Испечати | Затвори го прозорот

Протести на основците и средношколците

Испечатено од: IDIVIDI forum
Категорија: Македонија и Свет
Име на форумот: Политика и вести
Опис на форумот: Вести од МК, партии, скандали, протести...
URL: http://forum.idividi.com.mk/forum_posts.asp?TID=18968
Датум на принтање: 03.Декември.2024 во 09:08
Верзија на софтверот: Web Wiz Forums 10.03 - http://www.webwizforums.com


Тема: Протести на основците и средношколците
Постирано од: kultuzin
Наслов: Протести на основците и средношколците
Датум на внесување: 08.Мај.2009 во 13:12
Со јајца против екстерното оценување



Сега протестираат и основците и средношколците

Жаклина Хаџи-Зафирова

Со фрлање јајца и извикување пароли „долу Влада“, основците и средношколците од повеќе училишта вчера уште од раните утрински часови протестираа пред Министерството за образование и наука, барајќи и тие како и матурантите да бидат ослободени од екстерните тестови. Некои од учениците биле заклучувани во училиштата, па морале да чекаат голем одмор за да дојдат пред Министерството за да го искажат својот револт поради екстерните тестови.

Тие тврдат дека никој не ги известил за екстерните тестови за што им било кажано пред неколку дена. Но, најреволтирани се од фактот што предметите кои ќе ги полагаат треба да ги научат за само неколку дена пред полагањето. Дури најавија дека е можно да ги бојкотираат тестовите ако Министерството продолжи со својата политика по секоја цена да се реализира екстерното проверување на знаењето на учениците.

Ставот на Министерството вчера не омекна под налетот на канонадата од јајца што беа фрлани кон Министерството ниту, пак, од свирежите на учениците. Тие го повторија ставот - екстерно оценување ќе има и - точка.
Пред зградата на Министерството вчера се собраа околу двесте основци и средношколци, а дел од нив рекоа дека имаат поддршка од своите наставници за да дојдат на протести. На притисоци се пожалија од средното „Васил Антевски-Дрен“ и Основното училиште „Војдан Чернодрински“, кои велат дека ги заклучувале за да не одат на протести.

„Немаме од каде да учиме, бидејќи немаме книги, а за полагањето на овие тестови ни кажаа пред пет-шест дена“, вели Перкан Асановски од ГУЦ „Здравко Цветковски“. Средношколецот Емил Попов се жали дека им дале малку време за учење. „Вчера добивме информација дека на 30 мај ќе ни кажат што ќе полагаме. Зошто не ни ги дадат на четири пати да ги полагаме тестовите како што правиме на тримесечјата. Немаме време книга од 200 страници да учиме само за пет-шест дена! Не е добро да ги тестираат наставниците преку нас“, вели Попов.

Протестот се вжештуваше како што пристигнуваа нови ученици и им се придружуваа на учениците, додека во меѓувреме полицајците ги дисциплинираа да не фрлаат со јајца и ги истиснуваа кон соседниот парк.

„На нас, основците, не ни кажаа дека ќе полагаме. Можеби има некаков друг начин да бидат проверени оценките. Ако сакаат, нека доаѓаат на часови да гледаат како учиме“, вели една ученичка од Основното училиште „11 Октомври“.

На протестите се појави и Кирил Спировски, претставник од Средношколската унија, која пред неколку дена застана зад протестите на матурантите, но вчера се оградија од учениците кои протестираа пред Министерството, бидејќи тие, наводно, „знаеле дека ќе бидат тестирани“.

Во Министерството за образование тврдат дека екстерно оценување мора да има. „Екстерното проверување на учениците од четврто до осмо и учениците од средно ќе има за да се утврди професионалното однесување и објективното оценување на наставниците. Тоа е регулирано со законот и со подзаконските акти“, изјави раководителот за основно и за средно образование, Љупчо Спасовски. Тој апелираше до директорите, наставниците и до родителите, учениците да се вратат онаму каде што им е местото, а тоа е во клупите. Според него, единствените „структури“ кои се против екстерното оценување се директорите, кои се слаби раководители и менаџери, потоа слабите наставници и родители кои се научени нивните деца да добиваат оценки без знаење, како и учениците кои добиваат оценки без да научат. „Но тоа е помала група“, рече тој.

Спасовски не верува дека некој ученик или наставник не знае за екстерното оценување, бидејќи самиот тој вели дека ги известил за оценувањето уште во септември, во почетокот од учебната година. Сепак, тој не знаеше да каже кога би требало учениците да знаат кои предмети полагаат, бидејќи, како што кажа, „тоа го пишувало во измените на Правилникот за екстерно оценување“. Сепак, медиумите не се запознаени со овие измени.

Директорите во училиштата велат дека најдоцна до 15 мај очекуваат да ги добијат списоците со распоредот за полагање од страна на Министерството за да одредат која паралелка по кој предмет ќе биде оценувана. Сепак, од Министерството не кажуваат како ќе се изведува тестирањето во оние училишта каде што нема компјутери ниту, пак, откриваат кој и како ќе ги оценува тестовите кои учениците би требало да ги полагаат електронски. Тестирањето засега се знае дека ќе биде рачно во повеќето основни училишта каде што нема поставено компјутери, а електронски ќе се изведува само во средните училишта. Но, и тука има шанси да се појават проблеми, според кажувањата од некои училишта, какви што имало за време на поединечни пробни тестирања на екстерното оценување кога паднал компјутерскиот систем, па не можело да се изведе тестирањето

Утрински


ДОЛУ ВЛАДА од 11 до 15 годишни деца...

Браво...



Коментари:
Постирано од: zenmaster
Датум на внесување: 08.Мај.2009 во 13:20
Нека им ги пуштат специјалците.....ДОЛУ ВЛАДА , знаат ли они против кого одат .
Безобразни ни едни.....абе само ќотек бе , мора во оваа држава ред и поредок да се воведе секој втор штрајкуе за нешто па згора на се и владата не чинела море мајката есдеес порани ли се....


-------------
[IMG]http://img148.imageshack.us/img148/4285/xxxpn7.gif">


Постирано од: kultuzin
Датум на внесување: 08.Мај.2009 во 13:22
Originally posted by zenmaster zenmaster напиша:


Нека им ги пуштат специјалците.....ДОЛУ ВЛАДА , знаат ли они против кого одат .
Безобразни ни едни.....абе само ќотек бе , мора во оваа држава ред и поредок да се воведе секој втор штрајкуе за нешто па згора на се и владата не чинела море мајката есдеес порани ли се....



Деца ба човече , деца се тие , со нив ли ќе рушите влада, засрамете се и вие и вашите ментори...

А знаеш ли кои деца вчера протестираа и на кого му смета да биде тестиран...

Јас незнам, можеби некој ќе ми објасни...


Постирано од: mamamd
Датум на внесување: 08.Мај.2009 во 13:47
Изненадени се родителите на децата како успешно ги копираат останатите млади  луге?! На овој ли начин ќе ни функционира државата?



-------------


Постирано од: Ninja 35
Датум на внесување: 08.Мај.2009 во 14:17
Originally posted by zenmaster zenmaster напиша:


Нека им ги пуштат специјалците.....ДОЛУ ВЛАДА , знаат ли они против кого одат .
Безобразни ни едни.....абе само ќотек бе , мора во оваа држава ред и поредок да се воведе секој втор штрајкуе за нешто па згора на се и владата не чинела море мајката есдеес порани ли се....


НЕ Е ДО ДЕЦАТА ДЕФИНИТИВНО !!!!!!!!

Специјалците треба да им се пуштат на родителите ....
Децата само учат и копираат од повозрасните. А бидејќи во секој дом владее исполитизираност, поделеност и други слични девијации, тогаш треба да се замислиме малку ....
Дали се децата виновни ????? Или целокупното општество така ни функционира ?????   Пред да почнете да плукате по партиите, погледнете го прво својот двор, своето дете... И запрашајте се да не случајно сте Вие виновникот за таквото однесување

-------------
Ако ти изгледа премногу лесно , имаш некаде згрешено !!!


Постирано од: Andjelina
Датум на внесување: 08.Мај.2009 во 15:06
мене нешто ептен ме заголицка...
пред една недела штрајкуваа средношколците и студентите за веронауката да остане како предмет
тогаш рековме ВМРО ги врбова нашите деца зашто тие го донесоа законот а нели судот е од СДСМ па тие им го турнаа законот
сега истите тие ученици ги гледам на вести против екстерното тестирање,сега СДСМ ли ги врбова  нашите деца?
имаме ли доблест да се прашаме дали целокупното наше општество функционира како треба,дали ние како родители сме направиле некакви пропусти во воспитувањето,а богами и дали просветните работници имаат некаков удел во однесувањето на нашите деца?


-------------
Никогаш не научив дали е подобро да носиш патики или штикли кога ќе тргнеш во потрага по делот од душата кој ти недостасува



Постирано од: lane62
Датум на внесување: 08.Мај.2009 во 16:58
jas go podrzuvam moeto dete!

-------------
Daj više odmora jeziku nego rukama!


Постирано од: pcelka
Датум на внесување: 08.Мај.2009 во 18:07

 

 

 Вчерашниот протест...беше ,, избрзан,,  неорганизиран, и слабо подржан...!!!



-------------
секој нов ден, носи нова надеж...


Постирано од: mamamd
Датум на внесување: 08.Мај.2009 во 18:56
Навлегувањето на демократијта во Македонија, односно влезот во повекепартискиот систем како  резултат на бегање  од едноумието изгледа не однесе во безумие. Меѓупартиските пресметки од почетокот до денеска најлесно се водеше преку младите односно  токму преку оние кои треба да се заштитат и држат подалеку од политиката. За овие 18 и кусур години сведоци бевме на ’’вакви акции’’ со мавање со јајца и  патлиџани по прозорите на МОН и кабинетите на министрите за образование на неколку наврати. За жал од овие јајце/домат демократски потези се офајдија неколку јајце/домат полиичари кои до ден денес ги уживаат привилегиите од тие ’’револуционерни дејанија’’.
 Институциите, политичарите а најмногу  родителите ги искористија младите/своите деца  за свои цели, за свои препукувања.
Како резултат на инволвирање на децата сега имаме
---- катадневни дрски однесувања на учениците и навреда на своите претпоставени, однесување надвор од секоја норма и без никаков респект
---катадневни тепачки, ферки и какви ли не пресметки меѓу учениците
--- пијанења, пушење, дрогирање од мала возраст
---- петкоманија, наредување во име на некој над наставниците за пишување петки без заслуга, без основни знаења
----- инволвираност на политиката во назначување директори кои имаат само еден основен атрибут- соодветна партиска книшка иако никој  во училиштата не ги сака и не ги респектира (секоја чест на изузетците)
----развој на бизнис со учебниците
--- ученици/деца на митинзи и политики собири
 Има многу да се набројува. Младите учат од возрасните. Прекчера студентите, вчера матурантите, денеска основците-малолетните, на ред се првачињата. Нема да ме изненади ако и тие од градинка излезат на улица па онака во памперс пелени се побунат и тие против некои закони.



-------------


Постирано од: pcelka
Датум на внесување: 08.Мај.2009 во 19:12
 
Распоредите во кој ден по кој предмет ќе се реализира тестирањето училиштата веќе се  добиени. Надлежните во ресорното министерство остануваат на ставот дека екстерно оценување за проверка на наставниците ќе има. Протестите беа без основа бидејќи стандардизираните тестови се дел од реформата со која се подобрува квалитетот на знаењето. ..!!!

Иако во мал број и денеска пред ресорното министерство протестираа дел од средношколци и основци, а убавото време го искористија за одмор во блискиот парк.

Од ресорното министерство велат дека изгубените часови мора да се одработат. Одговорноста зошто учениците место во училишните клупи се на улица ќе падне врз менаџерите на училиштето.

Екстерните тестови наменети за проверка на квалитетот на наставата и објективноста на наставниците, ќе се спроведат ... за ова беше кажано уште во Септември, на почетокот на учебната година.....сега ќе бидат ,, изоставени,, само матурантите....


-------------
секој нов ден, носи нова надеж...


Постирано од: mamamd
Датум на внесување: 08.Мај.2009 во 19:34
Не во мал број, туку ниедно дете не смее да има на улица за време кога тече наставата. Не казна  за менаџерите (за прв пат застанувам зад нив иако многумина не заслужуваат да имаат подршка) туку за родителите. Детето во училиште се евидентира како отсутно цел ден или за часовите од кои избегало. Оправдување врши родителот со лекарска потврда.  Ајде да видиме каде е принципиелноста, како ќе се оправдаат отсуствата од училиште????.
Каде се стручните служби во училиштата да водат сметка за појавите на масовни отсуства. Директорката на БРО даде изјава на ТВ дека психолозите и педагозите имаат своја програма за работа со деца. Може ли да каже колку такви часови се реализирани, знае ли таа колку работилници за разрешување на конфликти или други форми на нарушено однесување се организирани по училиштата?
Знаат ли воопшто како се работи во училиштата?
Менаџерите имаат вина за нефункционирањето на овие служби, за не обавување на работите за кои земаат плата.
Најлесно е вината да се префрли на наставниците /професорите и децата.
За жал вината е на сите останати а најмалку кај овие два чинитела.



-------------


Постирано од: МАРШАЛ
Датум на внесување: 08.Мај.2009 во 19:48
samo uste eden obid na vladejackata partija da obezbedi novi rabotni mesta za partiskite vojnici i poslusnici ..... slicno kako akcijata " zmisko oko " ....... tolku se providni i lesno citlivi site " akcii " koi gi prevzemaat pa toa cudo edno свиркање

-------------
http://www.onlineyufilm.com/musicvideo.php?vid=42859a7cd" rel="nofollow - Ко овде не полуди , ТАЈ НИЈЕ НОРМАЛАН


Постирано од: kultuzin
Датум на внесување: 08.Мај.2009 во 20:05
МАМАМД ме интересира ти како просветно лице што мислиш за целата ситуација...
И дали имаш „СТРАВ„ од екстерните тестови или напротив мислиш дека тоа ќе го подобри квалитетот на наставниот кадар???


Постирано од: МАРШАЛ
Датум на внесување: 08.Мај.2009 во 20:13
a sto da se kaze na toa deka onie koi kje gi ispituvaat ucenicite poradi podobruvanje na kvalitetot na nastavniot kadar se vo OGROMEN DEL lica postaveni na tie mesta tokmu od vladejackata partija ? ...... kadija te tuzi , kadija te sudi ....... свиркање

-------------
http://www.onlineyufilm.com/musicvideo.php?vid=42859a7cd" rel="nofollow - Ко овде не полуди , ТАЈ НИЈЕ НОРМАЛАН


Постирано од: mamamd
Датум на внесување: 08.Мај.2009 во 20:23
Пред плурализмот во државава, во образование имаше екстерно оценување, ама тогаш не се викаше екстерноголема%20насмевка и не беше толку помпезно најавувано.
Функцијата беше да се проверат знаењата на учениците односно повеке беа ставени во функција на степенот на усвоеност на материјалот односно во функција на смалување или дополнување на некои содржини по предмети.
како и ориентир за наставникот како или каде извршил отстапки во оценувањето. Никако во функција на казнување на наставниците/професорите.
Лошото во ова е што МОН во желба да се заштити од ова што се случи сега помпезно најави дека ќе тестира со цел казна/награда на просветните работници.
Друга грешка, во подготовка на тестовите најмалку учествуваат реализаторите на програмите-наставниците-професорите. илузорно е психолози да подготвуваат тестови по математика, македонски односно критериуми за вреднување, нивниот домен не е методиката и дидактиката.
Трето и најважно во формирање на оцената не се вреднува само знаењето, туку многу други  активности на учениците. и затоа е нормално дека ке има отстапки од оцените кои се напишани и оние кои учениците ке ги добијат на тестот.
И најважно ако просветните работници беа учени да спремаат тестови со неколку начини на одговори зошто сега с епремина на еден единствен пристап- со заокружување на одговорите.
Има многу негативности/ грешки кои се направени на старт.
Лично сум за тестирање во функција на компарација , во функција на отфрлање на аномалии во процесот на учење, аномалии на програмите, подобрување на квалитетот, но никако во функција на ова што е сега спомнато казна/награда на наставниот кадар.
И како бисер- се шпекулира дека многумина одамна знаеја кои паралелки ке бидат тестирани, по кои предмети, затоа се створи такво незадоволство и отпор.
Се може- да се полемизира, да се спроведе пилот тестирање, но никако децата да излезат на улица. Сите кои ова го дозволија МОРА и ТРЕБА да сносат одговорност. Редно е да се врати авторитетот на наставникот на местото кое го имаше пред политизација на образованието.
Џабе ни се сите пароли дека Образованието е моќ и сила ако наставниците се ставени на маргините, а сите останати се амнестирани од одговорноста за сите слабости во образованието.



-------------


Постирано од: МАРШАЛ
Датум на внесување: 08.Мај.2009 во 20:26
a ti mislis deka so ova kje se namali POLITIZACIJATA vo obrazovanieto ? ..... jas mislam deka sega uste povekje kje se NAGLASI свиркање

-------------
http://www.onlineyufilm.com/musicvideo.php?vid=42859a7cd" rel="nofollow - Ко овде не полуди , ТАЈ НИЈЕ НОРМАЛАН


Постирано од: kultuzin
Датум на внесување: 08.Мај.2009 во 20:32
мамамд ова е за тебе и твојот пост

Без разлика дали се согласувам, компетентен е и реален...

Што се однесува до екстерното тестирање на наставниците, знам дека кога јас бев средно школо ги тестираа наставниците...
Тоа најверојатно изумре со времето како и многу други добри работи (особено во образованието) кои ги наследивме од бившиот систем и кои наместо да се модернизират, развијат ние ги уништивме , за сега се да правиме Јово на Ново ...
А се што е ново подлежно е на таканаречени децки болести...
Јас сепак и честитам на Владата која за овие две години не извади од мртвилото кое постоеше и ги раздвижи работите и не само во образованието...
единствена критика би била што премалку се консултират со компетентни луге и пребрзо ги донесуват законите...
Ете на пример примедбата на мамамд дека психолози неможат да прават тестови по математика , сосема е на место...



Постирано од: mamamd
Датум на внесување: 08.Мај.2009 во 20:34
Па тоа и зборувам, шпекулации еден куп, се шпекулира дека токму партиски активисти знаеле кои одделенија ке се тестираат, па дури се оди дотаму со шпекулации дека им се дадени урнеци од прашањата за да бидат наградени како успешни наставници.
Лично не верувам во такви шпекулации но доволно е што се прави незадоволство меѓу просветарите па и меѓу родителите.
Сметам дека оваа година требаше да се направи пилот тестирање без да има влијание на оцените нити во функција на казна/награда па по анализите догодина да се помине на тестирање во функција на реално оценување.
и еден бисер...голема%20насмевка
Бидејки просветарите меѓу себе се познаваат, јавна тајна е дека 70% од авторите на програмите и учебници, како и на прашањата за тестовите се некогашни и сегашни членови и симпатизери на СДСМ бидејки точно може да се види дека издаваа учебници и пред владеењето на оваа влада. Оние 30%  кои се препишуваат на ВМРО се многу малку на број за да можат да променат нешто. Длабоко е инволвирана политиката во образованието.изненадување



-------------


Постирано од: МАРШАЛ
Датум на внесување: 08.Мај.2009 во 20:42
zosto mi e tesko , skoro nevozmozno da poveruvam vo toa deka NEMA DA IMA PARTISKI  SOLDATI koi odnapred kje znaat koj , sto i kako kje bide ocenuvan ? ...... свиркање 

-------------
http://www.onlineyufilm.com/musicvideo.php?vid=42859a7cd" rel="nofollow - Ко овде не полуди , ТАЈ НИЈЕ НОРМАЛАН


Постирано од: mamamd
Датум на внесување: 08.Мај.2009 во 21:05
За жал многумина го делат тоа мислење дека  се знае однапред, кој ќе биде награден, кој казнет.тага

-------------


Постирано од: МАРШАЛ
Датум на внесување: 08.Мај.2009 во 21:12
za zal , neli e toa samo voved vo otvoranje na rabotni mesta za  PARTISKI  SOLDATI  ? тага   i za zal , poftorno preku grbot na najvrednoto nesto vo ovaa zemja ... decata ..... isto kako so veronaukata лутина

-------------
http://www.onlineyufilm.com/musicvideo.php?vid=42859a7cd" rel="nofollow - Ко овде не полуди , ТАЈ НИЈЕ НОРМАЛАН


Постирано од: kultuzin
Датум на внесување: 08.Мај.2009 во 21:49
Едвај чекам да ги видам бебињата кога ќе излезат да протестират во државата , поради слабиот квалитет на мајчиното млеко...

И се разбира и тие нема да бидат манипулирани кога ќе викаат ДОЛУ ВЛАДА, ДОЛУ ВЛАДА...


Постирано од: Анастеа
Датум на внесување: 09.Мај.2009 во 00:36
Избришав многу офтопици од темава.
Доколку сакате да дискутирате за нешто што е надвор од тема, проверете низ подфорумот, има многу теми, а секогаш можете и да отворите нова.
На темите дискутирајте за она за што се отворени, без одвлекување на дискусијата во друг правец, а за меѓусебни препукувања и лични муабети, знаете што треба да користите.


-------------
http://www.youtube.com/watch?v=QCQTr8ZYdhg&feature=related" rel="nofollow - Прав сме и ќе бидеме.
Ни воздух, ни оган, ни вода, туку земја,
само земја ќе бидеме и можеби
неколку жолти цветови.


Постирано од: mamamd
Датум на внесување: 09.Мај.2009 во 06:18
Informacii od terenot ili kvalifikacii od rakav. Teski zborovi od lica na odgovorni rabotni mesta. Ocigledno  ne e lesno da se sedne vo fotelja bez da se izleze na teren i da se vidi faktickata sostojba. Nastavnicite najmalku mozat da gi koristat decata vo svoi celi.

ПРОФЕСОРИТЕ ГИ ЗЛОУПОТРЕБУВААТ УЧЕНИЦИТЕ ЗА СВОИ ЦЕЛИ


Нема отстапки, екстерно оценување ќе има


По електронски пат до сите основни и средни училишта во Македонија, во средата се доставени распоредите по наставни предмети кои се опфатени со екстерното проверување на знаење


Отстапки во однос на екстерното тестирање Министерството нема да направи. Апелирам учениците да се вратат во училишните клупи. Апелирам и директорите да си преземат мерки да не дозволат неодржаните часови да се запишуваат со тоа и нереализираните работни денови да се сметаат како реализирани, вели раководителот на секторот за основно и средно образование Љупчо Спасовски.

Според Спасовски, Министерството за образование ќе бара од сите училишта да се почитува законот и да се одработат 180 наставни дена.
- Ние ќе бараме 180 наставни дена, односно Државниот просветен инспекторат да утврди во кое училиште колку наставни денови се реализирани - додаде Спасовски.
Распоредот по наставни предмети се доставени вчера до сите основни и средни училишта по електронски пошта, а во некои училишта дополнително се испратени и писмено.
Значи ли дека директорите не ги контролираат ученииците, а МОН директорите?

Недостасува некоја карика, а таа е во насока каде одреден број на директори имаат други активности и апелирам сите директори да се вратат на своите работни места од семинарите и екск*рзиите да ги става во втор план.

Кој ќе сноси одговорност за децата
Оставени се на училиште, а дошле на протест затоа што раководителот заминал без дозвола на семинар кој мислел дека му е во интерес. Ние ќе преземеме мерки до тие директори и до градоначланици кои дозволиле да се патува во ова време надвор од работното место.
Seminari imalo i ke ima. Diskutabilno e koj odi na tie seminari?!
Diskutabilno e zosto se organiziraat vo rabotno vreme i kako mnogu obucuvaci se duplo plateni- ednas od proektnite edinici, vtor pat od svoeto redovno rabotno mesto na koe za zal ne bile. 


-------------


Постирано од: mamamd
Датум на внесување: 09.Мај.2009 во 13:43
Кога човек ќе прочита ваков наслов сакал или нејкел ќе се прашува какви ли фрустации носат луѓето во себе кога заборавиле кој ги вовел во светот на писменоста. Толку ли ги мразат своите учителки што не можат да се воздржат од лепење квалификациикако заспани
http://www.novamakedonija.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=3&tabid=2&fCat=1&top=1&EditionID=389&ArticleID=24177 - Потребно е екстерно будење на 25.000 заспани даскали
Точно е можеби едно, даскалите се виновни затоа што во својата професија внесуваат емоции, се трудат да работат, да описменат генерации за на крај да добијат пелин од оние на кој им држеле раче правилно да ги насочат да ги пишуваат буквите, да ги прочитаат првите зборови.
Во едно се согласувам, треба да се разбудат, да станат професионалци кој на своите ученици ќе гледаат како  новинарите како гледаат на својот напис. Без емоции, без размислување дека некого ке навредат.



-------------


Постирано од: kultuzin
Датум на внесување: 09.Мај.2009 во 13:55
Originally posted by mamamd mamamd напиша:

Кога човек ќе прочита ваков наслов сакал или нејкел ќе се прашува какви ли фрустации носат луѓето во себе кога заборавиле кој ги вовел во светот на писменоста. Толку ли ги мразат своите учителки што не можат да се воздржат од лепење квалификациикако заспани<span></span> http://www.novamakedonija.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=3&tabid=2&fCat=1&top=1&EditionID=389&ArticleID=24177 - Потребно е екстерно будење на 25.000 заспани даскали Точно е можеби едно, даскалите се виновни затоа што во својата професија внесуваат емоции, се трудат да работат, да описменат генерации за на крај да добијат пелин од оние на кој им држеле раче правилно да ги насочат да ги пишуваат буквите, да ги прочитаат првите зборови.Во едно се согласувам, треба да се разбудат, да станат професионалци кој на своите ученици ќе гледаат како  новинарите како гледаат на својот напис. Без емоции, без размислување дека некого ке навредат.



Мислам дека најголемиот проблем на нашето образование што нема стандардизирани критериуми за оценување...
Што ќе рече се е на добра воља на професорот...
Неретко се случува дури и во исти школи критеримите да бидат различни...
А се зависи од карактерот и добрата воља на наставникот...
Мислам дека на оваа проблематика треба да се поработи малце...


Постирано од: mamamd
Датум на внесување: 11.Мај.2009 во 06:31
Originally posted by kultuzin kultuzin напиша:



Мислам дека најголемиот проблем на нашето образование што нема стандардизирани критериуми за оценување...
Што ќе рече се е на добра воља на професорот...
Неретко се случува дури и во исти школи критеримите да бидат различни...
А се зависи од карактерот и добрата воља на наставникот...
Мислам дека на оваа проблематика треба да се поработи малце...
[/QUOTE]
Вчера вечер на А2 ги слушав ставовите  на проф. д-р Никола Петров и г-д. Љупчо Спасовски. Професор Петров ги искажа сите размислувања од позиција на долгогодишен практичар и автор на многу книги токму на полето на едукација на младите, како и за вреднување на резултатите.
Многу убаво кажа за избрзаните одлуки односно внесување на промени без пилот тестирања на тие промени.
Љупчо Спасовски спомна дека  тестирањето е во функција на следење на програмите, учебниците односно потребата од нивно корегирање, а и тоа дека од почетокот на годината се дадени стандарди според кои треба да се следи и вреднува.
Не кажа само како наставниците да се справат со притисоците кои ги имаат кога се раководат токму по тие стандарди, кога заради намалените оцени на нечии деца им се прети со сигурноста на работното место, па дури се става под знак прашање и нивната стручност.
Јас би додала само, екстерно оценување за учениците ДА, но задолжително екстерно вреднување на работата на сите останати чинители од психоло/педагог до советници од БРО, педагошкиот инспекторат, рецензенски слуби, учебникарите и дури и на министерот.
Ако 28 000 просветни работници се изјаснат дека сите овие служби се некооперативни, дека наложуваат нестручни методи, принципи треба да бидат казнети исто така 10 до 15% од својата плата.
Вака се додека се си оди по она Јал не јал три ипол децата ке излезат на улица, со децата ке манипулираат други, па дури и родителите а ке одговараат наставниците.
Искрено, многу беше грда  изјавата на Спасовски дека наставниците ги тераат децата на улица. Луѓето забораваат дека кажаниот збор од одредена позиција има тежина и во земјите со нормална законитост за такви изјави без реални аргументи и докази се сносат последици.
Ние сме далеку од такви потези, кај нас сеуште примат има партиската книшка.


-------------


Постирано од: mamamd
Датум на внесување: 13.Мај.2009 во 06:55
Подготовките за тестирање течат, списоците истакнати, учениците и наставниците се спремаат за големиот ден а
http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=45726F283405604884350F2065F319C7 - Екстерното оценување на тест пред Уставен идната недела?


-------------


Постирано од: ВАЖНА
Датум на внесување: 13.Мај.2009 во 17:08
Aman veke onie tupaci od ustaven...sega i eksternoto ke bide na ustaven? Ama svatete se sto pravi vladata e dobro pa taka i so eksternoto ocenuvanje! 

-------------
Последна изјава на црвенкоски: државата ни е на раб од провалија ако се вратиме ние на власт ќе направиме чекор напред.


Постирано од: Zajcef
Датум на внесување: 13.Мај.2009 во 19:28
Уставен Rulz!
Да даде госпот сите закони на владата()да ги турне уставен!Еден да не остане!!
In Уставен we trust!

-------------
Кога неправдата станува закон,отпорот станува должност....


Постирано од: Ateist
Датум на внесување: 13.Мај.2009 во 20:40
газење%20од%20смеење
Originally posted by Zajcef Zajcef напиша:

Уставен Rulz!
Да даде госпот сите закони на владата()да ги турне уставен!Еден да не остане!!
In Ѕставен we trust!


газење%20од%20смеењегазење%20од%20смеењегазење%20од%20смеењегазење%20од%20смеење

-------------
Да бидеш верник е исто како да си слеп, а да раскажуваш за светлината (Атеист)


Постирано од: brza
Датум на внесување: 13.Мај.2009 во 20:42
Originally posted by Ateist Ateist напиша:

газење%20од%20смеење
Originally posted by Zajcef Zajcef напиша:

Уставен Rulz!
Да даде госпот сите закони на владата()да ги турне уставен!Еден да не остане!!
In Ѕставен we trust!


газење%20од%20смеењегазење%20од%20смеењегазење%20од%20смеењегазење%20од%20смеење
газење%20од%20смеењегазење%20од%20смеењегазење%20од%20смеењегазење%20од%20смеењеmajmunska posla!


-------------
Patriotizmot e poslednoto skrivalishte na kriminalcite.-Albert Einstein
Mokjta od sekogash privlekuvala lugje so nizok moral.-Albert Einstein


Постирано од: mamamd
Датум на внесување: 19.Мај.2009 во 12:36
Читам по весниците за барање одговорност за протестот на учениците. Едни бараат да одговараат вработените во министерствата и БРО, директорите, други педагозите/психолозите, трети класните ракововдители, четврти (наставниците) да одговараат родителите. Во суштина треба да одговараат сите.
Зошто МОН и БРО?
Па затоа што ништо не информираат на време, сите промени ги носат ампасан, без претходни подготовки, без истаржувања без почитување на позитивните или негативните искуства.
Зошто директорите?
затоа што не може да имаат звање менаџер, а не менаџираат туку чекаат МОН, БРО, подрачните да им кажат што да прават.
зошто психолози/педагози
Па затоа што нивна работа е секое отстапување од функционирањето на норми. Нивна работа не се наставниците, туку учениците, Тие не се над наставниците, туку заедно со наставниците, подеднакво ја сносат одговорноста за секоја негативна појава.
Зошто наставниците?
Затоа што треба да алармираат навреме и да евидентираат кое дете од кој час не им е присутно. И да не оправдуваат часови онака од ракав со лекарска потврда издадена од незнам кој лекар, туку од матичниот.
Зошто родителите?
затоа што децата секаде престојуваат по краток временски период ама во домот се доживотно. Последиците од затскривање или недај боже  потикнување на немири и непослушност ке реперкуираат со понатамошни последици. Тие ќе ги сносат последиците од сите самоволија на своите деца.
на крај државата ќе има граѓани онакви какви создале сите овие институции-образовни и семејни.


-------------



Испечати | Затвори го прозорот

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03 - http://www.webwizforums.com
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd. - http://www.webwiz.co.uk