IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Образование
  Активни теми Активни теми RSS - Германски накратко (к у р с)
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Германски накратко (к у р с)

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <12345 8>
Автор
Порака Обратен редослед
Majkl Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 20.Јуни.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3019
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Majkl Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Јануари.2009 во 10:35
Читателите на оваа тема „Германски накратко (к у р с)„ но и сите оние кои се сретнувале со германски зборови, сигурно ги забележале честите зборчиња:

der, die, das


Горните зборчиња представуваат тнр. одредени членови за машки(der), женски(die) и среден род(das). Но зборот die понекогаш може да означува и множина кај некои именки, на пр. der Schüler - die Schüler = ученик - ученици.

За посигурно да можеме да препознаеме од кој род е некоја именка, подобро е да го ѕирнеме нејзиниот завршеток.

Ако именката завршува на:

-heit, -keit, -schaft,-ung тогаш е женски род.

z.B. die Freiheit; die Gerechtigkeit; die Freundschaft; die Zeitung;


-ig, -ing, -ling тогаш е машки род.

z.B. der Käfig; der Ring; der Frühling;


-chen, -lein тогаш е среден род.

z.B. das Mädchen, das Bächlein



Дали можете врз основа на претхoдните објасненија за одредување на машки, женски и среден род - пред именките наведени долу да ги додадете тнр. одредени членови: der, die, das?

Fräulein = госпоѓица
Freiheit = слобода
Freundschaft = пријателство
Gerechtigkeit = праведност
Käfig = кафез
Mädchen = девојка
Ring = прстен, алка
Schüller = ученик
Stüblein = одајка, собичка
Zeitung = весник


*********************************************************
Совет: За подобро запомнување на завршетоците за машки, женски и среден род од помош можеби ќе ви биде ако ги споите завршетоците за секој род посебно, и така споени ги повторите неколку пати.

На пр. за женски heit-keit-schaft-ung/хајткајтшафтунг/
за машки ig-ing-ling/игинглинг/
за среден chen-lein/хенлајн/





Изменето од Majkl - 23.Јануари.2009 во 10:46
Кон врв
Majkl Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 20.Јуни.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3019
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Majkl Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Јануари.2009 во 05:40
И да направиме една музичка пауза со една прекрасна австријска мелодија од 16 век(1535), со текст од 1582 год. денес во изведба на групата АДАРО, Es ist ein Schnee gefallen = (еден) Снег наврна:

Es ist ein schnee gefallen... (за мелодија: кликни)


Es ist ein Schnee gefallen
Und ist es doch nit Zeit,
Man wirft mich mit den Ballen,
Der Weg ist mir verschneit.

Mein Haus hat keinen Giebel,
Es ist mir worden alt,
Zerbrochen sind die Riegel,
Mein Stüblein ist mir kalt.

Ach Lieb, lass dich's erbarmen,
daß ich so elend bin
Und lass mich in dein Arme,
so fährt der Winter hin

Ich hatt' mir erkoren
ein minnigliches Leut
an den hab ich verloren
mein Lieb und auch mein Treu

Das Liedlein sein gesungen
von einem Fräulein fein
ein ander' hat mich verdrungen,
dass muß ich gut la'n sein.



Изменето од Majkl - 22.Јануари.2009 во 05:41
Кон врв
Majkl Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 20.Јуни.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3019
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Majkl Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Јануари.2009 во 03:58
Се запознавме со деновите во седмицата. Сега да ги погледнеме месеците во годината кои во германскиот јазик имаат речиси исти имиња како во македонскиот:

Der Monaten
Месеците



Januar, Februar, März, April, Juni, Juli, August, September, Oktober, November, Dezember.

Се сеќавате сигурно дека во германскиот она А со две точки горе, т.е. умлаутот ä го читаме како долго е, а Z читаме како Ц. Sonach, März ist = така да Март е Меерц.

Уште една работа во врска со месеците: Јули си е Јули и на нашки и на германски, но за да се одбегне мешањето со Јуни(разликата е само една буква) во говорниот германски можете да чуете како велат Julei/јулај/.

Дванаесeт месеци творат ein Jahr = една година. Ein Jahrhundert hat ein hundert Jahren = Eден век(досл.столетие) има 100 години. Доста корисно зборче е hat кое всушност е 3-то лице еднина од глаголот haben = да се има во сегашно време, но за него во наредната лекција бидејќи=Weil, wir haben keine raum und zeit für "haben" hier = немаме време и простор за „хабен„ тука .

Во текот на годината ги сретнуваме:



Die Jahreszeiten
Годишните времиња



der Frühling = пролет
der Sommer = лето
der Herbst = есен
der Winter = зима


сите годишни времиња се убави, но можеби вам пролетта ви е најомилена, па слободно изјавете:

Der Frühling ist meine Lieblingsjahreszeit!

и можете да прашате:

Und deine? = А твоето?


Ако сакате да кажете во некој месец, или во некоја година или годишно време, употребете го зборчето im. z.B. im September, im 2007, im Sommer...

Во лето имаме die Sommerhitze = летна горештина, тогаш е погодно за девојките да облечат das Sommerkleid = летен фустан, а во пролет и лето во природата честопати можете да забележите како лета понекој Schmetterling = пеперутка, или како во Швајцарија ги викаат der Sommervogel .

Есента е годишно време кое се користи и за споредба доколку е некој на возраст од околу 60 години, и се вели дека тој е im der Herbst des Lebens = во есента на животот.

А сега се наоѓаме mitten im Winter = среде зима, и ако е kalt = студено, пожелно е да облечеме der Winterrock = зимско палто.

Ако се обидете во своите тетратки да составите самите неколку примера врз основа на досегашните мини-лекции, многу побрзо и подобро ќе ги запомните новите зборови и реченици. Бидете креативни, мешајте ги зборовите во различни комбинации, создавајќи кратки реченици на германски на пр. = z.B.(zum bei Spiel)

Heute ist 24(vierundzwanzigste) Januar, Samstag. Wir sind im jahr 2008(zweitausendundacht). Es ist winter.


Изменето од Majkl - 29.Јули.2009 во 21:25
Кон врв
Majkl Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 20.Јуни.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3019
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Majkl Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Јануари.2009 во 05:43
Tage der Woche



Montag = Понеделник

Dienstag = Вторник

Mittwoch = Среда

Donnerstag = Четврток

Freitag = Петок

Samstag = Сабота

Sonntag = Недела



Gestern war Sonntag = Вчера беше недела
Heute ist Montag = Денес е понеделник
Morgen ist Dienstag = Утре е вторник


Во најголемиот дел од германското говорно подрачје Сабота = Samstag но во северните делови(на пр. Hamburg, Rostock) на Германија како и во источна(Berlin, Leipzig) Германија меѓу луѓето често можете да чуете за Саботата како велат: Sonnabend; кој е еден од составните денови од:

das Wochenende = крајот на неделата т.е. викенд

Am Freitag завреште го за фирмата неделниот извештај = der Wochenbericht за да можете на раат да го читате die Wochenausgabe = седмичното издание на das Wochenblatt(=Неделник) во вашата викендичка или како велат германците das Wochenendhaus.


Ако сакате да кажете во кој ден, употребете пред името на денот am на пр. во петок ќе биде:

Am Freitag



z.B.Arbeiten Sie am Freitag Herr Kohl? = Работите ли (вие) во Петок господине Кол(досл.Зелка) - Nur jeden zweiten Freitag! = Само секој втор петок.

letzten Mittwoch = последната среда

Не забораватјте на правилото дека сите именки(општи и лични) во германскиот јазик секогаш се пишуваат со голема буква без разлика каде се наоѓаат во реченицата, па така и имињата на седмичните денови. Ако зборот е составен од две или повеќе именки и/или зборови(тнр. кованици) само именката на самиот почеток од зборот се пишува со голема. Како што видовме во примерот со неделниот извештај: Wochenbericht.


Изменето од Majkl - 22.Јануари.2009 во 01:52
Кон врв
ramce_ger Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член


Регистриран: 18.Јануари.2009
Статус: Офлајн
Поени: 2
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај ramce_ger Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Јануари.2009 во 21:22
taka, i jas bi rekol deka toa ne e germanski dijalekt tuku toa si e svajcarskiot jazik.

ete i jas si cepam Saarländisch, SAU GUDD!!!
Bin ein stolzer Mazedonier ebenfalls ein stolzer Saarländer
Кон врв
ShmIzLi4kA Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 21.Август.2008
Статус: Офлајн
Поени: 123
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај ShmIzLi4kA Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Јануари.2009 во 01:54
Fala BisernA   
Кон врв
BisernA Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 27.Јули.2008
Статус: Офлајн
Поени: 4662
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај BisernA Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Јануари.2009 во 15:32
логички... ви посакувам добра вечер
Кон врв
ShmIzLi4kA Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 21.Август.2008
Статус: Офлајн
Поени: 123
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај ShmIzLi4kA Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Јануари.2009 во 02:28
jas ne ja razbrav recenicava pa ke zamolam za prevod... svativ samo posakuvam ______ dobra vecer ako i toa e tocno

profesore.. ?
Кон врв
Majkl Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 20.Јуни.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3019
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Majkl Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Јануари.2009 во 23:08
Originally posted by anelija l anelija l напиша:

jch wunche jchnen eine guten abend.

Па за почеток е добро, да внимаваме кај „посакувам„ т.е. wünsche на комбинацијата од букви sch=ш односно ch=х и на правописното правило дека именките(и општите и личните) во германскиот јазик секогаш без исклучок се пишуваат со голема буква(ова и јас го превидувам понекогаш).

значи: Ich wünsche ihnen eine guten Abend

Mon4e.ms и doriangrey нека ѕирнат дали е и граматички исправно така напишано.

Кон врв
anelija l Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 10.Јануари.2009
Статус: Офлајн
Поени: 609
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај anelija l Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Јануари.2009 во 19:24
jch wunche jchnen eine guten abend.
Кон врв
Majkl Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 20.Јуни.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3019
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Majkl Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Јануари.2009 во 18:26
Originally posted by ShmIzLi4kA ShmIzLi4kA напиша:

Originally posted by Majkl Majkl напиша:


9:45 viertel vor neun = 15 до 9 (досл. четвртина пред девет

Колку што согледав тука имаш грешка не е четвртина пред девет туку четвртина пред десет

Исправено е како петнаесет до девет т.е. 8:45

Изменето од Majkl - 15.Јануари.2009 во 18:27
Кон врв
ShmIzLi4kA Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 21.Август.2008
Статус: Офлајн
Поени: 123
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај ShmIzLi4kA Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Јануари.2009 во 18:21
Originally posted by Majkl Majkl напиша:


9:45 viertel vor neun = 15 до 9 (досл. четвртина пред девет

Колку што согледав тука имаш грешка не е четвртина пред девет туку четвртина пред десет

Кон врв
BisernA Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 27.Јули.2008
Статус: Офлајн
Поени: 4662
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај BisernA Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Јануари.2009 во 17:29
како ќе ја изненадам професорката по германски... од вторник па натаму.... море море....
Кон врв
Majkl Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 20.Јуни.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3019
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Majkl Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Јануари.2009 во 15:54
Die Zeit



Бидејќи ги научивме бројките ајде да видиме како стојат работите со времето. Колку е саат? или како би рекле на германски буквално „Колку доцна е тоа?„

Wie spät ist es? = Колку е часот?
5:24


Прецизниот одговор би бил
Es ist fünf Uhr und vierundzwanzig minuten. но германците речиси секогаш одговараат пред бројката со зборовите: до, пред(vor), по(nach), половина(halb), четвртина(viertel).
z.B.(zum bei Spiel = На пр.)


7:50 zehn vor acht = десет за осум (досл.десет пред осум)

8:45 viertel vor neun = 15 до 9 (досл. четвртина пред девет)

2:15 viertel nach zwei = петнаесет после два (досл.четвртина после два)

11:20 zwanzig nach elf = дваесет(минути) после единаесет

2:35 fünf nach halb drei = пет после половина три т.е. два и триесет и пет

7:00 Sieben Uhr. = 7 часот

12:00 Zwölf Uhr = 12 часот

Пријателите можеби после прифатената идеја за одење на планина ќе прашаат:

Wann treffen wir uns? Und wo? = Кога се гледаме?(досл.Кога среќаваме ние нас?) И каде?

Früh am Morgen. Hier oder dort. = Рано насабајле. Тука или таму.

А на кино можете да одите:
Später = Подоцна.

или... (=oder)
    Am Abend = Навечер.

vormittag = претпладне
nachmittag = попладне

"Vorrmittag habe ich keine Zeit, tut mir leid!" = Претпладне немам време, жал ми е! /Формитаг хабе их кајне цајт, туут мир лајд/

па кажете:

" Ruff mich an heute nachmittag!" = Јави ми се денес попладне!

а ако не може, останува:

Vielliecht das nächste Mal = Можеби следен пат! /Филајхт дас нехсте мал/

На влезот(der Eintritt) од продвниците или на некое известување за работното време можете да го видите следното:

von 8.00 Uhr bis 21.00 Uhr geöffnet = Од 8 до 21 часот отворено

но и за тоа дека:

am Sontag geschlossen = во недела затворено
heute geschlossen = денес затворено

dort = таму
geöffnet = отворено
geschlossen = затворено
hier = тука
nächste = следниот
oder = или
vielliecht = можеби
ruffen = повикува
das Treffen = средба, состанок

Набргу ќе се запознаеме и со деновите, месеците и годишните времиња.



Изменето од Majkl - 15.Јануари.2009 во 18:29
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <12345 8>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,109 секунди.