Испечати | Затвори го прозорот

Учениците и безбедноста на интернетот

Испечатено од: IDIVIDI forum
Категорија: Стил на живот
Име на форумот: Образование
Опис на форумот: Улично, основно, средно, високо...
URL: http://forum.idividi.com.mk/forum_posts.asp?TID=14849
Датум на принтање: 22.Декември.2024 во 14:08
Верзија на софтверот: Web Wiz Forums 10.03 - http://www.webwizforums.com


Тема: Учениците и безбедноста на интернетот
Постирано од: mamamd
Наслов: Учениците и безбедноста на интернетот
Датум на внесување: 06.Август.2008 во 08:56
...vo vreme na erozija na komunikacijata preku  informaickata tehnologija i se pocestoto vklucuvanje na decata od pomala vozrast na Internet se postavuva prashanje kolku ucenicite vo nash*te ucilishta ucat za zashtita na licnite podatoci... komunikacijata so nepoznatite lica... dozivuvanje neprijatnosti...
prezemeno od Nova Makedonija...

Безбедно на интернет
Користење на сајтовите за социјално вмрежување

Пред да се приклучиш кон некој сајт за социјално вмрежување (Hi5, Facebook, Myspace и др.), прво научи како тој функционира. Некои сајтови дозволуваат пристап до поставените содржини само од страна на одредена група корисници, додека, пак, други овозможуваат нивно јавно прегледување од страна на сите посетители.
Имај контрола врз содржините што ги поставуваш. Размисли за ограничување на пристапот до нив само за твоите пријатели, другари од училиште или играчи од тимот во кој тренираш.
Задржи ги личните информации само за себе. Не пишувај ги твоето полно име, адресата, телефонскиот број, бројот на сметката од банка или оној од кредитната картичка. Не поставувај вакви информации ниту за други луѓе. Биди внимателен со информациите што можат да го откријат твојот идентитет или да те лоцираат офлајн. Вакви информации се: името на училиштето во кое учиш, спортскиот клуб за кој тренираш, местото на кое се собирате со пријателите и сл.
Биди сигурен дека прекарот со кој се појавуваш пред другите онлајн не кажува премногу за тебе. Не користи го твоето име, годините или родниот град. Иако мислиш дека прекарот те прави анонимен, не мора да е некој гениј за да собере два и два и да те идентификува и пронајде.
Објавувај само информации за себе, кои не ти пречи другите да ги гледаат и да ги знаат. Многу луѓе можат да ја видат твојата страница, вклучувајќи ги твоите родители, наставниците, полицијата, луѓето од факултетот на кој сакаш да се запишеш за некоја година или луѓето кај кои ќе работиш за повеќе години.
Запомни дека штом еднаш објавиш информации, не можеш да ги повлечеш назад. Дури и ако ја избришеш страницата, стари верзии од неа можеби се зачувани на компјутерите на некои корисници на истиот сајт.
Гледај да не ги објавуваш своите фотографии. Тие може да бидат променети и прикажани на друго место на начин што нема да прави да се чувствуваш пријатно. Пред да поставиш одредена фотографија, прашај се дали е таа таква што твоите родители би ја поставиле во дневната соба.
Флертувањето со непознати е многу сериозна работа, бидејќи многу луѓе лажат за својот идентитет на Интернет, така што никогаш не можеш да знаеш со кого навистина си имаш работа.
Биди претпазлив со онлајн-пријателите, кои сакаат да се сретнат со тебе во живо. Пред да се сретнеш со онлајн-пријател, прашај некои од твоите пријатели дали го познаваат, побарај информации за него на Интернет и договори ја средбата преку ден и на јавно место. Никако не оди сам, земи барем еден другар со себе и кажи на некој од родителите или на твојот брат или сестра.
Верувај им на твоите инстинкти доколку нешто ти е сомнително. Ако се чувствуваш загрозено од некого онлајн или неудобно од нешто, кажи му го тоа на возрасен, пријави го во полиција и на сајтот за социјално вмрежување. Така можеш да спречиш некој друг да стане жртва.
...dali nastavnicite...pa i roditelite obratile vnimanie na navedenite segmenti... kolku na decata im e ukazano na site neprijatnosti koi gi demneat so samoto vklucuvanje na Internet... i najvazno ...dali decata mozat da se spravat so tie neprijatnosti....



Коментари:
Постирано од: superboy
Датум на внесување: 08.Август.2008 во 10:19
Интернет е многу небезбедно нешто.Има секакви вируси и што не.

-------------
Работата го краси човекот а мрзата го гнаси.



Постирано од: BisernA
Датум на внесување: 08.Август.2008 во 11:53
Камоли да беа само вирусите намигнување

Интернетот е место, што ни нуди се на дофат на раката... поточно, со еден клик на маусот... како и секоја работа, и тој има и предности и маани...

голема маана е што децата, т.е учениците,... имаат пристап до страници со секаква содржина... не ретко 12-13 годишни деца гледаат порнографски содржини на интернет, или пак читаат сатански страни,... кои тврдат дека животот е подобар од ,,другата страна,,.... изненадување исто така не ми се допаѓаат и оние страни како хај5 или пријатели,... на кои се ставаат лични фотографии... можеби е добро за забава... ама на нет има секакви лудаци кои гледајќи ги таквите слики ( а некои ставаат буквално СЕКАКВИ слики )... добиваат чудни идеи изненадување мирцовите и четовите се добро место за тепање на време.... ама како ќе бидеш сигурен дека личноста од другата страна е таа што се кажува дека е ?? Кантер страјк, дота, кал оф дјути,... се игри за забава, тоа сите го знаеме среќа но, некои стануваат на некој начин опседнати од овој начин на онлајн играње,... и поминуваат по цели денови во нет кафе или дома играјќи ги...

за заштита,... има многу програми кои можат да се најдат на самиот интернет... како фемили сејфти,... кои му овозможуваат на родителот да одбере какви страни неговото дете ќе посетува... но,... кој од денешните родители ќе седне, и ќе види што всушност неговото дете прави на нет ?? повеќето велат,... дека нивното не прави така... дека е паметно... на крај испаѓа сосема поинаку збунетост


-------------


Постирано од: mamamd
Датум на внесување: 08.Август.2008 во 13:02
...tokmu za vakvi sugestii i ja otvorivme ovaa tema... bidejki...mnogu od roditelite i nastavnicite i ne znaat kakvi sigurnosni sistemi postojat... i kakvi opasnosti demneat... zatoa mnogumina ke procitaat...mnogumina ke slushnat deka nekoj negde kazal...pa nekoj ke go spomne tokmu i idivi kako mesto kade procital... odnosno vash*te sugestii i soveti... 


Постирано од: IQ
Датум на внесување: 08.Август.2008 во 13:38
se soglasuvam so biserna

-------------
http://imageshack.us">
[URL=http://g.imageshack.us/g.php?h=521&i=00001awbzx1.jpg][IMG]http://img521.imageshack.us/img521/


Постирано од: Monuska
Датум на внесување: 08.Август.2008 во 14:41
mamamd супер тема Дефинитивно треба да се обрне повеќе внимание на ова, да се информираат децата и родителите, зошто очигледно не им е доволно што секојдневно слушаат за секакви манијаци кои демнат по Интернет. Секогаш мислиме дека таквите работи се далеку од нас, а всушност ни се практично дома.

-------------
Сите го сакаме она што не можеме да го имаме. Вистинските луѓе знаат да се помират со тоа...


Постирано од: Delfin
Датум на внесување: 08.Август.2008 во 14:59
Проблемот е посериозен одколку што изгледа . Уште повеке што кај нас сеуште се нема ,,освестено,, како сериозна закана . Си бара сериозен  и континуиран пристап на подолг рок ,низ призма на кампањи , доинформирања ,едукација .Како од страна на институциите така и од сите на било кој начин инволвирани во нудењето интернет услуги .Се разбира се однесува и на нас како Форум. Целна група  подеднакво се и учениците ( децата ) и  родителите ,ако не и повеке  родителите .


Постирано од: mamamd
Датум на внесување: 08.Август.2008 во 15:47
tokmu takva beshe i intencijata...na forumov ima mnogu mladi luge...ucenici...studenti...koi imaat riznica od bogatstvo znaenje za rabota so kompjuteri... a posebno znaenje vo domenot na zashtitatat od "internet manijacite" kako i od luge koi ne mozat da si gi kontroliraat neprirodnite nagoni...loshoto odnesuvanje i komunikacijata so drugite luge... i tokmu tuka decata ke naucat kako ne treba da se odnesuvaat....a ne ima i roditeliголема%20насмевка... koi ucime od mladite... zatoa shto vo ovoj domen za golemo zadovolstvo na nas "postarite"...mladite bogami mnogu mozat da ponudat...


Постирано од: marija-92
Датум на внесување: 17.Август.2008 во 12:16
retko davam info za mene kade potocno ziveam i sl. mi se imaat ubaceno dosta manijaci i se desavale problemi i sum dosla do toj stepen so i moite gi umesav ali toa e toa.
pamet za dr pat


Постирано од: Evenstar
Датум на внесување: 17.Август.2008 во 20:42
Повеќето од нас се свесни за опасностите кои не демнат поради користењето на интернетот... а вирусите се најмалиот проблем...
ккористењето на глобалната мрежа има свои позитивни страни, но толку се и негативни... а тоа е затоа што многу луѓе го користат со лоша намера... некогаш мислам дека не ни мораш да оставиш лични податоци на интернет за да бидеш пронајден од тн. интернет манијаци... тоа може да се случи и кога добиваш и препраќаш тн. chain letters, од нив лесно се дознава твојата адреса затоа што луѓето како луѓе отсекогаш биле суеверни, па ги препраќаат писмата, верувајќи дека не смеат да го прекинат кругот, а со тоа адресите стануваат достапни до голем круг на луѓе меѓу кои секако може да биде кој било...затоа апелирам, или бришете ги тие писма без да ги отворите (се препознаваат обично по буквите FW/FWD) или барем ако веќе ги препраќате, бришете ги адресите на луѓето кои го добиле пред вас... тоа можеби малку помага, се надевам...

-------------
It is our choices who show what we truly are, far more than our abilities.


Постирано од: mamamd
Датум на внесување: 17.Август.2008 во 23:26
Originally posted by Evenstar Evenstar напиша:

Повеќето од нас се свесни за опасностите кои не демнат поради користењето на интернетот... а вирусите се најмалиот проблем...
ккористењето на глобалната мрежа има свои позитивни страни, но толку се и негативни... а тоа е затоа што многу луѓе го користат со лоша намера... некогаш мислам дека не ни мораш да оставиш лични податоци на интернет за да бидеш пронајден од тн. интернет манијаци... тоа може да се случи и кога добиваш и препраќаш тн. chain letters, од нив лесно се дознава твојата адреса затоа што луѓето како луѓе отсекогаш биле суеверни, па ги препраќаат писмата, верувајќи дека не смеат да го прекинат кругот, а со тоа адресите стануваат достапни до голем круг на луѓе меѓу кои секако може да биде кој било...затоа апелирам, или бришете ги тие писма без да ги отворите (се препознаваат обично по буквите FW/FWD) или барем ако веќе ги препраќате, бришете ги адресите на луѓето кои го добиле пред вас... тоа можеби малку помага, се надевам...

...аплауз...tokmu za vakvi kako i site prethodni konstruktivni diskusii i otvorena temata...


Постирано од: dejanpp
Датум на внесување: 18.Август.2008 во 15:35
procitav 2-3 mislejna i na prv pogled se gleda deka nekoi se plasat od toa nekoj deka ke im dojde doma i trista gluposti
   za tie sto bi vi mozelo da dojdat kaj vas doma    tie bi mozele da se samo dobri ili losi gosti no toa sporedeno so site opasnosti ne pretstavuva opasnost
pa togas doznajteja vistinskata opasnost
taa se   sostoi od podatocite koi se vneseni vo vasata glava
postojat dva vida
naucni
-koga imate vneseno vakvi podatoci vo vasata svest    kako rezultat na toa dobivate principi na odnesuvajne od pozitivna priroda
xxxxxx
-ovaj vid na podatoci se mnogu slicni na naucnite samo sto vo svojata osnova poseduvaat nesto sto moze da vi pridonese da imate losi principi
da stanete ubiec,terorist,da go mrazite semejstvoto,mazot,zenata,decata........sto znaci ovie podatoci imaat destruktivno dejstvo
    KAKO DA SE ZASTITIME OD NIV
DA NIV MOZEME DA SE ZASTITIME SAMO ako ne gi procitame ili pak   da imame procitano odnosno vneseno podatoci od pozitivnata lista taka da ovie opasnive ke nemozat da preovladuvaat
taka da kolkiu e liceto povozrasno potesko deluvaat podatocite i obratno
ZAKLUCOK
neprijatelot koj moze da gi poducuva vasite deca   na negativni raboti se naojdza vo vasite domovi
ZASTITA
SEKOGAS KOGA DECATA OTVARAAT STRANICI BIDETE DO NIV ZA DA GI ZASTITITE
............................................................


Постирано од: Evenstar
Датум на внесување: 18.Август.2008 во 20:57
Дејане, искрено мислам дека не ја имаш сфатено поентата на темава...

-------------
It is our choices who show what we truly are, far more than our abilities.


Постирано од: ivotopansko
Датум на внесување: 20.Август.2008 во 14:20
од мое лично искуство ви кажувам дека нема иделна заштита од опасностите на интернетот.ученик сум во едно средно училиште во скопје и на часови каде што употребуваме компјутери има и интернет како и заштита од влегување на порно сајтови,форуми,страни како хи5 и слично.но едноставно нас учениците ни смета таа забрана нејќеме да бидеме ограничени со тоа кои и какви информации јас ќе дознаам од интернетот и затоа ние ги кракираме пасвордите на администраторот(професорот) и пофторно си влагаме кај сакаме.така да само ние одлучуваме какви ќе бидеме понатака пошо ова е наш живот нели?ова е само мое мислење.позз


Постирано од: mamamd
Датум на внесување: 29.Август.2008 во 07:09
...ako dosega postoeja nekoi dilemi za bezbednosta na decata na internet i potrebata od solidna obuka na decata, nastavnicite i roditelite sega veke ne. Po niza objaveni napisi po vesnicite opasnosta stanuva realnost.
Уценувал девојка со секс-снимки

К. од Скопје навел девојка што ја запознал преку интернет, преку веб-камера да му ги покаже интимните делови на своето тело, а потоа и' барал 100 евра за да не ги пушти видео снимките на интернет

Полицијата веднаш реагирала и ги уапсила сопружниците.

При претресот, кај пријавениот биле пронајдени 100 евра, мобилен телефон во кој бил снимен компромитирачки материјал од оштетената, а имало и видеоснимки од други женски лица. Во домот на пријавените биле пронајдени лаптоп, веб-камера, три УСБ-стикови, платежна картичка, телефонска припејд-картичка со телефонскиот број.Според МВР, осомничениот досега бил пријавуван за разбојништво и силување, за што бил осуден на пет години затвор. Против него била поднесена кривична пријава за одземање моторно возило и за насилство, за што одлежал 18 месеци затвор.МВР апелира до сите девојки што евентуално биле жртви на уцена да пријават во полиција.

...Ako mozat da bidat zavedeni povozrasni lica shto stanuva so decata vo pubirtetot i pomalite. Nie sega imame sekojdnevni pojavi na pedofilija.




Постирано од: Eli
Датум на внесување: 29.Август.2008 во 09:28
Originally posted by BisernA BisernA напиша:

Камоли да беа само вирусите намигнувањеИнтернетот е место, што ни нуди се на дофат на раката... поточно, со еден клик на маусот... како и секоја работа, и тој има и предности и маани... голема маана е што децата, т.е учениците,... имаат пристап до страници со секаква содржина... не ретко 12-13 годишни деца гледаат порнографски содржини на интернет, или пак читаат сатански страни,... кои тврдат дека животот е подобар од ,,другата страна,,.... изненадување исто така не ми се допаѓаат и оние страни како хај5 или пријатели,... на кои се ставаат лични фотографии... можеби е добро за забава... ама на нет има секакви лудаци кои гледајќи ги таквите слики ( а некои ставаат буквално СЕКАКВИ слики )... добиваат чудни идеи изненадување мирцовите и четовите се добро место за тепање на време.... ама како ќе бидеш сигурен дека личноста од другата страна е таа што се кажува дека е ?? Кантер страјк, дота, кал оф дјути,... се игри за забава, тоа сите го знаеме среќа но, некои стануваат на некој начин опседнати од овој начин на онлајн играње,... и поминуваат по цели денови во нет кафе или дома играјќи ги...за заштита,... има многу програми кои можат да се најдат на самиот интернет... како фемили сејфти,... кои му овозможуваат на родителот да одбере какви страни неговото дете ќе посетува... но,... кој од денешните родители ќе седне, и ќе види што всушност неговото дете прави на нет ?? повеќето велат,... дека нивното не прави така... дека е паметно... на крај испаѓа сосема поинаку збунетост


Totalno se soglasuvam..i navistina treba da se obrne vnimanie na ovaa tema denes..vo ovie nesigurni vreminja sto dojdoa..

-------------
Човекот секогаш треба да остане човек,без разлика со што се бави и каков успех има..


Постирано од: konan
Датум на внесување: 29.Август.2008 во 10:37
EROZIJA NA KOMUNIKACIJA? pffff ..AKO SEGA E EROZIJA NA KOMUNIKACIJA TOGAS AJ NAZAD NA DIMNI SIGNALI


Постирано од: magdalena2008
Датум на внесување: 29.Август.2008 во 18:15
Во моментов во неколку основни училишта во Македонија се води проект „Бездебно на Интернет“ мислам дека е пооддржан од Метаморфозис и Меѓаши (не сум сигурна). Ова е нивниот сајт www.bezbednonainternet.org.mk овде има информации за ученици, за родители и за наставници за тоа како безбедно да сурфаме. Слободно погледнете го.


Постирано од: mamamd
Датум на внесување: 29.Август.2008 во 20:22
Originally posted by konan konan напиша:

EROZIJA NA KOMUNIKACIJA? pffff ..AKO SEGA E EROZIJA NA KOMUNIKACIJA TOGAS AJ NAZAD NA DIMNI SIGNALI

...vo vremeto na dimnite signali na prekrshuvacot na coveckite normi mu go zemale skalpot ili go vrzuvale i vlecele so konj po prashinata se dodeka ne otpatuval vo vecnite lovishta.... deneska gi prekstile pedofili pa baraat olesnitelni okolnosti na sud, pa ke go oslobodat pod vlijanie na psiholoshki i psihijatriski analizi i mislenja i ke citame vo vesnici kako  svojata nedolecenost ja treniral na nekoe malo bespomoshno sushtestvo. Vo erata na dimnite signali nieden "cicko" ne im nudeshe na decata slikicki so masturbacija ili proshetki do svetot na skaznite kade Snezana ima grupen seks so sedumte dzudzinja. Zatoa ako imame deca, ako sakame da gi zashtitime a vo isto vreme sakame da se vo erata na komunikacijata, a ne vo erata na dimnite signali treba da razmislime tokmu kako da gi zashtitime decata od "dobrite cickovci".


Постирано од: superboy
Датум на внесување: 02.Септември.2008 во 10:18
Mногу паметна тема!

-------------
Работата го краси човекот а мрзата го гнаси.



Постирано од: mamamd
Датум на внесување: 02.Септември.2008 во 12:29
Originally posted by superboy superboy напиша:

Mногу паметна тема!

големо%20гушкање


Постирано од: Анастеа
Датум на внесување: 05.Септември.2008 во 00:19

Треба ли да се ограничи пристапот на децата до порнографскиот материјал на интернет? Ова прашање денеска најчесто беше поставувано во струмичко, по веста за полов чин извршен меѓу две малолетни момчиња од селото Дражево, а поттикнат од порнографските сајтови.

Вчера попладне детската игра на момчињата, кои имаат по 12 години, преминала во сексуална. Тие си играле во дворот на основното училиште.Едно од децата му раскажало да другото што гледало на интернет и му предложило да го направат истото. Ова прифатило, по што половиот чин го извршиле зад училиштето.Во блиската шума позади училишниот двор, детската игра меѓу двајцата малолетници преминала во сексуално задоволување кое го гледале на интернет. По ова, едно од децата им раскажало да родителите што правеле со другарчето, по што тие случајот го пријавиле во полиција.

____________________________________________________
 
Еве најсвеж пример што се случува кога родителите оставаат на децата... Кога наместо превентива, потоа мора да се соочите со страшните последици од вашето родителско невнимание...
Пријавиле во полиција!... Што треба сега полицајците да сторат?... Да им инсталираат на домашните компјутери фемили сејфти?...
Детските умови се склони кон секакви фантазии, посебно адолесцентите... И тука не смее ништо да се остави на случајот!..


-------------
http://www.youtube.com/watch?v=QCQTr8ZYdhg&feature=related" rel="nofollow - Прав сме и ќе бидеме.
Ни воздух, ни оган, ни вода, туку земја,
само земја ќе бидеме и можеби
неколку жолти цветови.


Постирано од: polval
Датум на внесување: 05.Септември.2008 во 14:33
Opasna rabota, a i ako go zastitis kompjuterot doma deteto sekogas moze da otide u internet kafe i tamu da gleda toa sto ne treba da gleda. Mnogu opasna rabota.


Постирано од: mamamd
Датум на внесување: 23.Октомври.2008 во 08:04
...Roditelite i nastavnicite imaat edna ogromna obvrska koja ne treba da ja dozivuvaat formalno tuku so eden mnogu seriozen pristap. Ne e celta nauci go deteto da raboti so kompjuter, pa ostavi go neka otkriva...istrazuva. Rodtelot ne ja zavrshi svojata obvrska so toa shto mu kupi na deteto skap kompjuter, mu plakja redovni internet i tolku. I ednite i drugite mora da gi predocat opasnostite koi gi demneat. A izvori na informacii ima, samo nekoj treba da gi procita.
Безбедно на интернет Некои луѓе користат Интернет за да им наштетат на децата

Во февруари 2000 година, 33-годишен човек остварил контакт со 12-годишно девојче преку чет за тинејџери. По овој прв контакт, следувала двомесечна секојдневна комуникација по имејл, а потоа и редовни разговори по мобилен телефон. На овој начин девојчето било постепено заведено, па од тој почетен контакт на чет работата отишла дотаму што девојчето било наговорено да се сретне со него. Сето тоа на крајот довело и до сексуална злоупотреба на малолетничка од страна на 33-годишниот човек.

По првичниот контакт остварен на чет, низ мудар и упорен процес на убедување преку имејл и мобилен телефон, човекот успеал да го наговори девојчето дека е вљубен. Во почетокот девојчето ги одбивало неговите предлози да се сретнат, но на крајот попуштило и се согласило на средба на јавно место. Тој пристигнал со автомобил, ѝ се претставил на својата жртва и ја одвел во својот стан, кој бил оддалечен повеќе километри. Во станот почнал серија непристојни напади врз девојчето, кои се повториле четири пати.

По четири куси средби, девојчето, кое било многу збунето, не издржало и сè ѝ раскажало на својата мајка. Нејзините родители биле шокирани и веднаш го пријавиле случајот во полиција. По неколку дена човекот бил пронајден и уапсен, но поради истрагата, која сè уште била во тек, а и во очекување на резултатите од лабораториската анализа на неговиот компјутер, тој бил ослободен со кауција.

Само неколку дена подоцна, користејќи го компјутерот на своето работно место, тој стапил во контакт со уште едно малолетно девојче. Користејќи слична тактика, отишол стотици километри далеку од местото каде што живеел и извршил уште еден сличен напад. Неговите колеги од работа откриле некои сомнителни имејлови на неговиот компјутер и алармирале до полицијата, која организирала акција и го уапсила во моментот кога следната жртва влегувала во неговиот автомобил.

Полицијата го уапсила и го обвинила за сексуален напад врз деца и поседување детска порнографија, а подоцна бил прогласен за виновен и осуден на казна затвор.

Запомни: постојат луѓе што користат Интернет за да се зближуваат со деца на кои потоа сакаат да им нанесат штета. Запознавањето со луѓе во живо, кои прво си ги запознал онлајн, е многу опасно. Никогаш не прави го тоа без претходно да се консултираш со родителите и согласи се да појдете заедно. Во спротивно може да ти се случи нешто вакво, а да биде предоцна. Некогаш може ваква средба да те чини живот.

...Ovoj tekst objaven vo Kolibri treba da bide dostapen do decata. Za zel ne , zatoa shto nekoj odlucil deka detskite spisanija ne im se potrebni na decata. Roditelite treba da gi naucat svoite deca da kupuvaat spisanija koi se za niv, da sednat zaedno da gi analiziraat sodrzinite, da komentiraat. Roditelskite soveti treba da predlozat temi za koi kje se diskutira na roditelskite sredbi, ne e samo uspehot toj shto e vazen. Uspehot doagja  sam po  sebe koga deteto e zdravo, srekjno, informirano. Internetot e riznica na informacii, no e ushte pogolema riznica na opasnosti. 




Постирано од: russia
Датум на внесување: 27.Октомври.2008 во 15:17
Se zgroziv , citajki gi postovive
Frapiran sum
NO COMMENT.......
DALI STE ZAINTERESIRANI, DA SE PREVZEMA NEKAKVA INICIJATIVA I DA SE ZAPOCNE NEKAKOV PROEKT VO VRSKA SO OVA???
DOKOLKU MOZEME DA POMOGNEME NA DECATA, MALITE, STOJAM NA RASPOLAGANJE 24/7


Постирано од: Petkovsky
Датум на внесување: 29.Октомври.2008 во 11:19
Ne postoi druga zastita osven da go zemete kompjuterot i vo podrum da go zaklucite. Spored mene roditelite snosat odgovornost da si gi zastitat decata i roditelite treba da se informiraat i obrazuvaat kako da prevzemat reventivni merki.


Постирано од: Petkovsky
Датум на внесување: 29.Октомври.2008 во 11:19
Originally posted by Petkovsky Petkovsky напиша:

Ne postoi druga zastita osven da go zemete kompjuterot i vo podrum da go zaklucite. Spored mene roditelite snosat odgovornost da si gi zastitat decata i roditelite treba da se informiraat i obrazuvaat kako da prevzemat preventivni merki.


Постирано од: mamamd
Датум на внесување: 31.Октомври.2008 во 05:33
I vecer ushte ednash gi objasnuva nacinite na zaveduvanje na mladite po internet...  vo akcijata zashtita namladite treba da se vklucat site...

Вечер летоска ги објави познатите начини на врбување на жртви во трговијата со луѓе, меѓу кои најновото и најзастапеното е преку програмите за комуникација на интернет. Во текстот беше опфатено едно истражување на група интернет стручњаци и психолози кои за едно истражување измислиле профил на 15-годишна девојка и го пуштиле линкот на повеќе чет соби.
Девојчето имало приказна дека завршува осмо одделение и сака да се запише во трговско училиште. Живеела со двајца строги родители.

За 50 часа разговор во текот на повеќе денови, девојчето не иницирало ниту еден контакт, но затоа неа ја контактирале 457 пати. Една четвртина сексуално ја вознемирувале, меѓу нив имало и мажи и жени. Околу дваесеттина пати добила сомнителни понуди; послужила за остварување на нечии сексуални фантазии, и било понудено решение за "сите проблеми", "да постигне подобар живот", што всушност може да биде вовед во трговија со луѓе. Имала и експлицитни покани за секс за пари.

Секој петти средношколец во земјава, корисник на интернет, добил сексуална понуда од виртуелен соговорник. Многу девојки добиле понуда за врска па дури и за брак во некои егзотични земји, што најчесто е вовед во трговијата со бело робје.

Компјутер во своите домови имаат повеќе од 70 проценти од средношколците додека приклучок за интернет имаат околу 60 проценти, од нив поголемиот број досега добиле сексуални понуди по интернет на програмите мирц, скајп, мај спејс и други.

Децата се информатички пописмени не само од родителите кои би требало да ги надгледуваат, туку и од своите професори. Затоа родителите не можат да препознаат до која мерка може да биде загрозено нивното дете кое мирно седи во својот дом и си игра на компјутерот.
Децата во земјава пред компјутер поминуваат просечно по два часа. Не ни помислуваат колку болни умови има во реалниот и виртуелниот свет, оставајќи лични податоци на различни веб страници, не ни помислувајќи дека можат да станат нечија мета. Затоа стручњаците апелираат дека треба да им се помогне на родителите и децата да развијат заштитна стратегија во светот на интернетот.




Постирано од: blue666
Датум на внесување: 31.Октомври.2008 во 09:30
http://www.crisp.org.mk/ - http://www.crisp.org.mk/




Постирано од: mamamd
Датум на внесување: 21.Ноември.2008 во 22:08
... bezbednosta na internetot...pravilnata primena na internetot...shto li beshe toa...ocigledno i na profesorite im treba zashtita...ama koj da gi zashtiti...
„Глупачо, што имам на тестот?“

„Нејќам да ме оставите на полагање, пошто ќе научам ви ветувам, само немојте кец да ми шибнете без да одговарам“, „Шо имам на тестот, глупачо?“... Ова се само дел од коментарите што ги пишувале ученици во скопската гимназија „Јосип Брзо-Тито“ на профилот што и го отвориле на „Хај фајв“ на професорката по географија Љубица Каревска.

Оној ученик што ставил слики од оваа професорка на Интернет ја поистоветува со Хитлер. Покрај злобните коментари на учениците, на профилот и испраќале и слики од Хитлер.

Снежана Мироновска, директорката на гимназијата, вели дека е штета што нема начин идентитетот на професорите и директорите да се заштити од ваквите постапки на учениците.

Профил на „Хај фајв“ има и професорот Драган Ѓеоргиев, професор по математика во истото училиште. „Професоре, идете кај мене на профил, има слики од вас од екск*рзијата и, ве молам, поправете ми го кецот!“, му пишал ученик на Ѓеорѓиев.



И директори и професори на „Хај фајв“

Ученици во гимназиите „Раде Јовчевски Корчагин“, „Орце Николов“ и „Јосип Броз Тито“, регистрирале директори и некои професори во овие училишта на Интернет-страницата „Хај фајв“ и им направиле профили.

- На Интернет имаше мои фотографии, текстови, како и фотографии од директорот Ѓорѓи Китаноски. Презедовме мерки, направивме од училиштето да не можат да ја отворат таа страница, а дури и да ја отворат, точно се знае од кој компјутер е тоа направено, во колку часот. Се обидуваме колку што можеме таквите работи да ги спречиме. Но современата технологија си го прави своето - вели Драган Арсовски, директорот на „Корчагин“.

Надица Ѓеоргиевска, професорка по физика, Љубица Каревска професор по географија, извесен Драган, кој предава математика, сите од „Јосип Броз Тито“, се само дел од професорите кои имаат профил на „Хај фајв“.

Учениците коментираат дека ги ставаат професорите на Интернет само заради забава.

...ama zabava... mozebi za zabava kje im tekne i roditelite da si gi stavat na internet...vo nekoi kompromitiracki pozi i situacii...samo za zabava...kade trgna svetot...



Испечати | Затвори го прозорот

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03 - http://www.webwizforums.com
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd. - http://www.webwiz.co.uk