|
Историски погледи на црковните прашања |
Внеси реплика | страница <1 2728293031 37> |
Автор | |||
Bronhi
Сениор Регистриран: 06.Февруари.2007 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 348 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Прашање до сите кои сметаа дека МПЦ ги прекршила црковните канони по однос прогласувањето на автономија и автокефалност. Ве молам посочете ми ги каноните кои МПЦ ги прекршила
Јас тврдам дека не е прекршен НИТУ ЕДЕН ЦРКОВЕН КАНОН! Ако грешам кажете ми кој. Црковната јурисдикција на Српската православна црква врз Македонија престанала на 6 април 1941 со Одлука бр. 1279 и Пов., 81. запис. 471 од 22 септември 1945 Одлуката е на на САС на СПЦ Еве еден текст кој хронолошки го следи основањето на МПЦ. Истиот е 20тина страни и ќе го ставам во делови, бидејќи на еднаш не ми дава сајтот :) на св. Климентовата - Охридска
архиепископија во лицето на Македонската православна црква Блискоста
да се оствари сонот на Македонците, да си ја повратат неканонски укинатата Св.
Климентова црква - Охридската архиепископија уште повеќе ја мотивира
македонската интелигенција да говори и да ја афирмира домашната и светската
јавност за потребата на македонскиот народ од своја сопствена држава и своја
сопствена Црква. Како
пример ќе го посочиме Крсте Петков Мисирков кој во својата книга „За
Македонцките работи“ јасно го изнесува сето она за што се залагаше и
митрополитот Теодосиј: ’а ако се признаит
официално, оти во Македонија немат неколку словенцки народности, ами имат само
једна оддел‘на, ни бугарцка, ни србцка, и ако се одделит Македонија во
самостојна архиепископија, наједнаш Турција ке се ослободит од набркуајн‘ето во
македонцките работи од сите 3 саседни држаи.“[1]. К.
П. Мисирков е само еден од плејадата Македонци кои твореле и ја афирмирале
идејата за македонската држава, народ и Црква. Со
поделбата на Македонија помеѓу Србија, Бугарија и Грција по Балканските војни и
македонските епархии биваат поделени помеѓу црквите на овие држави. Со ова
обидот да се однароди македонскиот народ само се засилил, целиот македонски
клир бил сменет со српски, бугарски или грчки, а биле воведени при
богослуженијата јазиците на овие држави. Говорењето на македонскиот јазик било
дури казнувано со затвор, или, пак, во случајот со Грција одење на робија на
некој од грчките острови. Конечно
реализирање на идејата за возобновување на Охридската архиепископија вековната
Црква на Македонскиот народ започнува во Кралството на Србите, Хрватите и
Словенците. За време на Втората световна војна кога на ослободената македонска
територија со дозвола од македонскиот генерал Михајло Апостолски, верскиот
референт, свештеникот Вељо Манчевски го свикал
Првиот свештенички собир на 21
септември 1943 во селото Идеглавје - Дебарца (Охридско). На соборот
присуствувале 11 од постојните 13 свештеници од територијата на ослободениот
дел од Македонија. Од страна на истиот е поздравена одлуката од Верското
поверенство при Главниот штаб на НОВ и
ПО на Македонија коешто донело одлука: да се возобнови Охридската
архиепископија во лицето на автокефална Македонска Православна Црква, на чело
со македонски архиереи, воведување на македонскиот јазик во црковната
администрација и проповедите и отворање на македонски училишта. Соборот донел одлука да се формира Архиерејско намесништво за ослободената
македонска територија на чело со свештеникот Антим Поповски кој е поставен за
Архиерејски намесник. Направена е и парохиска поделба на територијата, при што
истата е поделена на девет парихии. Во македонската историја овој Свештенички собир се смета за предвесник на
Вториот Илинден - Првото заседание на АСНОМ (Антифашистичко Собрание на
Народното Ослободување на Македонија) на 2 август 1944 и исполнување
на македонското право за слободна татковина и возобновена Св. Климентова
Охридска архиепископија. Улогата на ова Архиерејско намесништво и поврзаноста
на свештенството со својот народ и важната улога што истото ја игра во борбата
за национално докажување на македонската посебност може да се согледа и во тоа
што Архиерејскиот намесник, свештеникот Антим Поповски е поставен за
претседател на Околискиот народно-ослободителен одбор во Македонија. При крајот на Втората световна војна на Првото заседание на АСНОМ на
2 август 1944 се поставени темелите на Македонската држава. Со заминувањето на пропагандите Црквата во Македонија остана без епископи.
Заради зачувување на редот во истата во октомври
1944 во селото Врановци доаѓа до
формирање на Иницијативен одбор за
организирање на црковниот живот во Македонија. За таа цел, а по наредба од
Иницијативниот одбор, во сите градови во Македонија се формираат Духовни одбори
коишто раководат со црковниот живот. За жал Историјата се повторува! [1] К. П. Мисирков, За Македонцките работи, (Фототипно издание), Скопје 2002, 11.12.33-34.35.36. Поопширно за мислата на Мисирков за возобновување на Охридската архиепископија, види: Протоѓакон Ратомир Грозданоски, К. П. Мисирков како богослов, неговите еклисиолошки погледи и барањата да се возвозобнови Охридската архиепископија како автокефална црква на цела Македонија, Годишен зборник на Богословскиот факултет „Свети Климент Охридски, Книга 9, Скопје 2003, 37-78. Српската православна црква започнува со обиди да го врати својот
пропаганден црковен апарат во Македонија и да ја врати црковната состојба во
рамките од пред Втората световна војна[1] т.е.,
потчинување на македонските епархии и враќање на српскиот Скопски митрополит
Јосиф. Ова доведува до свикување на Првиот
македонски црковно-народен собор во Скопје[2] (4 - 5 март
1945) на кој присуствуваат над 300 делегати (свештеници и мирјани)[3]. На
овој Прв црковно-народен собор е донесена следнава Резолуција: „Р Е З О Л У Ц И Ј А 1. Македонскиот
православен народ, преку своите избрани делегати од сите духовни околии во Македонија,
решава да се возобнови Охридската архиепископија како Македонска самостојна црква
и да не биде потчинета ни на која друга помесна национална православна црква; 2. Решава
да има свој народен епископат и свое народно
свештенство кое ќе биде гаранција дека нашиот народ ќе си ги запази карактерните
особености и ќе биде поблизок до својата родна Црква; 3. Решава на возобновената Охридска архиепископија,
првиот македонски епископ да носи титула Архиепископ Охридски, а нашата православна
црква да се вика „Свети Климентова Охридска
Архиепископија“; 4. Решава,
избраната делегација да ги посети сите сестрински цркви, или писмено да ги извести
и да биде толкувател пред нив на соборското решение и сенародната желба на православните
Македонци и да издејствува признание од сите православни цркви, решението да ни
добие канонска потврда, и да биде во најскоро време во дело по патот на црковните
канони и во духот на утврдената црковна традиција; 5. По свршувањето
на таа работа, предлагаме делегацијата да покани гости епископи од други православни
цркви, а ние да бидеме свикани на второто заседание за избор на кандидати за наши
народни владици, кои ќе бидат хиротонисани од гостите епископи; 6. Првиот
меѓу нашите епископи сакаме да биде на торжествен начин устоличен во градот Охрид,
на престолот на Охридската архиепископија; 7. Кога ќе се создаде Југословенска православна
црква - Патријаршија и нашата Македонска православна црква ќе влезе во нејзиниот
состав како другите православни цркви во Федеративна Југославија“[4]. Одлуките од Првиот македонски црковно-народен собор биле доставени до
вршителот на патријаршиската должност во Белград, бившиот Скопски митрополит
Јосиф. Но, Синодот на Српската православна црква заборавајќи дека црковната јурисдикција на Српската православна
црква врз Македонија престанала на 6 април 1941 со Одлука бр. 1279 и Пов., 81.
запис. 471 од 22 септември 1945 ја негира Резолуцијата од овој Собор. Ова
доведува до ново Свештеничко собрание
одржано на 9 - 10 мај 1946 на коешто присуствуваат околу 200
свештеници од Македонија. На Собранието е донесена следнава Резолуција: „Р Е З О Л У Ц И Ј А 1. Бараме да имаме народни
архијереи, народно свештенство и самоуправност на сите внатрешни црковно-народни
прашања; 2. Народните архијереи
да бидат избрани од народот и свештенството; 3. Да се испрати апел
до Светиот синод на СПЦ, до српското православно свештенство и народот, како и до
православните свештеници и православните верници и другите југословенски народи,
и до црковно-народниот собор на Македонија, да ја поткрепат идеата и акцијата за
поскоро организирање на православни цркви во Југославија во која да влезат сите
православни цркви на рамноправни начела; 4. Православните цркви
на народните републики да имаат право на самоуправност во внатрешните црковни прашања,
да се раководат од свои народни архијереи кои ќе бидат членови на Архијерејскиот
собор на православната црква во Југославија со еднакви права и задолженија при решавање
на прашања од интерес на заедничкиот црковен живот; 5. Секоја Народна црква,
без оглед на бројот на верниците да има и по еден свој претставник во постојаното
управно тело, односно во Светиот синод на православните цркви во Југославија; 6. Проект Уставот на Православна
црква во Југославија да биде изработен од комисија составена од еднаков ист број
претставници од сите Православни цркви во Југославија, истиот да се разгледа и прими на еден заеднички
Црковно-народен собор; 7. Да организира југословенски
православни цркви и хиротонија на македонски архијереи, црковниот живот во Македонија
да се раководи од избраните од нас црковно-управно тело, и 8. Ставање во должност
на тоа Црковно-управно тело да го направи потребното оваа резолуција да биде спроведена
во дело“[5]. Со
направените отстапки од оваа Резолуција, а во однос на Српската православна
црква се сметало дека истава ќе биде прифатена од страна на Српската
православна црква. Но, се случило исто како и со претходната резолуција од
Првиот македонски црковно-народен собор. Оваа Резолуција е одбиена од страна на
Синодот на Српската православна црква со заклучок од 10/23 ноември 1946 под АС
бр. 18/заг. 12, со што е повторена одлуката од 22 септември 1945[6]. По
донесувањето на резолуцијата свештеничкото собрание пристапило кон
реорганизирање на Иницијативниот одбор, на чиешто чело застанал протоерејот
Нестор Поповски. На 11
мај 1948 Иницијативниот одбор упатува нов апел до Архиерејскиот собор на
Српската православна црква: „1. Македонскиот
народ и неговото свештенство има еднодушна желба и право во однос на својата
црква да добие свои архиереи, кои ќе бидат вистински народни и црковни
претставници; 2. Православната црква во НР Македонија да
биде самоуправна и да се вика: ’Православна црква во НР Македонија’, која ќе
биде во канонска врска со Српската православна патријаршија; 3. Што побрзо да се
изврши избор на кандидати за епископи, а тие кандидати избрани од нашето
свештенство и народ, да бидат предложени на Св. Арх. Собор за хиротонија; 4. Сите горни барања
да бидат потврдени со одредбите на уставот [...] ваквото решение на нашето
црковно прашање ќе бидат од полза за обете страни и во духот на оправданите
желби на југословенските народи, во општ интерес на верата и црквата, за чување
на братството и единството на нашите народи“[7]. [1] Македонските епархии до создавањето на Српската
православна црква се наоѓаат под црковна јурисдикција на Цариградската
патријаршија. За да ги добие овие епархии Кралствот на СХС започнува преговори
со Цариградската патријаршија. Делегацијата којашто преговарала со
Патријаршијата била составена од: дипломатот Панта Гавриловиќ, д-р Чедомир
Митровиќ, народниот пратеник Саво Љубибратиќ, пратеникот Тенко Поповиќ, прота
Стеван Димитријевиќ и ѓаконот Емилијан Пиперковиќ. За согласноста на Цариградската патријаршија да ги отстапи македонските
епархии на Српската православна црква, Кралството на СХС од државната каса
исплатило 1,500.000 златни франци. Прогласувањето на Српската православа
црква за самостојна е направено со кралски Указ! Д. Илиевски, Македонското православно свештенство во
борбата за црковна и национална слобода на македонскиот народ, Скопје 1986,
133. [2] Соборот е одржан во Големата сала на
Офицерскиот дом, истиот повеќе не постои, беше срушен за време на земјотресот
во Скопје 1963. [3] Интересно е да се напомене дека на овој
Собор присуствувале и претставници и од другите верски заедници во Македонија:
од Римокатоличката црква претставник бил Алојз Турк, а од Муслиманската верска
заедница скопскиот муфтија Саит Идриз. [4] Д. Илиевски, Македонското православно свештенство во борбата за црковна и национална
слобода на македонскиот народ, Скопје 1986, 127-127. [5] Цитирано според: Д. Илиевски, Македонското
православно свештенство во борбата за црковна и национална слобода на
македонскиот народ, Скопје 1986, 151-152. [6] Исто., 154-155. [7] Цитирано според: Јован Белчовски, Историските основи за автокефал-носта на Македонската Православна Црква, Скопје 1990, 145-146. „1. Додека не
се реши прашањето на митрополитот Јосиф, кого ние не сакаме да го примиме, да
ни се дадат два епископа: господин Доситеј и да се избере прота Тома Димовски
за втор епископ; 2. Во иднина исто така во епархиите во НР
Македонија да се бираат епископи само од Македонија; 3. Во администрацијата да се употребува
нашиот, македонскиот јазик, како и во коресподенцијата; 4. да се преименуваат црковните установи и
печатите во НР Македонија, и наместо ’Српска православна општина во...’ или
слично, да стои ’Православна црковна општина во...’; 5. Во нашите епархии свештеници да се
поставуваат само од Македонија, и 6. По можност првата
хиротонија на другиот кандидат да се изведе кај нас, заради нашиот народ и свештенство,
зошто тоа би било голема манифестација“[2]. Патријархот Викентиј со ова писмо се обратил до Архиерејскиот сабор кој во
одговорот на ова писмо посебна улога им дал на српскиот епископ во Соединетите
Американски Држави Дионисиј и епископот Николај Велимировиќ. Така, епископот Дионисиј со писмо
под Д. Прот. Бр. 6 од 16 јануари 1952 се обратил до патријархот Викентиј
со предлог до Архиерејскиот Собор на Српската православна црква против
признавање на Македонска православна црква и Иницијативниот одбор. Во писмото
меѓу другото се вели: „затоа се измислени: македонската народност,
македонската азбука и македонската книжевност, да би се запечатило со
дефинитивното одвојување од Српската православна црква и за создавање независна
Македонска православна црква која би ги сочувала тие измислени творевини“[3]. Со иста цел на 5 јануари 1952 до патријархот Викентиј испратил писмо и
епископот Николај Велимировиќ, во кое што вели: „Уште потежок е случајот
со признавањето на ’македонската народност’, што може да го стори само некој
поматен мозок или некој српски одрод и плитички смуткаџија, продадена душа,
предавник на српскиот народ. А, кога не постои македонска нација не може да
постои ни ’македонска азбука’, ни македонска книжевност, ни македонски јазик,
кој всушност е само срботекст на светосавски дијалект на српскиот народ[4]“. Доволни се само овие делови од писмата на овие многупочитувани српски
епископи за да разбереме какво христијанство сакала да проповеда и шири во
Македонија Српската православна црква. Каква татковска грижа овие архиереи биле
подготвени да му дадат на македонскиот народ и со каква мајчинска љубов
Српската православна црква сакала да го облие и прегрне македонскиот народ.
Зарем некој може да си дозволи да негира постоење на еден народ!? Негирање на
народ кој го повика св. ап. Павле да дојде во Македонија за да му
проповеда за Христа, народ од чиишто прегратки излегоа сесловенските
просветители св. браќа Кирил и Методиј. Народ кој има оставено свој силен
печат врз светската историја, народ со богата култура, народ кој прв од сите
останати словенски народи ја имаше Библијата на својот мајчин јазик. Народ
горд, горд поради духовното наследство коешто го има - Св. Климентовата
Охридска архиепископија. Сепак, и покрај овие негодувања и испади од страна на српските епископи,
српскиот патријарх Викентиј успева да добие согласност од Архиерејскиот собор
на Српската православна црква[5] да избере епископи за епархиите во НР Македонија. Во
согласност со договореното Иницијативниот одбор на 7 јуни 1954 упатил ново
писмо до Патријархот каде меѓу другото се вели: „1. Православната
црква во Македонија да биде во канонско единство со Српската православна црква
на чело со патријархот Викентиј, Св. Архиерејски собор и Св. архиерејски синод; 2. Црквата
во Македонија да се вика Православна црква на Македонија како би се запазил
националниот суверенитет на православното свештенство и македонскиот народ и во
таа смисла да се викаат и пониските организациони единки; 3. Во
администрацијата да се употребува македонскиот јазик, а во црквата
црковно-словенскиот“[6]. Како предлог за нови епископи е испратена листа со предлог имиња: свештеникот
Нестор Поповски од Скопје, прота Томо Димовски од Битола и епископот Топлички
Доситеј (кандидат за епископ на Злетовско-струмичката епархија), од овие беше
прифатен само епископот Доситеј, но и тој не беше избран. Во 1956 Иницијативниот одбор го призна патријархот за Администратор[7] на македонските епархии при што е извршена и нова
реорганизација на епархиите во Македонија и истите се поделени на три епархии:
Скопска, Охридско-битолска и Злетовско-струмичка. Бидејќи сите три епархии биле
без епископи истите внатрешно се поделени на Архиерејски намесништва на чело со
Архиерејски намесници, сè со цел подобро организирање на црковниот живот. Во
периодот што следи се чини дека работите се помрднале од мртва точка, дури
патријархот Викентиј и ракоположил неколку нови свештеници. Во април 1958 во Македонија доаѓа делегација од Српската православна црква:
патријархот Викентиј, епископот Нишки Јован, епископот Браничевски Хризостом и
викарот на патријархот епископот Доситеј, и се чини дека работите конечно ќе
дојдат на своето место. Веќе на 10 мај истата година Архиерејскиот Собор на
Српската православна црква повторно одлучува да се врати состојбата во „Јужна
Србија“ онака како што била до пред Втората световна војна и го негира
договорот од 1957 со кој беше договорен избор и хиротонија на епископи
Македонци. Архиерејскиот собор на Српската православна црква цели 12 години
играше партија шах со Иницијативниот одбор и додека вториов од барање за
автокефалија во 1945 ги менуваше и намалуваше своите барања признавајќи го дури
и српскиот патријарх за администратор со македонските епархии, Архиерејскиот собор
знаеше само за еден потег: рокада! Иницијативниот одбор сметаше дека е време да се стори нешто, немаше повеќе
што да се отстапи. За таа цел, на 23 јули 1958 со проширен пленум
Иницијативниот одбор донесена е одлука за свикување на нов македонски црковно-народен
собор. На 4 октомври во одморалиштето „Орце Николов“ на бреговите од Охридското
езеро започнува со работа Вториот
македонски црковно-народен собор. Истиот трае до 6 октомври и на него
присуствуваат 219 делегати. Самиот Деловник на Соборот бил поделен на три дела.
Во првиот дел се разгледувани точки коишто се однесуваат на самиот собор и
дотогашните активности на Иницијативниот одбор. Во вториот дел е третирана
обновата на Охридската архиепископија, а во третиот дел Уставот на Македонската
православна црква и нејзиното уредување. Овој Црковно-народен собор ја донесува
следнава Одлука: О Д Л У К А I Овој Црковно-народен собор решава да се обнови старата
Македонска Охридска архиепископија која беше присилно укината, а и епархиите
припоени кон Цариградската патријаршија во 1767 година, и истата да носи назив
„Македонска православна црква“. II
Според
основните канонски прописи црковните граници да се поклопуваат со државните
граници, овој собор решава црковните граници на епархиите на Македонската
православна црква наполно да се поклопуваат со границите на НР Македонија. III Во
составот на Македонската православна црква влегуваат: митрополија Скопска,
епархиите Охридско-битолска и Злетовско-струмичка со сите парохии што се
наоѓаат на територијата на НР Македонија. IV
На чело на македонската
православна црква стои митрополит кој носи титула „Архиепископ охридски и
скопски и митрополит Македонски“.
Седиштето
на митрополијата е во град Скопје. Митрополитот
со епархиските архиереи претставува највисока духовна власт на Православната
црква во Македонија. V
Животот и работата на
Македонската митрополија како и на целиот црковен живот, ќе се одвива според
Уставот и одредбите на Македонската црква што овој собор ќе ги донесе, како и
според каноните на Православната црква.
VI
Овој собор ќе го избере првиот митрополит и епархиските
архиереи на македонската православна црква од средината на своите домашни
синови, а според правилникот што соборот ќе го донесе. VII
Заради одржување на црковно-канонското единство во
Православната црква на територијата на ФНРЈ, Македонската црква го признава
патријархот на Српската православна црква како врховен поглавар на православните.
Единството во православната црква го репрезентира патријархот. VIII
Правата и односите меѓу патријархот на Српската
православна црква и Македонската православна црква ќе бидат утврдени со посебна
спогодба. IX
Овој црковно-народен собор, по изборот на митрополит и
епархиските архиереи, ќе ја продолжи својата работа како прв законодавен и
уредбодавен редовен собор на Македонската митрополија[8]. Особено внимание од оваа Одлука привлекуваат членот 4 и членот 7 во коишто
јасно се укажува во каков однос ќе биде Македонската православна црква со
Српската православна црква, како две независни цркви коишто постојат во една
Федеративна држава. ФНР Југославија беше како што кажува и нејзиното име
Федерација на независни држави здружени поради заеднички интерес, ова треба да
биде и односот помеѓу двете автокефални цркви коишто се наоѓаат во две
независни држави: НР Србија и НР Македонија, но сепак, заедно во Федерацијата.
Токму ова е односот поставен помеѓу Македонската и Српската православна црква.
Патријархот е признат како врховен поглавар на Православната црква во рамките
на Федерацијата, а не во Македонија. Членот 4 јасно го определува и
единствениот поглавар на Македонската православна црква: На чело на Македонската
православна црква стои митрополит кој носи титула „Архиепископ охридски и
скопски и митрополит Македонски. Интересно е дека при формирањето на
Српската православна црква во указот на Министерството на верата на Кралството СХС
и во канонското писмо на Цариградскиот патријарх не се споменува Српска православна
црква, туку Обединета православна црква во
Кралството СХС! [1] На погребот на српскиот патријарх Гаврило
присуствувала и Делегација испратена од Иницијативниот одбор. Истата ја
сочинувале свештениците: Ѓорѓи Ангелковски, Борис Анѓелковски, Вељо Манчевски и
Симон Сардељиќ. [2] Цитирано според: Јован Белчовски, Историските основи за автокефал-носта на Македонската
Православна Црква, Скопје 1990,
146. Види: Д. Илиевски, Македонското
православно свештенство во борбата за црковна и национална слобода на
македонскиот народ, Скопје 1986, 181-182. [3] Д. Илиевски, Македонското православно свештенство во борбата за црковна и национална
слобода на македонскиот народ, Скопје, 182. [4] Исто., 182 -83. [5] Писмо од Светиот Синод на Српската православна црква
бр. 1149/54. [6] Цитирано според: Јован Белчовски, Историските
основи за автокефално-ста на Македонската Православна Црква, Скопје 1990, 147; Д. Илиевски, Македонското православно свештенство во
борбата за црковна и национална слобода на македонскиот народ, Скопје, 251. [7] Патријархот Викентиј е прифатен за Администратор на трите непополнети
епархии на НРМ, под услов администраторството да не трае повеќе од интервалот
на две заседанија на Светиот архиерејски сабор. [8] Цитирано според: Јован Белчовски, Историските основи за автокефално-ста на Македонската Православна Црква, Скопје 1990, 149-50; Д. Илиевски, Македонското православно свештенство во борбата за црковна и национална слобода на македонскиот народ, Скопје, 316-317. „Светиот
Архиерејски Собор констатира: дека епархиите Скопска, Охридско-битолска и
Злетовско-струмичка на црковно-народниот собор одржан на 4-6 октомври 1958
година во Охрид СЕ ИЗДВОИЛЕ ВО
САМОСТОЈНА МАКЕДОНСКА ПРАВОСЛАВНА ЦРКВА која се управува по Уставот донесен
на тој Собор, а останува и понатаму во КАНОНСКО ЕДИНСТВО со Српската
православна црква преку нејзиниот поглавар НЕГОВАТА СВЕТОСТ ПАТРИЈАРХОТ на
Српската православна црква.[1] [...] СО ОВАА
ОДЛУКА ПРЕСТАНУВААТ ДА ВАЖАТ ПРОПИСИТЕ НА СРПСКАТА ПРАВОСЛАВНА ЦРКВА ЗА ЕПАРХИИТЕ
И АРХИЈЕРЕИТЕ НА ТЕРИТОРИЈАТА НА НР МАКЕДОНИЈА“[2]. Веќе на 10 јули истата година српскиот патријарх Герман заедно со
архиепископот Доситеј во храмот „Св. Мина“ во Скопје го хиротонисаа Климент
(Никола Трајковски) за епископ Охридско-битолски , а на 26 јули во Штип во
храмот „Св. Никола“ е хиротонисан за епископ Злетовско-струмички Наум (Тома
Димовски). Со самото сослужување, а и ракополагањето на двата епископа коишто и
недостасуваа на Македонската православна црква да дејствува и да се развива
понатаму, патријархот Герман и лично ја
потврди одлуката и каноничноста од прогласувањето на Македонската православна
црква за АВТОКЕФАЛНА. Во 1962 Македонската православна црква ја посети и рускиот патријарх
Алексеј при што на 25 мај во храмот „Св. Богородица - Каменско“, Охрид
беше отслужена света архиерејска литургија чиноначалствувана од тројцата
поглавари: патријархот Алексеј, патријархот Герман и архиепископот Доситеј. Но овој мир во Црквата Христова траеше кратко. Веќе во 1966 на својата
седница во мај Архиерејскиот собор на Српската православна црква донесува
Одлука да се ревидира Одлуката од 24 јуни 1959 и Македонската православна црква
да се врати под нејзина јурисдикција. Не можејќи со ништо да го оправда ваквиот став на Архиерејскиот собор и не
наоѓајќи можност за дијалог со Српската православна црква, Светиот Синод на
Македонската православна црква со писмо (Бр. 226 од 5 декември 1966)
побара од Архиерејскиот собор на Српската православна црква признавање на
Автокефалноста. Одговорот беа закани упатени кон македонските архиереи. Како последица од ваквиот однос на Српската православна црква Светиот Синод
на Македонската православна црква свика Трет
македонски црковно-народен собор (17 јули 1967). Соборот ја подржа одлуката
на петтемина македонски архиереи за прогласување автокефалност. Па така, на 18 ЈУЛИ 1967 Светиот Синод на
Македонската православна црква донесе Одлука за прогласување автокефалност. О Д Л У К А ЗА ПРОГЛАСУВАЊЕ АВТОКЕФАЛНОСТ
НА МАКЕДОНСКАТА ПРАВОСЛАВНА ЦРКВА ЧЛЕН 1. Македонската
православна црква - наследница на обновената Охридска архиепископија - се ПРОГЛАСУВА
АВТОКЕФАЛНА. ЧЛЕН 2. На чело на автокефалната македонска православна црква е АРХИЕПИСКОП со достоинство
„АРХИЕПИСКОП ОХРИДСКИ И МАКЕДОНСКИ“. Досегашниот поглавар на Македонската православна црква, сега поглавар на автокефалната
Македонска православна црква, Неговото Блаженство Господин Доситеј ќе се именува
„АРХИЕПИСКОП ОХРИДСКИ И МАКЕДОНСКИ“. ЧЛЕН 3. Дијацезата
на автокефалната Македонска православна црква се поклопува со границите на македонската
национална држава - Социјалистичка Република Македонија. ЧЛЕН 4. Автокефалната
Македонска православна црква, како дел на едината, света, соборна и апостолска Црква,
ги прима и го чува своето Свето Писмо, прописите на сите Вселенски и Помесни собори,
како што го чуваат и другите автокефални православни цркви и отфрла секое друговерно
учење. ЧЛЕН 5. Автокефалната
Македонска православна црква се управува согласно со Светото Писмо, Светото Предание,
Апостолските правила, каноните на светите Вселенски и Помесни собори и Уставот на
Македонската православна црква. ЧЛЕН 6. Препис од
оваа одлука да се достави до сите автокефални православни цркви, како и до сите
епархии и црковни општини на автокефалната Македонска православна црква. ЧЛЕН 7. Објавувањето
на оваа Одлука да стане пред Црковно-народниот собор на Македонската православна
црква, свештенството и благочестивите христијани на Св. Архиерејска литургија
во црквата Св. Климент Охридски во Охрид. ЧЛЕН 8. Оваа одлука
стапува во сила веднаш по донесувањето. Со писмо
од 31 август 1967 Светиот Синод на Македонската православна црква го запозна
Архиерејскиот собор на Српската православна црква со својата одлука, одговорот
беше дека високиот клир при Македонската православна црква се расколници [!?].
Со цел да го одвои македонскиот народот од својата Црква, истиот не беше
прогласен за расколнички. Доколку клирот на Македонската православна црква се
расколници, тогаш и македонскиот народ е расколнички, бидејќи Црковно-народниот
собор од 17 јули ја потврди и усвои Одлуката на Светиот Синод на Македонската
православна црква. Иако
поминаа 62 години од Првиот свештенички собир (21 септември 1943) и 38
години од прогласувањето на
Автокефалноста на Македонската православна црква (18 јули 1967), таа сè уште не
е признаена од страна на Српската православна црква. На почетокот од XXI век
Српската православна црква сè уште го одрекува постоењето на македонскиот народ
со што ја правда „не возможноста“ да постои Македонска православна црква како
Црква на македонскиот народ. [1] Цитирано според: Јован Белчовски, Историските
основи за автокефално-ста на Македонската Православна Црква, Скопје 1990,
151 . Изменето од macedon_alex - 23.Јули.2009 во 14:40 |
|||
Земете БРОНХИ полесно се дише
|
|||
g-1
Сениор Регистриран: 10.Јули.2009 Статус: Офлајн Поени: 356 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Sigurno deka nema zabuni. Prasanjeto bese jasno. Poradi interes moze da se nadopolni intrvjuto. Smetam deka cenetiot akademik Cvetan Grozdanov kako dobar poznavac na rabotite kako najkompetenten strucnjiak ne bi imal nisto protiv da ja obrazozi sodrzinata na dekretot na Vasilie II. |
|||
g-1
Сениор Регистриран: 10.Јули.2009 Статус: Офлајн Поени: 356 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Dali bi mozel cenetiot akademik Cvetan Grozdanov kako dobar poznavac na crkovnite prasanja, da kaze nesto poveke za sodrzinata na "zlatnata bula" so koja 1018 god. e vostanovena "Ohridskata Arhiepiskopija". |
|||
да бе
Сениор О’ Дабштајн Регистриран: 10.Април.2009 Статус: Офлајн Поени: 5367 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Многу точно речено мамамд, Сега некоj да намери мапа од 9 век и да гледа што пишува помегу денешна Украина и денешна Сицилиа |
|||
mamamd
Сениор Почесна конзулка Регистриран: 02.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 25679 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
За црковните прашања секогаш се зборувало, се барале решенија далеку од очите на јавноста. Еве извадок за ова од интервјуто на академик Цветан Грозданов
Во Вашите истражувања посебно место зазема Охридската архиепископија. Какво беше нејзиното значење и имаме ли право да се прогласуваме за единствени наследници? Ова е прашање кое бара поширока елаборација, но сега само кусо ќе кажам: иако тоа е црковна институција од екуменски ранг и постоела речиси 800 години, нејзината власт се протегала од Украина до Сицилија, но, сепак, основното нејзино јадро е Македонија. Охридската архиепископија е нашата државност. Благодарение на христијанските норми во нејзе дејствувале најинтелигентните чеда на македонскиот народ, за што говори големата активност и книжевна заоставнина. МПЦ има право да смета и верува дека е наследник на Охридската архиепископија. Дали во блиска иднина ќе се реши спорот со Српската православна црква околу автокефалниот статус на МПЦ. Имаме ли во целата приказна и ние своја вина? - Преговорите повторно со СПЦ се во тек. Ние бараме посредување од Руската православна црква, која ги знае нашите проблеми и има големо влијание дури и врз СПЦ и точно знае какво било значењето на светите Кирил и Методиј, Климент, Наум... за словенскиот свет. Скора разврска не очекувам, но се надевам дека ова прашање ќе мора да се надмине. |
|||
пивце
Група Регистриран: 19.Јуни.2009 Статус: Офлајн Поени: 71 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Алелуја
|
|||
Навигатор Цветко
|
|||
МАРШАЛ
Сениор ГРОБАР ДО ГРОБА Регистриран: 06.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 44396 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
crkovnite prasanja se najbolnoto nesto koe go razedinuva siot pravoslaven hristijanski svet i mislam deka treba ednas zasekogas da se zatvorat taka sto kje se obedinat na nacin kako sto toa go napravija katolicite ......
|
|||
пивце
Група Регистриран: 19.Јуни.2009 Статус: Офлајн Поени: 71 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Па по тој пат српската црква ја зела денешна Македонија од грчката. Тоа е факт, и секако, нелегален. Но, во секој случај, работа која ни одговара нам најмногу
|
|||
Навигатор Цветко
|
|||
Македон
Сениор Caesar Constantinus Регистриран: 20.Јули.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 9928 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Не е сега тоа тема на муабетот. А мило ми е што и сам сфати дека симонијата не е легална во рамки на Црквата, а со тоа и власта на СПЦ на овие простори е нелегална. |
|||
пивце
Група Регистриран: 19.Јуни.2009 Статус: Офлајн Поени: 71 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Пред тоа сме биле под грчка. ако сакаш, слободно врати се под грчката. |
|||
Навигатор Цветко
|
|||
Владо
Сениор Регистриран: 25.Мај.2009 Статус: Офлајн Поени: 185 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Слушај, многу си провиден! Не знам јас кој кого сакал во втората светска војна, но знам дека Србите сигурно не биле баш пожелен фактор тука (освен некои нечесни исклучоци) за тоа имаш сведоштва колку што сакаш. Доволен ти е фактот што еден Лазар Колишевски не дозволува враќање на српските колонисти, за тебе Ченто и Шарло се Бугари, си кажа веќе, но за мене и нема некоја важност што мислите ти и Зоки, а како што реков, и за мнозиствот верници во Македонија. И јас не знам како ти ги сфаќаш работитее, не ме ни интересира, но ако некоја верска институција е востановена по пат на сила, тогаш каква валидност има таа?! Што се онесува до мене, МПЦ не мора од никого да биде признаена, доволен е фактот што е македонска, и што е наследник на Охридската архиепископија, факт кој го признава и СПЦ, колку што разбрав.
Изменето од macedon_alex - 22.Јуни.2009 во 14:02 |
|||
Македон
Сениор Caesar Constantinus Регистриран: 20.Јули.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 9928 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Е има разлика како си завладеала. Симонијата автоматски е спротивност на каноните, а тоа значи и ништовност на договорот СПЦ и Цариград, меѓутоа нормално, тие нема да признаат ништовност,па дури и ако е спротивност на каноните, затоа што едните ќе загубат власт, а другите ќе треба да враќаат пари. За симонија има и во Библијата, а кој не ја почитува Библијата- не е Црква! |
|||
пивце
Група Регистриран: 19.Јуни.2009 Статус: Офлајн Поени: 71 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Без разлика кога СПЦ завладеала со македонските цркви, при одделувањето на МПЦ од СПЦ, СПЦ си имала потполна, легална и канонска власт во Македонија. Инаку, пред СПЦ, црквите биле под грчка власт.
Непожелен елемент? Можеби негде. Но, негде бил и пожелен. Исто како Бугарската војска во втора светска војна. Негде биле пожелни, негде не. негде биле пречекани како окупатори, негде како ослободители. И не можеш да кажеш дека македонскиот народ не ги сакал бугарите тогаш. Да, поголемиот дел не ги сакал (мојата фамилија, на приемр од срж ги мразела), но за општонародно мразење не може тоа д се прогласи. Така и со црквата. Имало некој кој ја сметал СПЦ за непожелна, но имало мноооогу кои во неа гледале едноставно-црква. |
|||
Навигатор Цветко
|
|||
Македон
Сениор Caesar Constantinus Регистриран: 20.Јули.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 9928 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Пивце, те молам не се подбивај со г.г. Стефан нарекувајќи го Стевчо, за некого тој значи нешто, од друга страна Владо внимавај и ти на речникот за тоа предавнички и сл. И јас не го сакам Јован Вранишковски, меѓутоа го нарекувам Јован и не се подбивам со него.
Едитирајте си ги постовите ве молам! |
|||
Внеси реплика | страница <1 2728293031 37> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |