|
Пропагандно писмо до Барак Обама |
Внеси реплика | страница <12345 6> |
Автор | |
mamamd
Сениор Почесна конзулка Регистриран: 02.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 25679 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Денеска слушав на вести ама не се сеќавам на која ТВ беше, новинарите веќе контактирале некои професори од тие списоци и побарале нивно образложение. Некои од нив се оградуваат од петицијата и велат дека не се информирани за што се работи.
Знаци, со акција ќе има и реакција |
|
Boogie
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Модератор Слобода или Смрт Регистриран: 26.Октомври.2005 Статус: Офлајн Поени: 10652 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Не те разбрав каква врска има Н.Г. со историјата и професорите - ако мене ме прашаш најголема грешка е на К.Г. и Б.Ц. што воопшто дебатираа за нешто што не се дебатира со никој друг освен со својот народ
|
|
lilica
Сениор Регистриран: 29.Август.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 548 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Еми дали тие 200 професори од 11 држави кои се потпишале на тоа барање ДЕНЕС, СЕГА сватиле дека е тоа така? ПА НЕ!!! Имаа време од 3 год ( одкога е Г. Н. на власт) да ја прочешлаат историјата. Ако Н.Г. продолжел со преговорите каде СДСМ застанаа (деновиве пред години) никој немаше да бара влакно во јајцето! Сега оставете го човекот да со го носи крстот на челото! Можеби наскоро ќе измисли име за ФИРОМ. Дотогаш немојте никој да обвинувате за писмото на Обама, оти дојде време надробеното од Н.Г. сите да го сркаме! И арно ако останеме само со барањето од тие 200 професори од 11 држави. Гледајте нешто порадикално да не не тресне летово!
|
|
Кој бара ќе најде.
|
|
Boogie
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Модератор Слобода или Смрт Регистриран: 26.Октомври.2005 Статус: Офлајн Поени: 10652 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Напишав и предходно - се согласувам дека дипломатски деманти се секогаш потребни при ширење на лагите од нашиот сосед но дебатите треба да им се остават на историчарите.
Напомнав и погоре дека Норманската теза на Славјанскиот производ веке оди во неповрат уште од падот на Варшавскиот пакт - нашите МАНУисти се таа Варшавска школа и од нив неможе да се очекува никаков позериозен демант или истражување бидејки тие се уверени во различноста на Античките Македонци и Славјаните. Благодарение на видни странски научници(историчари) таа теза паѓа во вода а да се надеваме дека следната генерација на Македонски научници(која сеуште е во производство) ке биде посериозна кога е во прашање националниот идентитет. Најважно е дека МАНУИстите се прочитани и несмеат глава да кренат од народот бидејки нивните застарени тези се веке излитени и немаат никакви поткрепи - посебно не кај народот бидејки веке е јасно дека МАНУ е компанија а не институт на науки |
|
Анастеа
Администратор ПИПИ долгиот чорап Регистриран: 07.Април.2008 Статус: Офлајн Поени: 35441 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Противникот е јак во својата пропаганда, во која ние сме премногу слаби, на тоа мислев.
Историските факти се на наша страна, но тие треба постојано да се покажуваат и да се фрлаат во лице секогаш кога има вакви обиди за политички манипулации со влијателни политичари, во случајов претседателот на САД |
|
Boogie
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Модератор Слобода или Смрт Регистриран: 26.Октомври.2005 Статус: Офлајн Поени: 10652 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
А по што се цени дека противникот е јак - погледнете ги странските учебници,онлајн историските изучувања - СЕКАДЕ АНТИЧКИТЕ МАКЕДОНЦИ СЕ РАЗЛИЧНИ ОД ГРЦИТЕ
Грците шират пропаганди и лаги бидејки нивната теорија се повеке и повеке паѓа во вода,тие имаат потреба од ваква дискусија бидејки треба да убедат некој - ние ниту сме убедувале ниту имаме потреба од убедување,историските факти се на наша страна |
|
Анастеа
Администратор ПИПИ долгиот чорап Регистриран: 07.Април.2008 Статус: Офлајн Поени: 35441 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Игнорантскиот и пасивен однос кон вакви прашања кои ни чепкаат во националниот идентитет може да не направи само губитници, ништо друго, впрочем како што и се покажа многупати досега.
Само накратко неколку причини кои не доведоа до оваа срамна ситуација, во која сме принудени да го браниме и докажуваме нашето постоење како МАКЕДОНЦИ: нашата слаба, неорганизирана и конфузна надворешна политика од осамостојувањето; пасивната и неажурна дипломатија; внатрешна национална поделеност и политичко неединство по стратешките прашања; апсурдно прифаќање на преговори за сопственото име, кои се прошируваат и на идентитетот, и тоа во време кога со закон е гарантирано правото на секој народ за самоопределување; нашиот менталитет во кој како генетски да е всадено секогаш да чекаме времето или некој друг да ги решава работите во наше име, наспроти агресивната и хиперактивна грчка пропаганда и лобирање... Дали имаме начин да се заштитиме од ваквите напади? Секако дека има начин, и секако дека не треба да седиме со скрстени раце, игнорирајќи вакви настани, за да не ни се случи еден ден да се разбудиме како северномакедонци, тунгузијци или марсовци... Точно дека секој од нас може да даде свој придонес на полето на кое е најповикан и компетентен, но бесмислени би биле поединечни писма од Буги, Трпе или Трајче како контраодговор на ова што е тема: на писмото се потпишани еминентни професори и доктори на науки, кои ако не друго кај читателот до кој е адресирано писмото оставаат барем потсвесен впечаток на борбеност и непомирливост на потписниците со фактичката ситуација. Во политиката тоа е важна особина. Оние што треба да реагираат на писмово се прво нашите историчари, затоа што со текстот директно се повикани со свој труд и реплика да дадат контраодговор. Инаку која е целта на нивното постоење? Да седат во мувлосаните и непроветрени кабинети како канцелариски глувци, изолирани од светот, со одвреме навреме некоја статиичка по нашите весници, колку да дадат абер оти се живи? Редно е да излезат малку на воздух, да просурфаат по интернет, да воспостават или обноват врски со познатите им светски колеги кои можат да ни бидат од корист, да сфатат веќе еднаш дека помина времето кога чекаа од ЦК на партијата да им издиктира што треба да напишат во читанките. Борбата за зачувување на тоа што го имаме да ја префрлат на друг фронт, да поднаучат малку од примерот на грците зошто волкот е дебел во вратот... И зошто противникот постојано е во предност: затоа што е многу јак, или затоа што ние сме многу слаби?... |
|
MakedonRazor
Нов член Регистриран: 01.Мај.2009 Статус: Офлајн Поени: 12 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Дома > Македонија Обама да го преиспита признавањето на Македонија! Коментари (13) 22.05.2009 11:50 Вашингтон Американскиот претседател Барак Обама да ја повика Македонија „да престане да ја фабрикува античката историја“ и да го преиспита признавањето на уставното име. Барањето е содржано во писмото, што на иницијатива на грчкото лоби, е упатено од група од околу 200 професори од 11 држави. „Ве повикуваме да помогнете Владата во Скопје да разбере дека не може да изгради национален идентитет на штета на историската вистина“ се заклучува во писмото објавено деновиве на интернет страницата „Macedonia evidence“ (Докази за Македонија). „Нашето заедничко меѓународно општество не може да преживее кога историја е игнорирана, а уште помалку кога историјата е фабрикувана“, се додава во писмото до Обама. Обемното писмо во кое се наведени голем број на историски податоци, се користи и како повод да се повика администрацијата на Обама да го преиспита американското признавање на Македонија под уставното име. Притоа се наведува дека признавањето на Македонија во ноември 2004 година, било „глупост, што само ги охрабрило властите во Скопје да ги искривуваат историските факти“. Писмото што е резултат на долго лобирање на грчката дијаспора, го потпишаа универзитетски професори од САД, Канада, како и од Велика Британија, Германија, Грција, Франција, Финска, Луксембург, Швајцарија, Австрија и Египет. Copyright 2009 makfax. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со makfax. |
|
fiks
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Администратор ПРАВДОЉУБЕЦ Регистриран: 18.Април.2005 Локација: Македонија Статус: Офлајн Поени: 24000 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Има,секако дека има историчари.-Но???
Заглавени се во одделот за Геријатрија наречен МАНУ.
|
|
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена, само шлаг пена ќе бидеме и можеби неколку жолти ракии. |
|
kokomoko81
Сениор Регистриран: 03.Јануари.2006 Статус: Офлајн Поени: 1363 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
pak prodolzuvame so gluposti ... nema li nekoj istoricar ?
|
|
......
|
|
Polar Bear
Сениор Регистриран: 04.Декември.2007 Локација: Канада Статус: Офлајн Поени: 1152 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Писмово е патетично. Нема значење за Македонија.
Инаку, Обама се однесува како обикновено ВеМеРОвче, само плаче што му оставил во наследство Буш (Бранко) - гледате, во првиот пасус и овие играат на таа карта. На некој му текна пред некое време да го потсети дека сега тој е претседател и нема кредит бесконечно да се вади на претходникот. Оти тоа за што го критикуваше Буш, сега му се враќа - Гвантанамо (до гуша во гомна - обеќа дека ќе го затвори затворот, ама не знае што ќе прави со шкипоните, јали ќе ги пушта, јали ќе ги затвара во Америка. А никој не ги сака. Друго, денеска спречија нов голем терористички напад во Њујорк - но кога, тогаш, пак ќе им успее. Треба да му е јасно на Обама, Буш не правеше ништо од забава или убедување, туку од вистинска потреба.
|
|
Jа сам за демократију и слободу на говор, сакам песну, пиво, вино, ракију и жене!
|
|
Boogie
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Модератор Слобода или Смрт Регистриран: 26.Октомври.2005 Статус: Офлајн Поени: 10652 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Никој не вика дека е мала работа - тоа ни е и грешката - ЗОШТО ВООПШТО ДА МУАБЕТИМЕ,зошто почнавме да преговараме.
Меѓународен закон е донесен и потпишан од сите држави кој гласи дека секој народ има право на самоопределување - од тука понатака се е наш минус. Со самите вакви теми на разговор ние даваме до знаење дека има нешто што треба да се разговара - а тоа може да се искористи на многу лошо кога е нацијата и името во прашање Мој личен став е дека вакви провокации треба да се избегнуваат јавно што повеке - додека јавно се одбегнуваат овие дискусии дипломатски треба да се напаѓаат како провокативни и ништо повеке,бидејки ако почне да се разговара ке стане 1000 зошто 1000 затоа |
|
mamamd
Сениор Почесна конзулка Регистриран: 02.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 25679 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Од твоја уста во божји уши.
|
|
fiks
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Администратор ПРАВДОЉУБЕЦ Регистриран: 18.Април.2005 Локација: Македонија Статус: Офлајн Поени: 24000 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Мамамд нормално дека не е мала работа,но политиката на САД кон Македонија ќе си остане иста.
Обама кога беше сенатор имаше потпишано некоја петиција во корис за грција под влијание на некои лоби групи но кога седна во Белата Куќа пак ја тера политиката на Буш во однос на македонија,се продолжува именување на Македонија под уставно име и сличните работи кои за прв пат ги воведе Буш,значи ништо се нема сменето .
|
|
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена, само шлаг пена ќе бидеме и можеби неколку жолти ракии. |
|
Внеси реплика | страница <12345 6> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |