![]() |
|
Крвта на Исус |
Внеси реплика ![]() |
страница <123 |
Автор | |
аџија ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 25.Октомври.2006 Статус: Офлајн Поени: 5474 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Вообичаено кога се зборува за тн. писмо на Исус, се мисли на писмото што наводно го добил царот на Едеса од Исуса. Постои верзија на таа кореспонденција запишана од црковниот историчар Евзебиј, во 4 век, меѓутоа според сите стручни анализи се работи за псевдо-писание (т.е. припишување на друг автор) бидејќи во него има цитати од книга (диатесаронот) што е напишана преку 100 години после Христос, што нели е невозможно да ги напишал Исус 100 години пред да излезе таа книга. Околу промените на светите списи мислам треба да се знае прво што се прашува. Новиот завет е пишуван во период од 2 децении па до еден век, по смртта и воскресението на Исус Христос. Што значи, Исус самиот со сигурност не напишал ниту еден збор од Новиот завет, туку други пишувале што тој кажувал и правел. Второ, доколку постоеле некои „претходни“ евангелија, тие се уште не се пронајдени. Најраните вон-Библиски списи кои се однесуваат на темава, се всушност многу понови од Библиските списи. Односно, кога Библиските списи станале популарни, почнале да се јавуваат разно разни литературни „мршојадци“ што користејќи го насловот „евангелие“ „послание“ итн., сакале да промовираат или заработат. Сите тие потекнуваат најарно од вториот век, па понатаму. Се на се, шансите да постојат вистински записи од самиот Исус, јас ги карактеризирам како мизерно мали. Особено додавајќи кон ова, дека се до Евзебиј (4 век) немаме ниту шпекулација дека такви списи постоеле. |
|
![]() |
|
Boogie ![]() Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Модератор ![]() ![]() Слобода или Смрт Регистриран: 26.Октомври.2005 Статус: Офлајн Поени: 10652 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Знаев дека ова ке те заинтригира Аџија и мене ме заинтересира затоа и имам едно прашање.
Во Болоњскиот псалтир има делови кои се цитирани од таканаречено Христово писмо,тие цитати воопшто не постојат во Библијата - дали е можно да постоело прво некое друго издание на светата книга која подоцна е преправено и извадени да бидат најдолго бараните пишани страници на Исус? |
|
![]() |
|
аџија ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 25.Октомври.2006 Статус: Офлајн Поени: 5474 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Со сета должна почит, ова може да пројде само во некој роман на Ден Браун.
ПРво и основно, ИСХС НИКА не го измислија кај Равне. Истиот анаграм (а не криптограм) е во улога низ вековите уште од самиот почеток на ширењето на Христијанството надвор од Палестина. Нема никакви добри причини да се верува дека и овде се работи за нешто поинакво од добро познатата „Христос Победник“ симболика (победник над гревот и смртта со своето воскресение се разбира). Уште позбркана е самата анализа на поврзаноста на Давид. Давид воопшто не е узурпатор на Јудејскиот трон, тој во Библијата е всушност опишан како ДИРКЕТНИОТ Божји избраник за таа титула. Вистина, тој доаѓа како прв од една династија, заменувајќи ја династијата Саулова (Шаул), но при тоа ги истребува сите припадници на таа династија. Стравовите и борбите со непријателите опишани во Давидовите псалми, се случуваат во два периода: првиот период, додека како Помазаник Божји, се уште не може да се „докопа“ до тронот, заради Саула, и (2) вториот кога неговите синови Авсалом и Aдонија се обидоа да извршат државен удар, и делумно успеаа, се додека Давид не се врати назад на тронот, и се до својата смрт го чуваше за Соломон. Поврзаноста на Давид со било каков си Адам и со било каква друга династија е едноставно непостоечка. Давидовото царство било едно од најсилните и најмоќните периоди на Еверјската држава, така што тој и немал вистински соперници, освен оние од внатре во палатата. И конечно, не ја одземам можноста за некого НИКА да значи и тоа што ти го тврдиш. Всушност и самата Библија го нарекува Христа „Вториот Адам“ или „последниот Адам“. Но секогаш референцата е се разбира во теолошка смисла, реферирајќи на првиот грев. Мислам овој директен цитат ќе ви појасни многу: „Како што смртта дојде на овој свет преку еден човек, Адам, така преку еден човек дојде и воскресението на мртвите, имено, преку Христос.“ Само во оваа, и во никоја друга смисла Христос е искупител на крвта Адамова. И уште нешто, името Адам значи човек. Така да се когаш кога се зборува за потомците Адамови, се зборува за човештвото. И во таа смисла Христос е искупител на крвта човечка. |
|
![]() |
|
Boogie ![]() Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Модератор ![]() ![]() Слобода или Смрт Регистриран: 26.Октомври.2005 Статус: Офлајн Поени: 10652 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
3А КРВНАТА ОДМА3ДА ВРЗ ИСУС Анализирајќи огромен број книги, записи, фрески и икони поврзани со Охрид Oxpидcкoтo езеро, упорниот истражувач Милош Линдро открил шокантен податок во криптограмот на првата страница на Болоњскиот псати Изменето од Boogie - 08.Јануари.2008 во 00:21 |
|
![]() |
Внеси реплика ![]() |
страница <123 |
Tweet
|
Скок до | Овластувања ![]() Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |