|
Ваша песна,состав или што било напишано |
Внеси реплика | страница <12345 138> |
Автор | |
Анастеа
Администратор ПИПИ долгиот чорап Регистриран: 07.Април.2008 Статус: Офлајн Поени: 35441 |
Опции за коментарот
Благодарам(1)
|
Колку е убаво да лежиш на земја! Онака баш на земја, без никаков посредник помеѓу тебе и земјата. Добро, освен ќебе или крпа за плажа, ама никакви лежалки, кревети, душеци, столови... Ти и земјата, залепени. Ти врз неа како фластер. Под тебе трева, земја, камчиња, снег... било што од нејзиното набрчкано лице. Гледаш во небото, во сонцето, во облаците, во ѕвездите и останатите небесни тела... Пушташ мозок на пасење, мислите ти лутаат по сите страни на светот, низ далечни галаксии и црни дупки... Си помислуваш, што ако некој во моментов ја исклучи гравитацијата? И сфаќаш дека не си ни зрно прашинка во споредба со сиот тој бескрај во кој гледаш, колку и да си мислиш дека ти, баш ТИ си центар на Универзумот... |
|
svetosparki
Сениор Регистриран: 27.Октомври.2013 Статус: Офлајн Поени: 694 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Samo eden zbor
zastana megu nas ko prevez,ko breme Zbor so sum go kazal nekomu i negde milion pati zbor sto mi otvoral milion vrati vo milost i nemilost mi pruzale raka da nikogas ne bidam toa so sakam i kopnez da me kopa isfrlen na bregot i tvojot miris pokrien od snegot Samo eden zbor otvorena usta vo vozdiska neizusteno,a tolku jako do bol i ludilo, nesto kao proska, nespokoj i troska vo zabot na vremeto koe stoi od togas koga pred naS zastana samo eden zbor... Prosti... |
|
Анастеа
Администратор ПИПИ долгиот чорап Регистриран: 07.Април.2008 Статус: Офлајн Поени: 35441 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Првиот школски ден, некако по правило секогаш ми е малку постуден од другите, со некое поинакво сонце, пребледено и тоа, како учениче кое тргнува во прво одделение... Ги гледам низ прозорецот како одат кон училиштето, исчешлани, дотерани, со ранци и ташнички, со најнови чевлиња и шнолички во косите... Одат, возбудени од првиот школски ден и средбата (прва или повторна) со учителките/учителите... Одат, брзајќи да си ги видат другарчињата и да си седнат во клупите... Одат, да си ги видат првите симпатии, со црвени обравчиња од помислата на таа слатка тајна, која си ја знаат само тие и заклучениот споменар... Одат, спремни за нови палавштини, од кои на учителките им се ежат пресно фарбаните коси... Одат, да си ги покажат новите алишта, купени за првиот школски ден и да се фрцкаат важно низ школскиот двор... Одат, да си раскажат кај биле летото, кој колку се исончал и каква белја направил... Одат, да се описменат, да научат да бројат и да сметаат, да размислуваат со своите главчиња, да стекнат знаење за светот.... Одат, за да се втурнат во тој свет на закони, правила, теореми, аксиоми, дефиниции, норми, идеологии, демагогии, догми... Одат, а јас ги гледам како му се подаваат на тој свет на уката, за никогаш повторно да не излезат од него, со оние чисти, невини детски срценца, со кои го восприемаат светот чист и нерасипан од мајмунштилаците на возрасните... |
|
Andjelina
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Miss High Hill’s Регистриран: 07.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 14129 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Јас сум жена...моето средно име е ГРИЖА...
Железничка станица со работно време 24/7 испраќам и дочекувам...испраќам...дочекув на крајот од денот како и сите железнички станици на овој свет останувам сама... во меѓувреме се грижам... дали ќе се снајде,ќе издржи ли,дали ќе има чисти блузи,ќе има ли доволно храна,дали ќе е безбеден? а знам дека може,дека е спремен и дека е време да му ги дадам крилјата да одлета ги плетев внимателно со години...со љубов,човечност,почит,храброст сепак јас сум жена....моето средно име е ГРИЖА.... |
|
Никогаш не научив дали е подобро да носиш патики или штикли кога ќе тргнеш во потрага по делот од душата кој ти недостасува
|
|
bijonse1
Сениор bella Madonna Регистриран: 14.Јануари.2009 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 16521 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
ЗРНО ПЕСОК Единственото тркалезно млечно белило, скриена школка од зеницата на твојот поглед, го покажува морското дно на мојата душа… Единствената миризба на морската шир, скриена сила во твојата капката пот на моето око, го покажува сјајот на мојата невиност…
Единствениот твој нежен допир , скриен збор во твоите две раце , го покажува моето јас, … само зрно песок ! Изменето од bijonse1 - 24.Април.2014 во 21:20 |
|
SVOJA
Сениор Регистриран: 28.Мај.2013 Статус: Офлајн Поени: 2159 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Deka angelot i demonot se kako narcis i plac,deka si ti i nok i den.
Изменето од SVOJA - 15.Март.2014 во 19:18 |
|
RODENA SREDE PURPURNI VODOPADI,DETE NA ZVEZDITE,GOSPODARKA NA ZELBITE,RATNIK,TRAGAC TAINSTVEN OSAMENIK.
|
|
fiks
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Администратор ПРАВДОЉУБЕЦ Регистриран: 18.Април.2005 Локација: Македонија Статус: Офлајн Поени: 24000 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Не е Анастеа иснспирација за ова,друго е инспирација,ако не ми веруваш види ми фејсбукот,ко зафрканција дојде али испадна добро.
Иначе тоа се стихови од Пабло Неруда |
|
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена, само шлаг пена ќе бидеме и можеби неколку жолти ракии. |
|
Gabriela_S
Модератор Регистриран: 22.Февруари.2008 Локација: On the stone Статус: Офлајн Поени: 21943 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
незнаев дека стиховите од Анастеа можеле да бидат толку инспиративни
|
|
Никогаш немој да се каеш за нештото што си го направил, ако во тој момент си бил среќен
|
|
fiks
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Администратор ПРАВДОЉУБЕЦ Регистриран: 18.Април.2005 Локација: Македонија Статус: Офлајн Поени: 24000 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена, само шлаг пена ќе бидеме и можеби неколку жолти ракии. |
|
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена, само шлаг пена ќе бидеме и можеби неколку жолти ракии. |
|
SVOJA
Сениор Регистриран: 28.Мај.2013 Статус: Офлајн Поени: 2159 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
bii jas,ama tolku mi idi bre hehehehe,daa se potrudam ako ne milo mi e ako ti se bendisa
|
|
RODENA SREDE PURPURNI VODOPADI,DETE NA ZVEZDITE,GOSPODARKA NA ZELBITE,RATNIK,TRAGAC TAINSTVEN OSAMENIK.
|
|
Schatzii7
Сениор Unglaublich Регистриран: 19.Октомври.2011 Локација: Lost somewhere Статус: Офлајн Поени: 7061 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Svoja треба да пишуваш и подолги текстови
|
|
»Wenn ein Deutscher einen Zug ausrauben möchte, kauft er sich als erstes eine Fahrkarte.« :) (Lenin 1917)
|
|
SVOJA
Сениор Регистриран: 28.Мај.2013 Статус: Офлајн Поени: 2159 |
Опции за коментарот
Благодарам(1)
|
Sigurno imas pravo, mil moj.Bi imala pomalku bolka ako ne mu se protivam na mectaenjeto,a se prepustam na zelbata,i gi oziveam zadovolstvata koi skrieno tleat vo mene,ZA TEBE.No gospod znae zosto?Neznam dali se reat duhovi vo mene,il fantazija vo moeto srce pricina edna,sto seto ova tuka mi izgleda kako raj.Treba li seto ova da ti go kazuvam tebe,komu mu zdodealo da gleda kako mojata taga preminuva vo raspustenost,a milnata melanholija vo pogubna strast?Sepak ke go smiram srcevo kako bolno dete: ke mu prepustam se.Ne kazuvaj nikomu za ovaa zabluda,ke se najde nekoj sto bi mi go zel ova zlo.
|
|
RODENA SREDE PURPURNI VODOPADI,DETE NA ZVEZDITE,GOSPODARKA NA ZELBITE,RATNIK,TRAGAC TAINSTVEN OSAMENIK.
|
|
SVOJA
Сениор Регистриран: 28.Мај.2013 Статус: Офлајн Поени: 2159 |
Опции за коментарот
Благодарам(2)
|
i sto ako se pojavi sega,posle pola pat izoden.Samo taka li ,bez nikakva cel mi se provna vo zivotov zapocnat.Se e vo red no neznam koja e celta.A mi go razigra zivotov moj nikakov,mi provna nasmevka na moevo lice odamna nevidena,mi ja otvori dusava mi go pokaza zivotot.Kako son si,postois a te nema vo realnosta,tuka si ,no si skrien.A tanja si ti moja skriena vo dusata,koja ne smee da se zivee,nesmee da ja sonuvam ama te imam i te posakuvam,i ke gi zatvoram ocite tivko vo ovaa temna nojk dodeka lezam stutkana za da mozam podobro da te vidam i osetam .Mi vikas,,Zosto ne,postoi li sansa,ke te vidam li nekogas?,,Velam NE .E togas doaga edno budenje od sonot,vrakanje vo realnosta,i prodolzuvanje ponatmu . I tolku od mene inaku amaterski napisano prostetemi.
|
|
RODENA SREDE PURPURNI VODOPADI,DETE NA ZVEZDITE,GOSPODARKA NA ZELBITE,RATNIK,TRAGAC TAINSTVEN OSAMENIK.
|
|
Andjelina
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Miss High Hill’s Регистриран: 07.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 14129 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
ako de
|
|
Никогаш не научив дали е подобро да носиш патики или штикли кога ќе тргнеш во потрага по делот од душата кој ти недостасува
|
|
Внеси реплика | страница <12345 138> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |