IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Македонија и Свет > Свет
  Активни теми Активни теми RSS - Целта на Масонството
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Целта на Масонството

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 2425262728 62>
Автор
Порака Обратен редослед
zidarski Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 17.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4385
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zidarski Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Септември.2009 во 20:47
којсумјас - тоа е основната разлика меѓу општеството и разбирањето на општеството во Македонија и истото во повеќето западни земји.
Да, должност на политичарите е се тоа што го наброи (иако мал дел од нив тоа самите го разбираат), но ни оддалеку помагањето на општеството, на средината, унапредувањето на условите за живот и се друго за кое зборуваме - не е ексклузивно право на политичарите. Напротив.
Живеам во Канада. Земја изградена на масонските принципи. Земја во која има највисок степен на социјална правда и веројатно едни од најдобрите услови за живеење во светот (во секој поглед, не само финансиски). Тука ни оддалеку не се само политичарите тие кои се ангажирани во одржувањето, спроведувањето и унапредувањето на тоа општество, туку тоа го прават граѓаните. Дури - соодносот на активност на граѓаните и политичарите е 95-5 (верувале или не)!!!
Тоа се одвива на најразлични начини. Доколку во Македонија се применуваат барем 10% од тукашните методи на социјална активност која граѓаните ја имаат, Македонија ќе биде прекрасно место за живеење.
Можам да набројам милион примери... од наједноставни - волонтирање на стотици илјади граѓани за најразлични каузи - одвојуваат по неколку часа месечно (но кога тоа го прават стотици илјади луѓе - се стотици илјади работи часа - сепак Канада и не е така бројна земја), и помагаат во училишта (од средување на училишни дворови, до застанување на возилата кога поминуваат ученици на пешачки насабајле и попладне, до помагање во библиотеката), помагаат во болници (читаат на стари и болни лица, им помагаат да се хранат на тие што не можат сами, забавуваат деца во детските клиники, помагаат на лица во колички), учество во разно-разни манифестации кои се со хуманитарна цел (од разни маратони, културни манифестации итн), собирање на донации (на пример - најголемата болница за детски болести "SickKids" има огромен број на волонтери кои стојат на сите улици со брошури и плакати и ги повикуваат луѓето да донираат - да, овде голем дел од финансиите на болниците се од донации на граѓаните и тоа ситни донации по неколку долари месечно, но како што реков - стотици илјади луѓе го прават тоа!). Активно се учествува во помагање на установи за згрижување на бедни, установи за згрижување на жртви на домашно насилство и жртви на криминал итн...
Многу често - кога некој од соседите ќе се разболи од некоја тешка болест (рак на пример), соседите организираат собирање на средства за семејството. Тоа најчесто не се прави затоа што е неопходно (државата доволно се грижи за тие работи), но на тој начин се покажува грижа, се покажува на семејството дека заедницата мисли на нив и дека не се сами во тешки моменти. Секој кој бил во таква ситуација знае колку е ова важно.
Истотака има и активности на многу полокално ниво - на пример се организира "Community Watch", секоја вечер, по неколку граѓани се организираат и ги надгледуваат улиците во маалото и пријавуваат доколку има било каква сомнителна активност (крадци пред се). Или жени од маалото се организираат и помагаат на луѓе кои се тешко болни во истото маало и им чистат, готват, перат. Ова звучи како многу работа, но реално - секој поминува по час-два месечно во вакви активности.
Сево ова што го наброив се волонтерски работи, за кои не треба да се биде дел од некоја невладина организација, хуманитарна организација или слично. Не се потребни ниту пари за да се случат овие работи. Едноставно луѓето се вклучуваат и одделуваат време. Како што реков погоре - бидејќи огромен број луѓе го прават ова, реалното време кое се посветува од секого не е повеќе од час-два месечно во просек. Оние кои имаат повеќе време (пензионерите или домаќинки) поминуваат и по 10-20 часа неделно во вакви активности.
Плус на тоа додади и средства кои се донираат. Речиси секој граѓанин на Канада, донира по 30-40 долари месечно за најразлични каузи (болници, детски проекти, хуманитарни активности). Кога 10-тина милиони луѓе ќе го направат тоа - тоа се многу пари.
Самото тоа гради социјална одговорност кај сите граѓани. Граѓанинот се чувствува должен кон општеството, затоа што знае дека општеството е жив организам, каде секоја клетка е важна и секоја клетка работи за истото тоа општество. Истотака - секој граѓанин го чувствува општеството како свое и соодветно го штити од сите кои сакаат да го злоупотребат. Затоа - кога ќе се случи некој минијатурен политички скандал - паѓаат цели влади! Граѓанинот е над се и пред се.
Тоа е се резултат на масонските вредности врз кои е изградено ова општество.
Да не ми објаснува некој дека "тоа кај нас не може". Може! Само треба многу труд, посветеност и трпение, додека да се стигне до такво ниво. Да, тешко е да се донираат пари таму, но може да се донира време. Ако 100.000 луѓе донираат по два часа месечно, тоа се 200.000 работни часа. За толку време многу работи се завршуваат и многу работи се придвижуваат. А после - кога секој граѓанин ќе биде вклучен во такви активности - ќе бара поголема одговорност од оние кои ги избрал да ја администрираат државата (не го сакам терминот водат или управуваат, затоа што не е точен!).
Do what is right, come what may...
Кон врв
Highlight Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член
Лик (аватар)

Регистриран: 10.Септември.2009
Статус: Офлајн
Поени: 22
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Highlight Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Септември.2009 во 13:02
Originally posted by zidarski zidarski напиша:

Приоритет на секоја ложа е прием на квалитетни луѓе.
Далеку од тоа дека сите членови на ГЛМ се успешни бизнисмени. Има членови кои воопшто не се занимаваат со бизнис, ниту се богати, ниту се познати по нешто - но тоа не ги прави помалку квалитетни.
Со оглед на интересот кој постои во Македонија, нормално е да има многу барања за членство - па соодветно мора да се провери кои од нив се "квалитетни" (сериозни луѓе, кои ги исполнуваат критериумите и кои пристапуваат со чисти намери), а кои подале молба, само затоа што им е интересно или затоа што мислат дека нешто ќе добијат со тоа.

Originally posted by somoteitbe somoteitbe напиша:

Dokolku direkno gi zemes zborovite na GLM ke razberes sto sakase da kaze oti kaj nas sekogas barame pozadina na sekoj izrecen zbor.Masoni ima sekade,ima i kaj nas no edno e da si mason vo srceto i dusata a drugo e da si mason za da se percis so istoto znaci mason samo so umot.Za zal takvite gi imalo,gi ima i ke gi ima no problemot kaj nas vo MK e sto imame mal broj clenovi i vednas pagja vo oko ako nesto ne e kako sto treba.Da se razbereme ne sakam da prejudiciram nisto i za nikogo no celta mi e da objasnam deka 10 clenovi koi taka se protnale niz mali vrati na 10 000 clena e nisto (na primer vo USA) a 2ca na 100 e mnogu i vednas pagjaat vo oko.Verojatno(moj stav ne mora da e vistinit) toa mu bese poentata na GM.

Да сватив, сега ми е јасно. Благодарам на одговорите!
Кон врв
којсумјас Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 22.Ноември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4543
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај којсумјас Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Септември.2009 во 08:49
Originally posted by zidarski zidarski напиша:

Погрешно разбирање за основниот елемент "правење на светот подобро место за живеење".
.......
Постот е интересен, стилот на објаснување исто така...
но морам да забележам и контрадикторен...
Ајде вака, што и кој всушност се обидува да го направи светот подобро место за живеење..?? И како тоа би го правел...
Политичарите (верувале илин ненамигнување) и хуманитарните организации...
Originally posted by zidarski zidarski напиша:

Масонството не се занимава директно со тоа да го направи светот подобар.
Колку што ми е познато, а и самиот имаш напишано за тоа, масоните се јавуваат како иницијатори за формирање на хуманитарни организации...обидувајќи се на тој начин да го направат светот подобро место за живеење...
Ако тоа не е директен обид со конкретна иницијатива, незнам што е тогаш...
Originally posted by zidarski zidarski напиша:

Идејата е дека човек кој е добар, гради добар свет околу себе. Човек кој е добар, нема да трпи неправда. Нема да поднесува луѓето околу него да живеат во беда, да страдаат, без тој да помогне, без да направи нешто, без да промени нешто.

А за политичарите...
Па не ли е ова што го кажуваш во агендата на секој сериозен политичар (повторно верувале или ненамигнување)...
да помогне...
да направи нешто...
да промени нешто...
да гради подобар свет окулу себе...
да не трпи неправда...
да не поднесува луѓето окулу него да живеат во беда...
нели...
да го направи светот подобро место за живеење...

Ако масонството ги учи своите членови на ваков начин на живеење...
ако тоа е дел од масонсите принципи...
тогаш, дај не зезај...
сето набројано подразбира занимавање со јавна работа или ако сакаш се постигнува само со директно мешање помеѓу "останатите"...
а што е тоа ако не политика...

И не, не очекувам да кажеш дека масоните на своите состаноци дискутираат за политика и носат некакви политички одлуки...
но, принципите кои ти ги изнесуваш...
сами по себе ја подразбираат политиката како орудие за нивно постигнување...
па признавал и извртувал ти колку сакаш...

бидејќи и мравката не ја гледа целокупната слика, како единка...
но учествува во нејзината изградба...


Изменето од којсумјас - 12.Септември.2009 во 08:55
Кон врв
zidarski Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 17.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4385
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zidarski Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Септември.2009 во 02:32
Погрешно разбирање за основниот елемент "правење на светот подобро место за живеење".
Нека да објаснам...
Масонството не се занимава директно со тоа да го направи светот подобар. Масонството се занимава директно со тоа да го направи човекот подобар (се однесува на членовите). Му дава "алатки" со кои тој да ја гради својата личност, но материјалот за таа градба, секој сам си го носи.
Идејата е дека човек кој е добар, гради добар свет околу себе. Човек кој е добар, нема да трпи неправда. Нема да поднесува луѓето околу него да живеат во беда, да страдаат, без тој да помогне, без да направи нешто, без да промени нешто.
Занимавањето со политиката, бизнисот, социјалната активност, е лична одлука на секој масон, а не нешто што ложата го поттикнува, бара или практикува самата. Политиката НИКОГАШ не се спомнува во ложата на состанок, никогаш не се дискутира на политички теми, никогаш не се носи никаква одлука која може да има било каква политичка конотација, дури и кога станува збор за таканаречената социјална политика.
Надвор од ложата, секој член го прави (или не го прави) тоа, заради лични побуди и мотивација. Се разбира, при водењето на политика или бизнис, се надеваме дека членовите ќе се водат од масонските принципи на чесност, добротворност и помагање, кои искрено кажано, доста недостасуваат во последно време... Сум зборувал веќе за ова - повеќето политичари кои се масони се воделе од тие принципи и за нив историјата зборува со суперлативи. Но - беспорно е дека имало масони кои кога биле на политички функции имале не особено масонски постапки и често ги заборавале принципите кои ветиле дека ќе ги следат.
Do what is right, come what may...
Кон врв
којсумјас Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 22.Ноември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4543
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај којсумјас Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Септември.2009 во 00:27
Originally posted by zidarski zidarski напиша:

Да речеме дека одиш на студии во странство, на пример Германија. Во класот имаш некој колега со кој стануваш многу близок пријател и со кој имате безрезервна доверба еден во друг.
..................

zidarski...
не ги извртувај тезите...
факт е дека масонериската машинерија се занимава со политика...
оправдувањ(а)ето не ја оправдува вистината...
или ако сакаш...
причината не го побива фактот...
па барал ти...
какви сакаш објаснувања за една од реалните (можеби и главна) причини за постоењето на масонските ложи...
правење на светот подобро место за живеење...
а тоа нели...
како инструмент ја вклучува и политиката...

на крај на краишта...
и самиот кажа... 
Кон врв
zidarski Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 17.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4385
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zidarski Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Септември.2009 во 23:17
Приоритет на секоја ложа е прием на квалитетни луѓе.
Далеку од тоа дека сите членови на ГЛМ се успешни бизнисмени. Има членови кои воопшто не се занимаваат со бизнис, ниту се богати, ниту се познати по нешто - но тоа не ги прави помалку квалитетни.
Со оглед на интересот кој постои во Македонија, нормално е да има многу барања за членство - па соодветно мора да се провери кои од нив се "квалитетни" (сериозни луѓе, кои ги исполнуваат критериумите и кои пристапуваат со чисти намери), а кои подале молба, само затоа што им е интересно или затоа што мислат дека нешто ќе добијат со тоа.
Do what is right, come what may...
Кон врв
somoteitbe Кликни и види ги опциите
Група
Група


Регистриран: 23.Декември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 83
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај somoteitbe Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Септември.2009 во 20:39
Originally posted by Highlight Highlight напиша:

Сношти го гледав интервјуто на Големиот мајстор на ГЛМ. Големиот мајстор вели дека моментално за членство во ГЛМ чекаат многумина, но главен приоритет на ГЛМ е да примаат квалитетни членови во масонеријата.

Не ми е јасно..... со оглед на тоа што сите масони во ГЛМ на деловен план се премногу успешни луѓе, дали Големиот мајстор кога рече квалитетни членови во масонеријата мислеше баш на тој факт?

Dokolku direkno gi zemes zborovite na GLM ke razberes sto sakase da kaze oti kaj nas sekogas barame pozadina na sekoj izrecen zbor.Masoni ima sekade,ima i kaj nas no edno e da si mason vo srceto i dusata a drugo e da si mason za da se percis so istoto znaci mason samo so umot.Za zal takvite gi imalo,gi ima i ke gi ima no problemot kaj nas vo MK e sto imame mal broj clenovi i vednas pagja vo oko ako nesto ne e kako sto treba.Da se razbereme ne sakam da prejudiciram nisto i za nikogo no celta mi e da objasnam deka 10 clenovi koi taka se protnale niz mali vrati na 10 000 clena e nisto (na primer vo USA) a 2ca na 100 e mnogu i vednas pagjaat vo oko.Verojatno(moj stav ne mora da e vistinit) toa mu bese poentata na GM.
Кон врв
Highlight Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член
Лик (аватар)

Регистриран: 10.Септември.2009
Статус: Офлајн
Поени: 22
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Highlight Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Септември.2009 во 19:49
Сношти го гледав интервјуто на Големиот мајстор на ГЛМ. Тој вели дека моментално за членство во ГЛМ чекаат многумина, но главен приоритет на ГЛМ е да примаат квалитетни членови во масонеријата.

Не ми е јасно..... со оглед на тоа што сите масони во ГЛМ на деловен поле се премногу успешни луѓе, дали Големиот мајстор кога рече квалитетни членови во масонеријата мислеше баш на тој факт?

Изменето од Highlight - 11.Септември.2009 во 20:55
Кон врв
zidarski Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 17.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4385
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zidarski Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Септември.2009 во 17:42
Да речеме дека одиш на студии во странство, на пример Германија. Во класот имаш некој колега со кој стануваш многу близок пријател и со кој имате безрезервна доверба еден во друг.
Десет години по завршувањето на студиите, ти стануваш министер за економија на Македонија, а тој пак, по некоја случајност министер за економија на Германија. Се разбира дека без проблем ќе можеш да му се јавиш на стариот пријател (со кој редовно си во контакт и се гледате барем еднаш годишно) и дека многу побрзо ќе те прими на средба отколку што ќе го прими министерот на економија на некоја друга земја, само затоа што те познава. Освен тоа - кога ќе разговарате, ќе знае дека тоа што му го кажуваш не е само политички говор, туку дека пријателот нема да го излаже и дека ќе му ја прикаже реалната состојба. Тоа се разбира - ќе помогне на утврдување на економските процеси меѓу двете земји.
Дали тоа значи дека Универзитетот на кој сте учеле е политичка организација или се занимава со политика или пак дека вие го користите фактот што сте учеле на тој универзитет?! Или пак го користите фактот што имате безрезервна доверба еден во друг и стабилно пријателство?
Do what is right, come what may...
Кон врв
којсумјас Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 22.Ноември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4543
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај којсумјас Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Септември.2009 во 06:46
Originally posted by zidarski zidarski напиша:

Ложата како ложа не смее да се занимава со политика.
.....
Дали може да имаат влијание? Да, се разбира.
.....
При официјални масонски средби, може многу полесно да се остварат сериозни контакти кои подоцна да резултираат во политички контакти - особено заради довербата која постои меѓу масоните.

не смеат да се занимаваат со политика како организација...
ама нејзини поединци може да се занимаваат со политика и да имат влијание затоа што се...
членови на масонските ложи...
и имаат меѓусебна доверба...
и поради тој факт полесно доаѓаат до разни контакти и се подобро информирани...

сега не ми е јасно...
изгледа официјално не се занимаваат со политика...
ама неофицијално се занимаваат со политика и го користат фактот што се членови на масоните...


Кон врв
zidarski Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 17.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4385
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zidarski Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Септември.2009 во 06:36
Highlight - во последно време ретко го посетувам форумов, па затоа не сум одговорил на време...
Големата Ложа на Македонија нема НИКАКВИ ингеренции да се меша во политиката, ниту на сопствената, ниту на било која друга земја. Ложата како ложа не смее да се занимава со политика.
Поединечни масони, кои се активни во политиката и бизнисот, се разбира дека можат и го прават тоа.
Дали може да имаат влијание? Да, се разбира. Затоа што масонските контакти овозможуваат полесен достап до многу држави, до многу луѓе кои се занимаваат со политика, бизнис итн, и да разговараат со нив директно. При официјални масонски средби, може многу полесно да се остварат сериозни контакти кои подоцна да резултираат во политички контакти - особено заради довербата која постои меѓу масоните.
Кон врв
Highlight Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член
Лик (аватар)

Регистриран: 10.Септември.2009
Статус: Офлајн
Поени: 22
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Highlight Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Септември.2009 во 03:02
Зарем нема никој да ми одговори на моето прашање?
Ги молам Ѕидарски или некој од останатите масони да ми одговорат на прашањето бидејќи премногу сум заинтересиран за темава!

Изменето од Highlight - 11.Септември.2009 во 03:05
Кон врв
Highlight Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член
Лик (аватар)

Регистриран: 10.Септември.2009
Статус: Офлајн
Поени: 22
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Highlight Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Септември.2009 во 12:42
Имам едно прашање!
Во нашите печатени медиуми во Март 2006 година прочитав дека е формирана Големта ложа на Македонија. На 5 Јули 2006 година се одржаа парламентарните избори и од тогаш политиката во државата се смени за 360' во корист за самата држава, посебно околу прашањето за името. (нека се знае дека не сум член ниту симпатизер на ниту една политичка партија во Македонија. Единствено ме интересира вистината околу ова прашање)


1. Дали Големата ложа на Македонија има ингеренции во сето ова?

2. Дали постои веројатност дека ГЛМ се залага за решавање на спорот со името на РМ, со оглед на фактот дека до пред формирањето на ГЛМ, истата носела друга референца?




Ве молам за одговор!
Поздрав!

Изменето од Highlight - 11.Септември.2009 во 03:06
Кон врв
МАРШАЛ Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
ГРОБАР ДО ГРОБА

Регистриран: 06.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 44396
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај МАРШАЛ Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Август.2009 во 16:53
секогаш кога оценувам некоја организација , тргнувам од основното ....... дали таа организација е ЈАВНА , мислам во смисол на јавност и достапност на податоците , идеите , програмските цели и сл  во она што го работи или е тајна  и нормално , размислувањата наведуваат и за размислувања поврзани со нивното членство .......... е , пошто масоните се обвиткани не со еден , туку со повеќе слоеви на таинственост и мистерија , можам слободно да заклучам дека се работи за организација , здружение или што ли ќе е , слична на некои терористички организации од типот на ал каеда , на пример ...... зошто ќе запраша некој ........ просто и едноставно ........ малку се оние кои знаат се што треба за ал каеда на пример , а исто така и за масоните .......... никој не знае каде е водачот на ал каеда , исто не се знае ни дури КОЈ е водач на масоните ....... ал каеда и талибанците од исламот како религија направија заложник на начин што исламот го презентираат во многу негативно светло исто и масоните ...... сите веруваат ама никој не кажува во кој господ ........

Изменето од МАРШАЛ - 16.Август.2009 во 16:53
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 2425262728 62>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,156 секунди.