IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Македонија и Свет > Право
  Активни теми Активни теми RSS - Нашето судство
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Нашето судство

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <123
Прашање: Колку сте задоволни од работата на нашето судство?
Одговор Гласови Статистика
2 [9,09%]
5 [22,73%]
0 [0,00%]
1 [4,55%]
0 [0,00%]
13 [59,09%]
1 [4,55%]
Не може да гласате на оваа анкета

Автор
Порака Обратен редослед
mmomirovski Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 15.Септември.2008
Локација: Tuvalu
Статус: Офлајн
Поени: 1219
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mmomirovski Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Јуни.2009 во 22:28
Толку многу е добро што сите виновни се на слобода. Со исклучок на некои се разбира. Упс, невини сакав да кажам.
Кон врв
kultuzin Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 03.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4903
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај kultuzin Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Јуни.2009 во 16:09
Време е за целосна департизација , и не само на судството...

Рак рана на нашето општество....

Квалитет пред партиски книшки...
Кон врв
mamamd Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Почесна конзулка

Регистриран: 02.Ноември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 25679
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mamamd Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Јуни.2009 во 07:35
Една интересна случка во центарот на градот, односно протест против неажурноста на судството ми даде идеаја з атемава и анкетава. Да ги изнесеме своите размислувања и искуства со нашата судска власт.Лично чувал Бог немам ни позитивно ни негативно искуство.

Сака да им суди на судиите



Александар МИШКОВ

Секој ден, претпладне од 9 до 10 часот и попладне од 12 до 15 часот, Атанас Ѓорѓиевски со табла на која пишува „Барам правда“, се шета од Министерство за правда, преку „Жена парк“ до зградата на ССМ за да ги информира граѓаните за неговата иницијатива. За да може да ја носи таблата, тој пријавил во полиција.
- Треба да се подигне свеста на македонскиот народ за да ја покаже храброста дека судиите ги донесовме ние за да судат правилно и фер - вели тој.
Причина за неговата акција е личното искуство. По 11 години шетање низ судовите, му прекипело. Тој првпат поднел жалба во 1997 година. Пресудата што ја донел Основниот суд на 4 јануари 2008 година, тој ја добил дури во октомври. Потоа се жалел во Апелацискиот, и таа жалба е се уште активна. Вели дека граѓаните нема каде да си ги бараат своите права, бидејќи, според него, во 98 отсто од случаите, по одлуката на Основниот суд, Апелацискиот само ја потврдува, а потоа нема каде. Атанас се обратил за помош и кај Народниот правобранител и кај министерот за правда. Од Народниот правобранител добил одговор дека ова е Македонија и дека тука нема да ги добие правата, па да проба да се жали во Стразбур. Министерот, пак, „културно“ му одговорил дека е премногу зафатен и не прима секого.
- Мака ми е зошто некој што не ми го познава јазикот да ми донесе пресуда. Не е поентата за се и сешто да се жалиме во Стразбур, туку да го подобриме нашето судство за тоа да биде поефикасно - вели Ѓорѓиевски.
Решен да промени нешто, тој ќе организира граѓанска акција за собирање потписи на плоштадот Македонија од 27 до 30 јуни, се со цел да може да поднесе барање за измени во законите за парнична постапка и за облигации. Тој предлага „судиите да се удрат каде што најмногу ќе ги боли, по џебот“.
- Резултатите ќе бидат брзо и ефикасно судство, правилна пресуда со гласот на народот, а тоа ќе влијае врз имиџот на правна држава во светот. Доста судот му судеше на народот, време е народот да му пресуди на судот - вели Атанас.
Граѓаните што го сретнаа на неговата маршрута, најчесто од сопствено искуство се согласуваа со иницијативата, но вистинскиот став како да беше содржан во одговорот на еден пензионер: „Убаво што бараш правда, но од кого?“


Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <123
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,359 секунди.