|
Каков образовен систем сакате? |
Внеси реплика | страница <12345> |
Автор | |
mamamd
Сениор Почесна конзулка Регистриран: 02.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 25679 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Deneska na rabota im kazuvam za diskusiite na ovaa tema i 'zelbite" na forumdziite kakov obrazoven sistem sakaat.Edna koleshka mi rece vaka:
-Jas sakam obrazoven sistem vo koj na prvo mesto rabotata kje bide vrednuvana navreme odnsono platata sekoj mesec da mi bide isplatena na vreme za da ne moram opteretena od doma za -isklucenata struja; iskluceniot telefon; -neplatenite smetki za gradinka; -neplatenite navreme smetki za krediti da vlezam vo ucilnica i poluotsutna i so mislite doma kako kje napravam rucek i na shto da napravam. Bi sakala obrazoven sistem vo koj direktotkata koja do vcera so mene stoeshe vo hodnikot i zboruvashe za kasnenjeto na platata da ne me opomenuva da odam na cas oti mi ide da i se zavrtam i pred site da i kazam da ne mi se pravi rabotnik oti ja znam kakov nerabotnik beshe. I bi sakala obrazoven sistem vo koj roditelite kje naucat da si prezematdel od krivicata za situacijata so neucenjeto na decata zatoa shto kako roditeliimaat obvrska da gi kontroliraat decata kade im odat, kolku ucat, kolku nosat domashni. Jas ne prokomentirav, ama iskreno znam deka za 90% od rabotite e vo pravo kolku vie da se bunite i da prodavate demagogija deka platata ne e vazna. |
|
nelson
Сениор НАИВЕН НА МАЈКА Регистриран: 11.Октомври.2008 Статус: Офлајн Поени: 6313 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
polesen...poefikasen...pointeresen....pozabaven....poobjektiven...posodrzaen....pointeraktiven...po i po
|
|
Zeleo bih da te, vezanih ociju, prepoznajem u hiljadama.Ala bih se napipao!
|
|
zbunet
Сениор Претседник Зеленковски Регистриран: 24.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 15549 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Не сакам како и Пинк Флојд
|
|
polzavce
Сениор Регистриран: 14.Октомври.2008 Локација: Angola Статус: Офлајн Поени: 1325 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Сакам образовен систем во кој ќе важи правилото: УЧЕНИКОТ ТРЕБА ДА ГО НАДМИНЕ СВОЈОТ ПРОФЕСОР........па професори потрудете се околу тоа. Се зависи од вашата добра волја...... |
|
Gorazd777
Сениор Регистриран: 22.Октомври.2008 Локација: Евразија Статус: Офлајн Поени: 1584 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Ете - Златник - гледаш ти го објаснуваш еден систем во кој и јас се образував, но ете за жал како што беше тој систем така и сега ние се снаоѓаме за работа,никој не ме прашува колку сум учел и колку вреди мојата диплома,се гледа политички,се гледа со пријателство и се гледа со мито,немој да се лажете дека се оди со партиска книшка, СЕ ОДИ СО ПЛАЌАЊЕ НА РАБОТНОТО МЕСТО.
Инаку се прашуваш што било подобро ова нашето, каде од се знаеме по нешто и на крај излегува ништо ,затоа што само апашите и арамиите се снајдуваат,или она на запад каде се остручуваш во одрдена насока и за тоа си најдобар. Сега некој ќе рече зошто нашите кадри на запад успеваат кога ќе појдат таму,е таму прво ќе му речат што диплома имаш ти,оставија настрана сега да видиме пракса,а потоа ако те бидува ќе имаш и работа ,иули ќе одиш чекор по чекор. |
|
ВОЈНАТА Е МИР
СЛОБОДАТА Е РОПСТВО НЕЗНАЕЊЕТО Е СИЛА ОД ЗЕЛКА ТОРТА И ОД СЕЉАК ГРАЃАНИН НЕ БИДУВА |
|
defma
Сениор Регистриран: 13.Март.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 716 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Сакам образование без политика т.е. без поставување на политички членови на местото на наставници од денес за утре без да се консултираат неговите/нејзините препораки, без политички местенки на наставници и директори и нивно често менување, образование насочено кон индивидуалните карактеристики на секое дете,образование без предрасуди, образование со соодветни наставни средства и материјали.
|
|
ВАЖНА
Сениор Оптимист Регистриран: 09.Јануари.2009 Статус: Офлајн Поени: 1664 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Епа јас си поминав основно и средно и ме брига
|
|
polzavce
Сениор Регистриран: 14.Октомври.2008 Локација: Angola Статус: Офлајн Поени: 1325 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Сакам образовен систем во кој исклучително надарените поединци нема да се третираат како -АЈ НЕ СЕ ПРАВИ НАЈПАМЕТЕН ОД СИТЕ- ........туку дополнително ќе се мотивираат и поттикнуваат........ |
|
Zlatnik
Сениор Регистриран: 23.Август.2005 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 2605 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Полжавче, во крајна линија самата критика (за која ти критикуваш), ни’ кажува каков образовен систем сакаме.
Да, точно е тоа што го вели ГленКлуз, кај нас повеќе се учи теорија, отколку пракса, за разлика од запад. Исто така, кај нас се учи од се по малку, за разлика од запад, каде се учи малку и насочено. Е сега, што е подобро - којзнае?! Дали од се по нешто да знаеме, да се снаоѓаме во поголемиот број ситуации и да имаме поголема општа култура, или да не знаеме многу работи, а само една работа да ја знаеме - и тоа до совршенство, но да не знаеме каде е Америка или (за американците) да незнаат каде е Калифорнија? Еве, повторно преку (споредбени) примери да кажам што (според мене) треба да се менува, какви учители треба да има ... : 1. По однос на дисциплината: - Во средно, македонски ни’ предаваше С.Л. На нејзин час (ај да не речам) секој правеше што сакаше. Некој ако е во ходник, веднаш ќе знае каде таа има час. - Физика ни’ предаваше ЉЦ. Уште пред да ја сврти кривината кон ходникот со училници, сите деца, без оглед дали имаат час од него или не, беа во училниците. Зошто? Човеков ниту колеше, ниту бесеше. уште на почетокот си заземал еден свој став, еден свој принцип и по него си се држел. И затоа сите го (страво!?)почитуваа. А другиве? 2. По однос на учењето - по македонски, пред нејзе учебникот „Литература“ и ни’ „предава“ (чита)! Тој што си сакаше да си чита (лектири), си читаше и без професорката од него да бара. Ретко кога разработувавме некое дело, а и кога го правевме тоа, беше про-форма. Тогаш С.Л. гледаше да не’ фати како нешто не сме прочитале. - по физика, ЉЦ предаваше со разбирање. Гледаше да го извлече од тебе тоа што го знаеш. Мој личен пример. Тој знаеше дека јас се интересирам за астрономија и кога учевме за светлината тој ме скорна и ме праша кој прв ја измерил брзината на светлината. Јас станав и, како прв пат да слушам што е тоа светлина. Тој ме погледна, се насмевна и ме праша: „ добро, ти носиш панталони, како не ти паѓаат“? Сите деца почнаа да се смеат (мислејќи дека професорот ме заебава). Но, тоа беше доволно, се разбира за тој што знае, да се сети „што сака писателот со тоа да каже“. Веднаш му одговорив: „Ремер“. Децава наеднаш престанаа да се смеат и почнаа да се чудат! Што стана работава? Да не должам. Професорот со таа асоцијација (за панталоните), ме наведе на каиш, на ремен. Е сега, ако го знаеш Ремер, ќе се сетиш на него ако некој ти спомне ремен. Ете, такви професори ни’ требаат/ Понатаму, разлика меѓу професорите на факс: - На Земјоделски, професорот по Лозарство Ѓ.П, ни’ „предаваше“ (читаше) од Ампелографијата на Драган Настев, а ние препишувавме од збор до збор. - Имав прилика да присуствувам на предавање на постдипломци по новинарство во Белград. И тоа по предметот Политичка економија. Предмет кој ми беше толку апстрактен кога го учев во Скопје. Абе, професорот толку убаво ја изнесе материјата што мислам дека за тој час ја научив целата политичка економија. Каква разлика во квалитет на предавачи!? Неспоредливо. Кога за ова му кажав на мојот другар, тој ми рече: Е па затоа има Кембриџ, Оксфорд ... |
|
Неоттуѓиво е правото на секој поединец да живее во својата заблуда!
|
|
Gorazd777
Сениор Регистриран: 22.Октомври.2008 Локација: Евразија Статус: Офлајн Поени: 1584 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
ШТО СЕ ВЕЛИ ПО ДАСКАЛСКИ ЈА ПОГОДИ ТЕМАТА.Гледам неколку дена и мислам повторно си се навраќаме на нашето,критики и само врлање камен на друг. Горенаведениот напис опфати малку од она што мислев да го загатнам за дискусија,КАКОВ ОБРАЗОВЕН СИСТЕМ САКАМЕ,имено како што имам слушнато од стручни лица досега сме биле во наводно руско - француски начин на учење каде се малтретира ученикот - детето со теорија,а сега треба да го прифатиме англо-американскиот каде се оди на остручување во насока на практичари,или поточно сеењето на ветар во магла треба да заврши и да се преиспитаат комплет наставните програми кои ги учат нашите деца,а потоа да зборуваме и за обука на наставничкиот кадар по терк на западниот свет. Инаку само за пример револтот е сеуште голем затоа што не се расчистува со старото и да се почне со навистина ново,туку на децата им се дава и едно и друго,а еве првите ЖРТВИ се веќе децата од старо-ново трето каде безпотреба учат куп теоретски работи,а пред крајот на полугодието имаа куп на тестови,за тоа зборувам дали некој е свесен и треба да не чуе ,и да разбере дека треба да се менува нешто во вистинска смисла. |
|
ВОЈНАТА Е МИР
СЛОБОДАТА Е РОПСТВО НЕЗНАЕЊЕТО Е СИЛА ОД ЗЕЛКА ТОРТА И ОД СЕЉАК ГРАЃАНИН НЕ БИДУВА |
|
fiks
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Администратор ПРАВДОЉУБЕЦ Регистриран: 18.Април.2005 Локација: Македонија Статус: Офлајн Поени: 24000 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
абе не се постигнува ништо со тоа што ќе напишиме каков одбрзовен систем сакаме.Системот си е добар,па погледнете кои се кадри излегле од овај образовен систем. Не е проблемот до системот,проблемот е до нас,корисниците на тој систем. |
|
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена, само шлаг пена ќе бидеме и можеби неколку жолти ракии. |
|
mamamd
Сениор Почесна конзулка Регистриран: 02.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 25679 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Mnogu odgovori kje gi najdesh tuka...
Школство какво сакам да имам ista problematika razlicni naslovi... |
|
blue666
Сениор Регистриран: 28.Ноември.2007 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 4465 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Smetas deka ako tuka se predlozat konkretni merki - nekoj od vladeackata garnitura nas ke ne soslusa za toa?
|
|
polzavce
Сениор Регистриран: 14.Октомври.2008 Локација: Angola Статус: Офлајн Поени: 1325 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Како што можам да видам никој освен јас не даде одговор на прашањето:Каков образовен систем сакате и што да се направи за да се надминат потешкотиите во постојниот ........ Целата дебата се заснова на позитивна или негативна критика на она што полжавче го констатираше за некои аспекти од образовниот систем во РМ......... Наместо да се анализираат до -влакно во јајцето- гледиштата на еден форумџија.........јас предлагам и вие да дадете одговор на поставеното прашање: Каков сакате да биде образовниот систем и најважно од се да дадете предлог мерки што треба да се превземат за да се оствари вашата замисла.......... Лесно е да се критикуваат туѓите решенија...........потешко е да предложиме свои........епа навалете со идеи........ |
|
Внеси реплика | страница <12345> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |