|
Тодор Александров и Ванчо Михајлов |
Внеси реплика | страница <12345 22> |
Автор | ||
mungos80
Модератор АНАРХИСТ Регистриран: 21.Октомври.2009 Статус: Офлајн Поени: 4330 |
Испратена: 23.Декември.2009 во 18:39 | |
За веродостојноста на некој настан неможи да се тргни од само едно гледиште. На првиот собир 23 ноеври 1893 година сите учесници освен Татарчев велат дека не потпишале никаов документ и дека на тој ден само се договориле следниот пат да се напиши устав и правилник.Кој подоцна е изработен од Петар поп Арсов.А со последниот конгрес во Рилскиот Манастир и подоцна случувањата со младотурската револуција ВМОРО претставува да постои,Сандански и серчаните формираат партија ФНП и започнува легална борба за македонската борба. А Вмро на Т.А. и В.М. е партија на бугаркиот двор. Тамошна партија за Македонците била илинденската организација која от почетокот имала Македонски карактер а подоцна со смена на цленовите станала пробугарска. И партијата која останала Македонска а тоа е ВМРО(обединета) |
||
чоли
Сениор Регистриран: 15.Ноември.2008 Статус: Офлајн Поени: 2973 |
Испратена: 23.Декември.2009 во 17:52 | |
ВМРО-ДПМНЕ и ВМРО-БНД и сите други клонинги да ги оставим настрана - тие немат право да се кичат со туги пера. Вопросот е около преходот ВМОРО-ВМРО. Не сум намерил во нетот плниот текст на уставните документи (устав и правилник) приети на Кустендилскиот конгрес. Има ги издадено во книжно тело со автор Пандев ако не се лажам. Сепак по отделни следи може да се установи част од истинската состоjба на работите. Можем да го видим во преписката мегу Хр. Татарчев и Т. Александров: http://www.promacedonia.org/ht/ht_p30.htm и по точно т. 9 и заб 28. Тамо си цитират разни членове од правилникот на ВМОРО (112 и 121) Сшто во писмото на Татарчев: http://www.promacedonia.org/ht/ht_2.htm са цитирани истите членови од правилникот: 121 и 112, и во забелешка е осветлено: . Во преработени и проширено правила на ВМОРО на Кюстендилския општ конгрес чл. 121 гласи: "Замената на вистински член со дополнителен станува по дефиниција на окружните управувачи. За таа цел последните испраќаат преку централната канцеларија на другите членови на Комитетот за една билетина со името на кандидатот (или кандидатите), донесена меѓу останатите членови, и добија (или новите) најмногу гласови се прогласува за избран. Заб.: Овој член е во сила и во случај дека дополнителните членови се изчерпват ". А чл. 112 гласи:" Во духот на организационите регулативи Централниот комитет може да издава специјални инструкции и окружни за сите назрели и задолжително иновации со задължителност за целата организација до општиот конгрес. Ако сепак, половина од окръзите искажат своето неодобрение, Централниот комитет е должен да ги поништи. Видете. Устав и правилник на Внатрешната м.-о.р. организација (изработен од општата конгрес во 1908 година Препечатан на 1923 година), с.30-31 ,32-33. --- Вероватно по тие процедури е отпаднал Петар Ацев. (се пак тоj e бил резервен член на ЦК на ВМОРО - може би не му е дошло времето да стане редовен член, а може и да се е откажал) |
||
Boogie
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Модератор Слобода или Смрт Регистриран: 26.Октомври.2005 Статус: Офлајн Поени: 10652 |
Испратена: 23.Декември.2009 во 17:39 | |
Многу е наивно ова твое гледање кон ВМРО - или си детенце кое не раэбира ништо од револуционерна борба или неэнаеш што эначи кратенката ВМРО - еве едно просто прашање - што има револуционерно во Михајловистичкото ВМРО?
|
||
eptendosadno
Сениор Регистриран: 07.Декември.2009 Статус: Офлајн Поени: 1185 |
Испратена: 23.Декември.2009 во 17:22 | |
Наивно , многу наивно . Јас треба да докажам дека немало контиунитет ? Па нема документ во кој не е разрешен Петар Ацев од раководната функција во ВМОРО ( ти немаш документ дека истиот е разрешен со мнозинство гласови или со дектер ) , такво нешто е невозможно да се докаже. Може ти да докажеш дека раководството на ВМОРО е разрешено на тој и тој конгрес , дека исто така делегатите се сменети на тој и тој конгрес , таа и таа година , по предлог на ... и.т.н. па аналогно на тоа новите делегати избрале нов лидер и го смениле името на Оорганизацијата со мнозинство гласови . Јас можам да докажам само тоа што може да се докаже , а не тоа што неможе . Да , јас исто така тврдам дека ВМРО на Каракачанов е нова организација , без разлика какава одлука донеле бугарските власти во однос на имотот на ВМРО на Михајлов . Одлуката на бугарската влада ја сметам за политичка а не за правна . Изменето од eptendosadno - 23.Декември.2009 во 17:27 |
||
Дали говорот во Пиринска обогатен со бугаризми е македонски дијалект ?
|
||
mungos80
Модератор АНАРХИСТ Регистриран: 21.Октомври.2009 Статус: Офлајн Поени: 4330 |
Испратена: 23.Декември.2009 во 16:47 | |
Не со филозофија туку со доказ да ми кажиш дека овие имале некакво право над историското ВМОРО или МРО |
||
чоли
Сениор Регистриран: 15.Ноември.2008 Статус: Офлајн Поени: 2973 |
Испратена: 23.Декември.2009 во 14:53 | |
Се пак jас верувам на документите ... верата е религиозен термин. А сите документи со кои сум запознат укажуваат на поврзаност помеѓу ВМОРО и ВМРО. Се надевам и ти со документи да ја поткрепиш твојата теза си дека ВМОРО било растурено (коjа година?) а ВМРО е чисто нова организациjа основана да речеме 1919 г. Вистина е дека помеѓу петтиот (Кустендилски) (1908 г.)и шестиот (во Србиново) конгрес (1925 г.) има голема пауза но затоа си имало причини... Дали може да се тврди дека во променетата дејствителност во врска со почетокот на младотурската револуциjа во 1908 г. постоењето на ВМОРО било прекратено кога на негово место се раѓаат БКК (Бугарските конституциони клубови) и НФП (Народно-федеративната партиjа)? Изменето од Македон - 23.Декември.2009 во 15:02 |
||
Мунгос - цензорот на Мисирков
|
||
eptendosadno
Сениор Регистриран: 07.Декември.2009 Статус: Офлајн Поени: 1185 |
Испратена: 23.Декември.2009 во 13:12 | |
Не сум согласен со ставот што ВМРО е било само Тодор Александров и Ванчо Михаjлов и ништо друго.
Секако , имаш право да мислиш дека одлуките на ВМРО се плод на демократска полемика помегу раководството на таа организација , дека В. Михајлов не бил опкужен само со платени убици , терористи , дворски шпиуни , мучкароши од “ воената лига “ , воени профитери , криумчари на дрга , проституцја , собирачи на данок ( рекетари ) ... туку дека негови пријатели и следбеници биле некои пратеници од бугарското собрание , некои интелектуалци кои имале свој став за тоа кој и како да се убие , да се киднапира, да се измачува по разни паразатвори и логор во Пиринска , дали и како да се соберат средства и да се купуваат згради низ Бугарија , посебно во Софија , и заедничкиот став на таа демократска организација за целисходноста на таквите активности на една револуционерна организација која во својата програма запишала “ Обединета и независна Македонија “ . И на крај , доколку таа организација не била В. Михајлов лично , зашто истата се растурила штом дотичниот бил протеран од Бугарија , зашто не битисувала со свои илегални конгреси , состаноци , весници , ..... , јавно дадени изјави на членови од истата ? Затоа што со одстранувањето на В. Михајлов од Бугарија , затоа што му се ускратени сите врски со бугарската “ воена лига “ и затоа што веќе не добивал заштита од Бугарија , истиот избегал и се криел , не од Бугарија и бугарските власти , туку од Македонците , искрените и доследни промотори на идејата “ Обединета и независна Македонија “ . |
||
Дали говорот во Пиринска обогатен со бугаризми е македонски дијалект ?
|
||
чоли
Сениор Регистриран: 15.Ноември.2008 Статус: Офлајн Поени: 2973 |
Испратена: 23.Декември.2009 во 07:46 | |
Има много истина...Ако говорим со проценти - 90 % е верно. Не сум согласен со ставот што ВМРО е било само Тодор Александров и Ванчо Михаjлов и ништо друго. За приемственоста помегу ВМОРО и ВМРО ке отговорам во друг пост. За деjноста на ВМРО има една много професионално написана книга од Димитар Тjулеков: ВМРО ВО ПИРИНСКО 1919-1934(на бугарски) Препорачвам на секи коj го интересира темата да прочете таа книга. Един извадок от книгава: ...На 17 јули 1927 година народните претставници во "приватно седница", се обособjaват во посебна парламентарна група со претседател д-р Ив Каранджулов и секретар Ан. Узунов, запасен член на ЗП на ВМРО. На 19 јуни 1927 година е отворена првата редовна седница на ХХII ОНС, а вечерта во домот Ан. Љaпчев (бугарскиот премиер министер - родум од Ресен) се интересира за позицијата на македонските пратеници при изборот на парламентарното биро. Михајлов сепак, сеуште не е одреден за тоа. [11] Со тоа се изчерпва разговорот за македонското депутатство. Јасно е дека новиот колоритен феномен во отечествениот политички живот е конечно прифатено од бугарскиот премиер. Пратениците на 24 јуни 1927 година официјално објавијаат за раѓањето на новата група. На 1 јули 1927 година Г. Кулишев искористи правото на учество во разискваниjата по одговорот на тронното слово на царот, за да мотивира појавата на новата парламентарна група. Уредникот на весникот "Македонија" изјавува: "Ние не сочинуваат посебна партија, а сме само посебна парламентарна група. Ние, народните претставници од Петричко округ, сме дошле тука со љубов кон Бугарија, со искрена и длабока приврзаност кон бугарскиот народ и неговата слободна држава - да соработуваме не на посебна партија против друга партија. Пратениците се повикани да бидат "носители на едни по специјални интереси". Нивното присуство во Народното собрание "е живо доказ дека македонскиот прашање продолжува да биде и денес отворена, широко отворена рана". Длабока причина за загриженост и размирие на Балканот е во жестокото третман на поробена бугарски населението, особено под грчка и српска власт. Пиринските пратеници имаат мисијата "да изнесат" националните тежнения не само на населението од Македонија, но и на Бугарите во Добруџа и Тракија. [12] Петричко пратеници уште од првата редовна седница на ХХII ОНС инсистираат во одговорот на троното слово "да се акцентува на чувствителни малцинските прашања. Од името на целата група Г. Кулишев вели дека Бугарија има "нравствено и политичко право да подигне глас за имаат неповолна положба и мачени Бугари надвор од нејзините граници". [13] Целата група е подготвена до фанатизам да се бранат "етничките права на бугарските малцинства". [14] Министерот за надворешни работи Атанас Буров смета дека најдобро е политиката, решавачка фази спорните прашања, како што се бара од сите пратеници да кредитите со доверба на владата и да имаат "вера во општеството на народите". Единадесете пратеници, обладани од родолубив дух, не се согласуваат со владината целесообразност и состават друг проект за одговор на троното слово. [15] Владејачкото мнозинство не прифати предлогот на македонската парламентарна група... Македонската парламентарна група – легално проjaвление на ВМРО вo Третото бугарско царство |
||
mungos80
Модератор АНАРХИСТ Регистриран: 21.Октомври.2009 Статус: Офлајн Поени: 4330 |
Испратена: 22.Декември.2009 во 23:56 | |
Која е оваа книга |
||
eptendosadno
Сениор Регистриран: 07.Декември.2009 Статус: Офлајн Поени: 1185 |
Испратена: 22.Декември.2009 во 22:51 | |
Јас сум на мислење дека теми ВМРО и Т. Александров , В. Михајлов како оделни теми не е издржано , не е во ред . Они двајца се ВМРО , никој повеќе . Истите од Бугарите не се слават за нивната борбата - “ Независна Македонија “ , поточно , затоашто се барјакари на македонското национално движење туку се регистрираат и дефинираат како борци за : “ Слобода на Бугарите од србското робство “ “ Борци за бугарштоината во Македонија “ и.т.н. Значи , бугарската верзија им ги има дефинира непријателите , противниците , целите на нивната борба , активности , дополнето и декорирано со поимите Цвијич , Новакович , Белич .... Прелич , како причини за нивното револуционерно активирање и делување . Има ли барем малку вистина во сето тоа , а ? Јас мислам и дека има малку вистина , и дека декларирањето како “ етничк Македонец “ ( веднаш тука се калемат Чвијич , Новакович , Коминтерната .... ) во Пиринска било равно на самоубиство , па од таму и мојата изјава дека “ етносот Македонци “ во Македониа пред втората светска војна е малцинство во Македонија . Изменето од eptendosadno - 22.Декември.2009 во 22:53 |
||
Дали говорот во Пиринска обогатен со бугаризми е македонски дијалект ?
|
||
Boogie
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Модератор Слобода или Смрт Регистриран: 26.Октомври.2005 Статус: Офлајн Поени: 10652 |
Испратена: 22.Декември.2009 во 21:59 | |
Која идеологија на ВМРО - михајлов спроведувал Бугарска политика а не политика на ВМРО
|
||
чоли
Сениор Регистриран: 15.Ноември.2008 Статус: Офлајн Поени: 2973 |
Испратена: 22.Декември.2009 во 20:21 | |
Ма , и ова е битно , затоа што има македонски и бугарски историчари што тврдат дека Ванчо Михајлов - ВМРО убивал луѓе и само затоа што се изјаснувале како Македонци . А бугарите во посткомунистичка Бугарија го слават затоа што убиените биле , според нив , комунисти, социјалисти , србски шпиуни , само и само затоа што се изјасниле како Македонци , етнички Македонци .
Бива... ама по добро да е отделна тема за дискусиjа.. .инаку ке пропадне... Ванчето е давал заповеди за убиване поради совсем различни работи (како измена на македонската кауза, според официалната идеологиjа на ВМРО) А односно оценката на делото на Ванче во посткомунистическа Бугариjа - и тоа е материал за друга отделна тема |
||
eptendosadno
Сениор Регистриран: 07.Декември.2009 Статус: Офлајн Поени: 1185 |
Испратена: 22.Декември.2009 во 20:07 | |
И ова е битно , затоа што има македонски и бугарски историчари што тврдат дека Ванчо Михајлов - ВМРО убивал луѓе и само затоа што се изјаснувале како Македонци .
А бугарите во посткомунистичка Бугарија го слават затоа што убиените биле , според нив , комунисти, социјалисти , србски шпиуни , само и само затоа што се изјасниле како Македонци , етнички Македонци . Изменето од Македон - 22.Декември.2009 во 21:03 |
||
Дали говорот во Пиринска обогатен со бугаризми е македонски дијалект ?
|
||
eptendosadno
Сениор Регистриран: 07.Декември.2009 Статус: Офлајн Поени: 1185 |
Испратена: 22.Декември.2009 во 15:05 | |
Резултати 1 - 10 од околу 2,910 за “македонските славјани“. (0.23 секунди) Резултати 1 - 10 од околу 146,000 за македонските славјани. (0.07 секунди) Изменето од Македон - 22.Декември.2009 во 21:02 |
||
Дали говорот во Пиринска обогатен со бугаризми е македонски дијалект ?
|
||
Внеси реплика | страница <12345 22> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |