IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Образование
  Активни теми Активни теми RSS - Што се случува со нашето образование?
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Што се случува со нашето образование?

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <12345 28>
Автор
Порака Обратен редослед
Messenger Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор

Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet

Регистриран: 21.Април.2006
Статус: Офлајн
Поени: 18208
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Messenger Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Јуни.2015 во 23:15
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
Кон врв
којсумјас Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 22.Ноември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4543
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај којсумјас Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Април.2015 во 15:14
Originally posted by Gorazd777 Gorazd777 напиша:

При еден нов конК*рс од пред некоја година за новотоворените музеи,во овој случај на жртвите на стариот систем,меѓу другото кандидатот ги исполнува сите услови за истиот,освен еден немање на соодвете сертификат по Англиски јазик.
Пти негово обрашаќње до таму надлежните истите му одговараат зошто е одбиен и дека треба да има некаков сертификат од петминутните школи што ги имало на секој чекор тие знеле дека кандидатот ќе имал познавање на Англискиот јазик(во овој случај)затоа што ќе им се обраќал на странските туристи.
На прашањето што во КонК*рсот е посочено да се достават документи со соодветно Образование,меѓу другото се доставени и сведителства од Основно,Средно и Факултет каде се учело и со одлично оценки се стекнало Познавање на Англиски јазик,одговорните одговриле тие БИЛЕ НЕВАЛИДНИ.
Од ова драги мои не само Англискиот туку и многу други предмети треба да бидат под РЕВИЗИЈА ЗАШТО ДА СЕ УЧАТ, и ве молам
Дискутираме што не чини како модел во нашето ОБРАЗОВАНИЕ,а не тоа дали на некој му се допаѓалао или така МИСЛЕЛ,дека некој предмет треба да им го ТРЕСНЕМЕ на децата или со тоа ќе се напикаат уште едн куп на полтрони.

Не е проблем, друже, што на форум ќе дискутираме јас, ти, овој, оној...
секој има свое мислење и тоа е нормално...
приказната е многу посложена, и затоа одлуките за промени треба да ги носат оние кои се стручни за областа...
не дилетатнти...
не аматери...
не залутани во образованието, од питај бога која причина...
не сеирџии...
како и за се' друго што си бара стручност...
во било која област...
а не вака, кој како му текне на К*рот...

то е исто ко баба Рада да ја прогласиш за најдобар доктор по медицина во државава...
и да и дадеш да прави реформи во здравството...
додуша...
некако така и сега му доаѓа...
правник мислам дека беше, им држи лекции на докторите како треба да оперираат...
а бе...
Алиса во земјата на изгрејсонцето...
Долнодупени...






Изменето од којсумјас - 19.Април.2015 во 15:15
Кон врв
Alekxandar Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 10.Јули.2012
Статус: Офлајн
Поени: 1029
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Alekxandar Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Април.2015 во 14:57
Па со нашето образование се случува чудо.
Докази има многу,а за пример ке земеме една наша пратеничка која иако не знае дека Македонската азбука брои 31 буква,веке за 3 години таа можи да добие титула магистер по филолошки науки во областа македонски јазик.
Тоа е возможно само во земја која има бирлјантен образовен систем.
Кон врв
Gorazd777 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 22.Октомври.2008
Локација: Евразија
Статус: Офлајн
Поени: 1584
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Gorazd777 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Април.2015 во 17:29
При еден нов конК*рс од пред некоја година за новотоворените музеи,во овој случај на жртвите на стариот систем,меѓу другото кандидатот ги исполнува сите услови за истиот,освен еден немање на соодвете сертификат по Англиски јазик.
Пти негово обрашаќње до таму надлежните истите му одговараат зошто е одбиен и дека треба да има некаков сертификат од петминутните школи што ги имало на секој чекор тие знеле дека кандидатот ќе имал познавање на Англискиот јазик(во овој случај)затоа што ќе им се обраќал на странските туристи.
На прашањето што во КонК*рсот е посочено да се достават документи со соодветно Образование,меѓу другото се доставени и сведителства од Основно,Средно и Факултет каде се учело и со одлично оценки се стекнало Познавање на Англиски јазик,одговорните одговриле тие БИЛЕ НЕВАЛИДНИ.
Од ова драги мои не само Англискиот туку и многу други предмети треба да бидат под РЕВИЗИЈА ЗАШТО ДА СЕ УЧАТ, и ве молам
Дискутираме што не чини како модел во нашето ОБРАЗОВАНИЕ,а не тоа дали на некој му се допаѓалао или така МИСЛЕЛ,дека некој предмет треба да им го ТРЕСНЕМЕ на децата или со тоа ќе се напикаат уште едн куп на полтрони.
ВОЈНАТА Е МИР
СЛОБОДАТА Е РОПСТВО
НЕЗНАЕЊЕТО Е СИЛА
ОД ЗЕЛКА ТОРТА И ОД СЕЉАК ГРАЃАНИН НЕ БИДУВА
Кон врв
којсумјас Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 22.Ноември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4543
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај којсумјас Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Април.2015 во 10:09
Кога се отвараа факултети во секоја месна заедница...
па сите средношколци , да не речам 100 % , се запишуваа и стануваа студенти...
главна теза беше дека со тоа ќе се даде можност на многумина кои немаат финансиски услови да студираат во Скопје, да со ги остварат сонот...
а уствари, меѓу другото, така се намалуваше бројката на невработени, која секоја година би се зголемувала со завршени средношколци...
реков меѓу другото, а тоа другото е повеќе политика и нема врска со образование, уште помалку пак со квалитетно образование..

е сега, таа армија на кадри со штанцани дипломи, повторно се враќа во невработени- а каде и би оделе-па се убедуваат дека треба да почнат од работа која нема врска со нивната диплома, па потоа да напредуваат понатаму, не е битно во која струка...
па така добиваме каша-попара на професии, знаења, незнаења, аматеризам и непрофесионалност...
калаК*рница...

и сега добивме штанцани дипломи...
добивме млади кадри кои во атмосфера на "аматерско - ниски" критериуми на оценување...
лесно се здобија со дипломи, кадри кои мислат дека многу знаат - а не знаат, а добар дел од нив имаат знаење помало од нивото на некогашните гимназии...
секоја чест на исклучоците - оние кои знаат дека не знаат, и уште поретките - оние кои навистина знаат...
во ситуација кога илјадници кои едвај некогаш завршиле основно, па потоа им дадоа средно...
сега добија и универзитетски дипломи...
добивме зидари, шнајдери, тишлери, бравари, возачи со академски титули...
и не е проблемот во тоа со која професија се занимавале...
туку како ги добиле дипломите...
и тоа што си важи она старото - полош од тој што не знае е оној кој мисли дека знае...
пун К*рац ги имаме такви денес...

Така во еден таков хаос на несредени и недефинирани вредности и категории на квалитет и неквалитет....
на академско образование кое ја изгубило основната поента на постоењето - знаење...
проблемот ќе бил решен со некаков си државен испит на факултетите и екстерно оценување во средните и основните училишта...
а бе...
страшно е кога тој што мисли дека знае, не е свесен за својата немоќ во неразбирање на суштината...

но да не останам недоречен, во принцип државните испити не се проблем, и онака веќе ги има на неколку факултети ( во тваков или онаков облик) ...
ништо повеќе од само еден испит со низата други...
но тој нема никаква врска, ама баш  никаква врска со зголемување на квалитетот на високото образование...

за екстерното оценување немам што да додадам...
секој кој бил во образование, а јас сум бил со дневникот во рака...
знае дека поголема глупост немало досега во "лабараторијата наречена образованиe"...
на деца им се наметнува ИСПИТ по факултетски терк...
па студентите со месеци пред испит знаат кој предмет и кога е на термин за полагање...
а децава треба да бидат спремни по сите предмети и во последен момент да им се каже кој од нив ќе го полагаат...
па и оцената им влијае на општиот успех...
а екстернното било за оценување и на знаењето на наставниците...?!!
и повторно...
така ќе се зголемел квалитетот на образованието...!!!!
аман бе, аман...

и се изнапишував некако, а не кажав за сегашниве средношколски протести...
децата имаат право да бараат што мислат дека треба да бараат...
но професионалната фела е таа која во ситуацијава треба да реши што и како...
проблем е што ја нема или пак нема право на глас...
ама тоа е веќе во она "другото"...

инаку сметам дека математиката треба да си остане како матурски предмет...
и мајчиниот јазик а би додал и англиски јазик...
иако тоа би требало добро да се разработи на кои нивоа би било за различни средни стручни училишта и гимназии...
има тука простор за муабет на професионалната фела која си ја сака работата...
и образовниот процес го сфаќа како мешавина од знаење, воспитување и градење на личноста на младите души...
некако верувам дека сеуште има такви во образованието...







Изменето од којсумјас - 18.Април.2015 во 10:12
Кон врв
Messenger Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор

Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet

Регистриран: 21.Април.2006
Статус: Офлајн
Поени: 18208
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Messenger Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Април.2015 во 02:23
И тоа е катастрофално! 

Доста е бегање од невработеноста со штанцање вискообучени кадри.

Иако, во македонскиве услови, оноа "високообучени" е многу сомнителна дефиниција…

И затоа, во овие услови сум за приемни и екстерни тестови. Иако тоа не е можеби идеален начин за проверка на знаењето на учениците и студентите, сепак претставува веќе одамна проверен и практициран начин кој дава добри резултати. Во спрега со тоа треба да се воведе и промена на школското и универзитетското испитување и полагање (само писмено, под шифри наместо имиња и прашањата да бидат арбитрарно компјутерски извлекувани пред самиот испит).

На тој начин ќе се маргинизира корупцијата со плаќањето школарина и полнењето на професорските џебови и оние деца кои не се кадри да се стекнат со академско образование ќе се преорентираат на стручности кои со години се дефицитарни и потребни во општеството.










Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
Кон врв
Ninja 35 Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 24.Февруари.2009
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 17840
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Ninja 35 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Април.2015 во 09:48
Јас сум за тоа што е можно повеќе да се дигне прагот на толеранција и да биде поригорозно а не порелаксирано, иако лично мислам дека тој што сака да научи и во овој систем на школување ќе научи.
Мене многу повеќе ми пречи создавањето на слаби кадри на факултетите и штанцање на дипломи по разни приватни високообразовни институции, како и малите факултети што се отворија во секое населено место....па така секој што има доволно пари, може да стане академски граѓанин за неполни 10000 евра...исто и магистер, доктор и што уште не....
Кон врв
Messenger Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор

Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet

Регистриран: 21.Април.2006
Статус: Офлајн
Поени: 18208
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Messenger Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Април.2015 во 02:45
Originally posted by fiks fiks напиша:

Целта на учењето е да знаеш што и како да побараш кога ќе ти треба, а ова ќе го можеш само ако нештото си го изучувал, во спротивно на било што ќе се пулиш како теле во шарена врата а ќе станеш академски граѓанин и интелектуалец

Токму така. 

Првата работа што ни беше кажано на факултетот беше:

Немојте да мислите дека доаѓате да научите и да запамтите с'е од вашата идна струка! Доаѓате да научите која книга да ја извадите од рафтот за да се потсетите како се решава проблемот на кој ќе наидете во вашата идна работа.

Уште повеќе, токму поради ова многу професори на испит дозволуваат студентите со себе да си донесат книги.













Изменето од Messenger - 17.Април.2015 во 02:47
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
Кон врв
Gorazd777 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 22.Октомври.2008
Локација: Евразија
Статус: Офлајн
Поени: 1584
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Gorazd777 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Април.2015 во 02:03
Originally posted by fiks fiks напиша:

А што има лошо во предмет иновации?
Како што гледам све не чини.
Не чини математика, па сега не чини иновации.

Добро, чини нешто во образованиевно и во државава според тебе Горазд?



ПОставуваш две прашања,едното ќе ти одговрам,за другото потребна е друга тема,за државата дали чини нешто?

Околу Образовниот систем имам пишуван во овој подфорум Образование,па во кратки црти,но пред тоа,се прашуваш што   фали во предметот Иновации и тука излегува ВАШАТА површност,на оние кои го бранат овј промашен образовен систем,ако не читаш претходно во образложението и ако не разбираш тоа е твој проблем,но ако го правиш тоа намерно,тогаш е поголем проблем на оние кои викаат УРаа,само за инает.
Во првите години кога се Имплементираше во Образовниот систем ДЕВЕТТОЛЕТКАТА,јас бев инволвиран во тие години и од тогаш се залагав дека целосно имаат промашување во работата,дека тоа што сакаат да го воведат не е ДЕВЕТТОЛЕТКА од ЗАПАДНИТЕ земји(како што милуваа да кажуваат),туку е само ПРОШИЕРН СТАРИОТ РУСКО- ФРАНЦУСКИ СИСТЕМ;СО ГОЛЕМИ ВЛИЈАНИЈА НА КОМУНИЗМОТ,а сега прошиерн со наводни западни влијанија и цело време кажував дека не се спремни да воведат таков систем,затоа што има премногу предмети,не се следи развојот на децата,туку паушално се трупа и се оптеретуваат децата,а згора на тоа ВОСПИТНИОТ процес воопшто не е застапен.
Имам прилика од блиски роднини да увидам кои завршуваат прва генерација деветтолетка,деја само предметите односно учебниците се преофрмулирани,па така во деветтолетка се користат ушебници од стариот систем на осмолетка,зошто затоа што нема способни кадри да направат учебник кој ќе биде онака како што е во западните земји.
Како пример би го земал и предметот Англиски,децата учат по учебници кои се користат во Англија(директно им ги носат)и се учи по нив во Средно училиште,тие самите тоа го откриле и кога и поставиле прашање на наставничката,таа не знаела што да одговри,им рекла дека така од горе наредуваат.
Примерите се многубројни,е сега
Децата завршуваат деветтолетка,па јас поставувам прашање како ќе биде понатаму во Средно,одговорот е едноставен исто си останува.
Сега тука правам мала дигресија и тебе ти поставувам прашање како на паметна персона,знаеш сигурно како е системот,на Запад,после доаѓа 10,11,за оние кои се со пракса или Колеџ систем (гимназиско)од 4 години,или оние кои продолжуваат на факултет.
Ете од тука гледаш дека сето тоа не е спроведено како што треба,а зашто ,пак ќе речам овие кои се на власт се НЕПИСМЕНИ,тие купиле диплома или им завршиле со ВРСКИ,така се и кецароши и не можат да го спроведат тоа во обраџзовниот систе,па и самите знаеме за програмата по Кембриџ,што направија прво лажеа дека е од Министерство на Британија,после излезе ипрале пари преку некоја фирма која правела помошни активности во образованието.
ЗНачи не е течко да се признае НЕСПОСОБНОСТА,да се активираат СПОСОБНИ кадри,за почеток (ХРВАТИТЕ ГИ ЗЕМАМ ЗА ПРИМЕР),нека земат онака како што е на Запад,нека го воведат,но ќе треба половина НОВО ПРИМЕНИ ПОЛТРОНИ од партијата на власт да ги отпуштат,затоа што толку предмети развојно не се потребни,па да ги намалт часовите,и секако да научат што е ОСНОВНО,а што е СРЕДНО ОБРАЗОВАНИЕ.
ВОЈНАТА Е МИР
СЛОБОДАТА Е РОПСТВО
НЕЗНАЕЊЕТО Е СИЛА
ОД ЗЕЛКА ТОРТА И ОД СЕЉАК ГРАЃАНИН НЕ БИДУВА
Кон врв
fiks Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПРАВДОЉУБЕЦ

Регистриран: 18.Април.2005
Локација: Македонија
Статус: Офлајн
Поени: 24000
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај fiks Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Април.2015 во 01:24
Не, не, ќе се заборави, еве сега додека пишувам си мислам за тоа и сигурен сум дека обичен извод да ми постави некој нема да го решам, ама!

Потребни ми се 10 минути да разгледам за тоа и да решам нешто 5 пати потешко од предходното...тоа е целта на учењето, да знаеш кај и како да побараш кога ќе се сретнеш со проблем.

Истото е и со хемија и физика кои ги учев цел живот од 7-мо одделение.....меѓутоа за разлика од математика  ми е многу полесно и се уште ми стои во глава, посебно хемијата, изучив 7 хемии само на факултет.

Целта на учењето е да знаеш што и како да побараш кога ќе ти треба, а ова ќе го можеш само ако нештото си го изучувал, во спротивно на било што ќе се пулиш како теле во шарена врата а ќе станеш академски граѓанин и интелектуалец, кој од математика ќе ја знае само таблицата за множење и делење, додуша и тие денес ги забораваат, да се живи и здрави калкулаторите за многу луѓе голема насмевка
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена,
само шлаг пена ќе бидеме и можеби
неколку жолти ракии.

Кон врв
Gabriela_S Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 22.Февруари.2008
Локација: On the stone
Статус: Офлајн
Поени: 21943
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Gabriela_S Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Април.2015 во 00:43
Originally posted by fiks fiks напиша:


Јас сум учел на факултет четири математики, сум ги положил нормално, во најголем дел се тоа се заборавило,


Ја цитирав само оваа реченица оти ми падна во очи.
Демек ако полагаше екстерно во основно и средно, па матура и државен испит како студент
немаше да се заборави?
Никогаш немој да се каеш за нештото што си го направил, ако во тој момент си бил среќен
Кон врв
fiks Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПРАВДОЉУБЕЦ

Регистриран: 18.Април.2005
Локација: Македонија
Статус: Офлајн
Поени: 24000
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај fiks Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Април.2015 во 00:17
Абе не е проблемот во неполагање математика Еванџелин.
За година две на идните матуранти ќе им текне да не полагаат ништо и на крај ќе се заврши со испит од типот на како да аплодираш слика на фејсбук, како се пребарува на гугл, кој се најдобри порно страни на светот и слично.
Ова е проблемот според мене.

Има решение за ова и треба факултетите да си побараат да секој кој немал минимум оценка просечна од средно по математика пример 3,5 и не полагал математика за матура да не може да се запише на факултет од типот на електро, машински, технолошки, градежен, шумарски,  земјоделски, економски и слично.

Се слагам јас дека на правник не му треба математика, ама основа мора да имаш бе. Јас сум учел на факултет четири математики, сум ги положил нормално, во најголем дел се тоа се заборавило, ама ако сега нешто ми потреба со мало пребарување што и како е одма си се враќа наученото, тоа е целта на математиката и на повеќето предмети, ко ќе ти затреба да знаеш кај да го побараш при работа и проблеми, ретко кој може веднаш  и средно - тежок математички проблем да го реши после завршување на образование, се заборава, ама па знаеш како да го најдеш тоа што ти треба.

Денес математиката дојде да се напушта од матура, за 10 години ќе им текне дека не сакаат хемија да учат а се запишале во гимназија и после што прајме?????
Најарно да исфрлиме математика, хемија и физика....не ни требаат, тешки се и ќе си учиме физичко, музичко и ликовно со по 4-6 часа неделно, биологија, историја и географија со по 2-3 часа како рекреација ќе ни бидат а информатика ќе ја сведеме на часови 4-6 во неделата, ама ќе учиме како се користи фејсбук, како да пишам твит на твитер и да ставам слика на инстаграм со газот натртен, а машките плус ќе имаат К*рсеви за Call of Duty и како да се приклучиш на сервер за мулти плеер играње.....смешно е ова ве молам

Дегени ќе излегуваат генерациите идни, а ние сведоци ќе бидиме на тоа, верувајте ми.
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена,
само шлаг пена ќе бидеме и можеби
неколку жолти ракии.

Кон врв
evangeline Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 22.Август.2011
Локација: Naxos
Статус: Офлајн
Поени: 6758
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај evangeline Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Април.2015 во 23:57
Тука мене ме копка една друга работа..
Да речеме полагаат матматика..
Прво и основно, дали господата од министерството знаат дека во Македонија не сите училишта учат од исти учебници, па колку и да ме убедуваат во спротивното? Секое школо си фаворизира свои професори, поради тираж..
Во тие различни учебници има и различни работи..
Не може да биде ист тестот по математика за тие што учеле две години и за тие што учеле четири години. Ама ова е државна матура и ќе биде ист..
Зошто на молерофарбач му треба реално математика? На шминкер? На слаткар?

Јас сум за полагање завршен испит со мајчин јазик и испит микс од сите предмети што ги учеле до сега, по некои си 10 прашања..
Кој сака да оди на факултет, нека полага приемен испит, математика, физика, хемија, што-и-да-е. Нешто налик на SAT, ACT, GRE, GMAT. Тие што ги полагале веројатно имаат претстава за што мислам..
Зошто бре да го тераш со сила да учи тој што не сака?! Само за да помине? Па да го спуштаат критериумот на ненормално ниско ниво затоа што некои деца требало да поминат државна матура?! Па нека не поминат де, не е крај на свет. Не учеле, не поминале. Доста им е средно без завршен испит..
Внимавај кому му веруваш.
И ѓаволот еднаш беше ангел.


Being RICH
is not about how much you have,
BUT about how much you GIVE

Кон врв
fiks Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПРАВДОЉУБЕЦ

Регистриран: 18.Април.2005
Локација: Македонија
Статус: Офлајн
Поени: 24000
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај fiks Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Април.2015 во 23:35
А што има лошо во предмет иновации?
Како што гледам све не чини.
Не чини математика, па сега не чини иновации.

Добро, чини нешто во образованиевно и во државава според тебе Горазд?
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена,
само шлаг пена ќе бидеме и можеби
неколку жолти ракии.

Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <12345 28>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,172 секунди.