IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Македонија и Свет > Историја
  Активни теми Активни теми RSS - Историски погледи на црковните прашања
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Историски погледи на црковните прашања

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 2627282930 37>
Автор
Порака Обратен редослед
Македон Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор

Caesar Constantinus

Регистриран: 20.Јули.2008
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 9928
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Македон Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Октомври.2009 во 17:30
Originally posted by Каснакоски Каснакоски напиша:

И кој го тврди обратното?


Добро штом се сложуваш со мене!среќа

Кон врв
Каснакоски Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 03.Април.2009
Статус: Офлајн
Поени: 4758
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Каснакоски Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Октомври.2009 во 17:07
И кој го тврди обратното?
Кон врв
Македон Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор

Caesar Constantinus

Регистриран: 20.Јули.2008
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 9928
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Македон Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Октомври.2009 во 16:14
Originally posted by Каснакоски Каснакоски напиша:

Борбата против Вселенската патриаршија била наша заедничка, под обшчото име, види го и претходниот мој пост. За 15 години има некоја грешка. Барањата се издигнати во 1844 од Иларион Макариополски и Неофит Бозвели и во сите настани има Македонци. Тоа со 1844 е почеток на организирана борба, значи до 1870 не се 15, туку малку повеќе години.

А стихијни акции има од порано, сеќавам се на 1824 во Враца.


Значи пак, сакал не сакал, најрано од XIX век почнува борбата.....сепак останува она што еднаш го кажав дека немало неколкувековна борба против Патријаршијата, односно дека нема постојан отпор против истата.

Значи, првиот протест е од Враца 1824 година ( целта на протестот е од економска природа, односно воведување вонреден данок од Митрополитот, а не национална ), а Бугарската Црква е укината 1393 година. До 1767 година, дел од Бугарските Епархии се контролирани од Цариград ( повеќето ), а некои и од Охридската Црква. По 1767 година, сите се контролирани од Цариград. Значи јасно е дека континуирана борба за обвнова на Бугарската Црква не е присутна.


Изменето од Македон - 07.Октомври.2009 во 16:15
Кон врв
Каснакоски Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 03.Април.2009
Статус: Офлајн
Поени: 4758
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Каснакоски Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Октомври.2009 во 16:01
Борбата против Вселенската патриаршија била наша заедничка, под обшчото име, види го и претходниот мој пост. За 15 години има некоја грешка. Барањата се издигнати во 1844 од Иларион Макариополски и Неофит Бозвели и во сите настани има Македонци. Тоа со 1844 е почеток на организирана борба, значи до 1870 не се 15, туку малку повеќе години.

А стихијни акции има од порано, сеќавам се на 1824 во Враца.


Изменето од Каснакоски - 07.Октомври.2009 во 16:02
Кон врв
Македон Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор

Caesar Constantinus

Регистриран: 20.Јули.2008
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 9928
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Македон Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Октомври.2009 во 15:51
Интересна слика! После ова тешко некој да ме убеди дека Бугарите континуирано се бореле против Грчката Црква. На сликата пишува колку години ( петнаесет ) траела таа борба. Пропаднаа во вода убедувањата дека укинувањето на Бугарската Црква со доаѓањето на Турците и доаѓањето на Грчката наишло на отпор...или дека селаните не разбирале ништо и се бореле против Грчката Црква. Се е јасно....
Само за потсетување Бугарската Црква е укината по освојувањето на Турците и нејзините епархии се дадени на Цариградската Патријаршија.




Изменето од Македон - 07.Октомври.2009 во 15:53
Кон врв
Каснакоски Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 03.Април.2009
Статус: Офлајн
Поени: 4758
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Каснакоски Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Октомври.2009 во 15:48
Види Македон, зошто Егзархијата не била туѓа за Македонците. Пак Мисирков. Навистина неговото може да спореди со Библијата. Има одговор на сите прашања и ми се чини дека ни одговарат и на двете стани. Мене ми е пријатен да речеме првиот дел на реченицата, тебе вториот или обратно.


Кон врв
g-1 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 10.Јули.2009
Статус: Офлајн
Поени: 356
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај g-1 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Октомври.2009 во 20:41
Originally posted by Македон Македон напиша:


Originally posted by Bronhi Bronhi напиша:

Македон ова е потврдено и од Русите :). До 1018 денешната Руска православна црква се наоѓа под црковна јурисдикција на Охридската архиепископија, времето на архиепископот Јован.
Интересно тврдење, ако може и некој извор да ми дадеш, навистина за ова првпат слушам и многу ме интересира. Јас ја знам традиционалната верзија за руското покрстување, односно присуството на пратениците на Св.Владимир на литургијата во Цариград, нивното враќање и покрстувањето на кнезот и сите луѓе со свештеници од Цариград.




Чесен и точен одговор на ова прашање може да даде г-дин. Цветан Гроздановски.
Црковните прашања се негова специјалност.


Кон врв
Каснакоски Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 03.Април.2009
Статус: Офлајн
Поени: 4758
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Каснакоски Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Октомври.2009 во 18:07
Originally posted by Македон Македон напиша:


Originally posted by Bronhi Bronhi напиша:

Македон ова е потврдено и од Русите :). До 1018 денешната Руска православна црква се наоѓа под црковна јурисдикција на Охридската архиепископија, времето на архиепископот Јован.
Интересно тврдење, ако може и некој извор да ми дадеш, навистина за ова првпат слушам и многу ме интересира. Јас ја знам традиционалната верзија за руското покрстување, односно присуството на пратениците на Св.Владимир на литургијата во Цариград, нивното враќање и покрстувањето на кнезот и сите луѓе со свештеници од Цариград.


Нема да може да ти даде друго, освен напишаното од фантазерот Попвски.
Линкот до „Македонска нација“ не работи, не знам зошто. Види ја статијата



Русите христијанството го примиле од Македонците



Името на Прва Јустинијана Охридска уште на почетокот на 10. век длабоко навлегло во руските маси и тоа станало поим и легенда за православното христијанство.
"Руската кнегиња Олга отишла да се покрсти во македонската престолнина на христијанството (955 г.), бидејќи сметала дека приказната за нејзиното покрстување во тогаш популарниот Охрид, можела да придонесе да се забрза процесот на христијанизацијата во Русија".

Ако се суди по преписите на службите и житијата на Климент и Наум, направени во тој период во Русија, за кои се знае дека биле "сакано четиво" кај источната публика, особено меѓу верниците, тогаш со право може да се констатира дека врските меѓу Македонија и Македонската охридска црква со Русија и Руската црква датираат од многу порано, од времето на солунските браќа Константин - Кирил и Методиј, кога тие биле во црковно-просветна и културна мисија кај Хазарите на Кавказ, што е сосема разбирливо, зашто Хазарското Царство се граничело со Киевска Русија, каде што живеел исклучиво словенски народ. Се претпоставува дека и самата Хазарска држава, која се простирала од Каспиското до Аралското Море, посебно по долното течение на реките Волга и Дњепар, до Северен Кавказ, била населена со племиња од различен етнички состав, меѓу кои доминирал словенскиот елемент. За нивната просветна дејност меѓу словенските народи на тие простори дознаваме и од рускиот летопис "Повест времених лет" од XI век, составен од "преподобниот" Нестор (1056-1114), монах во Киевско-Печерскиот манастир. Во овој исклучително важен документ авторот ни соопштува дека светите браќа Константин - Кирил и Методиј, додека престојувале кај Хазарите, освен Евангелието, ги превеле уште и: Апостолот, Октоихот, Псалтирот и уште неколку богослужбени книги за словенските народи на тие простори.

Влијанието на солунските браќа во поглед на ширењето на христијанството и на писменоста во руските земји било многу големо. Нивните идеи се ширеле многу брзо и на сите страни и тие биле месовно прифаќани од руското населние. Уште со првиот продор на идеите за христијанизација и, особено, на богослужбените книги со кирилско писмо, истовремено продирале и сознанијата за постоењето на најголемата христијанска црква на Балканот, на античката древност - Прва Јустинијана Охридска. Нејзиното име уште во почетокот на X-от век длабоко навлегло во руските маси и тоа станало поим и легенда за православното христијанство во таа земја. Во прилог на тој факт, сведочат и сознанијата на познатиот руски историчар Приселков (1881-1941). Тој вели: "Киевска Русија христијанската вера ја примила - не од Византија, туку од рацете на охридскиот патријарх", што како резултат на тоа, "Руската црква била една од епархиите на старата Охридска патријаршија". Според Приселков, во времето на покрстувањето на Русите, Русија немала некои постојани и цврсти врски со Византиската империја. Имено, христијанството примено кај нив, убедливо се разликувало од она што било раширено во одделните теми во Византија. Ова свое сознание го темели врз основа на своите научни истражувања, направени во почетокот на XX век и врз основа на стари летописи. Како многу силен аргумент, со кој се поткрепува тој факт, претставува неговото откритие за првите видни личности во руското општество кои го прифатиле христијанството и се покрстиле.

Имено, во старите руски летописи открил дека "руската кнегиња Олга и нејзиниот внук, кнезот Владимир, биле покрстени во Охрид, првата во 955, а вториот во 987 година.

Овој податок не е без основа. Сите руски извори тврдат дека кнегињата Олга била првата руска жена која самата се вовела во христијанството. Оваа енергична и грамотна кнегиња, чии интелектуални способности се одликувале со силно изразено визионерство, имала јасно одредени цели за иднината на Русија. Имено, со цел да ја сочува нејзината независност и да се здобие со самостојност во црковните работи, "водела итра дипломатска политика". Познавајќи ја многу добро византиската црковно-политичка концепција, според која, секој народ кој христијанството го примал од рацете на Грците автоматски станувал вазал на грчкиот император, односно политички зависен народ и политички зависна држава, таа не сакала нејзината земја да ја подведе под Византија. Од тие причини, наместо во Цариград, отишла во Охрид, "во престолнината на христијанството", каде што се покрстила. Не случајно тргнала на толку долг пат. Охрид во тоа време претставувал "најсветлиот пункт во историјата на македонците", а во македонската Прва Јустинијана Охридска бил концентриран целиот духовен живот на народите. Оваа жена-дипломат меѓу својот народ уживала голем углед и авторитет во работите од христијански карактер, поради што манифестирала забележително влијание во сферата на религиозниот живот кај соседните народи. Затоа тргнала, токму, во Македонија, бидејќи сметала дека приказната за нејзиното покрстување, во тогаш популарниот Охрид, можела да придонесе да се забрза процесот на христијанизацијата во Русија. Во тоа наполно успеала.
Култот кај Русите кон кнегињата Олга толку многу пораснал, што непосредно по нејзината смрт била прогласена за народен светија на Руската Православна Црква. Во Киевска Русија таа се почитува како прва жена христијанка и како жена дипломат и владетелка. Во нејзина чест во Украина е воведена награда "Орден на кнегиња Олга", со која се наградуваат жени што се истакнале во служењето на украинскиот народ.

Руските летописци сиот триумф од победата на христијанството над јазичниците му ја припишуваат на Олгиниот внук, на кнезот Владимир. Неговото покрстување во Охрид, во 987 година, придонесло уште повеќе да се зацврснат врските на Киев со Охрид, што имало силен одраз врз развојот на христијанството во Русија. Тие врски постојано се проширувале и збогатувале со нови христијански содржини. Историчарот Приселков констатира дека "кога бил ракоположен првиот руски митрополит, Теопемт, во 1037 година, руската црква била потчинета на Охридската патријаршија".

Покрстувањето на Киевска Русија хронолошки се совпаѓа со постоењето на Самоиловото Царство, а Црквата на Самоил, Охридската архиепископија, која во негово време била подигната на степен на патријаршија (999 г.), била најсилна христијанска црква, со најголема диецеза, која имала врски со многу словенски народи. Некои руски историчари тврдат дека "јурисдикцијата на Охридската патријаршија над Руската црква се протегала и по паѓањето на Македонија под Византија, во времето на Василие Втори". Првата жена на кнез Владимир, чие име, засега, не ни е познато, мајка на нивните синови Борис и Глеб, кои денес се слават како први руски светии, Приселков соопштува дека потекнувала од семејството на цар Самоил. На ваков заклучок го навел податокот дека "првобитно синовите на кнез Владимир ги имале христијанските имиња Роман и Давид, кои често се среќавале меѓу големодостојниците од придружбата на македонскиот цар Самоил". До извесно заладување на односите меѓу Киев и Охрид дошло кога кнезот Владимир, откако станал вдовец, се оженил со Ана, сестрата на византискиот император Василиј II Македоноубиец.
Просветителското дело на солунските браќа, кое незадржливо се ширело меѓу словенското и несловенското население на Кавказ, и особено во Киевска и Московска Русија, одиграло значајна улога, пред сѐ, во подоцнежниот период, во време на покрстувањето на рускиот народ на тие простори. Имено, тоа довело до забрзување на тој процес и до културен препород на новохристијанизираните словенски маси, што ги издигнало на повисоко црковно-просветно и културно рамниште.



Д-р. Петар Поповски




Изменето од Каснакоски - 05.Октомври.2009 во 18:07
Кон врв
Македон Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор

Caesar Constantinus

Регистриран: 20.Јули.2008
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 9928
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Македон Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Октомври.2009 во 17:45
Originally posted by Bronhi Bronhi напиша:

Македон ова е потврдено и од Русите :). До 1018 денешната Руска православна црква се наоѓа под црковна јурисдикција на Охридската архиепископија, времето на архиепископот Јован.


Интересно тврдење, ако може и некој извор да ми дадеш, навистина за ова првпат слушам и многу ме интересира. Јас ја знам традиционалната верзија за руското покрстување, односно присуството на пратениците на Св.Владимир на литургијата во Цариград, нивното враќање и покрстувањето на кнезот и сите луѓе со свештеници од Цариград.
Кон врв
Каснакоски Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 03.Април.2009
Статус: Офлајн
Поени: 4758
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Каснакоски Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Септември.2009 во 13:33
Originally posted by Bronhi Bronhi напиша:

Македон ова е потврдено и од Русите :). До 1018 денешната Руска православна црква се наоѓа под црковна јурисдикција на Охридската архиепископија, времето на архиепископот Јован.


Дај да видиме извор.


А на Депо да му покажам што се вика фалсификат од истиот линк, а тука веќе имаме официален карактер на источникот - весникот „Македонска нација“.

Потеклото на вистинските цркви

Римскиот папа Никола I (858-867), пренесувајќи го официјалниот став на Римокатоличката црква во поглед на приматот на христијанските цркви во Источната и Западната екумена уште во далечната 859 година изјавил:
“ Римската к*рија за вистински цркви ги смета оние што беа основани од апостоли, како што се - македонската, римската, антиохиската и александриската црква. И покрај тоа што црковните големодостојници на цариградската и ерусалимската црква се нарекуваат патријарси, сепак, тие немаат такво значење, бидејќи не се уредени од апостоли ”.


(Латински извори за бугарската историjа, II, BAN, Sofiz, 1960, 109, 110, 11 i 172).

Во ЛИБИ никаде не пишува такво нешто.




Барај на 92

Папата заборавил да ја спомне и македонската црква, ама не е проблем да му ја исправиме грешката, нели?



Изменето од Македон - 29.Септември.2009 во 17:03
Кон врв
Bronhi Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 06.Февруари.2007
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 348
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Bronhi Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Септември.2009 во 11:22
Македон ова е потврдено и од Русите :). До 1018 денешната Руска православна црква се наоѓа под црковна јурисдикција на Охридската архиепископија, времето на архиепископот Јован.
Земете БРОНХИ полесно се дише
Кон врв
Македон Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор

Caesar Constantinus

Регистриран: 20.Јули.2008
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 9928
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Македон Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Септември.2009 во 18:58
Originally posted by Каснакоски Каснакоски напиша:

Originally posted by Bronhi Bronhi напиша:

Зарем никој не знае барем ЕДЕН канон што го прекршила МПЦ по однос на прогласуваето на афтокефалност?


Докако чекаме некој да даде одговор на твоето прашање да видиме малку историска фантастика на црковна тематика од д-р Петар Поповски
http://mn.mk/index.php/aktuelno/408-rusite-pravoslavnata-vera-ja-primile-od-makedonija




Црковните работи се сложена материја, за која секако е потребно и мислење од човек кој на тоа е посветен. Интересно би било ова да е поткрепено со мислење и од Русите, или некој нивен запис.

Секако, митологизации Каснакоски, особено на полето на црковните работи има и кај вас, па дури и повеќе отколку што можеш да замислиш ( вашата Црква е признаена Црква од 1945 година, а и не заборавајте, тоа е поради милоста на Цариградската Црква, иако канонските одердби не ги исполнувавте.
Кон врв
Каснакоски Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 03.Април.2009
Статус: Офлајн
Поени: 4758
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Каснакоски Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Август.2009 во 09:12
Originally posted by Bronhi Bronhi напиша:

Зарем никој не знае барем ЕДЕН канон што го прекршила МПЦ по однос на прогласуваето на афтокефалност?


Докако чекаме некој да даде одговор на твоето прашање да видиме малку историска фантастика на црковна тематика од д-р Петар Поповски
http://mn.mk/index.php/aktuelno/408-rusite-pravoslavnata-vera-ja-primile-od-makedonija


Кон врв
Bronhi Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 06.Февруари.2007
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 348
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Bronhi Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 31.Јули.2009 во 13:10
Зарем никој не знае барем ЕДЕН канон што го прекршила МПЦ по однос на прогласуваето на афтокефалност?
Земете БРОНХИ полесно се дише
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 2627282930 37>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,266 секунди.