![]() |
|
На денешен Ден |
Внеси реплика ![]() |
страница <1 2627282930 36> |
Автор | |
Boogie ![]() Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Модератор ![]() ![]() Слобода или Смрт Регистриран: 26.Октомври.2005 Статус: Офлајн Поени: 10652 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
1839.- Велика Британија во Опиумската војна (1839 - 1842 г.) против Кина го зазеде Хонгконг, кој од 1842 година стана нејзина колонија. 1888.- Во Лион, Франција, на прославата на Социјалистичкото здружение на новинарите за првпат е изведена "Интернационалата", песна која стана химна на работниците од целиот свет. Текстот го напиша Ежен Потје - познат пролетерски поет - веднаш по пропаста на Париската комуна (1871 г.) и тоа во времето додека се криеше од полиција, а музиката е на францускиот композитор и револуционер Пјер Дежејгер. Зборовите на "Интернационалата" одекнувала во револуционерните борби на сите континенти како израз на пролетерските барања и стремежи. 1914.- Јапонија и објави војна на Германија во Првата светска војна. На Версајската конференција во 1919 година на победничката Јапонија и се доделени многу германски колонии во Тихиот Океан како награда за учествувањето во војната на страната на силите на Антантата. 1937.- Умре Албер Русел, француски композитор. Компонираше оркестарски дела, камерна музика, соло-песни и друго. Роден е на 5.04.1869 година. 1939.- Министрите за надворешни работи на Германија и на СССР, Јоаким Рибентроп и Вјачеслав Молотов во Москва потпишаа спогодба за ненапаѓање. Во документот двете сили се обврзаа за "запирање" на секој акт на насилство. Меѓутоа, две години подоцна Германија ја прекрши спогодбата и го нападна Советскиот Сојуз на 22.06.1941 година. 1962.- Американскиот телекомуникациски сателит "Телстар" за првпат емитуваше телевизиски пренос на линијата САД - Европа. 1990.- Советската Република Ерменија ја прогласи својата независност, а Естонија ги започна преговорите за отцепување од СССР. 2003.- Во Струга, во сообраќајна несреќа загина Петко Домазетовски, македонски писател, фолклорист и публицист. Автор е на повеќе збирки поезија, раскази, монографии, како и на собрани народни песни. Роден е во селото Јабланица, Струшко, на 5.10.1935 година. |
|
![]() |
|
Boogie ![]() Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Модератор ![]() ![]() Слобода или Смрт Регистриран: 26.Октомври.2005 Статус: Офлајн Поени: 10652 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
1846.- САД го анектираа Ново Мексико. 1862.- Во Сен Жермен-ан Леи е роден Клод Дебиси, прочуен француски композитор. Инспириран од симболизмот во поезијата и од импресионизмот во сликарството, тој создаде сопствен мајчин јазик и нов стил во музиката, импресионизмот. Неговото дело, засновано врз природната непосредност во изразувањето ја потисна Багнеровата доминација и ги стави темелите на модерната музика. Умре во Париз, на 25.03.1918 година. 1883.- Во Париз умре Иван Сергеевич Тургенев, руски писател, еден од најзначајните претставници на рускиот реализам. Неговите дела извршија големо влијание врз новелистиката. Најзначајните дела му се романите "Благородничко гнездо", "Рудин", "Татковци и деца" и "Спроти новите дни", драмата "Еден месец на село" и други. Роден е во Орел, на 28.10.1818 година. 1910.- Царска Јапонија и формално ја анкетира Кореја која дотогаш беше под контрола на Кина. Во Јапонско-кинеската војна кон крајот на 19. век, Токио го презеде политичкото и економското влијание во Кореја, едноставно, оваа земја ја присоедини кон своето царство, се до капитулацијата на Јапонија во септември 1945 година. 1914.- Австро-Унгарија во Првата светска војна и објави војна на Белгија. 1941.- Германските нацистички трупи дојдоа до Ленинград (Санкт Петербург), со што почна големата битка за овој град која заврши дури во јануари 1944 година, со победа на Црвената армија. Ленинград беше под опсада цели 900 дена. 1944.- Во селото Зборско, на падините на планината Кожуф, Егејска Македонија, од партизанскиот баталјон "Стив Наумов" и од луѓе од битолскиот крај, кои дотогаш дејствуваа на подрачјето на Тиквеш и на планината Кожуф во состав на Втората македонска бригада како нејзин трет (битолски) баталјон, е формирана Седмата македонска бригада, популарно наречена Седма битолска бригада. Истиот ден, во селото Шешково, Кавадаречко, е формирана Деветтата македонска бригада, а на планината Кожуф, Десетата македонска бригада. 1978.- Умре Џомо Кенијата, еден од најистакнатите африкански борци против колонијализмот. Тој е еден од основачите и претседател на Африканскиот сојуз на Кенија, кој се избори за независност на земјата. Роден е во 1891 година. 2001.- Врховниот штаб на здружените сили на НАТО за Европа издаде наредба за активирање на операцијата "Неопходна жетва" - собирање на оружјето што го поседуваа албанските терористи на таканаречената ОНА. 2004.- Во оружен напад на музеј на сликарот Едвард Мунк во Осло пред многу посетители е украдено неговото најпознато платно "Крик". |
|
![]() |
|
Boogie ![]() Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Модератор ![]() ![]() Слобода или Смрт Регистриран: 26.Октомври.2005 Статус: Офлајн Поени: 10652 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
1760.- Во местото Репње, во Горенско, Словенија, е роден Јернеј Копитар, словенечки преродбеник, филолог, еден од основачите на славистиката. Се занимаваше со проучување на словенските јазици и се залагаше за упростен правопис и за воведување на народниот јазик во литературата. Автор е на првата научна граматика на словенечкиот јазик. - "Граматика на словенечкиот јазик во Крањско, Карантанија и Штаерска". Умре во Виена, на 11.08.1884 година. 1911.- Прочуеното дело на Леонардо
да Винчи, сликата "Мона Лиза", е украдена од парискиот музеј во Лувр.
Две години подоцна, сликата е пронајдена во Италија. 1923.- Во селото Сингелиќ, Скопско, е родена Вера Јоциќ, народен херој на Македонија. Беше ранета во НОВ и умре во селото Саса, кривопаланечко, на 22.05.1944 година. 1927.- Харвардскиот професор Филип Дринкер израбори апарат за вештачко дишење наречен "челични гради". 1940.- По атентатот во Мексико, умре Лав Троцки (вистинското име му е Лав Давидович Бронштајн, еден од водачите на Октомвриската социјалистичка револуција во Русија, од еврејско потекло. Со тоа убиство дојде до израз разузнавачката моќ на сталистинстичката политика во која, во годините пред Втората светска војна, беа ликвидирани голем број вистински или потенцијални критичари. По разидувањето со Сталин, Троцки замина во бегство, каде што беше убиен. Роден е во Ивановка, на 7.11.1870 година. 1944.- Во Дамбертон Оксу, во близина на Вашингтон, почна конференцијата на претставниците на СССР, САД, Велика Британија и на Кина за основање четири главни органи на Обединетите нации - Совет за безбедност, Генерално собрание, Меѓународен суд за правата и постојани секретаријати. За постојан член на Советот за безбедност, покрај учесниците на конференцијата, предвидена беше и Франција. Конференцијата заврши на 9 октомври со објавување на проектот на повелбата на ООН. 1947.- Со одлука на Владата на Народна Република Македонија во Скопје е формирано специјализирано претпријатие за производство на филмови "Вардар-филм". Својата дејност претпријатието ја започна на 5.12.1947 година. 1964.- Умре Палмиро Толјати, еден од основачите на Комунистичката партија на Италија, револуционер, борец против фашизмот и публицист. Роден е на 26.03.1893 година. 1990.- Умре Александар Николовски-Џемо, долгогодишен новинар на Радио-Телевизија Скопје и на "Нова Македонија", еден од основачите на Втората програма на Радио Скопје. Роден е во 1931 година. 2001.- Во селото Лешок, Тетовско, албанските терористи го минираа православното светилиште - манастирот "Свети Атанасиј". |
|
![]() |
|
Boogie ![]() Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Модератор ![]() ![]() Слобода или Смрт Регистриран: 26.Октомври.2005 Статус: Офлајн Поени: 10652 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
1741.- Рускиот морепловец со данско потекло Витус Јонас Беринг ја откри Аљаска. 1847.- Роден е Болеслав Прус (вистинското име му е Александар Гловацки), полски писател и еден од најзначајните претставници на полскиот реализам. Во своите дела ја опишува борбата на полскиот народ против германизацијата. Негови познати дела се романите "Кукла", "Мртва стража", "Фараон" и "Вал се враќа", како и расказите "Јакубинскиот сон" и "Проклета среќа". Умре на 19.05.1912 година. 1849.- Роден е францускиот историчар Ернест Дени основач на Словенскиот институт во Париз, професор на Сорбона во Париз, кој ја изучувал историјата на Словените, особено средновековното хуситско движење во Чешка, историјата на Словаците и јужните Словени. 1854.- Умре Вилхелм Шелинг, германски филозоф, последен претставник на германската класична идеалистичка филозофија. Во своето учење го поврзуваше Фихтеовиот идеализам со Спиновиот пантеизам. Најпознати негови дела се "Идеја за филозофијата на природата", "Систем на трансцеденталниот идеализам" и "Филозофија на уметноста". Роден е на 27.01.1775 година. 1914.- Германската армија во Првата светска војна после жестоките борби и неочекувано големиот отпор од страна на белгиските трупи го зазела Брисел. 1935.- Во Москва заврши Седмиот конгрес на Коминтерната, на кој беше извршена анализа на меѓународната ситуација и беше укажано дека на сите слободарски и демократски сили во светот им се заканува опасност од фашизмот. Конгресот им препорача на комунистичките партии да пристапат кон формирање на народни фронтови за борба против фашистичката агресија. 1944.- Роден е индискиот државник Раџив Ганди, премиер на Индија од 1984 до ноември 1989 година кога и загубил на изборите. Убиен е на 21 мај 1991 година во атентат во текот на предизборната кампања, исто како и неговата мајка Индира која како премиер е убиена во атентат во 1984 година. 1946.- Грчка жандармериска единица и вооружена терористичка банда од селото Жервени, го опколија македонското село Бапчор, Костурско и се оддадоа на терор, грабежи и на пустошење, запалија две куќи, ранија тројца и уапсија сто Македонци, од кои по ѕверското мачење во костурските и во кожанските затвори, задржаа 45. 1960.- Прогласена е независноста на Сенегал (држава во западна Африка), поранешна француска колонија која беше во федерација со Мали. 1961.- На границата на источен и западен Берлин е завршена изградбата на ѕид долг 40 километри. Тоа беше само една од епизодите на студената војна меѓу двете супер сили, САД и СССР. Берлинскиот ѕид "падна" на 9.11.1989 година. 1968.- Советскиот Сојуз и другите земји на Варшавскиот пакт, освен Романија, влегоа во Чехословачка. Со тоа е означен крајот на "Прашката пролет", а се формира принципот на "ограничен суверенитет" во рамките на социјалистичката заедница. 1975.- Американскиот вселенски брод "Викинг" е лансиран кон Марс, на која пристигна во јули 1976 година. 1991.- Парламентот на руската балтичка Република Естонија ја објави целосната независност од Москва. 1992.- Пред зградата на Собранието на Република Македонија почна да се вее новото македонско знаме (црвено со шеснаесеткрако златно-жолто сонце). |
|
![]() |
|
Boogie ![]() Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Модератор ![]() ![]() Слобода или Смрт Регистриран: 26.Октомври.2005 Статус: Офлајн Поени: 10652 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
1662.- Умре Блез Паскал, француски математичар, физичар, писател и филозоф. Конструира математичка машина (аритмометар) која ги вршеше четирите математички операции. Математички прв го третираше проблемот на веројатноста во хазардните игри и ги постави основите на законот на веројатноста, ја измисли хидрауличната преса и утврди дека притисокот на воздухот опаѓа со висината, така што со помош на барометар може да се утврди висината на планините. Најпознато негово дело е "Мисли". Роден е на 19.06.1623 година. 1850.- Во Париз умре Оноре де Балзак, француски поет, еден од наистакнатите писатели на реалистичкиот роман. Во стотина дела наслика повеќе од две илјади ликови од сите слоеви на општеството. Роден е во Тур, на 20.05.1799 година. 1936.- Франкистите од Шпанија го застрелаа Федерико Гарсија Лорка, шпански писател од Гренада, народен драматург, сликар, музичар и еден од најголемите лиричари воопшто. Изврши значително влијание врз развојот на поновата европска поезија. Најпознати негови збирки песни се "Песни", "Цигански романсиер", "Поет во Њујорк", драмите "Домот на Бернарда", "Крвави свадби" и други. Роден е во Фуенте Вакерос, на 15.06.1899 година. 1973.- Полковникот Пападопулос, шеф на воената хунта која изврши пуч на 21.04.1967 година, се прогласи за претседател на Република Грција. Претходно на референдум , во режија на пучистите, укината е монархијата. |
|
![]() |
|
Boogie ![]() Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Модератор ![]() ![]() Слобода или Смрт Регистриран: 26.Октомври.2005 Статус: Офлајн Поени: 10652 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
1642.- Во Болоња умре Гвидо Рени, италијански сликар, припадник на болоњската барокна школа. Роден е на 4.11.1575 година. 1812.- Во битката кај Смоленск, Наполеон Бонапарта ја порази руската царска војска и продолжи да напредува кон Москва. 1814.- Во Нови Винодолски е роден Иван Мажураниќ, хрватски поет, борец против насилството. Автор е на прочуениот еп "Смртта на Смаил-ага Ченгиќ. Умре во Загреб, на 4.08.1890 година. 1850.- Умре францускиот писател Оноре де Балзак, автор на околу 100 книги и повеќе од 2.000 ликови. Ги напиша романите „Евгенија Гранде“, „Чичко Горио“, „Гопсек“, „Изгубени илузии“, „Шуани“ и други. 1896.- Француските колонијални трупи го опколија Мадагаскар (остров во Африка) и го прогласија за своја колонија. Мадагаскар стекна независност во 1960 година. 1903.- Во Крушево е роден Никола Мартиноски, познат македонски ликовен уметник, педагог и академик. Тој е еден од основачите и прв директор на Уметничкото училиште во Скопје. Неговите уметнички дела се наоѓаат во колекциите на повеќе музеи и галерии, како и во голем број приватни колекции во земјата и странство. Умре во Скопје, на 7.02.1973 година. 1903.- Малата светиниколска чета на војводите Боби Стојчев и Никола Пушкаров која беше составена од 50 борци од Штипско, Кумановско и од Велешко, падна во заседа на турската војска и при тоа водеше едночасовна борба над Ѓуришкиот манастир, кај селото Градиште, Кумановско. Во судирот беше убиен Тодор Мирасчиев од Штип, беа ранети тројца борци, а загинаа девет турски војници. 1908.- Роден е францускиот државник и правник Едгар Фор, кој како обвинител ја претстави Франција на судењето на германските воени злосторници во Нирнберг после Втората светска војна. Беше премиер на Франција во 1952, 1955 и 1956 година и неколку пати министер од 1958 до 1969 година. 1943.- На Славеј Планина, Дебарца, од припадници на Битолско-преспанскиот НОП одред „Даме Груев“, од Велешкиот НОП одред „Димитар Влахов“, од Прилепскиот НОП одред „Ѓорче Петров“ и од новодојдени борци од територијата на Дебарца, е формиран Првиот македонски НОП баталјон Мирче Ацев. 1964.- На спортистите од Јужна Африка им е забрането да учествуваат на Олимписките игри поради политиката на апартхејдот во таа земја. 1966.- Започна "Културната револуција" во НР Кина. 1993.- За првпат е прославен Денот на Армијата на Република Македонија-18 август, прогласен со одлука на Владата на Република Македонија од 3.06.1993 година. 1993.- САД му соопштија на Судан дека е ставен на списокот на земји кои го поддржуваат меѓународниот тероризам. 1994.- Најмалку 150 луѓе загинаа во земјотрес во областа Маскара во северозападниот дел на Алжир. 1998.- Во Скопје умре д-р Андреа Мишковски, специјалист по општа и пластична хирургија, долгогодишен директор на Клиниката за пластична и реконструктивна хирургија и генерален директор на Хирушките клиники при Медицинскиот факултет во Скопје. Роден е во Куманово, во 1932 година. |
|
![]() |
|
Boogie ![]() Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Модератор ![]() ![]() Слобода или Смрт Регистриран: 26.Октомври.2005 Статус: Офлајн Поени: 10652 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
986.- Во Ихтиманскиот премин (Тројанова Врата), византискиот цар Василиј Втори претрпе пораз во борбата со војската на македонскиот цар Самуил кој продолжи со нови освојувања се до 991 година. 1593.- Турскиот султан Мурат Втори и објави војна на Австрија која траеше 14 години. 1873.- Во Ново Село, штипско, е роден Славејко Арсов, истакнат македонски револуционер и војвода. Загина во борба против османлиската војска во близина на селото Ѓуѓанце, светиниколско, на 22.06.1904 година. 1902.- Во Прилеп е роден Методија Андонов - Ченто, македонски револуционер и државник, прв претседател на Иницијативниот одбор за свикување на Првото заседание на АСНОМ и прв претседател на Президиумот на АСНОМ. Тој се бореше за правата и за слободата на македонскиот народ, за вистината на Македонија. Поради несогласување со некои ставови на тогашниот режим на ДФ Југославија, во 1946 година, со пресуда на Окружниот суд во Скопје, е осуден според Законот за кривични дела против народот и државата и тоа со лишување од слобода 11 години. Во октомври 1990 година е рехабилитиран. Умре во Прилеп, на 24.07.1957 година. 1903.- Во месноста Бигла, близу до селото Арменско, Егејска Македонија, здружените лерински и костурски одреди на македонските востаници извојуваа голема победа над турската војска и го десеткуваа турскиот гарнизон. Својот бес од претрпениот пораз непријателот го истури врз Арменско. Селото беше опожарено, а околу 130 жени, деца и старци без убиени и масакрирани. 1943.- Во Штип, во борба против бугарската полиција, загина Славчо Стојменски, народен херој. Роден е во Штип, на 16.10.1921 година. 1943.- Роден е американскиот филмски актер Роберт Де Ниро, една од најголемите светски филмски ѕвезди кон крајот на 20 век, добитник на Оскар за улогите во филмовите „Кум II“ и „Разбеснетиот бик“. Тој глумеше и во филмовите „Беше еднаш во Америка“, „Ловец на елени“, „Њујорк, Њујорк“ и други. 1976.- Во земјотрес на филипинскиот остров Минданао загинаа околу 8.000 луѓе. 1987.- Германскиот воен злосторник Рудолф Хес, заменик на Адолф Хитлер, е пронајден мртов откако се обеси со помош на електричен кабел во ќелија во затворот „Шпандау“. 1994.- Во Охрид почна Првиот фестивал на новосоздадени македонски староградски трубадурски песни „Охридски трубадури '94“. 1995.- Во Скопје, во издание на Министерството за одбрана на Република Македонија, како прилог на весникот „Вечер“, излезе првиот број на „Армиски збор“, весник на Армијата на Република Македонија. 1999.- Во најтешката природна катастрофа во историјата на Турција, во земјотрес со епицентар кај градот Измир, на 150 километри западно од Истанбул, загинаа повеќе од 30.000 луѓе. |
|
![]() |
|
Boogie ![]() Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Модератор ![]() ![]() Слобода или Смрт Регистриран: 26.Октомври.2005 Статус: Офлајн Поени: 10652 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
1057.- Загина шкотскиот крал Макбет, чиј живот го инспирира англискиот писател Вилијам Шекспир, да ја напише една од своите најпознати драми. 1769.- Во Ајачио, на Корзика, е роден Наполеон Бонапарта, француски цар, еден од најголемите војсководци на сите времиња во светот. Во 1904 година е крунисан за цар. Сакајќи да го освои светот, а претходно покорувајќи ја половина Европа, 1812 година тргна во напад на Русија, но доживеа пораз. Во април 1814 година беше принуден да адбицира. Во 1815 година се обиде повторно да дојде до власт и, само по сто дена престој во Париз е интерниран на јужноатланскиот остров Света Елена, каде што умре на 5.05.1821 година. 1771.- Во Единбург е роден Валтер Скот, шкотски писател, творец на модерниот историски роман. Собираше народни песни и пишуваше народни епови за историјата на Шкотска. Меѓу неговите најзначајни дела спаѓаат романите "Ајванхо", "Кенилворд", "Старинар" и други. 1883.- Во Врполе е роден Иван Мештровиќ, хрватски скулптор, еден од најголемите современи светски уметници. Изработи голем број релјефи, фигури и портрети, како и многу монументални јавни споменици. Умре во САД, на 16.01.1962 година. 1893.- Умре Жан Мартин Шарко, француски лекар, еден од најголемите невролози на сите времиња. Се занимаваше со проблемите на хистеријата, хипнотизмот и склерозата. Роден е во 1825 година. 1894.- Во Ресен (во куќата Татарчеви) е одржано советување на првенците на ТМОРО. Со советувањето непосредно раководеа Даме Груев и Пере Тошев. Беа донесени значајни одлуки за натамошниот развој на револуционерното движење во Македонија. Ова прво советување на ТМОРО се смета за „голема предилинденска искра“. 1897.- Во селото Кономлади, Костурско, Егејска Македонија, е роден Стојан Христов, американски писател од македонско потекло, новинар и 12 години државен сенатор во САД. Во 1986 година при посетата на Македонија е основата Фондацијата „Стојан и Маргарет Христов“. Најпознати негови дела се хрониката „Херои и убијци“, романите „Лавот од Јанина“, „Ова е мојата татковина“, „Мојот американски аџилак“ и мемоарскиот роман „Орелот и штркот“. Умре во Томпсон Хаус, во Бретлборо, на 25.01.1996 година. 1911.- Во селото Крушаре, Ениџе-вардарско, убиен е Апостол Петков Терзиев, македонски војвода и борец за национално и социјално ослободување на македонскиот народ. Роден е во село Бојмица, солунско, во 1870 година. 1914.- Со поминувањето на бродот „Анкон“ е отворен Панамскиот канал, прокоп долг 81,6 километри кој во најтесниот дел на средна Америка го спојува Атлантскиот и Тихиот Океан. Каналот официјално е отворен дури во јули 1920 година, а изградбата која во 1789 година ја почна градителот на Суецкиот канал Французинот Фердинан де Лесепс, а САД ја презедоа во 1901 година, е проследена со финансиски афери, притисоци и воени интервенции. 1948.- Јужна Кореја стана независна држава под името Република Кореја. 1962.- Пробиен е патниот тунел под Мон Блан, највисокиот врв во западна Европа со кој францускиот град Шамони е поврзан со италијанската долина Аоста. 1971.- Бахреин стекна независност после век ипол британска колонијална власт. 1993.- Во Сондерберг, Данска, на последниот ден од заседанието на Меѓународната федерација на студентите по медицина (ИФМСА), Сојузот на студентите по медицина на Македонија е примен во полноправно членство. 1998.- Во Скопје се одржа Основачко собрание на Нотарската комора на Република Македонија. За претседател е избрана Зорица Пулејкова. 2003.- Во писмо до Советот за безбедност на Обединетите нации, Либија ја презеде одговорноста за експлозијата на бомба во авионот на „Пан Америкен“ над Локерби во Шкотска кога загинаа 270 луѓе. 2004.- Во Краков умре Часлав Милош, полски и американски поет, белетрист, есеист и литературен историчар, правник, добитник на Нобеловата награда за литература во 1980 година за бескомпромисната јасност со која ја изразува застрашената положба на човекот во еден свет на остри конфликти. Меѓу најпознатите негови дела се „Три змии“, „Спасување“, „Дневна светлина“, „Заробен ум“, „Преземање на власта“ и други. Роден е во Шетејнеј, Литванија, на 30.06.1911 година. |
|
![]() |
|
Boogie ![]() Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Модератор ![]() ![]() Слобода или Смрт Регистриран: 26.Октомври.2005 Статус: Офлајн Поени: 10652 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
1784.- На островот Кодијак, на Алјаска формирана е првата руска колонија. Царска Русија ја продаде Алјаска на САД во 1867 година за 7,2 милиони американски долари. Во 1963 година Алјаска стана една од сојузните држави на САД. 1867.- Роден е Џон Голсфорди, англиски писател, автор на прочуената трилогија "Сага за Форсајтите". Во 1932 година ја доби Нобеловата награда за литература. Умре на 31.01.1933 година. 1893.- Франција стана прва држава во која е воведено задолжително ставање регистерски таблички на моторните возила. 1900.- Во селото Герман, Леринско, Егејска Македонија, е роден Богоја Фотев, првоборец и носител на „Партизанска споменица 1941“, учесник на Првото заседание на АСНОМ, прв повереник за финансии, а потоа и за земјоделство во Владата на НР Македонија. Од 1947 до 1950 година беше претседател на Президиумот на Народното собрание на НР Македонија. Тој беше борец за идеите на ВМРО (обединета), активен револуционер и толкувач на идеите на движењето МАНАПО. Умре во селото Бистрица, на 27.01.1993 година. 1900.- Во Кина е задушено „Боксерското востание“, бунт на потчинетите слоеви против домашната феудална власт. Во крвавата пресметка со востаниците учествуваа корпуси на повеќе земји, меѓу кои и на Германија, САД и Јапонија. 1909.- Во Солун е извршен втор неуспешен обид за убиство на македонскиот револуционер Јане Сандански и на неговите другари Стојко Хаџиев, Анастас Митрев и Иван Манолев. 1915.- Во селото Никифорово, гостиварско, е роден Видое Смилевски-Бато, народен херој на Македонија, истакнат револуционер и општествено-политички работник. Умре во Скопје, на 8.09.1979 година. 1917.- Во Прилеп е роден Сотир Гулевски, македонски писател и литературен преведувач. Литературниот опус му е во знакот на прозата. Автор е на романите „Меѓа“, „Прекршен р'бет“, „Кога карпите р'тат“, „Модро млеко“, на театрологијата „Фурии“, на книгата со раскази „Висорамнина на ровјите“ и на други дела. Умре во Скопје, на 20.06.1985 година. 1919.- Во Скопје е роден Раде Јовчевски Корчагин, народен херој на Македонија. Загина во Скопје, во судирот со бугарските агенти и со полицијата, на 20.02.1943 година. 1934.- Во големиот концентрационен логор „Дахау“, во близина на Минхен, пристигнаа првите композиции на затвореници од разни краишта на Германија, противници на Хитлеровиот режим. За време на Втората светска војна во логорот се убиени стотици илјади затвореници од цела Европа. 1941.- Официјално е објавен текстот на "Атланската повелба", што на палубата на еден брод во западен Атлантик ја потпишаа британскиот премиер Винстон Черчил и претседателот на САД Франклин Рузвелт. 1949.- Конрад Аденауер стана првиот канцелар на Западна Германија. 1984.- Умре Тигран Петросјан, советски велемајстор и светски првак во шах. Роден е во 1929 година. 1988.- Умре италијанскиот конструктор на спортски автомобили Енцо Ферари, еден од светските пионери на автомобилските трки. |
|
![]() |
|
Boogie ![]() Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Модератор ![]() ![]() Слобода или Смрт Регистриран: 26.Октомври.2005 Статус: Офлајн Поени: 10652 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
1624.- Францускиот крал Луј Тринаесетти за прв министер го постави кардинал Арман Жан ди Плеси Ришелје. 1826.- Умре францускиот лекар Рене Теофил Јасинт Ленак, кој во 1819 година го измислил стетоскопот. 1863.- Во Париз умре Ежен Делакроа, француски сликар, главен претставник на романтиамот, продолжувач на традицијата Рубенс. Остави дела кои се одликуваат со темперамент и со драматичност. Роден е во Шарентон Сен Морис, на 26.04.1798 година. 1899.- Во Лентостаун, во близина на Лондон, е роден Алфред Џозеф Хичкок, британски филмски режисер. Светска слава доби со филмовите од криминалистички жанр, страв и ужас. Негови најпознати филмови се "Триесет и девет скали", "Тајниот агент", "Човекот кој многу знаеше", "Ребека", "Аферата Парадин", "Птици", "Психо" и други. Умре во Лос Анџелес, на 29.04.1980 година. 1903.- Во месноста Мечкин Камен, близу до Крушево, македонскиот војвода Питу Гули го распореди својот одред и со к*ршуми ги пречекуваше јуришите на турската војска. Во епопејата на Мечкин Камен херојски загинаа Питу Гули, двајцата негови знаменосци Ѓорѓи Димев и Нове Сугаре и 40-тина македонски востаници. Питу Гули е роден во Крушево, во 1865 година. 1912.- Умре Жил Масне, француски композитор. Компонирал 20 опери, главно со лирска тематија, од кои најпознати се "Мантон", "Вертер" и "Дон Кихот". Роден е на 12.05.1842 година. 1914.- Франција во Првата светска војна и објави војна на Австро-Унгарија. 1916.- Во Ресен е роден Радослав К.Петковски, македонски писател. Основна тема на неговите дела е животот на луѓето што се борат за основна егзистенција. Главни негови дела се збирките раскази „Рибарот Климе“ и „Рашанец“. Умре во Охрид, на 26.10.1955 година. 1923.- Мустафа Кемал Паша, наречен Ататурк (татко на Турција") стана прв претседател на Турската Република. Учествуваше во движењето на младотурците. Во Битола заврши виша воена школа, а во Цариград-Генералштабна академија и беше еден од активните борци против султанската автократија. Како претседател на Турската Република спроведе прогресивни реформи. Роден е во Солун, во 1881 година, а умре во 1938 година. 1961.- Границата меѓу Источен и Западен Берлин кај Бранденбуршката капија е затворена, што беше најава за изградба на Берлинскиот ѕид. 1995.- Умре д-р Душан Манаковиќ, еден од најпознатите македонски географи и основоположник на современата геоморфологија и спелеологија. 1995.- Во Софија умре Симеон Гугуловски, македонски оперски уметник и солист на Операта при МНТ во Скопје. Роден е во Солун, во 1941 година. 2001.- Во Скопје е потпишан Охридскиот рамковен договор, политички документ за решавање на кризата во Република Македонија. Документот го потпишаа претседателот на Република Македонија, Борис Трајковски и четворицата партиски лидери - на ВМРО-ДПМНЕ, Љубчо Георгиевски, на СДСМ, Бранко Црвенковски, на ДПА, Арбен Џафери и на ПДП, Имер Имери. На потпишувањето на документот присуствуваа и високи меѓународни претставници. 2003.- Либија се согласи да исплати 2,7 милијарди долари на семејствата на 270 луѓе кои загинаа во експлозија на бомба во авион на компанијата „Пан Америкен“ над Локерби во Шкотска во 1988 година. |
|
![]() |
|
Boogie ![]() Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Модератор ![]() ![]() Слобода или Смрт Регистриран: 26.Октомври.2005 Статус: Офлајн Поени: 10652 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
1762.- Роден е Кристоф Вилхем Хуфеланд, германски лекар. Стана познат по делото „Макробиотика“, објавено во 1796 година, а преведено речиси на сите европски јазици и на кинески јазик. Според тоа дело е наречена науката за зачувување и за одржување на здравјето. Умре во Берлин, во 1836 година. 1848.- Во близина на градот Честерфилд умре Џорџ Стивенсон, англиски пронаоѓач, "татко на железницата", кој во 1814 година ја конструира првата употреблива парна локомотива. Роден е во Вајлем, кај Нукасл, на 16.10.1781 година. 1859.- Во Тутсвил, во американската држава Пенсилванија, случајно е пронајдена нафтата. 1898.- Со потпишување на протокол заврши шпанско-американската војна. Со протоколот Шпанија е принудена да ги напушти Куба и Порторико. 1903.- Околу 15.000 турски војници и башибозук под водство на Бахтијар-паша почнаа противофанзива против Крушево и Крушевската република. Штабот на крушевските востаници, по добиениот ултиматум на Бахтијар-паша востаниците да се предадат одговори: „Востанавме за да се бориме за извојување на слобода на Македонија, а не да се предадеме“. Но, кога градот се најде во безизлезна состојба, штабот нареди востаниците да се повлечат со цел да се зачува градот од разурнување. Крушевската република падна утредента, по борбите на преминот Слива и во месноста Мечкин Камен. 1938.- Германија објави мобилизација на населението во рамките на подготовките за војна. 1945.- Основано е македонско лекарско здружение. 1955.- Во Цирих умре Томас Ман, германски писател. Негови назначајни дела се "Бунденброкови", "Доктор Фауст", "Волшебниот брег" и други. Во 1929 година ја доби Нобеловата награда за литература, а во 1949 година-Гетеовата награда. Роден е во Лајпциг, на 6.06.1875 година. 1982.- Во Лос Анџелес умре Хенри Фонда, американски филмски артист, еден од великаните и легендите на Холивуд. Роден е во Гренд Ајленд, на 16.05.1905 година. 1990.- Во Скопје е осветен Соборниот храм на автокефалната Македонска православна црква "Свети Климент Охридски". 1990.- Во Скопје е основана Партијата за целосна еманципација на Ромите од Македонија. За претседател е избран Фаик Абди. 1993.- Сојузот на книжевните преведувачи на Македонија е примен во редовното членство на Меѓународната организација на преведувачите (ФИТ) и стана 19-ти член на Регионалниот преведувачки центар за Европа. 2000.- Во несреќа на руската нуклеарна подморница „к*рск“ на околу 120 наутички милји североисточно од Мурманск, која после две силни експлозии потона на дното на Баренцовото Море на последниот ден на големите поморски маневри на Северната флота на руската воена морнарица, загинаа сите 118 членови на екипажот. 2004.- Во Грција е пуштен во сообраќај мостот Рио-Антирио, најдолгиот висечки мост на челични сајли во свето, кој го поврзува полуостровот Пелопонез со остатокот на грчкото копно, долг 2.250 метри. |
|
![]() |
|
Boogie ![]() Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Модератор ![]() ![]() Слобода или Смрт Регистриран: 26.Октомври.2005 Статус: Офлајн Поени: 10652 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
1858.- Роден е холандскиот лекар Кристијан Ајкман, добитник на Нобеловата награда за медицина во 1929 година, пронаоѓач на причинителот на болеста бери-бери. Нобеловата награда ја доби за откривањето на витаминот Б. 1941.- Британскиот премиер Винстон Черчил и претседателот на САД Франклин Рузвелт се сретнаа на еден брод во Атлантикот, каде што ја формулираа и на 14 август ја потпишаа прочуената "Атланска повелба", чии начела ги прифатија и Обединетите нации во својата Декларација во 1945 година. Во повелбата меѓу другото се истакнува дека територијалната промена мора да биде во согласност со слободно изразената волја на народот, народите имаат право да си избираат за себе облик на владеење по волја и тоа право треба да им се врати на сите, и се предупредува дека народите во светот мораат да се откажат од употребата на сила. 1949.- Во непосредна близина на селото Брезница, Егејска Македонија во моментот кога меѓу ДАГ и монархофашистичката кралска армија се водеше тешка борба загина Крсто Мангов, македонски револуционер и борец за национална слобода и социјални права на македонскиот народ. Роден е во селото Д' мбени, Костурско, во 1912 година. 1952.- На јорданскиот престол стапи кралот Хусеин откако неговиот татко кралот Талал е тргнат од престолот поради сенилност. 1960.- Чад, држава во Африка која беше во составот на Француска Екваторијална Африка, се здоби со независност. 1962.- Лансирани се советските вселенски бродови „Васток - 3“ и „Васток - 4“ со астронаутите Николаев и Попович. Тоа беше прв повеќедневен групен лет во вселената и траеше до 15 август. 1980.- Во Скопје умре Хаџи Николов, македонски музички педагог и композитор. Тој и припаѓа на постарата македонска генерација на композитори кој целокупната дејност ја насочуваше кон негување и музичка обработка на македонските народни песни. Роден е во Скопје, на 18.04.1909 година. 1987.- Во Охрид умре Живко Чинго, истакнат македонски прозаист и драмски писател. Неговите зборки раскази "Пасквелија", "Нова Пасквелија", романите "Сребрените снегови", "Големата вода", драмите "Кенгурски скок", "Макавејски празници" и други, му обезбедија едно од врвните места во современата македонска проза и драмска литература. Роден е во селото Велгошти, охридско, на 13.08.1936 година. 1992.- Со одлука на Собранието на Република Македонија се усвоени знамето (црвено со златно-жолто сонце, со осум основни и осум споредни сончеви зраци кое беше во сила до 5.10.1995 година, кога е сменето во црвено со златно-жолто сонце, со осум сончеви зраци... и химната „Денес над Македонија“ на Република Македонија. 1993.- Пакистан ја призна Република Македонија. 1996.- Умре чешкиот диригент и композитор Рафаел Јероним Кубелик кој во 1934 година, на 20-годишна возраст, почна да диригира со Чешката филхармонија. 2003.- НАТО ја презеде командата над 5.000 војници на меѓународните сили за помош и безбедност во Авганистан, што е прва мисија надвор од Европа во историјата на тој воено-политички сојуз. |
|
![]() |
|
Boogie ![]() Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Модератор ![]() ![]() Слобода или Смрт Регистриран: 26.Октомври.2005 Статус: Офлајн Поени: 10652 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
1627.- Францускиот кардинал Арман Ришелје кој ги предводеше кралските трупи, ја почна опсадата на Ла Росел, упориште на хугенотите (француски протестанти, кое го зазеде 14 месеци подоцна. 1675.- На основа на налогот на англискиот крал Чарлс Втори положен е камен темелник на Кралската опсерваторија во јужното лондонско предградие Гринич, преку кое поминува нулта (гриничкиот) меридијан. Опсерваторијата е изградена со цел да се проучи положбата на ѕвездите што беше посебно значајно за навигацијата. За прв кралски астроном и шеф на опсерваторијата е поставен Џон Флемстид. 1865.- Во Санкт Петербург е роден Александар Пертович Глазунов, руски композитор, последен претставник на руската национална школа. Умре во Париз, на 21.03.1936 година. 1903.- Неколку денови пред паѓањето на Крушевската република, во Церско поле, демирхисарско, македонскиот војвода Јордан Пиперката падна во заседа на осмалиската војска. По неколку часовна борба со осмалиската војска се самоуби. Роден е во селото Козица, на 23.06.1870 година. 1913.- Со мирот во Бук*решт заврши Втората балканска војна која на 30 јуни 1913 ја почна Бугарија, со цел да приграби поголем дел од Македонија. Во оваа војна учествуваа Црна Гора и Грција од една страна и Бугарија од друга страна. Во војната се вклучија Романија и Турција. Со овој мир Македонија е поделена на три дела: на Бугарија, на Србија и на Грција. Поради провидноста на некои одредби на овој мир, Балканот стана подрачје за постојани недоразбирања меѓу балканските држави. 1914.- Франција во Првата светска војна и објави војна на Австро-Унгарија. 1983.- Во Белград умре Воислав Нановиќ, еден од втемелувачите на поевоениот југословенски филм, режисер на првиот игран филм „Фросина“, снимен во 1952 година. Роден е во Скопје, на 12.08.1922 година. 1993.- Во Скопје умре Димитар Кондовски, академик, врвна фигура во македонското сликарство. Роден е во Прилеп, во 1927 година. 1998.- Принцот Ел Мухтади Бил, постариот син на брунејскиот султан Хасан Болкиј, еден од најбогатите луѓе во светот, е прогласен за наследник на престолот. 2001.- Во близина на скопското село Љубанци кај месноста Љуботен Бачило од подмолен напад на албанските теорористи возило на АРМ нагази на мина, при што загинаа осумина припадници на Армијата на Република Македонија - Маријанчо Бошковски (28), Бранко Јанев (37), Томислав Настески (28), Раде Јанковски (33), Ивица Златевски (25), Томе Бадаревски (33), Гоце Чанкуловски (39) и Томе Димовски (37), сите од Скопје и Скопско. 2001.- Во терористички напад на
патнички воз јужно од главниот град на Ангола, Луанда, што го извршија
припадници на бунтовничкото движење УНИТА, загинаа најмалку 252 луѓе. |
|
![]() |
|
Boogie ![]() Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Модератор ![]() ![]() Слобода или Смрт Регистриран: 26.Октомври.2005 Статус: Офлајн Поени: 10652 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
916.- Во Охрид умре свети Климент Охридски, родоначалник на Македонската литература и на црковното беседништво, прв оргинален словенски и македонски поет, говорник, преведувач, прв епископ словенски и македонски на Балканот, но и заштитник на Охрид. Роден е во Охрид, околу 840 година. 1873.- Во Скопје од Солун пристигна првиот воз. Македонија стана една од ретките земји во светот во која беше изградена железничка линија, само 50 години по пуштањето во работата на првата локомотива во светот. 1883.- Во Велес е роден Панко Брашнаров, македонски национален деец, народен учител, хуманист, воденичар и најстар пратеник на првото заседание на АСНОМ, прв доверител на правата привремена Влада на македонија, иницијатор за формирање на првата новинска агенција во Македонија и најблизок соработник на Методија Андонов Ченто. Умре на Голи Оток во т.н. „Болница на работилиштето мермер“, на 13.07.1951 година. 1919.- Во Монтекатини умре Руџеро Леонкавало, италијански композитор, претставник на веристичкиот правец во италијанската музика. Негово значајно дело е операта "Палјачи", која зборува за животот на една патувачка артистичка дружина. Роден е во Неапол, на 8.05.1858 година. 1945.- Воздушните сили на САД ја фрлија и втората атомска бомба (првата ја фрлија врз Хирошима, на 6.08.1945 година), врз јапонскиот град Нагасаки, кој беше урнат до темел. Притоа, загинаа околу 36.000 жители, повеќе од 40.000 беа поврдени, а во пожарот изгореа повеќе од 20.000 куќи. Шест денови по атомската експлозија, јапонскиот цар Хирохито ја објави безусловната капитулација на Јапонија. 1962.- Умре Херман Хесе, германски писател. Најпознати негови романи се "Игра со стаклени перли", "Демијан", "Сидарта" и "Степскиот волк". Во 1946 година ја доби Нобеловата награда за литература. Роден е на 2.07.1877 година. 1969.- Во Љубљана умре Тоне Сечишкар, словенечки писател. Меѓу неговите најпознати дела се „Тробовле“, „Песни на исчекување“, „Заринканиот брод“, „Во пазувите на татковината“, „Трстјанскиот пат“ и „Дружината на синиот галеб“. Роден е во Љубљана на 01.04.1900 година. 1993.- Во Битола во Медицинскиот центар „Д-р Трифун Пановски“ е родено првото дете од епрувета во Република Македонија. 2001.- Во Тетово во борба против албанските терористи загина полицаецот Душко Синадиновски, роден во 1960 година од село Ратае, Тетовско. |
|
![]() |
Внеси реплика ![]() |
страница <1 2627282930 36> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања ![]() Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |