|
Инклузија на деца со ПОП во редовните учи |
Внеси реплика | страница <12345 6> |
Автор | |||
maria_magdalena
Сениор trouble seeker Регистриран: 25.Октомври.2007 Статус: Офлајн Поени: 8706 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Воопшто не се согласувам со тоа дека децата со ПОП треба да се вклопат во редовното образование. (И доста веќе со овие странски термини, за се си иамме наш збор, ама баш за се)
Со тоа им се прави емчкина услуга на самите деца, но и роидителите кои по секоја цена сакаат нивното дете да заврши редовно училиште за “нормални“ деца. Колку и да е тешко, родителот треба да го прифати своето дете какво и да е. Да го сака, без да жали зошто не е вакво или онакво. Зар нашата сила не се гледа во слабоста? Зар треба да ги сакаме и прифатиме децата кои се родени здрави и без недостатоци (било физички или ментални)? Жално, но кај нас по однос на тоа сеуште сме не трети, него десетти свет. Се остава златно бебе (Бошко) во болница зашто имал маана. И куп Бошковци. Ако се земе, тоа е клетва, срам, го кријат, замислете!!!!го кријат дома, небаре е монструм. И на крај-тоа дете МОРА да се инклузира во редовно училиште, бре мајката, за мене родителот кој има таков став е родител со ПОП а не детето. И што се случува? Детето ја омета наставата, им иде на живци на децата, наставниците, а ништо, ама баш ништо нема да научи. Родителот уште понервозен... Но вклопување на дете со ПОП во секојдневниот живот е веќе нешто друго. Тука треба цела заедница да биде вклучена, едуцирана, да се научат луѓето дека не треба да буљат во дете со Даун на пример (леле колку се само добри тие дечиња и колку сакаат да се галат и мазат) итн... Тоа е веќе посебна тема, ама за одење редовно училиште не сум, никако. За атер на детето. Изменето од Andjelina - 07.Октомври.2009 во 14:38 |
|||
МИСЛИТЕ СЕ ОСЛОБОДЕНИ ОД ДАНОК.
|
|||
mamamd
Сениор Почесна конзулка Регистриран: 02.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 25679 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Стартот на Детската недела само потсетува дека за децата со ПОП е малку една неделе. За нив и за сите деца треба катадневна грижа за безбедно детство и образование
Поголема грижа за децата со посебни потреби |
|||
ZoraNaSlobodata
Сениор Регистриран: 03.Јуни.2008 Статус: Офлајн Поени: 3392 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Па кој нормален човек би дозволил да останат без поддршка,тоа е приоритет,да не се дозволи нивните недостатоци да влијаат на нивниот живот(колку што можи и неможи).
|
|||
За нея ние живеемъ,за нея ние мремъ!
|
|||
defma
Сениор Регистриран: 13.Март.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 716 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Примери на деца со ПОП имало многу одамна и во иднина ќе има,целта ми е да не се остават тие дечиња без соодветна поддршка.Точно е дека не се обезбедени сите услови, но постојат дефектолози, постојат едукативни материјали и само треба да се постават на вистинско место и во вистинско време.
|
|||
ZoraNaSlobodata
Сениор Регистриран: 03.Јуни.2008 Статус: Офлајн Поени: 3392 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Па жено,толку е тешко да сватиш кога е некој ироничен? Сакав да кажам дека воопшто не е потребно вметнување на странцизми во нашиот јазик,немаме никаква корист од тоа,само го расипуваме.А поимот "ненормално" не го искористив за да навредам некој,туку за да опишам нешто што не е нормално(вообичаено). Факт е дека во нашата држава нема никакви услови за тоа што го предлагате и само би било полошо за тие деца. Изменето од ZoraNaSlobodata - 04.Декември.2008 во 00:36 |
|||
За нея ние живеемъ,за нея ние мремъ!
|
|||
defma
Сениор Регистриран: 13.Март.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 716 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Точно е дека треба да се обезбедат услови за да инклузијата тече во правилен тек,едни од тие услови се пристапност и дефектолог како најосновно, а потоа и соодветни материјали итн., во спротивно само ќе се залажуваме дека имаме успешна инклузија. |
|||
mamamd
Сениор Почесна конзулка Регистриран: 02.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 25679 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
... Denes se odbelezuva svetskiot den na decata so POP... decata so pop pokazuvaat deka i tie mozat da ucat...i naucat... vo ramkite na svoite moznosti...
|
|||
гоcтин
Гостин Регистриран: 24.Октомври.2008 Статус: Офлајн Поени: 1797 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
А јас не сум.Можеби ќе звучам себично,меѓутоа во училиштата во Македонија сеуште не се вработени лица кои што ќе можат да работат со тие деца...сепак на нив им треба повеќе внимание отколку на другите
|
|||
katerina1707
Нов член Регистриран: 03.Декември.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 2 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
И јас сум за Инклузија на децата со посебни образовни потреби во редовните училишта. |
|||
defma
Сениор Регистриран: 13.Март.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 716 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Самиот велиш дека не знаеш што тоа инклузија и затоа се обидов да ти го појаснам поимот. А во однос на тоа "нормално" и "ненормално",овие термини не се соодветни за ова што ние го дискутираме овде.А и овие деца не се "ненормални" (термин кој што воопшто не сакам да го користам)затоа што имаат некакво попречување во нивниот развој и поради тоа што им треба само друг пристап при спроведување на наставата, а потребата од љубов, игра, почит, среќа е иста како и кај сите други деца. Логично оправдување и услови постојат бидејќи и овие деца се раѓаат во нашата средина и живеат во нашата околина, тие не се ограничени од самото нивно раѓање, поради тоа логично е и тие да учат во училиштето во кое што учат и нивните другарчиња од сосетството,да си играат заедно во слободно време (можеби детето со ПОП нема да трча толку брзо како неговите врсници,но со самото тоа што ќе биде заедно со нив за него е доволно),да слават родендени заедно. Факт е дека ова не важи за сите, бидејќи има различни категории и различни степени на нарушување, но секаде каде што е можно школување во редовни услови жалосно е истото да не се реализира. |
|||
ZoraNaSlobodata
Сениор Регистриран: 03.Јуни.2008 Статус: Офлајн Поени: 3392 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Ајде,објасни ми зошто мојот став е грешен,и ако е да го променам.
|
|||
За нея ние живеемъ,за нея ние мремъ!
|
|||
defma
Сениор Регистриран: 13.Март.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 716 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Мене воопшто не ми беше целта некого да навредам, туку едноставно да ти кажам дека јасен ми е твојот став бидејќи очигледно дека не си добро информиран во врска со оваа проблематика(како и голем дел од нашата популација),но тоа не значи дека те навредувам и не го сфаќај тоа лично,овде сме да ги споделиме нашите ставови и мислење и пред се оваа проблематика да ја доближиме на сите оние кои досега немале можност да размислуваат на оваа тема. |
|||
ZoraNaSlobodata
Сениор Регистриран: 03.Јуни.2008 Статус: Офлајн Поени: 3392 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Ти ако сакаш можеш и на англиски по цел ден да зборуваш,ама во америка или англија тука,не,овде е МАКЕДОНИЈА и говориме МАКЕДОНСКИ. А ако си барем малку интелегентна ќе започниш нормален разговор со мене без да ме напаѓаш.Јас го кажав моето мислење,ти можиш да објасниш зошто не се согласуваш со мене. Diskutirajte na temata i bez licni navredi ve molam. Изменето од mamamd - 01.Декември.2008 во 11:31 |
|||
Petkovsky
Сениор Регистриран: 09.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 239 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
...whatever makes you sleep at night... |
|||
Внеси реплика | страница <12345 6> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |