IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Образование
  Активни теми Активни теми RSS - Што се случува со нашето образование?
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Што се случува со нашето образование?

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 25262728>
Автор
Порака Обратен редослед
Zlatnik Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 23.Август.2005
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 2605
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Zlatnik Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Ноември.2008 во 01:28
Е сега имаме makedonska latinica!лутина
Јас за ова отидов на филолошки факултет, на катедрата за македонски јазик, во времето кога нејзин шеф беше Љиљана Минова Ѓуркова,  Побарав од неа ова прашање да го разгледаат на совет на катедра. Оваа го стори тоа и писмено ме извести дека некои од нејзините колеги „македонисти“ не се согласиле со тоа, да се укине македонската латиница. Исто така одев и до министерстото за образование, до педагошки завод, до институтот за македонски јазик К.П. Мисирков ...Сите ветуваа аха, да добро е , во ред е забелешката, во следните промени ќе ја земеме во предвид вашата сугестија ...
Епилог?!
Ете ги децата, сеуште учат македонска латиница.
Навистина, која е целисходноста од изучување на т.н. македонска латиница? Таа всушност претставува компилација од српско-хрватската латиница и некои новоизмислени букви (пр. Њ = N со точка врз неа), и превземени букви од нашата кирилица (пр. Ќ=Ќ)! За каде таа ќе македонска латиница ќе најде примена? Дома? Што ќе ни’ е? За во странство? Кој ќе ја разбере! Таа ќе биде исто толку неразбирлива колку и кирилските букви.
Точно поради овие работи, (заштита и примена на македонскиот јазик и нековото кирилско писмо) јас уште во 1994 година до Уставниот суд на РМ поднесов Предлог за преоценување на уставноста на чл.25 од „Правилникот за регистерски таблички ...“, по што судот позитвно се произнесе по истото и донесе одлука да се сменат рег. таблички, односно да се изврши транскрипција на латинските букви со кирилски.задоволство
Друга работа е како тоа испадна со идејното решение.тага
Неоттуѓиво е правото на секој поединец да живее во својата заблуда!
Кон врв
nelson Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
НАИВЕН НА МАЈКА

Регистриран: 11.Октомври.2008
Статус: Офлајн
Поени: 6313
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај nelson Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Ноември.2008 во 00:59
na tablata vo edno osnovno uciliste vo ohrid pisuva:
PREGLED NA bukvi od LATINSKO PISMO
jas ko ucev toa se vikase latinicno pismo ili latinica!
Zeleo bih da te, vezanih ociju, prepoznajem u hiljadama.Ala bih se napipao!
Кон врв
Zlatnik Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 23.Август.2005
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 2605
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Zlatnik Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Ноември.2008 во 16:11
Се прашувам дали некои наставници или луѓе од министерството за образование некогаш го посетуваат овој (или друг) форум, за да прелистаат и да видат дали евентуелно некој пишал нешто против образовниот систем, па да се потрудат тоа да го изменат? Или, неможат да си замислат такво нешто, да паднат толку ниско и, да признаат дека некогаш можеби и згрешиле!
А, што ќе биде со многуте генерации инвалидизирани (во физичка смисла, како што велиш ти-сколиози и сл., но и интелектуално) деца - не е важно! Важно тие да си го направат !товарот“!лутина
Неоттуѓиво е правото на секој поединец да живее во својата заблуда!
Кон врв
mamamd Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Почесна конзулка

Регистриран: 02.Ноември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 25679
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mamamd Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Ноември.2008 во 15:45
... i samiot rece deka mnogu apstraktnost  ne im treba da decata na mala vozrast... na osnova na meshanje na osnovnite boi...nie gi izveduvame ostanatite... zelenata ja dobivame so meshanje na sinata i zolatat... i tuka za vozrasta do IV e dosta...
okolu gragjansko obrazovanie... pa knigata za koja zboruvash e ..pa nemam soodveten izraz...osven prevedeno gjubre...za ripkata karolina...i cistacot na ZOO koja nastavnicite koi drzat do sebe odamna ja isfrlija od upotreba zaradi toa shto ucenjeto za demokratija: pravda...pravdina...privatnost...avtoritet...ne ni treba kniga...pa decata so ovie koncepti se srekjavaat vo sekojdnevniot zivot...
..znam za shto zboruvash...i znam deka toa e tragedijata na osnovnoto obrazovanie... aktivna nastava...koja se "proaktivi" samo so sedenjeto na decata vo grupi a ucenje frontalno...pa se razvi neviden strabizam..a i skolioza...od nepravilno sedenje i gledanje... gradjansko obrazovanie...koe e se...samo ne gragjansko... cekor po cekor...koj znaci trcanje...diferencijacija...koja nishto ne razlikuva... opisno ocenuvanje... vrednuvano so...brojcani oceni...opisot na vasheto dete odgovara na 2тага... i mnogu drugi tragedii...a ucebnicite...pa shto da kazam drugo ako vo prvo devetoletka... za razvoj na govorot i motorikata... se koristat ucebnici prepolni so sodrzini koi deteto ne moze da gi procita...изненадување



Изменето од mamamd - 07.Ноември.2008 во 15:47
Кон врв
Zlatnik Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 23.Август.2005
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 2605
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Zlatnik Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Ноември.2008 во 15:24
Да, мамад, верувам дека имало и такви кои ја сакале својата струка, верувам дека и авторите на овие книги си ја сакаат струката, но тоа не значи дека тие не научиле некои работи како што не треба и дека тие така научени работи неможат да ги интерпретираат како погрешни учења, како што е наведено во примерите. За воља на вистината, има и такви наставници со ВПШ кои не се согласуваат со пишаното, но проблемот е што тие не напишале книга. А верувам дека и самата знаеш што се случува денес на полето на издаваштвото!
Што се однесува до боите, прашај некој професор или студент на физика и ќе ти каже кои се основни бои. Сепак, светлината е физичка величина! Дури, можно е да ти рече дека во некои случаи и црната боја може да се смета како основна, но тоа е веќе друга работа.
На крај, еве само уште еден пример до каков апсурд може да доведе ограниченоста на некои автори. Во учебникот за граѓанско општество (мислам дека беше за 1-во или 2-ро одд.) се вели дека (парафразирам) „луѓето кои живеат во градот бираат други луѓе кои донесуваат закони за уредување на животот во него ... “ Ако веќе ги учиме децата на такви апстрактни работи, барем тоа нека биде правилно презентирано. Кој совет на општини донесува закон?
Неоттуѓиво е правото на секој поединец да живее во својата заблуда!
Кон врв
mamamd Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Почесна конзулка

Регистриран: 02.Ноември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 25679
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mamamd Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Ноември.2008 во 14:54

3. Денес, во книгите на моите деца гледам дека се учат еден куп несватливи работи:
   -  за кругот, квадратот, правоаголникот, триаголникот ... се вели дека се геометриски фигури. Кога на наставниците по математика им воочив за ова, дека наброениве работи не се геометриски фигури туку геометриски слики, (бидејќи се дел од рамнина, ограничени со две димензии, за разлика од квадарот, коцката, пирамидата... кои се геометриски фигури (или геометриски тела) бидејќи се дел од просторот ограничен со три димензии, од нив добив одговор: „Ние не знаеме. Така е предвидено во програмата“LutinaАбе ...кубење%20коса
...ako gi podotvorish postarite ucebnici ...kje vidish deka porano podelbata beshe na sliki i tela...i deka slikite se samo edna strana od teloto... i se uceshe vo IV odd.. koga decata razbiraa za dve...tri dimenzii...
...novi avtori...novi sovetnici koi nikogash ne polagale metodika na matematika... pa kje s epravish budala pri pamet... i na decata vo ucilishte kje im kazesh deka ne e taka kako shto pishuva vo ucebnikot... голема%20насмевка

   -  исто така, ги учат дека основни бои се сината, црвената и жолтата. И на мојата реакција дека наместо жолта треба да стои зелена и за тоа им набројав неколку примери (почнувајќи од тоа дека во мое време по физика така учевме, преку наведување на кратенките за бои на компјутерите ( Red Green Blue), па до воочување дека на логоата на телевизиите МТВ, А1, Телма... ги има ставено токму тие бои, сина, црвена и зелена), тие (наставниците) ми одговорија: „ Абе каква физика, ние се консултиравме со наставниците по ликовно и тие рекоа дека е во ред“!
кубење%20коса Lutina
...e tuka ne se soglasuvam... osnovnite boi se tie od koi se "dobivaat" sekundarnite... crvena+ zolata... ...crvena _+sina...sina + zolta...zelenata e sekundarna boja...izvedena...dobiena... e sega shto ucenicite rabotata so akvareli i temperi koi gi ima vo site sekundarni... e drugo 20... nema shto da kazuva fizikata...nastavnicite po likovno...kazano e od prirodata...ahromatski...hromatski...tuka nema meshanje...
Незнаев што да правам! Да не беше трагично (прво за наставниците, а потоа за децата) ќе се насмеев. Но, не е само овој бисер од наставнициве. Едноставно да шизне човек од „стручноста“ на нашиов наставен кадар. Како дошле тие да пишуваат книги и да предаваат?!не%20знам Верувам дека тоа се тие наставници кои (не успевајќи да го завршат студирањерто на други факултети) се запишале на ВПШ (Ваша Последна Шанса). И сега тие изготвуваат учебници и предаваат во училиштата!?!?!?
Туку, ај да не ве „давам“ повеќе!плазење
..e sega za VPSHata...visha shkola za koa se zboruva so podbishega...a se zaborava na faktot deka veciti studenti imashe na site fakulteti...za koi se predea vicovi...za pametniot popushta...posle 30 ispitna sesija... imashe propadnat kadar...no imashe i studenti koi VPA ja odbraa zatoa shto ja sakaa svojata struka...kako i na site vishi i visoki shkoli...
i onoj kadar za koj zboruvash deka beshe cenet nasekade vo svetot beshe proizvod na uciteli so ucitelska shkola i na nastavnici so zavrshena PA...



Изменето од mamamd - 07.Ноември.2008 во 14:55
Кон врв
Zlatnik Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 23.Август.2005
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 2605
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Zlatnik Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Ноември.2008 во 13:54
     Да! Што се случува со нашето образование?!
     Порано, во YU, многу повеќе се обрнуваше внимание на општото образование, односно за стекнување општа култура, за да подоцна, на факултетите, се надоградат со соодветно стручно знаење. Затоа, нашите високообразувани кадри беа доста ценети насекаде во светот, бидејќи беа посупериорни во однос на западаната „школа“. Се разбира, секоја чест на Сорбона и сл.! За разлика од нас, на запад се одеше  кон насочување на образованието само кон една насока. Е сега, што е подобро ... кој знае? Дали да знаеш повеќе работи (некои помалку, некои повеќе) или да знаеш само една работа до совршенство ...?
     Потоа кај нас се нешто почна да се менува, само некои нови и нови реформи, па реформи на реформите ... А колку некоја од таа реформа заживува? Едноставно се нема време да се воочат предностите или негативностите, а веќе дошла друга (оти некој друг вовел такво нешто) како оваа нај новава. Што чудо ќе беше оваа реформа (којзнае која по ред) што ја воведуваме, а што под етикетата ЕКТС (европски кредит трансфер систем), повторно, како и сите митови на нашето време што ја содржат одредницата „европски“ многу ветуваат, а малку даваат? За оние кои не знаат (иако се сомневам дека има такви), тоа е еден на хартија убаво замислен образовен систем, кој во практика (како и се' друго кај нас) не функционира. Овој систем на студирање има свои слабости, што докажува дека не е точно дека од Европа ни доаѓа само првокласна, туку понекогаш и бофл-интелектуална стока. Но и дека ние, се' што носи етиката „европско“ го прифаќаме некритички, без да го тестираме или приспособиме кон нашите потреби. Или во најдобар случај (ние сме мајстори за тоа) го препакуваме стариот систем во понов, европски целофан.

     Еве го, за пример, (колку што јас знам) начинот на којшто сега се студира: наставниот материјал на студентите им се дели на помали порции-партии (за да им се олесни полагањето на испитот), па тие полагаат колоквиуми, по секоја завршена партија. Тоа, впрочем, некои професори го правеа и пред воведувањето на ЕКТС системот. Но, проблемот е во нешто друго: не секој студиум може да се студира со колоквиуми. Колоквиумите се можеби погодно средство за студирање во природните науки, но во хуманитарните, и особено во убавите уметности – тоа не е случај. Вака, може да се случи студентот да ги положи предвидените колоквиуми, да се ослободи од завршниот испит, па да дипломира филозофија или книжевност без да му го чуете гласот. А, ако не ја слушнете мислата на идниот филозоф, ако не поведете со него полемика околу некоја филозофија на усниот испит, или ако не го слушнете стилот на идниот „книжевник“, тогаш каква потреба има од вас како професор?

     Посебно се интересни оние препораки кои велат дека студентите треба да добијат и определен број полесни прашања (овие, како на примерот со Гете, беа тешки!), каде одговорот се сведува на тоа да се заокружи една од опциите: а) точно и под б) неточно. Тоа значи дека професорот треба да ја даде дефиницијата на метафората (порано дефинициите на испит ги кажуваа студентите), а потем под неа да му остави на студентот алтернатива: точно или неточно. Значи, работата со полагањето на испитот многу личи на „коцкање“. Дури и да не знаете што е метафора, на среќа би можеле да погодите дали наведената дефиниција е точна или неточна.

Ова до сега беше сегмент од состојбата во високото образование.

Што се случува во основното и средното?

Во контекст на ова би сакал да дадам некои коментари, забелешки за неки предмети, за начинот на изведување на наставата на некои факултети, за некои (нови) учебници и за (некои) наставници кои се во нашиот образовен систем.

     1. Кога јас учев во гимназија латинскиот јазик го учевме во I и II година. Навистина неможев да разберам зошто тој јазик воопшто го учевме. И на тоа мое прашање, одговорот секогаш беше: „па на некој кој ќе оди да студира медицина ќе му треба“. Поглупав одговор неможев да добијам, бидејќи:

   -  ако треба да се учат латински зборови за одредени делови на телото или болестите (во медицината), имињата на лековите (во фармацијата), имињата на растенијата (во земјоделството и шумарството)..., тоа треба да се учи во
III и IV година, а не како што учевме ние, во I и II година, бидејќи на тој начин, во тој период од 2 години, се губи од континуитет (се заборава). Но, по однос на тоа во последниве години е барем подобро (мислам дека во последно време латинскиот се учи во III и IV година)

   -  ако за соодветните области се потребни само зборови, тогаш зошто се учи целата латинска граматика? Колку деца изгубиле година од тој латински. Зошто? Освен педесетина поговорки што друго ни’ е останато во сеќавање од тој јазик? 

     2. Наставата  на земјоделски факултет (посебно за стручните предмети лозарство и овоштарство,
каде ги учевме сортите грозје и овошје), се изведуваше описно (усно објаснување) или во најдобар случај од слики. И тоа црно бели. Незнам, последниве години можеби е поинаку.

     3. Денес, во книгите на моите деца гледам дека се учат еден куп несватливи работи:
   -  за кругот, квадратот, правоаголникот, триаголникот ... се вели дека се геометриски фигури. Кога на наставниците по математика им воочив за ова, дека наброениве работи не се геометриски фигури туку геометриски слики, (бидејќи се дел од рамнина, ограничени со две димензии, за разлика од квадарот, коцката, пирамидата... кои се геометриски фигури (или геометриски тела) бидејќи се дел од просторот ограничен со три димензии, од нив добив одговор: „Ние не знаеме. Така е предвидено во програмата“LutinaАбе ...кубење%20коса

   -  исто така, ги учат дека основни бои се сината, црвената и жолтата. И на мојата реакција дека наместо жолта треба да стои зелена и за тоа им набројав неколку примери (почнувајќи од тоа дека во мое време по физика така учевме, преку наведување на кратенките за бои на компјутерите ( Red Green Blue), па до воочување дека на логоата на телевизиите МТВ, А1, Телма... ги има ставено токму тие бои, сина, црвена и зелена), тие (наставниците) ми одговорија: „ Абе каква физика, ние се консултиравме со наставниците по ликовно и тие рекоа дека е во ред“!
кубење%20коса LutinaНезнаев што да правам! Да не беше трагично (прво за наставниците, а потоа за децата) ќе се насмеев. Но, не е само овој бисер од наставнициве. Едноставно да шизне човек од „стручноста“ на нашиов наставен кадар. Како дошле тие да пишуваат книги и да предаваат?!не%20знам Верувам дека тоа се тие наставници кои (не успевајќи да го завршат студирањерто на други факултети) се запишале на ВПШ (Ваша Последна Шанса). И сега тие изготвуваат учебници и предаваат во училиштата!?!?!?
Туку, ај да не ве „давам“ повеќе!плазење
Неоттуѓиво е правото на секој поединец да живее во својата заблуда!
Кон врв
Анастеа Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПИПИ долгиот чорап

Регистриран: 07.Април.2008
Статус: Офлајн
Поени: 35441
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Анастеа Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Ноември.2008 во 01:38
Хаха... ма не само да ги знаеш и да ги обработиш, не тераа и реплики да кажуваме од делата, па требаше да се знае која година авторот е роден, на ред сите важни години во неговиот живот, сите години кога му се издадени делата... од толку години човек да си го заборави и сопствениот роденден!...
А не да те прашаат дали Гете бил фризер или астронаут!... 
Или ученик од шесто одделение да не знае како се бара НЗС или НЗД од два броја, да незнае да собере две дропки, да не знае да подели два броја без дигитрон... оти тоа ќе го учеле во средно???...(пример од образованието на запад)...збунетост
Кон врв
Zlatnik Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 23.Август.2005
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 2605
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Zlatnik Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Ноември.2008 во 01:24
Само еден пример на образованието од запад  (кое се повеќе сакаат да ни’ го „мушнат“ кај нас), а кое е олицетворено во болоњската конвенција.
Според неа, студентот не требало со слични одговори да се доведе во заблуда при одговарање на некое прашање, во/за чиј одговор имало неколку можни решенија.
Тоа би значело, ако на пр. на прашањето што бил Гете, во можните одговори требало да стои
а) фризер
б) дрвосечач
в) поет
г) астронаут
Еее, а во наше време („У име свих нас из...“) безмалку требаше да ги знаеме (да ги обработуваме) сите дела на Гете, а не што бил тој! 
Неоттуѓиво е правото на секој поединец да живее во својата заблуда!
Кон врв
polzavce Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 14.Октомври.2008
Локација: Angola
Статус: Офлајн
Поени: 1325
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај polzavce Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Ноември.2008 во 22:24



Јас имам животен сон да предавам во средно училиште. Сите тие разуздани тинејџери ми се голем предизвик.....



Ама не ме примаат во училиштата...........немам партиска книшка и.......татко ми не е -од оние-.
Кон врв
mamamd Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Почесна конзулка

Регистриран: 02.Ноември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 25679
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mamamd Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Ноември.2008 во 20:44
...pak pocna da se slucuva...pak za gluposti...
ВО ЕКОНОМСКОТО УЧИЛИШТЕ
Тепачка за две ученички Во дворот на средното економско училиште „Васил Антевски Дрен“, во скопската населба Кисела Вода, две ученички предизвикале групна тепачка, во која е повредено едно 17-годишно момче. Тепачката се случила вчераутро, околу 9.20 часот, кога за време на големиот одмор двете ученички почнале расправија, која набргу преминала во тепачка. Откако ситуацијата се смирила, околу 10 часот, едно од девојчињата го повикало своето момче, кое исто така било средношколец, но во друго училиште. Додека двете девојчиња стоеле со него во училишниот двор, кон нив се доближиле уште шестмина средношколци, кои го нападнале момчето. Тогаш нападнатиот побегнал, но набргу се вратил со метална шипка и тепачката продолжила. Но, токму тој го извлекол најдебелиот крај од тепачката, по што поради добиените телесни повреди побарал помош во скопската Градска болница.
Кон врв
Petkovsky Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 09.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 239
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Petkovsky Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Јули.2008 во 10:17
Originally posted by mamamd mamamd напиша:


Originally posted by Палестинец Палестинец напиша:


Mamad..... летен распустен е...олабави малку.....На есен Секретар за основното образование  ќе те ставиме.
...daj te molam...pa mislev deka imash povisoko mislenje za mene... zashto me devalvirash... sekretarизненадување...pa toa mi nalikuva kako sekretarite na CK na SKM... neeee......i edno prashanje...drva se secat sega... ili koga ke padne snegotголемо%20гушкање....


Ajde jas da ve prasam vas nesto

What's the poing of living if you can't feel the life?

Se vo svoe vreme...
Кон врв
mamamd Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Почесна конзулка

Регистриран: 02.Ноември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 25679
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mamamd Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Јули.2008 во 07:25
Originally posted by Палестинец Палестинец напиша:

Mamad..... летен распустен е...олабави малку.....На есен Секретар за основното образование  ќе те ставиме.

...daj te molam...pa mislev deka imash povisoko mislenje za mene... zashto me devalvirash... sekretarизненадување...pa toa mi nalikuva kako sekretarite na CK na SKM... neeee...
...i edno prashanje...drva se secat sega... ili koga ke padne snegotголемо%20гушкање....

Кон врв
Палестинец Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 24.Јуни.2007
Статус: Офлајн
Поени: 12129
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Палестинец Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Јули.2008 во 23:27
Mamad..... летен распустен е...олабави малку.....На есен Секретар за основното образование  ќе те ставиме.

Изменето од Палестинец - 10.Јули.2008 во 23:27
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 25262728>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,156 секунди.