|
Локална власт |
Внеси реплика | страница <12345 6> |
Автор | |
orlov
Сениор army veteran 2001 Регистриран: 26.Јули.2007 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 11342 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Затоа треба да се бориме против најголемите лопови. А името било и ќе си биде. Но што ќе биде со народот? Тоа треба да се мисли. Сепак мекој мора да го освести веќе премногу напатениот НАРОД. |
|
,,СЕКОГАШ ВО СЛУЖБА НА ТАТКОВИНАТА,,
|
|
brza
Сениор Регистриран: 06.Февруари.2006 Локација: vidiFOTOupotpis Статус: Офлајн Поени: 34534 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
vikam jas deka makedoncive ovdeshni i segashni se najgolemi lopovi,..i toa od "samite sebe",...ama , na koj ke mu kazesh!,...imeto makedonsko vazno deka nema da zagine,...makar i negoviot "nositel" da go snerma od povrshinata na zemjata,..
|
|
Patriotizmot e poslednoto skrivalishte na kriminalcite.-Albert Einstein
Mokjta od sekogash privlekuvala lugje so nizok moral.-Albert Einstein |
|
orlov
Сениор army veteran 2001 Регистриран: 26.Јули.2007 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 11342 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Ништо чудно. Власта и повластиците од неа лесно не се даваат. Затоа се и скандалите со последици. Само не се тие само во Општина Кисела Вода, ширум државата секаде имаше скандали со епилог ,,физички пресметки,,. Ништо ново. Чист македонски синдром. |
|
,,СЕКОГАШ ВО СЛУЖБА НА ТАТКОВИНАТА,,
|
|
mamamd
Сениор Почесна конзулка Регистриран: 02.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 25679 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Mesto komentar, napisanovo vo Vecer
Советници, општини и граѓани
Но, ова нивно однесување отвора нова дилема. Советниците по четири години уживање на општински трошок како да подзаборавија дека имаат одговорност пред своите гласачи кои всушност ги поставиле таму кај што се. Наместо последната седница да ја искористат да направат евалуација на својата работа, тие се расправаа за лаптопите, за мобилните телефони што им биле предвреме исклучени, за некои бонуси кои се уште не им биле исплатени... Како да подзаборавија дека пред четири години ги уверуваа граѓаните дека токму тие се вистинските лица кои ќе умеат да им ги решат проблемите. Дека ќе им го олеснат секојдневието, дека ќе работат за нив. Дека личните интереси ќе ги остават настрана и ќе работат за доброто на заедницата. Иако меѓу екс-советниците имаше голем број ентузијасти кои напорно работеа и жолчно се бореа за доброто на заедницата, сепак ниту еден од нив, индивидуално или како советничка група, не само во Кисела Вода, туку и во другите скопски општини, не излезе јавно на говорница за да ги покаже резултатите од својата четиригодишна работа. Не слушнавме никого да презентира колку активности иницирал самиот, кои проекти поддржал а кои не, да каже што не успеал да одработи и од која причина... Да се надеваме дека оваа практика ќе се смени. Дека во овој, новиов
мандат, ги избравме вистинските советници кои и натаму ќе бидат блиску
до избирачот како и во предизборната кампања. Дека ќе умеат да ги
слушнат нашите барања и ќе знаат да ги реализираат. |
|
orlov
Сениор army veteran 2001 Регистриран: 26.Јули.2007 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 11342 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Се туркаше и народот приморан и уценуван да гласа за власта, па никој ништо не кажа.Имаше и закани за отпуштање од работни места. |
|
,,СЕКОГАШ ВО СЛУЖБА НА ТАТКОВИНАТА,,
|
|
novace
Сениор Регистриран: 06.Август.2007 Статус: Офлајн Поени: 3067 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Човекот си е ...поодолг период без никаква власт..
Мерааак..пусти мерак по власт(а)......
|
|
Не сум доктор , ама стално сум опкружен со пациенти
|
|
mamamd
Сениор Почесна конзулка Регистриран: 02.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 25679 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Поминаа локалните избори, новите градоначалници во многу општини седнаа во своите фотељи, некои веднаш почнаа со работа и остварување на своите програми, а некои
Се туркале вратите во градоначалничката канцеларија на Карпош |
|
novace
Сениор Регистриран: 06.Август.2007 Статус: Офлајн Поени: 3067 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Не знам одкаде ли ми е познато ова „лепливо„ и „слатко„ презиме???
И не знам што е тука чудно..кога на времето се нудеа и сукњи подигнати..
А сега ете ...се лутеле за некакви си истрошени општински лап-лаптопи де???.
Ако споредиме со минатото..кога вака испарувале и многу повредни работи..чинам дека зборуваме за буквално кажано..„ситници„!!!???.
|
|
Не сум доктор , ама стално сум опкружен со пациенти
|
|
mamamd
Сениор Почесна конзулка Регистриран: 02.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 25679 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Бараат одговорност...а дали ќе добијат??? ПО ВЕРБАЛНИОТ НАПАД ВРЗ НОВИНАРИТЕ НА ПОСЛЕДНАТА СЕДНИЦА ВО КИСЕЛА ВОДА ЗНМ бара одговорност од советничката Лепа Шеќерова Здружението на новинари на Македонија ја осуди советничката од
Општина Кисела Вода Лепа Шеќерова, која завчера, на последната
седница на Советот вербално ги нападна новинарите. Од ЗНМ велат дека
вербалниот напад на советничката врз новинарите и речникот со кој
таа се изразувала, кој не му прилега на еден просветен работник и
педагог, зборува оти луѓето што ги трошат народните пари мора да го
коригираат нивното однесување пред јавноста и новинарите, почесто да
бидат повикувани на одговорност и отчет, а не со седнувањето во
фотелјата да стануваат недопириливи за оние што ги избрале. |
|
mamamd
Сениор Почесна конзулка Регистриран: 02.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 25679 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Како ли ќе излезе?
Беџети со зурли влезе во кабинетот Со звуците на зурли и тапани новиот градоначалник Сади Беџети од ДПА вчера влезе во тетовската општинска зграда, каде што ја презеде функцијата од досегашниот прв човек на градот Хазби Лика. Се надевам на фер соработка и не очекувам опструкции од централната власт во реализирањето на инфраструктурните проекти. Нема да има никаков реваншизам кон досегашната општинска администрација, ќе биде задржан и проширен досегашниот мултиетнички начин на работа - изјави Беџети. |
|
Ninja 35
Модератор Регистриран: 24.Февруари.2009 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 17840 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
"""""Најострите зборови, закани и навреди кон новинарите беа изговорени од устата на советничката Лепа Шеќерова, инаку просветен работник, педагог. Таа на седницата дојде со 35-минутно задоцнување, но сепак ја искористи можноста уште задишана да земе збор и преку микрофоните да ја исплука новинарската професија, а новинарите да ги набрка надвор, небаре и дошле кај неа дома на гости. Шекерова особено беше гневна на една новинарка која претходно неколкупати пишувала за оваа скандалозна одлука која патем, беше поништена и од Антикорупциската комисија и од Уставниот суд. """""
---Lele majko, ja poznavam licno Lepa. Znaev deka e idiot vo privatniot zivot ama ne znaev deka e do tolku zabegana. Inaku licno bev prisuten koga na dve novovraboteni nastavnicki od ucilisteto vo koe raboti, po telefon im objasnuvase kako treba da obezbedat najmalku po 15 prijateli, koi treba da glasaat za nejzinata politicka opcija, oti vo sprotivno "ne bilo sigurno dali ke dobijat resenija za rabota" Изменето од ninja_34 - 16.Април.2009 во 01:04 |
|
Ако ти изгледа премногу лесно , имаш некаде згрешено !!!
|
|
orlov
Сениор army veteran 2001 Регистриран: 26.Јули.2007 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 11342 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Е, немој шерифи. Знаеш и самата дека тој израз кај нас е слоободен превод а во суштина значи МАРШАЛ. Што ли амо ќе им правиме на толку Маршали? Со едниот до 1980 година некако одеше, ама сега со стотина? Тешко на нас. |
|
,,СЕКОГАШ ВО СЛУЖБА НА ТАТКОВИНАТА,,
|
|
mamamd
Сениор Почесна конзулка Регистриран: 02.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 25679 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Ne e samo da zazemes pozicija, treba da znaes da go odrabotis toa sto ti e zadaca.
Novinarite ovoj pat osetija na koza kako izgleda da te riba nekoj koj samo zaradi partiskata kniska smee da si go dozvoli toa. Kako li il bese na prosvetarite od Kisela Voda koga lokalnite moknici zaedno so direktorite na ucilistata go isturaa besot vrz niv vo nedela popladne samo i samo da go prekinat shtrajkot. I bi prekin. Ama mnogumina od niv, gradonacalnikot i bajagi sovetnicki/sovetnici ne se veke na svoite pozicii. Vreme e da si zaminat i tie koi toa go dozvolija, podracnata, inspektotor, direktorite. СКАНДАЛ НА ПОСЛЕДНАТА СЕДНИЦА НА ЕКС-СОВЕТОТ НА ОПШТИНА КИСЕЛА ВОДА
Најострите зборови, закани и навреди кон новинарите беа изговорени од устата на советничката Лепа Шеќерова, инаку просветен работник, педагог. Таа на седницата дојде со 35-минутно задоцнување, но сепак ја искористи можноста уште задишана да земе збор и преку микрофоните да ја исплука новинарската професија, а новинарите да ги набрка надвор, небаре и дошле кај неа дома на гости. Шекерова особено беше гневна на една новинарка која претходно неколкупати пишувала за оваа скандалозна одлука која патем, беше поништена и од Антикорупциската комисија и од Уставниот суд. "Бесрамнице! Јас не знам со кој образ дојде овде пред сите нас. Марш
надвор. Овде има чесни луѓе, кај ти е личната етика. Не може овде никој
паметен да се прави. Излези овде, на говорницата да се извиниш јавно",
беа само дел од отровните стрели кои Шекерова ги упати од јавната
говорница. Претседателот на Советот на општината Зоран Антовски, се
обиде но не успеа да ја замолчи, па мораше да ги исклучи микрофоните.
Потоа настана мешаница.
Дел од членовите се оградија од зборовите на нивната колешка, дел ја
поддржуваа. "Вие сакате само сензации!; Не смеете да пишувате што ќе ви
текне!; Ќе ве тужиме!; наспроти "Оставете ги, тие си се на работа исто
како нас; Не се сите исти;...викаа свртени кон присутните новинари.
Овој вербален линч воопшто не беше пријатен за претставниците на
медиумите кои редовно ја следат работата на локалната власт. Нивната
задача е да слушаат и да информираат а не да се објаснуваат со
советниците. Новинарите, сепак, не се уплашија. Успеаја да дознаат дека до вчера, до 14.30 часот од вкупно 23 советници од лаптопите се откажале само четворица. Новите советници кои утре треба да ја одржат првата конститутивна седница ќе останат без основен алат за работа бидејќи општинската комуникација е целосно компјутеризирана. Советниците ги добиваат и материјалите за секоја седница во електронска форма. Сега, доколку екс-советниците не ги вратат лаптопите ќе треба да поминат три-четири месеци за да се распише тендер за набавка на нови. |
|
mamamd
Сениор Почесна конзулка Регистриран: 02.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 25679 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Изборите поминаа, спласна победничката еуфорија. Дојде време за
соочување со реалноста. А реалноста некако не е многу розова. Барем во
некои општини.
Бурна политичка пролет ја очекува општината Центар Општината Центар повторно доби градоначалник од ВМРО-ДПМНЕ, Владимир Тодоровиќ, сопственикот на супермаркетите „Тинекс“. Но ситуацијата во општинскиот совет не и оди во прилог на оваа партија. Таму, од вкупно 23 советници 11 се од СДСМ, десет од ВМРО-ДПМНЕ и по еден од ЛДП и од НСДП, партии за кои се смета дека се поблиски до социјалдемократите. Сè уште не се одржала ниту конститутивната седница на новиот совет, а меѓу локалните партиски членови сè почесто кружат гласини дека ќе има остра политичка борба во централната скопска општина, која ќе вклучува блокирање детални урбанистички планови, а со тоа и изградба на нови владини објекти, како и обиди за „купување“ советници, за да се смени односот на силите. Советници на СДСМ велат дека е можно да се запрат некои детални урбанистички планови и да почне постапка да се изменат, особено тие што се сметаат за нецелосни или за кои постои сомневање дека биле донесени на незаконски начин. Можно е и плановите привремено да се стават во мирување додека да се направат измени во нив. Најинтересен од сите, секако, е деталниот план за Малиот ринг, односно за централното градско подрачје, кој предвидува изградба на црква и на споменик на Александар Македонски на плоштадот „Македонија“, државна зграда пред Македонската опера и балет, како и објекти што веќе се градат, односно Архивот, Филхармонијата и други. - Сè уште ништо не се знае за целата таа ситуација. Можно е да дојде и до измена на некои планови, сè зависи од тоа како ќе се определат другите советници - кажаа неколку советници од СДСМ. Многу работи во советот ќе зависат од двајцата советници што не се членови на двете најголеми партии. Иванчо Вучевски од НСДП е еден од нив, кој во минатиот состав беше и претседател во почетокот. За гласините дека ќе се поткупуваат советници за да се добие ново мнозинство тој вели дека неговото достоинство не било ставено на продажба, па никој не може да го купи неговиот глас. - Јас сум во општината веќе 12 години и мислам дека тоа доволно кажува. Тука сум за да работам за граѓаните, а не за себе или за другите советници. Тоа се гледа и од фактот што во годините зад нас неколку пати сум реизбран за советник - истакна Вучевски. Реизбран за советник е и Владимир Здравев, директорот на МЕПСО и досегашен претседател на оваа институција, од редовите на ВМРО-ДПМНЕ. Тој смета дека не може толку едноставно да се сменат деталните урбанистички планови, особено тој за Малиот ринг, што веќе бил потврден и од Уставниот суд. - Не знам како ќе се одвива целата ситуација. Точно е дека ќе имаме тешка битка за секој глас, но сето тоа треба да го оставиме за конститутивната седница, да видиме што ќе се случи тогаш. Кога ќе се предложи избор за претседател ќе се види кој на која страна ќе биде и како ќе гласа. А што се однесува до измената на деталните планови, никој нема право да се поставува над Уставниот суд - вели Здравев. |
|
Внеси реплика | страница <12345 6> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |