IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > АРХИВА > Вероисповед
  Активни теми Активни теми RSS - Жената во Откровението
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Жената во Откровението

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1234>
Автор
Порака Обратен редослед
EvAngelos Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Doulos Evangelos

Регистриран: 28.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 9913
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај EvAngelos Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Август.2008 во 15:36
Жената во Откровението не е Марија. Јован многу добро ја знаел Марија, така што доколку во својата визија ја видел Марија, тој немало да рече "жената", туку ќе речел "Марија".
 
Второ, таму стихот меѓу другото вели и:
 
"А жената избега во пустината, каде имаше место, што Бог и го приготви, за да ја хранат таму илјада и двеста и шеесет денови. "
(Откровение 12:6)
 
Ова никако не се вклопува со Марија.
Овие 1260 денови се однесуваат за иднината, за времето на антихристот, во времето на двата сведоци кои ќе пророкуваат 1260 денови (42 месеци, или 3.5 години)
 
"И ќе им дадам на двајца Мои сведоци, облечени во вреќи, да пророкуваат илјада двеста и шеесет денови.... И кога ќе го завршат своето сведоштво, Ѕверот, кој излегува од Бездната, ќе војува против нив, и ќе ги победи, и ќе ги убие"
(Откровение 11:3,7)
 
Свесен сум дека православните, согласно нивниот култ за Марија, копнеат да ја видат спомната Марија во посланијата на апостолите, но жал ми е што ќе ги разочарам дека Марија воопшто не е спомната во посланијата на апостолите, па ниту овде во Откровението на апостол Јован.
 
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
Кон врв
Македон Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор

Caesar Constantinus

Регистриран: 20.Јули.2008
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 9928
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Македон Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Август.2008 во 14:10
Интересно, темата се разгоре.

Е сега и јас би сакал ад образложам зошто мислам дека жената е Пресвета Богородица. Овој стих каде се опишува жената во Библијата најчесто има три интерпретации:

1.Жената е Пресвета Богородица, мајката на Исус Христос.
2.Жената е Црквата Божја. Ѕвездите се 12 апостоли.
3.Жената е Израел. Ѕвездите 12 племиња израилеви.

4.Ако жената ја претставува Црквата тогаш се соочуваме со парадокс. Црквата го раѓа Исус, чија глава е Тој самиот. Значи жената не може да биде Црквата бидејќи таа не го родила Исус.

5.Ако жената го претставува Израел, тогаш ние имаме еден возвишен Израел, но сепак знаеме дека Израел во времето на Исус тргнал по друг пат.

6.Ниеден ситх во Библијата не е лесен за интерпретирање. Сепак, при прв поглед на стихот се создава една слика дека жената е Богородица, бидејќи таа е мајка на Исус.

7.Сите фигури во Откровението претставуваат индивидуи, а не идеи или класи на луѓе. Детето е Исус, змејот е Сатаната, секоја ѕвезда која паѓа од небото е паднат ангел кој го следи ѓаволот. Понатаму го има Архангел Михаил и неговите анѓели, истотака ѕверот- Антихристот. Според некои интерпретации само жената е колективно претставување на нешто.

8. Кога во стиховите се споменуваат Израел, христијаните или Црквата не се јавуваат како личности. Тие се јавуваат во буквална смисла, како колектив.

Откровение 7,4 И го чув бројот на одбележаните со печат: сто и четириесет и четири илјади беа одбележани од сите колена на синовите Израилеви.

Откровение 7,9 Потоа видов, и ете, големо мноштво народ, кое што никој не можеше да го преброи- од сите племиња и колена, народи и јазици;тие стоеја пред престолот и пред Агнецот, облечени во бели облеки и со палмови гранчиња во рацете.

Црквата се покажува како невеста Христова( а не како онаа која го раѓа Исус), и сите очекуваат женска фигура,но таа наместо како жена, се појавува како новиот Ерусалим. Откровение 21-9,10

9. Ако во Отрковението има знак кој е сомнителен и тежок за толкување, понатаму во текстот има објаснување за него. Агнецот е објаснет како Господар над Господарите, Цар над царевите ( Откровение 17,14). Змејот е Сатаната. Главите на ѕверот се кралеви. Сепак, нема дадено објаснување на знакот со Жената, со што се става до знаење дека таа е тоа што е- Мајка Исусова.

10. Ако погледнеме на стиховите со Сонцето, Месечината и Ѕвездите може да го споредиме со сонот на Јосиф, кој толку ги налутил неговите браќа. Во неговиот сон, Сонцето, Месечината и ѕвездите ги претставуваат неговите мајка и татко и неговите 11 браќа. Заедно со Јосиф чинат 12 деца- 12 ѕвезди. Значи ако Јосиф и браќата се 12 ѕвезди тогаш навистина може да земеме дека 12 ѕвезди се всушност тие. НО, во Откровението Сонцето, Месечината и ѕвездите не се објект на визијата. Тие се само облеката на Жената. Ова ни покажува дека жената е поврзана со Израел ( знаеме дека Дева Марија е ќерка Израилева ), но не е Израел.

Кон врв
EvAngelos Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Doulos Evangelos

Регистриран: 28.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 9913
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај EvAngelos Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Август.2008 во 03:26

Добро напишано. Браво gospel, не верував дека некој ќе напише нешто сериозно на оваа тема аплауз

Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
Кон врв
gospel Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 01.Април.2008
Статус: Офлајн
Поени: 405
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај gospel Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Август.2008 во 03:17
ПРВИОТ ЗВЕР Е – АНТИХРИСТОТ

Еве што зборува Библијата: „ А јас застанав на песокта од морскиот брег. И видов Ѕвер, како излегува од морето, кој имаше десет рогови и седум глави, а на неговите рогови десет круни и на неговите глави богохулни имиња. И Ѕверот, што го видов, беше како леопард, и нозете му беа како на мечка, а устата како на лав. (Откр. 13:1-2)

Песокта не потсетува на нешто што ќе пропадни. Се она што не е изградено на Исус , изградено е на песок. Јован се служи со симболи за да ги опиши идните случувања. Јован гледа страшен звер со седум глави и десет рога кој што излегува од морето. Ова се однесува на антихристот и неговото царство, тоа е неразделиво.
Секаде во библијата каде што се спомнува море се мисли на народите.

„ Ах, шум на многубројни народи, шумат како што шуми морето; шум на народи што шумат, како што шумат големите води. Шумат народите како што шумат силните води, но кога Тој ќе им се закани, бегаат далеку, развевани низ горите како плева на ветер, како правот во виор.“
(Исаија 17:12-13)

Значи морето се народите. Тоа го пишува и Откровението 17:15.
„Водите што ги виде, каде што седи блудницата, тоа се луѓето и множествата, народите и јазиците.

Змевот, Старата змија, во последните денови со помош на незнабожечките народи ќе го изблујат на брегот, човекот кој што се нарекува звер или Антихристот. Сатаната, кој што е исфрлен од небото, ќе го има ова орудие кое што се вика антихрист, преку кого ќе делува на оваа земја.

Седумте глави се седумте светски царства во целата човечка историја: Египет, Асирија, Вавилон, Мидо-Персија, Грчко-Македонско царство, Римско царство.

За римското царство од кое ќе оживее антихристовото царство, еве што зборува пророкот Даниел: „ А десетте рогови: Од ова царство ќе настанат десет цареви, а по нив ќе се подигне еден друг различен од оние првите....“ (Даниел 17:24)

Од римското царство ќе излезат 10 цареви (рогови), а после нив ќе излезе еден кој е антихристот.

Ако ги споредиме Змевот од 12 глава и првиот звер од 13 глава, заедничко е што имаат 7 глави и 10 рогови. Разликата е во тоа што кај Змевот круните се на седумте глави (на царствата), а кај зверот круните се на роговите ( на царевите). Овдека веќе седумте глави се минато, а 10 рога веќе царуваат.

„.... и на неговите глави богохулни имиња.“ Тоа значи дека со овие царства ќе владеат луѓе кои што хулеле на Бог.

„ И Ѕверот, што го видов, беше како леопард, и нозете му беа како на мечка, а устата како на лав.“

Овие три животни ги претставуваат Грчкото, Мидо-Персиското и Вавилонското царство.

Леопардот е крволочно и брзо животно, што значи дека антихристот ќе биде крволочен и за кратко време ќе се појави. Таков бил Александар Македонски.
Мечката е симбол на бруталност и голема сила, снага. Такво било Мидо-Персиското царство.
Лавот е цар на животните, тој се растргнува и уништува. Антихристот ќе биде комбинација од сите овие три животни и ќе ги има нивните карактеристики. Тој ќе има голема моќ.

Но Антихристот ќе биде личност, човек. Сета политичка администрација ќе биде отелотворена во една и единствена личност – Антихристот. Не смееме да заборавиме дека во овој симбол на зверот е содржано: царство и цар, држава и тој кој што владее.

Имињата кои се среќаваат во Св. Писмо се имиња кои што може да ги има само човек, а не царство, институција, област или континент. Антихристот заедно со лажниот пророк, треба да бидат фрлени во огненото езеро. Еден систем или царство не можат да бидат фрлени во Огненото езеро. Според тоа антихристот е човек, личност.


Толку од мене за првиот звер. Има уште многу да се пишува, но ова беше најкратко што може.

Со почит, Госпел.
Кон врв
gospel Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 01.Април.2008
Статус: Офлајн
Поени: 405
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај gospel Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Август.2008 во 01:59
И првиот и вториот звер се прикажани како личности. Америка не е личност. Според тоа отпаѓа Америка.
Размисли кој би можеле да бидат тие зверови?
Потруди се да разбереш, што Библијата сака да ти открие и покаже, а не наши лични размислувања.
Кон врв
melhisedek Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 12.Август.2008
Статус: Офлајн
Поени: 225
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај melhisedek Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Август.2008 во 01:41
pa eve na pimer onaj so dva rogovi sto ke pravi cuda:)
dobro ti odi gledam deka si upaten
mislam deka e amerika
Кон врв
gospel Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 01.Април.2008
Статус: Офлајн
Поени: 405
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај gospel Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Август.2008 во 01:38
Во Откровение 13 глава се спомнуваат два звера. На кој звер мислиш. Еве ти напиши твое мислење, па потоа јас ке го кажам моето.

Со почит, Госпел.
Кон врв
melhisedek Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 12.Август.2008
Статус: Офлајн
Поени: 225
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај melhisedek Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Август.2008 во 01:28
gospel pozdravi od mene ubavo objasna
a koj e sverot?
Кон врв
gospel Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 01.Април.2008
Статус: Офлајн
Поени: 405
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај gospel Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Август.2008 во 00:22
Во откровението се спомнуваат Жена, Невеста и Блудница.

Жената го претставува Израелскиот народ, затоа што тој беше Божји народ, но секогаш грешеше против Бога, се к*рваше со останатите пагански народи и затоа се нарекува Жена,која што го изневери својот маж, т.е. Бог.
Не може да биде невеста, затоа што го изневери својот маж со паганските народи.

Невеста е Црквата Божја, односно сите верници од Духовден(педесетница) па до денес. Црквата Божја е чиста свршеница или невеста на Исус Христос, исчистена преку крвта Христова пролеана на Голгота.

Блудницата е Екумената, или светскиот сојуз на цркви, во нив спаѓаат сите кои што се влезени во тој сојуз: православни, католици и протестанти.
Учењето на Екумената е секој да го признае верувањето на другиот, и да се направи компромис меѓу верските учења на наведените цркви.

Но еве што Бог вели за ова:
„Излезете од неа луѓе мои, за да не учествувате во гревовите нејзини, и да не се заразите од раните нејзини, бидејќи гревовите нејзини стигнаа до небото и Бог си спомна за неправдите нејзини.“
(Откровение 18:4-5)

Значи, во текстот од (Откровение 12:1), не станува збор за Марија мајката Исусова, ниту за црквата Божја, ниту за обединета Европа, туку за Израел, народот Божји кој што требаше да биде чиста и непорочна невеста на Бога, но бидејќи се к*рваше со паганските народи, Бог си избра друга свршеница прочистена преку неговата крв, од сите народи од овој свет.

Каде за прв пат се спомнува ова пророштво и што тоа означува?
Во 1 Мојсеева 37:9-10), се опишува сонот кој што Јосиф го сони.

9 Тој виде уште еден сон и им го раскажа на своите браќа: „Сонував уште еден сон. Внимавајте! Сонцето, месечината и единаесет ѕвезди ми се поклонуваа длабоко!”

10 Кога му го раскажа тоа на својот татко, татко му го укори и му рече: „Што значи сонот што го сонуваше? Зар ќе дојдеме: јас, мајка ти и браќа ти, па да ти се поклонуваме до земја?”

Сонцето го претставува Јаков, месечината неговата жена Рахела, а 11 звезди синовите, т.е. браќата на Јосиф.Ако неговите браќа се звезди, тогаш и тој мора да биде звезда.
12 звезди се дванаесетте патријарха или 12 колена израилеви.
Сонцето, месечината и звездите, сите заедно се создадени да светат и да осветлуваат. Од Израел излезе светлината на светот, а тоа е Исус Христос.

Значи, тоа што го виде апостол Јован во Откровение 12:1 е Израелскиот народ. Да напомнам дека во Стариот завет Израел е опишан како мажена жена, но исто така и како разведена жена фатена во прељуба.

Црквата во Новиот Завет е Невеста Христова, но прв пат во Откровение 19 глава се спомнува како жена, тогаш кога Исус ќе ја земе со себе да биде на свадбата Исусова.


    
Кон врв
Македон Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор

Caesar Constantinus

Регистриран: 20.Јули.2008
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 9928
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Македон Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Август.2008 во 23:33
Melhisedek, мислам дека жената е Пресвета Богородица која го родила Исус и не може да биде Црквата бидејќи таа не Го родила Исус. Христос е глава на Црквата и нејзин аголен камен и затоа мислам дека Црквата не би требало да е таа.
Кон врв
melhisedek Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 12.Август.2008
Статус: Офлајн
Поени: 225
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај melhisedek Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Август.2008 во 19:43
zenata vo otkrovenieto e bogorodica no ima uste nestomnogy povejke taaa zenata prestavuva crkavata na isus hristos toes nevestata razbirate.koga mislam crkvata mislam na site lujge koi go imaaat svetiot duh i koi gi pazat negovite zakoni koji ja izvrsuvaaat negovata volja. ima i uste mnogu no zasega tolku neka se razgori temava ke vi objasnam povejke
Кон врв
Македон Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор

Caesar Constantinus

Регистриран: 20.Јули.2008
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 9928
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Македон Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Август.2008 во 18:41
AlDRa, терминот Богородица го нема во Библијата но овој термин потекнува уште од 2 век од новата ера ( додека почитувањето на Пресвета Богодорица го има и во 1 век). Уште во раното Христијанство Дева Марија ја нарекуваат Богородица ( Theotokos на грчки ), односно Мајка Божја. Целта на оваа титула била да се стави акцент на Божественоста на Христос, односно да се покаже дека Христос е Бог.

Знам дека ова е надвор од темата, но сепак морав да одговорам.

Кон врв
gospel Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 01.Април.2008
Статус: Офлајн
Поени: 405
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај gospel Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Август.2008 во 23:21
Kaj Boga postoi samo terminot SVET. Za toa pisuva Biblijata.

I cetirite zivotni imaa po sest krila okolu sebe, a odvnatre bea polni so oci, i bez prekin denje i noke voskliknuvaa, SVET, SVET, SVET, E GOSPOD SEDRZITELOT...
(Otkrovenie 4:8)

Koga Bog e SVET, kako mozi covek da bide posvet, najsvet ili presvet?


Kaj Boga nema POSVET, NAJSVET, PRESVET...
Кон врв
zidarski Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 17.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4385
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zidarski Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Август.2008 во 21:59
Ни Светото Троиство не постои како термин. Не претерувај...
Do what is right, come what may...
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1234>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,281 секунди.