|
ФРАГМЕНТИ ОД ЕДНА УБАВА КНИГА |
Внеси реплика | страница <12345 7> |
Автор | |
temimi
Сениор Регистриран: 01.Јуни.2007 Локација: Saudi Arabia Статус: Офлајн Поени: 325 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Понекогаш муслиманот не е мумин (верник), слично на оној кој му пристапува на некое здружение, па присуствува на неговите состаноци, плаќа членарина и ги извршува должностите на еден член, но не ги прифаќа неговите основи ниту пак е сигурен во нивната исправност. Тој му пристапува на тоа здружение само за да го шпионира или за да му наштети. Тој е мунафик (лицемер), кој со јазик го искажува шехадетот и привидно ги извршува верските должности.[1] Меѓутоа, тој всушност не е верник, ниту пак е спасен кај Бога, иако од луѓето е вбројуван меѓу муслиманите, затоа што луѓето судат според надворешноста, а единствено Бог ги познава тајните и она што е во срцата на луѓето. Значи, кога човек ќе ги прифати идејните основи на исламот, а тие се: апсолутно верување во Бога не припишувајќи Му здруженик ниту посредник, верување во ангелите, пратениците, книгите објавите, Судниот ден, Божјето одредение (кадер) и изговарањето на шехадетот, кој цврсто верува во тоа, а потоа ги извршува пропишаните молитви - фарзови[2], пости во месецот Рамазан, дава зеќат на иметокот ако е обврзан, ако е во можност ќе го изврши аџилакот еднаш во животот, се воздржува од забранетите дела кои се едногласно забранети - се смета за муслиман - мумин[3]. Меѓутоа, плодот на верувањето не се приметува на човекот, ниту се чувствува неговата сласт, ниту пак тој се смета за потполн муслиман, сè додека во својот живот не ги следи и практикува петте исламски принципи, столбови и должности. Божјиот пратеник накратко, во една реченица, мудра изрека, која се смета за една од најсуштинските и најјасните изреки, ја изложи програмата на тој пат; во реченицата која содржи во себе секое добро, од овој и од идниот свет. Смислата на таа реченица е дека верникот, за време на работата и одморот, кога е сам и кога е во друштво, кога е сериозен и кога се шегува, во секоја ситуација во која ќе се најде, се потсетува дека Бог е известен за него и дека го гледа. Така, присетувајќи се дека Тој го гледа, не прави грев кон Него, не се плаши и не паѓа во очај, знаејќи дека Тој е со него. Не чувствува осаменост повикувајќи Го Него, ниту пак за некого чувствува потреба, освен од Него, барајќи и молејќи Го. Па ако изврши грев или згреши, а во неговата природа е да греши, па Му се обрати и се покае, тогаш Бог ќе му прости. Сето тоа е земено од дефиницијата за добротворството (ихсан) од Пратеникот: „Обожувај Го Бога како да Го гледаш, затоа што иако ти Него не Го гледаш, Он тебе, навистина, те гледа!“ Ова во кратки црти е, исламската вера. Следи поисцрпно излагање за неа: за верувањето во овој дел, а за исламот и добротворството, во следните делови, ако даде Бог! [1] Лицемерство (нифак) е: јавно изјавување на верувањето, а прикривање на неверувањето. Во тоа не влегуваат зборовите на Пратеникот, нека е Божјиот мир над него: „Три се знаците на мунафикот ... итн.“, така што оној кој ќе изневери, излаже или не ја исполни работата која му е доверена – еманетот, не се смета за неверник само заради тоа. Тоа е ... лицемерство, а не вистинско, т.е. лицемерство во верувањето кое го споменавме (заб. од авторот). [2] Фарз – Должност пропишана во исламот која мора секој муслиман да ја изврши (заб. на прев.). [3] Мумин – верник (заб. на прев.). |
|
Mozes da mi gi izvrtuvas zborovite, no ne i religijata!
|
|
temimi
Сениор Регистриран: 01.Јуни.2007 Локација: Saudi Arabia Статус: Офлајн Поени: 325 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Во верските должности исто така спаѓа и воздржување од одредени дела, за кои сите паметни луѓе на светот кажуваат дека се штетни и дека воздржувањето од нив е должност, како што се: бесправно убивање, напаѓање на луѓето, сите видови на насилство, алкохолни пијалоци од кои се губи разумот, блудот кој ја уништува честа, здравјето и мешањето на сродствата, каматата и лихварството, лагата, мамењето, предавството, бегањето од воена служба со која се сака воздигнување на Божјата вера, непослушност кон родителите, кривоклетство, лажно сведочење и друго што е слично на овие грди и штетни дела, чија грдотија ја чувствува секој разум. Ако муслиманот занемари извршување на некои од должностите, или пак направи нешто од она што е забрането, а потоа се обрати кон Бога и се покае, барајќи прошка од Бога, Тој навистина ќе му прости. А, ако не се покае и не се обрати кон Него, останува и понатаму муслиман и се вбројува во муслиманите, но се смета за грешник и заслужува казна на идниот свет - ахиретот, со таа разлика што неговата казна е привремена, а не вечна, како казната на неверниците. Но, ако негира некои од основите, принципите на верувањето, или се посомнева во нив, или одбие должност или забрана востановена со иџма,[1] или негира макар и еден збор од к*ранот, излегува од верата, се смета за отпадник и му се одзема исламското државјанство. Отпадништвото од верата е најголемиот грев во исламот, од ист степен како и предавството на државата во современите закони, а казната за оној што нема да се покае е смрт. Муслиманот, понекогаш, пропушта некоја должност, или извршува нешто од она што е забрането, признавајќи ја должноста и забраната, па останува и понатаму да биде муслиман, со тоа што станува грешник. Што се однесува, пак, до верувањето - иманот, тоа е неделиво. Кога, на пример, би верувал во 99 % од верските принципи, а би негирал еден од нив, би се сметал за неверник. |
|
Mozes da mi gi izvrtuvas zborovite, no ne i religijata!
|
|
temimi
Сениор Регистриран: 01.Јуни.2007 Локација: Saudi Arabia Статус: Офлајн Поени: 325 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Трета обврска е зеќатот.[1] Ако после задоволувањето на личните потреби и потребите на семејството се појави како вишок одредено количество на иметок, за кое муслиманот во текот на годината немал потреба, должен е од тој иметок, после истекувањето на година дена, да издвои два и пол проценти (2,5 %) и да ги раздели на сиромашните и бедните. За муслиманите тоа давање не е никаков терет, а е од голема корист за оние на кои што тоа им е потребно. Тоа е цвид подлога на меѓусебното помагање и лек за болеста на сиромаштијата, една од најтешките болести. Четврта обврска: исламот во својата заедници ги регулира и семејните собири: - Собирот на маала се одржува пет пати дневно, како часовите во училиштето. Тоа е џематското (заедничкото)[2] извршување на молитвата, во кое секој член ја зацврстува својата покорност кон Бога, состанувајќи се пред Него. Плодовите на овој собир се моќните да ги помагаат послабите, учените да ги подучуваат неуките, богатите да ги помагаат сиромашните. Просечното траење на овој состанок изнесува петнаесет минути, така да не му смета на работникот во работата, ниту на трговецот во трговијата. Ако муслиманот не присуствува на состанокот, не бива казнет за изостанувањето, но нема ниту награда заради учеството во него. - Собир на ниво на заседание на градските квартови, кој се извршува еднаш неделно, е џума-намазот[3]. Временски трае помалку од еден час, а присуството е задолжително за сите мажи. - Собир на ниво на градско заседание, кој се одржува еднаш годишно, а тоа е Бајрам-намазот.[4] Присуството на него е задолжително, а временски трае помалку од еден час. - Собир на ниво на општо-муслимански конгрес, кој се одржува секоја година на одредено место: насочувајќи го дејствителниот и идејниот циклус, муслиманот е задолжен да присуствува еднаш во животот, ако е во можност - а тоа е хаџот (аџилакот)[5]. Тоа се основните верски обврски кои се задолжителни за муслиманите. [1] Зеќат – Определен, фиксиран дел од богатсвото и од секаков имот обврзан со зеќат на еден муслиман, кој што го надминува нисабот (определената вредносна граница) и одредениот временски период хаул (лунарна година) кој што се дава за сиромашните во муслиманската заедница. Плаќањето на зеќатот е задолжително бидејќи тој е еден од столбовите на исламот. Зеќатот е главно економско средство за воспоставување социјална правда и го води муслиманското општество кон напредок и сигурност (заб. на прев.). [2] Џемат – Заедница на муслимани, збир на муслимани (заб. на прев.). [3] Џума-намаз – Заедничка молитва која сите муслимани, во петок на пладне, ја извршуваат во џамииите (заб. на прев.). [4] Бајрам-намаз – Молитва која заеднички ја извршуваат муслиманите во денот на празниците Рамазан-Бајрам и к*рбан-Бајрам (заб. на прев.). [5] Хаџ – Аџилак, посетување на Светиот храм Ќаба во Мека, извршувајќи одредени верски обреди, и посетување на Медина (заб. на прев.). |
|
Mozes da mi gi izvrtuvas zborovite, no ne i religijata!
|
|
temimi
Сениор Регистриран: 01.Јуни.2007 Локација: Saudi Arabia Статус: Офлајн Поени: 325 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Кога ќе ги изговори тие зборови станува муслиман, т.е.: вистински жител на исламската држава, во која ги ужива сите права кои ги ужива муслиманот и прифаќа да ги извршува сите должности со кои исламот го задолжува. Овие обврски, т.е., верски должности се малубројни, лесни, и во нив нема никакви мачнини, ниту големи потешкотии. Првата од нив е в зори да клања два реката[1] сабах-намаз[2], тивко повикувајќи Го својот Господар, молејќи Го за секое добро и барајќи заштита од казната. Пред тоа зема абдест,[3] т.е., мие одредени делови на телото или ако е џунуб (нечист),[4] се капе. Клања во средината на денот четири рекати пладне-намаз,[5] малку подоцна уште четири рекати икиндија-намаз[6], а после заоѓањето на Сонцето три рекати акшам-намаз[7] и на почетокот на ноќта четири рекати јација-намаз.[8] Ова се петте пропишани молитви. Нивното извршување трае околу половина час. За нивното извршување не е определено ниту место ниту определена личност (верски човек) без кои тие не би биле исправни. Во нив, како и во сите други верски должности, Богоугодни дела и обожувања, нема посредник помеѓу муслиманот и неговиот Господар. Втората обврска на муслиманот се однесува на определениот месец во годината, Рамазан, [9] во кој муслиманот го поместува појадокот, па го извршува на крајот на ноќта - наместо на почетокот на денот, а го одлага ручекот за после заоѓањето на Сонцето, воздржувајќи се во текот на денот од храна, пијалок и приоѓање кон жената. Тоа за неговата душа е месец на чистење, за неговиот стомак месец на одмор, а за неговото тело месец на преиспитување на неговото однесување и здравје. Овој месец е еден од начините на поттикнувања на добродетелство и еднаквост во животот. [1] Рекат – Основен дел од молитвата, а се состои од едно стоење кое се нарекува кијам, едно поклонување наречено руку и две спуштања ничкум наречени сеџда. Молитвата е составена од најмалку два реката, а највеќе четири (заб. на прев.). [2] Сабах-намаз – Утринска молитва, во понатамошниот текст ќе биде користен овој израз (заб. на прев.). [3] Абдест – Ритуално миење на лицето, рацете до лактовите и нозете до глуждовите, пред молитва (заб. на прев.). [4] Џунуб – Состојба на телесна нечистотија кај човекот после ејакулација, полов однос, а кај жените менструација и постпородилно крварење (заб. на прев.). [5] Пладне-намаз – Пладневна молитва, во понатамошниот текст ќе биде употребуван овој израз (заб. на прев.). [6] Икиндија-намаз – Молитва која се извршува во периодот откако Сонцето ќе го измине зенитот и ќе почне да се наклонува кон запад (заб. на прев.). [7] Акшам-намаз – Молитва која се извршува во периодот откако Сонцето ќе зајде па сè додека се гледа вечерното руменило на Сонцето на запад (заб. на прев.). [8] Јација-намаз – Молитва која се извршува во периодот откако ќе го снема сончевото руменило на запад па сè до полноќ (заб. на прев.). [9] Рамазан – Месец на пост во исламскиот, лунарен календар, кога муслиманот се воздржува од храна, пијалок, лоши зборови, полови односи и сл. од утрото до вечерта (заб. на прев.). |
|
Mozes da mi gi izvrtuvas zborovite, no ne i religijata!
|
|
temimi
Сениор Регистриран: 01.Јуни.2007 Локација: Saudi Arabia Статус: Офлајн Поени: 325 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Што е, тогаш, исламот? И како се стапува во ислам? Секоја вероисповед - вистинита или лажна, секое здружение - корисно или штетно, секоја партија - добра или зла, имаат свои идејни темели, како и идеолошки поставки кои ја одредуваат целта и го насочуваат правецот, служејќи како статут на нејзините членови и следбеници. Оној кој сака да пристапи кон едно од споменатите здруженија, прво гледа во неговите основи, па ако е задоволен со нив, ако потсвесно и свесно ги прифати, без најмало сомневање во нив, бара да пристапи во тоа здружение, се вклучува во кругот на неговите членови, приврзаници, тогаш станува должен да ги извршува сите активности со кои го задолжува статусот како член на здружението и да плаќа одредена членарина. После тоа, должен е со своето дејствување да покаже искреност во прифаќањето на неговите основи и принципи, непрестајно присетувајќи се на нив, како не би сторил нешто што им се спротивставува. Со својот морал и дејствување, претставува убав пример на тие принципи, како и нивен практичен мисионер. Членството во здружението, значи, означува: познавање на неговиот систем, верување во неговите начела, покорување на неговите одредби, и практично дејствување, во согласност со тие одредби. Ова е општ став кој е применлив и во исламот. Со оглед на тоа, оној кој сака да пристапи во исламот, треба прво да ги усвои неговите основи и непоколебливо да ги прифати, како би станал муслиман[1]. Овие основи се состојат, накратко, во верувањето дека овој материјален свет не е сè што постои и дека овој дуњалучки живот[2], всушност не е целиот живот. Човекот постоел пред раѓањето, ќе постои и после смртта. Не се создал тој самиот, туку бил создаден уште пред да се спознае себе си. Не го создале неоргански битија околу него, затоа што тој поседува разум, а тие не, туку него, а и сите овие светови, од непостоење ги создал Единиот Возвишен Бог. Единствено Тој оживува и усмртува. Тој е Оној Кој сè создава и ако сака сè уништува. Овој Бог не е сличен на ништо од овие светови. Тој е од секогаш, не е создаден, Тој е за секогаш, нема да исчезне. Моќен е, нема граници на Неговата моќ. Сè знае и ништо не е скриено од Неговото знаење. Праведен е, но Неговата праведност не се одредува со мерилата на човечката праведност. Тој е Оној Кој ги поставил законите на вселената, кои ние ги нарекуваме природни закони, и сè што е во неа складно го направил. Отсекогаш ги определил сите подробности и облици, како и сè што ќе им се случи на живите и на неживите битија: движење и мирување, постојаност и промени, активности и неактивности. На човекот му подарил разум кој размислува за многу нешта кои му ги потчинил на неговиот разум, со кој го реализира она што ќе го избере. После овој привремен живот создадал вечен живот - во идниот свет, во кој добротворот ќе биде награден со џенет[3], а грешникот казнет со џехенем[4]. Овој Бог е еден и единствен. Нема придружник кој се обожува освен Него, ниту пак има посредник преку кој Нему му се приближува, и кој кај Него без Негова дозвола се завзема. Обожувањето, во сите негови видови, само кон Него, искрено се упатува. Сите видливи битија кои со сетилата се чувствуваат, како и оние за нас невидливи - Му припаѓаат Нему. Некои од нив се неживи, а некои живи, задолжени со должности. На некои од тие битија својствено им е само доброто, а тоа се само мелеците[5]; на некои им е својствено само злото, а тоа се шејтаните[6], додека на некои им е својствено и доброто и злото, а тоа се џините и луѓето. Тој, Возвишениот Господар одбира некои од луѓето и им испраќа ангел со Неговиот закон, да им го предаде на луѓето, преку пратениците. Овие Божји закони содржани се во книгите и посланијата кои се објавени од небесата. Последната од нив ја поништува претходната или ја корегира. Последната книга е к*ранот. Сите книги пред него се изменети, или исчезнале и се заборавени. Единствено к*ранот останал сочуван од промени и пропаст. А, последниот од спомнатите пратеници е Мухамед ибн Абдулах ел-Ареби ел-к*рејши. Со него се запечатени пратеништвата, а верите со неговата Објава, така да нема веровесници и пратеници после него. к*ранот е исламски законик. Оној кој тврди дека к*ранот е од Возвишениот Господар, Алах, и верува во Него, како целина и во подробности, се нарекува верник. Верувањето во оваа смисла не му е познато на никој освен на Возвишениот Алах, затоа што луѓето не ги отвораат човечките срца ниту пак знаат што има во нив. Поради тоа должен е, за муслиманите да го сметаат како еден од нив, да го изјави тоа верување со изговарање на шехадетот[7]. Шехадетот гласи: „Верувам дека нема друго божество достојно за обожување освен Алах, и верувам дека Мухамед е Алахов пратеник“. [1] Муслиман – Покорен, послушен, предан на Бога, (заб. на прев.). [2] Дуњалучки живот – Овоземски живот, во понатамошниот текст ќе биде употребен изразот овоземски живот (заб. на прев.). [3] Џенет – Рај, во понатамошниот текст ќе се употребува изразот – рај (заб. на прев.). [4] Џехенем – Пекол, во понатамошниот текст ќе се употребува изразот – пекол (заб. на прев.). [5] Мелеци – Ангели, во понатамошниот текст ќе се употребува изразот – ангел, ангели (заб. на прев.). [6] Шејтаните – Ѓаволите, демоните, во понатамошниот текст ќе се употребуваат изразите – ѓаволи, демони (заб. на прев.). [7] Шехадет – Сведочење, усно сведоштво за припадност на исламот (заб. на прев.). |
|
Mozes da mi gi izvrtuvas zborovite, no ne i religijata!
|
|
temimi
Сениор Регистриран: 01.Јуни.2007 Локација: Saudi Arabia Статус: Офлајн Поени: 325 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Што е ислам? Им реков, еднаш, на своите ученици: „Кога би ви дошол некој туѓинец, па би ви кажал дека располага само со време од еден час и сака за тоа време да дознае што е исламот, како би сте му го објасниле тоа за еден час?“ Одговорија: „Тоа е невозможно! Неопходно е да го проучува монотеизмот, исправното читање на к*ранот (теџвид), толкувањето и коментарот на к*ранот (тефсир), преданијата за говорот и делувањето на Пратеникот (хадисите), исламското право (фикх), основите на исламското право (усули-фикх) и да се задлабочи во проблемите и прашањата од кои Не може да се излезе за пет години!“ Јас на тоа им реков: „Субханалах[1], зарем не дошол еден бедуин да престојува кај Пратеникот еден ден или дел од денот, да го запознае за тоа време исламот, за после тоа да го пренесе на својот народ, станувајќи негов упатувач и учител, мисионер и доставувач на исламот? А освен тоа, зарем Божјиот пратеник, нека е Божјиот мир над него, во хадисот за Џибрил,[2] целата вера не ја објаснил во три реченици, говорејќи во нив за исламот, иманот (верувањето) и ихсанот (доброчинството)? Па зошто да не го објасниме исламот денес за еден час...?“ |
|
Mozes da mi gi izvrtuvas zborovite, no ne i religijata!
|
|
temimi
Сениор Регистриран: 01.Јуни.2007 Локација: Saudi Arabia Статус: Офлајн Поени: 325 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Aaaaaaaaaaa, a ova deka e izlezeno, pa aj sega, moze...
Ok, moja greska prethodno, no pocekaj da se prodade pa postirajte ja podocna.
|
|
Mozes da mi gi izvrtuvas zborovite, no ne i religijata!
|
|
Studentski Klub
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Регистриран: 07.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 272 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Слабиот карактер е знак на слабо верување Иманот е сила која што одвраќа од нискост и упатува на благородни принципи. Од таму, кога Аллах ги повикува Своите робови на добро или ги опоменува за некое зло, тоа го нарекува логички биланс на иманот кој им е сместен во срцата. Многу често во к*ранот наидуваме на ајети што почнуваат со: „О вие кои верувате“, а потоа следува она што им се наредува: „плашете се од Аллах и бидете со оние што се искрени“ (Ет-Теубе, 119). Носителот на пораката објаснува дека цврстиот иман раѓа цврста етика. Секоја девијација во моралот произлегува од слабоста или потполното отсуство на моралот. Тоа е зависно од опасностите и фаталноста од тие пороци. Човекот на кого му е намуртено лицето и неврамнотежено однесувањето, кој невнмателно прави грди работи не обрнувајќи внимание на никого, најдобро е опишан со Пратениковите, с.а.в.с., зборови: „Срамежливоста и иманот се тесно поврзани. Кога ќе го снема едното го снемува и другото.“ (Ел-Хаким и Ет-Таберани) Човекот кој ги вознемирува и злоставува своите соседи заслужува најстрога осуда. За него Пратеникот, с.а.в.с., вели: „,Се колнам во Аллах, не верува! Се колнам во Аллах, не верува! Се колнам во Аллах, не верува!‘ ,Кој, Божји Пратенику?‘ -Го прашале асхабите.[1] ,Оној од чие вознемирување соседите не се сигурни.‘ -Одговорил Пратеникот, с.а.в.с.“ (Бухари) Забележуваме дека Пратеникот, с.а.в.с., кога ги подучувал своите следбеници да избегнуваат бесмислен говор, дрдорења и мизерија, рекол: „Кој верува во Аллах и во Судниот Ден нека говори добро или нека молчи!“ (Бухари) Пратеникот, с.а.в.с., неуморно работел на всадување и на зацврстување на овие вредности кај своите следбеници сè додека тие не ги дадат своите плодови. Најдобра потпирка во тоа му е искрената и потполна увереност во она во што повикува. * * * Некои побожни луѓе сосема неозбилно се поставуваат кон извршувањето на задожителните ибадети. Пред луѓето се прават доследни практичари, додека во стварност чинат грешки што не се прифатливи за возвишената етика и за вистинската вера. Пратеникот строго им се заканува на таквите недоследници и ги опоменува муслиманите на опасноста од нив. Зошто да се глуми доследност во ибадетите, кога тоа го може и оној кој не ја сфатил нивната суштина ниту се воздигнал на тоа ниво. Дури и дете може да ги имитира старите како го извршуваат намазот и како ги изговараат потребните зборови... Глумецот може многу успешно да одглуми скрушеност при извршувањето на најзначајните обреди. Меѓутоа, ни едното ни другото не претставуваат ни најмал дел од вистинското уверение и возвишените стремежи. Пресуден момент во процената на доброто и моралните вредности припаѓа на непогрешното мерило, а тоа се високите морални принципи. Тоа најдобро ќе го објасниме со пример од животот на Божјиот Пратеник, с.а.в.с. Еднаш некој човек го прашал: „,Божји Пратенику, таа и таа жена многу клања, пости, и дарежлива е, но често ги вознемирува соседите.‘ ,Таа е во огнот.‘ -Одговорил Пратеникот, с.а.в.с. ,Божји Пратенику,‘ -продолжиле асхабите - ,има една жена која малку клања и пости, меѓутоа, таа им дава парчиња младо сирење и не ги вознемирува соседите.‘ ,Таа е во џеннет[2]‘ – одговорил Пратеникот, с.а.в.с.“ (Ахмед) Овој одговор ни укажува на високата вредност на моралните прнципи. Покрај тоа, од хадисите гледаме и дека садаката е колективен ибадет и од повеќестрана корист. Од таа причина кај тој ибадет не постои подразбирлива смалена мерка како што е случајот кај намазот или постот, кои се лични ибадети. Пратеникот на исламот не се ограничил на одговор на појавеното прашање Како би ја објаснил врската помеѓу ахлакот[3] и вистинскиот иман. Тој моралот дирекно го врзува со исправниот ибадет и го гледа како клуч на успехот на овој свет и спас за ахиретот[4]. Важноста на моралот е навистина голема. Кога се зборува за него, мора да се направи една исправна синтеза и да се изврши континуирано советување за да можат тие вредности да се всадат во срцето и во мислите. Резултат на тие напори е сознанието дека иманот, чесноста и ахлакот се каузално и нераскинливо поврзани елементи. Во една прилика Божјиот Пратеник, с.а.в.с., ги прашал асхабите: „,Знаете ли кој е банкрот?‘ ,Тоа е оној кој што ќе остане без пари и без имот.‘ –одговориле асхабите. ,Банкрот од мојот уммет[5] е оној кој што на Судниот Ден ќе се појави со неговиот намаз, зеќат, и пост, но ќе се испостави дека тој човек пцуел некого, клеветел друг, оштетил трет, пролил крв на четврт, удрил некој петти. Од првиот до последниот ќе земаат од неговите добри дела. Ако не остане од добрите дела пред да ги наплатат тие своите долгови, на него ќе бидат префрлени нивните гревови и тој ќе биде фрлен во огнот.‘“ (Муслим) Тоа е човекот што банкротирал. Истиот потсетува на трговец кој во својата продавница има роба од илјада, а должи на друг две илјади. Како може таков сиромав да се смета за богат? Побожен човек кои извршува некои ибадети, но не престанува со правење недозволени работи, мизерни постапки и што лесно се одлучува на насилие, како може да се смета за богобојазен? Забележано е дека Пратеникот, с.а.в.с., за ваквите случаи навел еден жив пример: „Убавото однесување го топи гревот како што водата го стопува мразот, а лошото однесување ги поништува делата како што оцетот го расипува медот.“ (Ел-Бејхеки) Кога ќе се намножат лошотиите, почнуваат да подјадуваат сè околу себе и опасно да се шират, човекот ќе биде оттргнат од верата као што ја оттргнува облеката од себе. Неговото тврдење дека е верник станува најобично набедување. Дали вреди верата без ахлак? Дали има врска помеѓу лошотиите и припадноста кон Аллах? Укажувајќи на јасните врски кои го поврзуваат иманот со исправниот ахлак, благородниот Пратеник рекол: „Три својства го чинат човекот мунафик[6], па макар и да пости, да клања, да има појдено на хаџџ и умра[7] и да тврди дека е муслиман: кога говори - лаже, кога ветува - не исполнува, и кога нешто ќе му се повери - тој изневерува.“ (Муслим) Во едно друго предание се вели: „Мунафикот има три знаци: кога говори - лаже, кога ветува - не исполнува, кога ќе преземе некоја обврска – изневерува. Залудно му е на таквиот човек и тоа што клања и пости и мисли дека е муслиман.“ Пратеникот, с.а.в.с., исто така рекол: „Кој во себе ги има овие четири особини тој е вистински мунфик. Кој има дел од тоа, тој во себе носи дел од мунафикот сè додека од него не се ослободи: кога нешто ќе му се повери - изневерува, кога говори - лаже, кога на нешто се обврзе - го прекршува, и кога се препира – претерува во тоа.“ (Бухари) [1] Асхаби – првата генерација муслимани кои директно го виделе Мухаммед, нека е Божјиот мир над него, го придружувале, учеле од него, најисправно и најдоследно го следеле во неговите постапки (Заб. на ред.). [2] Џеннет – рај (Заб. на ред.). [3] Ахлак – убаво однесување, морал, исламски бонтон (Заб. на ред.). [4] Ахирет – Идниот свет, животот по смртта и животот во рајот или пеколот (Заб. на ред.). [5] Уммет - поголема заедница на муслиманите, сите муслимани без разлика на местоположбата, живеалиштето и националната припадност претставуваат еден народ кој се нарекува уммет (Заб. на ред.). [6] Мунафик – дволичен, лицемер, оној што исполува во делата едно, а во срцето крие нешто сосема друго (Заб. на ред.). [7] Умра – попратен обред на аџилакот кој не мора да се изврши во времето одредено за аџилак и кое што не е обврзувачко дело, туку доброволно, а за кое следи огромна награда од Бога (Заб. на ред.). |
|
Незнаењето е најголемиот непријател на луѓето!
|
|
Studentski Klub
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Регистриран: 07.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 272 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Темелите на исламот и принципите на етиката Пратеникот на исламот ја прецизира примарната основа на сопствената мисија и јасните облици на неговиот повик: „Пратен сум за да ги употполнам моралните вредности.“ (Малик) Се чини дека мисијата која го изгазила својот пат во историјата на животот, чијшто носител вложил огромен труд како би го раширил нејзиното светло и собрал луѓе околу него - има за цел само кристализирање на нивната вредност, осветлување на хоризонтот на совршеноста пред нивните очи за да се движат кон тоа светло потполно уверени. Ибадетите што се пропишани во исламот и кои се сметаат како столбови во иманот[1] (верувањето) никако не смеат да се сфатат како неми ритуали кои го врзуваат човекот за непознатиот и невидлив свет обврзувајки го на извршување на нејасни работи и бесмислени движења. Не! Не! Обврските и нивното извршување исламот што ги бара од секој свој припадник воглавно се редовни вежби што го навикнуваат човекот на исправно постапување во кое тој треба да се придржува без разлика на ситуацијата во која се наоѓа. Тие се слични на спортските вежби што човекот доследно ги извршува за да може со помош на тие редовни тренинзи да ја одржува добрата кондиција и здравиот живот. Светиот к*ран и благородниот Суннет на јасен начин укажуваат на овие вистини. Кога укажал на задожителниот намаз[2], Аллах, џ.ш.,[3] ја укажал и причината зошто е пропишан тој намаз: „И извршувај намаз, намазот, навистина, одвраќа од разврат и од сè што е грдо!“ (Ел-Анкебут, 45) Тоа значи, оддалечување од недоличностите и чистење од лошите говор и дела ја претставуваат суштината на намазот. Во хадисот[4] кој Пратеникот, с.а.в.с., го пренесува од својот Господар се вели: „Јас навистина го примам намазот од оној кој со него & се покорува на Мојата големина; кој не се охоли пред Моите созданија; кој што не е упорен во непокорноста кон Мене; кој денот го поминува во зикр[5]; кој е милостив кон сиромавиот, патникот, вдовицата и човекот во несреќа.“ (Ел-Безар) Пропишаниот зеќат[6] не е данок што се зема од џебовите. Напротив! Тој како прво е всадување на чувството на сомилост и благост, зацврстување на врската за познанства и хармонија помеѓу различните класи. к*ранот укажува на причината за издвојувањето на зеќатот: „Земај од добрата нивни зеќат, со него да ги очистиш и благословени да ги направиш.“ (Ет-Теубе, 103) што значи чистење на душата од негативни елменти и воздигнување на друштвото на едно најблагородно ниво претставува една од најзначајните причини. Поради сето тоа Пратеникот, с.а.в.с., укажува на широката смисла на зборот садака[7] што треба да ја издвојува муслиманот: „Да му се насмевнеш на својот брат е садака; препорачување на добро и одвраќање од зло е садака; упатување на човекот од непознато место е садака; отстранувањето на отпад, трње, и коски од патот се вбројува во садака; прелевање од твојата кофа во кофата од твојот брат се вбројува во садака, и кога гледаш за човекот што има слаб вид - тоа за тебе е садака.“ (Бухари) Овие учења кои потекнуваат од пустинските предели во кои со столетија беснееле борби и завади, укажуваат на целите што ги има зацртано исламот, кои ги соединиле Арапите. Исто така, во исламот има пропишано пост. Исламот на овој ибадет не гледа како на некое привремено воздржување од одредени јадења и пиења. Уште повеќе, тоа се гледа како прв чекор кон перманентна апстиненција од забранети задоволства и недопуштени страсти. Потврдувајќи ја оваа смисла, Пратеникот, с.а.в.с., рекол: „Кој нема да се чува себе си од невистинит говор и лоши дела, нека знае дека на Аллах не Му е потребно неговото воздржување од јадење и пиење.“ (Бухари) Исто така рекол: „Постот не е само воздржување од јадење и пиење; треба да се биде воздржан од бесмислен и бесрамен говор. Ако некој те опцуе или ти вика, кажи му: ,Јас постам! Јас постам!‘“ (Ибн-Хузејме) к*ранот укажува на причината на постот: „О верници! Ви се пропишува пост, како што е пропишан на оние пред вас, за да ги одбегнувате гревовите.“ (Ел-Бекаре, 183) На човекот може да му се причини дека патувањето на светите места на кој што е обврзан секој способен муслиман и кои што претставуваат исламска должност за некои следбеници на оваа вера, патување ускратено од сите етички примеси и дека е тоа по пат на церемонија од другите вери, чија причина не се знае. Тоа е погрешно. Говорејќи за овој обред, Возвишениот Аллах вели: „Хаџџот[8] е во одредени месеци, па за оној кој ќе се обврзе дека во нив хаџџ ќе изврши нема однос со жената и нема грди зборови, и нема расправии во деновите на хаџџот. А за доброто што ќе го направи, Аллах знае. И од она што ви е потребно за на пат снабдете се. А најдобро снабдување е богобојазноста. И од Мене плашете се, о вие кои сте со разум обдарени!“ (Ел-Бекаре, 197) Со ова општо прикажување на некои специфични ибадети во исламот, кои ги претставуваат неговите основни темели, сакаме да укажеме на видовите врски кои што ја врзуваат верата со етиката. Се работи за ибадети кои се различни по својата суштина и изглед. Меѓутоа, тие се среќаваат во конечната цел која ја оцртува Пратеникот, с.а.в.с., со зборовите: „Пратен сум за да ги употполнам моралните вредности.“ Намазот, постот, зеќатот, хаџџот и ним сличните ибадети од исламското учење право го трасираат патот до совршените особини и чистите манири. Благодарение на нив животот го добива своето вистинско значење и важност. Заради овие благородни особини, кои се поврзани со таквиот живот или прават услови за него, овие ибадети завземаат важечко место во Аллаховата вера. Затоа што, ако човекот нема корист од нив, не го исчисти срцето, не го изостри умот и не ја хармонизира својата врска со луѓето и со Аллах, тогаш тој навистина заталкал. Аллах, џ.ш., вели: „Oној кој пред Господарот свој како неверник ќе излезе го чека џехеннем,[9] во него нема ниту да умре ниту да живее; а оние кои пред Него ќе излезат како верници, и кои правеле добри дела, сите нив ги чекаат високи степени, еденски градини низ кои реки ќе течат, во нив вечно ќе останат. Тоа ќе биде наградата за оние од гревовите што се исчистиле.“ (Та Ха, 73-76) [1] Иман – верба, верување, вера. Верувањето на муслиманите се базира врз шест имански столбови: Верувањето во Аллах (Бог), во мелеците (ангелите), во Книгите (Божјите книги, објави или откровенија), во Пратениците, во Судниот Ден, како и во судбината и Божјето одредение (Заб. на ред.). [2] Намаз – облигативна, дневна и редовна молитва која се извршува во пет одредени временски периоди во текот на денот. Се состои од рекати. Еден рекат е основен дел од молитвата и се состои од едно стоење - наречено кијам, едно поклонување - руку и две спуштања ничкум - наречено сеџда (Заб. на ред.). [3] Џ.ш. – кратенка од „Џелле шануху“ што значи „нека е возвишено Неговото Битие“, а се додава веднаш по спомнувањето на името Божје – Аллах, што на арапски јазик значи Бог, а се однесува на истиот Оној Создател во Кого веруваат Евреите и христијаните (Заб. на ред.). [4] Овде се мисли на хадис кудси, односно на зборовите на Возвишениот Аллах кои не се наоѓаат во Благородниот к*ран, а кои ни ги пренел Неговиот Пратеник (Заб. на ред.). [5] Зикр – присетување и спомнување на Бога со срце, ум и збор. Спомнување и изговарање на неговите убави имиња и совршени својства (Заб. на ред.). [6] Зеќат - определен, фиксиран дел во износ од 2,5% од вредноста на богатсвото и од секаков имот обврзан со зеќат на еден муслиман, а кој се дава за сиромашните во муслиманската заедница. Плаќањето на зеќат е задолжително бидејќи тој е еден од столбовите на исламот. Зеќатот е главно економско средство за воспоставување социјална правда и го води муслиманското општество кон напредок и сигурност (Заб. на ред.). [7] Садака – милостиња (Заб. на ред.). [8] Хаџџ - Аџилак во светите градови Мека и Медина (Заб. на ред.). [9] Џехеннем – пекол (Заб. на ред.). |
|
Незнаењето е најголемиот непријател на луѓето!
|
|
Studentski Klub
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Регистриран: 07.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 272 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Ова се цитати од к*ранот[1] и Суннетот[2] кои муслиманот го упатуваат на особини без кои неговата вера не може да опстане и кои ја сочинуваат неговата среќа на овој и на оној свет. Тие цитати ги имам пропратено со опширни објаснувања кои ја третираат денешната девијантна и декадентна состојба на муслиманите[3] гледано на кризата во која се наоѓа нивната етика. Се задоволив со ајетите[4] кои ги наведов и хадисите[5] кои ги цитирав и затоа не се занимавав со наведување на цитати од други извори, како што се изреките на имамите[6], мудростите на научниците, совети од побожните и од етичарите, и покрај тоа што нашата културна градина обилува од нив. Сакав судија да ни биде шеријатот[7] и од него да ги извлечам педагошките моменти поради тоа што тие се Божји правци по кои муслиманот мора да се придржува, а ако ги избегнува се смета како прекршител на Аллаховото право. Не е исто кога се препорачува некоја постапка како општа вредност и кога се пропишува истата постапка како верски императив како и другите задожителни ибадети[8] во оваа вера. * * * Во текот на нашето образование се среќававме со филозофијата на моралот и со мислите на филозофите, правилата и смерниците на човековиот морал Нè воодушевуваа длабоките мисли на тие филозофи, нè фасцинираше чувството за реалност и стремежот кон возвишените принципи. Сепак, со ова не сакаме да ги избришеме заслугите на ниту еден човек кој го пропагирал доброто на народите и се трудел да го осветли патот пред нив. Меѓутоа, намерата ни е на авторите и спасителите да им предочиме на успешните педагошки методи и на прекрасните примери на човечност и етика што ги има востановено носителот на последната мисија. Го извлекол човештвото од заблуда и талкање - на светлина. Авторите во исламот[9] ќе пронајдат ризници со бесценети вредности со кои не може да се мери наследството на грчката и римската филозофија. Прашале некој муслимански научник: „Дали го имаш читано Аристотеловитот ,Душевен одгој‘?“ Тој одговорил: „Не, го имам читано душевниот одгој на Мухаммед, нека е Аллаховиот мир над него, синот на Абдуллах!” Ние го имаме читано душевниот одгој што го напишал Аристотел и филозофи слични нему. Го имаме читано и душевниот одгој на Мухаммед, синот на Абдуллах, па дојдовме до заклучок дека древните филозофи се труделе и се мачеле да направат некои морални норми од кои некои биле комплетни, а некои не. Меѓутоа, тие нивни обиди наоѓаат свое совршенство и примена во биографијата на еден човек, етиката на еден народ и светостите на една возвишена вера. Тоа е душевниот одгој на Мухаммед, нека е Аллаховиот мир над него. Благодарни сме Му на Возвишениот Аллах за фактот дека субината нè поттикнала да проучуваме некои негови сегменти и да ги изложиме во еден нов облик. * * * Оваа книга претставува продолжение од книгата „Верувањето на муслиманот“. Започнавме со вовед за етиката во исламот, која ја поврзав со другите исламски учења и обреди. Во тој вовед говорев и за природата на душата, делувањето на околината итн. Потоа се осврнавме на особеностите што ги пропагира исламот. Не водевме сметка за посебниот редослед при наведувањето на тие доблести. Гледавме дека е поважно во оваа книга да ги наведеме изворите на текстовите што ги наведуваме, за разлика од она што читателот можел да се сретне во нашите претходни книги. Се повикуваме на хадисите што му се припишани на Божјиот Пратеник Мухаммед, с.а.в.с.,[10] доколку припаѓаат во сахих (веродостојни) сами по себе или благодарение на другите преданија, потоа на хасен (добри) по себе или од други преданија, како што говорат стручните лица за терминологијата на хадисите Ова е методата што ја следевме кај сите хадиси без разлика дали е спомнат нивниот извор или не. Примери од Пратениковата биографија во оваа книга преземени се од моите дела „Тејсирул-вусул“ и „Ет-Тергибу вет-терхиб“. Ако хадисот е наведен во повеќе хадиски збирки[11], се ограничивме на спомнување на само еден извор. Во текот на пишувањето на ова дело се трудев светлите примери од исламската традиција на читателот да му ги прикажам на еден прифатлив и интересен начин. Остана онаа друга, тешката страна, која подеднакво ја сносат и читателот и авторот, а тоа е љубовта кон доброто и следењето на неговите исправни патишта. Мухаммед ЕЛ-ГАЗАЛИ [1] к*ран - Божјата Реч, светата Книга на муслиманите, последната Божја објава објавена на последниот Божји Пратеник Мухаммед. Во превод значи: „Тоа што се чита“ (Забелешка на јазичкиот редактор). [2] Суннет – (со голема буква) традицијата на Божјиот Пратеник Мухаммед, неговите зборови и дела собрани како еден основен дел од исламкиот верозакон и пример за живеење на исламот. Во нашите простори зборот сунет се користи наместо зборот обрежување, што секако претставува грешка која треба секој од нас да ја поправи (Заб. на ред.). [3] Муслиман – покорен на Бога, припадник на исламот (Заб. на ред.). [4] Ајет – цитат или стих од к*ранот. Значи знамение или доказ (Заб. на ред.). [5] Хадис – сето она што го рекол, сторил или одобрил Божјиот Пратеник Мухаммед, а кое што е забележано и пренесено од некој од неговите современици кој тоа го чул и видел (Заб. на ред.). [6] Имам – верско свештено лице, предводник во заедничката молитвата, а предводник и во било која друга институција или ситуација. Овде се мисли на четворицата најпознати и најучени имами чиишто правни правци се застапени во светот: Ебу Ханифе, Малик, Шафи и Ахмед ибн Хамбел, нека е Аллах задоволен од сите нив (Заб. на ред.). [7] Шеријат – исламски верозакон кој се темели врз к*ранот и Суннетот (Заб. на ред.). [8] Ибадет – обожување, робување, тотална покорност и посветеност на Создателот. Во овој случај се мисли на терминот Богоугодни дела, дела од голема побожност со кои Бог е задоволен (Заб. на ред.). [9] Ислам – име на единствената вера признаена кај Бог. Ислам значи покорност, послушност, мирољубивост, смиреност и мир (Заб. на ред.). [10] С.а.в.с. – кратенка од „салаллаху алејхи ве селем“ што значи „нека се Божјиот мир и спас врз него“, а се додава веднаш по спомнувањето на името на Последниот Божји Пратеник Мухаммед (Заб. на ред.). [11] Хадиските збирки се дела во кои се напишани веродостојните хадиси на Мухаммед, нека е Божјиот мир над него, и од каде се црпи изворното учење на исламот како и начинот на доследното живеење на Божјата вера (Заб. на ред.). |
|
Незнаењето е најголемиот непријател на луѓето!
|
|
DAIJA
Сениор Регистриран: 08.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 1668 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Тој човек, Аврам (Ибрахим) всушност не припаѓал во Ур.
Тој бил само припадник на едно од многуте арапски племиња кои во ова или во она време го наоѓале својот пат од гладните пустини на Полуостровот кон северните земји од соништата, за кои се зборувало дека во нив тече мед и млеко – населените земји на Плодната Полумесечина, Сирија и на Месопотамија. Понекогаш таквите племиња успевале да ги победат жителите кои ги наоѓале таму и да им се наметнат како нивни господари, постепено мешајќи се со покорениот народ и развивајќи се, заедно со него, како нова нација – како Асирците и Вавилонците кои ги изградиле своите кралства врз урнатините на поранешната сумерска цивилизација, или Халдејците кои дошле на власт во Вавилон, или Аморитите, кои подоцна биле познати како Ханаанци во Палестина и како Феникојците на ридовите на Сирија. Во некои други времиња придојдените номади биле премногу слаби за да ги победат оние што стигнале порано и кои биле апсорбирани, или жителите ги потиснувале номадите назад во пустината, присилувајќи ги да бараат други пасишта и можеби други земји што ќе ги покорат. Аврамовото (Ибрахимовото) племе – чие ориганално име според Битието било Аб-Рам – што на древен арапски значи „Оној со Голема Желба“ – очигледно било едно од послабите племиња. Библиската приказна за нивното престојување во Ур, на работ од пустината, се однесува на времето кога согледале дека не можат да освојуваат нови домови во земјата на Реките Близначки и токму тогаш посакале да тргнат кон северозапад долж Еуфрат кон Харан, а оттаму во Сирија. „Оној со Голема Желба“, тој мој ран предок кого Бог го навел да оди кон непознати краишта и така да се открие себеси, добро би можел да разбере зошто сум тука – бидејќи и тој морал да талка низ многу земји пред да може да го изгради својот живот во нешто што можеш да го зграпчиш со своите раце, и мора да бил гостин на многу непознати срца пред да му биде дозволено да пушти корен. На неговото искуство кое предизвикува почит, мојата ситна збунетост не би му претставувала загатка. Тој би знаел – како што тоа сега јас знам – дека смислата на моите талкања лежи во скриената желба да се сретнам себеси, среќавајќи го светот чијшто пристап кон најсокриените прашања на животот, кон самата стварност, беше поинаков од сето она на што се имав свикнато во своето детство и во младоста. |
|
О следбеници на Книгата, дојдете да се собереме околу зборот нам и вам заеднички: никого освен Бог да не обожуваме и никого да не Му здружуваме!
|
|
DAIJA
Сениор Регистриран: 08.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 1668 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
СО РАЦЕТЕ ВКРСТЕНИ под вратот гледам во оваа арапска ноќ која се надвива над мене, црна и ѕвездена.
Еден метеор лета во огромен лак, а потоа ете го и другиот, и уште еден: лакови од светлина што ја прободуваат темнината. Дали се тоа само парчиња од некаква космичка несреќа, кои сега бесцелно летаат низ огромноста на вселената? Ах, не! Ако го прашате Зејд, тој ќе ви рече дека тоа се огнените копја со кои ангелите ги бркаат ѓаволите кои во определени ноќи кришум се искачуваат кон небото за да ги откријат Божјите тајни... Дали е тоа можеби самиот Иблис[1], Кралот на сите ѓаволи, кој тукушто го прифатил моќното исфрлување на пламенот таму на исток...? Легендите врзани за ова небо и неговите ѕвезди ми се поблиски отколку домот на моето детство... Како би можело да биде поинаку? Отако сум дојден во Арабија, живеев како Арап, облекував единствено арапска облека, зборував само на арапски јазик, сништата ги сонував на арапски; арапските обичаи и сликовитото изразување неусетно ги обликуваа моите мисли, не бев спречуван од душевните воздржаности кои обично го оневозможуваат туѓинецот – колку и да е добро упатен во однесувањето и во јазикот на земјата – да го најде вистинскиот пристап кон чувствата на нејзиниот народ и неговиот свет да го прими како свој сопствен свет. Ненадејно морам да се смеам гласно со смеа на среќа и слобода – толку гласно што Зејд со чудење гледа во мене, а мојата камила ја свртува главата кон мене со лесно, по малку горделиво движење; дури сега гледам колку единствен и прав, наспроти својата далечина, беше мојот пат – мојот пат од светот што не го поседував вистински, во светот кој е вистински мој. Зар не е моето доаѓање во оваа земја, всушност, доаѓање дома? Доаѓање дома на срцето кое го открило својот стар дом преку нишката од илјадници години и сега го препознава ова небо, своето небо со болна радост? Бидејќи, ова арапско небо – толку многу потемно, повисоко, посвечено и побогато со ѕвезди отколку кое и да е друго небо – се надвиваше врз долгата нишка на моите предци, тие талкачи овчари-воини, кога, пред илјадници години, тргнале опседнати од алчноста по земја и плен, кон плодната земја Халдеја и кон непознатата иднина; тоа мало бедуинско племе Евреи, предците на оној човек што ќе биде роден во Ур, во Калдеја. |
|
О следбеници на Книгата, дојдете да се собереме околу зборот нам и вам заеднички: никого освен Бог да не обожуваме и никого да не Му здружуваме!
|
|
DAIJA
Сениор Регистриран: 08.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 1668 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Se nadevam deka ste vooduseveni od nacinot na pisuvanje, kako i od temite koi gi obrabotuva.
|
|
О следбеници на Книгата, дојдете да се собереме околу зборот нам и вам заеднички: никого освен Бог да не обожуваме и никого да не Му здружуваме!
|
|
DAIJA
Сениор Регистриран: 08.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 1668 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
ОДЕВ ПО ПАТОТ за Галилеја.
Во попладнето Есдрелонската рамнина лежеше десно под мене, прошарана со светлини и со сенки. Поминав низ Назарет и пред ноќта стигнав во некое арапско село кое беше во сенка на дрвјата црн пипер и на чемпресите. Пред вратата на првата куќа седеа неколку мажи и жени. Застанав, прашав дали е тоа Ал-Рајна и по потврдниот одговор токму посакав да тргнам кога една жена ме повика: „Господине, зар нема да се освежиш?“ – и, небаре погодува дека сум жеден, ми подаде стомна со студена вода. Кога се напив до мила волја, еден од мажите – очигледно нејзин маж – ме праша: „Сакаш ли да каснеш леб со нас и да преноќиш кај нас?“ Не ме прашаа кој сум, каде одам или што правам, а преноќив кај нив како нивен гостин. Да се биде гостин кај некој Арап – дури и школските деца слушаат за тоа во Европа. Да бидеш гостин на некој Арап значи да влезеш на неколку часа, на некое време, искрено и целосно, во животот на луѓето кои сакаат да ти бидат браќа и сестри. Не е тоа само благородната традиција која им овозможува на Арапите да бидат гостољубиви на толку срдечен начин; тоа е нивната внатрешна слобода. Тие се толку слободни од недовербата кон себеси што можат лесно да им ги отворат своите животи на друг човек. Не им е потребна никаква лажна сигурност на ѕидовите кои на Запад секој ги гради меѓу себеси и својот сосед. Вечеравме заедно, мажи и жени, седејќи со прекрстени нозе на сламената простирка околу огромниот сад наполнет со каша од грубо мелено жито со млеко. Моите домаќини откинуваа мали парчиња од големите, како хартија тенки лепињи со кои вешто ја грабаа кашата дури и не допирајќи ја со своите прсти. Мене ми дадоа лажица; но јас ја одбив и се обидов, но без успех, и на очигледно задоволство на моите пријатели, да го изведам нивниот едноставен, а сепак отмен начин на јадење. Кога легнавме да спиеме – околу дванаесетина во една единствена соба – гледав над себе во дрвените греди на кои висеа низи од сув црн пипер и црн патлиџан, во многубројните длабнатини на ѕидовите исполнети со бронзени и земјени потребни работи за в кујна, во телата на заспаните луѓе и жени, и се прашував дали и во својот дом некогаш би се чувствувал повеќе дома. |
|
О следбеници на Книгата, дојдете да се собереме околу зборот нам и вам заеднички: никого освен Бог да не обожуваме и никого да не Му здружуваме!
|
|
Внеси реплика | страница <12345 7> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |