|
ОМО ИЛИНДЕН - ПИРИН |
Внеси реплика | страница <1 232425 |
Автор | |
Boogie
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Модератор Слобода или Смрт Регистриран: 26.Октомври.2005 Статус: Офлајн Поени: 10652 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Исто и јас им посакувам да се регистрираат но Бугарија ке има голем проблем ако признае Македонско малцинство затоа и ги руши постојано.Како и да е Европскиот комитет за Малцинства е застанат зад ОМО и нема да трае долго додека да бидат признаени верувај па може и Бугарија да влезе у ЕУ нели е ЕУ има стандарди тогашБугарите ке мора да ги слушаат што ЕУ ке кажат како што ја слушаа Русија до пред неколку години
|
|
дуле
Сениор Регистриран: 11.Ноември.2006 Статус: Офлајн Поени: 973 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Буги, какви битки сануваш? Тиа от ОМО да си фанат еден кадрен адвокат да им изготви документите и да спазат процедурите. Толкува е лесно, ама они са ахмаци... Или нарочно праат да не им излезе регистрациата за да се пишат жртви оти ке се види че са плни маргинали - крчмарски патриоти.
Иначе им пожелувам на ОМО да се регистрираат, та да ги видим што чинат... Изменето од Анастеа - 12.Септември.2009 во 22:49 |
|
Boogie
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Модератор Слобода или Смрт Регистриран: 26.Октомври.2005 Статус: Офлајн Поени: 10652 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Мислам дека од лично искуство не би требало Македонија(владата)да се меша во Бугарските работи поубаво е ЕУ тоа да го заврши а како што оди ке биде завршено Бугарија нема каде да бега со ОМО мора да ги признае или доживотно ке плаќа казни и тоа се поголеми и поголеми.Сепак како ни беше на нас кога Српската влада се замеша со работата на Вранишковски,тоа би било поголем проблем и лош дипломатско политички проблем сега само треба да гледаме од страна и да им се ситиме на Бугарите колку нејкат м,акедонска партија а колку мора да ја имаат
|
|
bojan81
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Регистриран: 16.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 531 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Добра шанса е сега да се изврши притисок врс Бугарија да им дозволи на омо илинден да регистрира партија. При влегување на Бугарија во е еу ќе биде спремна да направи отстапки со што може Македонија со мал притисок да добие дозвола за регистрација на ОМО Илинден.
|
|
Boogie
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Модератор Слобода или Смрт Регистриран: 26.Октомври.2005 Статус: Офлајн Поени: 10652 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Борбата не е готова борбата само што почна,Бугарите по најсрамниот пораз пред судот во Стразбург каде што беа казнети парично повторно го негираат Македонското малцинство во Пиринска Македонија но борбата сеуште не е готова.
АКЦИЈа против бугарската политика Европската Алијанса ќе се бори за ОМО Илинден ПИРИН Македонците во Бугарија не се сами, тие имаат сојузници во Европа, битката не е завршена, порачуваат од ЕФА Битката за ОМО Илинден ПИРИН не е завршена, иако така изјави
бугарскиот министер за надворешни работи Ивајло Калфин, порачуваат од
Европската слободна алијанса (ЕФА). Бугарија мора еднаш засекогаш да ги
признае националните малцинства во земјата и да им дозволи да ги бранат
и да ги промовираат својот јазик и култура со демократски средства,
изјави за „Дневник“ Џоан Бернат, европарламентарец од ЕФА, коментирајќи
ја одлуката на бугарскиот суд да не ја регистрира партијата на
Македонците во Бугарија. |
|
bojan81
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Регистриран: 16.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 531 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Бугарскиот амбасадор во Македонија, Михо Михов за Радио Слободна Европа изјави, дека само Европската Унија може да ја праша Бугарија дали Македонците имаат право да се кандидираат на избори со свои партии во Бугарија, сега кога земјата е на прагот на Унијата. „Вие ги прикажувате нештата како да се вистина. Најмалку, Македонија и вие како медиум можете да и поставувате вакви прашања на Бугарија, која е веќе член на Европската унија. Тоа прашање на Бугарија може да и го постави само Европската унија. И тоа е внатрешно прашање на Бугарија, а не на односите меѓу Македонија и Бугарија, а амбасадорот е тука за да ја утврдува надворешната политика на Бугарија и добрососедските односи“, изјави амбасадорот Михов. Во врска со случувањата на последното чествување на гробот на Јане Сандански и протестната нота од македонското Министерство за надворешни работи, Михов негира, дека поранешната министерка Илинка Митрева му врачила протестна нота, оценувајќи дека се работи за измама и лага можеби диктирана од македонските медиуми. „Категорично тврдам, јас не сум добил нота, а и немаше основа за нејзино врачување, зашто тоа за што прашувате се внатрешни бугарски односи, а амбасадорот на Република Бугарија е тука за да ја утврдува надворешната политика на Бугарија спрема Македонија, а не да дискутира за внатрешни проблеми на Бугарија. Што се однесува до чествувањето, моето мислење е дека тоа ќе продолжи и во иднина, но на поодговорно државно ниво“, рече амбасадорот на Бугарија во Македонија. Михов смета дека барањата за бугарско државјанство, од страна на македонски граѓани не се застрашувачки ниту за бугарската, ниту за македонската Влада и држава. Според него, во последните пет години, поднесени се повеќе од 30.000 документи за добивање бугарски пасош, но државјанство добиле 9.834 македонски граѓани. „Тоа е едно правилно изразување на волјата на македонските граѓани, кои се чувствуваат Бугари и сакаат да го добијат тоа државјанство, додаде бугарскиот амбасадор во Македонија Михо Михов во интервјуто за Радио Слободна Европа. |
|
Boogie
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Модератор Слобода или Смрт Регистриран: 26.Октомври.2005 Статус: Офлајн Поени: 10652 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Ова нема некоја врска со Пиринска Македонија но нека биде показател за к*раж на нашите таму.
Сенатот на сојузната американска држава Илиноис усвои резолуција со која се признава правото на македонскиот народ да го зборува мајчиниот јазик, да посетува училишта и цркви каде што се користи македонскиот јазик, да ги практикува своите обичаи, да се нарекуваат себеси Македонци и да им се признаат сите човекови права пропишано со меѓународното право. Усвојувањето на оваа промакедонска резолуција е производ на лобирањето на Македонската патриотска организација во САД, која пред неколку години го отстрани предзнакот пробугарска истерувајќи ги од членство сите оние кои лобирале за Бугарија. "Од како Македонија доби независност во 1991 година од Југославија, македонскиот народ е под удар на неговите соседи кои се обидуваат да го негираат правото на Македонците да го користат нивното етничко наследство, забранувајќи им да го зборуваат нивниот јазик и практицирањето на обичаите и традицијата, па дури и знамето кое го сменија", изјавил претседателот на МПО, Крис Иванов. Во Илионос живеат илјадници Македонци. |
|
Makedonski
Сениор Регистриран: 17.Ноември.2005 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 113 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Соопштение ОМД ГИ ПОВИКУВА МАКЕДОНСКИТЕ ВЛАСТИ ВО ОДБРАНА НА МАКЕДОНСКОТО МАЛЦИНСТВО И МЕЃУНАРОДНОТО ПРАВО Вашингтон, сад – Обединетата Македонска Дијаспора (ОМД) ги поздравува одлуките и изјавите на Претседателот на Република Македонија, г-динот Бранко Црвенковски, и на министерот за надворешни работи, г-динот Антонио Милошоски, во врска со уставната обврска на Република Македонија кон македонските малцинства во соседните држави, за кои, како што потсети министерот Милошоски “Рамковната конвенција на Советот на Европа, најдецидно предвидува дека заштитата на националните малцинства веќе не е внатрешно прашање на државите, туку област на меѓународна соработка.” Како организација чија мисија е поврзана со состојбите на македонските заедници ширум светот, вклучувајќи ги и македонските малцинства во соседните држави, ОМД во целост ги поддржува определбите на македонските државни институции конечно јавно да се заложат за правата на Македонците во соседните земји. ОМД бара декларативната поддршка на македонските власти да биде конкретизирана со активности во меѓународните институции, но и со конкретна поддршка и средби со македонските организации во соседните земји. ОМД смета дека досегашната неангажираност на македонските власти околу македонските малцинства, стравувајќи дека каква било акција би била сфатена како мешање во внатрешните работи на соседите, ќе биде минато. Впрочем, ниту македонските власти, ниту пак меѓународните институции, не ги осудија средбите што редовно се одржуваат помеѓу албанските власти и претставниците на македонски Албанци, или пак сличните активности на бугарските државни агенции кои постојано ги помагаат Бугарите во странство. Неприкосновено право на секоја матична држава е да се грижи за своите сонародници. Обединетата Македонска Дијаспора предупредува дека се алармантни актуелните политички случувања во соседните држави, каде во пораст се ултранационалистичките партии кои директно вршат притисок врз македонското малцинство. Исто така, загрижувачки се и последните малтретирања и заплашувања од страна на бугарските власти врз потписниците на ОМО Илинден ПИРИН со цел да се спречи регистрирањето на оваа партија. Затоа, нашата организација ги повикува македонските власти итно да реагираат на овие конкретни нарушувања на човековите права кои се спротивни на неодамнешните одлуки на Европскиот Суд за човекови права. Македонците во соседните држави се постојано репресирани и крајно време е да се актуализира ова прашање. Основана во 2004 г., Обединетата Македонска Дијаспора (ОМД) е меѓународна членска организација лоцирана во Вашингтон, САД, која ги застапува интересите и потребите на македонците и македонските заедници во светот. |
|
Makedonija na Makedoncite!
|
|
Внеси реплика | страница <1 232425 |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |