IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Образование
  Активни теми Активни теми RSS - Писмени состави,семинарски...
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Писмени состави,семинарски...

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 2728293031 113>
Автор
Порака Обратен редослед
 Оцена: Оцена на тема: 3 Гласови, Просечно 3,00  Тема Пребарувај Тема Пребарувај  Опции за темата Опции за темата
Blue Scarlet Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Амазонка

Регистриран: 03.Ноември.2009
Статус: Офлајн
Поени: 9011
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Blue Scarlet Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Ноември.2013 во 16:58
Originally posted by Blue Scarlet Blue Scarlet напиша:

Знаеме, кај вас секогаш е итно .... намигнување
А за промена наместо пред компјутер да барате перја од паун сами да се обидете да напишете нешто ... ако ништо друго барем ќе знаете дека е ваше ...... замисленост
Цццццц ... кај отиде векот ееееејјјјјјјјјјј .... ох

Еве сум се обидела да се бунтувам на темава .... но и понатаму продолжувам да читам како се бара помош за дела како Пустина, Пиреј, Калеш Анѓа ..... Потоа го видов Дон Кихот, Робинзон Крусо .... ликовите на Ахил и Хектор, Царот Едип, Антигона ..... овие дела не се за џабе ставени како „обавезна литература“ тие дела помагаат во формирање на карактерот а тоа дефинитивно не е скалило кое треба и може да се прескокне во денешно време ....
Но што знам јас за тоа нели .... глупчо
Lupus non mordet lupum.

Vulneratus non victus!

Кон врв
д4б3 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Lord OFF the topic

Регистриран: 31.Јули.2013
Статус: Офлајн
Поени: 2580
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај д4б3 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Ноември.2013 во 16:42
па неможе сите да пишуваат авторски работи

си треба и копи/пасте понекогаш

целата оправдува средствата
Кон врв
Messenger Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор

Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet

Регистриран: 21.Април.2006
Статус: Офлајн
Поени: 18208
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Messenger Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Ноември.2013 во 16:25
Originally posted by acika acika напиша:

Sto e ova samo pjagijati....site prepisuvaat COPY-PASTE :)

Точно така!

Потоа ние сме првите кои во другите подфоруми критикуваме како македонските ученици и студенти препишуваат, не читаат, не учат, земаат некакви фиктивни дипломи кои немат никаква вредност, дека криво е општетсвото за тоа... А НИЕ СМЕ ТОА ОПШТЕСТВО И САМИТЕ ГО ПОТТИКНУВАМЕ, ХРАБРИМЕ И ХРАНИМЕ ТОКМУ ТАКВИОТ НАЧИН НА ЖИВЕЕЊЕ СО ОВАА ТЕМА.

СРАМОТА!

Им правиме мечкина услуга и на децата и на опшеството!





Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
Кон врв
acika Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 31.Август.2006
Статус: Офлајн
Поени: 1600
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај acika Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Ноември.2013 во 15:31
Sto e ova samo pjagijati....site prepisuvaat COPY-PASTE :)
Finis coronat opus
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Ноември.2013 во 15:14
Калеш Анѓа

Кога се свртуваме кон едно од делата на македонскиот писател Стале Попов (1900-1965), секако, треба да го имаме предвид времето во кое тој го зазема своето место во македонската литература.

Стале Попов и припаѓа на првата повоена генерација македонски писатели, а тоа што е прозен писател е податок кој, исто така, треба да се земе предвид при описот на неговата творечка постапка. Зошто го потенцираме сево ова? Затоа што секој познавач на нашата литература знае дека македонската литература има богато фолклорно наследство кое, како и во сите светски литератури, е силен поттикнувачки извор за оригинално, авторско творештво. Фолклорот секогаш е своевиден првичен импулс во периодите кога, во определена национална литература, авторската литература се издвојува, се разлачува од анонимноста на (божемното) колективно авторство. Во народната литература, секако, не можеме да направиме паралела со сите жанрови кои постојат во авторските опуси на една развиена национална литература.

Ги повикавме на помош овие аргументи поради тоа што Стале Попов со своите прозни дела (најголем број од нив се романи), во педесеттите години, во повоениот период, во македонската литература нема претходници, нема постари колеги во рамките на својата национална литература на чиешто творештво, во македонскиот јазик, жанровски би се надоврзал. Исто така, ни македонската народна литература не му дава такви можности, со оглед на жанрот кој во неа отсуствува (романот не постоел во народната литература).

Значи, кога зборуваме за творештвото на Стале Попов, поаѓајќи од овие предзнаења, ќе откриеме дека тој, со своите литературни афинитети бил свртен кон друго јазичните литератури и кон делата кои, достапни за него, можеле да му помогнат во изразувањето на неговите раскажувачки афинитети. Истовремено, во неговиот јазичен израз (што не е неважно за една жива проза), ќе ги пронајдеме благородните влијанија на народното богатство вцицано и со мајчиниот јазик, и со слушањето на богатото наследство на традицијата.

Местото на Стале Попов во историјата на македонската литература е веќе дефинирано. Тој, со својата реалистичка раскажувачка постапка го поттикна Димитар Митрев да го именува како „наш завојуван и освоен деветнаесетти век". Оваа дефиниција на Димитар Митрев треба да ни помогне да го сфатиме своевидниот процеп во нашата литература, да ни помогне да разбереме дека во повоениот период македонската литература содржи двојство: во неа паралелно се случуваат т.н. традиционални и модерни текови кои во другите литератури, поради поспокојниот живот, воопшто, се случувале последователно, континуирано. Кога ќе ја сфатиме оваа истовременост на различните литературни текови во нашата литература, ќе сфатиме дека таа различност, всушност, дозволува споредби на вредностите. Фактот дека нешто припаѓа на т.н. модерна постапка не го прави подобро од дело кое е напишано на т.н. класичен, традиционален (или традиционалистички) начин. Ако правиме таква „дискриминација" во нашата литература, дали би требало истото да го сториме и со реалистичките дела во рамките на светската литература, воопшто?

Бидејќи го предвидуваме одговорот на ова прашање, сметаме дека местото на Стале Попов во македонската литература е несомнено и дека неговото дело треба да се набљудува самостојно, автентично и во врска со она што претходно во македонската литература (не) постои, со она што тој лично го стори во македонската литература за првпат.

Овојпат зборуваме за Стале Попов по конкретен повод, по повод лектирното издание на неговиот роман Калеш Анѓа. (Ова дело, коко што ќе се види и подолу, многумина критичари го нарекуваат повест подразбирајќи под овој термин прозен текст кој според „големината", според квантитетот, се наоѓа меѓу романот и расказот. Но, со оглед на тоа дека во теоријата денес квантитаивниот принцип ја дели прозата на куса и долга, внатрешните, структурните белези на делото Калеш Анѓа го определуваат ова дело како роман).

За овој текст на Стале Попов, Миодраг Друговац го напишал следново: „Има дела што не претендираат на високо место во книжевната историја. Па, сепак, тие долго или трајно остануваат во неа: како меѓници, некогаш и како потсетници. Едно од таквите дела е, несомнено, и повеста Калеш Анѓа (1958). Ст. Попов нурнува длабоко во историјата, и како во тоа да постои извесен систем: да се разгрне минатото, да ни се покажат корените".

Во овој исказ на Друговац, за нас, особено е важно тоа што тој посочува на намерата да се покажат корените. Во литературните дела кои тоа го прават, природно се случува во нив да ја забележиме идеализацијата, па (под)разбирлива е топлината со која се опишува минатото од кое (на)родот, низ различни премрежија, втасал до сопствената сегашност. Тоа што ние го нарекуваме идеализација наминатото во Калеш Анѓа, Миодраг Друговац го дефинирал вака: „Има и романтика, но функционална. Кај другите писатели таа би се сметала за престап. Кај Ст. Попов, и кога е анахронизам, се сфаќа како мост во раскинатите континуитети на македонската литература".

Разликата помеѓу историскиот и литературниот текст се состои во тоа што историскиот текст (со сите субјективни слабости кои се должат на податокот дека и историчарите се луѓе) опишува настани кои се случиле, додека литературниот текст измислува настани кои се возможни, веројатни, кои би можеле да се случат. Овој однос на историјата и на литературата станува особено ва,ен при описот на литературни дела кои во својата фабула посочуваат на историски настани. Во случајот на романот Калеш Анѓа постои намера да се претстави турското ропство во Македонија (конкретно во родниот крај на писателот -Мариово), но, при тоа треба да се постави прашањето: како се користи историскиот податок во ова дело?

Стале Попов одбрал дозирани историски факти со кои ја обезбедува минималната (и доволната) историска рамка на настаните кои во својата фабула, неговиот раскажувач ги раскажува како животни случки на измислените (фикционални) ликови. Ликот на Анѓа, секој Македонец ќе го поврзе со Анѓа од народната песна во која таа одбива да се потурчи. Овој дијалог од народната песна овозможува убава парафраза во поширок прозен текст: одбивањето на Македонката да се потурчи што во песната може да предизвика и воопштен заклучок дека тоа било правило, во делото на Попов е посочено како доблесен исклучок. Анѓа е лик кој ги содржи,и исклучителните атрибути на реално постоечките живи личности со кои може да се гордее, всушност, секоја национална историја/литература. Херојскиот гест на Анѓа не го ставаме под прашање, но тоа што Стале Попов во својот текст поместил и ликови кои во слична позиција ја немале доблеста на Анѓа, ни кажува дека овој наш автор, и покрај сета идеализација на едниот аспект на своето дело, не ја одбегнал и другата страна на историјата, во која се одбележани и бројни потурчувања, оправдани со различни причини. (Стале Попов во Калеш Анѓа посочува на социјалната состојба како поттик за прифаќање на потурчувањето, на пример.)

Во секој случај, при читањето на овој текст, секој читател би требало да ги вклучи своите предзнаења за историскиот контекст во кој се поставени настаните кои ги опишува раскажувачот во Калеш Анѓа. И секогаш во свеста треба да се потенцира разликата меѓу литературното и историското, за да се осознае дека основната намера на еден литературен текст е да ја покаже можната, а не вистински случената случка. (Тоа го прават текстови кои и припаѓаат на историјата.) Можеби најцврстиот историски податок во Калеш Анѓа е Мариовската буна, но и таа литературно се надградува со ликовите од кои е исткаено ткивото на текстот на романот како уметност/измислица.

Топлината на раскажувањето на Стале Попов, онаа топлина со која тој ги пленува и возрасните и децата-читатели се согледува во монтажата со која неговите ликови кои фокусираат определен проблем (на пример - Анѓа и Анѓеле кои потурчувањето го претставуваат низ два аспекти еднакво важни при одродувањето, заборавањето на родот), ја претставуваат победата на доброто, на доблеста. Затоа, додека го читаме текстот, ние мошне убаво ги „фаќаме" оние места во кои авторот селектирал, типизирал, во кои контаминирал повеќе животни ситуации подредувајќи ги токму во оваа приказна за слободољубивите Мариовци.

Приказната на Калеш Анѓа е испреплетена од повеќе мотиви. Оној за близнаците (разделени и пронајдени) е испреплетен со бунтот на самосвесната македонска мома против потурчувањето (при што асоцијацијата на Цвета на Чернодрински се подразбира); мотивот на среќната брачна љубов е препознатлив за творештвото на Стале Попов, воопшто; мотивот на предавството е благородно искористен во приказната за задушената Мариовска буна и овој мотив Стале Попов успешно го контра-пунктира со оној за „добрите противници". Така, и покрај видливата идеализација со која изобилува текстот, оваа црта во третманот на ликовите го прави раскажувањето, всушност, објективно со тоа што ја истакнува идејата дека секоја од „страните" има свои добри и лоши претставници кои со таквите особини не му чинат на ниту еден бог.

Својата приказна во Калеш Анѓа Стале Попов можеби ја оптоварил со ликот кој ја претставува вистински постоечката историска личност на Мехмед-паша Соколовиќ. Но, истовремено, можеме да се согласиме дека тој прави интересна двој-ка со ликот на потурчениот Ангеле. Овој аспект на текстот можеме да го читаме на два начина: ликот на Мехмед-паша Соколовиќ, со речиси видливата граница по која следува раскажување што за миг заличува на историски текст, може да укаже и на свеста на авторот (Стале Попов) дека во својата литература свесно повторува мотиви кои во литературата веќе се обработувани (кај Иво Андриќ, на пример) - со што не му се одзема неговото право да го прави тоа на свој начин; но ликот на Мехмед-паша Соколовиќ е потребен и во структурата на романот како лик кој со сличната судбина ќе умее со добро срце да ја пресече правдата за другите. Стале Попов не го искриво-колчува со „идеализацијата" овој лик. Тој доследно остава Мех-мед-паша Соколовиќ да биде застапник на исламот, а можноста да го направи својот текст сентиментален и сладникав правилно ја одбегнал: „чудното" пронаоѓање на близнаците (среде Истанбул) навистина заличува на сказнолика епизода, но таквите случки се можни, тие се случуваат, иако поретко, и во животот. Важно е дека Стале Попов, еднаш разделените близнаци, не ги спојува во натамошниот, иден живот. Секој од нив останува во оној свет во кој живеел и претходно, и двајцата еднаш разделени продолжуваат да живеат еден без друг. Но, трогателна е средбата на сестрата и братот бидејќи без оглед на тоа што кај Анѓа никако не може да надвледее сестринската љубов над свеста дека при избликот на емоциите би требало да гушне Турчин, љубовта, сепак е безгранична и таа му го посакува доброто на саканиот, го посакува токму она што за саканиот е најдобро во рамките на новиот свет во кој живее.

Калеш Анѓа и возрасниот читател ја чита со детска раз-неженост поради вербата дека некаква правда, онаква каква најчесто се случува во сказните, сепак - постои.

Но, кога читаме еден од текстовите на Стале Попов, без оглед на раскажаната приказна, неминовно мораме да ги следиме внимателно - зборовите. Нивната живост е видлива во деловите на нараторот, но раскажувачкиот талент на Стале Попов е нај-видлив во дијалошките делови кои сочно го доловуваат животот.

Токму поради тоа скапоцено јазично богатство, секое читање на Стале Попов е долг кој со задоволство може да биде исполнет од секој Македонец.

 

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
iva99 Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член


Регистриран: 15.Април.2012
Статус: Офлајн
Поени: 5
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај iva99 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Ноември.2013 во 15:02
Ја имам зедено Калеш Анѓа но незнам како да го почнам составот во врска со воведен,главен и завршен дел тоа треба да го има во писмената
Кон врв
Schatzii7 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Unglaublich

Регистриран: 19.Октомври.2011
Локација: Lost somewhere
Статус: Офлајн
Поени: 7061
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Schatzii7 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Ноември.2013 во 13:44
Ех ама кој да отиде до библиотека , да земе книга па дури и да ја прочита
и згора на се сам да состави кога најлесно е се на тацна да се побара...
многу работа е тоа , се има време за Фб, но за книга јок !
Кон врв
Орка Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 30.Август.2008
Статус: Офлајн
Поени: 44580
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Орка Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Ноември.2013 во 13:35
Како не ја имам прочитано.За некоја среќа имам и збирка
од делата на Стале Попов,оти Калеш Анѓа ти е сега потребна ти
ги препорачувам после и Толе Паша,Опасна печалба оп
еве го ми наѕрќа тука и Шаќир Војвода (кој како лик и не ми е многу омилен) да си ги прочиташ...
Мислам доволно помогнав оти го немаше наведено авторот на книгата,
лесно сега ќе можеш да тркнеш до библиотека и ја побараш истата.

И ако сето ова го направиш,ќе имаш што да кажеш и околу бивањето човек
Кон врв
д4б3 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Lord OFF the topic

Регистриран: 31.Јули.2013
Статус: Офлајн
Поени: 2580
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај д4б3 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Ноември.2013 во 12:55
Originally posted by iva99 iva99 напиша:

Најтешко е да се биде човек?????????????????????



не е вистина ако навистина е ваква темава


немислам дека има човек коj може да помогне
Кон врв
iva99 Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член


Регистриран: 15.Април.2012
Статус: Офлајн
Поени: 5
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај iva99 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Ноември.2013 во 12:48
Ми треба состав на тема Најтешко е да се биде човек ако сакате напишете не мора да е ни мнигу краток ни долг да биде среден ви благодарам
Кон врв
д4б3 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Lord OFF the topic

Регистриран: 31.Јули.2013
Статус: Офлајн
Поени: 2580
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај д4б3 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Ноември.2013 во 12:47
не
Кон врв
iva99 Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член


Регистриран: 15.Април.2012
Статус: Офлајн
Поени: 5
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај iva99 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Ноември.2013 во 12:44
здраво ми треба ваша помош ја имате ли прочитано книгата Калеш Анѓа во понеделник ќе правиме писмена поврзано со Калеш Анѓа со наслов Калеш Анѓа лик достоен за почит ве молам напишете во врска со тоа однапред ви благодарам!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Ноември.2013 во 17:50
Повод да ја напише песната Тешкото“, една од најубавите песни на Б.Конески , а секако и воопшто напишани на македонски јазик, му дало орото „Тешкото“, што поетот за прв пат видел како се игра во Прилеп 1942г. без музика, (според сведоштво на самиот автор). Песната ја напишал 1946, а ја објавил 1948. во збирката песни „Земјата и љубовта“. Орото „Тешкото“ го играле печалбарите од мијачкиот крај, во мигови на разделба со своите најблиски, или за Петровден, кога се враќале во родниот крај заради свадбите на своите блиски роднини. Ниедно друго оро од нашата богата фолклорна ризница, не го отсликува така мачното минато, длабоката тага и копнежот за слобода на Македонците.

Осумдесетте стихови од песната „Тешкото“ се распоредени во десет строфи, а секоја од строфите има по осум стиха. Сите стихови имаат по дванаесет слога, освен завршниот (осмиот) стих  од секоја строфа, кој има пет слога. Сите стихови се римувани, а римата е вкрстена (првиот со третиот, вториот со четвртиот стих). Песната има строг ритам, кој и’ дава посебен белег, а застапен е амфибрахот (трисложна ритмичка целина, кај која акцентот паѓа на вториот слог).

(О – теш-ко)-(то!- Зур-ли)- (штом –ди-во)- (ќе –пис-нат), / 12

(Штом – та-пан)  -( ќе – грм-не) –(со – под-зе)-(мен – е-кот),/12

(Во-  гра-ди)-(ве –зош-то) –(жал –лу-та) –(ме –стис-ка),/12

(Во –о-чи)-(ве—зо-што)—(на-ви-ру)-(ва –ре-ка)… /12

(-  /  – ) (-  /  – ) (-  /  – ) (-  /  – )

Вака би изгледал шематскиот приказ на четирите трисложни ритмички целини од секој стих, при што ненагласените слогови би ги бележеле со цртичка (-), а нагласените (акцентираните) со коса црта (/).

И овде исклучок прават последните (осмите) стихови од строфите, кај кои среќаваме амфибрах и јамб:

(да -  не –  пу)-( шти -  вик). /5   или: ( стег-на-ти)-(от -  ред), а шематски вака би изгледало: (-  / -) (- /)

Песната започнува со апострофа, со болниот крик на поетот : О тешкото!… и бурата од емоции што кај него ги предизвикуваат писокот на зурлите и ритамот на тапанот, кој „грмнува со подземен екот“.Поетот, во градите чувствува како „жал лута“ го „стиска“, а во очите му „навирува река“, а тој се обидува да ги сокрие солзите, превземајќи низа активности, кои ги реди без употреба на сврзници, при што употребил асиндет:

„…да превијам раце, да прекријам лик -
та гризам јас усни, стегам срце клето,
да не пушти вик.“
Во наредните две строфи, поетот го слика орото следејќи го ритамот на тапанот. На чело на орото се фаќаат старците, со замислен поглед, достоинствени, воздржани, загрижени и со „влага“ во очите, а „ првиот чекор по меката трева / е мирен и бавен, со задржана тага…“ Но, кога „ ’рзнува“ тапанот, во нивниот поглед светнува „молнија“ и „ напред се спушта, се стрелка, се слева
стегнатиот ред…“

Како се забрзува ритамот на тапанот,„ До старците момци се фаќаат скокум;“ Тие се млади , полетни , полни со енергија… со себе носат нови идеи и бунтовни мисли. Користејќи се со анафора, Конески ја прикажува нестрпливоста, енергичноста и непомирливоста на младите:

„ не издржа срце – сив сокол во клетка,
не издржа пламен жив потулен во око,
не издржа младост што сака да летне!“

За поврзаноста на орото со „ земјава наша“ , поетот говори во четвртата строфа. Во него, со „исконска сила“ се вткаени „ на реките зборот“, завивањето на ветерот,шепотот на зрелите житjа и мирисот на летните вечери. Поетот користејќи полисиндет, а во првите три стиха и анафора, ја зголемува напнатоста во песната :

„и во него шуми на реките зборот,
и во него рика див ветер и страшен
и во него шепнат узреани житја
и вечерен мирис се разлева тих,
и земјата дише во пролетна ситост
со запален здив.“

Во орото „Тешкото“ е вткаена „душата“ на народот… за тоа поетот говори во петтата строфа. Болката од вековните ропства е испреплетена со мечтите за „радосна челад, за слободен свет“.

Во стиховите од наредните три строфи,поетот пее за симболиката на орото.  Гледајќи ги фатени еден до друг таткото и синот, до дедото внукот, со наведени глави, пред неговите очи од „маглата матна“ испливува синџир од робје, чија свирка е „на прангите ѕвекот“. Поетот го обзема огромна тага, преживувајќи ги сликите од вековното ропство, па поставува реторски прашања:

„кој збор ќе ми најде за вашата стрв?
Кој збор ќе ми најде за ужасот зинат
над пустош и крв?!

Кој број ќе ми каже на лутите рани,
на пламнати ноќи, на пеплишта пусти,
кој на срце болки ќе изреди збрани,
и на очи солзи, и клетви на усти?“
Осмата строфа,поетот ја завршува со констатација  дека орото е синџир од робја од „калеши моми и невести ред“, што ги грабнал „насилникот клет“.

Орото е „синџир од робја“, се ’ дури народот не излегол во „листена гора“, па со „ јадот од векови собран“, поведува борба за конечна слобода . Орото во деветата строфа се претвара во „бујно, бунтовничко оро“, кое се лула „низ крвје и оган“.

Во последната строфа, Конески  се пренесува во сегашноста. Кога по нашите села, во слобода повторно ќе го види орото, тој чувствува „жалба“ и не е чудно „солза да потече врела“.  Во последните стихови, поетот Конески  му се обраќа на својот народ и му предвидува светла иднина:

„Од вековно ропство, мој народе, идеш
но носиш ти в срце дар златен и пој.
Пченицата твоја триж плодна ќе биде,
И животот твој! “

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Ucenikot Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член


Регистриран: 11.Ноември.2013
Статус: Офлајн
Поени: 1
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Ucenikot Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Ноември.2013 во 17:46
Mi treba nekoj dobar covek shto kje mi pomogne okolu pisuvanje na esej za "TESHKOTO" od blaze koneski.Ve molam, koj e vo moznost i koj moze i znae neka mi pomogne.
Blagodaram odnapred
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 2728293031 113>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,266 секунди.