![]() |
|
ПРАВОСЛАВЕН КАЛЕНДАР:ДЕНЕС СЕ СЛАВИ |
Внеси реплика ![]() |
страница <1 2627282930 68> |
Автор | |
maria_magdalena ![]() Сениор ![]() ![]() trouble seeker Регистриран: 25.Октомври.2007 Статус: Офлајн Поени: 8706 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Со својот живот и дела секако дека Св. Трипун заслужил да биде почитуван..
Бог вршел многу чуда и преку Неговите ученици, а и денес имаме такви христијани, кои поседуваат такви духовни дарови како што е дарот на истерување демони...нема ништо спорно во тоа. Напротив, животот на светителите треба да ни биде некаков пример и патоказ. С. Трипун ни случајно не бил пијаница. А тоа што според некои традиции на тој ден се кројат лозја, па разноразни преданија и приказни довеле до називот “Св. Трипун Пијаницата“-никако не значи дека така треба да зборуваме за овој светител, кој и животот свој си го положил за христијанството (одамна пред истото да се “расцепка“) |
|
МИСЛИТЕ СЕ ОСЛОБОДЕНИ ОД ДАНОК.
|
|
![]() |
|
mali simo ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 22.Октомври.2006 Статус: Офлајн Поени: 1132 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Извадисија гредата од твоето око потоа барај ја раската во окото на брат ти. познато ти е .....си го размислил ова.... ај оди....треба да заминеш на работа..... и не ги ремети темите ...... досаден си како... Денес се слави Светиот Маченик Трифун. Изменето од mali simo - 14.Февруари.2008 во 11:18 |
|
ХРИСТОС ВОСКРЕСНА ОД МРТВИТЕ СО СМРТА СМРТА ЈА ПОБЕДИ И НА ТИЕ ВО ГРОБОВИТЕ ЖИВОТ ИМ ДАРИ
![]() |
|
![]() |
|
EvAngelos ![]() Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор ![]() ![]() Doulos Evangelos Регистриран: 28.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 9913 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
|
|
![]() |
|
mali simo ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 22.Октомври.2006 Статус: Офлајн Поени: 1132 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Денес се слави Светиот Маченик Трифун. епитетите кои ти ги кажуваш се произлезени од вошкарски ,,христијани,, како тебе и од ,,христијаните,, од ЦК на КПМ и КПЈ.. |
|
ХРИСТОС ВОСКРЕСНА ОД МРТВИТЕ СО СМРТА СМРТА ЈА ПОБЕДИ И НА ТИЕ ВО ГРОБОВИТЕ ЖИВОТ ИМ ДАРИ
![]() |
|
![]() |
|
EvAngelos ![]() Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор ![]() ![]() Doulos Evangelos Регистриран: 28.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 9913 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
|
|
![]() |
|
mali simo ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 22.Октомври.2006 Статус: Офлајн Поени: 1132 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
|
ХРИСТОС ВОСКРЕСНА ОД МРТВИТЕ СО СМРТА СМРТА ЈА ПОБЕДИ И НА ТИЕ ВО ГРОБОВИТЕ ЖИВОТ ИМ ДАРИ
![]() |
|
![]() |
|
чаир ![]() Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор ![]() ![]() Регистриран: 29.Јануари.2007 Статус: Офлајн Поени: 950 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Светите Кир и Јован, бесребреници и чудотворци Овие милосрдни и прекрасни светители не беа браќа по крв, но беа браќа по дух. Кир најнапред живееше во Александрија и како лекар ги лечеше луѓето со силата Христова и со материјални лекови. Кога дозна дека болестите ги напаѓаат луѓето најмногу заради гревовите, почна непрестајно да ги упатува болните со пост и покајание да си ја очистат душата од гревовите и така да си го повратат телесното здравје. Кога настана гонењето на христијаните од страна на Диоклецијан, Кир се оддалечи во Арабија и таму се замонаши. Но како што беше прочуен во Александрија исто така се прочу и во Арабија, па луѓето му прибегнуваа за помош. Кога Јован, тогаш римски офицер во Едеса, слушна за Кир, појде во Арабија за да го види. Кога се видоа се засакаа еден со друг како двајца браќа и останаа заедно да се подвизуваат. Во тоа време мачителите ја мачеа некоја маченичка Атанасија христијанка, со нејзините три ќерки во Каноп. Штом слушнаа за ова Кир и Јован отидоа во Каноп за да ги храбрат мајката и ќерките, та да не отпаднат од верата. И навистина, благодарение на советите на овие светители Атанасија ги претрпе сите маки и заедно со ќерките беше погубена за Христа. Ќерките на Атанасија се викаа: Св. Теоктиста, која имаше петнаесет години, Св. Теодотија на тринаесет години, а Евдокија единаесет години. Тогаш мачителите ги фатија Кир и Јован, па после долги маки и претрпен затвор ги убија со меч, во 311 година. Овие свети маченици извршија безбројни чуда за време на животот и после смртта. Нивните мошти во времето на царот Аркадиј се пренесени во Рим. Се повикуваат на помош особено при несоница, при осветување на вода и на Маслосвет. Светата маченичка Трифена Драговолно и храбро ги поднесе сите маки за Христа. Па бидејќи не сакаше да се одрече од верата, пуштија еден бесен пес кој ја избоди и ја уби. Тоа се случи во 1 век. Нејзе ја повикуваат на помош мајките што не можат да ги дојат своите деца. Преподобен Никита Печерски Како монах не го послуша игуменот и се оддалечи од манастирот и се затвори во една келија. Заради непослушноста Бог допушти врз него едно големо искушение. Еднаш кога беше на молитва му се јави ѓаволот во вид на светол ангел и му рече: „Немој веќе да се молиш, туку читај книги, а јас ќе се молам за тебе!“ Никита послуша, престана да се моли и почна да чита книги. Го читаше само Стариот Завет, а Новиот никако не можеше ни да го отвори, зашто не му даваше силата ѓаволска. Со помош на ѓаволот и пророкуваше, и тоа само злосторства, грабежи, пожари и други зли дела, кои на ѓаволот му се познати затоа што во нив самиот учествува. Најпосле Светите отци печерски увидоа дека Никита падна во ѓаволска прелест и почнаа да Го молат Бога за него. Се поврати, ја увиде пропаста во која западна, горко се покаја за гордоста и непослушноста и се исправи на својот пат. После долго каење и многу солзи Бог му прости и го дарува со дар на чудотворство. Се упокои во 1108 година. |
|
Нова заповед ви давам да се љубите еден со друг како што Јас ве возљубив така и вие да се љубите еден со друг.По тоа ке ве познаат сите дека сте мои ученици, ако имате љубов меѓу себе (Јов. 13-34,35)
|
|
![]() |
|
чаир ![]() Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор ![]() ![]() Регистриран: 29.Јануари.2007 Статус: Офлајн Поени: 950 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Пренос на моштите на Светиот свештеномаченик Игнатиј Главното празнување на Св. Игнатиј е на 20 декември. На овој датум се празнува преносот на неговите мошти од Рим, каде што маченички пострада, во Антиохија, во којашто порано беше архиереј. Кога Свети Игнатиј беше повикан во Рим за да одговара пред царот Трајан за својата вера, на тој долг пат го придружуваа неколкумина граѓани од Антиохија, побудени од голема љубов кон својот прекрасен архипастир. Бидејќи Божјиот Светител никако не сакаше да се одрече од верата и ги презре сите ласкања и ветувања на царот Трајан, беше осуден на смрт и фрлен пред ѕверовите во Големиот циркус. Ѕверовите го растргнаа и тој Му ја предаде својата душа на Бога. Тогаш неговите следбеници ги собраа неговите соголени коски, ги пренесоа во Антиохија и чесно ги погребаа. Но кога Персијанците ја зазедоа Антиохија во 6 век, моштите на Свети Игнатиј повторно ги вратија од Антиохија во Рим. Светите маченици Роман, Јаков, Филотеј, Иперихиј, Авив, Јулијан и Паригориј Сите пострадаа за Господ Исус Христос на Самосат во времето на царот Максимијан во 297 година. Филотеј и Иперихиј беа големци, а останатите беа момчиња од благородничко потекло. Незнабожците ги убија со страшна смрт, им коваа клинци во главите. Чесно пострадаа и влегоа во радоста на Господ. Преподобен Лаврентиј Печерски Драговолно го избра затворничкиот живот, како некогашните затворници Исакиј и Никита, внимателно чувајќи се од демонската прелест на којашто тие двајцата во почетокот ѝ се подадоа. Со големо воздржание, молитва и богомислие достигна висок степен на совршенство. Од исплашениот демон дозна дека во Печерскиот манастир има триесетмина монаси, меѓу сите сто и осумнаесет, на кои од Бога им е дадена власт над нечистите духови. Се престави кај Господ во 1194 година. |
|
Нова заповед ви давам да се љубите еден со друг како што Јас ве возљубив така и вие да се љубите еден со друг.По тоа ке ве познаат сите дека сте мои ученици, ако имате љубов меѓу себе (Јов. 13-34,35)
|
|
![]() |
|
чаир ![]() Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор ![]() ![]() Регистриран: 29.Јануари.2007 Статус: Офлајн Поени: 950 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
fala i poveli pridruzise i ti vo borbata |
|
Нова заповед ви давам да се љубите еден со друг како што Јас ве возљубив така и вие да се љубите еден со друг.По тоа ке ве познаат сите дека сте мои ученици, ако имате љубов меѓу себе (Јов. 13-34,35)
|
|
![]() |
|
Pravoslaven ![]() Сениор ![]() Регистриран: 09.Февруари.2008 Статус: Офлајн Поени: 705 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Bravo Cair, ti si veren bozhji sluga sto go cuva forumov od site napadi na hristijanstvoto
![]() |
|
![]() |
|
чаир ![]() Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор ![]() ![]() Регистриран: 29.Јануари.2007 Статус: Офлајн Поени: 950 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Пренос на моштите на Свети Јован Златоуст Златна труба на Православието. Споменот на овој светилник на Црквата се празнува на 13 ноември и на 30 јануари. А на овој датум се празнува преносот на неговите чесни мошти од ерменското село Комане, каде што умре како прогонет, во Цариград, каде што порано како патријарх управуваше со Црквата. Кога се навршија триесет години од неговата смрт, патријархот Прокло одржа еден говор во спомен на својот духовен отец и учител и со тој говор толку ја разгоре љубовта на народот и на царот Теодосиј Помладиот кон големиот Светител, што сите посакаа Златоустовите мошти да се пренесат во Цариград. Се раскажува дека ковчегот со моштите никако не можеле да го помрднат од местото сѐ додека царот не му напиша писмо на Златоуст молејќи го за прошка (бидејќи мајката на Теодосиј, Евдоксија, беше виновна за прогонството на Свети Јован) и повикувајќи го да дојде во Цариград, неговата некогашна резиденција. Кога ова покајно писмо го положиле на ковчегот, тој ковчег станал сосем лесен. При преносот мнозина болни кои се допреа до ковчегот со моштите на Св. Јован оздравеа. Кога моштите стасаа до престолнината, тогаш царот повторно молеше над моштите на Светителот прошка во име на својата мајка, и тоа како самата таа да говори: „Додека живеев во минливиот живот направив зло, а сега, кога ти живееш во бесмртноста, биди ѝ полезен на мојата душа. Мојата слава помина и не ми помогна ни малку; ти, оче, помогни ми во твојата слава, пред да бидам осудена на Судот Христов!“ Кога Светителот го внесоа во црквата на Светите апостоли и го поставија на патријаршискиот престол, тогаш маса народ од неговите усни слушна: „Мир на сите!“ Преносот на моштите на Свети Јован Златоуст беше извршен 438 година. Преподобен Тит Печерски Најнапред беше војник, па кога во една битка го ранија во главата, се повлече во Печерскиот манастир, оздраве и се замонаши. Времето го минуваше во непрестајно оплакување на своите гревови. Пред смртта беше известен преку некое небесно објавување дека гревовите му се простени. Моштите му почиваат во Теодосиевите пештери. |
|
Нова заповед ви давам да се љубите еден со друг како што Јас ве возљубив така и вие да се љубите еден со друг.По тоа ке ве познаат сите дека сте мои ученици, ако имате љубов меѓу себе (Јов. 13-34,35)
|
|
![]() |
|
чаир ![]() Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор ![]() ![]() Регистриран: 29.Јануари.2007 Статус: Офлајн Поени: 950 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Светиот свештеномаченик Климент, епсикоп Анкирски Роден 258 година во градот Анкира од татко незнабожец и мајка христијанка. Неговата благочестива мајка Ефросинија му прорече на својот син маченичка смрт и го остави овој свет кога Климент беше на возраст од дванаесет години. Нејзината другарка Софија го зеде Климент во својата куќа како син и го помогна неговото воспитание во христијански дух. Роден 258 година во градот Анкира од татко незнабожец и мајка христијанка. Неговата благочестива мајка Ефросинија му прорече на својот син маченичка смрт и го остави овој свет кога Климент беше на возраст од дванаесет години. Нејзината другарка Софија го зеде Климент во својата куќа како син и го помогна неговото воспитание во христијански дух. Климент беше толку прочуен заради неговиот добродетелен живот, што го избраа за епископ Анкирски во дваесеттата година од животот. Во младоста стекна старечка мудрост и со големо воздржание го скроти и го победи своето тело. Се хранеше само со леб и зелје и не јадеше ништо заклано и крвно. Во времето на Диоклецијан беше мачен толку страшно „како никој никогаш од постанокот на светот“. Во маки и затвори помина дваесет и осум години. Го малтретираа и го мачеа единаесет разни мачители. Кога еднаш го удираа по лицето, го плукаа и му ги кршеа забите, му довикна на мачителот Дометијан: „Ми правиш чест Дометијане, а не ме мачиш, зашто вака беше биена устата на мојот Господ Исус Христос и вака Му беа удирани образите, а ти и мене недостојниот со тоа ме удостои“. Кога го доведоа пред царот Диоклецијан во Рим, царот постави на една страна разни орудија за мачење, а на другата подароци, одликувања, облеки, пари - сѐ што би можел еден цар да дарува, па му рече на Климент да одбере. Христовиот маченик погледна на царевите подароци со презир и ги одбра справите за мачење. Беше неискажливо мачен: парче по парче месо му откинуваа од телото, така што коските му се проѕираа под месото. Најпосле војниците го убија со меч, во 312 година, во црквата во Анкира, додека како архиереј служеше литургија. Чудата што ги изврши Свети Климент немаат број. Шестиот Вселенски Собор Одржан во Цариград. Првото заседание беше во 681 година, а второто во 691 година. Овој Собор ги осуди еретиците монотелити, коишто погрешно учеа дека Христос имаше само Божествена волја, без човечката. Беа донесени и неколку правила за дисциплината и редот кај свештенството. Свети Павлин Милостив Најпрво римски сенатор, а потоа епископ во Нола. По примерот на својот пријател Св. Амвросиј прими Крштение, а потоа се оддалечи во Пиринејските Планини во Шпанија заради подвиг. Но бидејќи ниедна светилка не може да се скрие и Св. Павлин го пронајдоа и го избраа за епископ Нолски. Беше добар и милостив пастир. Мирно се упокои во 431 година. Моштите му почиваат во Рим, во црквата на Св. Вартоломеј. |
|
Нова заповед ви давам да се љубите еден со друг како што Јас ве возљубив така и вие да се љубите еден со друг.По тоа ке ве познаат сите дека сте мои ученици, ако имате љубов меѓу себе (Јов. 13-34,35)
|
|
![]() |
|
чаир ![]() Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор ![]() ![]() Регистриран: 29.Јануари.2007 Статус: Офлајн Поени: 950 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Преподобен Павле Тивејски Роден од богати родители во Долна Тива (Теба) Мисирска во времето на царот Декиј. Сиот имот на родителите Павле го наследи заедно со неговата сестра. Неговиот зет идолопоклоник посака да го приграби и Павловиот дел од имотот и му се закани на Павле дека ќе го даде на суд како христијанин ако не му го отстапи својот имот. Од една страна оваа неволја, од друга самопожртвуваниот пример на христијанските маченици што ги виде со своите очи, го поттикнаа Павле да го отстапи својот дел од имотот и како ништ да се оддалечи во пустината. Таму се подвизуваше до смртта. До каква духовна височина достигна овој возвишен монах сведочи самиот Свети Антониј Велики, којшто еднаш го посети Павла и ги виде како му служат ѕверовите и птиците небесни. Кога се врати од таа посета Антониј им рече на своите монаси: „Тешко мене, деца мои, кој сум грешен и лажен монах, монах само по име. Го видов Илија, го видов Јован во пустината и навистина го видов Павле - во Рајот!“ Св. Павле живееше сто и тринаесет години и мирно се упокои во Господ во 342 година. Преподобен Јован Кушчник (Колибар) Роден е во Цариград во времето на царот Лав I од богати и угледни родители. Им беше единец на своите родители. Поттикнат од наклоноста кон духовниот живот младиот Јован тајно побегна со еден монах во некој манастир во Мала Азија. Во тој манастир тој помина шест години во преголемо воздржание, молитва и послушност кон игуменот. Тогаш на него навали ѓаволот со искушение дека треба да го остави манастирот и да им се врати на своите родители и кај нив да живее како благородник. Тој навистина се врати во домот на родителите но облечен како просјак, ги виде своите родители само не сакаше да им се јави како син, туку како просјак се насели во нивниот двор, живеејќи речиси од трошките што му ги дофрлаа слугите и трпејќи многу потсмевања од сите и од секого. Така поживеа три години молејќи Го Бога да ги спаси душите на татко му и мајка му. Кога се разболе и ја почувствува близината на смртта, им се јави на родителите, кои го препознаа по едно скапоцено Евангелие што му го подарија во детството и коешто тој го чуваше кај себе како единствен свој имот. И така овој млад човек, иако многу богат, си ја спаси душата, ги спаси душите на своите родители, го победи ѓаволот и се упокои во Господ околу 450 година. Преподобен Гаврил Лесновски Македонски подвижник. Се подвизуваше во 10 век на Лесновската Гора кај Кратово, каде што му изгради црква на Св. Архангел Михаил. Чудотворец за време на животот и по смртта. Се упокои во Господ на крајот од 10 век. Светиот маченик Пансофиј Син на александриски проконзул. Ги напушти чинот и богатството и како млад се замонаши. Се подвизуваше тврдо дваесет и седум години и го воздигаше својот дух кон вишниот свет. Во времето на Декиј беше довлечкан на суд и биен за името Христово, сѐ дури во големи маки не ја предаде својата душа на Бога. |
|
Нова заповед ви давам да се љубите еден со друг како што Јас ве возљубив така и вие да се љубите еден со друг.По тоа ке ве познаат сите дека сте мои ученици, ако имате љубов меѓу себе (Јов. 13-34,35)
|
|
![]() |
|
чаир ![]() Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор ![]() ![]() Регистриран: 29.Јануари.2007 Статус: Офлајн Поени: 950 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Свети Јован Крстител 20/01/2008 Со оглед дека главната улога на Свети Јован се оствари на денот на Богојавление, древната Црква денот по Богојавление му го посвети на неговиот спомен. За овој ден се врзува и настанот со раката на Светиот Предвесник. Евангелистот Лука, кој посака да го пренесе Јовановото тело од Севастија, во којашто големиот Пророк беше убиен од царот Ирод во Антиохија, родното место на Св. Лука, успеа да ја пренесе само едната рака на Свети Јован, којашто во Антиохија ја чуваа до 10 век. Потоа беше пренесена во Цариград, но во времето на Турците исчезна оттаму. Свети Јован Крстител се прославува неколку пати во годината, но народот најмногу го празнува овој ден, 7 јануари. Меѓу евангелските личности околу Спасителот тој има посебно место: и според начинот на доаѓањето во светот, и според улогата на Крстител на луѓето за покајание, и како Крстител на Месијата, најпосле и според трагичното заминување од овој живот. Се одликуваше со толкава морална чистота што навистина можеше попрво да биде нарекуван ангел одошто смртен човек. Меѓу сите Пророци Свети Јован е единствениот кој можел и со рака да Го покаже Оној за Кого пророкувал. За раката на Светиот Предвесник се раскажува дека секоја година на денот на неговиот спомен архиерејот Антиохиски ја изнесувал пред народот. Понекогаш таа рака се јавувала раширена, а понекогаш згрчена. Во првиот случај означувала родна и богата година, а во вториот неродна и гладна. |
|
Нова заповед ви давам да се љубите еден со друг како што Јас ве возљубив така и вие да се љубите еден со друг.По тоа ке ве познаат сите дека сте мои ученици, ако имате љубов меѓу себе (Јов. 13-34,35)
|
|
![]() |
Внеси реплика ![]() |
страница <1 2627282930 68> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања ![]() Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |