IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Вероисповед
  Активни теми Активни теми RSS - Абортус?
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Абортус?

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 2627282930 44>
Автор
Порака Обратен редослед
Messenger Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор

Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet

Регистриран: 21.Април.2006
Статус: Офлајн
Поени: 18208
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Messenger Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Ноември.2008 во 15:54
Opiten, ti blagodaram na replikata i vremeto sto go odvoi za nea. Go cenam tvojot uddel vo diskusiite na ovoj forum i jas gi chitam site tvoi komentari.

Ne bi dolzhel mnogu so ovoj odgovor bidejki ke ne oddalechi od temata i ne bi sakal da odam off-topic. Nakuso, ne delime isti mislenja za skoro site raboti, pochnuvajki od toa sto pretstavuva Bog, pa do toa sto e dogma. Od tuka sledi deka nema da se soglasime niti okolu toa sto e slobodna volja, odgovornost, pretpostavka, kondicioniranost, realnost, vistina i apsolutnost.

Jas te razbiram sto mi porachuvash bidejki toa mi e poznato mnogu odamna. Ne velam deka za tebe i nekoi drugi toa mozhebi ne e apsolutna vistina i vie naogjate potpolno zadovolstvo i uteha vo nego, no za mene beshe samo edna propratna stapka vo zhivotot.

Ima edna zivotna tajna, edna misterija, koja so vremeto ostanala zaboravena za povekjeto lugje: dokolku sakash navistina da ja razberesh sushtinata na Kreacijata treba praktichno da ja dozhiveesh. Teorijata e dobra samo kako opshta informacija, nishto povekje od toa.

Ne mozhe nikogash siromaviot da osoznae deka parite ne se neshto najvazhnoto vo zhivotot i deka tie nema da go napravat zadovolen i srekjen dodeka barem ednash ne gi ima vo izobilie i ne go prozhivee toa. Toj sekogash kje se somneva deka takvoto zboruvanje e samo uteha od nemanjeto. Chovek nikogash nema da razbere deka nasobranoto znaenje vo osnova ne pretstavuva nikakva mudrost i deka umot so nego mozhe da bide samo silen, no ne mokjen i prosvetlen. Toa ke go osoznae samo koga ke akumulira enormen kvantitet na znaenje i koga ispolnet so nego ke razbere deka toa ne e nishto povekje od eden bagazh koj go kolektiral od zbirshtinata pred pragovite na tugjite kukji.

Buda nikogash nemalo da se otkazhi od bogatstvoto ako ne bil princ i Isus nikogash nemalo da se prosvetli so Hristova svest ako ne se prifatil kako Bozhji sin.

Ti pozheluvam tvojot pat da bide osvletlen, siguren i posipan so cvekjinja.

Изменето од Messenger - 19.Ноември.2008 во 15:55
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
Кон врв
Опитен Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 20.Септември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 699
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Опитен Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Ноември.2008 во 14:59
А еве и како еден интелекуатец размислува за абортусот

Несоборливиот аргумент на господинот Иларион      



Залудни се сите досега објавени обиди да се побие клучниот аргумент од беседата на г. Иларион; залудни ќе се и сите што допрва ќе бидат објавени против тој аргумент; како што, конечно, ќе останат залудни и сите текстови што воопшто може да се напишат против истиот тој непореклив аргумент. Неговиот аргумент е сосема едноставен: господин Иларион ја кажува вистината за животот и за смртта. Неговите критичари ја премолчуваат!

Животот е пред правото! Не е прво донесен законот за правото на абортусот, па потоа создаден човекот и неговиот капацитет да раѓа деца! Обратно е: пред сите човечки закони, создаден е животот. Законот регулира одредени услови под кои се дефинира и санкционира практиката на раѓањето и на одземањето живот во конкретна социјална ситуација во која живеат луѓето. Тоа да! И наедно: тоа е се'!

Самиот живот останува апсолутен феномен, кој, од една страна му претходи на секој човечки закон, а од другата, го трансцендира, го надминува бесконечно многу пати со самиот факт што законот останува апсолутно стерилна рамка неспособна да создаде и едно единствено дете! Законот не раѓа деца, ако може и да пресуди за нивното убивање!

Господин Иларион во својата беседа, направи нешто што на сите негови критичари им се измолкна или што тие намерно не сакаа да го видат, нешто што, веројатно, и самиот не го подвлече доволно силно и недвосмислено, конечно, нешто без кое ниту една пресуда не е валидна: тој прозборе од името на тие што самите не може да зборуваат! Тој јасно и со силен глас ја кажа нивната вистина: „Ние сме вашите деца кои вие ги убивате!“

Ја кажа вистината која ќе остане неизречена ако ние, кои можеме да зборуваме, не ја речеме! Актот на убивање луѓе, без оглед дали е тоа егзекуција на здрав и силен претставник на родот, осуден на смрт или е евтаназија на пациенти во кома, убивање луѓе со ментална, физиолошка или директно физичка хендикепираност - сеедно - останува целосно недвосмислено убивање на човечки суштества, без оглед што тие не можат да речат ништо во своја одбрана или што нивното продолжено живеење претставува огромен проблем за општеството и директно загрозување на нормалниот живот на нивните најблиски!

Ние можеме да се согласиме или да не се согласиме околу тоа дали е потребна правната регулација на условите во кои животот на возрасните има законски приоритет над животот на децата, односно, животот на родените над животот на неродените. Но апсолутно е залудно, бесмислено, илузорно, да тврдиме дека нивното елиминирање, колку и да е оправдано од гледиштето на возрасните, односно, на родените, не е чин на убивање на човечки суштества!

Аспектите на правно коректната и непротивречна дефиниција на доволните и нужни услови со кои едно суштество го опфаќаме со постојната легислатура и го признаваме за „човек“, навистина се интелектуално инспиративни и преполни финеси што овозможуваат бравурозни досетки и ингениозни решенија. Но, сите заедно, тие не значат апсолутно ништо за основниот факт според кој породот на мажот и на жената е човек! Со или без големи аномалии, роден во деветтиот, осмиот или абортиран во четвртиот, во вториот месец, или во првиот ден по зачнувањето!

Премногу е нечовечно да се зборува (особено: да се замисли!) колку е целиот чин на абортусот непорекливо ужасен - од одлуката на родителите да го нарачаат и извршат убиството на сопственото дете, до барање соодветен доволно стручен и професионално проверен извршител/лекарот/платениот убиец - но мора да се знае дека самиот чин е токму тоа и ништо друго!

Животот на мајката може да е загрозен, и може да е, објективно, апсолутно поцелесообразно да се дозволи абортусот отколку да не се дозволи: исто така, мајката може да има други деца за кои ќе мора да се грижи или барем за кои никој друг нема подобро од неа да се грижи. Сето тоа не е спорно. Не е спорно ни дека самиот чин е најстрашната траума за мајката. Но не е спорно ни дека, кажано со бесчувствителниот коцкарски жаргон, влогот со кој се искупува сопствениот живот или животот на мајката и петте или осумте други деца - е жртвување на животот на нејзиното шесто или деветто дете, односно на нивната сестра или нивниот брат!

И токму тоа е поентата на беседата на г. Иларион: абортусот не е чин на „чистење“ од некаква инфекција, не е ослободување од несакани проблеми, не е никакво право на жена врз сопственото тело, бидејќи телото во неа не е нејзиното тело, туку е тело на друго човечко суштество! - директно и недвосмислено, тоа е чин на убивање човечко суштество, односно, на сопственото дете! Гласајте за или против законот за абортусот, но имајте доволно доблест да признаете дека гласате за или против убивање сопствени деца.

Колку повеќе е непопуларно да се брани некој кого сите го напаѓаат, толку е поголема моралната обврска да го браниме, ако тој со своите ставови го застапува правото на тие што самите не можат да се бранат!

Беседата на г. Иларион, без оглед на преголемата доза моралистички патернализам, во основа го прави токму тоа!


Ферид Мухиќ

Извор: Вечер
Господи Исусе Христе помилуј не
Кон врв
Marko sk Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 08.Ноември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 887
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Marko sk Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Ноември.2008 во 14:04
Opiten, shto podrzbirsh pod poimot "vistina" , kako vie vernicite ja detektirate, ja osoznavate i kako istata taa vistina ja iskazhuvate - prenesuvate, osven shto teba da poveruvame deka "neshtata " se bash takvi kako shto velite vie - vernicite, teolozite i crkvata ?

Postoi edna aksioma koja odeshe vaka:

Seto ona shto nemozhe da se dokazhe so eksperiment, ne pretstavuva nishto drugo osven chista poezija !

PS.
odime nadvor od temava, pa dokolku sakash odgovori na topic Opshti razgovori za religiite. Moderatorot neka go prefrli i ovoj post na istiot topik !

Изменето од Marko sk - 19.Ноември.2008 во 14:21
Кон врв
Опитен Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 20.Септември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 699
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Опитен Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Ноември.2008 во 13:43
Originally posted by Zlatnik Zlatnik напиша:


Originally posted by Опитен Опитен напиша:

... Догмата не заробува, Догмата ослободува...
Опитен, ќе ми простиш што „влетувам“ во вашиот разговор со Меси. Сакав само да дадам еден коментар на горенаведениот цитат.Догма претставува учење кое еднаш се поставува како такво и потоа не трпи промени. А мора да признаеш дека секое теолошко учење е токму тоа - догма. Впрочем со ова сите се согласуваат, па дури и свештените лица. Со самото тоа што не трпи промени, невозможно е да се рече дека „тоа ослободува“, туку напротив, тоа држи во стеги и секое отстапување од тоа учење претставува (во нај мала рака) морален грев. Р.Ѕ. Да не беше отстапувањето или „измрдувањето“ од тоа слепо следење на догмите, којзнае дали денес ќе дискутиравме на овој начин, на интернет?!размислување



секако Златен ( не се лутиш така да те викам? ). Мислам дека разговорот не е за оваа тема но секако ке ти иодговорам, или поточно сам ќе си одговориш кога ќе ми одговориш на прашањето.


Дали вистината може да трпи измени и кој може да ја менува и зошто?

Господи Исусе Христе помилуј не
Кон врв
Zlatnik Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 23.Август.2005
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 2605
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Zlatnik Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Ноември.2008 во 09:46
Originally posted by Опитен Опитен напиша:

... Догмата не заробува, Догмата ослободува...

Опитен, ќе ми простиш што „влетувам“ во вашиот разговор со Меси. Сакав само да дадам еден коментар на горенаведениот цитат.
Догма претставува учење кое еднаш се поставува како такво и потоа не трпи промени. А мора да признаеш дека секое теолошко учење е токму тоа - догма. Впрочем со ова сите се согласуваат, па дури и свештените лица. Со самото тоа што не трпи промени, невозможно е да се рече дека „тоа ослободува“, туку напротив, тоа држи во стеги и секое отстапување од тоа учење претставува (во нај мала рака) морален грев.

Р.Ѕ. Да не беше отстапувањето или „измрдувањето“ од тоа слепо следење на догмите, којзнае дали денес ќе дискутиравме на овој начин, на интернет?!размислување
Неоттуѓиво е правото на секој поединец да живее во својата заблуда!
Кон врв
Опитен Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 20.Септември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 699
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Опитен Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Ноември.2008 во 08:27
Originally posted by Messenger Messenger напиша:

Opiten, ne sakam da ti go menuvam tvoeto veruvanje ili versko ubeduvanje, no nekoi raboti vo komentarot se kontradiktorni, kako sto se kontradiktorni i dogmite na koi se potpiraat.

Kako mozhe da se kritikuva praktichnata upotreba na slobodata na chovekot koj e sozdaden spored Bozhjiot lik, koga toa e storeno so Bozhja mudrost? Togash izlaga deka ili Bog ne e mudar, seznaen i semokjen, pa ne mozhel da predvidi sto ke se sluchi ili nie sme pomudri od Nego. Bidejki i dvete opcii kontradiktirat na prifatenata teoloshka dogma, sledi deka dogmata ne e korektna i deka nie nemame kapacitet da presudime koja bila Bozhjata ideja i cel da ne sozdade takvi kakvi sto sme. Posledicata od toa e deka nemozheme korektno da presuduvame nitu za aktite na chovekovata slobodna volja. Edinstvenoto sto so sigurnost go znaeme e deka ni e darena so Negov blagoslov da ja prakticirame spored nash*te potrebi.

Slobodnata volja e slobodna bidejki e - slobodna. Ako nie ja ogranichuvame so dekreti, normi, dogmi i zakoni, taa togash ne e slobodna. Edinstven faktor koj mozhe da odluchi kako ke se koristi taa sloboda e samiot chovek, edinstveniot sopstvenik na toj dar. Sekoe drugo razmisluvanje e kontradiktorno na slobodata kako termin i praktichna upotreblivost. Lichnata slobodata, kako takva, vo osnova pretstavuva lichna odgovornost. Tie se venchani zaedno i ne odat edna bez druga. Toa e presudniot ulov i korektivniot faktor vo upotrebata na chovekovata sloboda, koe pak od druga strana svedochi i go potvrduva sekojdnevniot zakon za "prichina i posledica" sto kaj drugi narodi, veruvanja i religii se narekuva karma.

Koga ke se upotrebi svesta vo sekoj poedinechen i unikaten moment na segashnosta, togash lesno ke se uvidi deka eventuialnite "univerzalno vazhechki" zakoni se samo osnova so koja nachelno se upravuvame, no ne se sekogash najsoodveten i najdobar izbor za sekoja nastanata situacija. Poradi toa, slepoto rakovodenje po takvite zakoni ne pretstavuva nishto povekje od nerazbiranje na sushtinata na chovekovite kvaliteti dobieni so negovoto sozdavanje spored Bozhjiot lik - kreativnost, svest, um i slobodna volja.

Spored dogmata, Bog e semokjen, premudar, predobar i saka da napravi se najdobro za chovekot, a od drugata strana na parichkata znaeme deka sudi i presuduva, kaznuva, nagraduva, sozdava i unishtuva spored toa sto mu nalozhuva Negovata svest so sekoj daden moment na postoenjeto na Kreacijata i so svoja potpolna odgovornost za posledicite sto sledat od Negovite akti. Chovekot, sozdaden spored Negoviot lik e samo edna negova refleksija.

Zatoa ako bezrezervno se osuduva edniot vsushnost istovremeno se osuduva i drugiot.


Искрено те почитувам и споерд тоа и двајцата еден на друг ќе можеме слободно да си разменуваме мислења без и најмалку да си помислиме дека се напаѓаме, или неадај Боже, навредуваме.

Иако вистина немам којзнае колку време да му посветам на форумот но и помалку го потчитнувам , а те читам и тебе.

Имаш многу интересни ставови, со кои и неможам во се да се сложам. Во едно мислам се сложуваме и двајцата, а тоа е дека Бог постои. И ако трнемем и двајцата од оваа точка сигурно ќе се сретнеме некаде.

Односно, ако го прифатиме Бог како апсолут и единствен критериум за се добро и тоа совршено добро, а се друго, па и човекот како менилив.

Кај тебе забележувам недоволнолно познавање на терминот догма. Гледасм од запад си и е нормално а и за зал кај нас наголемо се проврела западната теолошка мисла што е сосема поинаква па и спротивна со источната.

Догмата не заробува, Догмата ослободува. Догмата значи право исповедување, право мислење или Боготкриена вистина, а штом е Богооткриена значи и апсолутна и добра и совршена и затоа ние треба преку неа да се раководиме.Вистината е една, апсолутна и објективна и немжеа да има повеќе вистини. Колку луѓе, колку филосовски правци толку и вистини. тоа не иде. Тука е проблемот на денешнот Богоотстапено општество, кое се нарекува демоктатско и хуманистичко.

Човекот и општеството неможе да биде критериум за вистината. Човекот не бог. Денес за жал, човекот го има симната Бога од Неговиот пиедестал и се седнал себе си. И затоа е така како што е.

Во многу нешата ја допираш вистината и реалноста но таа сепак не е парцијална туку интергрална.

Реков дека слободата е божествена категорија зашто само Бог е единствено апсолутно слободен. Он е слободен од секоја причина. Нема услов Он да постои и нешто да ствара. Љубовта, која е стваралачка е таа што го „обрзува“.

нели во почетокот се беше добро, а од каде сега да скоро се е лошо? Логички е да заклучиуш дека е од „слободната“ волја на човекот. Кога човек го нема Бог за свој критериум и идеал туку нешто друго пониско па и нечисто тогаш тог руши и назаднува наместо да гради и напредува.

Кога ние пребиваме во Бога, а тоа е кога не грешиме, ние и сме вистински слободни.

Зашто?

Бог не створил според Свој образ и подобие и мегудругото и слободни, но откако ние сме се излагале од злиот клеветник сатаната, тогаш во нас влегува гревот, што реков е и заробување/ Гревот нема егзистенција во Бога а со тоа и слободата. Гевот е отпагање од Бога а со тоа и од слободата а нели каде нема слобода тоа е ропство. Мало или големо, спак ропство.

Откако човекот згреши, во неговото срце се населија срастите и ние станавме робови на гревот, гаволот и смртта. Ова до сега е теолошки.

сега малку практично.

еве конкретно за абортусот. Ода каде доаѓа? Од смољубието. Од гордоста.

Човекот денес е толку самозаљубен што сака сиот свет нему да му служи. ( а што е тоа ако да се проглсил сам себе за бог) Во тоа самозадоволување тој може да правио се што му е нему угодно. Блудот е едно од на тоа ниско задоволтсво. Тој блудствива со кого тој сака немераејки дека тоа е грев и дека со тоа не само себе туку и на друг може да наштети. Како резултат на тој блуд се случиува несакано зачнување. Сега, новиот плод, новиот човек му постанува нему ропство и скратување на неговото самољубие и „слобода' и тој сака да се ослободи од него и сега ќе замиже , мислејки дека со тоа на Бога ќе му ги затвори очите, и ќе се ослободи од тој што го заробува, ползувајѓи го „од Бога даруваното му право на слобода“.

Ние сните сме носители на паднатата и од грев заробена природа на Адама.

сега кажи ми брате, дали овој избор е избор е слобода и ли ропство?

Можеби бев долг и нејасен, за што те молам да ми простиш, а и знам не ти одговорив на неколку твои прашања и оставив уште многу други отворени прашања, но да не бидам премногу долг и досаден.

Ти оставам тема за размислување.



п.с. гледам дека имаш големо познавање од многу работи и си доста начитан па би било убаво да посветеш малку внимание и на учењето на изворните ( секако не оние кои сака да ни ги наметнат како такви) свети Отци. Добри се кападокиската тројка Св.Василиј Велики, св. Григориј Богослов и св.Григориј Ниски, потоа одлишен е св.Максим Исповедник и Дионисиј Аеропагите, догматишарот св.Јован Дамаскин и одличен е св.Григориј Палама исто за тебе би бил добар и современениот старец Софрониј Сахаров од Есекс-Англија



Изменето од Опитен - 19.Ноември.2008 во 09:25
Господи Исусе Христе помилуј не
Кон врв
Zlatnik Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 23.Август.2005
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 2605
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Zlatnik Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Ноември.2008 во 02:29
Originally posted by Asya Asya напиша:

... Angelot hranitel mozhe da go zashtiti chovekot od smrt i sekakva nesrekja, po Bozhja Volja i naredba...

Аха, сега разбрав! Значи бог ни’ дал слободна воља за ние да излегуваме на улица и притоа некој автомобил ни’ налетува - тоа е несреќа, ама тука е ангелот кој не’ спасува. Или при паѓање на некоја саксија од балкон.плазење А не е несреќа ако те „намами“ ѓаОло! Така? За тоа не ни’ требаат ангелчиња!
Originally posted by Asya Asya напиша:

... No, ako chovekot svoevolno mu se protivi na Boga i bogohuli, Gospod ne mozhe da go prisili na poslushanie i pokajanie, ... ... Chovechkoto srce e edinstven kamen, koj Bog go stvoril, no Sam ne mozhe da go podigne...

А велиш - неможе, а?голема%20насмевка Аха, аха, ај речи дека несака!плазењесреќа
Originally posted by Asya Asya напиша:

...
Maran Ata pogore spomena deka bremenosta kako rezultat na siluvanje e relativno retka pojava, ...

Прифаќам. Нека биде по ваше дека е многу ретка. Јас одам уште понатаму. Има само 1 (еден) таков случај на Земјава. Што со неа? Дали тогаш ќе важи тоа што го велам јас или ти? (btw. ова ми личи како „ценкањето“ на бог со Аврам, пред овој да ја уништи Содома, каде од 50, дојдоа на пет праведници)!
Да, ете, во овие последни денови дискусијата се пренасочи повеќе на случаите на абортирање при силување. Но има разгледувано и други можности. Во мојот пост (на 3-та страна) јас набројав повеќе случаи на можни абортуси. Што со тие?
Originally posted by Asya Asya напиша:

... Baranjeto od nekogo "da zamisli" siluvanje i smrt na svoe dete, i detalno raskazhuvanje na "tragedijata", osobeno posochena kon druga lichnost, e svoevidno nasilstvo! Ili, ti prosto uzhivash da zamisluvash morbidni tragedii? ...

А што, зарем тоа не се случува во реалноста? Во кој свет ти живееш? Како поинаку ќе се соживееш со ситуацијата на напакостената девојка (жена) ако не се ставиш „во нејзина кожа“? И друго. Зарем прикажувањето на сликите од дечињата кои ги пастираше Маран Ата не се морбидни? Дали тоа значи дека и таа ужива во морбидни трагедии?
Originally posted by Asya Asya напиша:

... Potpolna tragedija e koga chovekot kje ja izgubi svojata dusha, t.e. duhovnata smrt (pogibel) na dushata. ...

Е алал нека ти е! Значи за тебе поголема трагедија е ако ја изгубиш сопствената душа, отколку сопственото дете (или неговата душа)! Мислам, поголема трагедија од ова нема!
Originally posted by Asya Asya напиша:

... Tvoite prashanja od tipot "shto ako...", navistina se besmisleni!...
 ... Inovernite deca, koishto se vospituvani vo inoverni religii (islam, judaizam, budizam), iako imaat mozhnost na moralen porast, sepak nemaat mozhnost na spasenie, bidejki pred se, inovernite religii ne baraat spasenie na dushata vo Hrista Spasitelot...

Во целиот твој пост провејува само напад врз мене лично, но и „напад“ кон сите останати кои не се од твојата вероисповед. „Иноверни деца“!?!?!? Токму овој твој негаторски однос кон се’, се нарекува нихилизам, и тој е многу поопасен од мојот атеизам, кој во ниту еден случај не е антитеизам, како твојот.
Originally posted by Asya Asya напиша:

... A shto ako denes dojde Hristos? Poarno grizhi se za svojata dusha, otkolku za nepostoehki dushi od tvojata fantazija!...
грицкање%20ноктикубење%20коса

Originally posted by Kali Kali напиша:

Ne sum protiv abortusot:)... и се што понатаму следи, да не го пастирам цел пост, за да не се злоупотребува просторот

Тоа е онаа, старата добра Кали!намигнувањеголемо%20гушкањебакнеж


Изменето од Zlatnik - 19.Ноември.2008 во 02:32
Неоттуѓиво е правото на секој поединец да живее во својата заблуда!
Кон врв
Messenger Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор

Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet

Регистриран: 21.Април.2006
Статус: Офлајн
Поени: 18208
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Messenger Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Ноември.2008 во 01:08
Znam zoshto beshe nelson, ama i togash beshe off-topic.

Ako sakash da otvorish nekakva tema za odnosot na crkvata i popovite kon vernicite, poveli i napravi go toa, no ne gi koristi drugite temi za takvi muabeti. Mislam deka se razbirame. Ako ne odrzhuvame nekakov red vo diskusiive ke stane turli-tava i ne ke mozheme krajot da mu go najdeme.

Изменето од Messenger - 19.Ноември.2008 во 01:08
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
Кон врв
nelson Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
НАИВЕН НА МАЈКА

Регистриран: 11.Октомври.2008
Статус: Офлајн
Поени: 6313
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај nelson Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Ноември.2008 во 00:12
o ova ne bese za tebe.ti si ok se slozuvam .ova bese za moderatorot
Zeleo bih da te, vezanih ociju, prepoznajem u hiljadama.Ala bih se napipao!
Кон врв
Marko sk Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 08.Ноември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 887
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Marko sk Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Ноември.2008 во 00:10
vikash ne razbiram, a? abe nelson....ok e, uzhivaj !





Изменето од Marko sk - 19.Ноември.2008 во 00:11
Кон врв
nelson Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
НАИВЕН НА МАЈКА

Регистриран: 11.Октомври.2008
Статус: Офлајн
Поени: 6313
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај nelson Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Ноември.2008 во 00:06
se, ama ti ne razbiras, ova se odnesuva na poranesnite diskusii
Zeleo bih da te, vezanih ociju, prepoznajem u hiljadama.Ala bih se napipao!
Кон врв
Marko sk Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 08.Ноември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 887
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Marko sk Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Ноември.2008 во 23:55
Originally posted by Asya Asya напиша:

   deka nekoi devojki (ne se odnesuva ne sekoj sluchaj na siluvanje) mozhat da ja predizvikaat svojata nesrekja so nedolichno povedenie. Sekoj e obvrzan da se grizhi za sebe i nosi odgovornost za posledicite od svoite postapki.


Dali internet - forumskoto povedenie se zema kako grev, normalno dokolku e nedolichno ?



Изменето од Marko sk - 18.Ноември.2008 во 23:58
Кон врв
Messenger Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор

Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet

Регистриран: 21.Април.2006
Статус: Офлајн
Поени: 18208
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Messenger Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Ноември.2008 во 23:10
nelson, zamolen si da ne odish of-topic. Temata ne se parite na dedo Stefan i hotelot Igrev .
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
Кон врв
spiros Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 28.Јули.2008
Локација: На пат
Статус: Офлајн
Поени: 4490
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај spiros Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Ноември.2008 во 19:31
Секој човек е чудо, створено од БОЖЈАТА рака!

Човекот не е способен да створи нити една мравка а камоли човек!

ГОСПОД да биде на сите МИЛОСТИВ кои кренале рака да уништат едно такво (без разлика дали големо или мало) чудо.

АМИН

п.с. Замислите во која темнина се наоѓаат луѓето што ги убиваат најслабите. Незнам кој е повеќе за жалење. БОГ да помогне секому!

       

Through the Blood of His Grace,
we are Forgiven and Free,
in Time & Eternity!

БОГ да го благослови Авраам, Исаaк, Израил ...!



Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 2627282930 44>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,359 секунди.