|
Протести на основците и средношколците |
Внеси реплика | страница <123 |
Автор | |
Ninja 35
Модератор Регистриран: 24.Февруари.2009 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 17840 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
НЕ Е ДО ДЕЦАТА ДЕФИНИТИВНО !!!!!!!! Специјалците треба да им се пуштат на родителите .... Децата само учат и копираат од повозрасните. А бидејќи во секој дом владее исполитизираност, поделеност и други слични девијации, тогаш треба да се замислиме малку .... Дали се децата виновни ????? Или целокупното општество така ни функционира ????? Пред да почнете да плукате по партиите, погледнете го прво својот двор, своето дете... И запрашајте се да не случајно сте Вие виновникот за таквото однесување |
|
Ако ти изгледа премногу лесно , имаш некаде згрешено !!!
|
|
mamamd
Сениор Почесна конзулка Регистриран: 02.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 25679 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Изненадени се родителите на децата како успешно ги копираат останатите млади луге?! На овој ли начин ќе ни функционира државата?
|
|
kultuzin
Сениор Регистриран: 03.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4903 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Деца ба човече , деца се тие , со нив ли ќе рушите влада, засрамете се и вие и вашите ментори... А знаеш ли кои деца вчера протестираа и на кого му смета да биде тестиран... Јас незнам, можеби некој ќе ми објасни... |
|
zenmaster
Сениор Interceptor Регистриран: 05.Јануари.2007 Статус: Офлајн Поени: 4262 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Нека им ги пуштат специјалците.....ДОЛУ ВЛАДА , знаат ли они против кого одат .
Безобразни ни едни.....абе само ќотек бе , мора во оваа држава ред и поредок да се воведе секој втор штрајкуе за нешто па згора на се и владата не чинела море мајката есдеес порани ли се....
|
|
[IMG]http://img148.imageshack.us/img148/4285/xxxpn7.gif">
|
|
kultuzin
Сениор Регистриран: 03.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4903 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Со јајца против екстерното оценување
Сега протестираат и основците и средношколците Жаклина Хаџи-Зафирова Со фрлање јајца и извикување пароли „долу Влада“, основците и средношколците од повеќе училишта вчера уште од раните утрински часови протестираа пред Министерството за образование и наука, барајќи и тие како и матурантите да бидат ослободени од екстерните тестови. Некои од учениците биле заклучувани во училиштата, па морале да чекаат голем одмор за да дојдат пред Министерството за да го искажат својот револт поради екстерните тестови. Тие тврдат дека никој не ги известил за екстерните тестови за што им било кажано пред неколку дена. Но, најреволтирани се од фактот што предметите кои ќе ги полагаат треба да ги научат за само неколку дена пред полагањето. Дури најавија дека е можно да ги бојкотираат тестовите ако Министерството продолжи со својата политика по секоја цена да се реализира екстерното проверување на знаењето на учениците. Ставот на Министерството вчера не омекна под налетот на канонадата од јајца што беа фрлани кон Министерството ниту, пак, од свирежите на учениците. Тие го повторија ставот - екстерно оценување ќе има и - точка. Пред зградата на Министерството вчера се собраа околу двесте основци и средношколци, а дел од нив рекоа дека имаат поддршка од своите наставници за да дојдат на протести. На притисоци се пожалија од средното „Васил Антевски-Дрен“ и Основното училиште „Војдан Чернодрински“, кои велат дека ги заклучувале за да не одат на протести. „Немаме од каде да учиме, бидејќи немаме книги, а за полагањето на овие тестови ни кажаа пред пет-шест дена“, вели Перкан Асановски од ГУЦ „Здравко Цветковски“. Средношколецот Емил Попов се жали дека им дале малку време за учење. „Вчера добивме информација дека на 30 мај ќе ни кажат што ќе полагаме. Зошто не ни ги дадат на четири пати да ги полагаме тестовите како што правиме на тримесечјата. Немаме време книга од 200 страници да учиме само за пет-шест дена! Не е добро да ги тестираат наставниците преку нас“, вели Попов. Протестот се вжештуваше како што пристигнуваа нови ученици и им се придружуваа на учениците, додека во меѓувреме полицајците ги дисциплинираа да не фрлаат со јајца и ги истиснуваа кон соседниот парк. „На нас, основците, не ни кажаа дека ќе полагаме. Можеби има некаков друг начин да бидат проверени оценките. Ако сакаат, нека доаѓаат на часови да гледаат како учиме“, вели една ученичка од Основното училиште „11 Октомври“. На протестите се појави и Кирил Спировски, претставник од Средношколската унија, која пред неколку дена застана зад протестите на матурантите, но вчера се оградија од учениците кои протестираа пред Министерството, бидејќи тие, наводно, „знаеле дека ќе бидат тестирани“. Во Министерството за образование тврдат дека екстерно оценување мора да има. „Екстерното проверување на учениците од четврто до осмо и учениците од средно ќе има за да се утврди професионалното однесување и објективното оценување на наставниците. Тоа е регулирано со законот и со подзаконските акти“, изјави раководителот за основно и за средно образование, Љупчо Спасовски. Тој апелираше до директорите, наставниците и до родителите, учениците да се вратат онаму каде што им е местото, а тоа е во клупите. Според него, единствените „структури“ кои се против екстерното оценување се директорите, кои се слаби раководители и менаџери, потоа слабите наставници и родители кои се научени нивните деца да добиваат оценки без знаење, како и учениците кои добиваат оценки без да научат. „Но тоа е помала група“, рече тој. Спасовски не верува дека некој ученик или наставник не знае за екстерното оценување, бидејќи самиот тој вели дека ги известил за оценувањето уште во септември, во почетокот од учебната година. Сепак, тој не знаеше да каже кога би требало учениците да знаат кои предмети полагаат, бидејќи, како што кажа, „тоа го пишувало во измените на Правилникот за екстерно оценување“. Сепак, медиумите не се запознаени со овие измени. Директорите во училиштата велат дека најдоцна до 15 мај очекуваат да ги добијат списоците со распоредот за полагање од страна на Министерството за да одредат која паралелка по кој предмет ќе биде оценувана. Сепак, од Министерството не кажуваат како ќе се изведува тестирањето во оние училишта каде што нема компјутери ниту, пак, откриваат кој и како ќе ги оценува тестовите кои учениците би требало да ги полагаат електронски. Тестирањето засега се знае дека ќе биде рачно во повеќето основни училишта каде што нема поставено компјутери, а електронски ќе се изведува само во средните училишта. Но, и тука има шанси да се појават проблеми, според кажувањата од некои училишта, какви што имало за време на поединечни пробни тестирања на екстерното оценување кога паднал компјутерскиот систем, па не можело да се изведе тестирањето Утрински ДОЛУ ВЛАДА од 11 до 15 годишни деца... Браво... Изменето од kultuzin - 08.Мај.2009 во 13:13 |
|
Внеси реплика | страница <123 |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |