IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Здравје > Медицина
  Активни теми Активни теми RSS - Сексуално преносливи болести!
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Сексуално преносливи болести!

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <123
Автор
Порака Обратен редослед
Lithium Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 01.Декември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 9407
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Lithium Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Април.2009 во 00:28
Ваква тема во подфорумов нема и ја отворам затоа што половите болести се доста чести а малку се знае за нив. Освен што ја знаеме СИДА-та како најопасна и неизлечлива болест постојат и други.

Половите органи се лесно подложни на бактериски, вирусни или габични инфекции. Голем број од инфекциите не се задржуваат само на половите органи, туку се шират и во другите делови на организмот. Особено женскиот репродуктивен систем е поподложен на инфективни заболувања. Истите можат да бидат причина за развиток на тумор на половите органи или може да доведат до предвремено породување или да го зголемат степенот на смртноста кај новороденчињата.

Една од најкарактеристичните инфекции ја предизвикува кламидијатакоја се лекува кај обата партнера. Новороденчињата од заразените мајки имат појава на инфекции на очите и белите дробови.

Најчесто половите болести се преносливи ( заразни ). Се шират преку полов контакт и се познати како сексуално преносливи болести. Од нив класични полово-венерични болести се сифилисот ( луес ) и гонорејата ( трипер ) кои се со најтешки последици.

Сифилисот го предизвикува микроорганизмот спирохета која по полов пат навлегува низ најмалите оштетувања на слузокожата. Може да се пренесе со контакт на заразени возразни лица како и од заразена мајка на плодот уште во матката. Предизвикувачот може да ги нападне сите ткива и органи. Првите видливи симптоми се јавуваат по 3-4 недели. Болеста може да трае со години или до крајот на животот.

Гонорејатаја предизвикува бактерија гонокок, ја зафаќа слузокожата на органите. Подоцна се проширува и на вантрешните органи од репродуктивниот систем. Кај жените предизвикува стерилитет. Гонорејата може да се пренесе и на новороденчето за врме на породувањето.

Трихомонијазата ја предизвикува паразит трихомонае. Мошне е честа во периодот на најголемата полова активност на човекот ( од 20 до 40 година од животот ) Инфекцијата се пренесува преку полови контакти како и преку користење на нечист прибор за интимна хигиена.

Една од половите болести е и половиот ( генитален ) херпес. Предизвикувачот е вирусот сличен на вирусот кој предизвикува херпес на усната празнина. По заразата вирусот останува во мозочните ганглии и нервите

Сето ова горенаведено говори за потребата од редовно одржување на хигиената и нега на половите органи кај обата пола. Стекнувањето на навиките за одржување на хигиената се стекнуваат уште во детската возраст. Кај женскиот пол особено треба да се обрне внимание на хигиената на половите органи во текот на менструацијата, бременоста и породувањето.

И ако има некој искуство или познаник со некоја полова болест може да сподели овде.



Изменето од Lithium - 07.Мај.2009 во 21:47
You think you are perfect? Well, try walking on water...
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <123
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,137 секунди.