IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Вероисповед
  Активни теми Активни теми RSS - Исусова молитва - исцелител
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Исусова молитва - исцелител

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <12345 29>
Автор
Порака Обратен редослед
Опитен Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 20.Септември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 699
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Опитен Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Февруари.2009 во 16:27
старец Јосиф Исихаст

Гледаш ли колку се внимателни во однос на духовните закони светиите?

Заради тоа, за сè е потребна голема предострожност. Само навредите и омаловажувањата духовно го градат човекот. Бидејќи од нив се раѓа смирение. На тој начин добива венци. Трпејќи, ги дави егоизмот и славољубието.

Тогаш кога ќе те навредуваат: горделивче, лицемере, нетрпеливко, време е за трпение. Ако прозбориш, загуби. Значи, секогаш имај страв Божји. Имај и љубов за сите и внимавај да не повредиш некого вака или онака, бидејќи додека молитвиш ти пречи тагата на твојот брат. На сите, биди им добар пример во збор и во дело и Божјата благодат секогаш ќе те чува и ќе ти помага.

И внимавај чедо мое никогаш да не заборавиш во сиот свој живот, дека монахот треба да е пример за мирјаните, а не соблазна, како што тој самиот зема пример од ангелите. Затоа, должен е многу да внимава за да не го обземе сатаната. Навистина ли е неопходно монахот да излезе во светот? Нека излезе! Сепак, потребно е целиот да стане око, светлина, добро да внимава, за да не се случи помагајќи им на другите, самиот да си наштети. Особено се во опасност младите монаси и монахињи што излегуваат во светот а сè уште се во цветот на својата младост. Поминуваат помеѓу стапици. За оние што се повозрасни при што се имаат исушено во подвигот, не постои толкава опасност. Тие не претрпуваат голема штета, дури можат и повеќе да помогнат, ако имаат опит и познание.

Во секој случај воопшто, секој монах, нема никаква полза од светот, освен славата и пофалбите коишто само го разгалуваат. И тешко нам ако Божјата благодат соодветно не ги покрива потребите и делата на секој што излегува во светот.         


крај на писмото

Изменето од Опитен - 18.Февруари.2009 во 16:30
Господи Исусе Христе помилуј не
Кон врв
Опитен Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 20.Септември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 699
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Опитен Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Февруари.2009 во 16:52
Ќе се измориш многу, додека да сфатиш дека молитвата без внимание и трезвеност над себе самиот е губење време, труд без наплата. Треба над сите свои чувства одвнатре и однадвор да го ставиш будниот чувар, вниманието. Бидејќи, без него умот и силите на душата се разлеваат над обичните и суетни работи како водата што се разлева по улиците.

Никој никогаш не ја нашол молитвата без внимание и без трезвеност. Никој никогаш не се удостои да се искачи кон она што е горе без претходно да го презре она што е долу.

Многупати ти се молиш, а твојот ум го разгледува она што е овде или таму, тоа што му се допаѓа, тоа што од навика го привлекува. Ти треба присилба да го оттргнеш од таму, за да внимава на молитвените зборови. Могупати во твојата помисла, во твојот збор, во твојот слух, во твојот поглед, лукаво навлегува непријателот, а ти не го препознаваш. Потоа ќе го препознаеш но, ти треба борба за да се очистиш. Сепак не се изнемоштувај борејќи се со духовите на лукавството. Со благодат Божја ќе победиш и ќе се радуваш за сите твои таги.

Внимавај на овие нешта и кажи им на другите да бидат предострожни во самопофалбите, бидејќи тоа им штети и на совршените, а камоли на вас коишто сте сè уште слаби. На еден светител, некој гостин три пати му рекол дека добро го извршува ракоделието. И на третиот пат светителот му рекол “…од мигот кога влезе овде човеку, го избрка Бога од мене”.
Господи Исусе Христе помилуј не
Кон врв
Опитен Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 20.Септември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 699
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Опитен Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Февруари.2009 во 16:42
продолжение на предходниот текст

Внимавај да не осудуваш, бидејќи заради тоа допушта Бог и да отстапи благодатта од тебе така што те остава да паднеш и да се смириш согледувајќи ги своите гревови. Тоа што го пишуваш е во ред. Она што најпрво го чувствуваш е благодат Божја којашто кога наидувао го прави човека продуховен. И сè му изгледа убаво и добро. Тогаш сите ги љуби, има умиление, солзи и топлина во душата. Но, кога ќе се повлече благодатта, телесното надвладува и духот паѓа. Ти сепак, дури и тогаш не губи ја твојата ревност, туку постојано кажувај ја молитвата, со сила, со напор, со многу болка. Господи Исусе Христе, помилуј ме! И повторно и многупати исто и постојано. И како ќе Го гледаш мислено Христа, да кажуваш - Ти благодарам Господи мој за добрата што ми ги даде и за злото што го трпам. Слава тебе, Боже мој, слава Тебе. И кога ќе истрпиш, пак ќе дојде благодатта, пак радоста. Но, пак ќе дојде и искушението, и тагата, и стресот и напнатоста. Но, повторно борба и победа, и благодарност. И така ќе биде сè додека лека-полека не се очистиш од страстите и не станеш духовен така што созревајќи да стигнеш до бестрастие. Но, бори се. Не барај добрите нешта да дојдат сами по себе. На пердуви не стануваш монах. Монахот треба да биде навредуван, исмеван, искушуван, да падне, да стане, да стане човек. Не во прегратките на својата мајка. Не се чуло некој да станал монах близу својата мајка. Само што си рекол “оф”, ќе слушнеш “јади, да не се разболиш”. Подвигот бара лишување. Арното нема да го најдеш во бања и во лесен помин. Тоа бара борба и многу труд. Бара ден и ноќ да Го повикуваш Христа. Бара трпение во сите искушенија и таги. Бара да го удавиш гневот и желбата (или сопствената волја).
Господи Исусе Христе помилуј не
Кон врв
Опитен Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 20.Септември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 699
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Опитен Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Февруари.2009 во 13:29
Старец Јосиф Исихаст

Молитва – тоа е постојана присилба над нашата природа


Чедо мое, ако внимаваш што ти пишувам, и ако си наложиш себеси подвиг ќе имаш голема полза. Сè што ти се случува ти се случува бидејќи не се присилуваш на молитва. Значи, присили се! Постојано кажувај ја молитвата! Воопшто да не запре твојата уста. Ќе се навикнеш на неа внатре во себе така што потоа ќе ја преземе умот. Не се ослободувај во внимавањето над помислите, бидејќи ќе станеш млак и ќе се оскверниш.

Не барај совршен спокој. Нашиот Христос го подигна Крстот, и ние ќе го подигнеме. Доколку ги истрпиме сите таги ќе добиеме благодат од Господа. Затоа, Господ нè става под искушение, за да ја испита нашата ревност и љубов спрема Него. Заради тоа е потребно трпение. Без трпение човекот не станува практичар, не ги осознава духовните нешта, така што не може да ја достигне мерката на добродетелта и совршенството.

Возљуби Го Исуса и кажувај ја непрестајно молитвата и таа ќе ти го просветлува Неговиот пат.

Господи Исусе Христе помилуј не
Кон врв
EvAngelos Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Doulos Evangelos

Регистриран: 28.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 9913
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај EvAngelos Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Февруари.2009 во 22:07
Исусова молитва:
 
Татко Мој! Ако е можно, нека Ме одмине оваа чаша; но не како што сакам Јас, туку како што сакаш Ти!”
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
Кон врв
makarios Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 20.Октомври.2008
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 1282
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај makarios Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Февруари.2009 во 22:01
Свети Теофан Затворник

Оној кој нема умствена внатрешна молитва, тој нема никаква, зашто само умствената молитва е вистинска молитва, угодна и пријатна на Бог. Таа треба да ја сочинува душата на домашното и црковното молитвословие, така што ако ја нема како таква, тогаш молитвословијата само приличуваат на молитва, а не се молитва. Зашто, што е молитвата? Молитвата е вознесување на умот и срцето кон Бог, славословие и благодарение на Бог, и испросување на потребните духовни и телесни добра. Суштината на молитвата, значи, е умствено возвишување од срцето кон Бог. Умот застанува во срцето сознателно пред лицето на Бог и, исполнувајќи се со достоинствено и должно благоговение, почнува пред Него да го излева своето срце. Токму тоа е умствена молитва!
Кон врв
Pravoslaven Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 09.Февруари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 705
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Pravoslaven Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Февруари.2009 во 19:53

Исусова молитва:

Татко, сакам оние, кои си Ми ги дал, да бидат со Мене таму каде што Сум Јас, за да ја гледаат Мојата слава, што Ми ја даде, зашто Ме љубеше пред создавањето на светот.
Православен значи правилно да ја славиш верата. А критериумот за правилност е Божјиот Збор - Светото Писмо !
Кон врв
Опитен Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 20.Септември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 699
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Опитен Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Февруари.2009 во 13:52

Koga chovekot se moli so strav i so stravopochit, stoejki mirno i drzejki go vnimanieto
vo ona za sto se moli, togas toa e znak deka blagodatta go posetila negovoto srce.
vo vreme na molitva umot mora da bdee nad srceto i da kruzi nad
nego i ottamu, od dlabozinata na srceto, ke voznesuva molitvi kon Boga, neprestajno izgovarajki:
“Gospodi Isuse Hriste, pomiluj me”.

Ednas koga ke iskusi srceto deka Gospod e dobar i sladok,
umot poveke nema da saka da se oddalezi od mestoto na srceto, tuku zaedno so Apostolot
Petar ke veli: Dobro ni e da bideme ovde(Matej 17c 4).
ke saka da kruzi naokolu, oddalezuvajki gi i izgonuvajki gi, taka da se reze,
site onie poimi sto mu gi zasejuva gavolot, ne dopustajki i na niedna ovozemna pomisla da ostane tamu
i na toj nazin stanuvajki nist po duh i lisen od sekoja ovozemna pomisla.

44. Molitvata ne ja izleva blagodatta samo na onoj sto se moli tuku go preplavuva so blagodat i
ostanatoto sozdanie i preku nego (t.e. preku onoj sto se moli) taa se razleva i siri i po sozdanieto.
Dodeka vdisuva, zovekot se ozistuva, se ozivotvoruva i se osvetuva.
Koga, pak, izdisuva - toj go ozistuva, ozivotvoruva i osvetuva sozdanieto,
no toa ne go pravi toj, tukuBozestvenata blagodat.
   
Господи Исусе Христе помилуј не
Кон врв
maria_magdalena Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
trouble seeker

Регистриран: 25.Октомври.2007
Статус: Офлајн
Поени: 8706
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај maria_magdalena Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Февруари.2009 во 18:25
Благодарам, ти посакувам со лесно да минеш низ убавиот чинсреќа. И јас го минав истиот-само со молитви што на глас што во себе и без никакви анестезииголемо%20гушкање
МИСЛИТЕ СЕ ОСЛОБОДЕНИ ОД ДАНОК.
Кон врв
ana_t Кликни и види ги опциите
Група
Група
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Декември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 72
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај ana_t Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Февруари.2009 во 18:23
So pomin da ti e marija_magdalena, brzo da okrepnesh.

Vo ovoj period i jas chesto posetuvam lekar, a mi prestoi i ushte eden ubav chin, koj bidejki mi e za prvpat, veruvam deka Gospod ke bide so mene, i ne mi ostanuva nishto drugo samo mir vo dushata i Isusovata molitva vo srceto.

Pomoli se i za mene,
pozdrav
Кон врв
dejanpp Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 30.Април.2008
Статус: Офлајн
Поени: 893
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај dejanpp Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Февруари.2009 во 18:01
sekoja  molitva  e  prifatliva  za  ucejneto  na  svetite  kanoni   samo  ako  e  obrajcajne  kon  bog   i  vo  sebe  sodrzi  pokajanie
Кон врв
Pravoslaven Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 09.Февруари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 705
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Pravoslaven Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Февруари.2009 во 17:03

Тоа не е "православната Исусова молитва". Според православието треба да кажеш "Господи Исусе Христе Сине Божји, помилуј ме мене грешнаго". Тоа е магичната формула.

Но јас своеглаво сметам дека и таа молитва ти била услишана иако не била според светите канони на православната црква. среќа
Православен значи правилно да ја славиш верата. А критериумот за правилност е Божјиот Збор - Светото Писмо !
Кон врв
maria_magdalena Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
trouble seeker

Регистриран: 25.Октомври.2007
Статус: Офлајн
Поени: 8706
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај maria_magdalena Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Февруари.2009 во 16:30
Пред 4 дена имав операција на внатрешно израснат умњак на горната вилица. Беше навистина напорно и релативно тешко како за операција за заб, а имав крварење и од синусот!!! ( едната страна од лицето ми е цела сино-зелена модринка).
Како и да е, сакам да кажам, јас бев во рацете на добар хирург. Верник пред се-што ја зголемува сигурноста во смисла дека одговорно ќе работи.. Претходно се помолив Бог да управува со неговите раце.

Но во тек на зафатот, додека се одвиваше сета непријатна работа, што можев друго да правам? Просто само ми излегуваше: “Господи Исусе Христе помилувај ме мене грешната“. Верувајте, така со молитва и без страв како за миг да мина се.


МИСЛИТЕ СЕ ОСЛОБОДЕНИ ОД ДАНОК.
Кон врв
Pravoslaven Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 09.Февруари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 705
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Pravoslaven Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Февруари.2009 во 15:27

Исусова молитва:

Татко, прослави го Твоето Име!

Православен значи правилно да ја славиш верата. А критериумот за правилност е Божјиот Збор - Светото Писмо !
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <12345 29>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,266 секунди.