IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Македонија и Свет > Историја
  Активни теми Активни теми RSS - Лазар Колишевски и македонското прашање
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Лазар Колишевски и македонското прашање

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1234>
Автор
Порака Обратен редослед
Pat Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 18.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 1334
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Pat Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Октомври.2009 во 21:44
Море како што читам, и по зборовите- тој чпвек бил Југословен, а не Македонец. што толку го браните, не знам

Цитат: „Доколку нашата емиграција или некој друг во Бугарија сака да ни помогне, тоа може да го стори единствено преку патот Софија- Белград- Скопје“ Ако тоа не е србоманија, тогаш не знам што е.

Изменето од Pat - 22.Октомври.2009 во 21:48
Zero Tolerance For Silence
Кон врв
Pat Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 18.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 1334
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Pat Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Октомври.2009 во 21:40
По делата ќе ги познаете, а не по зборовите
Zero Tolerance For Silence
Кон врв
Македон Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор

Caesar Constantinus

Регистриран: 20.Јули.2008
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 9928
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Македон Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Октомври.2009 во 21:20
Лазар Колишевски за Македонците во Егејска Македонија

ЗА ПОМОШ НА НАШИТЕ БРАЌА ОД ЕГЕЈСКА МАКЕДОНИЈА

Кон врв
Македон Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор

Caesar Constantinus

Регистриран: 20.Јули.2008
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 9928
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Македон Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Јули.2009 во 14:38


Писмо од Лазар Колишевски до партизаните во Пиринска Македонија
Кон врв
Каснакоски Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 03.Април.2009
Статус: Офлајн
Поени: 4758
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Каснакоски Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Јули.2009 во 18:49
Велешкиот масакр од 15 јануари 1945 година


Јосип Броз и Едвард Кардељ

На 15 јануари 1945 година, стрелани се 53 затвореници од велешкиот затвор. Судбината на тие луѓе долго време беше табу-тема во Македонија, а за злосторот почна поотворено да се зборува дури пред 15-тина години.

На 7 јануари 1945 година се случил бунтот на македонските војници стационирани на Кале. Поради тоа, Белград во Скопје го испраќа началникот на КОС Јефто Шашиќ (умре во 2000 година) за да ја среди работата со Републиката чии војници повеќе сакале да се борат за Солун, отколку да гинат како топовско месо на Срем.

Во Скопје Шашиќ останува цела недела, се додека на 15 јануари не добил известување дека ден пред тоа, бунт се случил и во касарната во Штип. Поради тоа, тој со придружба, во џип, тргнал за Штип. Во попладневните часови, негде во близина на денешното вештачко Велешко Езеро, поради брзање, на една остра кривина џипот слетал од патот во Отовичка река.

ПИЈАНА ВЕЧЕР
‘Великиот’ началник поминал неповреден, но бил мокар до ‘гола кожа’. Поради тоа не можел вечерта да продолжи за Штип, туку останал во Велес. Домаќините од Комунистичката партија го нагостиле, а според пишувањето на биографот на Јосип Броз Тито, Владимир Дедиер, вечерта, поднапиен, Шашиќ почнал да се распрашува како функционира новата власт и дали има непријатели. Му одговориле дека има 50-тина затвореници, по што Шашиќ дал наредба веднаш да бидат стрелани.

Така започнува масакрот од кој се спасиле само двајца, еден со сокривање зад вратата од ќелијата. Затворениците биле натоварени на камион и однесени на една мала висорамнина во близината на Велес, каде 13 од нив биле стрелани, а другите убиени со некој предмет.

Нивните остатоци беа ексхумирани во 1996 година, но Македонија како држвава не продолжи да се занимава со овој случај, кој претставува класично воено злосторство бидејќи сите се ликвидирани без судска пресуда. Хрватите, на пример, се обидоа тоа да го процесуираат виновникот за ликвидација на 140 луѓе во 1945 година - Петар Зинаиќ, против кого поведоа истражна постапка, а ја прекинаа кога Зинаиќ во 2007 година умре во 90-та година од животот.

МИНУСИТЕ НА МАКЕДОНИЈА

Словенците исто така барем јавно го посочија некогашниот комунистички функционер Митја Рибичиќ како одговорен за воени злосторства. Во Македонија, за жал, на ова поле ништо поконкретно не е сторено, иако по велешките ликвидации, следеа и такви во Ресен и Куманово, а затворениците од прилепскиот затвор за влакно се имаат спасено. Се чини, Македонија се уште е во голема љубов со своето комунистичко минато во кое имаше убави работи, но и одвратни масакри и злосторства.


Инаку, според спомените на Методија Андонов - Ченто, злосторствата во Македонија почнуваат откако на 28 декември 1944 година, во Скопје, како гостин на Второто заседание на АСНОМ означено како вонредно, присуствувал Едвард Кардељ.

На заминување тој му спомнал на Лазар Колишевски дека Македонија има неколку минуси кај КПЈ - последна почнала со востанието, имала најмалку жртви, нејзиното население удобно ја поминало војната, имала најмалку разурнувања и нејзината војска не учествувала во ослободувањето на Југославија.

Колишевски тогаш прашал што да прави, на што Кардељ му рекол дека некои работи не можат да се поправат, но за два минуси може нешто да се стори: ОЗНА веднаш да почне да апси и нечујно да ликвидира и Македонија веднаш да испрати војници на Срем.

Спроведувањето на оваа наредба ги крева на нозе војниците на Калето и во Штип, тоа го носи во Скопје Јефто Шашиќ, а едно слетување од патот го задржува вечерта на 15 јануари 1945 година во Велес. Така почнува реализацијата на наредбата на Кардељ.




Изменето од cercetator - 05.Јули.2009 во 18:51
Кон врв
Македон Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор

Caesar Constantinus

Регистриран: 20.Јули.2008
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 9928
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Македон Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Ноември.2008 во 15:45
Originally posted by Neanticki Neanticki напиша:

Темата е за Лазар Колишевски. Во право е Владимир, не ги знам внатрешните проблеми.

Сепак дали е вистина ова-

„Това е човекът (Лазар Колишевски), на когото са посветени предсмъртните думи на първия министър-председател на Република Македония. На смъртния си одър преминалият през сърбо-комунистическите концлагери Методи Антонов - Ченто събрал синовете си и им казал: "Ще дойде ден, в който Македония ще пита за смъртта на братя Чкатрови и Димитър Гюзелев, за хилядите избити без съд и присъда. Идете и питайте Лазо!".“



Не знам дали е точно ова. Ама одговорно тврдам дека Ченто е Македонец и никогаш не се чувствувал како Бугарин. Ченто сонувал и сакал да види обединета независна Македонија.

Изменето од macedon_alex - 09.Ноември.2008 во 15:46
Кон врв
Neanticki Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 20.Август.2008
Статус: Офлајн
Поени: 564
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Neanticki Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Ноември.2008 во 14:03
Темата е за Лазар Колишевски. Во право е Владимир, не ги знам внатрешните проблеми.

Сепак дали е вистина ова-

„Това е човекът (Лазар Колишевски), на когото са посветени предсмъртните думи на първия министър-председател на Република Македония. На смъртния си одър преминалият през сърбо-комунистическите концлагери Методи Антонов - Ченто събрал синовете си и им казал: "Ще дойде ден, в който Македония ще пита за смъртта на братя Чкатрови и Димитър Гюзелев, за хилядите избити без съд и присъда. Идете и питайте Лазо!".“
Кон врв
lav4eto Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 18.Април.2008
Статус: Офлајн
Поени: 1540
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај lav4eto Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Ноември.2008 во 10:48
И сега видите овде дека бугарите сакат независна федеративна Македониjа од трите дела...да не плукате по нас после...
Кон врв
lav4eto Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 18.Април.2008
Статус: Офлајн
Поени: 1540
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај lav4eto Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Ноември.2008 во 10:45
Значи другарот Лазо признава за воjниците во Охрид и за помошта од Бугариjа:
Кон врв
дулето Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член


Регистриран: 06.Ноември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 26
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај дулето Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Ноември.2008 во 15:45
баj Лазо едно време беше бугарин:

Кон врв
Neanticki Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 20.Август.2008
Статус: Офлајн
Поени: 564
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Neanticki Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Ноември.2008 во 15:03
Новата македонска држава и прашањето за национално обединување

Македонскиот народ со АСНОМ успеал да формира своја држава само на еден дел од својата етничка територија - Вардарска Македонија. Останатите два дела - Егејскиот и Пиринскиот, по завршувањето на војната останале во рамките на Грција и Бугарија, со што македонскиот народ останал територијално разделен и покрај ветувањата што ги добил пред и за време на војната.

Веднаш по конституирањето на првата македонска држава дошло до разидување во највисокото раководство по однос на македонското национално прашање.

Еден дел од раководството на чело со Лазар Колишевски, сметал дека преку создавањето на македонската држава на дел од нејзината етничка територија била остварена целта на антифашистичката борба и дека иднината на Македонија треба да се гледа во градење на новиот социјалистички поредок во рамките на југословенската федерација.

Наспроти нив стоел друг дел од раководството, меѓу кои биле Методија Андонов-Ченто, Емануел Чучков, Киро Глигоров, а подоцна и Венко Марковски, Петре Пирузе и др., кај кои сe уште била жива идејата за обединување на Македонија. И покрај тоа што го прифатиле статусот на Македонија како федерална единица во рамки на Југославија, тие не се откажувале од остварување на идејата за обединета Македонија, било во рамки на постоечката југословенска федерација, било во состов на некоја идна Балканска федерација.

Набрзу дошло до политичка пресметка помеѓу овие две идеолошки спротиставени струи во македонското политичко раководство, при што победила струјата на Колишевски поддржана од југословенскиот политички врв. Лидерот на поразената група, Методија Андонов-Ченто, кој уште во првите денови по ослободувањето го кренал гласот против реваншизмот кон идеолошките противници, монтираните судски процеси и убиства, бил принуден во јули 1946 година да поднесе оставка од раководната функција. Неколку месеци потоа, на монтиран судски процес и самиот бил осуден на единаесет години затвор. Исто така, и сите негови истомисленици и приврзеници биле политички изолирани, а некои од нив на монтирани судски процеси неправедно осудени.
Пред крајот на војната, во Македонија постоеле и политички струи, кои ја заговарале идејата за обединета, самостојна Македонија. Тие се спротиставувале на решенијата од АВНОЈ и АСНОМ, и не го прифаќале фактот дека Македонија останала поделена, а само еден нејзин дел се стекнал со државност во рамки на југословенската федерација. Меѓу нив имало и такви кои под идејата за обединета Македонија се обидувале да делуваат спротивно на интересите на македонскиот народ. Тогашното политичко раководство ги прогласило припадниците на овие политички струи за непријатели на државата. Како последица на тоа, голем дел од нив биле политички изолирани, осудени на затвор, па дури и ликвидирани.

Изменето од Neanticki - 06.Ноември.2008 во 15:04
Кон врв
DarlinG Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
*Lara*Croft*

Регистриран: 09.Јануари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 1621
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај DarlinG Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Септември.2008 во 20:04
SO TOLKU ZA LAZAR KOLISEVSKI SE KREVA PANIKA KOGA TOJ PRV NE ISKOCKAL
Кон врв
Neanticki Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 20.Август.2008
Статус: Офлајн
Поени: 564
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Neanticki Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Септември.2008 во 20:01

Но Тито излезе повешт играч од Ченто. Набргу по Илинден 1944, во Македонија се изврши пуч. Целото раководство на АСНОМ беше сменето. ДОНЕСЕНА БЕШЕ НОВА ВЛАДА НА ЧЕЛО СО ЛАЗАР КОЛИШЕВСКИ, ПРЕДВОЕН КОМУНИСТ, ЧОВЕК КОЈ ПРЕТЕЖНО ЗБОРУВАШЕ СРПСКИ И ОДВАЈ ЗНАЕШЕ ПО НЕКОЈ ЗБОР МАКЕДОНСКИ. Пред војната како сирак бил воспитаник на државните српски сиропатилишта и гимназии, а периодот на војната го помина во затвор во Бугарија. Втопувањето на младата македонска државност во југословенскиот државен субјективитет започна да се одвива со забрзано темпо, при што Македонија добиваше некој вид покраински статус во интеракцијата со соседна Србија. Историјата се повтори. Водачите на вториот Илинден постепено гинеа, сега "во нерамноправна борба со југословенскиот режим". На Методија Андонов Ченто му беше инсцениран судски процес, по којшто помина десет години во Идризово, за да почине една година по излегувањето. Панко Брашнаров, Павел Шатев, Епимонда Попиванов, Емануел Чучков, сите тие на различни начини беа ликвидирани. Затворите се преполнија со луѓе, кои не се согласуваа со државно-правниот статус на Македонија во Југославија и со нејзината поделба.
Македонската војска што сакаше да оди на Солун, беше вратена, и пратена на Срем. Водачите на војничките бунтови беа затворени. Многу граѓани, и соработници и несоработници на фашистичкиот окупатор, беа убиени без судење. МАКЕДОНИЈА ИМАШЕ МНОГУ ПОВЕЌЕ ЖРТВИ ПО ВОЈНАТА, ОТКОЛКУ ЗА ВРЕМЕ НА НЕЈЗИНОТО ТРАЕЊЕ.
МАКЕДОНСКО ДЕЛО, БРОЈ 352/28.07.2000
Кон врв
zabegan Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Другарот на Мона Лиза

Регистриран: 06.Април.2007
Статус: Офлајн
Поени: 9774
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zabegan Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Септември.2008 во 18:00
Originally posted by jole jole напиша:

Originally posted by jole jole напиша:

Аспекти на македонското прашање - ЛАЗАР КОЛИШЕВСКИ

Изгледа некој не ме разбрал. Сакав да кажам дека тоа што Лазо сакал да бидеме дел од СФРЈ не значи дека не е Македонец. Ајде прочитајте му ја статијата за 11 октомври и ќе сватите какви му се позициите. Ја само сакав да кажам дека Бугариве викаат дека нас не управувале србомани. ТОА НЕ Е ВИСТГИНА. Нас не управувале Македонци што сакале да сме у иста држава со Хрвати, Срби, Словенци, Босанци и Црногорци.

Нема тука србомани, дури како што покажува линкот што го дадов горе, Лазо дури и збори против србоманите, и не е согласен да им се дава да учат српски.

Тоа сакав да го кажам. Да, Ченто ми е многу помил од Лазо, ама и Лазо е Македонец, не е србоман, само што Ченто сакал независна Македонија, а Лазо сакал да сме у сојуз со другите југословенски народи.
е да де, и после чуди се зашто Ченто го утепале
размисли пред да напишеш глупост
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1234>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,297 секунди.