IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Здравје > Исхрана и кулинарство
  Активни теми Активни теми RSS - Рецепти за зимница
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Рецепти за зимница

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <12345 8>
Автор
Порака Обратен редослед
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Октомври.2016 во 08:38

Полнети лути пиперчиња со кајмак


Според многумина ова е рецепт кој води потекло од Грција, но луѓето низ светот го прифатиле заради неговиот специфичен вкус и спој на состојки.

Polneti-luti-piperki-so-kajmak-01

Ако сте љубители на лута храна, ова може да биде одлично предјадење или додаток на главното јадење.

Потрбни состојки:

  • 20 помали црвени и зелени пиперки
  • 3 dcl оцет
  • 1,5 l вода
  • 3 лажици масло
  • 30 dkg кајмак (може да го замените со меко сирење или урда)
  • 1 лажичка сол

Подготовка:

Исчистете ги пиперките од семето, водејќи сметка да не направите преголема дупка.

Загрејте ја водата со оцетот и солта до точка на вриење. Ставете ги во неа пиперките и оставете ги околу 1 мин во водата.

Извадете ги пиперките и оставете да се исушат. Откако ќе се исушат наполнете ги со кајмак, но само 2/3 бидејќи во спротивно кајмакот ќе ви се излее.

Зовријте солена вода (околу 1 литар), додадете масло и оставете да се излади.

Пиперките наредете ги во стаклен, сув и чист сад по можност со подлабоко дно, така што со отворите ќе бидат свртени една кон друга. Внимателно прелејте ги со солената вода и масло и затворете го садот. Вака подготвени пиперките можете да ги чувате во фрижидер до 30 дена.

Напомена: Најдобро би било да ги наредите пиперките во правоаголен плиток сад, бидејќи така ќе изгледаат најубаво и кајмакот нема да истече.

polneti-luti-pipercinja-so-kajmak-2.jpg

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Октомври.2016 во 08:15

4 рецепти за домашна лутеница


Пиперки, домати, модри патлиџани... Сите овие производи ни се омилени на лето, но нема причина зошто да не го почувствуваме нивниот вкус и кога времето ќе застуди.

predlog-zimnica-4-recepti-za-domashna-lutenica-01.jpg

Токму од таа причина, нашите баби смислиле одлични рецепти со кои можеме да направиме вкусна лутеница како зимница.

Оригиналниот рецепт е лут и токму затоа се нарекува лутеница, но ако не сте фан на лутиот вкус тогаш можете да го правите и со благи пиперки.

Лутеница (Прв рецепт)

predlog-zimnica-4-recepti-za-domashna-lutenica-1.jpg

Потребни состојки:

  • 6kg црвени месни пиперки
  • 4kg домати
  • 1/2l вински оцет
  • 1/2l сончогледово масло
  • 250g шеќер
  • 1 врзувалка магдонос
  • 2 - 3 главици лук

Подготовка:

Пиперките испечете ги, излупете ги и исчистете ги од семките, а потоа исечкајте ги на ситно.

Доматите измелете ги на машина за месо.

Маслото, оцетот и шеќерот оставете ги да провријат, а потоа додадете ги доматите.

Гответе додека доматот не е готов.

Додадете ги сечканите пиперки и уште гответе.

На крај додадете ги магдоносот и лукот.

Зготвената смеса соберете ја во жешки дезинфицирани тегли и чувајте ги за зима.

Македонска лутеница

predlog-zimnica-4-recepti-za-domashna-lutenica-2.jpg

Потребни состојки:

  • 7kg црвени пиперки
  • 5kg домати
  • 1kg лути пиперки
  • 1 шолја шеќер
  • 1 шолја вински оцет
  • ½ шолја сончогледово масло

Подготовка:

Испечете ги пиперките, излупете ги и убаво исчистете ги од семките. Оставете течноста од нив добро да се исцеди.

На оган ставете го излупениот домат да се готви околу еден час, додека смесата не стане густа.

Со помош на миксер можете и убаво да ги изблендирате.

Во сосот од домати ставете ги пиперките кои сте ги пресекле на покрупни парчиња, убаво измешајте, додадете го маслото и оставете да се готви еден час.

Потоа додадете ги оцетот и шеќерот и гответе околу 30 до 50 минути.

Пред самиот крај ставете исечкан магдонос.

Врелата лутеница ставајте ја во жешки тегли и преку ноќ оставете ги теглите замотани во материјал, една до друга.

Лутеница со модри патлиџани

predlog-zimnica-4-recepti-za-domashna-lutenica-3.jpg

Потребни состојки:

  • 2kg модар патлиџан
  • 2kg црвени месни пиперки
  • 3 лути феферони
  • 250ml сончогледово масло
  • 60g шеќер
  • 150ml јаболков оцет
  • 4 чешниња лук
  • Сол по желба

Подготовка:

Претходно излупените модри патлиџани ставете ги во врела вода, а потоа добро исцедете ги и наредете ги да се сушат.

Пиперките и лутите феферони добро измијте ги и избришете ги. Печете ги со повремено движење на рерна од 200 степени.

Кога ќе се испечат, ставете ги во стаклен сад и прекријте ги со крпа.

Во широк сад половина од количината масло додадете ги модрите патлиџани и мешајте додека не омекнат.

Пиперките излупете ги и исечкајте ги. Додадете ги на патлиџаните. Потоа додадете ги шеќерот, оцетот, лукот, солта и остатокот од маслото и продолжете да мешате кратко.

На крајот смесата наредете ја во претходно дезинфицирани тегли.

Македонска лутеница (Втор рецепт)

predlog-zimnica-4-recepti-za-domashna-lutenica-4.jpg

Потребни состојки:

  • 4kg модри патлиџани
  • 4kg црвени пиперки
  • 3 - 4 парчиња лути феферони
  • 5 парчиња лук
  • 4 лажици шеќер
  • 3 лажици сол
  • 1 лажица Вегета
  • 400ml масло
  • 100ml оцет
  • 1 вреќичка конзерванс

Подготовка:

Излупените и исечкани на ситно модри патлиџани, ставете ги во врела вода и оставете ги кратко време. Потоа добро исцедете ги.

Пиперките добро измијте ги и исперете ги и во сад со алуминиумска фолија покријте ги и печете ги околу 50 минути на 200 степени.

После печењето покријте ги и оставете ги 10 минути да се оладат.

Во широк сад загрејте го маслото и додадете ги подготвените модри патлиџани и мешајте ги на тивко додека не омекнат - околу 30 минути,

Оладените пиперки излупете ги и ситно исечкајте ги на коцки. Додадете ги во патлиџаните.

Додајте ги шеќерот, оцетот, лукот, фефероните, солта и вегетата и гответе околу 40 до 50 минути. Тргнете ги од рерна и додадете го конзервансот.

Полнете ја смесата во стаклени тегли претходно згреани и дезинфицирани.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Септември.2016 во 08:57

Вкусен пинџур по традиционален македонски рецепт


Македонија е земја која е позната по своите вкусни зимници, а на врвот на оваа листа се наоѓаат секако ајварот и пинџурот.

Tradicionalna-zimnica-kkao-da-podgotvite-vkusen-pindzur-01.jpg

Традицијата на подготовка на вакви јадење датира многу одамна, а рецептите за тоа како да направите вкусен ајвар или пинџур се пренесувале од генерација на генерација.

Ако оваа есен решите да ги засукате ракавите и да подготвите некоја од овие традиционални зимници, во продолжение ви нудиме рецепт за вкусен пинџур.

Потребни состојки:

  • 3 kg црвени пиперки
  • 1,5 kg модри патлиџани
  • 1,5 kg домати
  • 150 g лук
  • 2 dl масло
  • 250 g лути пиперки
  • по 1 лажичка сол и шеќер

Подготовка:

1. Испечете ги пиперките, модрите патлиџани и доматите, излупете ги и сомелете ги во машина за месо.

2. Ставете го маслото да се згрее во големо тенџер, па додадете го мелениот зеленчук. Додадете ги солта, шеќерот и исечканиот лук. Оставете да се динстаат 10-15 минути. Пред самиот крај додадете ги лутите пиперки, кои претходно малку сте ги запекле, но внимавајте истите да не се распаднат, туку да останат цели.

3. Жешкиот пинџур ставете го во топли, стерилизирани тегли кои веднаш ќе ги затворите и ќе ги оставите превртени да отстојат преку ноќ додека не се изладат

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Октомври.2015 во 13:27

Здрав рецепт за зимница без конзерванси


Здрав рецепт за зимница без конзерванси

Потребни состојки:
  • Краставици
  • Зелен патлиџан
  • Моркови
  • Карфиол
  • Келераба
  • Кромид (помала главица)
  • Ротквица
  • Пиперки
  • Зелка
Потребни зачини:
  • Сол
  • Шеќер
  • Бибер во зрна
  • Ловоров лист
  • Оцет со 9% алкохол
Начин на подготовка:

Измијте го целиот зеленчук добро, исчистете го од темните делови и добро исушете го од водата. По потреба исечкајте. Во теглите наредете го зеленчукот густо, наизменично, а потоа сипете по една мала шолја оцет, лажичка сол, лажичка шеќер, неколку зрна бибер и еден ловоров лист.

Теглите наполнете ги до врв со ладна вода, добро затворете ги и наредете ги во големо тенџере така што ќе бидат потопени целосно во вода. Тенџерето ставете го на шпорет и оставете ја водата да врие, а потоа намалете го огнот и оставете ги тивко да се варат 10-тина минути. Потоа внимателно извадете ги теглите и со капаците насочени кон долу наместете ги во некој голем сад и прекријте ги со крпи. Оставете ги да се оладат на собна температура во текот на ноќта.

Зимницата припремена на овој начин е целосно конзервирана без никакви штетни додатоци, природна е и нема да се расипе со тек на време.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Октомври.2015 во 19:50

МАЛИЏАНО

18

Состојки:

20 модри патлиџани
4 кг. зелени меснати пиперки за печење
1 литро масло за јадење
200 мл. вински оцет
200 гр, шеќер
150 гр. сенф
сол
лук

Подготовка:
Испечете ги модрите патлиџани и пиперките. Излупете ги и извадете ги семките од пиперките. Излупените модри патлиџани и пиперки измелете ги во машинка. Во длабоко тенџере ставете го маслото за јадење да изврие, па потоа ставете ги измелените патлиџани и пиперки. Пржете и мешајте околу час и половина. При крајот на пржењето додајте го оцетот, шеќерот, сенфот и солта, и истолчен лук за подобар вкус..

Додека малиџаното е уште жешко ставете ги во загреани тегли и затворете ги убаво со исправни капаци.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Октомври.2015 во 08:43

Како се прави највкусниот ајвар?

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

* 11 кг. црвени пиперки

* ½ кг. домати

* 10 гр. сол

* 1 дцл. зејтин или масло за јадење

НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:

Најпрво пиперките и доматите се печат, доколку немате соодветно место направете го тоа дома во рерна, а потоа се лупат и внатрешноста се чисти.

Потоа во поголем сад се става зејтинот убаво се загрева и се додава смесата за печење.

Се меша постојано со голема лажица за да не се зафати на површината неколку саати се зависи од големината на смесата и повремено се става сол.

Откако убаво ќе се испржи се додава малку шеќер и смесата се става во загреани тегли.

Ајварот е редовен и постојан дел од зимницата затоа што најлесно се конзервира и најдолго може да опстои во зимскиот период од годината.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
zagor Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Уникатен песимист

Регистриран: 27.Септември.2007
Локација: Congo
Статус: Офлајн
Поени: 12850
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zagor Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Октомври.2015 во 21:58
a mUri,ova se kako onie...popularnite "peci-gmeci" piperki i moze da se mezat so domasna rakija..i bieno sirenje.голема насмевка znam ja...да

Изменето од zagor - 04.Октомври.2015 во 21:59
...zagor e ziv,se drugo e laga.
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Октомври.2015 во 12:09

Предлог зимница: Кисели пиперки во тегла


Пристигна времето за подготовка на зимницата во која ќе уживаме цела зима, а еден од најдобрите рецепти во кој можете да уживате секојдневно како прилог или оброк се киселите пиперки.

predlog-zimnica-kiseli-piperki-vo-tegla-01.jpg

Нив можете да ги јадете како салата, да ги извадите на трпезата како мезе или од нив да подготвите некој вкусен ручек.

Како да подготвите зимница од кисели пиперки?


Потребни состојки за 3kg зимница:

  • 1l 9% алкохолен оцет
  • 3l вода
  • 2dl масло
  • 1 голема лажица сол
  • 1 голема лажица шеќер
  • Бибер во зрна
  • Лук
  • Магдонос по желба


Подготовка:

Пиперките добро исчистете ги, отстранете ги семките и избодете ги со чепкалка.

Во голем сад измешајте ги сите состојки за подготовка на течноста, освен лукот и биберот. Течноста треба да врие и во неа да ставате по 8 до 10 пиперки и да ги оставате да вријат по 2 до 3 минути.

На дното на теглите исечкајте го лукот и ставете по неколку зрна бибер. На нив ставете ги пиперките кои вриеле во водата.

Ставете нови пиперки во водата.

Повторувајте ја постапката додека не ги сварите сите пиперки и ги ставите во теглите. Наполнете ги теглите со водата во која сте ги вриеле, добро затворете ги теглите.

Оставете ги да стојат најмалку 7 до 10 дена и потоа можете да ги консумирате. 

predlog-zimnica-kiseli-piperki-vo-tegla-1.jpg

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Септември.2015 во 09:20

Идеи за зимница: Полнет модар патлиџан, брз ајвар и полнети пиперки со зелка


idei-za-zimnica-polnet-modar-patlidzan-brz-ajvar-i-polneti-piperki-so-zelka-01.jpg

Ладните денови се како создадени за вкусна зимница која сте ја подготвиле однапред, во текот на топлите денови, а ова време е идеално токму за тоа - подготовка на вкусна зимница.

Па еве неколку интересни рецепти кои можете да ги ставите на вашата листа за подготовка за оваа зима:


Полнет модар патлиџан

idei-za-zimnica-polnet-modar-patlidzan-brz-ajvar-i-polneti-piperki-so-zelka-1.jpg

Потребни состојки:

  • 4 – 5 Модри патлиџани
  • 1 Црвена пиперка
  • 1 Жолта пиперка
  • 2 Моркови
  • 4 – 5 Чешниња лук
  • Магдонос
  • 1l Вода
  • 4 – 5 Лажички сол
  • 1 Лажичка шеќер
  • Половина кесичка конзерванс

Подготовка:

Модриот патлиџан добро измијте го и отстранете ги дршките. Секое парче патлиџан пресечете го од една страна, ставете ги во сад, полијте ги со вода, малку посолете ги и гответе ги околу 5 до 6 минути.

Потоа, извадете ги од водата, процедете ги и оставете ги да се оладат.

Зеленчукот исчистете го и измијте го. Пиперките исечкајте ги на тенки полукругови, морковот изрендајте го, магдоносот и лукот ситно исечкајте ги, посолете ги по вкус и измешајте ги.

Со оваа смеса добро наполнете го секој модар патлиџан и модрите патлиџани ставете ги во тегли.

Во сад ставете ги водата, солта и шеќерот и кратко варете ги сè додека шеќерот не се растопи, а потоа додадете го и конзервансот.

Течноста ставете ја во секоја тегла, теглите затворете ги и оставете ги да стојат два дена на собна температура, а потоа ставете ги во фрижидер уште два дена.


Брз Ајвар

idei-za-zimnica-polnet-modar-patlidzan-brz-ajvar-i-polneti-piperki-so-zelka-2.jpg

Потребни состојки за една тегла:

  • 8 Црвени пиперки
  • 8 Чешниња лук
  • 2 Лажички маслиново масло
  • Сол и бибер

Подготовка:

Пиперките измијте ги и печете ги додека не добијат речиси црна боја. Тргнете ги од огинот и ставете ги во тава која претходно сте ја намачкале со маслиновото масло. Сега пржете ги пиперките на тивко додека не омекнат. Потоа ставете ги во алуминиумска фолија и оставете ги 10 минути.

За тоа време исечкајте го лукот.

Пиперките оголете ги и вратете ги во тавата во која ги готвевте заедно со лукот и пржете ги уште 2 – 3 минути.

Така подготвените пиперки ставете ги во блендер, додека не добиете каша. Добиената смеса зачинете ја по желба.

За да трае подолго, вакумирајте ги во претходно стерилизирана тегла.


Полнети пиперки со зелка

idei-za-zimnica-polnet-modar-patlidzan-brz-ajvar-i-polneti-piperki-so-zelka-4.jpg

Потребни состојки:

  • 4kg Бабури
  • 4kg Рендана зелка
  • 1l Оцет
  • 3l Вода
  • 250g Шеќер
  • 200g Сол
  • Кесичка винобран
  • Кесичка конзерванс
  • 20 – 30g Бибер

Подготовка:

Преливот за пиперките треба да го готвите 1 ден порано за да се олади. Заедно ги готвите: оцетот, водата, шеќерот, солта, винобранот, конзервансот и биберот. Истите ги варите околу 15 минути.

Пиперките добро измијте ги и оставете ги да се цедат. За тоа време изрендајте ја зелката, посолете ја и добро промешајте ја со раце. Стискајте ја додека мешате, а потоа оставете ја 10 минути да омекне.

Пиперките наполнете ги со зелката, а потоа редете ги во теглите. Откако ќе ги наполните сите тегли, ставете ја течноста која сте ја подготвиле претходниот ден.

idei-za-zimnica-polnet-modar-patlidzan-brz-ajvar-i-polneti-piperki-so-zelka-3.jpg

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 31.Август.2015 во 22:07

ДОМАТИ ВО ШИШЕ

16

 

Состојки:

  • 10kg домати
  • 10 лажици сол
  • 20g мелен бибер
  • 1 парче конзерванс

Подготовка:

Сомелете ги доматите во машина, па сокот ставете го во големо тенџере. Варете на силен оган, додајте сол по желба и бибер.

Варете околу 100 минути, а пред крајот додадете го конзервансот.

Кога сокот од домати е готов, тргнете го од оган и топол прелијте го во стаклени шишиња кои ќе ги затворите со метално капаче.

Шишињата превртете ги обратно и оставете ги да отстојат 5 минути. Потоа вратете ги во првобитната положба, ставете ги во кутија и замотајте ги со старо ќебе. Оставете ги да отстојат 12 часа пред да ги сместите во ладилникот.

При подготовката на зимницата добро е да знаете:

1. Лажицата за мешање е најдобро да биде дрвена

2. Користете садови од материјали кои не рѓаат

3. Зимницата чувајте ја на темно, суво и студено место.

4. Никогаш не користете повеќе конзерванси од пропишаната доза, заради тоа што се хемиски средства.

5. За туршија и кисели краставички најдобри се краставичките со рапава кора.

6. За конзервирање најпрепорачливи се ситните домати.

7. Користете само зрели, здрави и квалитетни плодови.

8. Зеленчукот варете го во здрави, неоштетени садови.

9. Сите тапи за шишиња темелно измијте ги во зовриена вода.

10. За зимница користете исклучиво јодирана сол.

 

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Август.2015 во 21:46

По рецепт на баба: Најдобар домашен ајвар без грешка


Може да се комбинира со скара, со лепче и сирење, а одличен е и како додаток со секое јадење и мезење.

Домашниот ајвар е омилена зимница во секој дом, па овој проверен рецепт сигурно ќе ве израдува. Постапката на подготовка е едноставна, а потребно е само внимателно да ги следите упатствата.

Потребни состојки:

- 10 кг. црвени пиперки

- 3 големи домати

- 5 дцл. масло

- сол во вкус

- 1 голема лажица шеќер

Подготовка:

На печка доколку ајварот го правите надвор, или во рерна или рингла испечете ги пиперките, па излупете ја лушпата и исчистете ги од семки. Изладете ги пиперките ставете ги во цедило да се исцедат, па продолжете со работа за час или два.

Потоа испечете ги и доматите, излупете ги и исцедете. Исцедените пиперки и домати сомелете ги на апарат за мелење месо, па добиената смеса преместете ја во голем лонец и лесно започнете да ги варите.

Смесата мешајте ја што повеќе, а постапно при варењето додавајте масло, по 1 дцл. на секои 20 минути. Имајте на ум дека маслото не смее да избие на површина. При самиот крај, дваесетина минути пред крајот на варењето додадете сол и шеќер. За да знаете дека ајварот е готов, со голема лажица поминете на дното, доколку таа со себе остава трага со која можете да го видите дното на тенџерето, тогаш знаете дека ајварот е готово. Теглите подгответе ги додека ајварот се вари. Загрејте ги во печка на 50-на степени, а наполнете ги со ајварот откако ќе го тргнете од оган.

Кога ќе ги наполните, на врвот на секоја тегла долијте малку масло и добро затворете ги со капаче. Држете ги на мрачно место, прекриени со крпа.

Пријатен апетит.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 01.Октомври.2014 во 14:09

Рецепт од искусните домаќини: Домашен и вкусен ајвар без мака


Ако оваа година немате доволно време и услови за да печете пиперки, да ги лупите, мелете, тогаш искористете го овој едноставен и лесен трик.

trik-od-iskusnite-domakjini-domasen-ajvar-bez-mnogu-maka-1

Ајварот кој се продава по маркетите, пред да го консумирате мора да се пропржи, но со овие додатоци не само што ќе добиете половина тегла повеќе ајвар, туку тој ќе го има и истиот вкус како домашниот.

За подготовка ви се потребни следниве состојки:

  • 5 тегли готов ајвар
  • 3 модри домати
  • Масло

Количината ајвар и модар домат можете да ги одредите сами.

trik-od-iskusnite-domakjini-domasen-ajvar-bez-mnogu-maka-2

Начин на подготовка:

Модриот домат ставете го во рерна да се испече, а откако ќе завршите со печењето излупете го и измелете го. Во едно тенџерче истурете го готовиот ајвар, а потоа додајте го измелениот модар домат, заедно со малку масло. Ајварот и модриот домат пржете ги 1 час.

Пред да завршите со печењето, затоплете ги теглите во рерна, а потоа жешкиот ајвар префрлете го во нив. Складираниот ајвар ставете го повторно во исклучена рерна да отстои неколку часа, дури потоа изладете го во фрижидер.

Сепак, највкусен е ако го консумирате веднаш по пржењето додека е тазе со топло крцкаво лепче кое ќе ви се топи во устата.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Септември.2014 во 20:04

ЛУТЕНИЦА

19

 

Состојки:

  • 5kg домати
  • 7kg црвени пиперки
  • 1/2kg мали гамби
  • 250g масло
  • 250g oцет
  • 250g шеќер
  • 1-3 главици лук (по желба)
  • Сол
  • Магдонос

Подготовка:

Испечете ги излупете пиперките, а потоа отстранете им ги дршките и семките. Доматот изрендајте го и варете го на тивок оган со маслото, оцетот, шеќерот и солта, додека смесата не се намали двојно.

Потоа се додајте ги пиперките, па смесата пржете ја околу 30 минути. 5 минути пред крај додајте го сечканиот лук, магдоносот и малите гамби.

Теглите ставете ги во рерна, вклучете ги на 100 степени и по 15-20 минути ја пресипете лутеницата. Затворете ги теглите, замотајте ги во пешкир и оставете ги да се изладат.



Изменето од Valerija - 04.Октомври.2015 во 12:10
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Септември.2014 во 15:59

Шарен ајвар

Состојки:

  • 12kg пиперки
  • 3kg модар домат
  • 2kg моркови
  • 1,5l масло
  • 250g шеќер
  • 200ml оцет
  • 4 лажици сол
  • 100g сенф

Подготовка:

Пиперките и модрите домти испечете ги, излупете и сомелете. Морковите сварете ги и сомелете ги. Сите зеленчуци измешајте ги во голем сад, па додајте го маслото, шеќерот, оцетот и солта.

Варете во длабоко тенџере на умерена температура, со повремено мешање, додека не забележите згуснување на дното на садот.

Тргнете ја смесата од оган и додајте го сенфот.

Чистите и суви тегли ставете ги во рерна, вклучете ги на 100 степени и по 15-20 минути пресипете го топлиот ајвар. Затворете ги теглите, замотајте ги во пешкир и оставете ги да се изладат.

zimnici-za-koi-site-ke-vi-baraat-recept-02.jpg



Лутеница

Состојки:

  • 5kg домати
  • 7kg црвени пиперки
  • 1/2kg мали гамби
  • 250g масло
  • 250g oцет
  • 250g шеќер
  • 1-3 главици лук (по желба)
  • Сол
  • Магдонос

Подготовка:

Испечете ги излупете пиперките, а потоа отстранете им ги дршките и семките. Доматот изрендајте го и варете го на тивок оган со маслото, оцетот, шеќерот и солта, додека смесата не се намали двојно.

Потоа се додајте ги пиперките, па смесата пржете ја околу 30 минути. 5 минути пред крај додајте го сечканиот лук, магдоносот и малите гамби.

Теглите ставете ги во рерна, вклучете ги на 100 степени и по 15-20 минути ја пресипете лутеницата. Затворете ги теглите, замотајте ги во пешкир и оставете ги да се изладат.

zimnici-za-koi-site-ke-vi-baraat-recept-03.jpg



Домати во шише

Состојки:

  • 10kg домати
  • 10 лажици сол
  • 20g мелен бибер
  • 1 парче конзерванс

Подготовка:

Сомелете ги доматите во машина, па сокот ставете го во големо тенџере. Варете на силен оган, додајте сол по желба и бибер.

Варете околу 100 минути, а пред крајот додадете го конзервансот.

Кога сокот од домати е готов, тргнете го од оган и топол прелијте го во стаклени шишиња кои ќе ги затворите со метално капаче.

Шишињата превртете ги обратно и оставете ги да отстојат 5 минути. Потоа вратете ги во првобитната положба, ставете ги во кутија и замотајте ги со старо ќебе. Оставете ги да отстојат 12 часа пред да ги сместите во ладилникот.

zimnici-za-koi-site-ke-vi-baraat-recept-04.JPG



Пиперки во павлака

Состојки:

  • 1kg пиперки
  • 500g младо сирење
  • 1,5 ml млеко
  • Сол

Подготовка:

Исчистете ги пиперките, посолете ги од внатрешна страна, па потоа исцедете ги од сокот кој ќе го пуштат.

Младото сирење издробете го со вилушка и по потреба посолете, па со него наполнете ги пиперките до половина и ставете ги во садот во кој ќе стојат.

Сварете го млекото со 1 лажица сол, па додека е топло, прелијте ги пиперките и добро затворете го садот.

Кога ќе се излади и преноќи, ставете го во ладилник. Уште 3 пати на секои 5 дена истурете ја вишокот течност, па прелијте со ново посолено млеко, околу половина литар, па повторете ја постапката.

По 3 седмици, чинијата ќе биде полна со цврста павлака и пиперки.

zimnici-za-koi-site-ke-vi-baraat-recept-05.jpg



Туршија

Состојки:

  • 4kg зеленчук - зелка, краставички, морков, карфиол, пиперка
  • 3l вода
  • 7,5 dl вински или алкохолен оцет
  • 120g сол
  • 150g шеќер
  • ½ кесичка винобран
  • 3-4 листови ловор
  • 1 рен
  • Бибер во зрна

Подготовка:

Измијте и исчистете го зеленчукот. Карфиолот одвојте го на поситни делови, ренот излупете го и исечете го на стапчиња. Останатиот зеленчук сечкајте го по желба.

Промешајте ја водата со оцетот, солта и шеќерот додека не се истопат.

Зеленчукот ставете го во тегли, па додајте неколку стапчиња рен, ловоров лист и бибер во зрна. Наполнете ја теглата со течноста и затворете.

Консумирајте по 30-40 дена.

zimnici-za-koi-site-ke-vi-baraat-recept-06.jpg



Кисели краставички

Состојки:

  • 2kg краставички
  • 2l вода
  • 1l вода
  • 2 главици кромид
  • Копар
  • 30g шеќер
  • Сол
  • Бибер

Подготовка:

Измијте ги и исушете ги краставичките, па со виљушка дупнете ги на неколку места.

Наредете ги во тегли и додајте го сечканиот кромид, неколку гранчиња копар и малку бибер.

Во сад измешајте ја водата, оцетот, шеќерот и солта и оставете ја течноста да зоврие.

Прелијте ги краставичките со течноста и оставете ги да отстојат во тегла околу 30 минути на 90 степени.

zimnici-za-koi-site-ke-vi-baraat-recept-07.jpg

При подготовката на зимницата добро е да знаете:

1. Лажицата за мешање е најдобро да биде дрвена

2. Користете садови од материјали кои не рѓаат

3. Зимницата чувајте ја на темно, суво и студено место.

4. Никогаш не користете повеќе конзерванси од пропишаната доза, заради тоа што се хемиски средства.

5. За туршија и кисели краставички најдобри се краставичките со рапава кора.

6. За конзервирање најпрепорачливи се ситните домати.

7. Користете само зрели, здрави и квалитетни плодови.

8. Зеленчукот варете го во здрави, неоштетени садови.

9. Сите тапи за шишиња темелно измијте ги во зовриена вода.

10. За зимница користете исклучиво јодирана сол.

Кој е вашиот рецепт или трик за вкусна, сочна зимница?



Изменето од Valerija - 12.Септември.2014 во 16:00
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <12345 8>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,141 секунди.