|
Масакр кај с.Смилковци ,убиени пет Македонци |
Внеси реплика | страница <1 2526272829> |
Автор | ||
FosterThePeople
Сениор Регистриран: 17.Декември.2011 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 1147 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Голема е можноста.
|
||
I just wanna feel real love.
|
||
Santijago
Сениор PubLiCenEmY LatInoLoVerBoY YNWA-LF Регистриран: 17.Јануари.2008 Локација: Tuka be ... Статус: Офлајн Поени: 21002 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
А јас малку ќе демантирам и ќе го напишам мислењето на еден припадник на специјална единица. Цитирам : "Покрај езерото и од пат ништо не се гледа.Сите автомобили што се паркирани а човек на поминување ги гледа ќе помисли дека се риболовци.Но таму често се склучуваат и големи нарко зделки (као демек погодно место за брза размена , преземање на стока и сл) Па можно е да имало голема пратка а децата и човекот да го виделе сето тоа.."
|
||
I'm out bcz of pathetic around here
|
||
zagor
Сениор Уникатен песимист Регистриран: 27.Септември.2007 Локација: Congo Статус: Офлајн Поени: 12850 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
.. и ја да кажам нешто..колку да не бидам покус.Ништо не ми е јасно. кукавичко убиство, вистинските борци за идеали или некои сопствени цели,излегуваат во јавност и покрај ваквиот гнасен чин, и ги кажуваат своите барања или цели.. која е пораката или сакаат да има порака,или некој ја знае,а молчи?. убиството на невини и случајни жртви е најдолно и мизерно остварување или исполнување на лични па и колективни(групни)цели. не ми се крева коса,ми се гади со какви се луѓе(не луѓе,ѕверови)сум во "соживот". да го расветлеа атентатот на Киро,ќе верував и нема да имам тронка сомнеж во органите на Власта за расветлување и на овој случај доколку ги фатат овие денешниве убијци, вака..секогаш ќе постои "луфта"..дали беа тие и вистинските. Голема штета за сите нас ако на ваков или сличен начин се решаваат....големите политики.За ова нема простување..никогаш!. ..и уште еднаш,голем почит кон жртвите и нивните семејства. |
||
...zagor e ziv,se drugo e laga.
|
||
zabegan
Модератор Другарот на Мона Лиза Регистриран: 06.Април.2007 Статус: Офлајн Поени: 9774 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
како и обично, се јаде бурек уз чаршиски муабет... не значи дека ако убиството не е случајно дека се работи за терористички напади, за други етникуми, за групи на луѓе и за нивни мотивации
само 0.000001% од државава ги познава убиените, а и никој не знае ништо точно и прецизно за случајот, а сите си земаат за право да го коментираат како да се експерти на истрага и патологија... можам само да ги осудам дивјацине денес во центар, истат група на луѓе што се собира на секој протест во први редови за тепање... жалосно е како постојат такви малоумни луѓе... |
||
размисли пред да напишеш глупост
|
||
Andjelina
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Miss High Hill’s Регистриран: 07.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 14129 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
можеби,не велам не...реков-не се знае...виновникот не е виновен се додека не се докаже спротивното,нели?
|
||
Никогаш не научив дали е подобро да носиш патики или штикли кога ќе тргнеш во потрага по делот од душата кој ти недостасува
|
||
saguaro
Сениор Регистриран: 25.Август.2011 Статус: Офлајн Поени: 482 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Сакам да кажам дека има премногу елементи за етничко убиство.
|
||
Andjelina
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Miss High Hill’s Регистриран: 07.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 14129 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
е па таман работа..случајно убиство со 5 леша
|
||
Никогаш не научив дали е подобро да носиш патики или штикли кога ќе тргнеш во потрага по делот од душата кој ти недостасува
|
||
saguaro
Сениор Регистриран: 25.Август.2011 Статус: Офлајн Поени: 482 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
А кој нормален пука со три разни видови оружје прецизно во глава на црни петок кога Исус бил распнат и тоа знае каде се жртвите сите од иста националност?
Сите овие „детали“ говорат дека убиството не е случајно. |
||
Andjelina
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Miss High Hill’s Регистриран: 07.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 14129 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Немам спомнато дека сторителот е албанец,само сакам да кажам дека ако беа албанци децата ќе беше гужва насекаде во западна Македонија,и тоа е зашто се почитуваат меѓусебно,си се сакаат и се бранат,барем тоа признајте дека е така![/QUOTE] е тоа да,за тоа си потполно во право тоа е досега многу пати потврдено...ние,за разлика од нив сме можеби малодушни,да не кажам себични се додека не е во наш двор ние сме лагодни |
||
Никогаш не научив дали е подобро да носиш патики или штикли кога ќе тргнеш во потрага по делот од душата кој ти недостасува
|
||
FosterThePeople
Сениор Регистриран: 17.Декември.2011 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 1147 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Немам спомнато дека сторителот е албанец,само сакам да кажам дека ако беа албанци децата ќе беше гужва насекаде во западна Македонија,и тоа е зашто се почитуваат меѓусебно,си се сакаат и се бранат,барем тоа признајте дека е така! Изменето од FosterThePeople - 16.Април.2012 во 16:34 |
||
I just wanna feel real love.
|
||
goran-twin
Сениор Регистриран: 02.Јануари.2012 Статус: Офлајн Поени: 385 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Цел на владата треба да биде фаќање на лидерот на вооружената група(организацијата) и дознавање на целите не само за убиствата,туку и за егзистирањето на групата.По што сепак таа вооружена група не се разликува од облик на вооружена формација.
А јас се чудам како некои можат да ги окарактеризируваат граѓаните како тастатура-револуционери кои го критикуваат настанот на убиството,а неможат да ги окарактеризираат убијците дека се организирани со цел и идеи.И зборуваат дека бил некој случаен локален инцидент и немало докази за такво нешто.А нели заслужуваме да имаме сомнеж,со тоа што ние како држава си имавме проблем со паравоена формација во 2001 која формација никогаш не беше победена и сузбиена.Никој не вика дека повторно може да има воен конфликт,но ништо не е чудно луѓето кои војуваа да се реорганизирани во поинаква форма за поинакви цели. |
||
Andjelina
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Miss High Hill’s Регистриран: 07.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 14129 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
и уште нешто се мислам откако ја прочитав колумнава,а еден пријател ме наведе на мислата
само јас ли во оваа држава сакам да верувам дека може и да се живее заедно? ама некако ми се смачи за се да ги обвинуваат нив без аргументи,да не подпалуваат и разнебитуваат...може затоа што е син ми голем па го гледам веднаш во некој ров залегнат во кал а во име на нечија глупава кауза,не моја и негова,за нечиј туѓ џеб за некоја вукојебина која патем ништо не ми дала...не знам... Тастатура – револуционериСвирепо згаснаа животите на петмина наши сограѓани. Нечии соседи, соученици, синови, внуци. Осомничени нема, како што нема ниту било каков обелоденет податок за профилот на сторителите, иако тој на полицијата и е познат.
Три дена подоцна Скопје го парализира само еден разговор во чија сенка дури и тешко се прославува еден од најголемите христијански празници Велигден. Во Радишани е расплакано и траорно. Разговорот за одмаздата, осветата и прејудицирањето со етничката припадност на злосторниците се повеќе продира од нечии мозоци во пикселите.
Удобно легнати во топлите фотељи, папочно поврзани со својот монитор, „тастатура – револуционерите“ истураат отровни стрели кон Албанците без никакви материјални докази. За жал, сето тоа премиерот Никола Груевски го гледаше три дена во молк, се до денеска кога изрази сочувство до семејствата, но не даде никакви насоки за спречување на ескалација на тензиите.
Министерството за внатрешни работи иако посветено мобилизирало се што има ознака полиција, сепак не влева оптимизам дека има сознанија која е позадината и сторителите. А токму тој податок ќе ги смири страстите, тензиите и шпекулациите, за кои околните медиуми лешинарски известуваат нарекувајќи го „чекор до граѓанска војна“.
Неверојатно е како, неколку неидентификувани лица, чија видео - изјава дека се работи за Албанци, непоткрепена со никакви докази ниту факти, на нозе ја крена цела некритичка јавност, претворајќи ја во маса за која Сигмунд Фројд одлично ја има склопено психолошката анализа: „Луѓето во маса се однесуваат поинаку од луѓето кои индивидуално размислуваат. Поединците стануваат помалку свесни за последиците од своите дела кога се во маса. Имитираат, сугестибилни се и емоцијата на другиот лесно се пренесува врз поединецот со што таа емоција се засилува“.
Да биде пострашно, нашите „тастатура – револуционери“ си земаат за право да користат една крајно манипулативна алатка креирана во диктаторските режими: Имено, тие зборуваат од името на целиот македонски народ! Ја користат конструкцијата „македонскиот народ вака...“, „македонскиот народ онака...“. Небаре нам ни требаат портпароли за да го изразиме сопствениот став.
Тие „тастатура – револуционери“ ги стопија копчињата штракајќи на нив шпекулации, обвинувајќи ги медиумите за сокривање на вистината затоа што овој пат медиумите решија да го положат тестот на професионалноста без да изнесуваат непроверени податоци. Тие „тастатура – револуционери“ во името на целата македонска јавност повикуваат на насилство, на линч на меѓуетничка база и на немири. При тоа немаат никакви факти, никакви докази, туку само ја манифестираат некритичноста на својот ум и си ги газат дипломите, магистратурите и докторатите.
Еден „тастатура револуционер“ е „спремен да гине за својата Македонија“, но спремноста му ја снемува кога ќе го зезне конекцијата и кога ќе му снема интернет како „муниција“. Тој само потпалува, а ги обвинува останатите зашто не можат да постигнат да ги изгаснат неговите жарчиња.
Тој одбива да сфати дека тормозењето што секојдневно овде го прават ѕверови, рекетари, убијци, насилници – не познава етничка припадност. Дека дури и да се докаже дека сторителите се Албанци, тоа нема никогаш да им ги врати на семејствата загубените луѓе, со кои биле роднини, пријатели, браќа, сестри, братучеди, соседи... Злосторниците треба најстрого да се казнат. Не со 14 години како Спасов, зашто веќе е дегутантно да гледаме како перењето пари е пострашен криминал од одземањето животи. Треба со доживотен затвор! И да се Македонци, и да се Албанци, и да се Банту црнци, ако убиле некого тие се ѕверови и криминалци. Точка. Случајот мора да се гледа како чин на криминал, се додека не се докаже спротивното.
Секое останато индивидуално, политичко или партиско толкување, кое наведува на насилство, ќе ни нанесе само зло и рушење на кулата од карти што досега ја градевме. Македонија има важни сегменти за поправање меѓу кои секако е и криминалот, но тоа не може да се реши ако при секое убиство веднаш се пуштаат отровни меѓуетнички стрели. Потребна е институционална одговорност на која ние во моментов не можеме целосно да сметаме. МВР да побрза, да ги открие сторителите и да ги смири граѓаните. Да можат на раат да прошетаат на улица.
|
||
Никогаш не научив дали е подобро да носиш патики или штикли кога ќе тргнеш во потрага по делот од душата кој ти недостасува
|
||
Andjelina
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Miss High Hill’s Регистриран: 07.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 14129 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
абе зошто да замислиме што би се случило тогаш? и зошто се ве тера одма да помислите дека сторителот е Албанец? може е турчин,ром,србин,англичанец,американец... а може е и македонец,а? даде ли некој воопшто насока кој е сторителот? секогаш ме нервирало нагаѓањето и подигањето тензии...а при тоа немање на никакви аргументи или бар показатели пред една недела беа осудени тројцата кои си го убија другарот,нели?
Изменето од Andjelina - 16.Април.2012 во 15:03 |
||
Никогаш не научив дали е подобро да носиш патики или штикли кога ќе тргнеш во потрага по делот од душата кој ти недостасува
|
||
Сандански
Сениор Регистриран: 05.Јануари.2008 Статус: Офлајн Поени: 343 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
If you dont live for something youll die for nothing
|
||
Внеси реплика | страница <1 2526272829> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |