|
Учениците и безбедноста на интернетот |
Внеси реплика | страница <123 |
Автор | ||
superboy
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Добар човек Регистриран: 08.Август.2008 Статус: Офлајн Поени: 103 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Интернет е многу небезбедно нешто.Има секакви вируси и што не.
|
||
Работата го краси човекот а мрзата го гнаси.
|
||
mamamd
Сениор Почесна конзулка Регистриран: 02.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 25679 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
...vo vreme na erozija na komunikacijata preku informaickata tehnologija i se pocestoto vklucuvanje na decata od pomala vozrast na Internet se postavuva prashanje kolku ucenicite vo nash*te ucilishta ucat za zashtita na licnite podatoci... komunikacijata so nepoznatite lica... dozivuvanje neprijatnosti...
prezemeno od Nova Makedonija... Безбедно на интернет
Имај контрола врз содржините што ги поставуваш. Размисли за ограничување на пристапот до нив само за твоите пријатели, другари од училиште или играчи од тимот во кој тренираш. Задржи ги личните информации само за себе. Не пишувај ги твоето полно име, адресата, телефонскиот број, бројот на сметката од банка или оној од кредитната картичка. Не поставувај вакви информации ниту за други луѓе. Биди внимателен со информациите што можат да го откријат твојот идентитет или да те лоцираат офлајн. Вакви информации се: името на училиштето во кое учиш, спортскиот клуб за кој тренираш, местото на кое се собирате со пријателите и сл. Биди сигурен дека прекарот со кој се појавуваш пред другите онлајн не кажува премногу за тебе. Не користи го твоето име, годините или родниот град. Иако мислиш дека прекарот те прави анонимен, не мора да е некој гениј за да собере два и два и да те идентификува и пронајде. Објавувај само информации за себе, кои не ти пречи другите да ги гледаат и да ги знаат. Многу луѓе можат да ја видат твојата страница, вклучувајќи ги твоите родители, наставниците, полицијата, луѓето од факултетот на кој сакаш да се запишеш за некоја година или луѓето кај кои ќе работиш за повеќе години. Запомни дека штом еднаш објавиш информации, не можеш да ги повлечеш назад. Дури и ако ја избришеш страницата, стари верзии од неа можеби се зачувани на компјутерите на некои корисници на истиот сајт. Гледај да не ги објавуваш своите фотографии. Тие може да бидат променети и прикажани на друго место на начин што нема да прави да се чувствуваш пријатно. Пред да поставиш одредена фотографија, прашај се дали е таа таква што твоите родители би ја поставиле во дневната соба. Флертувањето со непознати е многу сериозна работа, бидејќи многу луѓе лажат за својот идентитет на Интернет, така што никогаш не можеш да знаеш со кого навистина си имаш работа. Биди претпазлив со онлајн-пријателите, кои сакаат да се сретнат со тебе во живо. Пред да се сретнеш со онлајн-пријател, прашај некои од твоите пријатели дали го познаваат, побарај информации за него на Интернет и договори ја средбата преку ден и на јавно место. Никако не оди сам, земи барем еден другар со себе и кажи на некој од родителите или на твојот брат или сестра. Верувај им на твоите инстинкти доколку нешто ти е сомнително. Ако се чувствуваш загрозено од некого онлајн или неудобно од нешто, кажи му го тоа на возрасен, пријави го во полиција и на сајтот за социјално вмрежување. Така можеш да спречиш некој друг да стане жртва. ...dali nastavnicite...pa i roditelite obratile vnimanie na navedenite segmenti... kolku na decata im e ukazano na site neprijatnosti koi gi demneat so samoto vklucuvanje na Internet... i najvazno ...dali decata mozat da se spravat so tie neprijatnosti.... Изменето од mamma - 12.Септември.2008 во 16:18 |
||
Внеси реплика | страница <123 |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |