изменето од Messenger - 06.Јули.2009 во 19:36
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
Кон врв
zidarski Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 17.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4385
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zidarski Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Јули.2009 во 18:23
Се наметнува едно многу едноставно прашање:
Во кои случаи законот важи, а во кои случаи не?
Во идеален случај (како што опиша погоре Алдра), верникот воден од Светиот Дух, реално ќе го почитува се она што е дадено од Законот.
Но - што во случаите во кои нема тоа да го стори? Дали тогаш ќе се повикаме на казните кои тој Закон ги бара? Или ќе се водиме од НовоЗаветниот модел на проштевање и концепт дека Љубовта ќе го победи злото и гревот?

Изменето од zidarski - 06.Јули.2009 во 18:23
Do what is right, come what may...
Кон врв
AlDra Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 06.Јули.2008
Статус: Офлајн
Поени: 823
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај AlDra Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Јули.2009 во 16:32
Ти благодарам Меси на убавите зборови. Очекувам опширна дискусија на темава.
Кон врв
Messenger Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор

Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet

Регистриран: 21.Април.2006
Статус: Офлајн
Поени: 18208
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Messenger Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Јули.2009 во 16:28
AlDra, me raduva shto go napisha ovoj komentar i sto go stori tokmu na ovoj nachin. Ne samo sto ja vnese vistinskata hristijanska perspektiva, tuku i mnogu ubavo go objasni faktot zoshto Zakonot treba da bide nadminat za da mozhe zdraviot chovek da napreduva vo svoeto prosvetluvanje.

Kako sto reche na krajot, temava navleguva mnogu dlaboko vo sushtinata na religijata (ne samo hristijanskata) i so nea ne samo shto ne se slozhuvaat site vernici denes, tuku ne se slozhuvale nitu vo pochetokot na sozdavanjeto na Hristijanstvoto. Vo sekoj sliuchaj, dokolku ima interes za temava, kje treba da se ochekuva interesna diskusija.
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
Кон врв
AlDra Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 06.Јули.2008
Статус: Офлајн
Поени: 823
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај AlDra Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Јули.2009 во 14:57
,,Но, ако сте водени од Светиот Дух, значи дека вие веќе не сте под Законот’’(Галатјаните 5:18)
Оваа реченица е цитат од Посланието до Галатјаните напишано од Апостолот Павле вдахновен од Светиот Дух. Група Евреи, легалисти, луѓе кои верувале дека мора да се држи Законот и традициите ги збунувале Галатјаните и ги терале да се обрежат и со тоа да ги потчинат на легализмот. Овие луѓе верувале и проповедале дека човекот ќе биде спасен преку следење на Законот Мојсеев (со акцент на обрежувањето) како додаток на верата во Христа. Борбата за слобода и вистина е главниот мотив на ова Послание.
Ако не води Духот значи дека сме Христови и дека Тој е наш. Христос го исполни Законот наместо нас. Поради ова не сме под Мојсеевиот Закон туку под Христовата благодат(Римјаните 6:14). Патот на светоста по кој сме повикани да одиме го надминува Законот.
Некој може да помисли дека ако е тргнат Законот ние ќе станеме беззаконици, дека ќе немаме стандард за праведност. Но, всушност, ако не се ослободиме од Законот на законски начин и додека не не води Духот ние не можеме да знаеме што е тоа вистинска побожност. Ако не води Духот нема да го кршиме Законот. Кога не води Духот, ние не размислуваме за Законот туку индиректно го исполнуваме. Дури правиме повеќе одошто бара Законот.
Зошто е даден Законот? Преку него ја согледуваме Божјата волја. Тој им е потребен на беззакониците за да ги заузда, за да им влее страв од казна. Исто така Законот беше даден за да ни го открие гревот и за да сфатиме дека сме грешни. Фала Му на Бога, таму кадешто владее Духот и љубовта Божја- таму Законот е непотребен.
Законот не произведува подобри луѓе. Луѓето си остануваат зли без оглед на тоа што има закон. Можеби нема да прават толку злодела како што би правеле без закон, поради стравот од казна, но сепак срцата се полни со злоба. Целта на Законот е да го доведе човекот во очај, за веќе да не гледа во Законот туку на друга страна, да сфати дека е невозможно да биде спасен преку придржување до Законот, туку да побара спасение од Бога. Најмногу што законот може да стори е да не доведе до очај. Законот е даден да покаже дека нема друга правда, нема друг излез освен во Христа. Кога доаѓаме со вера кај Бога ние сме оправдани. Не е важно што мислат луѓето, важно е дека Бог не оправдал. Има луѓе кои не ја сфаќаат поентата на Законот. Гледањето во Законот поттикнува на самоправедност. Ако луѓето гледајќи во Законот се среќни- тие се фарисеи Законот не може самиот да произведе подобри луѓе, не е во состојба да ги произведе Плодовите на Духот: љубов, радост, мир, долготрпеливост, љубезност, добрина, верност, кроткост и самоконтрола (Галатјаните 5:22,23). Ако веќе ги имаме Плодовите на Духот, кои се исклучиво Негово дело во нас, тогаш зошто ни е Законот? Потребна ли е инекција на здрав човек? Кога постои забрана многумина би барале дупки во неа. Од друга страна ако постои систем на регулативи луѓето би се натпреварувале меѓусебно кој повеќе се држи до принципите и честопати ќе се случува некој да мисли дека во поголема мера од другите се придржува до Законот. Мојсеевиот Закон може да доведе само до надворешна моралност, но не и да предизвика промени во нашето битие, што е единственото битно нешто, имено ,,Не е важно дали е човек обрежан или не. Важно е да се промениме, да станеме нови луѓе.’’(Галатјаните 6:15).
Многу важен стих во кој Павле не потсеќа на една животозначајна вистина е следниов:,,Зашто целиот Закон може да се сведе само на една заповед: Сакај го ближниот свој како што се сакаш себеси.’’. Без оглед на тоа каков систем на регулативи ќе имаме, сепак тоа не ни гарантира дека ќе имаме просветлени луѓе. Доколку Го немаме Духот Божји во нас ќе бидеме исполнети со себичност и со компетитивност. Ако пак имаме љубов, ќе се трудиме да не наштетиме никому, да не повредиме некого, нема да крадеме, да лажеме, навредуваме, потсмеваме, озборуваме, искористуваме... листата е долга. Зошто ни е Законот тогаш? Зар целта на Законот не беше токму таа?
И уште нешто... кога владееше Законот луѓето се трудеа да се држат до него поради стравот од казна. Нормално, таквиот страв носеше и тага. Од друга страна, вториот Плод на Духот е токму опозитот на тагата- радоста. Зошто? Ние Христијаните веруваме дека сме спасени, дека нашето спасение беше заработено на Голготскиот крст. Ние сме слободни луѓе. Сепак живееме побожно, не затоа што така мораме, туку затоа што така сакаме, затоа што сме внатрешно променети. Сакаме и се трудиме да живееме Богоугодно затоа што Го љубиме и затоа што сме Му благодарни, а не поради стравот од казна. Во тоа има голема разлика. Ние живееме во Духот па сакаме и да одиме по Него.
Темава е многу опсежна. Има многу што да се каже, многу прашања поттикнува.
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <123
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,578 секунди.