|
Има ли Бранко граници?! |
Внеси реплика | страница <1 2526272829 51> |
Автор | |
lilica
Сениор Регистриран: 29.Август.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 548 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Знаете,Б.Ц.(ако воопшто се кандидира)може да го гласаат само ако нема за кој друг да се гласа.Срџан Ќ. е од малцинство,а Љ.Бошковски е бивш,кој бил под истрага(без обзир што не го осудија).А сегашниот Претседател имаше супер излагање,ама истината боли.Во салата на Парламентот луѓето од парламентарното мнозинство дојдоа со наочари за сонце(како Мадона-која падна)па се направија слепци.Ама,по тоа што изјавија по излагањето,сигурно се и наглуви.Во секој случај,лугето кои живеат во својот свет и тешко комуницираат со различните од себе, медицината ги нарекла АУТИСТИ.Тие си тераат по свое и не можат да ги разберат соговорниците што им кажуваат.Еден портпарол ми личи на таков,ама и еден новинар подзаличува.А премиерот тој ден(ем не комуницира,ем и) државата ја згрешил,заминал во странство,а излагањето на Б.Ц. беше во Р.Македонија.Типично за некој што живее во свој свет. Ние, кои имаме аутисти дома,лесно ги распознаваме мегу лугето,оти многу од аутистите(со блага форма) го поминуваат својот живот без да им се постави дијагнозата.Поздрав
|
|
nelson
Сениор НАИВЕН НА МАЈКА Регистриран: 11.Октомври.2008 Статус: Офлајн Поени: 6313 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
a i ne im e prvpat..
|
|
Zeleo bih da te, vezanih ociju, prepoznajem u hiljadama.Ala bih se napipao!
|
|
Georgija Kastriot
Група Регистриран: 12.Декември.2008 Статус: Офлајн Поени: 53 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Site se iznatresija gluposti
|
|
Andjelina
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Miss High Hill’s Регистриран: 07.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 14129 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
кога треба да дадат изјава за некој клучен момент,ги нема никаде
кога ги видов вчера како чекаа ред да го коментираат говорот на претседателот,сватив дека ја имаме најступидната влада до сега
каде им е достоинството?
|
|
Никогаш не научив дали е подобро да носиш патики или штикли кога ќе тргнеш во потрага по делот од душата кој ти недостасува
|
|
nelson
Сениор НАИВЕН НА МАЈКА Регистриран: 11.Октомври.2008 Статус: Офлајн Поени: 6313 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
amin...
|
|
Zeleo bih da te, vezanih ociju, prepoznajem u hiljadama.Ala bih se napipao!
|
|
mamamd
Сениор Почесна конзулка Регистриран: 02.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 25679 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
...pa i ova e realno...tie se raduvaat...ama so gjavolot sadat krastavici pa kje im izlezat krivi. Ne znam zoshto imam cuvstvo deka Crvenkovski pak kje se kandidira i toa so izjava: Narodot me bara. A narodot kje go odbere, ne za zasluga, za inat na VMRO koj ako ne se koregiraat otidoa jabana , isto kako SDSM na prethodnite izbori. |
|
minimidi
Група Регистриран: 15.Декември.2008 Статус: Офлајн Поени: 61 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
а и јас го имам тој сон, ама немам 4 деца |
|
lilica
Сениор Регистриран: 29.Август.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 548 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Владеачката коалиција почна да лета во облаците.Човек кога е на власт,заборава како било кога не бил.Само да не излезе народната:КОЈ ВИСОКО ЛЕТА, НИСКО ПАЃА.Или кој на друг гроб му копа, сам во него паѓа.Па владата е сојуз со православната црква, а наместо добрини на секој да прави, како Господ што сака, гледа зло да ни нанесува.Како мисли да преживееме со тие извршители што ке КОСАТ низ жална Македонија.Тешко нас,сиромашните и изгладнетите.Уште колку ќе ја трпиме оваа тиранија.Сосема ке ги истребат Македонците од РМакедонија, ќе останат само БУГАРИТЕ. Ќе им се оствари сонот за приграбување на источна Македонија. Нека ме демантира некој, со други аргументи.
Изменето од lilica - 19.Декември.2008 во 12:22 |
|
SuicideMessiah
Сениор Регистриран: 10.Август.2008 Статус: Офлајн Поени: 157 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Силвана Бонева ли нашла да го коментира Бранко. А Антонио за изјавата против ОМО никаде го немаше, важно сега со Бранко бил засегнат, а?
ДУИ кажаа, без разлика што се во коалиција со ДПМНЕ, дека говорот бил реален |
|
nelson
Сениор НАИВЕН НА МАЈКА Регистриран: 11.Октомври.2008 Статус: Офлајн Поени: 6313 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Излагањето на претседателот беше реално
„Добрата вест беше што ова е негово последно обраќање, како претседател кој е избран на фалсификувани избори“, вели Антонио Милошоски, министер за надворешни работи. a ova bese krajno bezobrazno i nekorektno...da gi vidam koga ke bide sprotivna situacija... |
|
Zeleo bih da te, vezanih ociju, prepoznajem u hiljadama.Ala bih se napipao!
|
|
kultuzin
Сениор Регистриран: 03.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4903 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Едни аплаудираа, други седеа, така и реагираа. За опозицијата и ДУИ говорот на претседателот реален. За ВМРО-ДПМНЕ чист кариеризам, популизам и жално и недостоинствено обраќање на партиски лидер а не на шеф на државата. За СДСМ срамен потег неприсуството на премиерот, за владата-министрите кои имаат заеднички ингеренции беа во салата.
Нивната оценка во духот на француска шансона, зборови, зборови, зборови. „Класичната дефиниција за популизмот е токму тоа што денеска го направи претседателот Црвенковски“, изјави Ивица Боцевски, вицепремиер. „Добрата вест беше што ова е негово последно обраќање, како претседател кој е избран на фалсификувани избори“, вели Антонио Милошоски, министер за надворешни работи. Еден говор инспирираше многу желби и редица за реакции од владеачкото мнозинство. Адеми: Излагањето на претседателот беше реално „Бара прошка, погрешил. Добро е што се признава дека е погрешено, меѓутоа за прошка незнам дали ќе има време“, рече Светлана Јакимовска, потпретседател на Собранието. „Се на се, надвор од земјата има излезено петнаесетина пати, од кои сигурно десетина во Црна Гора и во Србија на концерти“, изјави Оливер Шамбевски од ВМРО-ДПМНЕ. Очекувани оценки од власта ,очекувани и од опозицијата. „Очекуваме дека и парламентарното мнозинство ги сфати препораките, иако не сака да ги признае слабостите“, рече Цветанка Иванова од СДСМ. „Премиерот на Владата не беше тука. Пропуштивме уште една шанса да демонстрираме пред Европа и пред светот дека сме способни да имаме политички дијалог“, вели Тито Петковски, претседател на НСДП. И за ДУИ говорот добро конципиран. „Излагањето на претседателот беше реално. Да, 2008-ма беше таква“, изјави Џеват Адеми од ДУИ. ДПА за прв пат на говор на Црвенковски прати две пратенички во салата. Останатите беа во Собранието, следеа преку телевизорите, но никој не коментираше. На говорот на претседателот вообичаено присутните за вакви пригоди, не дојде ниту еден лидер на поголемите партии. |
|
kultuzin
Сениор Регистриран: 03.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4903 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Црвенковски:Преговори за името нема да има подолго
Скопје /18/12/ 13:15 Вистински преговори за проблемот со името со Грција нема да има подолг период, изјави претседателот Бранко Црвенковски, во годишното обраќање пред пратениците во македонскиот Парламент. Според Црвенковски, со потезите што ги влече Владата, надежите за поскоро зачленување на земјата во НАТО и Европската унија(ЕУ) стануваат сè помали. Македонскиот претседател нагласи дека со популистичка политика, поделба на патриоти и предавници, евроинтегративните процеси водат кон неуспех. Црвенковски истакна дека без членство во ЕУ и НАТО, нема влез на странски инвестиции, а ќе стагнира и економскиот развој. „Ако подолго време останеме надвор од ЕУ и НАТО, постои опасност од зачувување на меѓуетничките односи“, рече Црвенковски. Според него, проблемот со името треба да се реши на достоинствен начин. „Треба да се обидеме да го решиме спорот со името, но истовремено, да го зачуваме нашиот национален идентитет и јазикот“, порача Црвенковски, нагласувајќи и дека тужбата што Македонија ја поднесе пред Меѓународниот суд на правдата е легитимна, но не е корисна за Македонија. Црвенковски ја обвини Владата дека со својата популистичка политика ја оддалечува земјата од ЕУ и НАТО, без притоа да му објасни на народот каков план има доколку Македонија подолго остане надвор од овие организации. Според него, земјата не ја искористила историската поддршка што ја имала од САД за решавање на проблемот со името. Тој нагласи дека одлуката да се оди на предвремени избори била избрзана, поради што земјата по трет пат испушти шанса да добие датум за почеток на преговорите со ЕУ. Говорејќи за светската економска криза, Црвенковски рече дека бил непријатно изненаден од лежерноста на Владата, која не се подготвила како да се справи со кризата. Тој додава дека мерките што Владата неодамна ги објави не се добри, бидејќи им се простуваат повеќегодишни долгови на некои фирми, а најзасегнатите сектори не добиваат ништо. Според Црвенковски, Владата треба уште еднаш да се намали јавната и буџетската потрошувачка планирана за 2009. година, бидејќи во спротивно, како што рече, ќе се продлабочат ефектите од кризата. Црвенковски предупреди и на обемниот буџет што е планиран за 2009. година, додавајќи дека зголемената потрошувачка на тие пари власта не треба да ја користи за победа на следните претседателски и локални избори. Осврнувајќи се на надворешната политика, Црвенковски рече дека со признавањето на независноста на Косово е признаена новата реалност во регионот, но предупреди дека било каква поделба на Косово, може да ги дестабилизира и останатите земји од Западен Балкан. Претседателот на државата упати уште еден повик до Владата да именува нов амбасадор во Белград, а со цел, побрза нормализација на односите со Србија. Црвенковски истакна дека треба да се овозможи демократска и здрава дебата на сите потенцијали во земјата, а сè со цел, изготвување на стратегија што ќе ја води Македонија напред. На крајот на своето обраќање, македонскиот претседател на својот наследник му посака успех во работата. |
|
nelson
Сениор НАИВЕН НА МАЈКА Регистриран: 11.Октомври.2008 Статус: Офлајн Поени: 6313 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
taka e...vredi...
|
|
Zeleo bih da te, vezanih ociju, prepoznajem u hiljadama.Ala bih se napipao!
|
|
Pacifist
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Регистриран: 28.Јули.2008 Локација: Switzerland Статус: Офлајн Поени: 1618 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
„Јас имам сон дека еден ден моите четири малечки деца ќе живеат во нација која нема да им суди според бојата на нивната кожа, туку според карактерот. Имам сон...“, изјавил Мартин Лутер Кинг.
i jas go imam toj son...no tesko deka ke mi se ostvaruva...sepak, vredi da se sonuva... |
|
....INDEPENDENCE IS BETTER THAN SEX...
http://www.youtube.com/watch?v=7c7GdLlVrwo&feature=related |
|
Внеси реплика | страница <1 2526272829 51> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |